|
Социјализам или капитализам? |
Внеси реплика | страница <1 58596061> |
Автор | |||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
...socijalizmot umre...ako nekoj ne chul !
...a, i ako pak se pojavi,...pak ke odapne toa e sigurno . ...socijalnite elementi koishto se pojavuvaat vo ''noviot'' kapitalizam ,...(ke)se samo karakteristiki na kapitalizmot vo idnina. |
|||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
исто така, не зборам за социјализмот применет во пракса, туку оној теорискиот, и можеби малку модифициран, создаден врз основа на остатоци од капитализмот, ќе функционира совршено |
|||||||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
...toa shto ischeznalo robovladetelskoto opshtestvo ( i ste posle nego) ne znachi deka ''utre'' ke se pojavi sovrsheno opshtestvo vo koe shto site k imaat( ili ke nemaat ) isto !
...a koj ke go stvara toa shto site ke go uzivaat?...na chovekot mu e vo krvta da e zavidliv sprema drugite lugje okolu nego( pa duri i sprema svoite), sekogash sakal i ke saka da ima povekje od drugite ...taka da nikogash nema da im toa shto vikash . ...kakva svest...kakva intelektualna evolucija ? ...pa, nekoi od najbogatite lugje vo svetot se od ...naj''socijalistichkite'' kapitalizmi...i taka ke bide i vo idnina...uvek ke ima takvi shto ke imaat mnogu povekje od drugite...toa ne moze da se smeni nikogash ,...na podolg rok , mislam . ...edini shto moze e...i tie povekjeto da imaat za da ziveat zivot, so koj ke bidat zadovolni i srekjni..... |
|||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||||||
Milko01
Сениор Регистриран: 19.Март.2012 Статус: Офлајн Поени: 180 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Само анархија...признавам.....
|
|||||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
проблемот е само што на човекот секогаш му треба контрола, а тоа го пружаат политичките и правните системи... технички гледано всушност, сите системи се во ред, проблемот е што сите едноставно не можат да прекинат да ги злоупотребуваат |
|||||||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Најблиску до оној денес прифатлив позитивниот аспект на анархијата е движењето кое зема с'е поголем залет во америкиве, а тоа е Либертаријанизам. Додека Анархизмот учи на потполно елиминирање на државата, Либертаријанизмот се залага само за најосновна и најминимална егзистенција на правната држава, минимална или никаква регулација на пазарот (внтарешно и меѓународно), силни основни човечки права, одделување на црквата од државата, неутралност во дипломатските релации и слобода на тргување и патување. |
|||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Неможам да разберам или поточно да прифатам дека и денеска во 21 век некој би се залагал за анархизам или либертијанизам, кој пак е само блага отстапка на неолибералситите и следбениците на учењето на Милтон Фридман.
Светската економска криза го потврдува тоа, дека тие учења се главната причината за претстоечкиот финасиски колапс. Сите оние кои се поборници дека пазарот и самиот капитал ќе ги регулира односите или дека во дерегулацијата и лимитираната интервенција на владите е спасот, само се залажуваат! Капиталот нема општествена свест и оди таму каде најлесно и најбрзо може да се оплоди. Тоа пордразбира и експлоатација на работната сила. Таквите услови се вештачки, политички исконструирани со цел да во одредени земји има недостаток на капитал и вишок на работна сила. Во тој случај цената на трудот принудно се дампира. Таквите земји, со владините стратегии за даночни и фискални олеснувања, а згора на тоа и евтината работна рака ќе ги направи пококурентни. Значи да се работи ко вол за слама, затоа што без таквите стратегии, нема да има ниту слама. Тоа го сака капиталот. Па вие, мои драги Македонци, видете и сами проценете! Да капиталот имаше општествена свест, тој немаше да ги остави на цедило луѓето во матичните земји и ги принуди да живеат во шатори. Према тоа владини интервенции, субвенции, регулативи... мора да постојат. Тие се тие кои ќе треба да ги балансираат негативните и позитвините појави во општеството во името на сите, а не во името на демократијата од кои ќе профитираат поединци. Прашање е колкави треба да бидат овластувањата на владите и какви механизми треба да се има со цел да се контролира нивното работење. Изменето од Platenik - 11.Септември.2012 во 04:06 |
|||||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Од оноа што го знам и што сум имал прилика да дискутирам со либертариани заклучувам дека не е така црно како што опишуваш. Напротив, секое манипулирање со економските законитости од страна на државата доведува до врзување чворови кои подоцна се рефлектираат со неочекувани економски кризи. Една таква од светски размери доживуваме токму сега, нели ? Точно е дека економијата се базира на побарувачка, понуда и евтино производство (евтина работна рака). Но евтината работна рака не значи и дотерување до просјачки стап. Секогаш постои баланс меѓу оноа што се нуди како надница и оноа што се прифаќа како таква. Односот меѓу овие две контрадикторни сили ја одредува реалната цена на платата. На крајот од краиштата, доколку сите работатат за грст денари тогаш кој ќе ги купува сите оние производи, нели ? Нема логика, така? Либертаријаните велат - административната држава треба да биде сведена на апсолутен минимум. Така трошоците на непродуктиваната бирократија ќе бидат сведени на најниско можно ниво што ќе резултира со максимално намалување на даноците. Законите треба да бидат минимални и во основа треба само да ги гарантираат основните човекови права и слободи, да ја дефинираат сувереноста на државата и да го регулираат кривичниот Закон и основната Армија за одбрана на земјата. Скоро сето останато треба да биде оставено на слободни меѓусебни догoвори меѓу граѓаните. Слободната понуда на капиталот, услужните дејности и работната рака самите ќе го регулираат меѓусебниот однос во однос на моментните услови и потреби во општеството. Секоe мешање од страна на државата само ќе предизвика дебаланс на природните меѓучовечки односи, па едни ќе ги стави во позиција на посебно протектирани субјекти во однос на другите, што во основа претставува неправда која во иднина ќе произведе проблеми кои уште повеќе ќе го искомплицираат и отежнат животот на граѓаните. Таквите нови ситуации ќе бараат натамошно мешање на државата и сиот процес ќе се развива во непрекината нагорна спирала која само навидум изгледа како некаков напредок во политичко-социјално-економскиот живот, но во основа само креира мултиплицирање на проблемите без нивно реално решавање. Досегашната историја тоа го потврди, нели ? За радикални социјално-економски промени потребни се радикални опшествени промени. Денес само Либертаријанизмот го нуди тоа. Токму затоа станува с'е попопуларен меѓу граѓаните на запад, а во САД по масовноста веќе е на трето место. Изменето од Messenger - 11.Септември.2012 во 05:44 |
|||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Либерализам, неолиберализам или либретијанизам се се тоа варијации на тема.
Ништо ново и ништо што досега небило дискутирано или на овај или онај начин спроведено од некои земји, влади. До одреден степен, се разбира! Тоа е утопија која се наметнува од одреден број на луѓе кои, чувствуваат дека треба нешто да се промени, но незнаат како. Неможат да излезат од рамката во која функционирале или се оформиле како личности. Едноставно не се спремни за драстични, радикални општествени промени. Во таа група ги ставам и либетијанистите. Тие не нудат промени, тие нудат модификации. Patch up job! Барем јас така мислам. Капиталот неможе сам да се регулира, ниту пак пазарот тоа може да го стори. Тоа не е во приордата на капиталот. Ова им стана многу јасно и на самите американци кога со Новиот дил го напуштија либералзимот и почнааа да воведуваат државен интевенционизам, меѓутоа идеолошки обременет. За жал и после толку години, се појавуваат стручњаци и експерти кои живеат во минатото и сметаат дека преоблемот не е во системот, туку во државната интервенција. Затоа имаме луѓе кои ќе ја користат својата политчка моќ да го вратат светот пред повеќе од 80 години. Корист од тоа нема општеството туку поединци. Зарем не е тоа случај со САД и волците блиски да Бол стрит и владите на Реган, Буш и силните полтрони како Рамсфелд, Чејни, Вулфовиц.....и силните лобисти?! Резултатот ни е познат нема што да се дискутира. На западот му се потребни, крупни општествени промени, доколку сака да опстане и има понатаму влијание на севкупните светски движења. Далечниот ориент веќе почнува ите како да доминара! |
|||||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||||||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Западот си го продаде газето и сексот им стана многу болен пошто не се користи лубрикант,а кога е групен секс во прашање:
whole that mess comes from your ass http://www.globalresearch.ca/doomsday-for-the-us-dollar-post-mortem-for-the-world-s-reserve-currency/ http://www.gfmag.com/tools/global-database/economic-data/11859-international-reserves-by-country.html#axzz269SxTcsY |
|||||||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Пред да збориме за социјализам или капитализам...
да излезем од феудализмов... пошто на крај сме веќе од робовладетелство... ... бар мислам... |
|||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Тоа е твое мислење, јас воопшто не се сложувам со цитираново.
Не постои идеолошки необременето државно интервенирање во економските закони. Вистинското неидеолошко делување е оставање на економските закони и капиталот самите да се регулираат.
Поради ефтината работна рака, непостоењето на закони за заштита на работниците, човековата околина... |
|||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Меси, Точно така, тоа е мое мислење дека капиталот неможе самиот себе да се регулира. Меѓутоа тоа го зборувам како од теоретски аспект така и од свое сопствено лично искуство. Кога работев за друг и заработував 120000 годишно, ми беа малку. Сега кога работам за себе многу ми се и 30000 да му дадам на некој работник. Држам до пропишаниот минимум ако несакам да ми го растурат задникот. На тој начин администрацијата го полни буџетот (преку личните даноци на вработените), а и влијае на стапката на невработеност. Зарем дерегулацијата во финасиско-банкарскиот систем не ги ги донесе економиите пред колапс? Историски е докажано дека економските законитости, без регулатива и интервенција не функционитраат на општеството да му обезбедат долгорочен и стабилен просперитет. Цикличните кризи, рецесии и депресии стануваат многу чести и со секој нареден пат покатастрофални. Капиталот во основа нема интерес да влезе во свери кои се капитало интензивни, неисплатливи на долг временски период и за несоодветен надоместок. Капиталот нема интерес ниту да плаќа соодветен надомсеток за вложениот труд, ниту пак даноци. Што помалку тоа подобро. Тоа се пред се сверите на социјалната заштита, здравството, образованието, инфраструктура, јавниот транспорт.... сите така наречени непродуктивни дејности. Од тие причини, дојдено е до сознание, дека интервенционизмот од страна на државната администрација и нејзините институции е нешто што мора да постои. Државата е таа што треба да биде ГАРДИЈАН, чувар на севкупната благосостојба на секој еден нејзин граѓанин. Капиталот може да биде само инструмент преку кој, менаџиран совесно, ќе ги постигне саканите резултати. Еден од факторите што далечниот исток доминира е ниската и нерегулирана работна сила. Меѓутоа, тоа се должи на бројноста на населението, квалитетот на работната сила и желбата за останок. Спремни да се жртвуваат да учат и работат за помалку, колку да опстанат. Кога еднаш ќе го достигнат посакуваниот степен на развиток, тогаш работната сила нема да остане толку ефтина. Зарем за тоа не ни се пример, Јапонија и Кореја. До кој степен треба да оди регулативата, какви се овластувања треба да има државната адмистрација и какви се инструменти треба да постојат со цел да се контролира работата на тие на кои им е даден мандат да управуваат со општеството е друга тема за дискусија. Регулативата, да, по мене, мора да постои. Зарем сите ние не се залагаме за правна, демократска држава, каде секој еден ќе ги знае правилата на игра, вклучувајќи го и капиталот? Се спротивно на погорново, доведува до хаос, безредие! |
|||||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Не е токму така. Вистинскиот либертеријанизам Америка го живееше во периодот по своето востанување како суверена конфедерацја на држави. Тогаш беше и најголемиот економски процут на оваа држава. Оноа за што ти говориш се случува во период во кој уште далеку пред него државата имаше многубројни регулативи од сите страни на банкарскиот систем. Тогаш, поради слабата светска и американска економија владата (Клинтонова) ги смени регулативите во однос на должничко доверителните односи и им порача на банките да делат кредити капом и шаком на шуто и рогато. Идејата беше да се избегне рецесија со вештачко стимулирање на еконимијата преку позајмување пари на корисници кои според економските закони не би смееле да ги добијат. Фактички поради мешањето на државата во економијата се дојде до економскиот крах во САД. Па затоа ниту еден од банкарите не беше осуден и казнет. С'е помина само со многу театаризам пред јавноста, нешто како reality show.
Кој го докажал тоа ??? Циклички кризи, рецесии и депресии се дел од економирањето и се должат на многу комплексните економски односи и со мешањето на државата од идеолошко-политички аспект, а не на недостаток на државните регулативи. Па најголемите економски катастрофи се случија токму во времињата кога имаше државни мешања и регулативи! Тоа само го потврдува спортивното од твоето тврдење.
Kапиталот влегува онаму каде што може да се оплоди, онаму каде што дава резултати. Ако има потреба од него, тогаш тој се јавува, ако нема, тогаш не се јавува. Ниту еден инвеститор не е будала да не инвестира таму каде што гледa дека ќе има профит и никој не е будала да фрла пари во дупка. Што има тука чудно или нејасно, уште повеќе спротивно од основните економски законитости ?
Токму така! Затоа либертеријаните се залагаат за минимална влада и бирократија во државата. Тоа ќе ги намали трошоците и даноците. Сите други даноци треба да се укинат. Tака луѓето ќе имаат повеќе пари во джебот за трошење и инвестицијско располагање. Истите тие луѓе ќе гледаат каде да го оплодат тој сочуван капитал. Така економијата вигиризно се движи напред , а не како денес кога граѓание не трошат бидејќи немаат, ошурени од огромните даноци, или ги стискаат парите во джебот затоа што не знаат кога ќе им притребаат.
Ќе ми дозволиш и тука да не се сложам со кажаното. Секојденвието го побива ова со отворените приватни школи и универзитети, приватни болници, приватни фабрики за лекови, приватни институти, приватни транспортни системи, приватни осигурателни друштва, приватни аеродроми, привани пристаништа, приватни автопатишта... неброено пати се докажало дека приватните организации во било која сфера се поефикасни, поефтини, поуслужни и повитални од државните, Каде се фатила државата да отвара работни организации и работни места за извесно време с'е пропаднало како прескапо за одржување, нефлексибилно и неефикасно.
Од претходно реплицираното се гледа дека денес е општопозната работа оти државата треба да излезе од секаква "заштита" на севкупната благосостојба на граѓаните бидејќи тоа се докажа како промашена идеолошка инвестиција. За с'е што се фатила државата пропаднало. Државата не е во бизнис да отвара бизниси, ниту е во бизнис да запослува. Тоа е одговорност на самите граѓани.
Тоа е една од главните теми на дискусијава. Државата мора да има свое место во општетсвото и нејзината улога треба да биде минимизирана и лимитирана само на одржување на јавниот ред и мир преку кривичниот Закон и обезбедувањето на државните граници. Изменето од Messenger - 14.Септември.2012 во 02:28 |
|||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||
Внеси реплика | страница <1 58596061> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |