|
Како правилно се љуби БОГ? |
Внеси реплика | страница <12345> |
Автор | ||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ако навистина ги разбираш кажаниве зборови ќе разбереш дека таква љубов постои единствено ако станеме Еднобитие со сите, вклучувајќи го и Бога.
А тоа ултимативно значи да станеме свесни дека сме Едно со Бога: ... 21 за да бидат сите Eдно; како што си Ти, Татко, во Мене, и Јас во Тебе, така и тие да бидат Eдно во Нас. ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН, Глава 17 34 Исус им одговори: „Не е ли напишано во вашиот Закон: ‘Јас реков: богови сте?’ ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН, Глава 10 I toa e odgovorot na prashanjeto "Како правилно се љуби БОГ?" |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
goran-twin
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2012 Статус: Офлајн Поени: 385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ако би го конвертирал целото човештво,тогаш би се негирала библијата. Бидејќи токму во библијата и во пророштвата пишува дека ќе има отпадници и исмејувачи. Токму поради тоа и се потврдува веродостојноста на библијата.
Ако би имало докази за неверниците тогаш веќе ќе биде знаење,а не вера. Но на неверниците останува вера,надеж и љубов. А пак верниците,оние кои ги почитуваат заповедите,многумина и се уверија со докази. Токму и со тоа се потврдува веродостојноста на библијата. Изменето од goran-twin - 06.Јули.2012 во 20:28 |
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ти не го следиш Исуса, ти ја следиш институцијализираната религија.
ОК, не сме биле на ист пат. Ти пожелувам среќно патување и лесно минување низ тесната порта. |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
goran-twin
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2012 Статус: Офлајн Поени: 385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
За која институционализираност зборуваш!? Мислиш на онаа старозаветната по институционализирана!? За онаа во време на Христа,каде религијата беше државата!? За онаа во време на Христа,каде свештениците беа воедно и граѓански судии!? Онаа институционализирана религија каде свештеничките одлуки беа државни одлуки во тогашната теократската држава Израел!?... Каде религиозните обреди се извршуваа на државно ниво!? Мислиш на онаа институционализирана религија каде токму Христа учествуваше секоја сабота на богослужби;како пример дека не треба да се бега од институционализираната религија туку да се учествува!? ----------------------------------------------------------------------- Или зборуваш за сегашната институционализирана религија каде свештениците не судат,туку простуваат!? Каде религијата егзистира во една секуларна држава!? Изменето од goran-twin - 07.Јули.2012 во 21:21 |
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Штом не знаеш за што говорам, тогаш јасно ми е дека не ти е јасно што говорам. А тоа значи дека моите зборови и Исусовите цитати не се за твоите уши.
Ти пожелувам среќно патување и лесно минување низ тесната порта. |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
Pica pica
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 1488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
goran-twin, На човек не му е потребна никаква книга,тие само сведочат за една поинаква состојба. Убавината во тоа е следново. Откако преку книги и сведоштва на луѓе кои доживеле соединување со исконското настанаа поделби кај луѓето.Помислата за Неговото постоење направи раздор. Зато самиот бог ке се закопа,за да го спаси човештвото.Помислата за неговото постоење ќе го закопа. Тое е и убавината,но за жал оние кој се тврдокорни ќе се држат за него,со што ќе бидат повлечени во дупката. Бедните по дух ќе продолжат понатаму. Затоа се вели да се отфрли све од овој свет за да се родиш повторно,ново небо да дојде. Сосема е јасно дека токму патот што е опишан за Исус е патот до Тоа, и вистинит е.Но тие книги имаа една задача. На еден да му успее да го постигне истото и тогаш крајот ќе дојде. Тоа е како часовник за човештвото. goran-twin,Бог ќе се закопа да го спаси човештвото,а ти кого спасуваш? Барем една душа,за да ги изодиш патот доле. Книгата не треба да се држи како штит пред себе,доволно е човек да има чиста и искрена љубов кон својот ближен. Затоа отфрли све од овој свет,вкључувајќи и книги,религии,групи и оди радувај му се на оној кој го љубиш,ужибај во плодовите на љубовта. |
||||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Jas sepak sum malku skepticna vo odnos na seto ona koga stanuva zbor za pravilno ljubenje. Seuste nemam oseteno ljubov ili pak ne umeam da ja prepoznaam ljubovta vo sebe.
Ako nisto drugo barem sum iskrena. |
||||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ти си на правиот пат.
И не се потресувај ако не дојдеш до оноа што некој го посочува како "права" или "вистинска" љубов. Важно е да почнеш од почетокот, а тоа е од себе, како круна на Боженствената Креација. Само внимавај да паднеш во замките на Егото. |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Мене ми е крајно неприфатлив зборот правилно љубење. Ако не го осетам јас тоа од срце залудно е да прочитам стотици правила. Нема поента. Кога се поставуваат правила за правилно сакање често пати за нас.. умот ни мати дека тоа е недостижно. Правилата се за умот, не за срцето
|
||||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Амин!
|
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
goran-twin
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2012 Статус: Офлајн Поени: 385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Она што го зборуваш за погребението е во склад со реченицата:кој се понижува ќе биде издигнат,а кој се издига ќе биде понижен.Тоа значи дека Христа постапуваше токму така како што поучуваше. Но тенка е нишката на мудроста и заблудата. Со погребението на Бога,не значи дека Бог не сака ние да го прославуваме во овој свет. За да го разбереш тоа треба да ги земаш во предвид сите реченици и објаснувања што се кажани за славата и понижувањето.А не да се заглавуваш само на една реченица како што прават протестантите и исламот,кој потоа вадат некое свое толкување на таа една реченица кое нормално таквото толкување би било контрадикторно со останатото во библијата.И после велат контрадикторна е библијата,а всушност се работи за неразбирање од нивна страна. Христа се понижи до погребение,но отецот го издигна до небесата.И го прослави уште во овој свет.За кои и ние сме должни да му ја оддаваме сета слава,уште во овој свет. Така сите треба да се понизуваме и Бог ќе не издигнува,доколку сме блажени. Ние сами себе да не се прославуваме,Бог е тој што ќе не прослави,уште во овој свет. Но ние добро е еден спрема друг да си даваме пофалби и почит за добрите дела кои ги правиме. За сето тоа во посланијата на св. Апостол Павле има добри примери и објаснение. Изменето од goran-twin - 07.Јули.2012 во 21:55 |
||||
Pica pica
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 1488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Бог е љубов,сметам дека се согласуваш со тоа.
Па да ги замениме зборовите.
Ако постои високо ќе постои и ниско,ако има слава ќе постои и осуда. Сети се на примерот со водата-дождот.Таа не осудува никој ако не ја слави,ниту ги наградува оние кој и се поклонуваат.Подеднаква е за сите,не дели на праведни и грешни.
Ако си го видел синот(љубовта) си го видел и отецот(љубовта).Бидејќи тие се едно. Ќе образложам тоа како јас ги гледам нештата,може сум во грешка,но добро е да разменуваме мислења. Ги посматрам луѓето,но не само она кое визуелно го гледам туку и она кое не се гледа. На пример кога гледаш постара особа-старец секогаш се прашувам,дали во него живее бебето,мочето,тинејџерот..и другите периоди од неговите промени.Телото е променливо,но дали се променува и духот или еден умира,а друг доаѓа.Ако живет сите во едно тело тогаш тие ќе се покажат. Но никако да се види во старецот духот на палавото момче или слободата во однесувањето на пубертетот или цврстината и силата на изградена и оформена личност.За нив постојат некој бледи сеќавања. Каде се тие кој живееле во тој старец? Дали сакале да легнат и да бидат закопани отстапувајќи им го местото на следниот кој доаѓа,под притисок на времето и промената на телото? Можеби не сакаат да умра. Како тогаш да се изборат за своето постоење? Многу едноставно,луѓе кои доживуваат просветлување се одлична прилка тие да се промовираат. Како религија или филозофија на живеење. сам можеш да уочиш според карактерните особини на тие духови да ги уочиш во некој религии,филозофии и групи. На почетокот постирав слика,чив дух е таму? Тој не е ниту роден-почеток што значи нема крај,ниту има име,има храна која ние не ја знаеме,тој не од овој свет во кој другите духови живета,не гледа,ниту слуша,ниту збори.(за слушањето така-така,може слуша некој гласови за кој не знае од каде доаѓаат) Ако сакаме да оформиме слика,таа би била дека тој што не е роден е стеблото-со коренот,а они кој доаѓаат после него се гранките. Значи секоја гранка е споена со коренот,од исто место црпат храна. Но исто така може да се каже дека е змеј со неколку глави,кој зборува од стомакот. Може до безкрај да давам споредби,за животот,луѓето и сите нешта кој не опкружуваат,цареви и слуги. Но,секогаш кога има некој кои седи на престол ќе има и суд,за праведни и неправедни. А така не прави водата. А бидејќи водата е во тебе,остави да делува онака како што делува и надвор од тебе. Тебе ти останува само да видиш како таа делува,а за тоа не ти требаат книги. |
||||
goran-twin
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2012 Статус: Офлајн Поени: 385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Забораваш дека Христа беше воедно Син божји и Син Човечки.
Еве уште еден пример за понижувањето на Христа и прославувањето од Отецот.За кој пример муслиманите не го сваќаат и велат самиот Христа се нарекуваше Син Човечки. 13 И кога дојде Исус во земјата на Кесарија Филипова, ги праша учениците Свои и рече: “За кого Ме сметаат луѓето - Мене, Синот Човечки?” 14 Тие одговорија: “Едни за Јована Крстител, други за Илија, а некои за Јеремија или за еден од пророците.” 15 А Он им рече: “А вие, за кого ме мислите? 16 Симон Петар одговори и рече: “ти си Христос, Синот на живиот Бог.” 17 Тогаш Исус му одговори и рече: “Блажен си ти , Симоне, сине Јонин, оти тело и крв не ти го открија тоа, а Мојот Отец, Кој е на небесата. 18 А Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат.
Оној кој седи на престолот не се споредуваше само со вода,туку и со цар,домаќин,квасец,правда,светлина..... Ти се заглавуваш само на еден збор и за тебе ми даваш претстава на она што го реков:
Изменето од goran-twin - 08.Јули.2012 во 23:09 |
||||
Pica pica
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 1488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Беше,..?Повеќе не е? И повторно ќе ти го повторам истото. Целата тајна се крие во водата, Таа не дели на муслимани,христијани,будист,администратор или модератор,на маж или жена,на животно или растение. Дава на сите за да се зачува родот на она што создала приодата,а не на тоа што создал човекот(книги,храмови,идоли). п.с.Во врска со цитатите. Ако тој им кажел кој е, тие ќе фрлаа камења по него. Затоа постојано прашувал. goran-twin, Да не бидеме заглавени само во едно, јас со еден збор,а ти со цитати да промениме нешто. Еве ти одбери со кој дух да збориме. Сакаш со бебето,кое ги менува нештата околу себе со самото тоа што постои, или сакаш со детето да си играме доктори или да брмчиме со колички емитирајќи го светот околу себе. брррррмммм,брррррммммм...... Или со пубертетлијата на кого му работат хормоните и кој мора да го покаже своето постоење,да биде забележан од спротивниот пол,борејќи се со своите ривали. Можеме и со лукавиот и итриот,кој сака да се вивне во небото демнејќи го својот плен. А можеби сакаш со најискусниот-старецот насочуваќи ги неискусните и припремајќи ги за играта наречена живот. Можеме и во сон да збориме,да ги носиме лошите во замка,а добрите да ги спасуваме покажувајќи им го патот користејќи ја нивната суета,онака како што прават мртвите. Која глава од змејот сакаш,одбери ти? Само немој да го земеш вилувчето со три боцки, па го нападнеш змејот. Изменето од Pica pica - 09.Јули.2012 во 00:01 |
||||
Внеси реплика | страница <12345> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |