|
Правна помош |
Внеси реплика | страница <1 1617181920 23> |
Автор | |
Morfeus
Нов член Регистриран: 21.Декември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 34 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ми интересира дали треба да се плаќа данок на имот за стан кој што се отплаќа според законот за приватизација на општествените станови? Дали со самото склучување на договор за откуп станот преминува во сопстеност на откупувачот?
Или данок ќе почне да се плаќа откако станот ќе биде целосно отплатен? |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Физичките и правните лица кои користат недвижен имот во државна сопственост плаќаат данок на имот. Ако Ве разбрав правилно, вие го откупувате станот во општествена сопственост согласно Законот за продажба на становите во општествена сопственост. Поправете ме ако грешам! Доколку страните на договорот не го регулирале прашањето за времето на предавање на стварта, Вие ќе се стекнете со сопственост откако целосно ќе го отплатите станот. Со самото склучување на договорот Вие имате правен основ за стекнување на правото на сопственост. За да го реализирате тоа свое право, истото треба да го запишете во јавните книги за запишување на правата на недвижностите, односно во катастарот на недвижности. Секако, откако ќе го исплатите станот, Вие ќе се стекнете со право да го запишете вашето право на сопственост. Впрочем, отворете ја интернет страницата на катастарот и впишете ја адресата, така и најлесно ќе проверите дали вие имате право на сопственост, секако, доколку сте го запишале истото. |
|
Morfeus
Нов член Регистриран: 21.Декември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 34 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи имаме имотен лист во кој што стои дека станот не смее да се отуѓува се додека не се отплати истиот според договор за купопродажба склучен со владата.
Станот бил општествен, потоа е склучен договорот за купопродажба врз основа на законот за приватизација на општествените станови од 90-тите години. Татко ми не плаќа данок на имот (така му било кажано, или така разбрал дека не треба), мене ова ми е сомнително затоа прашувам. Што сега, ако добро ве разбрав требало да се плаќа. Какви последици би имало, да не треба сега да платиме сосе затезни камати? И никој не побарал дека треба да се плаќа, никој не не известил за тоа. |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали на имотниот лист е запишано чие е правото на сопственост? Дали е тоа Ваше, или на државата? Или пак запишано е право на користење, употреба, или станарина (станарина е стар законски термин кој веќе не постои, но може некаде сеуште да фигурира)? Најдобро ќе биде да појдете во седиштето на општината и таму да се информирате за сите овие нешта, затоа што данокот на имот го собираат општините. Согласно Законот за даноците на имот, ако физичко лице користи данок на имот, истото не е ослободено од обврската да плати данок на имот.
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
a kako prvapat se plakja toj danok?
treba sam da im dadesh pari ili chekash dodeka tie ne ti pobaraat ? |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Она што претставува правен основ за стекнување на правото на сопственост (договор, решение и сл. ) се доставува до општината. Па така, на пример, кога се склучува договор за продажба на недвижност, што се прави во писмена форма, се доставува препис од договорот и до општината, за да се добие решение за плаќање данок, по што, по извршените уплати, може да се зашише правото на сопственост во катастар. Оттогаш веќе, самата општина известува кога и како да се плати данок на имот. Сличен пример е и со решението за прогласување наследници. Наследниците го уплаќаат данокот, па дури потоа можат да го запишат своето право на сопственост во катастарот. Потоа самата општина ги презема потребните дејства.
Изменето од Македон - 19.Мај.2012 во 00:38 |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ima nekoja greshka tuka.
ja imam imoten list od katastar vekje dve godini, ama seushte ne sum platil danok za toa. i shto sega? |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали станува збор за имот стекнат врз основа на наследување? Ако си бил наследник или даропримач од прв ред, ослободен си од плаќање данок на дар/наследство. Секако, потоа, данок на имот ќе плаќаш кога ќе ти стигне известување за тоа од страна на општината, односно градот Скопје.
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
trebashe odma da kazam deka e kupen stanot od onie opshtestvenite .
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали во твојот имотен лист, ти си наведен како сопственик и дали истиот целосно си го отплатил, затоа што Морфиус наведе дека се уште го отплаќаат? Патем, дали ти си го купил тој општествен стан, или некој од твоите родители? Затоа што ако го купил некој од твоите родители, ти си наследник од прв наследен ред и нема потреба да плаќаш данок. Јас колку што знам секоја година се плаќа данок на имотот. Станот во кој живеам е исто така од оние во општествена сопственост, но е купен пред речиси 20 години, ама секоја година редовно сме плаќале данок на имотот. |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
jas go kupiv na moe ime , na nekolku rati, i cel e platen ushte pred dve godini.
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали додека не беше тој стан во твоја сопственост, плаќаше данок на имот? Секако, доколку на тој стан си имал право на користење ( станарско право )? Или воопшто за тој стан не е платен данок на имот? Јас колку што знам, согласно Законот за даноци на имот, за секој новостекнат имот, сопственикот е должен сам да поднесе даночна пријава најдоцна до 15 Јануари за тековната година. Секако тоа не мора да го прави секоја година, доколку нема промена на податоците. А согласно член 35 од истиот закон: Без доказ за платен данок или без судска пресуда, изјаснување на странките или со друг акт, не може да се изврши заверка на договорот за пренос на сопственоста на недвижноста кај нотар или надлежен суд, или упис на преносот на правото на сопственост на недвижности во катастарските и другите јавни книги. |
|
Morfeus
Нов член Регистриран: 21.Декември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 34 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во имотниот лист носител на правото на сопственост е татко ми и во истиот имотен лист е наведено дека станот не смее да се оттуѓува додека не се отплати. Инаку да ќе прашам во општината, само сакам пред да одам таму да се информирам. Доколку требало да се плаќа што може да следува? Исто како што кажа и @brza никој не не известил дека треба да се плаќа а ние мислевме дека не треба да се плаќа. Изменето од Morfeus - 19.Мај.2012 во 08:04 |
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...ете гледаш,од што имаш обврски на форумов во однос на функционирањето на системот,и да се расправаш за Топлификација... си заборавил да пријавиш данок..!Имаш среќа што сме жив хаос,иначе покрај данокот за тие две години ќе треба и казна од неколку стотици евра да платиш..за прикривање на данок!...слично како Велија.. и ова..од каде бе ти пари за да си купиш стан...на твои години?.и тоа од општествените!..партиски!. |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Внеси реплика | страница <1 1617181920 23> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |