IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Дали знаете зошто ......????
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали знаете зошто ......????

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6789>
Автор
Порака
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2011 во 15:57
ЗОШТО СЕ КОРИСТИ  ,, ТРИБЕСТАН ,, ??

http://www.mamaika.lt/images/web_sites_img/tribestan.jpg

Мислам дека една од посебните, осетливи , здравствени  проблеми  на човекот е неговото пореметување во либидото и појава на импотенцијата , нели посебно изразено кај машката популација , без разлика на годините… не навлегувам во медицинското лекување со ,, хемиски ,, лекарства туку едноставно да видиме што ни нуди природата за да ни помогне , зборувам за фитотерапија која ми е посебно омилена… има едно прекрасна билка  која  мајка природа се погрижи да делува подеднакво како кај мажот така  и кај жената… зборувам за хербалниот препарат:

Tribestan -Tribulus terrestri

 http://www.sport-fitness.su/images/tribestan.jpg http://www.tribestan.org/tribestan.jpg https://www.mypharmacy.com.sg/ProductImages/WV/993490216_LG.JPG http://www.proteka.hr/userfiles/Tribestan%285%29.jpg

Tribestan е  растителен препарат кој содржи сув екстракт од  надземните делови на растението  Tribulus terrestris примената е  во стимулирање на функцијата на гениталиите зголемувајќи го либидото ја остранува со тоа импотенцијата , делува во пореметениот липиден метаболизам dislipoproteinemijа со редукција на тоталниот LDL holesterolot и општо во неплодност кај мажите и жените  посебно за ублажување на климакс тегоби,  препаратот не треба да го користат лица под 16 години , лица со  кардиоваскуларни и ренални заболувања но тука нема да се задржам поради понатамошно консултирање со вашиот лекар доколку се решите за неговото користење у смисол на несакани дејства и интеракции со вашата моментална здравствена состојба...  Каде имаме присутност на редуцирано либидо , импотенција и инфертилност дозата е 1-2 таблети 3 х дневно со користење не помалку од 90 дена… после што може повторно може да се користи додека не се постигне посаканиот ефект… кај ендокриниот стеретилитет се почнува од првиот ден до 12 ден на менструланиот циклус… ај сега да видиме за самото растение од каде се исцрпува лековиот екстракт…

Tribulus terrestris

http://4.bp.blogspot.com/-1MHFvyQeiJU/Tb9EEzxx1CI/AAAAAAAAAgA/lEqmsSHbhnk/s1600/Tribulus%2BTerrestris%2B-%2BPerennials%2Band%2Bmultiadactativa%2BAuthor%2BPhoto%2BShebs%2BStanl.jpg http://www.nutrimart.com/images/bulk/TRIBULUS-TERRESTRIS.jpg http://www.expert-nutrition.com/image-files/max_tribulus.jpg http://www.expresschemist.co.uk/pics/products/48279/0/tribulus-tabs.jpg http://www.saigongym.com/sanpham/vitadigest_2022_1253976030.jpg
Ова бика има многу народни имиња но најпозната е како Бабин заб Tribulus terrestris од фамилијата  Zygophillaceae,со стеблика до 60 см полегнати на земја со жолти цветови богата со СТЕРОИДНИ САПОНИНИ во што наоѓа примена во медицината….Според тоа да најквалитетните примероци растат во Бугарија името го доби (Tribulus terrestris L. Bulgaricum)... Tribulus terrestris помага и кај машка и женска неплодност , еректилни дисфункија , го зголемува либидото , ја намалува маснотијата во крвта и доведува до зголемување на мускулната маса…поради тоа се користи од бодибилдерите во обликување на нивното тело…Tribulus е сличен на анболитичките стероиди но многу помалку е штетен … Зашто??

http://image5.sahibinden.com/photos/82/06/76/45820676srh.jpg

па вака … за разлика од овој препарат Tribulus анаболитичките стероиди (testosteron) со своја зголемена концентрација делува на hipotalumus, кој сега препознавајќи зголемена количина на  testosterona се намалува излачувањето на GnRH (gonadotropine-oslobađajući hormon) кој делува на hipofiza автоматски се намлува и излачување на LH (luteinizirajući hormon) од hipofiza, а со самото тоа доаѓа до смалување на сопствениот testosterona во тестисите…При подлго земање на анаболички стероиди доаѓа до СМАЛУВАЊЕ НА ФУНКЦИЈАТА НА ТЕСТИСИТЕ , СМАЛУВАЊЕ НА ЛИБИДОТО И ДО ИМПОТЕНЦИЈА..
Tribulus го користат многу спортисти претежно бодибилдери за зголемување на мускулнта маса и тоа 500 мг три пати на ден два месеца потоа со пазуза од две недели при што , нели треба соодветно да се оптоварат мускулите…

http://www.invitrotv.com/imatges/noticia/varicocele-infertilidad-masculina.jpg   http://tipsfamilia.com/wp-content/uploads/2010/05/varicocele.jpeg    http://ncpa.multiview.com/userlogo/ncpa/3466328v2v1.jpg

НЕПЛОДНОСТ…

Во нормален ејакулат има околу 400 милиона спрамтозоиди ( односно во 1 мл околу 35- 200 милиона сперматозоиди а просечна количина на ејакулатото е 3,5 мл)…Spermatogoneza се одвива во семените канали и највече влијание има testosteron и  FSH (folikulostimulirajući hormon)...

http://www.vulval-varicose-veins.co.uk/images/ovarian_varicocele.gif    http://zazabava.com/sites/default/files/imagecache/460_width/sodrzina/2011.03/idealan-seks-traje-7-do-13-minuta.jpg    http://www.tocka.com.mk/images/content/golemi/img52261811.jpg  http://www.caritaschristi.org/stw/images/161349.jpg

кај жените најприсутен проблем за неплодноста е изостанување ovulacijа, endometrioza, синдром на полицистични јајници ,непроодни јајоводи …промените во јајниците зависат од 2 хормона кои се лачат од хипофиза FSH i LH …Tribulus со своето дејство на хипофиза го предизвикува зголеменото лачење на LH а со тоа се потикнува и овулацијата …значи при неплодност кај двата партнера се дозира Tribulus terrestris од 250 до 500 mg три пати на ден во период од три месеци… ај сега уште малку потсетување за хормоните кои се многу важни во репродуктивниот циклус кај човекот и како нивното пореметување е  една од причината на несакани здравствени појави како стерилност , импотенција ….

FSH (folikulstimulirajući hormon) како хормон кој се лачи од предниот дел на  hipofiza (adenohipofiza), а во јајникот го стимулира растот на фоликулот, инаку покачената вредност ја покажува,исцрпеноста , на јајникот…

LH (luteinizirajući hormon) како хормон се гледа во сооднос со FSH и доколку LH е покачен а FSH во нормални граници тогаш се зборува за пореметување т.е. присутност на полицистични јајници , доколку двата ако се покачени тогаш велиме јајникот е веќе прерано исрцпен..

E2 (estradiol) е главни женски хормон излачување иде од фоликулот јхана јајникот и е показател на неговиот раст и созревање , негови намалени вредности уз покачен  FSH повторно укажува на пребрзо исцрпување на јајникот..

PRL (prolaktin) како важен хормон за регулација и созадавање и секреција на млекото во дојката за време на лактацијата кај жената…тој хормон го велиме дека е стресен и богами во текот на денот неговата вредност се менува и затоа никогаш не се одредува со едном мерење неговото пореметување, ако во сите испитување неговата вредност е покачена зборуваме за hiperprolaktinemijа и тоа преставува една од причините за стерилност…

TSH (tireotropin) хормон излачен од хипофиза кој ја стимулира штитната жлезда да произведува двата нејзини основни хормони  tiroksin (T4) i trijodtironin (T3), се мисли да благо покачување на TSH се отежнува забременувањето…

SHGB (globulin кој ги сврзува половите хормоните) се создава во јетрата па се излачува во крвта , негови ниски вредности укажува на покачени машки хормони тестострон и неможност за забременување…

P4 (progesteron) како женски хормон кои се создава после овулација и ја припрема слузницата на материцата за бременоста негова вредност укажува дали жената воопшто има овулација …

T (testosteron) е машки хормон кој се создава во тестисите , а во помалак количина и во кора на надбубрежната жлезда…покачените вредности кај жена покажува синдром на полицистични јајници , а и други потешки пореметувања…

ај сега да видиме кај мажите еден од проблемите околу неплодноста…

http://www.andrologiamaio.it/upload_file/Varicocele%20-%20www-nlm-nih.gov.jpg   http://www.sciencephoto.com/image/108440/350wm/C0044228-Varicocele_in_the_scrotum-SPL.jpg     http://www.roditeljstvo.com/sites/default/files/imagecache/vijest_original_320x240/testisi.jpg  http://www.mountnittany.org/assets/images/krames/7781.jpg

VARICOCELA преставува проширување на венскиот сплет кој одвдува крв од тестисите ( Plexus pampiniformis),а се состои од вени на семеновиот сплет кој одводува крв од семениците претворувајќи се сперматични вени кои се уливаат во бубрежните вени…

VARICOCELA по правило не покажува некои видливи симптоми освен неплодност кај мажите. а лечењето е хирушко…

причина на настанување е различна дури поради пореметување на мокрачата варикоцела доведува до лош квалитете на спермата ( смален број на сперматозоидите,подвижност) и постојат некои теории кои како главна причина се спонува покачената температура од стазата на венската крв во тој дел…

http://www.plenilunia.com/IMG/arton1085.jpg http://image.24ur.com/media/images/original/Dec2010/60588336.jpg  http://image.24ur.com/media/images/520xX/Mar2010/60419166.jpg   http://www.andrologia.org/eng/varicocele%20english.jpg

од таму и првилото да машко не смее да седне над термо ама со кого?? сите седнуваат на термото зимно време да си го стоплат газот…ајде де…а бе не чини не седнувајте така!…циција сум била за термото…и кога ќе се спојат слабото циркулирање и застој на венската крв и тоа температурата ,ај после зашто вака зашто така проблеми со неплодност и импотенција …

90% варикоцела е левострана за разлика од 10% како деснострана , ете од каде иде разлика на градбата на лева и десна сперматична вена и со тоа појава на несразмерноста во корист на левата страна…

хирушка интервенција при варикоцелата…

http://www.ecotennis.lt/images/image/reklama/tribestan%20logo.jpg

постот посветен на тие што сакаат по природен пат ( фитотерапија)  да ја подобрат својата здравствена состојба во врска со импотенција и неплодност…



Изменето од bijonse1 - 31.Јули.2011 во 16:05
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2011 во 13:36

Витамини за убави нозе

Четири проблеми ја доведуваат во прашање убавината на нозете: жуството на тежина, отеченоста, задржување на течностите, целулитот. Како да ги избегнете? Најкорисни материи се витамините А, Ц и Б5. Првите два ја чуваат еластижноста на крвните садови , а третиот ја зголемува отпорноста на капиларите, ја намалува отеченоста, и ги ги јакне ѕидот на вените. Користен е и витаминот Е, кој е вистински борец против целулитот, затоа што ги отсранува штетните материи од организмот.
Значи, и тука тајната на убавината е во исхраната: малку месо, интегрални житарици наместо рафинираните, многу зеленчук и сезонско овошје. Овошјето и зеленжукот содржат калиум, минерал кој создава рамнотежа помеѓу хранливите материи, и ја намалува отеченоста.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2011 во 10:36

Поради стареење се намалуваат органите, особено половите

 
 

Сигурно веќе знаете дека како што старееме, така се смалуваме. Сепак, повеќето луѓе не сфаќаат дека висината не е единствено нешто што го губиме со годините. Се намалува и срцето, коските на лицето, половите органи.

Такви промени често предизвикуваат здравствени проблеми. Како да се заштитиме од нив?

Мозок

Мозокот започнува да се намалува веќе околу 20-тата година од животот. Кога се раѓаме мозокот е тежок околу 400 грама и расте додека не достигне 1,4 килограми во адолесценцијата. Веќе во 20-тата тој започнува повторно да се намалува. Лекарите и понатаму не знаат за што се работи, но веруваат дека станува збор за насобирање на токсини во клетките во мозокот кои наместо да се регенерираат – изумираат. Најмногу се смалува делот од мозокот кој е задолжен за контрола на мислите, планирањето и меморијата. Сепак, и покрај очекувањата, намалувањето не мора да влијае на способноста за размислување, а когнитивните тестови  покажале дека мажите и жените делуваат слично и покрај различните големини на мозокот.

Како да се заштитите: Одржувањето на мозокот активен е клучот. Австралиските научници ја мереле големината на хипокампусот (дел на мозокот каде што е центарот за помнење) и откриле дека оние кои имале најмалку животно искуство тој дел најмногу им се смалил. Избегнувањето на претерани количини на алкохол исто така помага.

Половите органи

Машките и женските полови органи исто така се намалуваат додека старееме. Ако машкиот пенис во триесеттите во ерекција е долг 15 сантиметри, кога ќе наполни 60 или 70 години, тој паѓа на 12 сантиметри. Околу 40-тата години тестисите почнуваат да се намалуваат. Матката исто така се намалува и се враќа на големината каква што девојчињата ја имаат пред да влезат во пубертет.

Како да се заштитите: Редовните сексуални односи можат и тоа како да помогнат на мажите и жените. Кога имате редовен секс, ја зголемувате циркулацијата во половите органи, па и помала е веројатноста тие да се смалат.

Грб

Кога ќе наполниме 40 години, секои десет години ќе се смалиме бар за еден сантиметар. Кога ќе наполниме 80, повеќето мажи се пониски за пет сантиметри, додека жените се ниски за осум. Жените се смалуваат повеќе бидејќи нивото на естроген драстично опаѓа во менопаузата, а тоа е хормонот кој ги штити коските на двата пола. Мажите имаат и повеќе мускули кои го држат нивниот рбет. Веќе во 35-тата нашите коски започнуваат да губат минерали, најмногу калциум. Поради тоа коските се кревки и поголеми се шансите да се скршат – оваа состојба е позната како остеопороза.

Како да се заштитите: Иако во тоа помагаат добрите гени, здравиот начин на живот е клучен. Да спречите појава на остеопороза, треба да се храните здраво, да внесувате доволно калциум. Него го има во млечните производи, зелениот лиснат зеленчук, а можете да земате и 700 mg калциум дневно, како и витамин D.

Пушењето, алкохолот и претераното внесување на кофеин (повеќе од осум шолји кафе и чај дневно) можат да го загрозат здравјето на коските. Докажано е дека ќе се смалите двојно помалку од оние кои не вежбаат доколку имате некоја умерена физичка активност.

Лице

Научниците долго мислеа дека гравитацијата и губењето на мускулниот тонус доведуваат до брчкање на лицето, но новите сознаноја се поинакви. Всушност се работи за тоа да коските на черепот се намалуваат, ја всисуваат кожата и мускулите. Вилицата е најсклона кон смалување. Ако изгубите заб, виличната коска која го држи веднаш се повлекува.

Како да се заштитите: Клучот е во доброто одржување на хигиена на заби со што би спречиле појава на каменец и губење на забите.

Срце

Срцевиот мускул во средните години започнува годишно да губи на тежина околу 0,3 грама, што ја намалува способноста за пумпање на крв низ организмот.

Со помош на магнетната резонанца откриено е дека кај мажите и жените од 45-та до 85-та година, срцевиот мускул од година во година му е потребно повеќе време за да се згрчи и опушти, па годишната количина на крв која се пумпа се намалува за девет милилитри. Тоа доведува до зголемен крвен притисок.

Како да се заштитите: Како и сите други мускули, и срцето станува посилно ако се вежба. Динамичните аеробик активности кои му годат на срцето не мораат да бидат тешки. Тука спаѓаат прошетките, качувањето по скали, градинарството, активното чистење на куќата, играњето. Доволно е пет пати неделно да шетате по 40 минути.

Делови кои, за жал, секогаш растат

Нос и уши: Нашите уши растат околу 0,22 милиметри годишно. Внатрешниот дел од ушната школка останува ист, но ушите растат. Објаснување е дека ушите се составени од рскавица која продолжува да расте и откако коските ќе започнат да се намалуваат. Сепак, уште еден фактор е гравитацијата. Рскавицата, како и кожата е тенка и со тек на годините ја губи еластичноста. Кожата се растегнува и тегне, носот е подолг, но оди и надолу, исто како и ушите.

Стапала:

Стапалата со годините тие сè подолги и пошироки, бидејќи тетивите и лигаментите кои ги поврзуваат ситните коски ја губат еластичноста. Ортопедите проценуваат дека после 40-тата година на секои десет години носиме облека за еден број

Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2011 во 14:09
se javuva aritmija na srce?
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2011 во 00:24
Поради стареење се намалуваат органите, особено половите

....
..а да не ме фатила некоја аномалија?.
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2012 во 21:30
Зашто ПРДЕЖОТ или  медицински  flatus... смрди ???

гасот што прави  прдеж да смрди е азотниот сулфид, овој гас содржи сулфур кој ја прави смрдеата , што повеќе сулфур има во исхрана, толку повеќе смрди прдежот( грав, сирење, сода, јајца)…

     
Прдежите можат да бидат смрдливи, влажни, гласни или тивки , но и смртоносни …прдеж е комбинација на гасови (азот, јагледроден диоксид, кислород, метан и азотен сулфид) која патува од стомакот до анусот  …кога ќе проголтаме многу воздух или ќе јадеме храна која дигестивниот систем не може лесно да ја обработи гасот останува заробен во стомакот и мора од некаде да излезе нели?
Обично, здрава личност прди по 16 пати во денот  и тоа сите и машките и женските подеднакво , а од животните најдобри прдежи давал слонот , кравата , мачката , кучето …
      
 
инаку луѓето највише прдат за време на спиењето и ако се приближи запалка може да се запали од присуство на метан и водород…во некои земји ( Германија ) велат прдењето било здраво и било дозволено да се прди слободно во друштво за разлика од  ждригањето кое е го сметаат за голема страмота…

Карактерот на луѓето според прдењето денеска ме изнасмеа  и ми го направи денот прекрасен смешен , тоа би идело вака :

Културен – Прди и вика „Пардон!“
Дволичен – Прди и прашува „Кој прдна ? “
Циничен – Прди и те гледа право во очи
Кавалер – Пушта дамата прва да прдне
Песимист – Уште не прднал мисли дека се усрал
Безобразен – Прди од задоволство
Сноб – Прди само во добро друштво
Чувствителен – Прди и вика „Ах ! “
Сентиментален – Прди и мисли како би било да не прднеше

Нестрплив – Едвај чека да прдне
Добро воспитан – Бара дозвола пред да прдне
Дискретен – Прди и вика „Нека остане меѓу нас ! “
Реалист – Го смета прдењето за природна работа
Егоист – Прди само за себе
Глумец – Прди и чека аплауз
Срамежлив – Прди и поцрвенува
Таинствен – Он не прди туку пува
Лажливец – Прди и вика „Со уста прднав “
Флегматичен – Прди долго
Колегијален – Дозволува и другите да прднат
Штедлив – Прди само во затворена соба
Шегобиец – Прди и вика „Кој прди зло не мисли “
Неспособен – Потпрднува цел ден и никако да прдне
Оптимист – Прди и се надева дека никој нема да чуе
Пензионер – Прди и вика дека во негово време подобро се прдело
Баксуз – Прди и се усерува во гаќи
Фалбаџија – Прди јако за сите да чујат
Наивен – Прди и мисли дека направил добро дело
Гурман – Прди и вика „Баш убаво мириса“
Спортиста – Ако некој прдне еднаш, он ќе прдне двапати за да го собори рекордот



Изменето од bijonse1 - 12.Март.2012 во 21:33
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2012 во 21:57

Какаото е чувар на здравјето



Топлиот напиток од детството треба да продолжиме да го пиеме понатаму во животот. Една шолја топло какао ќе го подобри вашето расположение. Исто така, какаото ќе ја подобри вашата концентрација.

Овој пијалок е добар за коските, но освен за нив какаото се смета и како чувар на крвните садови. Едно истражување покажало дека со секојдневно консумирање на овој пијалок се прочистуваат крвните садови, а со тоа се спречуваат многу срцеви заболувања.

Какаото е одговорно за транспортот на холестеролот од ѕидовите на артериите во црниот дроб, каде преку жолчката го исфрла надвор од телото.

Научниците препорачуваат секој ден да се внесуваат барем по 20 гр какао за да се заштитиме од инфаркт.



Изменето од емил - 16.Март.2012 во 21:57
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2012 во 19:39
Зошто треба добро да се измие салатата ?

http://photos-c.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash2/25724_279451914959_226722159959_874984_6091671_a.jpg           2009-12-31006_resize.jpg           http://www.freakingnews.com/pictures/47500/portrait-of-a-bib-lettuce-47880.jpg

Во овој период посебно се јаде убава свежа зелена салата како велиме ние ,,марула,, …дури листот сега за празниците ќе се намести како украс на многу ордевери аранжирани со друга храна …а дали знаеме дека баш во салата најчесто се крие најопасниот паразит кој се пренесува преку домаќинот кучето (живее во неговите црева) наречена кучешка тенија или медицински echinococcus granulosus

http://2.bp.blogspot.com/_XxI1hBl8el0/TJN6DVb_Z5I/AAAAAAAAARk/Jr8njp2KXiE/s1600/3.jpg   http://farm4.staticflickr.com/3297/3268141701_0fbf568440_z.jpg

Секогаш кога ќе видам зелена салата ( марула ) се присетувам на едно момченце кое имаше тегоби  како алергиски реакциии на кожата и болки на лева страна, испод срцето ,со блага температура и скоро секогаш омалаксано, по долгото испитување ( примајќи само лекарства за да се остранат последиците , без да се знае причината т.е. дијагноза) и по една рутинска сосема случајна рентген снимка, всушност му се лоцира еден чуден меур со млечно бела боја што всушност преставуваше ларвениот облик на ехинококус полиморфис …се утврдило да момченцето било на гости кај баба му во село каде си играло и со куче, а јадел и многу зелена салата (за да ослабне ) и самите здравствени промени што ги имал, всушност му ги препишувале на диетата , а тој всушност имал кучешка тенија чиј симптоми не се веднаш видливи , тој всушност се заразил ! дали директно од кучето или од несоодветна миена салата која била заразена со јајца ( од куче што се измочало ) ехинокок (echinococcus granulosus )… ехинококот му го пробил цревото и преку крвотокот се лоцирал во местото под срцето каде имал болка , створејќи се од ембрионот меур кој растел полн со течност каде пливале мали меурчиња ,секој со свој ембрион  и ако под дејство на удар меурот ќе прснел во организмот илјадници ембриони ќе се разнеселе  во организмот ( замислите колку органи би биле инфицирани со овој паразит)...  

http://modernmedicalguide.com/wp-content/uploads/2011/03/Echinococcosis.jpg     http://www.milbemax.com/var/ezwebin_site/storage/images/dogs-and-puppies/worms-and-lifecycles/intestinal-worms/tapeworms/echinococcus-granulosus/599-2-eng-GB/Echinococcus-granulosus_lifecycle.jpg

во развојниот циклус на паразитот се разликуваат два облика, возрасниот паразит ехинококус гранулосус (echinococcus granulosusе) ,преставува мала тенија со големина од 3- 6 мм,со три членчиња последно исполнето со јајца, живее во тенките црева на кучињата ( тие се домаќини на паразитот), се исфрлува  со изметот и се загадува околината, посебно раноградинарски растенија …

       http://www.notformen.mk/images/stories/mie_marula.jpg   

најчесто миењето на листовите на салата е онака ноншалантно под млаз вода …плиц , плиц …малку -ете ,ГРЕШКА ! затоа ДОБРО ЕПТЕН ДОБРО , ДА СЕ ИЗМИЕ СЕКОЈ ЛИСТ НА МАРУЛАТА , ПА И ЗЕЛКАТА , ДОПРВА ЈАГОДИТЕ… заштита од тенија е само со уништување на развојниот циклус на паразитот па превентивно се даваат антипаразитарни таблети НА КУЧИЊАТА на секои три месеци  што дејствуваат на тенијата кај кучињата…  и уште нешто околу миењето на марулата, после секој лист измиен добро под млазот вода ( да не ве мрзи тоа добро да го сторите) се зема едно тенџере со вода и се додава сол и во таа солена вода нека постојат листовите на марулата неколку минути , па се мие пак , доколку сепак има  паразит закачено на листот од солената вода ќе се откачи !



Изменето од bijonse1 - 16.Април.2012 во 19:45
Кон врв
FosterThePeople Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Декември.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FosterThePeople Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2012 во 21:26
Бијонсе сега ме стави во мисла..
I just wanna feel real love.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2012 во 14:54
Зошто треба добро да се измие салатата ?

...toa pogore ne e tolku  verojatno ama,

...treba da se izmie dobro ednostavno poradi ,

...verojatnosta deka nekoj ja....(iz)mochal!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2012 во 10:50
БОЈАТА НА ИЗМЕТОТ  , ,, СТОЛИЦА ,, ИЛИ  FECES ПОКАЖУВА... ШТО ? 
 
http://1.bp.blogspot.com/_I33bIyV9MZw/TD46_NsUMlI/AAAAAAAAA4U/OJdBxbvm1UM/s1600/rest+in+feces.jpg  http://farm3.staticflickr.com/2559/4007890542_9de3870e22.jpg  http://www.threebrain.com/news/feces.jpg

Фецесот се состои од околу 75% вода, а  другите % од мртви бактерии , масти , нешто белки , груби остатоци од храна и жолчни пигменти , велиме дека фецесот  ,,смрди ,, тоа е поради продуктите на бактериската активност и тоа зависи,нели , од самиот човек зависно каква бактериска флора има , а и од самата храна која ја јаде …

http://s3.amazonaws.com/readers/2011/08/10/gallbladder_2.jpg  http://healthybodydaily.com/wp-content/uploads/2010/06/red_poop_black_poop.jpg

интересно е да се знае околу бојата на фецесот т.е. ,,столицата,, што ни кажува за моменталната исхрана , но и за здравствената состојба на телото и за жал  тие што треба да ја ,,прочитаат,, и да постават дијагноза, лутаат во други правци во погрешно толкување…ај малку да се потсетиме , дека ЦРНИОТ ДРОБ постојано лачи жолчка која се акумулира во жолчното кесе и по потреба се излива преку жолчни патишта во тенкото црево при што од светло зелена боја под дејство на активноста на ,,добрите бактери,, кои се присутни во цревата се претвора во жолта , портокалева и конечна здрава боја на столицата-  кафена …е сега , што би значело кога крајната ,,столица,, (измет)  не би била кафеава туку :

1.) Црна и леплива и смрдлива ,,столица,,

Тоа би значело крварење во стомакот или во горниот дел на тенкото црево, промената на бојата  е поради хемиските реакции на крв во рамките на тенкотот црево кои се предизвикани од дигестивните ензими во цревата….

2.) Црна нелеплива и без мирис ,, столица,,

Од пиење на железни препарати (против анемија), како и лекарства кои содржат бизмут…

3.) Црвена ,,столица,,

Кога крварењето потекнува од долните делови на цревата, крвта  не може да дојде до продолжен контакт со ензими за варење, бидејќи е кратко растојание од местото на крварење до ректумот и во овој тип на крварење може да биде темно црвена , но таква боја ќе даде и ,,столица ,, на здрав човек ако изел цвекло, црвен зеленчук, и друга храна кои содржи ,,црвени бои,,…

http://farm8.staticflickr.com/7211/7337378438_4e9764eb88_z.jpg  http://4.bp.blogspot.com/-Rvi-1kTpJ2Q/TmPH2GCYI6I/AAAAAAAAAHM/AK2jIeJngqU/s1600/Transplanting+Feces.jpg

4.) Сива или глина ,, столица,,

Фецес со таква боја укажува малку или целосно одсуство на жолчка, бледа боја може да значи состојба (билијарна опструкција), каде протокот на жолчката на црево е попречена, како што се, опструкција на жолчните канали од тумор или жолчните камења во канал или во близина панкреасот…

5.) Жолта ,,столица,,

Жолт фецес  може да укаже на присуство на  масти во столицата како резултат на болести на панкреасот со намалено лачење  на ензими за варење во цревата, како што се хроничниот панкреатит (воспаление и  злоупотреба на алкохол) или опструкција на панкреасните канали што ги носи ензими на цревата (најчесто поради рак на панкреасот)…

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/0/0a/Feces_de_can_(dog).jpg   http://www.dernek.ba/blogslikevelike/2264078-364259.jpg   http://neobychno.com/img/2011/02/mylo-govno-2.jpg   http://marenda.biz/wp-content/uploads/2012/03/ewwwee.jpg  http://www.buzzle.com/img/articleImages/342865-5836-35.jpg   http://www.buzzle.com/img/articleImages/316112-12314-8.jpg

6.) Зелена ,,столица,,

Кога фецесот минува низ цревата брзо (дијареа), може да има малку време за да се подложи на билирубини и затоа може да се појави со зелена боја поради брзото минување низ цревата…

7.) Портокалева ,,столица,,

Постојат  бенигни причини , но може да се има портокалев фецес поради користење на некои лекови и храна што содржат бета-каротин ( витамин А)како моркови , слатки компири , свежа мајчина душица, спанаќ ,секој сок со црвена боја и алуминиум хидроксид (што може да се најде во антациди-Компенсан)…Само еднаш ,,променета столица,, не би требало да ја земаме во предвид за некоја промена на телото, но ,  што би рекле тогаш? е па,  возрасните имаат фецес тежок 100 до 250 грам и зависно колку пати ,,излегуваме по надвор,, демек вршиме дефекација тоа ќе делува на изгледот на фецесот , а се одразува и на нашето здравје…односно кога ќе се јаде повеќе зеленчук ,,столицата,, може да има делумно зеленикава боја, а ако се јаде повеќе месо може да даде темна кафена скоро црна боја со придружена силна непријатна миризба , лоша миризба дава и храна и пијалоци богати со вештачки ароми …

http://www.healthnetcafe.com/images/stool_diagram.jpg  http://farm1.static.flickr.com/51/163981285_501d666739.jpg

конзистенција и форма  на ,,столицата,, – фецес , од течна дијареична , watery ,  преку нормална , до многу тврда ,hard dry , ,,капс столица,, клинички случај , со не толку чести дијареични жолти столици попратени со грчеви и болки во желудник и нагон на повраќање кои се задржуваат неколку дена и повторно се повторуваа по неколку месеци ??

http://www.24sata.hr/image/zele-objaviti-javnosti-recept-za-virus-koji-moze-ubiti-milijune-504x335-20080520-20101019005610-92280.jpg  http://acidophilusmilk.net/wp-content/uploads/2011/07/lactobacillus_acidophilus_milk_based_100_caps__70704_thumb.jpg  http://ecx.images-amazon.com/images/I/41rQB8yW-6L._SL500_AA300_.jpg

прв чекор , комплет лабораториско испитување посебно акцентирани хепатални односно ензимски тестови , билирубин , итн, втор чекор , ултразвучно испитување т.е. ехо разгледување на сите интерни органи во гастроинтестиналниот тракт …и ? кога ќе добиете резултати во граница на нормалата ?  ем ехо ем лабораториски резултати ? а вие мака си имате? имаме две опции или бактериска цревна инфекција или едноставно поради Х причини губење на ,,добрите цревни бактери,, со што храната не може да се задржи ниту фецес да промени боја во цревата од жолто до кафеава боја, едноставно  ГИ НЕМА ,,ДОБРИТЕ БАКТЕРИИ ,, да го стораат тоа,  а бактериска инфекција поради немање покачена температура ниту пак ептен чести ,,столици,, испаѓа како солуција , останува фактот дека ги немаме ,,ДОБРИТЕ БАКТЕРИИ,, кои поради икс причини се изгубија од цревата …

http://marketkonekt.com/sites/balkanbaba/docs/image_1335175464_61.png   http://blog.articlehealthandfitness.com/wp-content/uploads/2010/09/Activia2.jpg   http://www.mynet.sk/reset/rst_images/0031/xZM-f903-157289.png   http://3.bp.blogspot.com/-Zi2weJ_STP4/TmgJJQkrcwI/AAAAAAAADM0/Iz9kzTNyvaA/s1600/photo+%252870%2529.JPG

ете со една капсула од такви млечно киселински бактерии кои пиејќи во допир со вода ќе збувнат во телото ќе се размножат и ќе си се ,,наместат,, во цревната флора каде им е местото , помагајќи во варење на храната и кога ќе се додаде комплекс на витамини од Б групата и нешто вит К , телото ќе се поврати за неколку часа… или долгорочно користење на специјални млечни производи збогатени со такви бактерии ацидофилус… не спомнав , какви све  психолошки стресови (депресија , можност на покачување на крвен притисок , тахикардија и покачен шеќер во крв) може да дојде напразно при соочување со неточна ,,неизлечива,, препоставка за здравствената ситуација , затоа треба секогаш добро да се размисли , консултации со стручни лица од повеќе области дури и народни искуства во медицинска пракса се од големо значење…

џабе народот не кажува од памти века :

Лекот е пет пари , ама да знајш да го најдеш !!!



Изменето од bijonse1 - 13.Јули.2012 во 11:02
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2012 во 17:46

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ЗОШТО СЕ ПРАВИ OGTT тест и тест на glikohemoglobini ?

Може прашање?

-Дали сум шеќераш ( ДИJАБЕТИЧАР ) или имам тенденција да добијам шеќерна болест? ете , во ниедно време настинав и морав да одам кај матичниот лекар попладне накај 14ч , кој ме испратил на брза лабораториска анализа за да ги види вредностите од леукоцитите кои беа 9,5 давајќи ми антибиотик , ме буни ова вредност на шеќер во крвта 7,2 над нормалата (6,8 )  иако тој ми кажа дека тоа не било нормално според времето кога се направила анализата! инаку имам 35 год и секогаш кога ги правев анализите сабајлешниот шеќер ми бил 3,8-4,2 .

http://dels-old.nas.edu/ilar_n/ilarjournal/47_3/graphics/47_3_243f1.jpg  http://americanhsra.org/eventsOLD/trash/sanofi-diabetes-logo-i9.jpg

Одговор :

Сигурно не си hipohonder, едноставно си загрижен поради нивото на глукоза во крвта , инаку знаеш   референтните вредности на шеќер во крвта се однесува само на утринските вредности и тоа после период од гладување од 12- 16 ч така да поеднинечно попладневно одредување на гликоза во крв нема некоја дијагностичка вредност , инаку концентрацијата на шеќер во крвта се регулира од лачење на хормон во прв ред инсулин , глукагон , хормон на раст , тироксин , адреналин. Во услови на стрес под дејство на адреналин доаѓа до пораст на концентрација на глукоза во крвта , додека кај болеста Diabetes mellitus  е како последица на недоволно лачење-делување на инсулинот , ете што значи ,,стресен шеќер во крвта,, независно од исхраната . Исто вакво  покачување на глукозата во крвта имаме и од некои лекови ( фуросемид за појачано мокрење, индометацин нестероиден антиревматик, естрогени , кофеин,  итн).

   http://graphics8.nytimes.com/images/2007/08/01/health/adam/19197.jpg   http://www.domzdravljanis.co.rs/images/5dijabetes.jpg http://www.rogerspeakperformers.com/wordpress/wp-content/uploads/2012/04/042612_0308_OneinFiveCa2.jpg

Дали си дијабетичар?
постои тест со кој се оптоварува телото со глукоза или ,, орални глукоза толеранс тест,,  (OGTT) и според препораката на Светската здравствена организација ваков тест треба да направат сите кои имат симптоми на покачен шеќер во крвта: зголемена глад, пречесто мокрење , губење на телесна тежина и се разбира тие што имаат над  11,1 mmol/L после 2,3 ч од оброкот или утринското мерење после 12-16ч да биде  преку 8,0 mmol/L....често се греши кога се предлага да се направи тестот за време на трауми , инфекции , тешка болест или при користење на диуретици и кортикостероиди исто важно е дека не смее да се направи тестот  три дена пред и три дена после менструалниот циклус и секогаш пред тестот треба да се гладува најмалку 10 ч а најповеќе 16 ч , не смее да се пуши ниту да се пие за време на тестот и додека се чека мора пациентот да мирува .Како се изведува  самиот OGTT тест? се дава точно 75 g  anhidrovana glukoza растворена во   250 -350 mL вода и треба да се испие за време од една минута , првиот примерок на крвта се зема пред тестот на гладно и после 1ч ( 60 мин) па 2 ч ( 120 мин) по испиената вода со глукоза …

или

нормални вредности   < 5,5 < 8,9 < 6,7

гранични вредности  5,5 – 7,2 8,9 – 12,2 6,7 – 8,3
патолошки вредности  > 7,2 > 12,2 > 8,3

фактори кои би делувале на резултатот на  OGTT :

1. Пушење

2. Неадекватна диета со што се смалува толеранцијата на јагленохидратите давајќи слика на лажен дијабетес .

3. Инфективни болести и разни хирушки интервенции.

4. Ендокринолошки болести , хипертиреоза , феохромоцитон и хиперфункција на надбубрежната жлезда кои доведува до ,,ненормални ,, резултати на  OGTT тест…

напоредно со OGTT тест вообичаено се прави  така наречен :

Тест на Glikohemoglobini

Гликолизиран хемогломин  (glikohemoglobini HbA1)се состои од три ракции : HbA1a, HbA1b i HbA1c , Hemoglobin HbA1c го содржи  80% од вкупниот  HbA1. Гликолизација на хемоглобинот се одвива континуирано во текот на животниот век на еритроцитите и затоа концентрацијата на  HbA1c  или вкупниот HbA1 е пропорционален со просечното ниво на глукозата во крвта во текот на 2,3 месеци пред самото одредување. Продирајќи во еритроцитите , глукозата иреверзибилно се врзува за хемоглобинот и останува до крај на својот живот така врзан, затоа тоа се искористува како добар параметар за следење на метаболните контроли на дијабетисот оти не зависи од краткотрајните промени на гликемијата и затоа при толкување на резултатот важно е да се каже дека  HbA1c  е значајно снижен кај состојби со скратен животен век на еритроцитите . Референтни вредности на гликозираниот хемоглобин  HbA1c  се движат од  3,0 do 6,0% сметајќи дека вредност на   HbA1c кај пациенти со дијабетес  до 7,5%  укажува на добра регулација на болеста.

Заклучок на сето ова :

значи според ИНСД (European Niddm Policy Group 1993) критериум на  компензација на гликемијата во крвта би била :

наутро на гладно 4,6 – 6,1 (компензација) до 7,8 (субкомпензација)  и над 7,8 (декомпензација)

после еден час изеден оброк 4,4 – 8,0 ( компензација) до 9,5 ( субкомпензација) и над 10,0 ( декомпензација)

HbA1 до 8, 0 ( компензиран ) до 9,5 ( субкомпензирн) и над 9,5 ( декомпензиран)

HbA1c до 6,5 ( компензиран) до 7,5 ( субкомпензиран) и над 7,5 ( декомпензиран)

http://doktori.mk/files/upload/1160/%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%B1%D0%B5%D1%82%D0%B5%D1%81%203.jpg                                   http://www.crdamc.amedd.army.mil/newSite/popHealth-diabetes/_images/target-dia.png                http://www.diabetesdaily.com/voices/files/2012/05/stopdiabetes-133x300612.jpg



Изменето од bijonse1 - 25.Јули.2012 во 17:54
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2012 во 05:55


„ЛЕКОТ Е ПЕТ ПАРИ АКО ГО ЗНАЕМЕ“ – ЕДНОСТАВНИ ЛЕКОВИ ПРОТИВ РАК КОИ НАВИСТИНА ДЕЛУВААТ


Ако познавате некој кој се бори со ракот, ве молиме да му ги доставите овие информации, бидејќи токму тие можеби ќе спасат уште еден живот и можеби претставуваат единствена надеж за опстанок!

rak27Иако ракот се смета за комплексно заболување важно е да се сфати дека канцерогените заболувања всушност претставуваат забрзан раст на канцерогени клетки при што доаѓа до ослабнување на имуниот систем, зголемување на количината на токсични материи во организмот.

Доказите добиени од значајни истражувања покажале дека постојат стотина познати и ефективни лекови против ова заболување. Еве неколку едноставни протоколи кои можат да направат чудо во лечењето на канцерогените заболувања.

 1. Сода бикарбона

slika 1

- Една кафена лажица сода бикарбона и сок од еден лимон, 250 милилитри вода, неколку пати на ден успешно ќе ја намали киселоста во организмот. Канцерогените клетки не можат да растат во алкална средина.

 2. Sanguinaria Canadensis (крвавче)

slika 2

- Ова е повеќегодишна билка која во себе содржи алкалоид наречен Sanguinarin. Тој има својство да ги уништи канцерогените клетки, а да не ги уништи здравите клетки. Може да се употребува орално и надворешно како лек против кожни и други видови облици на рак.

3. Чага

slika 3

- Ова е лековита габа чие дејство со години се проучува. Се покажало дека таа има својство да го модулира имунолошкиот систем и дека има антиканцерогени својства.

 4. Витамин Д

slika 4,jpg

- Следење на количината на витамин Д во крвта и негово балансирање може да помогне при превенција од канцерогени заболувања и како помош во борбата против ракот. Во студија од 2006 година истакнато е дека мали количини на витамин Д е поврзано со намалена стапка на преживување на заболените од рак, особено кај пациенти кои се во постменопаузен период.

 5. Чајна напивка од Essiac

slika 5

- Оргиналната мешавина на чајот е стар рецепт на индијанците домородци кои го користеле стотини години на назад. Една канадска медицинска сестра од нив го дознала чајниот рецепт и почнала да го дели на пациентите кои се бореле со ракот, по што пациентите почнале неверојатно брзо да се опоравуваат. Чајот е комбинација од неколку антиканцерогени растенија и растенија кои го чистат телото, а тоа е се што му е потребно на пациентот болен од рак. Се што треба да направи е да го консумира неколку пати на ден.

 6. Масло од ленено семе и младо нецедено сирење

slika 6

- Доктор Џоана Будвиг од Германија, биохемичарка и лекар, е жената која го смислила природниот начин на лечење на ракот со стапка од 90 проценти на излекување, метод кој го практикувала педесет години. Комбинацијата на маслото и младото сирење му дава на организмот есенцијални масни киселини и липопротеини кои го редуцираат туморот и го обновуваат балансот на организмот.

 7. Масло од канабис – Cannabis sativa subsp. sativa var. Indica

Drop_of_cannabis_oil

- Канабиноидите во маслото од канабис ги убиваат канцерогените клетки. Исто како и другите растителни препарати не ги уништуваат здравите клетки. Постојат голем број на студии кои потврдиле колку е важно маслото од канабис во процесот на лечење на многу видови рак вклучувајќи го и ракот на дојка.

8. Јод

slika 7

- 85 проценти од луѓето од светската популација имаат премалку јод во организмот. Поради ова се зголемува количината и производството на естрогени во организмот па поради тоа мораме често да ја проверуваме количината на јод во крвта. (за да не дозволиме естрогенот да создаде мутација на клетките и зголемување на можноста да се создаде циста и тумор)

 9. Мелатонин

slika 8

- Мелатонинот е моќен инхибитор на создавање на канцерогени клетки. Всушност лабораториските студии покажале дека мелатонинот „ги успива“ канцерогените клетки на дојката и го намалува нивниот раст за 70 проценти. Мелатонинот исто така го спречува негативното делување на естрогенот кој го внесуваме преку исхраната. (млеко, месо, риба и морски плодови)

 10. Изданоци од брокула

98c6a76ea9252c34e3b32b377529b9b7_content_large

- Овој зеленчук има антиканцерогени својства, а докажано е дека изданоците од брокулата имаат сто пати повеќе протеини од другите сродни зеленчуци. Тие во себе содржат сулфорофан кој не само што ги убива канцерогените клетки туку и го намалува нивниот раст и ширење по организмот, а тоа дејство го покажува кај многу видови на рак.

Ако познавате некој кој се бори со ракот, ве молиме да му ги доставите овие информации, бидејќи токму тие можеби ќе спасат уште еден живот и можеби претставуваат единствена надеж за опстанок!

Кон врв
Milko01 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Март.2012
Статус: Офлајн
Поени: 180
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Milko01 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2012 во 01:34
Не знаеме....и не сакаме да знаеме...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6789>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.