|
Анкета |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | |||||
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Какви и колку ли се не... ОПАНОК-рушители ни се „произнесоа„ овде....чудесија голема и досега невидена...
Колку ли ниви и ливади „проплакаа„ од „овие„ копуци.. и неизорани и непокосени останаа во Македонијава !!
Ова ....се треба наскоро да се протера од Скопје....таму одкаде е и доведено и (по грешка) населено овде..
|
|||||
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|||||
that's me
Сениор Регистриран: 26.Март.2006 Локација: Burundi Статус: Офлајн Поени: 581 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
А и не треба баш да се руши било што , едноставно онака цело може само да се тргне од местото , а за тоа и не се потребни којзнае колкави пари. А од анкетава се гледа и дека не им е баш по ќеиф на сите тоа Скопје, што значи дека ако ги собереш оние коишто и не ги боли, би било пата-пата, што дава и надеж дека сепак имало и паметни души во Македонија. |
|||||
Пази,памтам к'ту слон.
|
|||||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Да рушиш...
е подеднакво глупо и безмислено... како и да градиш а да немаш леб да јадеш... |
|||||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Мислиш дека кога ќе се срушат спомениците невработеноста нема да биде 35%, болниците нема да тонат во мизерија, во зима ќе има струја, албанците нема да креваат војна? Исто ќе биде, само нема да ги има спомениците, ако некого тоа го радува. Што се однесува до парите, подобро да ги трошат за глупости отколку да си крадат за себе како што тоа го правеше СДС... на што личеше плоштадот? На аеродром. Подобро да личи на музеј отколку на аеродром. Подобро нешто отколку ништо.
|
|||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Во кој дел од историјата на Македонија припаѓаат овие По коњите стигна и жената-ангел[/QUOTE] Јас говорев за историјско - националните споменици. Сега можеби се редат и уметнички дела, па ако некој толку сака да биде деструктивен нека ги руши нив. Бреј што народ сме ние... сите се трудат да направат нешто и истото го чуваат како национална вредност, а ние овде дискутираме да го урнеме оноа што токму сега сме го изградиле !И не дека со тоа нешто ќе добиеме... не е битно што ќе останеме и без споменици и без пари, важно ни е да го урнеме и готово ! Тоа уништување ќе не задоволело и ќе не смирило. С'е уште не можам да се начудам на отворањето на оваа тема и на нескриеното деструктивно задоволство на некои членови. [/QUOTE] Јас нигде не спомнав рушење, само прашав дали сите споменици имаат историска вредност. Инаку денеска прочитав нешто интерсено Златни коњи од Авгиеви штали |
|||||
Феникс
Сениор http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46 Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8143 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
shto ke ni e leb ke jademe kolachi...rekla edna ..mnogu odamna....
daj si odushka ....bar tuka na forumov mozesh neli....a jas ne se grizam veke..se grizev koga gi pravea.....i ne sakam da gi srushat ...zoshto mi e strav ke im s e oslobodi mesto na slednite vizioneri za nashevo Skopje....koj znae kakvo ke sakaat da go napravat ....ama nie pak ke bideme silni na forumi .....u kafani....na slavi... po gosti.....na rabota .....a oni ne mislat deka Skopje e nashe zaednichko ,tuku deka e nivna sopstvenost i konecho ostvaruvanje na detskite snishta i fantazii.... |
|||||
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
мислам дека ако тие милиони евра ги беа ставили во развојот на туризмот ,селското стопанство и борбата со криминалот на народот ќе му беше многу подобро и за да не личи плоштадот на аеродром ќе се изградат паркови и градинки каде што да се релаксира народот п.с. и да не заборавам со дел од тие пари можеше да се игради пречиствателна станица за да го чисти барем малку Вардар .
Изменето од емил - 10.Мај.2012 во 18:41 |
|||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
...a be...siguren sum deka,...koga onie ''umetnichkine'' vrbi bi koshtale kolku shto i im e relnata cena,...ne bi se bunel niikoj shto i kade se nasadeni...i zoshto se nasadeni voopshto!
....i za se drugo istoto vazi !...koga bi imalo se realna cena a ne naduvana bez sekakva merka...samo kretenite togash bi imale protiv toa da se gradat takvi i sl. Gluposti.
...jas sigurno ne!
|
|||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Невработеноста од 35% ќе се намали ако се вработат работници за рушење на спомениците (и барокните згради), а после тоа пак се ангажираат на нивно градење. И така во круг. Во секој циклус сите ќе бидат задоволни - власта со мрсен рушфет, работниците со работа. Абе перпетуум мобиле. Во еден момент ми се чини дека ќе имаме потреба и од работници од странство... Може дури и да добиеме и власт од странство... |
|||||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
|||||
fichot
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 26.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 783 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
^^ +1. Колку си само во право.
Иначе прашањето е отстранување, а не рушење на спомениците. Ја би отстранил доста од нив затоа што се тежок кичерај и/или не одговараат во просторот. Секако би ги стопирал тие што сеуште не се поставени како на пример тие што ги планираат за по пешачките мостови.
|
|||||
that's me
Сениор Регистриран: 26.Март.2006 Локација: Burundi Статус: Офлајн Поени: 581 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Па така е и образложено прашањето. А и јасно е дека се мисли претежно на спомениците и другите ,,уметности'' ,а не дека некој ке се нафати да руши згради , мостови и сл.
|
|||||
Пази,памтам к'ту слон.
|
|||||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Меси,јас мислам дека е време да престанеш со чудењето (како и сите останати кои сеуште се зачудени)и да размислиш малку разумно од кај потекнува деструктивното однесување на поединци...кои богами се се побројни. Револтот за целата маскарада која не снајде е предизвикан од редењето на спомениците во време кога економијата ни е пред, ако не и веќе на работ на колапс. Во две години ги ископиравме и наредивме спомениците кои во светот се поставувале со векови,но и по некој повод Каков е тоа начин да градиш историја со брзина на светлината? Тоа ли е историја? Стилови и форми кои никогаш не опстојувале на ова наше тло? Кого тоа ние лажеме? Во меѓувреме имаме трулеж и печурки по клинички центри,кратери по нештото кое го нарекуваат автопат,несигурни граници,се повеќе блокирани сметки,ДДВ кое владата продолжува да не го враќа на стопанствениците,закони кои не функционираат,нарушени меѓуетнички односи,сомнителни судски процеси кои никако да дочекаат крајна разврска,се повеќе мито и корупција,поголем криминал,никаква администрација,се посиромашен народ...кредити,кредити,кредити... Уште се чудиш? Никој не се буни за споменик-два ако се во право време,за вистински настан...ама Галии бе Меси? Тажни врби кои ме вреѓаат со нивната цена? п.с и да не сум офтопик-сум за дислокација за дел од фигуринките...зашто,искрено плоштадот ми делува аутистично,не релаксирачки ама ме болат парите кои ни ги собраа за целата рашомонијада,па не сум паметна дал е поарно да стојат оти и дислоцирањето кошта...а ќе не кошта исто колку и фигурите оти и тука некој ќе мора да наполни џеб...јбг...никој не се тепа за фотеља џабе,нели? Изменето од Andjelina - 11.Мај.2012 во 12:14 |
|||||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ова потполно го разбирам и го подржувам мислењето дека во овие кризни економски моменти (не само во државата, туку и во светот) овој градежен проект на редење споменици требаше да биде успорен без обзир што беше предложен и усвоен како проект план.
Без обзир што го разбирам нездоволството на голем број граѓани во врска со вој проект, неразумно е ставот и повикот на нивно рушење. Тоа било размислувањето на Вандалите, но од тогаш минале доволен број векови за сменување на човековата свест. Повикот објавен во анкетава би бил окарактеризиран како неразумен во било која цивилизирана земја.
Погрешно ги гледаш и ги интерпретираш работите. Тоа не е историја и не е градење историја, туку е нејзино одбележување. Македонскиот народ си има изградено историја.
Со ова не се сложувам. Има многубројни примери во светов каде што се мешале стилови и форми кои не припаѓаат на тлото каде што се подигнати. Некои посочив во минатите коментари. Околу уметничките идеи и стиловите секогаш се кршеле копјa во племиките, но поради тоа никогаш не се кршеле спомениците. Секој има право да има различно уметничко доживување, но тоа никому не му дава право да го уништува делото кое не се совпаднува токму сои неговото мислење.
Како што гледаш, никој никого не лаже, но очигледно некои луѓето имаат или одбираат да имаат подруги разбирања за нештата. На крајот би завршил со едно мое согледување кое не мора да биде исправно... ... имено, мислам дека ДПМНЕ, покрај добрите намери од општ интерес, сака времето на своето владеење да го овековечи на што поимпозантен начин. И моето лично видување е дека во тоа малу претерува, па истото почнува негативно да се рефлектира, особено затоа што сето ова се случува во економски тешки времиња од светски размери... ... истото верувам дека тоа согледува и конкурентната СДСМ која за времето на своето владеење не создаде ниту дел од досега изграденото, па сега се обидува на секој можен начин да ги девалвира градбите и одбележјата, па дури и да ги сруши за да ја минимизира или анулира евентуалната предност што на овој начин пред очите на дел од народот ја добива ДПМНЕ. За СДСМ овие градби претставуваат споменици на ДПМНЕ, а не споменици на македонската историја и македонскиот народ. Во такви услови, кога нешто не се чувствува како свое, тогаш и не се вреднува како свое... уште повеќе, ако се оди против непријателот, тогаш и киселото вино и лошата музика ќе се прекрасни, нели ? И така, повикот за рушење на историјските и уметничките одбележја во кои се вложени народните пари претставува едноставно "логичко" решение за разрешување на фрустрациите. И токму затоа не е битно што од таквиот акт нема да се вратат потрошените пари... не е битно што од таквиот акт ќе се потрошат уште повеќе пари и на крајот ќе се остане без ништо ... уште повеќе, дури веднаш ќе се јават луѓе кои тоа рушење ќе го направат бесплатно, од чисто задоволство. Изменето од Messenger - 11.Мај.2012 во 16:26 |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Далеку од тоа дека сум за рушење, зошто дополнително да се даваат пари .. нели.. Само сакам да те прашам, од твоја гледна точка... Прво болдирано... Дали е овој вистинскиот начин? И зошто ваков стил? Второ болдирано... Ако можеш да ми објасниш..дали воопшто знаеш кој споменик што претставува? Што претставува триумфалната капија? Што претставува барокната ограда од милион евра? Што претставува една судска зграда, кога веќе има повеќе судски згради во Скопје и тоа Основен суд 1, Основен суд 2, Управен суд, Врховен суд. Значи веќе имаат 4 згради, им фали уште нели? За што ќе се искористат неискористените? Или гради само па што ќе биде нека биде. Кое е значењето на мостот око или како го викаат? Во тие 300-400 метри има 4 мостови, а уште малку понатаму уште 2. Кое е значењето на менувањето на фасадата на онаа зградата на плоштад? Има ли некоја историја жити се? Кога народот нема леб да јаде, место да се рестартира Охис и други фабрики, истите пари ги дадоа за мостови и огради.
|
|||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||||
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |