|
СКОПЈЕ 2014 или ЛУНА ПАРК '14 |
Внеси реплика | страница <1 177178179180181 229> |
Автор | ||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зошто мислиш дека тоа што се прави... треба да се прави само во Скопје... и каква ебана врска има Загреб со приказнава... и кого го заболе за тоа... |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Смета и концентрацијата-натрупаноста и цената многу повеќе. Се претера кои и да се мотивите. Естетика веќе нема, а ако е целта заработувачката (како што се шпекулира) треба да се има усул. Ама очигледно дека нити естетика нити усул се нема. И уште нешто- пред некој ден слушам ќе поставуваат нови бисти во градски парк-значи се дозволи да се уништат претходните (оти постаментите стојат-ги нема бистите), па сега нови ке се поставуваат. Кој гарантира дека и тие нема да бидат уништени? Шо ќе правиме, ќе се вртиме во круг- ќе поставуваме без да водиме грижа за нив? Зошто? |
||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
хах неееее сонце мое и во мојот град секое утро никнува по една нова бронзена фигура и црвено-жолт воз кој кружи низ градот,за туристите де и музички фонтани(ко оние на Хитлер) и паркови со базенчиња и риби во нив(ама твојов пост е најголемата глупост што сум ја прочитала досега) и секој ден се повеќе луѓе кои вадат остатоци од храна од контејнерите ама кој вам да ви објасни...супер ви е такви ко што сте п.с ај да не барам на интерент,кажи ми ти шо е првото што го направиле пред да почнат со градење на Загреб,иако појмам немам шо ти е филмот...а и која ти е споредбата???? |
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Како што разбирам од коментарите, споменициве се криви за с'е... за тоа што има луѓе кои одат по контејнери, затоа што се чека на ред во болниците, затоа што се краде, затоа што се чека на ред во катастар, затоа што ги казнуваат возачите кои возат пребрзо, затоа што доаѓа инспекција во бизнисите, затоа што во школите децата се тепаат, затоа што парното ќе се наплаќа без обзир дали се користи или не, затоа што нафтата и струјата поскапуваат, затоа што има безработица, затоа што младите сакаат да одат во странство, затоа што зимово ќе паѓа снег... Демек, да не се градеа споменициве сето ова немаше да се случува. Затоа, долу споменици, долу цени, долу чакење редови за регистрирање возила, долу наркоманија, долу Топлификација, долу влада... таа е крива за с'е, вклучувајќи го и претоплото лето. Да не беа спомениците немаше да се троши толку струја со клима уредите! |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ДА но само под услов ако сваќаш во буквален превод... реторички прераскажано е дека Парите наменети за спомениците можеа да олеснат многу повеќе работи отколку да се инвестираат во бакар, бетон, железо....
Кога веќе збориме за потрошувачката на електрична енергија, владата потпиша договори со повеќе компании за изградба на вардарска долина со што значително би се подобрил енергетскиот систем во државава и би се избегнал увозот на скапа струја која државата го прави под нејасни услови...Воедно се изгради и проточна брана Матка 2 која значително треба да го појача енергетскиот систем, но се некако струја пак нема... Е сега од потпишувањето на договорот за изградба на вардарска долина до ден денешен нема ни еден камен помрднато... Од трета страна, цената која што е платена за новата арена, за скопје 2014 е еднаква на уште една проточна брана со капацитет на Матка 2... Е сега според вас поддржувачи дали е подобро да се градат споменици а струја да се увезува и со тоа да се аминува секое поскапување, или пак да се изгради уште еден енергетски систем во државата. А постои уште една студија за соларна централа и искористување на ветерната енергија кои во источна македонија ги има во изобилие заради географската положба и релјефот... Зарем не е малце попаметно и тука да се инвестира некое денарче наместо да се лие бакар и да се садат врбички кои за брзо време се сушат или овенуваат???? Значи каде се сведуваме сега? СКОПЈЕ 2014 е основан проект кој држи вода или пак една огромна пералница за пари??? |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не знам дали проектот е некаква "голема пералница за пари", но знам дека беше изгласан, одобрен и парите беа обезбедени во посебен фонд за него. Не сум сигурен дали тие пари ќе направеа некоја подрастична промена во енергетската состојба во земјата. Знам дека, доколку беа извадени од фондот за изградба на паметниците и пренесени онаму каде што сакаат луѓето, сигурно ќе беа брзо истрошени со субвенирање на енергетските цени бидејќи проекти за производство на енергија не се прават и изведуваат за неколку месеци, туку треба години за нивната реализација. До тогаш ќе останевме и без пари и без паметници, ќе останевме на истата позиција како што бевме и во некогашната СФРЈ. Се сложувам дека државава (без обзир која влада) мора да изнајде соинвеститор (бидејќи таквите проекти не се лесни за финансирање и изведба) за изградба на едно-две капитални енергетски постројки. Знам дека добра опција беше термоцентралата со гасна турбина во која свој дел имаше и Топлификација. Тој проект доцни поради стратегијските интереси на некои големи сили кои ни се прават чесни пријатели. За среќа, со посетата на Русија владава на крајот успеа да најде начин гасоводот од Русија да мине преку Македонија и со тоа на крајот да се даде зелено светло за реализирање на овој проект кој беше проектиран да задоволува до 50% од македонските енергетски потреби. На крајот, нема ништо совршено, па така и СКОПЈЕ 2014 е таквo. Но тоа не значи дека треба да го земаме како дежурен кривец за сите наши незадоволства. Од него имаме далеку повеќе ќар отколку зијан, а вистинската вредност ќе ја осознаеме подоцна, кога нештата што не загрижуваат денес ќе бидат приказни од минатото. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кога читам одредени коментари се прашувам-луѓево се читаат ли што пишуваат или имаат ли идеја во своето CV за некоја позиција да го стават и напишаното на Идивиди или пишуваат чисто како провокација да се развие дискусија на форумов -да не биде тапа.
Дали некој ама малку “со сите“ ќе верува дека не е страшно ако милионски суми се дадоа за куп споменици, ама буквално куп во време кога во светот, па и кај нас владее каква таква економска криза. Споменици-градби да, ама со усул, ова е веќе дегутантно и дури одвратно. Пред некој ден спомнав, секоја чест за реконструираните улици секоја чест за изградбата на фискултурните сали, иако негде се дуплираа, ама нејсе. секоја чест за реконструирање на училишта, болници, градинки секоја чест за праќањето на одмор на децата од социјално загрозените семејства, за пензионерите со помали пензии на бања Ама, додека луѓе немаат пари леб на своите деца да им купат, некој да дава пари за 3 врби во Вардар по цена од која кога би се распоредиле парите во хумани цели-преку 1 000 семејства ќе видат бел ден е небулоза од која боли глава. Нека е споменикот на Александар, во ред ај некако ќе се свари, нека се новите згради на незнам кој таму за да не се плаќало кирии, ама да се редат споменици на секој чекор како децата кога редат кули од песок кој ветерот потоа ги дува и руши-не е ни блиску до паметот. Да се тврди дека цената на бензинот, струјата, парното се качуваат заради кризата, а во исто тоа време да се земаат кредити за споменици-незнам кој тоа го смета за правилно. Па и нај окорелите ВМРОвци тоа го осудуваат бре. Но, нејсе, ако некому му покористи ова напишаното тука -во одбрана на спомениците за збогатено CV, тогаш ОК. Нека продолжат да пишуваат дека не е страшо што на секоа педа се ства нов споменик леан негде УПМ по цена која не ја собира ни УПМ. |
||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кога се брани неодбранливото... можни се и CV опции... и не е проблемот што некој од нас се бунат... јеби га јас сум еден од тие... а морам да бидам искрен, од почеток бев ЗА... ама ова сега ми личи на прашањето... Дали сте за тоа Македонија да биде независна држава со можност да стапи во сојуз со Југословенските републики... не заебавај... ем да се е**м, ем невин да бидам... бе не иде... Од тука, а врска нема погоре кажаното со ова што следува, јас Скопје 2014 го сметам како идеја за правење цивилизација за 6-7 години... сакам да кажам, турли тава...
ова е од патриотска и народно гледана гледна точка, поточно гласачко-машинериски-настроена... од финансиска гледна точка не сум компетентен... то нека зборат оние што прават споменици... и слушнале за перење ради хигиена... па ти останале парите у џеб, па машината за прање ги згужвала... ама на крај коа гледаш, ти останале у џеб... малку згужвани и испрани, ама тие се тие... (Админи, не ја давајте лесно IP адресата, ако имате милост)... и се чудиме зошто патриотизмот, според мерачот на патриотизам... не се зголемил... тоест бројот на Македонци кои ти биле и ќе одат у Грција на одмор илити по други основи... се зголемил... чудно у пичку матер... се коси со основите на било која наука... дури и со онаа која се практикува на факултетот за Туризам и драмски науки... така сум чул... Тоа дека Скопје 2014 ќе остане како спомен на едно владеење... ќе остане... дека со тоа ќе ја подигнат свеста на народот и патриотските чувства... жими мојов што порано го викав Ѓоле, а сека Ѓоко... то поради патриотизам и лепење етикети за Скопски говор со србизми... и мислам дека и они мислат тоа што јас го мислам дека го мислат... патриотизам, брат, на празен стомак, само у романите на чичко Толстој... или Паско Кузман... или помешав лончиња... ај нема везе, у стил на Скопје 2014... Затоа, овозможи му ти на народот убав живот... сигурност... нормален стандард... да видиш бе брат како патриотизмот одеднаш ќе се зголеми... и не се секирај, бројот на оние што ќе идат у Грција ќе биде уште поголем... ама они таму ќе јадат колачи... а од овде ќе вадат парче леб и ќе го ценат тоа... знам да ме разбираш... пошто јас тебе брат те разбирам... и чичко Сем исто така... П.С. А бе сакам турли тава... ебеш му матер... па и постов затоа е таков... мешавина на турли тава со селско месо... а бе ќути, не збори... Изменето од којсумјас - 17.Август.2012 во 09:59 |
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ме мрзи да цитирам дел по дел па затоа ќе дадам една реплика на целокупниот пост.. Од кого беше изгласан и одобрен? Од народот? Дефинитивно не... Народот никој не го ни праша, дали се согласува со овој проект туку наједноставно се појави на медиумите го испрезентираа, не се кажа сумата за неговата реализација и наједноставно почнаа со работа. Тоа е апсолутно не демократски, бидејќи ако се водиме според тоа дека пратениците се гласот на народот тогаш добри 40-45 % од пратениците не се согласија... Нејсе.. Барем тие пратеници што се согласија со проектот да ги прашаа своите граѓани кои ги избрале за да ги застапуваат во народниот дом. Значи проектот не е одобрен од страна на народот, туку беше само наметнат од страна на власта. Кога збориме за периодот или времетраењето за реализација на енергетски проект можам да кажам дека порано требало години за реализација ама во денешно време секој проект освен МЕГА проект се реализира релативно брзо. Од друга страна фер ќе беше власта да излезе и да каже... Народе имаме 200-300-400 милиони евра како резерва со нив сакаме да направиме една мини централа, да закрпиме буџетска дупка, или да ги ренивестираме во приходни работи. Сигурен сум дека народот и тоа како ќе ја поздравеше таа одлука.. А вака се сведе на ситуација.. Народе имаме 200-300 милиони евра позајмени пари сакаме да праиме згради споменици, ама за пензионерите тешко дека ќе ни останат ќе мораме дополнително да се позајмуваме, надворешниот долг на државата ќе мораме да го зголемиме, а внатрешниот го криеме како змија нозе... Дали е тоа власт која се грижи за народот или сама за себе и идните свои поколенија??? |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ова не е точно! Проектот Скопје 2014 стоеше во изборната програма на ВМРО "100 чекори" уште на првите парламентарни избори кога ВМРО со Груевски дојде на власт! Така да - народот гласал за ова. |
||
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
||
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Внимателно околу коментарите за луѓето што живеат во дијаспората, дококлу имате различни ставови, би ве замолил да го задржите нивото на изразување.
|
||
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
||
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Апсолутно се согласувам. Постојат приоритети и пренаменетост на средства. Одкако се затвори Козлодуј во Бугарија, едноставно струјата и енергетиката станаа социјална категорија во оваа држава. Тоа мора да биде приоритет на државата. |
||
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
дури и некој во 2006 и 2008 да ги изгласал предвесниците на ова лудило, сигурно не изгласал еден тон споменици и проекти кои се донесле во наредните години по изборите... да не збориме за тоа што во медиуми се објавува проектот кога на локацијата ќе стават тараба, а ние си нагаѓаме кои ќе бидат изгледот, цената, изведбата и намената на проектот со нашата манипулаторска медиа... народот само претходно ги видел проектите како дел од некоја листа, а да не збориме што народот на земјава не го сочинува Скопје, и меѓудругото на избори не ни погледнал што ќе се гради во Скопје... да не збориме па за тоа каков е начинот на гласање кај нас и која е перцепцијата за гласање... |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
-slusham nekoj cirkus,momentalno, imalo vo gradov !
...ama , mislam deka mu ja utnale lokacijata,i deka ke beshe stopati podobro,...da mu ja dale onaa pokraj Luna park-ot '14! ...onoj trevnat gol prostor pred zgradata na mepso....kojshto seushte chmae bez ....Stupidni spomenici !! |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
Внеси реплика | страница <1 177178179180181 229> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |