IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Секс
  Активни теми Активни теми RSS - Хомосексуалците во нашата држава
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хомосексуалците во нашата држава

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4748495051 53>
Автор
Порака
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2012 во 18:13
Originally posted by ekszi88 ekszi88 напиша:

3. Не пријателе, воопшто не е друга тема. Никој не знае како да биде родител, се учи, да... но на детето е побитно да му се даде здрав плод на љубов отколку нешто труло. Трагично е што луѓето се со тесни видици и не сакаат истите да ги прошират па често пати употребуваат многу погрешни методи за воспитување на детето. Нема совршен родител, тоа ми е сосема јасно - но има родители кои забегуваат во една крајна линија каде што ги тортурираат децата, ама затоа што е стрејт и затоа што е тоа нормална средина ќе му прогледаме низ прсти, нели?
Во било кое нормално и цивилизирано општество, не се прогледува низ прсти за семејно насилство...
и каде тоа си видела или слушнала дека се прогледува низ прсти само затоа што родителот е стрејт...?

Ако детето е физички малтретирано да, можеби и ќе му го одземат, но што кога станува збор за емоционално злоупотребување каде што нема модринки? Добар родител не го прави сексуалната ориентација, сексуалната ориентација нема што да прави со бидувањето родител, други алатки играат тука важна улога.
За мене добар родител може да биде само оној кој е во брак, хетеросексуален брак...
Родител во хомосексуален брак, уште во старт прави злоупотреба...
наметнува неприродна хомосексуална врска како нешто нормално...
или ако сакаш малку погрубо кажано...
ја извитоперува сликата за тоа што е правилно а што не, на тоа дете...
што е тоа ако не злоупотреба...?

4. Да, е многу повеќе, тие работи се на некоја си правна основа за мене не многу позната - но утре јас ќе живеам со партнерката и ете на некоја од нас ни се деси незгода (не сме вечни, нели?), зошто сето тоа да не би било регулирано ко што е редот? Затоа што некои хомофобици си земаат за право да ми кажат со кого треба јас да го делам моето време и диктирајќи ми го начинот на кој јас би требало да комуницирам со таа личност, нели?
Ќе повторам, лично не ме засега ниту ме интересира твојот приватен живот...
ниту пак на било кој хомосексуалец...
но ме иритира и ми е неприфатливо агресивното наметнување на ставот дека хомосексуалноста е нормална појава...

5. А неодобрувањето што е? Индиректно мешање во нечиј живот.
Еве да речеме јас сум пијандура...намигнување
и ти не одобруваш кога некој е пијандура...
значи ли тоа дека ми се мешаш во животот...??збунетост

6. Воопшто не е друга тема... Светот не е црно - бел... а и тие деца растат сепак во некое си хетеросексуално семејство ама дисфункционално.
Уште еднаш...
Дисфункционалноста на семејството е друга тема...
На пример, што е подобро за децата - лош брак одржуван заради децата или развод...
но тоа друга тема, секако...

Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2012 во 18:27
1. Па еве во нашава земја на пример се спие кога станува збор за такви работи.

2. А нели мислиш правилното и неправилното (во однос на темава, секако) е нешто наметнато?збунетост Наметнат став според мене, ништо поише.

3. Агресивно наметнување? Кој во оваа држава бил агресивен? И нормално е да човек кога е обесправен да си го бара она што му следува. (инаку секогаш ми е некаква мистерија терминот нормално, веројатно секој си има своја дефиниција).

4. Јас не им се мешам на животот на пијандурите, наркоманите, проститутките.. можам да помогнам на личност ако знам како и ако таа го побара тоа од мене. И ако нешто не одобрувам тоа е рушење на нечии лични граници - а ова важи за секој, независно дали е пие, пуши, се дрогира или ништо од од сето тоа. Тоа што некој си е мераклија нема што да прави со мене ниту пак јас со него.среќа

5. Да, твојот пример е друга тема, но тоа што јас го пишав се вклопува и те како во темава. Расветлување на тоа дека добро семејство не е резултат на хетеросексуалност туку на други многу повисоки вредности. 
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2012 во 18:52
Уфф..
јас и ти можеме вака до бесконечност да спориме, но ајде...
Originally posted by ekszi88 ekszi88 напиша:

1. Па еве во нашава земја на пример се спие кога станува збор за такви работи.
Според мене и подобро да остане така...

2. А нели мислиш правилното и неправилното (во однос на темава, секако) е нешто наметнато?збунетост Наметнат став според мене, ништо поише.
Во право си, барем делумно...
Секако, правилно и неправилно е наметнат став...
но тоа е последица на човечкото живеење, или битисување, што би рекол Меси...намигнување
од човечкото постоење па до денес...
се наметнале ставови, мислења, норми на однесување...
како искуствени последици на тоа што е добро или лошо за опстанокот на човечкиот род...
нели е тоа природно...?

3. Агресивно наметнување? Кој во оваа држава бил агресивен? И нормално е да човек кога е обесправен да си го бара она што му следува. (инаку секогаш ми е некаква мистерија терминот нормално, веројатно секој си има своја дефиниција).
Ако секој што смета дека е обесправен...
си го бара тоа што смета дека му следува...
според неговите потреби...
и тоа би го добил...
можеш да замислиш во каков хаос би бил светот...

4. Јас не им се мешам на животот на пијандурите, наркоманите, проститутките.. можам да помогнам на личност ако знам како и ако таа го побара тоа од мене. И ако нешто не одобрувам тоа е рушење на нечии лични граници - а ова важи за секој, независно дали е пие, пуши, се дрогира или ништо од од сето тоа. Тоа што некој си е мераклија нема што да прави со мене ниту пак јас со него.среќа
Значи се согласуваме тогаш...намигнување

5. Да, твојот пример е друга тема, но тоа што јас го пишав се вклопува и те како во темава. Расветлување на тоа дека добро семејство не е резултат на хетеросексуалност туку на други многу повисоки вредности.
Добро семејство секако не може да биде резултат на хомосексуалноста...
туку на многу други повисоки вредности...
вистина е...


Изменето од којсумјас - 19.Мај.2012 во 19:00
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2012 во 18:57
...nekoj ..odamna  beshe,...spomna deka i kaj drugi  zivotinski vidovi go imalo  toa,...pa od toa izvlekol ''ostroumen''zakluchok deka  toa bilo prirodna rabota!изненадување

...ama,, kaj koj  zivotinski vid go ima toa......da ti e pomilo shupcheto na istiot kako tebe ,...od ona na sprotivniot pol?

...ako ti se i  dvata pri raka ,....istovremeno milsam !
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2012 во 19:09
1. Подобро да се остане заспан? изненадување Не, напротив, треба да се отворат очите пред насилството и да се превземаат најсоодветни мерки што се може.

2. Се што е наметнато не значи дека е и... правилно голема насмевка Пред 40 години за луѓето било неправлно, неприродно и крајно неприфатливо црнец и белкиња да бидат заедно и обратно а сето тоа е сега смешно. Општеството нема да пропадне затоа што поголем процент од луѓето се хетеросексуалци, така да нема за што да му се секираме мир

3. А што хаос ќе се случи ако се одобрат хомосексуалните бракови на пример? 3 светска војна? Апокалипса? Не, ништо од тоа, само хомосексуалците ќе можат да имаат на папир дека се во брак и да го добијат тоа што им следува.

4. Не знам што мислиш со тоа дека се согласуваме? Јас како геј не ти се мешам на тебе во ништо, не ги рушам твоите лични граници туку си го живеам својот живот исто како некој што сака да му почне утрото со чашка ракија или да сврти кругче со велосипедот - а јас не му/и се мешам во неговите/нејзините избори. Кога ќе почнам да ти ја чепкам женската е тогаш можеш да ми здрвиш една у фаца смеење (малку шала). Е мешањето започнува кога јас ќе почнам да му мрчам на некој - зашто ти вака правиш, зашто онака, треба вака да правиш, не смееш ова, не смееш она. Тоа за мене е невкусно, не сакам да си го пикам носот кај што не е моја работа се додека не бидам повикана ако можам да се најдам во некоја ситуација како корисен алат. Немам право да му судам на некој друг за тоа што го прави, овде сум да го живеам мојот живот - и да сакам не можам да го живеам туѓиот.

5. Хомосексуалноста не е ниска вредност туку ти одбра да веруваш така. Не секогаш нештата во кои што веруваме се поклопуваат со тоа што навистина е плазење

Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2012 во 19:13
Originally posted by brza brza напиша:

...nekoj ..odamna  beshe,...spomna deka i kaj drugi  zivotinski vidovi go imalo  toa,...pa od toa izvlekol ''ostroumen''zakluchok deka  toa bilo prirodna rabota!изненадување

...ama,, kaj koj  zivotinski vid go ima toa......da ti e pomilo shupcheto na istiot kako tebe ,...od ona na sprotivniot pol?

...ako ti se i  dvata pri raka ,....istovremeno milsam !

Ете, на некој му е помило тоа шупче. Сепак, да се биде хомосексуалец, бисексуалец, трансродов итн. не е избор. Или си или не си. Сигурно никој од нас не би одбрал да биде отфрлен и гаѓан со негативни критики постојано секогаш и секаде затоа што одбрал да биде дел од лгбт популацијата. Лесно е да го осудиме човек, зашто па да би се мачеле да разбереме? збунетост
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2012 во 19:26
Интересно...намигнување
Originally posted by ekszi88 ekszi88 напиша:

1.Подобро да се остане заспан? изненадување Не, напротив, треба да се отворат очите пред насилството и да се превземаат најсоодветни мерки што се може.
Не одобрувам насилство, таман работа...
Ваше е да се борите за своето...
јас сум од оние кои не ги одобруваат вашиете барања и начин на живеење...

2. Се што е наметнато не значи дека е и... правилно голема насмевка Пред 40 години за луѓето било неправлно, неприродно и крајно неприфатливо црнец и белкиња да бидат заедно и обратно а сето тоа е сега смешно. Општеството нема да пропадне затоа што поголем процент од луѓето се хетеросексуалци, така да нема за што да му се секираме мир
Под наметнато подразбирам природен процес на еволуција...
и повторно споредуваш нешто што не е споредливо...

4. Не знам што мислиш со тоа дека се согласуваме? Јас како геј не ти се мешам на тебе во ништо, не ги рушам твоите лични граници туку си го живеам својот живот исто како некој што сака да му почне утрото со чашка ракија или да сврти кругче со велосипедот - а јас не му/и се мешам во неговите/нејзините избори. Кога ќе почнам да ти ја чепкам женската е тогаш можеш да ми здрвиш една у фаца смеење (малку шала). Е мешањето започнува кога јас ќе почнам да му мрчам на некој - зашто ти вака правиш, зашто онака, треба вака да правиш, не смееш ова, не смееш она. Тоа за мене е невкусно, не сакам да си го пикам носот кај што не е моја работа се додека не бидам повикана ако можам да се најдам во некоја ситуација како корисен алат. Немам право да му судам на некој друг за тоа што го прави, овде сум да го живеам мојот живот - и да сакам не можам да го живеам туѓиот.
Не мрчам за тоа што го правиш...
Туку за тоа што го наметнуваш како нормално...

5. Хомосексуалноста не е ниска вредност туку ти одбра да веруваш така. Не секогаш нештата во кои што веруваме се поклопуваат со тоа што навистина е плазење
Влегуваме во филозофски води...
Хомосексуалноста, според тебе е нормална вредност, затоа што ти си одбрала да веруваш така... "
Не секогаш нештата во кои што веруваме се поклопуваат со тоа што навистина е плазење"


За да не оди ова во недоглед...
Мислам дека вистинската причина за несогласувањето лежи во причината...
зашто некои луѓе се хомосексуалци...
и тоа секако е друга тема...
и ако е off topic...
јас хомосексуалците ги сметам за личности со кои треба да се занимава дел од медицинските стручни лица...
и знам дека со ова уште повеќе ќе влеземе во недоразбирање...
но тоа е мое мислење...

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2012 во 19:28
..a be, ja samo za ''prirodnosta''  dodadov neshto.

....inache , ja nemam nishto protiv, koj kaj saka da si go pika,...se dodeka nekoj ne pokusha   ...na mene .голема насмевка

...e, togash ,,...ke mu ja oteram  ''prirodnata''orientiranost ,..od kaj shto mu  ...izlegla !да
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2012 во 19:50
Не се менува тоа, не се лечи... пред се затоа што не е болест. Второ, сите медицински/ психилошки и што ја знам веќе какви се не методи биле применувани не резултирале со она што очекувале дека ќе се постигне. Човек може да го потисне само тој автентичен дел и да се издепресира итн. итн. Најголем процент од самоубиствата и обидите за самоубиство се од оваа лгбт популација заради неприфатеноста од општеството и ред други третмани што луѓето ги добиваат што од дома што од околината итн. И не наметнувам нешто како нормално туку зборувам за нешто сосема нормално и природно како дел од секојдневието пред кои многумина сакаат да замижат. И јас велам дека хомосексуалноста е нормална вредност затоа што не ја гледам низ призмата низ која што ти ја гледаш. Сум била и од таа страна, знам за што ми збориш, сум гледала и низ таа призма некогаш. Од оваа точка на гледиште само сфаќам дека порано сум била полна со погрешни информации за овие работи. Не само затоа што јас сум геј, туку зборам од онаа хумана страна - зошто некому со осуда да му го одземам тоа што него го прави среќен? Зашто да очекувам некој да живее според моите очекувања и идеи како би требало да функционира овој свет? Зошто да мразам и да го третирам некој како да е на подолно скалило од моето само затоа што е поразличен од мене? Имам ли право? И да имам, зашто да му ја одземам некому радоста? Јас емотивно и сексуално можам да се поврзам само со женско, зошто некој би ме мразел затоа што јас сум одбрала да љубам 'поинаку'?



Originally posted by brza brza напиша:

..a be, ja samo za ''prirodnosta''  dodadov neshto.

....inache , ja nemam nishto protiv, koj kaj saka da si go pika,...se dodeka nekoj ne pokusha   ...na mene .голема насмевка

...e, togash ,,...ke mu ja oteram  ''prirodnata''orientiranost ,..od kaj shto mu  ...izlegla !да


Ти само биди сигурен дека не се тртиш многу и безбеден си смеењеголемо гушкање
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2012 во 20:06
@ekszi88
Немам право да зборувам за тебе лично...
не само заради правилата на форумов...
чисто, којсумјас за да судам или пресудувам...
се обидувам да те разберам...

но сеуште мислам дека медицински стручни лица се релеванти за дефинирање на хомосексуалноста...
јас не сум тоа...
секако не те мразам, тебе или било кој со различна сексуална ориентација...
сите пред господ сме исти...
само ги искажувам своите ставови и размислувања...
no bad feelings...



Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2012 во 20:11
абре стрејт луѓето се почесто педери од хомосексуалците! 
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2012 во 20:23
Originally posted by којсумјас којсумјас напиша:

@ekszi88
Немам право да зборувам за тебе лично...
не само заради правилата на форумов...
чисто, којсумјас за да судам или пресудувам...
се обидувам да те разберам...

но сеуште мислам дека медицински стручни лица се релеванти за дефинирање на хомосексуалноста...
јас не сум тоа...
секако не те мразам, тебе или било кој со различна сексуална ориентација...
сите пред господ сме исти...
само ги искажувам своите ставови и размислувања...
no bad feelings...




Ова е само дискусија а јас не сум таа која што со сила ќе те натера да ги смениш ставовите среќа

Ова беше само размена на мислења, ставови, верувања итн.

Али ете, и да има лек... верувај не би се откажала од девојчиња... љубов  голема насмевка
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2012 во 21:25
не би дискутирал за тоа дали да си хомосексуалец е нормално или не, затоа одамна се имам изјаснето на форумов...
мене сеуште ми се врти едно прашање во глава... зошто на хомосексуалците толку им е битен бракот како институција???... јас слободно тврдам дека како стрејт особа, бракот не ми значи воопшто и го сметам за социјална фикција...

и го имам кажано ова и порано, има многу луѓе на светотв што би живееле, би се дружеле и би комуницирале со хомосексуалци, т.е. би ги прифатиле како луѓе, не гледам причина зошто тоа да се уништува со тоа што секој ден ќе им тапите мозок дали да бидеш геј било нормлано или не...
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2012 во 21:39
eве ти одговор намигнување


Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4748495051 53>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.