IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ВЕРСКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВЕРСКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 848586
Автор
Порака
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2012 во 13:37
prviot pat bese  'cudo'    sega veke  ne  !!!
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2012 во 23:11




Руската православна црква побара власта да покаже милост за „Пуси рајот“



Руската православна црква повика за попустливост кон трите панкерки од „Пуси рајот“, кои денеска беа осудени на по две години затвор поради перформанс во знак на протест против Владимир Путин во московската црква „Христос Спасител“, каде со маски на лицата ја изведоа песната „Богородице, Дево, избркај го Путин!“.

- Без да ја доведеме во прашање законитоста на судската одлука, ние ги повикуваме државните власти да покажат милост кон осудените со надеж дека нема да се повтори ова богохулие, се наведува во соопштението на Врховниот совет на Руската православна црква.

Критки на пресудата против панкерките од „Пуси рајотс“ денеска упатија и германската Влада, високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, Стејт департментот на САД, ОБСЕ и меѓународната организација за заштита на човековите права „Амнести интернешенел“.

Стејт департментот на САД изрази огорченост од несоодветната пресуда против трите млади панкерки од „Пуси рајот“.

Портпаролот на германската влада за човекови права Маркус Лонинг пресудата ја определи како потресувачка.

- Тоа ја истакнува состојбата на руското правосудство на достоен за жалење начин, изјави Лонинг. Според него пресудата е одбележана со неправда, репресија и закана.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон ги повика руските власти да ја укинат неразумната, според неа, пресуда против трите панкерки.

Ештон одлуката на судот ја опиша како длабоко вознемирувачка и како дамка на репутацијата на Русија.

- Пресудата става сериозен знак прашалник за почитувањето на нејзините меѓународни обврски, истакна таа.

ОБСЕ повика трите членки на панк групата „Пуси Рајот“ да не бидат испратени во затвор.

- Членките на панк групата не треба да бидат затворени, бидејќи нивните активности се заштитени со правото на слобода на говорот, се наведува во соопштението на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

„Амнести интернешенел“ упати критика кон пресудата против трите панкерки и ја опиша како горчлив удар за слободата на говорот во Русија.

Според еден од најпознатите современи руски писатели Борис Акунин тоа е апсурд.

- Не можам да верувам дека во 21. век судија во светски суд зборува за сатански моменти. Не можам да верувам дека претставник на Влада цитира средновековни црковни закони, истакна писателот.

http://www.time.mk/read/2ae0344672/82b1e7dc52/index.html









Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2012 во 23:15









Нападнати црквите во Русија





Два православни крстови се срушени и исечени во различни краеви во Русија, а се претпоставува дека тој тренд започнал така што активистките на „Фемена“ во Киев со моторна пила срушиле еден крст во знак на протест против пресудите на членовите на бендот „Пуси Рајот“.



Инцидентите се случиле минатата вечер во регионите Чељабинска и Архангелска. Додека полицијата стигнала на местото на инцидентите, вандалите веќе си заминале. Покрената е истрага за двата случаи јавува РТ.

Локалниот свештеник вели дека крстот во Архангелска е подигнат во знак на сеќавање на жртвите на политичката репресија. Додава дека неговата црква во минататие две години е пробано да се запали и забележани се и низа на други вандалски дела.

„Ова треба да се надгледува во контекст на сите инциденти кои во последните месеци се случувале во земјата. Покрената антицрквена хистерија против нашата општина, црквените власти, против се свето“, вели свештеникот Феодосије.

Се очекува вакви инциденти во иднина повторно да се повторат.


   















Изменето од spiros - 29.Август.2012 во 23:17
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2012 во 23:17






ИМАМ ЛАЖНО ОБВИНИЛ ХРИСТИЈАНСКО ДЕВОЈЧЕ ЗА ПАЛЕЊЕ НА КОРАНОТ (Кликни тука)




Пакистанската полиција уапси имам кој , според обвинението, подметнувајќи лажни докази, обвинил 11-годишно ментално хендикепирано христијанско девојче, за палење на Коранот. Имамот Халид Кишти бил уапсен доцна синоќа откако полицијата утврди дека му подметнал...



Пакистанската полиција уапси имам кој , според обвинението, подметнувајќи лажни докази, обвинил 11-годишно ментално хендикепирано христијанско девојче, за палење на Коранот. Имамот Халид Кишти бил уапсен доцна синоќа откако полицијата утврди дека му подметнал запалени страници од Коранот на девојчето. Девојчето беше уапсено поради палење на светата книга, дело за кое во Пакистан се изрекуваат најстроги казни, и доживотен затвор. Поради овој случај имаше реакции во јавноста, но поради страв голем број христијани се иселија од Исламабад.



















Денес починал основачот на мун сектата













Изменето од spiros - 02.Септември.2012 во 23:51
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2012 во 14:01


На српски јазик во издание на Универзален живот излезе од печат книгата напишана од божјата прорчица Габриеле, со наслов:
„Астрален Хорор„

Од содржината: Астрално тело - душата. Нејзиниот енергетски флуид, наречен и аура - нејзиното зрачење се прикажува во текот на инкарнацијата во променливи нијанси на бои; Животните и те како имаат душа!; Овдестарното и отадестраното не се одвоени; Прогонување од страна на души кои не можат да се ослободат од желби и пороци; Астрални хакери: души врзани за земјата се прикачуваат за животните програми на луѓето; Духовниот свет детално советува и опоменува. Зошто тоа Бог го дозволува? Зошто Бог не се вмеша?; Злокобното дејствување на демоните - манипулации во голем стил; Да не се пропушти времето на заштита; Секој ја има својата судбина во свои раце! и тн.

Изменето од Majkl - 26.Октомври.2012 во 17:44
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2012 во 19:20
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2012 во 20:22


Ќе го рушат гробот на Мухамед за да ја прошират џамијата?


Еве една вест во која се најавува дека (божем) саудиарапите за да ја зголемеле џамијата, сакале да го рушат гробот на Мухамед!   

На англиски: Saudi Arabia to raze Prophet Mohammed’s tomb to build larger mosque
На германски: Saudi-Arabien will Mohammed´s Grab für Moscheevergrößerung zerstören


Дури и кога оваа вест би била вистинска, и кога проклетите копилиња кyраишки навистина би го сториле тоа, тие лажни души - што мнозина во пропаст водат - ќе срушат само еден гроб во кој засигурно не лежи вистинскиот Св.Мухамед, туку само од ними обожаваниот крвник, кој што нема блага врска со вистинската личност, која што (слично на Исус) беше подмолно убиен, а неговото тело на едно сосема друго место, скришно закопано !

Дај БОЖЕ сиот свет да ја разбере Вистината за вистинскиот Св. Мухамед, кој што бил исто така еден потполно мирољубив следбеник Христов - бидејќи Духовно прероден и крстен - а со тоа и вистинско Чедо БОЖЈЕ!   



Амин







   

Изменето од spiros - 29.Ноември.2012 во 21:25
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2012 во 21:29






Антимос од Бога побара, Македонија да не влезе во ЕУ


     

Солунскиот митрополит Антимос побара од Бога да не и се даде можност на Македонија да ги почне преговорите, а пред своите верници раскажа приказна дека децата во Македонија се учат да ракуваат со оружје против Грција, јави Канал 5      






- Да даде Господ утре и задутре на овие разговори што ќе се случат под претседавањето на господинот Штефан Фуле и со претставниците на државите од Европската Унија да не се даде таква можност на Скопје да почнат преговори под ФИРОМ за да влезат во Европската Унија, вели Антимос.

- Постои таму еден специјален одговорен службеник, кој се вика...ќе го најдеме веднаш, кој се обидува да обезбеди Скопје да влезе во преговори со Европската унија за нивна интеграција под името ФИРОМ, знаете ФИРОМ што значи. Тоа е Република, поранешна Република на Југославија, Македонија. Поранешна Југословенска Република Македонија. Ова тие не го прифаќаат, се обидуваат да го задржат само Македонија. Тоа е нивната страст, нивната борба, нивната агонија - вели митрополитот Антимос.

Тој додал дека во училиштата во земјава децата на 14 – 15 години ги учеле да употребуваат оружје.

- Во нивните училишта децата на 14 – 15 години ги учат употреба на оружје, на воено, без, се разбира да се полни со куршуми и слично. Само ракувањето. И прашуваат децата – Зошто го правиме ова? – За нашите непријатели. – А кои се нашите непријатели? – Грците кои ни ја земаа Македонија, рекол солунскиот митрополит.


   
http://sky.mk




Изменето од spiros - 12.Декември.2012 во 21:31
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
the stranger Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 15
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај the stranger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2012 во 15:22
http://x.vukajlija.com/var/products/posters/201003/5019/vasilije-kacavenda.jpg

Владиката на СПЦ Василије Качавенда, кој важеше за духовна поткрепа на Радован Караџиќ и Ратко Младиќ од воениот конфликт во Босна, веќе две години е предмет на сериозни обвинувања, меѓу нив и за сексуална злоупотреба на момчиња во манастирите

http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/6EA080782FB2C74D9357BCF942F2F711.jpgРаскошот, луксузот, скандалите и сериозните обвинувања за сексуална злоупотреба го симнаа од владичкиот трон зворничко-тузланскиот епископ на СПЦ Василије Качавенда. Иако Синодот на Српската православна црква тврди дека единствена причина за неговото повлекување се здравствени проблеми, сепак српските, а особено босанските, медиуми тврдат дека Качавенда се повлекува под притисок, бидејќи за сите скандали постојат сериозни докази. Верските аналитичари оценуваат дека по мај следната година, кога и официјално ќе биде разрешен од епископската служба, Качавенда ќе стане предмет на сериозни судски процеси.
Владиката на СПЦ, кој важеше за духовна поткрепа на Радован Караџиќ и Ратко Младиќ од воениот конфликт во Босна, веќе две години е предмет на сериозни обвинувања, меѓу нив и за сексуална злоупотреба на момчиња во манастирите. Неговиот поранешен ѓакон Бојан Јовановиќ лани отворено проговори за сексуалните склоности на владиката. Тој, но и семејството на еден искушеник, кој се самоуби во еден од манастирите, го посочија токму Качавенда како причина за смртта.
Генералниот секретар на детската амбасада Меѓаши, адвокатот Душко Томиќ, кој ги застапува оние на кои владиката Василије им згрешил, вели “би бил среќен да не го знам она што го знам. Кога ќе си отиде Василије Качавенда, дури тогаш ќе испливаат страшните работи”, потсетувајќи на смртта на 19-годишното момче.
-Момчето, кое со цело срце ја сакаше црквата и Бог отиде на небото ниту виновно ниту должно, само поради тоа што не сакаше своето тело да му го даде на својот претпоставен, владиката Василије Качавенда. Ги собравме сите искази на сведоците, ѓаконите, дедото, бабата, мајката. Неодамна мајката и јавно сведочеше и Василиј Качавенда по ова не може да биде ништо, а уште помалку владика”, вели Томиќ.
Качавенда е вториот епископ на СПЦ кој е обвинет за сексуална злоупотреба. Со таков случај се соочи и врањскиот епископ Пахомије.
Верските аналитичари проценуваат дека СПЦ ќе мора сериозно да ги расчисти ваквите состојби, кои стануваат речиси секојдневие меѓу владиците во Белград.
ПЕДОФИЛИЈАТА СЕ ОДВИВАЛА ПО РАЗРАБОТЕНО СЦЕНАРИО
Ме бакнуваше по вратот и ми рече да се соблечам
Поранешниот ѓакон и близок соработник на епископот Василије Качавенда, Бојан Јовановиќ, повеќе од една година водеше отворена битка со Качавенда во обид да ги убеди српските владици, за неговиот, како што го нарекува, ѕверски однос кон потчинетите. Јовановиќ напиша и книга со сведочења за животот на Качавенда. Лани во изјава за Вечер детално раскажуваше што му се случувало во манастирските ќелии.
- Не можам повеќе да молчам, затоа што тишината ме убива. Мораме да го спречиме владиката Василије во име на христијанството. Во името на СПЦ. Бев негов ѓакон, доживеав и преживеав се и сешто. Дента кога пристигнав, по ручекот ме покани во својата соба. Ми раскажуваше за неговиот тежок живот. Одеднаш почна да ме бакнува по вратот, да ме допира, ми рече да се соблечам за да види како сум граден. Избегав веднаш во мојата соба. И наместо да го напуштам, ја направив најголемата грешка. Останав за да видам што ќе се случува понатаму, раскажуваше Јовановиќ во 2011 за Вечер.
Јовановиќ бил еден од најблиските соработници на Качавенда се до моментот кога разбрал за наводното самоубиство на еден свештеник, кој одбил да има сексуални односи со владиката. Јовановиќ тврди дека свештеникот бил убиен. Раскажувајќи за соработката со владиката неговиот соработник вели дека педофилијата се одвивала по разработено сценарио.
- Се бираа деца без родители, од сиромашни средини. Од мене бараше да најдам кои се деца без родители, да им дадам малку пари и да ги доведам во дворецот. Тогаш сакав да го убијам, само Бог го спаси, раскажуваше Јовановиќ.

http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/20C6A025CC83854B8F3763DC390393D8.jpg
Качавенда живее во раскош, со позлатен мебел и јаде од златни лажици
Резиденцијата во којашто живее владиката Василије Качавенда јавноста ја нарекува “Српски Версај”, и тоа поради луксузот и богатството во кое ужива овој епископ на СПЦ.
Според проценките на медиумите, но и по фотографиите кои излегоа во јавноста, Качавенда во својот дворец вложил милиони евра. Најголем дел од мебелот се длабоки резби, златни и позлатени садови, предмети и уметнички слики со висока вредност. Качавенда има салони со позлатен мебел, скапоцени порцелански премети, златен накит и се што, како што пишуваат медиумите во Србија, може да се најде во еден дворец, како на пример Версај.
-Ма ве молам, претерувате. Тоа ништо не е мое. Јас само таму живеам и сето тоа го чувам. Всушност, тие што мене ме прозиваат, нека видат како и каде живеат некои олигарси, а мене нека ме остават на мира, велеше Качавенда за неговиот животен стил како Владика на СПЦ.

Марјан Николовски (превземено од ВЕЧЕР)
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2012 во 21:23
Originally posted by the stranger the stranger напиша:

http://x.vukajlija.com/var/products/posters/201003/5019/vasilije-kacavenda.jpg

Владиката на СПЦ Василије Качавенда, кој важеше за духовна поткрепа на Радован Караџиќ и Ратко Младиќ од воениот конфликт во Босна, веќе две години е предмет на сериозни обвинувања, меѓу нив и за сексуална злоупотреба на момчиња во манастирите

...








... ви пишувам да не се дружите со оној кој, нарекувајќи се брат, си останува блудник, или користољубец, или идолопоклоник, или хулник, или пијаница, или грабач; со таков дури и да не јадете.

...

Или не знаете дека неправедните нема да го наследат царството Божјо?
Не лажете се: ни блудниците, ниту идолопоклониците, ни ракоблудците, ни мажеложниците, ниту крадците, ни користољупците, ни пијаниците, ниту хулниците, ни разбојниците нема да го наследат царството Божјо.


1 Коринтј. 5:11 + 1 Коринт. 6:9   


Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2012 во 00:04
Во Ѕидот на плачот најдени половина милијарда долари во чекови

Маж во средата во Ѕидот на плачот пронајде врзоп во кој имаше чекови со вредност во износ од 500.000.000 долари. 

Со векови наназад луѓето кои го посетуваат Ѕидот на плачот во Ерусалим таму оставаат парче хартија на кое ги испишуваат своите молитви. Но, испадна дека тоа не е единственото нешто што се остава во вдлабнатините од камениот ѕид.

Имено, еден маж, минатата среда, пронајде врзоп во кој беа заврзани 507 чекови. Секој од тие 507 чекови беше потпишан на отприлика еден милион долари, пренесува mydailynews.com.

Рабинот Шмуел Рабиновиц, кој го надгледува ѕидот, вели дека повеќето чекови се со потекло од Нигерија, а некои од САД, Европа и Азија. Мажот кој го најде врзопот, го предаде во полицијата каде продолжија со истрагата на случајот. Чековите не се пополнети на ничие име, па веројатно не можат ни да бидат конвертирани во банкноти.

Рабинот раскажува ова не е прв случај во Ѕидот на плачот да се пронајдат чекови, и смета дека луѓето кои ги оставаат ’сакаат сè што имаат да му подарат на Создателот’. голема насмевка



Човечката игнорантност нема граници... во сите религии. тага



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2013 во 21:21
Вчера блиц ѕирнав низ темиве,а и денес немам нешто посебно време...
Па овде ќе им упатам честитка на сите вреници од католичка
вероисповед за среќни Велигденски празници по повод Христовото Воскресение.
Бидете си исполнети со здравје,среќа,берикет и милост Божја.
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2019 во 23:34

Кај Папата само со билет 

April 23, 2019
Кај Папата само со билет&nbsp;

Граѓаните кои сакаат да присуствуваат на светата литургија што Папата ќе ја оддржи на 7 мај, на плоштадот “Македонија“ во Скопје, ќе мора да се регистрираат за да добијат билет. Билетите се делат бесплатно и ќе им бидат дадени на сите граѓаните кои ќе се регистрираат.  Од вчера билетите можат да се подигнат во католичките парохии низ државата.

Од Католичката црква во Македонија, која стои зад организација на настанот, велат дека очекуваат присуство од сите граѓани, без разлика на нивната вероисповед.

Инаку, според агендата, се очекува Папата да пристигне во 08.15 часот утрината на 7 мај. Во Претседателската палата ќе се одржи церемонија за добредојде, по што ќе следи средба со претседателот и со премиер на државата, а потоа со државниот врв, граѓанското општество и дипломатскиот кор. Најавена е посета на Спомен куќата на Мајка Тереза заедно со лидерите на верските заедници, а потоа и средба со сиромашните. По ова ќе следи светата миса на плоштадот Македонија.

Планирано е Папата да биде официјално испратен во 18.30 часот на скопскиот аеродром од каде ќе замине за Рим.

Денеска Владата објави дека 7 мај сепак, ќе биде работен ден.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 848586
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.