|
Масакр кај с.Смилковци ,убиени пет Македонци |
Внеси реплика | страница <1 1011121314 29> |
Автор | |||||||||||||||
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Зарем и на вакви теми мора да спомнувате партии, да се напаѓате меѓусебно, да оцрнувате се
што се направило и што се прави за да се расветли случајот? Уште низ историјата се покажало дека Македонец на Македонец му е најголем непријател... така останало, а како тргнало нема ништо драстично да се промени. Кога на вакви и слични теми има постојани напаѓања, препукувања наместо сплотеност и единство, нема што повеќе да се каже. Самите си го копаме сопствениот гроб, самите не се сакаме и почитуваме, па што останало за другите. Забегав од темата, но морав да си кажам што ми лежеше на срце. Искрено се надевам дека секој ќе си ја добие заслужената казна, иако сметам дека казна од 10 или 20 год.затвор за секој поединечно е премалку. Доколку јас се прашувам сите би требало да бидат осудени на доживотен затвор. |
|||||||||||||||
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|||||||||||||||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Сепак.. многу тажно што на таков брутален начин им се одземени животите.
|
|||||||||||||||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|||||||||||||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Taka e brate messi . Ne treba da ja podgrevame situacijata bez razlika od koja etnicka zaednica se ubijcite. Takvite raboti samo ke im odat vo prilog na onie koi sakaat Makedonija da ne postoi i da ima prekrojuvanje na granicite na Balkanot a so toa i novi vojni na ovie prostori. A postojat takvi grupacii koi go posakuvaat toa i tie se nasite neprijateli, a ne obicniot narod koj saka da zivee vo mir. Ne treba da ja prifatime nivnata igra. Dokolku se dokaze deka ovie lica se storiteli na grozomornoto ubistvo treba da dobijat najstroga kazna ! Steta sto ne postoi smrtna kazna za izvrsuvanje vakvi teski grozomorni dela ... |
|||||||||||||||
SOLI DEO GLORIA
|
|||||||||||||||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Анѓо за прв пат респект за кажаното. Стварно не може да ми биде јасно како некој во вакви моменти може да лупа глупости и да мисли дека е све заговор и да меша политики. И СДСМ да беше на власт после ваков злостор убеден сум дека ќе направеа максимум напори да се заврши случајот. |
|||||||||||||||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|||||||||||||||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Како мислиш да ми се случи нешто лично и слично?
Ако ме убијат, што е битно дали ќе добијат смртна казна или доживотна или 10 години...
|
|||||||||||||||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Се е добро во случајов...само не ми е јасно зошто ги обвинија за Тероризам кого минималната казна е 4 години....а за кфалификувано Убисто е најмалку 10 години..... Член 123 (1) Тој којшто друг ке лиши од живот ќе се казни со затвор најмалку пет години. (2) Со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се казни тој којшто: 1) друг ќе лиши од живот на свиреп или подмолен начин, Тероризам Члсн 313 Тој којшто со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејство или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку три години. |
|||||||||||||||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|||||||||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Погрешно си го квалификувал кривичното дело. Погледни го член 394-б од КЗМ. Во Македонија, за жал, нема смртна казна. Патем, за сите кои говорат против смртната казна, KINGDAVID даде добар одговор. Во САД, во дел од земјите постои смртна казна. А казнено-правниот систем на САД, според правната литература, сеуште е најдобриот и најразвиен систем во светот и покрај тоа што европската правна традиција не би се согласила со многу нешта од американското казнено право.
Изменето од Македон - 02.Мај.2012 во 15:38 |
|||||||||||||||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Анѓа, дефинитивно се согласувам со тебе... А за Лаки... да бидеш против власта по секоја цена... и посебно во ваква ситуација... мислам дека е тешка глупост... |
|||||||||||||||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Е добро де Лаки малку ги помешал брзините, сигурен сум дека сакал постот да го стави на некоја друга тема а не тука, ама ете згрешил, не е страшно ништо.
|
|||||||||||||||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|||||||||||||||
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Изменето од laki_bu - 02.Мај.2012 во 19:38 |
|||||||||||||||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|||||||||||||||
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Ne protiv vlasta , ama protiv kazanoto za bezbednosta
|
|||||||||||||||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|||||||||||||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Без разлика, секој со своето мислење во врска со темава...
Следниот текст е од веб страната на МВР ... Прес конференција по повод реализација на последната фаза од Операцијата „Монструм“
Како што вчера ве информиравме, Министерството за внатрешни работи отпочна со реализација на последната фаза од Операцијата „Монструм“, односно приведувањето на лица за кои постоеја индиции за поврзаност со грозоморното петкратно убиство извршено на 12.04.2012 година во Скопје во атарот на с.Смилковци на место викано Смилковско езеро, како и документирањето на кривичните дела. Веќе соопштивме дека во 04.00 часот вчера беше успешно отпочната и реализирана акцијата во која што беа приведени 20 лица, а беа извршени претреси во уште 26 објекти. Сите приведени беа спроведени во неколку полициски станици во кои што до раните утрински часови беа вршени службени разговори, кои завршија со поднесување на кривични пријави и посебни извештаи по што истите беа спроведени во Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Врз основа на спроведената истрага и обезбедените материјални докази, МВР денеска до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и ОЈО Скопје поднесе вкупно пет кривични пријави и еден посебен извештај против 20 лица - членови на криминалната група поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела „тероризам“, „помагање во врска со истото дело“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Имено во врска со грозоморниот чин, односно кривичното дело „Тероризам“, поднесена е кривична пријава против пет лица од Скопје на возраст од 24 до 54 години. Тројца од нив, од кои едно лице на возраст од 27 години и двајца браќа на возраст од 32 и 33 години, се директно осомничени како извршители на убиството на петте момчиња, додека останатите двајца се товарат дека им помагале при извршување на делото. Според досега добиените сознанија тројцата пријавени на 12.04.2012 година, околу 20.00 часот, во атарот на село Смилковци, на место викано „Смилковски езера“, по претходен договор, со употреба на огнено оружје (2 автоматски пушки и еден пиштол) ги лишиле од живот петте момчиња, по што со Патничко возило „Опел Омега“, темно-црвена боја, го напуштиле местото на настанот и се упатиле кон ГП „Долно Блаце“, каде во близина на м.в. „Вражји Вир“, го оставиле возилото. По извршување на кривичното дело, пријавените помагачи им обезбедиле засолниште и им помогнале илегално да ја напуштат територијата на РМакедонија и да заминат во Косово. Поради постоење на основано сомнение дека поголема количина на оружје кое го користеле членови на криминалната група е складирано во домот на 60 годишно лице од село Отља – Куманово, извршен е претрес во дом и други простории, при што пронајдена е поголема количина на муниција и куршуми со кал. 12,7 мм и 14,5 мм, 7,62мм, тронблонски куршуми, рамки од автоматска и полуавтоматска пушка и реденици за пушкомитралез. Исто така пронајдени се радиостаници, маскирни панталони, кошули и ранци, амблеми и легитимации и албум со ознаки од УЧК, тактички елеци маскирна боја од кои еден со амблем на УЧК и др. Против истата поднесена е кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Тероризам„ по член 394–б ст.6, од КЗ на Р.Македонија. Исто така, на подрачјето на Скопје извршени се претреси на три локации во дом и други простории каде е пронајдено оружје и муниција и против 4 лица се поднесени три кривични пријави до ОЈО Скопје за сторено кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 од КЗ на РМ. Имено, при извршен е претрес во домот кај пријавени татко и син од с.Арачиново пронајдени се пиштол марка „Валтер“калибар 9 мм, рамка со 14 парчиња муниција, пиштол марка „Валтер“, кал.7,65 мм со рамка со 8 парчиња муниција за истиот, рамка од пиштол со 5 парчиња, муниција калибар 9мм. При извршен претрес во домот кај 33 годишно лице од Скопје пронајдени се еден пиштол кал.7.62мм и девет куршуми кал.7,62мм, а при претрес во домот кај 28 годишно лице од Скопје пронајдени се една автоматска пушка АК-47 кал.7.62 мм со празна рамка за муниција, 5 празни рамки за муниции, еден сигнален пиштол марка „Екол“ и една рачна бомба - кашикара. Исто така до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесен е Посебен извештај против 10 лица на возраст од 22 до 45 години, сите од Скопје, за кои постојат основани сомненија дека учествувале во организирање, подготвување, извршување, помагање и прикривање на кривичното дело „Тероризам“ извршено во атарот на село Смилковци, а со цел докажување на нивната инволвираност во кривичното дело и утврдување на нивната поединечна одговорност. Од извршените претреси кај наведените лица обезбедени се докази и други материјални траги, кои се доставени во Одделот за криминалистичка техника за вештачење. Со оглед на тоа дека потребно е подолго време за спроведување на постапката, во Посебниот извештај, побарано е ЈО на Истражниот судија да му предложи одредување на мерка краткотраен притвор над пријавените лица, со цел добивање на потребните наоди и вештачења со кои поединечно би се утврдила кривичната одговорност на истите. Операцијата „Монструм“ продолжува се до нејзино целосно расчистување и обезбедување на уште две лица за кои постои сомнение дека биле директно инволвирани во убиството.
|
|||||||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||||||||||||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Канал 5 телевизија објави фотографии од петте лица кои денеска заработија кривични пријави за „тероризам“ поради поврзаноста со грозоморното убиство кога на 12-ти април свирепо беа застрелани пет лица кај Смиљковското езеро.Три од петте лица се директно осомничени дека го извршиле убиството, додека две се осомничени дека им помагале. 32 годишниот Африм И., неговиот брат 33 годишниот Агим И. и 27 годишниот Алил Д. се тројцата осомничени дека свирепо ги убиле петте рибари. Тие имале логистичка помош од 54 годишниот Фејзи А. и 24 годишниот Рами С.
|
|||||||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||||||||||||||
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ЛИ БЕЗБЕДНИ?
Се чувствувате ли безбедни?
Изменето од laki_bu - 02.Мај.2012 во 22:29 |
|||||||||||||||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 1011121314 29> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |