|
СКОПЈЕ 2014 или ЛУНА ПАРК '14 |
Внеси реплика | страница <1 173174175176177 229> |
Автор | ||||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Абе баче, кој е тој „друг“ превоз од крајот на 19. век? Коњ, кочија или магаре! Да, можел и со воловска кола да оди во комити, д.г.е.
|
||||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Меси, со многу твои ставови се согласувам (како онаа за Васко Ефтов), ама со некои не. Не брани нешто што не е за бранење. Има утки и тоа охохооооо. А за цената па да не зборуваме. Летово о ова жештина, лугето наголемо зборуваат ( шпекулираат) дека сега Стевче Јакимовски ќе градел некој споменик САМО и САМО да докаже колку е реалната цена н спомениците и колку на еден начин некој дебело зарботил од спомениците. Додуша албанскиот блок претходно докажа кога изгради споменик на Скендербег за некоја симболична цена и без да се оптерети буџетот на Р.Македонија. Инаку околу симболиката, сепак треба да се разбере дека народот барем Гоце Делчев го доживува како херој кој најмалку држел до луксузот а мора да се признае коњот во то време бил равно на ферари Токму за Делчев се смета дека НИКОГАШ не би се качил на коњ, а четата негова по него да каска пешки. Како што а Питу Гули се знае дека не се двоел од својот коњ и дека и на самото Мечкин Камен коњот бил до неговото тело кога бил убиен (информации од негови современици кои стојат по архивите во Македонија) Дека малкуцка утнал/а госпожата/господинот кој праел-утнал ама нејсе нит е прва нит ќе биде последна утка. А околу веродостојноста на исказите на внуката на Гоце Делчев-зарем треба да се сомневаме дека работите кои не ги знае јавноста не ги знае семејството. Па токму во семејството работите се пренесуваат од колено на колено. |
||||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Странците кога ке дојдат во Скопје и кога ќе видат коњи на сите страни ке си помислат дека Гоце Делчев,Карев,Сандански билe познати џокеи само коњите малце ке ги избунат пошто ке треба да нагодуваат дали се Мустанзи,Арабери,Липицанери,пошто на толку коњи гараант сме некоја многу опасна нација.
И да се испита дали Џингис Кан е од Кондово пошто се шушка дека таму е роден,ама ќор пијан го урлал коњчето и го изгрешил правецот па се најде во Монголија. Изменето од Alekxandar - 06.Август.2012 во 19:19 |
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
mamamd, нема проблем што секогаш не се согласуваме... колку би било здодевно ако сите мислиме исто, нели ?
Во врска со коњот на Гоце... како што реков, ако Гоце го сметаме како најсветла револуционерна личност, ако го ставиме во групата со Александар и Ченто (фала богу не му направија споменик со джипот), тогаш воопшто не гледам никаков проблем што го качиле на коњ симболизирајќи водач. Со тоа не прекршиле никакви уметничко естетски правила, туку напротив се држеле за општоприфатливите норми кои одсекогаш владееле во уметноста. Од друга страна, навистина нема никаква логика и цел да се расправме дали Гоце некогаш се качил или не се качил на коњ. Скулптурата е паметник кој го симболизира неговото водство, а не е некаков историјски артефакт кој треба да докажи било што од неговиот живот. Расправиите околу тоа се навистина промашена инвестиција кои не рефлектираат ншто друго туку само партијска нетрпеливост (исто како со говорната мана и облекување на Груевски). Оноа што забележувам и со што се сложувам со некои членови е фактот дека имаме премногу скулптури со коњи што недвосмислено покажува дека, за жал, имаме креативна инсуфициенција. Немам никаков проблем што Александар е на коњ, немам проблем што е Гоце на коњ, немам проблем што Скендербег е на коњ (ако не за друго, тој беше првиот таков паметник по кој следат другиве), ама како почнаа да ги редат останативе... ако видам уше некој коњ ќе почнам да повраќам !
|
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
@Messenger
ама тука е проблемот... што мајка бараат Гоце, Александар и Ченто во иста група на луѓе, со ист приказ??? различни ери, различни кутури, различни дејствија и историско значење... ако Гоце бил револуционер, не значи дека сега требало да се прикаже како да е во некој поход, на чело на некоја воена формација... особено не кога Гоце има толку многу други покултурни лица како учител, диполомат, со воглавно тајно дејство, и со една единствена битка во која загинал... на коњи се ставаат војсоковдци, луѓе кои учестувале во многу крвави битки во кои храбро се впуштиле, и биле водачи на големи воени сили и формации... Гоце ти е е повеќе човек од културата (и се разбира, тоа ти добро го знаеш) и уште нешто, не знам што го игнорираш фактот дека Гоце јава на коњ во градска господска облека... понеписмено и игноратно нешто од тоа немам сретнато |
||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Абе ај за Гоце и коњот....туку ме интересира дали Прометеј навистина носел гаќи или се шетал мафтајќи со мандалото.....
|
||||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Забеган, имаш потполно право на свое мислење за уметноста, распоредот на скулптурите, облеката, коњите, реквизитите, големините, материјалот, местоположбата... ... и сите го имаат истото право, но само уметникот го има правото на неговата експресија по нарачаното дело. Така било секогаш. Луѓе фрлаа со дрвја и камења кога во дворот на Лувр изградија египетска пирамида (што има тоа со историјата и традицијата на Франција ???), римска Триумфална капија на Шанзелизе, големото тркало во Лондон, египетскиот обелиск во Вашингтон, крстот на Водно... и сите тие нешта подоцна беа прифатени како места за препознавање на државите и собирање на туристите. Александар во Скопје веќе претставува атракција како негова најголема скулптура во светот. Значи, за некои нешта луѓето се сложуваат, за некои не... така било и така ќе си остане довека. Животот оди напред, историјата ќе покажи дали нештата се во ред или не. Велиш:
...различни ери, различни облеки, различни непријатели ... ама заеднички народ и заедничка мајка Македонија. Според мене, таа мајка ја бараат сите овие паметници - мајка Македонија. И доколку таа симболично го претставува градскиот плоштад во Скопје на кој се собираат сите македонци поради разни национални поводи, тогаш не гледам зошто тука не би се нашле и овие три значајни лика од нашата историја.
Точно, не значи дека морало да бите прикажан на коњ, ама може да биде прикажан и така, нели ? Вообичаено е водачи и воини симболично да се прикажуваат качени на коњ. Инаку и упицанети луѓе порано јавале на коњи. Дури и денес тоа се практикува низ светот. Ако треба да се расправаме за коњот тогаш значи од дрвата не ја гледаме шумата. Ете, Ченто не го ставија на коњ. Тука сме на раат... ама, како што реков, добро што не одеа буквално по историјата, како што некои упорно се залагаат, па не го ставија на джип. Ме чуди само како истите луѓе кои се жалат на Гоцевиот коњ не се жалат на недостатокот на Чентовото возило?
Јас не го игнорирам тој факт, туку ти го форсираш како облекувањето на Груевски. Ако не ти било познато, луѓето одсекогаш јавале на коњи и во градска господска облека (од сите времиња), а тоа го прават и ден денес. Ако за тебе јавањето коњ значи сиромаштија, немаштина или хендикеп, тоа не значело и не значи за другите луѓе. Патем, како што е коњот симбол на нешто во паметниците, така симбол е и прикажаната облека, нешто што и самиот забележуваш во својот коментар. Кога гледаш паметници гледај ги како симболични интерпретации, а не како буквални историјски атрефакти. Тогаш нема да имаш проблем со уметничката интерпретација, стилот на изразувањето, употребениот материјал и т.н. |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
1. уметниците немаат потполна слобода, прашај било кој умтеник, ќе ти
каже дека стиловите во уметноста си имаат свои карактеристики кои се
следат кога избираш одреден стил, уметникот има само право на концепт
идеја, се друго се работи по шаблон.... особено смешно е па да збориме
за слобода на уметници кај споменици кои се конкретно нарачани
а ако уметник сака сам да си бира свои концепти, идеи, симболи и прикази, за тоа си постои современата уметност која дава потполна слобода меѓудругото, може ние до утре да дискутираме за уметноста во Гоце и Даме, џабе ќе биде затоа што единствената првична причина зошто нив двајца ги ставија така на коњи е поради претходните два споменика кои стоеле на таа локација (со други зборови, на некој повеќе му беше до убавина и симетрија (да има споменици пред мостото) одколку на некој посебна почит да му оддаде 2. мајка македонмија е мајка на многу работи, кога правиме такви произволни асоцијации, токму таму има голема доза на неозбилност и неконкретност... 3. Гоце нити е водач (во смислава која ја спомнуваме), нити е воин... не знам од каде ти е тоа 4. за облеката нема што да го тупиме, како што викаш ти, секој си има право на мислење, па може и ти да мислиш дека секој јавал коњ како ќе стигне, во било каква облека и опрема, тоа си е твое право... а тоа што викаш дека секој елемент имал симболика, грешка си... таков состав на симболи имаат единствено карикатурите и пародиите, па сега види ти... затоа и е грешно да се мешаат повеќе претстави, или ќе биде едно, или ќе биде друго... кај нас е проблемот што е настаната ужасна збрка општо на стварите баш ќе се надоврзам на нешто што ти упорно го збориш во репликиве, во споменициве најголем проблем е што некој се збунил меѓу симболична претстава и артефакт, па си направил мешавина од двете... затоа и ни е тешко на нас да си разграничиме што и како е со споменициве |
||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Муабетов ми личи како оној за за облекувањето и говорната мана на Груевски, па затоа твојот збор нека е последен. |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
и прекини веќе да ми завршуваш дискусии во стил „ми тераш инает, па нема да дискутирам бидејќи нема дискусија со тебе“ не ми е целта да се инеатем, зборам за нешто што во одредена мера го познавам, за разлика од други луѓе кои не се интересираат за такви работи... но и сам кажав, џабе ќе дискутираме колку достојно бил претставен Гоце во самата скулптура, кога спомениците ги поставуваат само колку да ги има како скулптури (значи скулптури, не споменици, така ги третираат) без некое посебно внимание, што наместо оддавање почит, личи на заебанција... споемник не се тура за украс, се става со цел да се оддаде почит, се изведува детално и пристојно, и се отвара со гордост и церемонија, а не скришно, во текот на некоја ноќ и не се поставуваат по 10 споменици неделно,м туку тоа се прави последователно и полека низ целата историја... |
||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
- Ako za nekoja licnost ima statua vo park ili nekade, statua so konj a na konjot dvete predni kopita mu se vo vozduh togas taa licnost zaginala vo borba, ako na konjot samo ednata predna noga mu e vo vozduh togas licnosta zaginala od rana zdobiena vo borba, a dokolku na konjot site cetiri noze mu se na zemja, togas licnosta pocinala od prirodna smrt!!! мирен...на сите четири... ако ова погоре е репер или правило во уметничкото изразување на вајарот,тогаш ние или си имаме проблем со вистината или некој навистина нема врска со уметноста.... |
||||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||||
fichot
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 26.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 783 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
voz? :)
|
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Во пјатон се е возел . Сепак е бил големец за тогашното време .
Колку и да му е тешко да ја прифати реалностТа , Меси
|
||||
Внеси реплика | страница <1 173174175176177 229> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |