|
Како би објасниле, ШТО Е ЉУБОВ? |
Внеси реплика | страница <1 8283848586 100> |
Автор | ||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Мешаш љубов и физичка атракција (атрактивност, што ако дозволиме да биде сметана како љубов, тогаш би била најниската нејзина манифестација).
Љубовта е емоција. Ако нема љубов, тогаш што чувствуваш кон татко ти, мајка ти, братот и сестрата (доколку ги имаш), децата (ако ги имаш)... ако велиш дека постојат како емоции стравот и омразата, тогаш како велиш дека не постои емоцијата љубов ? И да, доколку не чувствуваме љубов, онаа за која претпоставувам дека говориме на оваа тема, тогаш интелектуализираме за неа според нечии туѓи искуства, кажувања и пишувања бидејќи самите не сме ја почувствувале. А тоа, дека самите не сме ја почувствувале и дека не сме свесни за неа, не е никаков доказ дека таа навистина не постои. Изменето од Messenger - 20.Јуни.2012 во 22:23 |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
викаш дека не сум ја почуствувал љубовта... значи не постои чим не сум ја почуствувал, да постоеше ќе беше врежана исто како другите емоции, затоа што страв и гнев постојат уште од самиот момент кога ќе се родиме...
тоа што си го почуствувал всушност не е љубов, јас ти гарантирам... како инаку ќе објасниш дека истата емоција ја користиме за многу луѓе, а не е резервирана за еден? фактички, да постои љубовта како емоција за она за кое што е наменета, тогаш ќе беше резервирана за една личност и сите други автоматски ќе беа отфрлани? она што го викаме љубов е чувство на приврзаност кон луѓе што имаат некакво значење кон нас, луѓе со кои се чувствуваме безбедно, во кои имаме доверба, со кои се разбираме меѓусебно и т.н. и истата љубов затоа постои и кон животниот партнер со кој се создава семејство, со роднините и со пријателите самиот мозок пресметува со кого сакаме да бидеме блиски според тоа какви се нашите ставови и што ги поддржува и потврдува... како сега може да се каже дека тоа нешто било магично? и да збориш вака за љубовта не е нешто бесчуствително, туку чисто научно, таман работа да не сум почувствувал љубов... само ме иритираат прикаските за мали деца кои се кажуваат, онака ко што се раскажува библијата и слично, нема ништо да боли ако некој во светов се обиде да си објасни некои работи кои се комплицирани, но сепак имаат свое објаснување се на овој свет си има зошто и како, само што сеуште сме игнорантни на знаењето |
||||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Меси не ми е јасно...ако љубовта се чувствува..како тогаш ќе се објасни?
Исто како среќата, болката(физичка) што не ја објаснуваме....Има ли адекватни зборови за да се објасни што е всушност љубовта?
|
||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||||
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
...Koga nekogo sakash povekje od sebe(sebe kako lichnost)...koga sebe go nema...koga si edno so "drugiot".
...barem taka jas bi objasnila shto e ljubov
Изменето од viktorija123 - 26.Јуни.2012 во 00:55 |
||||||
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
||||||
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Чиста... а богами и честа... имагинација.
|
||||||
Incredible Blue
|
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Велиш дека страв и гнев постојат уште од самиот почеток на раѓањето, а љубов не постои, така ? А што чувствува детето према мајката и што чувствува мајката према детето ? Страв и гнев ? Не чувствуваат љубов ? Не чувствува мајката љубов кон детето уште пред тоа да се роди ? И велиш дека љубовта не постои бидејќи не си ја почувствувал. Ќе беше во право ако речеше дека љубовта не постои за тебе бидејќи ти не си ја почуствувал.
Ти првин тврдиш дека не си почувствувал љубов, што имплицира дека поради тоа не знаеш што е љубов, а веднаш потоа мене ми тврдиш дека и јас не сум чувствувал љубов и ми објаснуваш што е, а што не е љубов, небаре си ја доживеал и знаеш сто е таа. ОК, ако не си доживеал љубов, тогаш веројатно си ги слушнал следниве зборови: љубов кон татковината, љубов кон девојката, љубов кон родителите, родителска љубов, љубов кон поезијата, љубов кон природата... И таа љубов, кај оние кои ја доживеале, била толку силна што луѓето се самоубивале затоа што не можеле да ја реализираат кон саканиот, затоа што ги оставила саканата, животот го давале за татковината, се жртвyвале за спасување на децата... И што мислиш, дека љубовта е некаква емоција на ексклузивност, па ќе признаеме дека постои само ако егзистира единствено за една личност, едно цвеќе, едно животно, една песна, едното чедо, едниот родител, едно уметничко дело... ?
Ти не говориш за љубов, емоција која се јавува без некаков посебен практичен интерес, туку за конкретна трговија, комфорт и комодитет. Работите што ги спомнуваш можат да се доживеат како последица од споделување на љубовта, но тие не се причина за љубовта.
Ајде, те молам, научно објасни ми ја љубовта.
Реши се дали си ја почувствувал или не. Оти еднаш велиш дека не си почувствувал бидејќи не постои... инаку ќе беше врежана како и другите емоции уште од моментот на раѓање, а сега велиш дека си ја почувствувал што имплицира дека сепак постои...
Потполно се сложувам со последно кажаново. На светот постојат многу нешта само ние сме игноратни и не само што немаме, туку и не дозволуваме да имаме нивен опит. И затоа на почетокот реков дека кога ќе ја доживееш љубовта тогаш ќе ја осознаеш... и нема да има потреба од никакво убедување или нејзино научно докажување. П.С. Инаку го прифаќам твоето тврдење дека конкретно за тебе љубов не постои. Со тоа немам никаков проблем. Изменето од Messenger - 26.Јуни.2012 во 15:08 |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Како што и ти самиот посочи, тоа е подеднакво тешко, да не кажам невозможно, како и со другите чувства. Чувства не се објаснуваат, тие само се доживуваат. Или си ги доживеал и си ги осознал или не си ги доживеал. Како можат голи и несовршени зборови да ти доловат чувство кое никогаш не си го доживеал, нешто за кое немаш апсолутно никакво лично искуство ? Чувството не е наука, не е матемaтика, физика или хемија за да биде нацртано, пресметано и докажано на хартија. Науката може да се занимава со последиците од чувствата (хемиските и физичките манифестации на или во материјалното тело), но не и со самите чувства бидејќи тие им претходат на видливите и мерливите последици. П.С. За мене најблиско објаснување на суштината на љубовта е - умирање за другиот (другата, другото). Љубов е кога си го даваш и животот за бенефит на другиот. Значи апсолутно без никакви лични интереси. Сето друго ние денес го нарекуваме љубов, но тоа не е ТОА. За жал, зборот "љубов" е толку употребуван што е доведен до потполна инфлација и излитување, па се користи и таму каде што наjсоодветни термини се задоволство, интерес, ќар, зделка, трговија... Денес луѓето повеќе не знаат што е љубов, па мислат дека такво нешто е измислено, дека не постои и дека за тој мит може само да се чита во срцеперачки романи. Изменето од Messenger - 26.Јуни.2012 во 19:08 |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Go pronajdov va video koe mislam deka e soodvetno za temava
Како би објасниле, ШТО Е ЉУБОВ? |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
меси еве вака едно по едно
1. тоа што го чувствуваат мајката и детето еден кон друг е баш тоа што јас ти го објаснувам, да постоеше љубовта онака како што ја дефинираат најголем дел од луѓето, мајката ќе ја чувствуваше истата љубов кон тоа дете дури и да не го родила она лично и без воопшто да го познава... 2. не велам дека љубовта не постои, туку дека не постои како самостојна емоција, дека е конгломерат од емоции и физички акции, тоа што сакам е некој да се обиде да си го објасни потеклото на љубовта наместо да си кажуваме приказни дека била некаква мистична сила... и тоа што ти го нарекуваш пазар, всушност навистина се случува, затоа и го спомнувам стравот како емоција, затоа што поттикнува голем број други емоции, конкретно во дискусијава едноставно не може да постои такво нешто што безусловно се појавува, особено кога збориме за социјалните односи меѓу луѓето... конкретно на таа тема, постојано ми се врти едно прашање во глава, ако љубовта се јавува безусловно, зошто тогаш луѓето вршат селекција во нивните социјални кругови? да постоеше љубов или било каква емоционална приврзаност, умот автоматски ќе реагираше на луѓе со кои секојдневно се разминуваш безусловно, без воопшто да знаеш нешто за нив и без воопшто да ги наљудуваш љубовта онака како што ја кажуваш ти е условен рефлекс... а да беше навистина така, тогаш и телото ќе реагираше условно без ни најмала улога на разумот и способноста за размислување и уште еднаш, не те убедувам дека не постои љубов, таман работа, да не постоеше воопшто немаше да постои ни темава |
||||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
zabegan, интересно е како за стравот не велиш дека е конгломерат од разни емоции, дека среќата не е конгломерат од разни емоции... но дека љубовта е некаква последица од конгломератoт нa разни други емоции.
Тоа што ти говориш е само потврда за цитатов. Луѓето не знаат што е љубов, повеќе не ја дожувиваат, веќе не знаат како да ја дефинираат... но затоа с'е повеќе и појасно знаат што е страв, што е трговија, што е пазар, што е размислување и што е личен интерес. А тоа посочува кон вистинските корени за нечувствувањето љубов кај луѓето, нешто што било одсекогаш посочувано од одредени личности во човековата историја... но ова не е тема, подфорум а ниту ни соодветен момент да ширам натаму. Доволно е кажаново. |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
стравот го ставам како основа бидејќи од него потекнуваат голем дел од емоциите, иако и тој самиот сеуште имам проблем да си објаснам од кај потекнува, бидејќи самите емоции се поттикнуваат едни со други
туку не ми одговори на едно прашање... ако љубовта е безусловно чувсто кое се појавува туку така, зошто тогаш не ја практикуваме безусловно? како тоа не засакуваш луѓе со кои се разминуваш секој ден по улици? баш тоа е она што ме кочи во тоа да мислам дека љубовта е таква каква што ја збориш се е пазар, работата е што голем дел од тој пазар го правиме несвесно... чисто да се надоврзам на твоите примери... ако детето е напуштено од родителите уште како новороденче и никогаш не ги запознало, ќе ги сака ли? затоа што според теоријата на безусловната љубов тоа би требало да ги сака и покрај тоа што врска нема кои се неговите родители... ама не е така... Изменето од zabegan - 04.Јули.2012 во 20:30 |
||||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Љубовта е љубов само кога не е врзана за никаков интерес. Инаку тоа не е љубов, туку трговија. Ако ти сакаш да бидеш со некоја девојка поради нејзиниот изглед тогаш тоа е атракција, не е љубов. Ако сакаш да си поради нејзиниот стан, пари или позицијата на нејзиниот татко тогаш тоа е интерес, а не е љубов. Мислам дека ова веќе го апсолвиравме. Мајката го љуби своето чедо уште додека тоа е во најзиниот стомак, уште пред да се роди. Прашуваш зошто луѓето не се љубат безусловно ? Затоа што љубовта е отсутна од нив и тие не ја чувствуваат. И тоа е кај 99,9% од сите луѓе. Не чувствуваат затоа што се преокупирани со мајата на материјалниот свет кој вели - сите ние сме посебни различни битија, со посебни вредности и потреби и со цел да си ги реализираме само нашите интереси. Така не учеле дома од мали, така не учеле на улица, така не учеле во училиште, така сме се однесувале меѓу себе и за нас тоа е светот и животот. Не е чудно што не знаеме што е љубов, како што не е ниту чудно што не сме ја почувствувале и што никогаш не сме ја доживеале. Не е чудо што за нас љубовта претставува друштво од интерес. Малкумина се оние кои минале преку таа илузија на различност и фрагментација и кои имаат доволно емпатија да се поистоветат со другите. Оти Љубов не е ништо друго туку станување Едно со другиот, кога трите навидум "различни" нешта - јас + таа (тој) + нашиот меѓусебен однос, стануваат Едно, kога ние и другите стануваме Еднобитие. Кога другиот го љубиш како што се љубиш себе си поради никаква посебна причина. Исус љубел така, Буда љубел така, Mахавира љубел така, многумина љубеле така... мајките љубат така, некои татковци љубат така, некои браќа и сестри љубат така, но за жал, најголемиот број луѓе никогаш не го почуватвувале ТОА чувство. И кога велиме безусловна љубов мислиме на љубов без никаков интерес, а не љубење од што мораме (безусловно, сакаш-несакаш). Од аспектот кој ти го подразбираш и посочуваш во суштина е сосем обратно - љубовта не е нешто што мора по секоја цена да се чувствува, туку потребен е услов - треба да се биде со одредена свест и емотивност. П.С. Можеби најблиска паралела за тоа што е љубов според твоето разбирање и моето објаснување е споредбата на среќа и блаженство. Изменето од Messenger - 04.Јули.2012 во 22:32 |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Jas se izgorev mnogu pati 'blagodarenie' na moite ocekuvanja. Tugite ocekuvanja pak me ugusija. Covek koga e slab i koga e gladen za ljubov ja idealizira drugata licnost i ja shminka po svoite sopstveni potrebi, a ova moze da bide i te kako opasno osobeno vo onie migovi koga nasata iluzija se raspaga. Isto taka se mnogu vazni jasnite granici, sebespoznanieto, samo taka ke ja primime vistinskata ljubov namesto onaa laznata, otrovot.
Jas seuste ja cistam svojata zagadena dusa od otrovi, da naucam da se sakam sebesi, potoa da dadam kvalitetna ljubov i najposle da ja primam ljubovta od drugite. |
||||||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Амин мило! Не можеш никогаш да споделиш тоа што немаш. |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
Внеси реплика | страница <1 8283848586 100> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |