Испечати | Затвори го прозорот

Македонија низ реклами

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25796
Датум на принтање: 28.Ноември.2024 во 17:54
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Македонија низ реклами
Постирано од: mamamd
Наслов: Македонија низ реклами
Датум на внесување: 17.Мај.2012 во 18:25
Да се смеам или да плачам? Вакви ли сме навистина? Вакви ли не гледаат другите?

http://www.youtube.com/watch?v=itOe9hQvGog" rel="nofollow - TVC Turizam - Makedonska Pazarska Prodavachka.mpg - YouTube





Коментари:
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 17.Мај.2012 во 18:27
Наши ли се овие Алфа мажјациизненадување

http://www.youtube.com/watch?v=zDV2UbChLMo" rel="nofollow - TVC Turizam - Makedonski Alfa Mazjak.mpg - YouTube




-------------


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 17.Мај.2012 во 18:36
Мислам дека потполно си ја промашила поентата на пораката.

Ова не е реклама наменета за странските туристи (воопшто не е наменета за рекламирање на македонскиот туризам во странство),  туку порака е за македонските домаќини.

За мене таа е одлично стокмена.

Беше крајно време да се стори нешто вакво !
да





-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 17.Мај.2012 во 18:41
газење од смеење
 
Баш така е... ги изгледав сите видеа од кампањата... смеење
Вистината боли понекогаш. да
 
ова ми е http://www.youtube.com/watch?v=WDCISrDUIRc&feature=related" rel="nofollow - ВРВ ... голема насмевка
 
... сега ми текна, кога дојде тетка ми од Сан Франциско, таксистот од автобуска до центар и` наплати 60 долари, а потоа и` врати кусур 130 денари... газење од смеењесмеење


-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 17.Мај.2012 во 18:41
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Да се смеам или да плачам? Вакви ли сме навистина? Вакви ли не гледаат другите?




И да се смееш и да плачеш.
Да, такви не гледаат.
Кога дојдоа мои пријатели од странство ми велат, добро бе Санти тука знаете ли што е култура? Знаете ли како да се однесувате? Имате ли некоја етика? Имате ли пишани правила по кои треба да се однесувате.
Значи коментарот мој е за твојот втор клип, а и за мојот




-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 17.Мај.2012 во 19:05

Ма сите им се добри.

Точно во центар ! да




-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 17.Мај.2012 во 19:07
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Мислам дека потполно си ја промашила поентата на пораката.

Ова не е реклама наменета за странските туристи (воопшто не е наменета за рекламирање на македонскиот туризам во странство),  туку порака е за македонските домаќини.

За мене таа е одлично стокмена.

Беше крајно време да се стори нешто вакво !
да




Каде жити леб ти гледаш порака или поента?збунетост
Каде јас велам дека е ова реклама за странски туристи?збунетост
Ако човек чита -ќе прочита (впрочем како што прочитаа и другите) дека САМО СЕ ПРАШУВАМ дали ВАКА НЕ ГЛЕДААТ ДРУГИТЕ?
пс..
Се прашувам дали  бараш во јајцето влакно?
Дали не треба да отвораме теми за да не ни “пточиташ“ дека сме згрешиле?збунетост


-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 17.Мај.2012 во 19:11
Види мамамд, порака е ДА. До нас. До нашите хотелиери, до нашите сопственици на ресторани до нас македонците.

Зејмата (пардон..Владата) ни вели..ОСВЕСТЕТЕ СЕЕЕЕЕ!!!
Така како што правиме до сега само може да ги избркаме сите туристи, а не да привлечеме нови.
Што одиш подалеку, кога такси за охриѓани и за скопјани во Охрид има различна цена. 


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 17.Мај.2012 во 19:13
И сега некој мисли дека...
ќе го смени македонецот со реклами или што и да мисли дека се...
па и тоа вакви реклами...?збунетост

Боже. што се не трпи оваа земја...




Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 17.Мај.2012 во 19:16
Originally posted by Santijago Santijago напиша:

Види мамамд, порака е ДА. До нас. До нашите хотелиери, до нашите сопственици на ресторани до нас македонците.

Зејмата (пардон..Владата) ни вели..ОСВЕСТЕТЕ СЕЕЕЕЕ!!!
Така како што правиме до сега само може да ги избркаме сите туристи, а не да привлечеме нови.
Што одиш подалеку, кога такси за охриѓани и за скопјани во Охрид има различна цена. 

Апсолутно се согласувам-читав до кого е пратена пораката.
Не разбрав кога Меси ми се обрати
Мислам дека потполно си ја промашила поентата на пораката.
затоа прашувам- каде и што промашив?
Јас не праќав порака-само отворив тема -зачудена -Дали вакви не гледаат, оти ние себеси не се гледаме вакаголема насмевка
И искрено, малку ми просмета малку она -ендемски вид, ама веројатно така не гледаат-како ендемски видзбунетост


-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 17.Мај.2012 во 19:18
Мислам дека лошо те разбралголема насмевка

Инаку, нели сме во фаза на изумирање (селење надвор од границите на МКнамигнување)
Што те чуди, загрозен вид сме.голема насмевка



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 17.Мај.2012 во 19:27
Originally posted by којсумјас којсумјас напиша:

И сега некој мисли дека...
ќе го смени македонецот со реклами или што и да мисли дека се...
па и тоа вакви реклами...?збунетост

Боже. што се не трпи оваа земја...



Малку ми е криво што се лутевме на оние кои ни ги правеа рекламите од видот Не биди свиња, не биди телеизненадување
А сега сами си кажавме дека сме “ендемски вид“.
Абе јас не можам да познаам многу од мојата околина во ваквиве ликови, ама веројатно има бајаги-чим владата ги гледазбунетост


-------------


Постирано од: Феникс
Датум на внесување: 17.Мај.2012 во 19:34
osmeli se i napravi go prviot chekor ....napravi reklami za Makedonija ....moze i da e malku glupa ......nema vrska.....vazno da pravime da izgleda kako da rabotime neshto....za dobroto na Makedonija

-------------
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...


Постирано од: brza
Датум на внесување: 17.Мај.2012 во 19:37
...da,..ama izgleda za da ja urpoastish makedonija najdobro e  da i pravish...''dobro''да !


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 17.Мај.2012 во 19:54
Originally posted by mamamd mamamd напиша:


Каде жити леб ти гледаш порака или поента?збунетост
Каде јас велам дека е ова реклама за странски туристи?збунетост
Ако човек чита -ќе прочита (впрочем како што прочитаа и другите) дека САМО СЕ ПРАШУВАМ дали ВАКА НЕ ГЛЕДААТ ДРУГИТЕ?
пс..
Се прашувам дали  бараш во јајцето влакно?
Дали не треба да отвораме теми за да не ни “пточиташ“ дека сме згрешиле?збунетост


После прочитаниот наслов на темата "Македонија низ реклами" бев под впечаток дека мислиш оти Македонија се рекламира преку овие видео спотови. Оти спотовиве не се реклами туку пораки до македонскиот народ.

Ако погрешно сум те разбрал, тогаш се извинувам. големо гушкање

Инаку, токму такви сме како што сме прикажани во нив.







-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 17.Мај.2012 во 19:57
Примено и извинетоголемо гушкање
размислување Ај не ме убедувајте сите сега, не е ова КПМ на КПЈизненадување
Јас мислам дека не сме баш ваквисмеење


-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 17.Мај.2012 во 20:00
И полоши сме некогашнамигнување

-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 17.Мај.2012 во 20:04
Originally posted by mamamd mamamd напиша:


Јас мислам дека не сме баш ваквисмеење


Види сега, повеќе пати го имам ова спомнато и знам дека ми се лутиш... но тоа е тоа - не бездруго Балканот се смета како некаква посебна култура во Европа и не туку-така е скован интернационалниот израз "балканизам" од аспект на културата.

За тоа има причина, нели ? намигнување









-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 17.Мај.2012 во 20:13
Ама јас не сум крива што си го сакам тој наш БАЛКАНИЗАМљубов
Ем не критикуваат ем чим дојдат кај нас одма прифаќаат. Се сеќавате на оној Ирецот-нсикион -црвениот, ај да ме утепате не се сеќавам  како се викаше-Фуле-Филезбунетост, абе се утепуваше да го фати бурето со виното, па после мндатот пак дојде на манифестацијата во Охрид.


-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 17.Мај.2012 во 20:15
Фуерезбунетост

-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 17.Мај.2012 во 20:16
Originally posted by Santijago Santijago напиша:

Фуерезбунетост

Е дада
Тој, стана поголем Балканец од сите на с Балканцитеголема насмевка


-------------


Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 17.Мај.2012 во 20:55
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Инаку, токму такви сме како што сме прикажани во нив.

Така е...
ама зарем нешто ќе сменат овие реклами...? збунетост




Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 17.Мај.2012 во 21:14
Originally posted by којсумјас којсумјас напиша:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Инаку, токму такви сме како што сме прикажани во нив.

Така е...
ама зарем нешто ќе сменат овие реклами...? збунетост




Неспорeдливо подобро отколку да се премолчуваат и да се оставаат да цветаaт како некакво национално традицијско добро од посебно значење.

Добро е што нештата се осветлуваат и се ставаат пред очите и судот на јавноста.

Тоа е добар почеток,  оти  почуваме јавно да говориме за нив и да прифаќаме дека не се во ред, нели?

Што би било последицата од тоа ?

Да почнеме да се менуваме или да останеме исти, така ?

За сега менувањето е оставено до личната свест и култура на луѓето.

Јас на ова би додал и законски санкции за извесни дејности (наплакање надвор од предвидените и одобрените тарифи, прегласна музика во доцните часови...).

Што е твојот предлог ? Дали мислиш оти однесувањето кое е осудено од спотовиве е добро и ако сметаш дека не е добро што би предложил за негово менување ?






-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 17.Мај.2012 во 21:57
Сега ги приметив... ендемски видови... газење од смеење 
 
Makedonicus pansionorum femina
Makedonicus ezericus kelnerium
Makedonicus marketum femina
Makedonicus metropolis taxicus
Makedonicus alfa homo
 
плачењесмеење


-------------


Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 18.Мај.2012 во 06:57
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Добро е што нештата се осветлуваат и се ставаат пред очите и судот на јавноста.
........
Јас на ова би додал и законски санкции за извесни дејности (наплакање надвор од предвидените и одобрените тарифи, прегласна музика во доцните часови...).
.........
Што е твојот предлог ? Дали мислиш оти однесувањето кое е осудено од спотовиве е добро и ако сметаш дека не е добро што би предложил за негово менување ?

Што мислам јас, а...!збунетост
Мислам дека Балканскиот менталитет не се менува со спотови...

А што мислиш ти, дека ако пуштат реклами или спотови во кои пораката ќе биде...
Не убивај...
Не кради...
Не пребарувај контејнери...

не пуштај гласна музика од кафаната од која собираш дебела пара...
затоа што некој кутар комшија нема мир 24/7...

не му викај на муштеријата на Зелено пазарче кога купува јаболки 1кг - 25 ден...
може за 30 ден...?

не пишувај цени во Тинекс кај производот една, а кога ќе отидеш на каса друга...
не фрлај кесе со ѓубре од 10 спрат, затоа што те мрзи да го фрлиш во контејнер...
не ја паркирај колата на сред улица за да не може комшијата да влезе со неговата...
не ги пуштај децата да лупаат со топка после пладне кога секој сака да се одмори и му смета галама...
не се туркај преку ред во банка, зошто и онака ќе завршиш работа...
пропуштај ги пешаците...
не вози како лудак...
не му се дери и заканувај на џандарот затоа што татко ти има пари, директор е или пратеник...

и уште милон работи има за набројување, мислиш ќе се сменат со реклама...?збунетост
не збори, Меси...
ме праша што предлагам...
две решенија има...

првото - закон нормален и спроведување на истиот, за сите работи што ги напоменав...
              а не закон кој може да се тумачи вака, ама и така, а може и онака...
              и секако кој го ебе законот кога имам врски и пријатели, они ќе средат...
второто - ќе го послушаме Брзиот...
                и онака многу работи овде се отидени и курац...
                па плус минус некое илјадарче евриња за креаторите на реклами кои нема да     
                постигнат никаква цел...
                голем таков...     

Некои викаат, пусто турско...
камшик само...
или во превод закон само, закон...



Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 18.Мај.2012 во 13:28
Originally posted by којсумјас којсумјас напиша:



камшик само...
или во превод закон само, закон...



... како за пушењето во затворени простории и незастанувањето пред пешачки премин. намигнување

Како што веќе реков, немам ништо против санкции... напротив, знам дека најголемиот дел од луѓето се  разбираат само со сила, но секогаш првин давам предност на свеста и разумот. А и секоја законска акција најдобро се почнува првин со свртување внимание и подготовка на граѓаните... откога на тој начин ќе се приготви теренот потоа отпорот и негативните реакци од донесените санкции се далеку помали или воопшто ги нема.

Затоа јас давам ентузијастички  thumbs up да за оваа акција, нешто што требаше одамна да биде сторено на овие територии.







-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 09.Јуни.2012 во 12:26

Владините реклами за туризам штетни за туризмот во Охрид



Видео споротвите од најновата владина кампања „Ти си лицето на твојата земја, од туризмот сите добиваме“ ќе имаат контра ефект врз туримот, сметаат охриѓани, покажала последната анкета на порталот „Охрид њуз“.
За 64 отсто од анкетираните, новите владини видео реклами поврзани со туризмот ќе постигнат контра ефект, додека пак 36 отсто од испитаниците сметаат дека прикажувањето на рекламите ќе донесе позитивни ефекти во туристичката сфера.
Новата рекламна кампања на Владата наиде и на остри реакции кај охридската локална самоуправа. Градоначалникот Александар Петрески на прес конференција итакна дека енергично се спротиставува на најновата владина кампања за туризмот и побара  итно да бидат повлечени видео спотовите во кои,  според него, се исмејуваат  туристичките работници и македонските граѓани.

 

 




Овие изгледа ги боли вистината азбунетост



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: brza
Датум на внесување: 09.Јуни.2012 во 15:48
paa...na ohridgjani izgleda tolku i im e pametot ,..pa si pomislija deka  toa se raklami za strancite!смеење

...namesto da zemat da si stavat prst na chelo ,
..ovie  glyupchovcive o'ridski,...ednostavno,

... ni dokazuvaat deka se glupi....postojano ! газење од смеење


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 10.Јуни.2012 во 07:42
Мојот покоен дедо викаше-Море стопанкината му, не ми е криво што ме лаже, туку што мисли дека го верувам!
Така и вие тука сега запнавте со убедување дека рекламите се арни размислување
1. Море, не се арни, ама ич не се арни-оти ние не сме сите такви-а оние малкумина нема нити да ги видат рекламите, нити да се сменат со реклами.
2. Море, како не се за странци, кога лафет на странски а оди превод на македонскизбунетостАко се лажеме, ај да се лажеме, ама ај да не си мислиме дека се веруваме-бива?
3.Ако рекламите се толку целисходни и поучни, односно делуваат воспитно зошто не снимаат реклами  со нив самите-како не треба да се фалат кој колку украл, та зар себеси не се рачунаат за ендемски вид?
4. Нека стават реклама-Кради едно милионче, не повеќе.Толку ти се доста за еден човечки живот, другите ќе завршат во некоја белосветска банка.
5.Нека стават реклама- Лажи со усул- и исфрли ја додавката ЌЕ. На народот му е смачено од ЌЕ, дај сега, ај одма.
И да се разбереме, смачено ми е од оние ендемски видови кои од како се оближија со властодржна леснотија на живеење на државна сметка се испозанесоа толку многу што заборавија од кај им се корењата, симнаа опиците, обуја чевли и испоганија чорапите од калта од опинците. Е такви реклами со задоволство ќе ги гледам.



-------------


Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 10.Јуни.2012 во 12:23
Значи кога некој сам за себе вика дека не го бива...
како очекува другите да мислат поинаку...
а владава, или кој и да ги правел рекламиве, можеле и попаметно да направат...
пушти ги слепците нека се глупираат...

и нека погледнат малку поубаво...
и Охридон почна да има елитни апартманчиња кои врска немаат со рекламиве...
не се сите со паметот у 18 век...
е сеа друга е приказната што тие газди мислат дека ваков апартман...
треба да кошта повеќе од оној на Хрватско крајбрежеје...
за Грчко не сакам да спомнувам, пошто они ни се највечи непријатели...
и немојте да земате предвид дека агенцииве се преполни со наши граѓани кои си сакаат...
море, солено и топло, а не езеро ладно и загадено, додуша и тоа солено ама според цени...

инаку ја тие апартманчиња би ги користел само у случај да фатам швалеркаљубов...
пошто за жена, нели, не се трошат пари...
со неа се штедат...намигнување

башка, колку што знам јас, Скопје е поголем туристички центар од Охридон...
кој не веруе нека го праша оној што го јава коњот кој го викаат коњ на воинот на коњнамигнување...
или барем оние кои се бањаат под мудата на коњот кој го викаат коњ на воинот на коњнамигнување...

затоа, овие реклами се чиста утка...
освен за оној кој за нив земал пари...
е сеа, јеби га, не може па сите да се задоволни...



Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 10.Јуни.2012 во 22:11
добро, владата веќе со години пушта тотално бескорисни кампањи на кои се испраа и се потрошија дебели пари, а на народот му текна да реагира кога го навредија дека бил некаков ендемски вид...
во изминатиов период на МТВ имаше заебанции во стил „биди толерантен“ „инвестирај во својата иднина затоа што Бетовен бил познат“ „не абортирај затоа што Моцарт преживеал во пореметена фамилија“ „биди инвентивен“ и ред други дебилизми, да не ги набројувам... ако владата сакаше да смени нешто од ова, немаше да пушта глупости на телевизија која никој не ја гледа, туку ќе си го активираше МВР-то во правите цели и ќе проработеше малку законодавството, кога веќе партијата на власт е доминантна во него...

и да се разбереме, македонците не се ништо поразлични од други народи во светот кога се работи за туристи, не сме ние никаков ендемски вид... незнам кој колку е свесен дека истите тие големи патриоти си го плукаат и деградираат сопствениот народ, што е контра на патриотизам... ама тоа е...


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 12.Јуни.2012 во 23:37

Државен службеник,ендемски вид во експанзија  и несметан развој....лесно се адаптира  http://mk.wikipedia.org/wiki/Митоза" rel="nofollow - и размножува на овие простори но не и надвор од него.

.............................................

Ти не си куче....свиња....коњ!.

Ти си оФца.


 




-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 10.Јули.2012 во 00:27

....кога некој ќе каже или овде напише нешто паметно одма кажуваат од каде дува ветерот,а парите фрлени за описменување на народот никој не ги спомнува..нормално толку му сече пошто не знае дека Буџетските средства се дел и негови..т.е. ништо од рекламите ,треба стап.




-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk