|
Македонија низ реклами |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мојот покоен дедо викаше-Море стопанкината му, не ми е криво што ме лаже, туку што мисли дека го верувам!
Така и вие тука сега запнавте со убедување дека рекламите се арни 1. Море, не се арни, ама ич не се арни-оти ние не сме сите такви-а оние малкумина нема нити да ги видат рекламите, нити да се сменат со реклами. 2. Море, како не се за странци, кога лафет на странски а оди превод на македонскиАко се лажеме, ај да се лажеме, ама ај да не си мислиме дека се веруваме-бива? 3.Ако рекламите се толку целисходни и поучни, односно делуваат воспитно зошто не снимаат реклами со нив самите-како не треба да се фалат кој колку украл, та зар себеси не се рачунаат за ендемски вид? 4. Нека стават реклама-Кради едно милионче, не повеќе.Толку ти се доста за еден човечки живот, другите ќе завршат во некоја белосветска банка. 5.Нека стават реклама- Лажи со усул- и исфрли ја додавката ЌЕ. На народот му е смачено од ЌЕ, дај сега, ај одма. И да се разбереме, смачено ми е од оние ендемски видови кои од како се оближија со властодржна леснотија на живеење на државна сметка се испозанесоа толку многу што заборавија од кај им се корењата, симнаа опиците, обуја чевли и испоганија чорапите од калта од опинците. Е такви реклами со задоволство ќе ги гледам. |
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи кога некој сам за себе вика дека не го бива...
како очекува другите да мислат поинаку... а владава, или кој и да ги правел рекламиве, можеле и попаметно да направат... пушти ги слепците нека се глупираат... и нека погледнат малку поубаво... и Охридон почна да има елитни апартманчиња кои врска немаат со рекламиве... не се сите со паметот у 18 век... е сеа друга е приказната што тие газди мислат дека ваков апартман... треба да кошта повеќе од оној на Хрватско крајбрежеје... за Грчко не сакам да спомнувам, пошто они ни се највечи непријатели... и немојте да земате предвид дека агенцииве се преполни со наши граѓани кои си сакаат... море, солено и топло, а не езеро ладно и загадено, додуша и тоа солено ама според цени... инаку ја тие апартманчиња би ги користел само у случај да фатам швалерка... пошто за жена, нели, не се трошат пари... со неа се штедат... башка, колку што знам јас, Скопје е поголем туристички центар од Охридон... кој не веруе нека го праша оној што го јава коњот кој го викаат коњ на воинот на коњ... или барем оние кои се бањаат под мудата на коњот кој го викаат коњ на воинот на коњ... затоа, овие реклами се чиста утка... освен за оној кој за нив земал пари... е сеа, јеби га, не може па сите да се задоволни... |
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
добро, владата веќе со години пушта тотално бескорисни кампањи на кои се испраа и се потрошија дебели пари, а на народот му текна да реагира кога го навредија дека бил некаков ендемски вид...
во изминатиов период на МТВ имаше заебанции во стил „биди толерантен“ „инвестирај во својата иднина затоа што Бетовен бил познат“ „не абортирај затоа што Моцарт преживеал во пореметена фамилија“ „биди инвентивен“ и ред други дебилизми, да не ги набројувам... ако владата сакаше да смени нешто од ова, немаше да пушта глупости на телевизија која никој не ја гледа, туку ќе си го активираше МВР-то во правите цели и ќе проработеше малку законодавството, кога веќе партијата на власт е доминантна во него... и да се разбереме, македонците не се ништо поразлични од други народи во светот кога се работи за туристи, не сме ние никаков ендемски вид... незнам кој колку е свесен дека истите тие големи патриоти си го плукаат и деградираат сопствениот народ, што е контра на патриотизам... ама тоа е... |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Државен службеник,ендемски вид во експанзија и несметан развој....лесно се адаптира и размножува на овие простори но не и надвор од него. ............................................. Ти не си куче....свиња....коњ!. Ти си оФца.
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
....кога некој ќе каже или овде напише нешто паметно одма кажуваат од каде дува ветерот,а парите фрлени за описменување на народот никој не ги спомнува..нормално толку му сече пошто не знае дека Буџетските средства се дел и негови..т.е. ништо од рекламите ,треба стап. |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |