IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Салати
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Салати

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 26>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Септември.2011 во 09:46

Салата од дињи и лубеници

Потребно:

1/2 диња
1 лубеница
2-3 лажици јак зелен чај
неколку ливчиња нане
шеќер по вкус

Приготвување: исчистете ги дињата и лубеницата, па месото исечете го на коцкички (или со специјална кујнска алатка од месото вадете топчиња). Посипете ги со шеќер, додадете ги чајот и сокот што го пуштиле дињата и лубеницата. Сето тоа добро разладете го и пред послужување украсете го со ливчињата нане

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2011 во 15:18

Салата од жолта боранија

Потребно:

* 500 г боранија
* 2 главици кромид
* 6 чешниња лук
* јаболков оцет
* 1 китка магдонос
* сол

Приготвување: боранијата обарете ја во солена вода, потоа измијте ја со ладна вода и исцедете ја. Ситно исечкајте ги кромидот и лукот, па измешајте ги со боранијата. Посолете ја, додадете го оцетот и посипете ја со ситно сечканиот магдонос

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2011 во 14:54
Ѓаволски задоволство јајца со сланина и сенф

Потребни состојки:

  1. 12 јајца
  2. 100 гр. сланина
  3. 200 гр. кашкавал
  4. 5 лажици сенф
  5. 5 лажици мајонез
  6. Морско оревче
  7. 1 лажичка кари
  8. Сол и црн пипер

Припрема:

Јајцата ставете ги во солена вода и оставете ги да вријат околу половина час, односно се додека не бидат тврдо варени.

Откако ќе се изладат јајцата, пресечете ги на половинки и отстранете ги жолчките.

Исецкајте ја сланината на ситни коцкички. Во тава со масло на оган ставете ја сланината да се испржи.

Во блендер ставете ја испржената сланина, жолчките, изренданиот кашкавал, сенфот, мајонезот и карито. Изрендајте малку морско оревче и наросете сол и црн пипер. Матете ја смесата се додека не се соедини.

Од смесата ставете во готварски шприц и нанесете врз секоја половинка од јајцата. Послужете ги вака приготвените ѓаволски јајца во чинија за сервирање. Добар апетит!

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2011 во 05:19
Салата со брокула
 
СОСТОЈКИ (за 6 лица)
• 2 поголеми главици брокула
• 8 парчиња чадена сланина (средна дебелина)
• 3 сецкани домати
• 1 китка млад кромид (ситно сецкан)

за сосот
• половина чешне лук (истолчен)
• 2 кафени лажици сенф
• 6 супени лажици маслиново масло
• 2 супени лажици бел вински оцет
• морска сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Првин, ситно исецкајте ја брокулата и потоа ставете ја во солена зовриена вода една минута, за да омекне. Обидете се да не ја преварите и внатре да остане крцкава. Убаво исцедете ја и ставете ја во сад за сервирање.

Сланината пропржете ја во маслиново масло, сѐ додека не порумени и не стане крцкава. Додадете ја во салатата, а маслото што ќе ви остане можете да го искористите за подготовка на сосот. Додадете ги доматите и младиот кромид.

за сосот
Во сад убаво промешајте ги лукот, сенфот, маслиновото масло, оцетот, солта и биберот, за да се соединат. Откако ќе се соединат во сос, додадете го во салатата. Можете да декорирате со бело сирење или чили пиперчиња, за да го зајакнете вкусот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2011 во 07:53

Макарони салата

Најпогодно време за ваква вкусна и богата салата е вечерата за Нова Година. Ова предјадење нема да  дозволи премногу да ве фати алкохолот, а притоа ќе уживате во неговиот разновиден вкус.

И кога ќе го послужите на новогодишната трпеза, ќе изгледа свечено и богато. Послужете ја оваа салата со домашни кифлички и веќе сте им исполниле дел од новогодишните желби на вашите најблиски.

СОСТОЈКИ
• 400 гр макарони
• 100 гр корнишони
• 50 гр слатка пченка
• 2 кесички мајонез
• 1 кисела павлака
• 100 гр кашкавал едамер
• 150 гр конзервирани шампињони
• 100 гр телешко месо (или друго месо по ваша желба, може и туна)
• сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Сварете ги макароните според упатството на пакувањето. Потоа, процедете и оставете ги да се изладат.

Во меѓувреме, исечкајте ги на ситни коцки корнишоните, кашкавалот, шампињоните и месото. Во поголем сад ставете ги макароните и измешајте ги со корнишоните, пченката, мајонезот, павлаката, кашкавалот, шампињоните и месото.

Зачинете со сол и бибер. Декорирајте ја салатата со маслинки и магдонос.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2012 во 07:38

Брзи салати за 5 минути


Брзи салати за 5 минути

Зелена салата со зачини

Исечкајте зелена салата и ставете ја во поголем сад за салата. Насечете мали коцкички препечен леб и додадете пармезан и малку мешавина од маслиново масло и оцет. Потоа, надробете малку ливчиња нане, босилек и ротквица. Налејте 1/3 шолја масло од кикиритки и 2 големи лажици сок од лимета.

.

Ендивија салата со лешници и грозје

Надробете зелена салата (уште подобро ако најдете ендивија). Попрскајте со 2 шолји грозје (пресечени на половина), ¾ шолја кршени лешници, мешавина од маслиново масло и оцет.

.

Салата од кељ, суво грозје и сино сирење

Исечете кељ и попрскјате го со по 1 мала лажица маслиново масло и оцет. Оставете да омекне. Потоа додадете 2 рендани моркови, ½ шолја суво грозје, ½ шолја сино сирење, 1/3 шолја маслиново масло, 2 големи лажици оцет, 1 чешне лук и 2 мали лажици мед.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2012 во 05:43

Салата од туна и грав



Салата од туна и гравДенешниот рецепт е посветен на салатите. Станува збор за вкусна салата од туна и грав, која може да биде предјадење на некој убав медитерански ручек.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 200 гр туна во конзерва, во сопствен сос
• 220 гр грав во конзерва во вода
• 1 виолетов кромид, исечкан на тенки кругови
• 1 чешне лук, изгмечено
• 1 јаболко, излупено и исечкано
• 1 пиперка, исчистена и стино исечкана
• 1 лажица ситно сечкан магданос

за сос
• 3 лажици јогурт со мала масленост
• 2 мали лажици мешавина од мед и сенф
• 1 лажица маслиново масло
• 2 лажици сок од лимон
• сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Помешајте си сите состојки за сосот во еден сад, за да се добие хомогена смеса.

Во меѓувреме, гравот и туната ставете ги во подлабок сад за салата и сосот прелијте го одозгора.

Салата оставете ја во фрижисер околу 1 час, за да се развијат целосно сите вкусови.

Варијација: oваа салата, наместо со грав, туна и јаболко, можете да ја направите и со пилешко месо, леблебија и круши. Направете комбинација од 300 гр пилешко месо, 200 гр леблебија и 1 круша. Другите состојки остануваа исти



Изменето од емил - 21.Јануари.2012 во 05:44
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2012 во 08:34
 

Мароканска салата од варен кус-кус краставица ,мајонез ,кисело млеко и лукче .сол на вкус се става .Краставицата може да се замени и со кисела краставица .
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2012 во 13:17
Ова за вишокот јајца што ќе останат по Велигден....голема насмевка

Салата од јајца со мајонез

Салата од јајца со мајонез

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 мала лажица Црвен пипер
  • малку   Сол
  • 100 грама Сирење
  • 50 грама Мајонез
  • 3   Јајца/це
  • малку мала лажица Црн пипер



ПОДГОТОВКА:

Сирењето изронете го и покријте го дното на чинијата во која ќе ја послужите салатата. Јајцата исечени на четвртинки, па од страната на жолчката ставете ги над сирењето. Наредете ги сите јајца. Обилно намачкајте со мајонез, наросете со црвен пипер и црн пипер.


Изменето од Ninja 35 - 04.Април.2012 во 13:18
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
ariana35 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2012
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ariana35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2012 во 19:10


Зачинета салата со јаболки и ореви

Состојки
1 марула
300 гр. спанаќ млад
70 гр. брокула или луцерка
2 лажици оцет балсамико
1 јаболко исецкано
70 гр. наут сварен
1 лажица ореви сецкани
1 лажица суво грозје
1/2 луто пиперче

Упатство
Ставете ги во длабок сад марулата, брокулите, спанаќот и добро измешајте ги со оцетот. Врз нив истурете ги останатите состојки.
По желба додадете уште некој зачин или масло.
Наместо луто пиперче можете да употребите зачинета сол.

Линк до рецептата
http://www.mojatakujna.mk
Највкусни рецепти и готварски совети
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2012 во 06:40

Салата со спанаќ

СОСТОЈКИ
• 140 гр спа­наќ
• 340 гр тесте­нини
• 400 гр грав од кон­зе­рва
• 110 гр фета
• сушени домати
• 2 млади кро­мид­чиња
• малку кора од лимон
• 2 мали лажици масли­ново масло
• 1 мала лажица ори­гано
• 1 мала лажица мај­чина душица
• сол и бибер
• нарен­дан пармезан

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во голем сад, изме­шајте ги спа­на­ќот, гра­вот, фетата, дома­тите, исеч­ка­ниот млад кро­мид, кората и сокот од лимон и зачи­ните. Покријте го садот и оста­вете го на собна темпе­ра­тура околу 2 часа пред серви­рање. По 2 часа, дода­дете ги тесте­ни­ните и поси­пете со рен­дан пармезан.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2012 во 06:41

Салата со овошје и зеленчук

СОСТОЈКИ
• 350 гр тесте­нини
• 220 гр мешунки
• малку кора од пор­то­кал
• 3 мали шолји диња, насеч­кана на коцки
• 4 мали шолји јагоди или цреши
• 1 мала лажица шеќер
• 1/3 мала шолја оцет
• 1/3 мала шолја масли­ново масло
• сол
• 1 мала лажица сенф

ПРИГОТВУВАЊЕ
Напра­вете пре­лив од оцет, шеќер, сенф и сол. Поме­шајте со масли­ново масло. Тесте­ни­ните сва­рете ги спо­ред упат­ството и потоа исце­дете ги. Мешун­ките блан­ши­рајте ги во посе­бен сад. Потоа, изме­шајте ги со тесте­ни­ните, дињата и пре­ли­вот. Ста­вете кора од пор­то­кал и послу­жете со сеч­кани јагоди или цреши.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2012 во 06:42

Салата со туна и зеленчук

СОСТОЈКИ
• 200 гр тесте­нини
• 1 кон­зе­рва туна
• 5 шери домати
• 2 рот­квици
• 5 маслинки
• 1 шолја варен гра­шок
• 1 шолја блан­ши­рани бро­кула и мор­кови
• 2 големи лажици масли­ново масло
• 2 големи лажици оцет

ПРИГОТВУВАЊЕ
Сва­рете ги тесте­ни­ните согла­сно упат­ството на паку­ва­њето. Откако ќе се изла­дат, про­ме­шајте ги со туната и со сеч­ка­ниот зелен­чук. Пре­лијте со масли­ново масло и оцет, а потоа зачи­нете со сол и бибер.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2012 во 06:42

Шарена летна салата

СОСТОЈКИ
• 110 гр тесте­нини
• рукола, рогач и пчен­карна салата
• 1 шолја сеч­кани домати
• ½ шолја фета сирење
• 3 големи лажици оцет
• сол и бибер
• ¼ шолја пржени пињоли
• 3 големи лажици масли­ново масло

ПРИГОТВУВАЊЕ
Сва­рете ги тесте­ни­ните спо­ред упат­ството и потоа изме­шајте ги со рукола, рогач, пчен­карна салата, домати и фета. Пре­лијте со масли­ново масло и оцет. Потоа, зачи­нете со сол и бибер. На крај, дода­дете ги прже­ните пињоли.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,361 секунди.