|
Анкета |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | |||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
И уште ќе додадам - никогаш во човековата историја не било направено ниту едно уметничко дело кое според стилот и изведбата ги задоволило апсолутно сите луѓе и никогаш нема да биде можно да се направи нешто што ќе биде по ќејфот на секој човек.
Секое уметничко дело не мора да носи национално историјско одбележје, нели ? Yметничките дела, без некоја специјална историјско-национална порака красат многубројни плоштади, улици и згради низ светот. Инаку, мислам дека знам кој споменик што преставува. За оние кои не знам - прашувам. Човек не може с'е да знае, нели ? За некои, кои ми се допаѓаат како ументички дела, најчесто не прашувам. Триумфалната капија преставува токму оноа што стои во нејзиното име - триумф. Труимф на македонскиот народ кој на крајот сепак се избори за своја независна држава, онака како што со векови сонуваа минатите генерации. Не сум ја видел барокната ограда и немам мислење за неа. Судската зграда за мене е една од најубавите градби во центарот на градот кој до сега изгледаше како соц-релистичка пустелија. Градбата е во духот со пошироката македонската историја (за оние кои секогаш многу гласно го подигаат тоа прашање), поставена е на право место, делува импозантно и го украсува центарот на градот. Кога ќе се преселат судовите ослободените згради ќе можат да бидат искористени за други државни потреби или можат да бидат продадени и така да се вратат парите дадени за новата градба. Колку што можам јас да разберам, мостот "Око" е наменски направен за пешаци и поврзување на јужната страна од центарот на градот директно со судската палата, музеите и театрите. Колку што знам, се предвидуваат и некои други градби и реновации на таа страна од градот, па според сето ова заклучувам дека протокот на луѓе, особено без возила бидејќи на таа страна нема премногу места за паркирање, ќе биде преголем за да бидат акомодирани со постоечките мостови и инфраструктура. Менувањето на фасадите на зградите спаѓа во нивно редовно одржување, нешто што во некогашната СФРЈ и првото десетлетие на РМ беше непоозната работа. Обновувањето на плоштадот знечи и обновување на фасадите на зградите околу него. Се надевам дека нема да се застане само таму, туку со време ќе се продолжи и со другите градби во градот и во Македонија. Изменето од Messenger - 11.Мај.2012 во 17:19 |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
||||
Меси, дали во период кога народот плаче за леб треба да се обновуваат фасади?
Дали сите обележја на историјата на Македонија можат да се изградат во еден проект наречен Скопје 2014? Историјата се гради со години и векови на хартија, но исто така треба да се градат и спомениците. А не за 2 години Скопје да добие нов лик а сите тие споменици наводно претставувале историски моменти. Триумфот на македонскиот народ можел да се одбележи кога Македонија се осамостоила, Гоце, Даме и компанија можеле да се постават години наназад, Кирил и Методиј требало да се постават на место достојно за нив. Не онака отфрлени поставени на место кое нема ама баш никаква поврзаност со нив. Ако мостот ОКО е наменско направен, јас сум Александар Македонски. На само 50 метри од таму е мостот кај Холидеј Ин, немој да ми кажеш дека 50 метри се многу. Тоа што го нарекуваш "таа страна на градот" е одвоена со само еден мост од 100тина метри и визуелно и естетски се надоврзува со "другата страна" на градот и градат една целина. Немој да ми кажеш дека 4 мостови се вистинската бројка за еден кеј од 500тина метри затоа што стварно е смешно. Тие згради ги градело некое си претпријатие пред 50 години а становите во нив се во приватна сопственост на Рајко, Стајко. Исто како да се куќи. Само што ако е куќа е приватна сопственост и газдата треба да си ја смени фасадата, а на зградите може да им менува државата. Бенефицирани ли се тие што живеат во стан? Па што не дојде некој мојата фасада да ја смени? Колега, на Македонија и треба уметност. И треба нешто што го немаме. Дубаи, Доха, Баку и многу други градови изникнаа од ништо а денес сите ги оставаат без здив. Како што гледам Баку од еден прилично неразвиен град, стана град на кој што може да му завидуваат многу светски метрополи. Ова е уметност, ова е градење на ИДНИНА. Со тоа минато сакаме да одиме во иднината, а товарот ни е толку тежок што не можеме да мрднеме од место. Зошто да градиме иднина втемелена на минатото кога младите рапидно заминуваат перманентно од Македонија? Која иднина тие ја гледаат тука кажи ми? Има ли кај да работат? Можат ли достоинствено да живеат? Место толку милиони за едно мовче, 5-6 коњаници и 2 огради, ќе рестартираа 2-3 фабрики и ќе вработеа 1000-2000 лица. На Македонија и требаат големи инвестиции во инфраструктурата и производството. Не и требаат инвестиции во споменици кога народот мизерува во неа.
|
|||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||||
FosterThePeople
Сениор Регистриран: 17.Декември.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1147 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
||||
СКОПЈЕ 2014-НАЈГОЛЕМА глупост.
Зошто нема проект Mакедонија 2014,каде што на невработените ќе им се најдат соодветни работни места и со тоа да се спречи најголем дел од сиромаштијата.Инаку супер е Скопје да изгледа убав како главен град нели на државата,ама некако народот и нивниот опстанок крајно се запоставија. П.С каква иднина де ве молам,20% од нашите македонци станаа бугари,зашто тука нема спас,сите гледаат да ја прснат од тука.Греота. Изменето од FosterThePeople - 11.Мај.2012 во 18:16 |
|||||
I just wanna feel real love.
|
|||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Во контекст на муабетов.. И во Прилеп почнаа да поставуваат интересни .. дела ќе да се А зошто нема во сите градови? Па стајте еден Александар Македонски на плоштадот во Тетово, како што може оној Скендербег да стои на малиот чаршиски плоштад во Скопје. Филип може да се стави во Дојран на новите пешачки патеки. Оние од Дојран "глупи". Градат патеки за посетителите. Дај стајте еден споменик Фостер, Македонија 2014 чекаат да ја изгради шеикот од Катар Седи мирен не им расипувај планови. Се чекаат друг да изгради, кога и самите тие имаат пари за фрлање
|
|||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||||
FosterThePeople
Сениор Регистриран: 17.Декември.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
За тоа со твојот предлог за споменици ме погоди.(во позитивна смисла)
|
|||||
I just wanna feel real love.
|
|||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Па така де
Чуден народ..уште почудни предлози паѓаат
|
|||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Обновена е фасадата на зградата која стои пред плоштадот. Мислам дека тоа е во ред. Не се обновувани фасади на згради било каде низ градот.
Како што знаеме, таа зграда е во центарот на градот, го оградува плошатадот и по целата должина е свртена кон триумфалната капија. Становите можеби се сопственост на станарите, ама зградата е срам за сето општество. Бидејќи таа со својата положба е од општ интерес, дозволувам да биде реновирана од државата доколку не постоела друга алтернатива.
Веројатно не... градењето на обележја е непрекинат процес кој треба да биде континуиран низ времето, а не како што беше до сега и како што со право забележуваш:
Можело, требало... со години наназад... ама не се правело. Јас помалу ги обвинувам овие кои запнале да ги изградат сите овие бележја денес, отколку оние кои порано не направиле ништо за тоа. Единствено забележувам што можеа да го намалат темпото на градење кога светската економија воопшто не е блескава. Сметам дека нема никој да им забележи ако не го исполнат ветувањето поради ваквите објективни причини. А инаку оние претходните требале, можеле и морале да го направат она што се прави сега од овие.
Времето ќе покаже. Ти ме праша што мислам јас за тој мост и јас ти го дадов моето мислење. Кога с'е ќе биде завршено и кога народот ќе почне да ги корсити објектите во нивниот полн капацитет тогаш ќе видиме дали таа градба била на место или не. За сега стојам на оноа што го реков, а времето нека ме потврди или нека ме побие. |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
За ова не си во право. Донесоа одлука да се менуваат во општина Центар ... Центар ќе ги реконструира дотраените фасади на зградите и ќе потроши 30 милиони денари. Станарите треба само прозорите да ги сменат.
Па и јас за болдираното говорам
Изменето од Santijago - 11.Мај.2012 во 18:50 |
|||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||||
that's me
Сениор Регистриран: 26.Март.2006 Локација: Burundi Статус: Офлајн Поени: 581 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
И тоа ли ке биде доказ дека била успешна препородната мисија? Дека луѓето ке ги користат или ке се сликаат кај објектите и спомениците,а? Некои се навистина, да им се чуди човек на умот. |
|||||
Пази,памтам к'ту слон.
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Јас коментирав за зградата во центарот на градот која сметам дека треба да биде реновирана ако треба и од владин буџет. Ти наведуваш пример за реновирање стамбени објекти од буџетот на општината во соработка со станарите кои исто така треба да инвестираат во вградување нови термоизолациони прозорци и врати. Не гледам како општинскиов проект го изедначи со владиниот проект. Го земав твојот збор за верен дека зградата во центарот на градот е реновирана со владин буџет. Ако тоа било направено од општинскиот буџет тогаш џабе сме го правеле минатиот муабет. Изменето од Messenger - 11.Мај.2012 во 19:13 |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Сите тие пари се пари на граѓаните Буџетот на општините не е 100% независен од владиниот буџет. Еве што се пишуваше кога почна обновата Со денешното отпочнување на градежните работи за промена на фасадата на зградата попозната како „Пелистер“, стартуваше проектот за смена на фасадите на неколку објекти околу Плоштадот Македонија во Скопје. На овој начин и градските власти се вклучија во реализацијата на „Скопје 2014“. Во првата фаза покрај „Пелистер“ ќе биде опфатен и дел од соседниот објект, на улицата Македонија. Површината на фасадата што ќе се реконструира изнесува 1.100 метри квадратни, за што од градската каса на Скопје се издвоени 240.000 евра. Зафатот опфаќа поставување на челични столбови како носечка конструкција, кои ќе бидат обложени со префабрикувани елементи и завршница од дробен травертински камен, а на места од бакар и ковано железо. Градежните работи ги изведува фирмата „Бауер БГ“, според проектот кој го изработи „Жагра-ком“. Надзорот го врши „Градежен институт Македонија“. Договорот предвидува завршување на интервенцијата во рок од 90 работни дена.
|
|||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Да се дообјаснам
Општината (како и оние 30 мил денари) инвестира за реновирање на фасада во проектот СК 2014. Без разлика дали е општински или владин буџет, тие пари не паднале од Марс. И самиот знаеш од каде се финансираат општините.
Изменето од Santijago - 11.Мај.2012 во 19:15 |
|||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Сега гледам дека си ги испомешал лончињата и ме остави во убедување дека реновацијата била владин проект, финансиран од владин буџет.
Информацијава јасно вели дека таа реновација била општински проект (општински буџет) со кој таа активно се вклучува во проектот "Скопје 2014". ОК, лапсуси се случуваат. Тоа го знам од сопствено искуство. |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
that's me
Сениор Регистриран: 26.Март.2006 Локација: Burundi Статус: Офлајн Поени: 581 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ова е за оној што мисли дека само за една фасада се работи и само во центарот
Нова фасада за зграда во Kарпош 2 |
|||||
Пази,памтам к'ту слон.
|
|||||
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |