Испечати | Затвори го прозорот

Масакр кај с.Смилковци ,убиени пет Македонци

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25659
Датум на принтање: 18.Декември.2024 во 05:20
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com

Тема: Масакр кај с.Смилковци ,убиени пет Македонци
Постирано од: mungos80
Наслов: Масакр кај с.Смилковци ,убиени пет Македонци
Датум на внесување: 13.Април.2012 во 21:43

Пет лица се убиени во близина на Скопје, а нивните тела пронајдени се ноќта помеѓу четвртокот и петокот. Полицијата не го соопштила сеуште идентитетот на убиените, се претпоставува дека се на возраст од 18 до 20 четири лица и еден околу 40 години.

Нивните тела се пронајдени синоќа околу 22.30 минути во близина на езерото кај село Смилковци, Скопско, а сите имале рани од прострелно оружје.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев

Коментари:
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 13.Април.2012 во 21:44
Радишани повикува на масовен собир
петок, 13 април 2012
 
Радишанци повикуваат на масовно собирање со кое, според нив ќе се оддаде почит на петмината убиени во близина на Радишани, од кои четворица се на возраст од 18 до 21 години
 
Вечерва сите патишта водат кон Радишани! Дојдете во поголем број! Во чест на петмината убиени млади Македонци! Оваа група се појави на социјалната мрежа Фејсбук. Радишанци повикуваат на масовно собирање со кое, според нив ќе се оддаде почит на петмината убиени во близина на Радишани, од кои четворица се на возраст од 18 до 21 години. 

Денес врие во Радишани. Поставени се контејнери, запалени свеќи, насобран народ, пароли, солзи...Тие бараат казна за убијците на Кире Тричковски, Цветанчо Ацевски, Александар Наќевски и Филип Славковски – Френки. Нивните имиња се напишани насекаде низ населбата. Беа каменувани и автобиси, а нападнати и новинарски екипи. Полицијата го блокираше патот кон Радишани. Загинатите живееле во населбата Љуботенски пат.

Филип Славковски завршил средно угостителско образование, роден 1991 година. Цветанчо Ацевски кој имал 18 години, лани завршил средно образование во гимназијата Цветан Димов. Кире Тричковски кој е роден во 91 студирал на универзитетот Гоце Делчев во Штип. Најмал од нив бил Александар Наќевски кој учел во средното економско училиште Арсениј Јовков и бил матурант.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев

Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 13.Април.2012 во 21:46

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев

Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 13.Април.2012 во 21:46
http://a3.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash3/p480x480/544798_10150742021962138_323547807137_9552158_1940633529_n.jpg" rel="nofollow">

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев

Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 13.Април.2012 во 21:47
http://velichkoff.wordpress.com/2012/04/13/%D1%81%D0%BE-%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%B8-%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B8/" rel="nofollow - http://velichkoff.wordpress.com/2012/04/13/%D1%81%D0%BE-%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%B8-%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B8/

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев

Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 13.Април.2012 во 21:49

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев

Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 13.Април.2012 во 23:01
Кубурот уште нека стои за не дај боже....

-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!

Постирано од: zagor
Датум на внесување: 14.Април.2012 во 00:10

....жално!тага

...во кое време живееме?

ова ли е начин за решавање на било какви спорови и исполнување на нечии цели.....?

до кога невините ќе плаќаат со своите животи....?

розароза

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.

Постирано од: Anita1
Датум на внесување: 14.Април.2012 во 00:42
..strashno i zalosno

-------------
jas sum jas....

Постирано од: Polar Bear
Датум на внесување: 14.Април.2012 во 05:16
Проѕирно... И многу смрди... Американскиот амбасадор ви иста изјава изразува сочувство (!?шо го боле него!?) и зборува за влез во НАТО и промена на името, а со него седи ослободителот, инвалидски пензионер од Швицарска. Џабе се преправаат дека ги бараат убијците, точно знаат кои обавештајни служби се позади овие убиства... И позади повеќемесечните напади по автобусите... Но јајцата им се врзани. Вака ја предизвикаа војната во Босна. За жал, како што изгледа, за МК е луз-луз ситуација, ако не се појави некој појак сојузник. А тој е блиску, веќе има воена база во Србија.

-------------
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!

Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 14.Април.2012 во 16:00
Јас обично не се интересирам за вестите од црна хроника, но ова навистина ме потресе и исто и денес сум многу вознемирена. Тажно. Многу тажно сршено срце

http://www.mkd.mk/25995/crna-hronika/pogreb-ubieni-smilkovce-radisani/" rel="nofollow - http://www.mkd.mk/25995/crna-hronika/pogreb-ubieni-smilkovce-radisani/

-------------
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!

Постирано од: FosterThePeople
Датум на внесување: 14.Април.2012 во 16:24
Време кога зборот ја губи својата вредност.Тешко на родителите,им изразувам сочуство.

-------------
I just wanna feel real love.

Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 14.Април.2012 во 16:26
Во вакви моменти... зборовите се залудни... не можат да го доловат тоа што е во душата... Во вакви моменти... зборовите се помножени со нула.... џабе е да веслам, не можам да опишам колку ми е сето ова тажносршено срце

-------------
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!

Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 14.Април.2012 во 20:23
Нека почиваат во мир.

МВР и другите безбедносни служби да дадат се од себе да ги пронајдат извршителите. Се работи за организирана група, бидејќи децата се убиени со три различни оружја.

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.

Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 14.Април.2012 во 21:29
не ми требаше настанов за да знам каква е државава и колку сме безбедни на свое тло, не ми е јасно зошто само сите со секој нов ваков настан се понашаат како првпат да слушаат за такво нешто, за да се крене галама која ќе трае месец до година дена и сето тоа на крај да влезе во заборав, се до наредниот таков сличен настан
соочете се со фактот дека во оваа држава владее криминалот, црнилата и дисфункционалната полиција која не ретко учествува во сето тоа, јас не реагирам „потресно“ зошто очекувам вакви настани бидејќи сум пораснат во таква држава и сум навикнат да живеам, игнорирајќи го фактот дека може да ме скине некој...

-------------
размисли пред да напишеш глупост

Постирано од: FosterThePeople
Датум на внесување: 14.Април.2012 во 21:30
Мислам дека се работи за етнички причини.

-------------
I just wanna feel real love.

Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 14.Април.2012 во 21:42
Originally posted by FosterThePeople FosterThePeople напиша:

Мислам дека се работи за етнички причини.
најмалку битниот елемент во целава ситуација, малку случаи ли имало каде што се пресметале албанци меѓусебно, или пак македонци? битно е да им се пресудува правилно на тие луѓе, што не било случај кај нас никогаш, без разлика што се...

-------------
размисли пред да напишеш глупост

Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 14.Април.2012 во 21:48
Како и да е.. мене па ми е страв...

-------------
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!

Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 15.Април.2012 во 12:24

http://www.sky.mk/makedonija/20133-%D0%98%D0%BD-%D0%BC%D0%B5%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%B0%D0%BC-%D0%9F%D0%BE%D1%87%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D1%98%D1%82%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D0%BC%D0%B8%D1%80.html" rel="nofollow - Ин мемориам: Почивајте во мир!

И небото над Скопје тивко заплака. Капка по капка, вир. И солзите од Радишани се слеваат заедно со нив. Течат на истото место. Солза по солза, и пак вир.

Ги бришат трагите. Чиниш сакаат да ја измијат крвта. Локва по локва. Една овде, друга малку понатака, трета, четврта, петта. Се’ уште не засирена, до завчера зовриена. И дождот сака да ги нема денес. И солзите на мајките. Да, денес не траба да ги има. Денес земјата мора да ги впие тие дамки и преку подземните катакомби да ги однесе право таму. Таму, каде еден покрај друг за навек ќе почиваат матурантите. Мангупска работа. Заедно на журки, заедно по женски, заедно на риба, заедно, засекогаш.

И што ако се договараа за Велигденската ноќ? За квалитетот на облеката за матурската вечер, за изборот на факултетот, за најдолгото лето, за Снежана, за Лилјана, за Билјана, за Јулијана, Виолета, за Тања, за...? Убава е ноќва, ајде по риба? Еден предложил. Другите веднаш прифатиле. Или сме или не сме другари. Нема зезанција. Каде едниот, таму и останатите. На средба со Ѓаволот ако треба. Никој ништо не ни може. Будалетинки. Можеби помислиле дека се статисти во крвава сцена од филм? Монструмот ги натерал да легнат еден покрај друг, небаре се на физичко и професорот им наредува да прават склекови. Што се за нас сто склека? Се насмеале, гарант. Ма илјада ако треба?

Штом сме еден покрај друг, никој во ништо не може да не’ сопре, да не’ поколеба, да не раздели. Истрели, и молк. Одеднаш молк. Да момчиња, повеќе никој нема да може да ве раздели. И не се заебаајте. Христос навистина е воскреснат. Утре на плноќ, и вие ќе воскреснете. Навистина ќе воскреснете. Немавте време да се наполните со гревови. Ние? Ние, денес ќе плачеме со небото, со капките на дождот, со солзите на вашите мајки, татковци, браќа, сестри, роднини. Ќе ги бришеме трагите. Денес ќа плачат сите. И Снежана, и Лилјана, и Билјана, и Виолета, и Тања. И јас, и ние, и тие. Вие? Не. Вие немавте време да заплачете. Ви ги прекратија и солзите. Вие, мангупи, почивајте во мир.

By Borce Trajkovski
Извор: Facebook

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.

Постирано од: annaja
Датум на внесување: 15.Април.2012 во 17:55
Се прошири дека 5-те душички биле масакрирани,мачени па убиени....и кој може да го направи тоа? кој се тоа клети...клетници?

Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 15.Април.2012 во 20:32
Originally posted by annaja annaja напиша:

Се прошири дека 5-те душички биле масакрирани,мачени па убиени....и кој може да го направи тоа?
Лажги со опашки коклу да се кревало тензија.

Еве ја изјавата од судска медицина:

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=90019" rel="nofollow - http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=90019

-------------
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!

Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 15.Април.2012 во 20:39
Тоа што се случило и тоа што го кажуваат на тв не значи дека секогаш се совпаѓа.  Не велам дека не се во право, ама не е па и дека им верувам сто проценти. Во секој случај, душички тага

-------------
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!

Постирано од: FosterThePeople
Датум на внесување: 15.Април.2012 во 23:00
Абе од што и да се убиени ЏАБЕ Е да се дискутира.Нека почиваат во мир децата.

-------------
I just wanna feel real love.

Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 16.Април.2012 во 04:10
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by annaja annaja напиша:

Се прошири дека 5-те душички биле масакрирани,мачени па убиени....и кој може да го направи тоа?
Лажги со опашки коклу да се кревало тензија.

Еве ја изјавата од судска медицина:

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=90019" rel="nofollow - http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=90019

Како и што кажува докторот, секој од нив имал по 5-6 повреди во горниот дел од телото, односно по 5-6 пати им е пукано во глава. 
5-6 пати ли треба да и пукаш на жртвата во глава за да ја овериш, или е доволно само еднаш????
Дали некој од вас видел како изгледа глава низ која поминал само еден куршум??? 
Така се убива само од мржња, од бестијалност, така се остава порака.
Ни животните така не убиваат кога ловат за храна а не од задоволство!!! 

Што е тоа ако не масакр?

Или според тебе некој за да биде оквалификуван како таков треба да е сечен со ножеви, сабји или др.

За жал и овој случај ќе остане под тепих, по некое време се ќе се заборави, се во име на идниот соживот, соживот кој е невозможен, барем не на овој начин.
Се до идниот случај, а кубурот нека си остане дома за не дај боже, како што некој тука од колегите форумџии изјави пред некој ден.

-------------
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ

Постирано од: goran-twin
Датум на внесување: 16.Април.2012 во 09:45
Убијците јасно е дека се организирана група.Затоа таа група,државата мора да ја растури и главите на таа организација да се фатат.Инаку од таа вооружена група може да произлезе бунтовничка,востаничка,терористичка организација против државата.Од таа организација може да произлезат борци за нечии туѓи интереси или државотворци...или пак,ако не се оние поранешните албански борци...

Постирано од: FosterThePeople
Датум на внесување: 16.Април.2012 во 10:05
Луѓе,нема,толку од случајот.

-------------
I just wanna feel real love.

Постирано од: FosterThePeople
Датум на внесување: 16.Април.2012 во 10:40
А btw замислете што би се случило ако децата беа албанци?!
Пак ќе беше хаос по улиците во Скопје и околината и пак ќе ни палеа знаме.

-------------
I just wanna feel real love.

Постирано од: Сандански
Датум на внесување: 16.Април.2012 во 14:00
http://www.press24.mk/video/makedonija/video-prezhiveal-svedok-na-ubistvata-kaj-smilkovci" rel="nofollow - http://www.press24.mk/video/makedonija/video-prezhiveal-svedok-na-ubistvata-kaj-smilkovci

-------------
If you dont live for something youll die for nothing

Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 16.Април.2012 во 15:02
Originally posted by FosterThePeople FosterThePeople напиша:

А btw замислете што би се случило ако децата беа албанци?!
Пак ќе беше хаос по улиците во Скопје и околината и пак ќе ни палеа знаме.
абе зошто да замислиме што би се случило тогаш?
и зошто се ве тера одма да помислите дека сторителот е Албанец?
може е турчин,ром,србин,англичанец,американец...
а може е и македонец,а?
даде ли некој воопшто насока кој е сторителот?
секогаш ме нервирало нагаѓањето и подигањето тензии...а при тоа немање на никакви аргументи или бар показатели
пред една недела беа осудени тројцата кои си го убија другарот,нели?

-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 16.Април.2012 во 15:09
и уште нешто се мислам откако ја прочитав колумнава,а еден пријател ме наведе на мислата
само јас ли во оваа држава сакам да верувам дека може и да се живее заедно?
ама некако ми се смачи за се да ги обвинуваат нив без аргументи,да не подпалуваат и разнебитуваат...може затоа што е син ми голем па го гледам веднаш во некој ров залегнат во кал а во име на нечија глупава кауза,не моја и негова,за нечиј туѓ џеб за некоја вукојебина која патем ништо не ми дала...не знам...

Тастатура – револуционери

Свирепо згаснаа животите на петмина наши сограѓани. Нечии соседи, соученици, синови, внуци. Осомничени нема, како што нема ниту било каков обелоденет податок за профилот на сторителите, иако тој на полицијата и е познат.

Три дена подоцна Скопје го парализира само еден разговор во чија сенка дури и тешко се прославува еден од најголемите христијански празници Велигден. Во Радишани е расплакано и траорно. Разговорот за одмаздата, осветата и прејудицирањето со етничката припадност на злосторниците се повеќе продира од нечии мозоци во пикселите.

Удобно легнати во топлите фотељи, папочно поврзани со својот монитор, „тастатура – револуционерите“ истураат отровни стрели кон Албанците без никакви материјални докази. За жал, сето тоа премиерот Никола Груевски го гледаше три дена во молк, се до денеска кога изрази сочувство до семејствата, но не даде никакви насоки за спречување на ескалација на тензиите.

Министерството за внатрешни работи иако посветено мобилизирало се што има ознака полиција, сепак не влева оптимизам дека има сознанија која е позадината и сторителите. А токму тој податок ќе ги смири страстите, тензиите и шпекулациите, за кои околните медиуми лешинарски известуваат нарекувајќи го „чекор до граѓанска војна“.

Неверојатно е како, неколку неидентификувани лица, чија видео - изјава дека се работи за Албанци, непоткрепена со никакви докази ниту факти, на нозе ја крена цела некритичка јавност, претворајќи ја во маса за која Сигмунд Фројд одлично ја има склопено психолошката анализа:

„Луѓето во маса се однесуваат поинаку од луѓето кои индивидуално размислуваат. Поединците стануваат помалку свесни за последиците од своите дела кога се во маса. Имитираат, сугестибилни се и емоцијата на другиот лесно се пренесува врз поединецот со што таа емоција се засилува“.

Да биде пострашно, нашите „тастатура – револуционери“ си земаат за право да користат една крајно манипулативна алатка креирана во диктаторските режими: Имено, тие зборуваат од името на целиот македонски народ! Ја користат конструкцијата „македонскиот народ вака...“, „македонскиот народ онака...“. Небаре нам ни требаат портпароли за да го изразиме сопствениот став.

Тие „тастатура – револуционери“ ги стопија копчињата штракајќи на нив шпекулации, обвинувајќи ги медиумите за сокривање на вистината затоа што овој пат медиумите решија да го положат тестот на професионалноста без да изнесуваат непроверени податоци. Тие „тастатура – револуционери“ во името на целата македонска јавност повикуваат на насилство, на линч на меѓуетничка база и на немири. При тоа немаат никакви факти, никакви докази, туку само ја манифестираат некритичноста на својот ум и си ги газат дипломите, магистратурите и докторатите.

Еден „тастатура револуционер“ е „спремен да гине за својата Македонија“, но спремноста му ја снемува кога ќе го зезне конекцијата и кога ќе му снема интернет како „муниција“. Тој само потпалува, а ги обвинува останатите зашто не можат да постигнат да ги изгаснат неговите жарчиња.

Тој одбива да сфати дека тормозењето што секојдневно овде го прават ѕверови, рекетари, убијци, насилници – не познава етничка припадност. Дека дури и да се докаже дека сторителите се Албанци, тоа нема никогаш да им ги врати на семејствата загубените луѓе, со кои биле роднини, пријатели, браќа, сестри, братучеди, соседи... Злосторниците треба најстрого да се казнат. Не со 14 години како Спасов, зашто веќе е дегутантно да гледаме како перењето пари е пострашен криминал од одземањето животи. Треба со доживотен затвор! И да се Македонци, и да се Албанци, и да се Банту црнци, ако убиле некого тие се ѕверови и криминалци. Точка. Случајот мора да се гледа како чин на криминал, се додека не се докаже спротивното.

Секое останато индивидуално, политичко или партиско толкување, кое наведува на насилство, ќе ни нанесе само зло и рушење на кулата од карти што досега ја градевме. Македонија има важни сегменти за поправање меѓу кои секако е и криминалот, но тоа не може да се реши ако при секое убиство веднаш се пуштаат отровни меѓуетнички стрели. Потребна е институционална одговорност на која ние во моментов не можеме целосно да сметаме. МВР да побрза, да ги открие сторителите и да ги смири граѓаните. Да можат на раат да прошетаат на улица.

Мирослава Симоновска  

-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Постирано од: goran-twin
Датум на внесување: 16.Април.2012 во 16:14
Цел на владата треба да биде фаќање на лидерот на вооружената група(организацијата) и дознавање на целите не само за убиствата,туку и за егзистирањето на групата.По што сепак таа вооружена група не се разликува од облик на вооружена формација.
А јас се чудам како некои можат да ги окарактеризируваат граѓаните како тастатура-револуционери кои го критикуваат настанот на убиството,а неможат да ги окарактеризираат убијците дека се организирани со цел и идеи.И зборуваат дека бил некој случаен локален инцидент и немало докази за такво нешто.А нели заслужуваме да имаме сомнеж,со тоа што ние како држава си имавме проблем со паравоена формација во 2001 која формација никогаш не беше победена и сузбиена.Никој не вика дека повторно може да има воен конфликт,но ништо не е чудно луѓето кои војуваа да се реорганизирани во поинаква форма за поинакви цели.

Постирано од: FosterThePeople
Датум на внесување: 16.Април.2012 во 16:30
Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

Originally posted by FosterThePeople FosterThePeople напиша:

А btw замислете што би се случило ако децата беа албанци?!
Пак ќе беше хаос по улиците во Скопје и околината и пак ќе ни палеа знаме.

абе зошто да замислиме што би се случило тогаш?
и зошто се ве тера одма да помислите дека сторителот е Албанец?
може е турчин,ром,србин,англичанец,американец...
а може е и македонец,а?
даде ли некој воопшто насока кој е сторителот?
секогаш ме нервирало нагаѓањето и подигањето тензии...а при тоа немање на никакви аргументи или бар показатели
пред една недела беа осудени тројцата кои си го убија другарот,нели?

Немам спомнато дека сторителот е албанец,само сакам да кажам дека ако беа албанци децата ќе беше гужва насекаде во западна Македонија,и тоа е зашто се почитуваат меѓусебно,си се сакаат и се бранат,барем тоа признајте дека е така!

-------------
I just wanna feel real love.

Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 16.Април.2012 во 17:33
Originally posted by FosterThePeople FosterThePeople напиша:

Немам спомнато дека сторителот е албанец,само сакам да кажам дека ако беа албанци децата ќе беше гужва насекаде во западна Македонија,и тоа е зашто се почитуваат меѓусебно,си се сакаат и се бранат,барем тоа признајте дека е така![/QUOTE]
е тоа да,за тоа си потполно во право
тоа е досега многу пати потврдено...ние,за разлика од нив сме можеби малодушни,да не кажам себични 
се додека не е во наш двор ние сме лагодни

-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Постирано од: saguaro
Датум на внесување: 16.Април.2012 во 18:55
А кој нормален пука со три разни видови оружје прецизно во глава на црни петок кога Исус бил распнат и тоа знае каде се жртвите сите од иста националност?

Сите овие „детали“ говорат дека убиството не е случајно.

Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 16.Април.2012 во 19:08
е па таман работа..случајно убиство со 5 лешазамисленост

-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Постирано од: saguaro
Датум на внесување: 16.Април.2012 во 19:12
Сакам да кажам дека има премногу елементи за етничко убиство.

Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 16.Април.2012 во 19:15
можеби,не велам не...реков-не се знае...виновникот не е виновен се додека не се докаже спротивното,нели?

-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 16.Април.2012 во 20:37
како и обично, се јаде бурек уз чаршиски муабет... не значи дека ако убиството не е случајно дека се работи за терористички напади, за други етникуми, за групи на луѓе и за нивни мотивации
само 0.000001% од државава ги познава убиените, а и никој не знае ништо точно и прецизно за случајот, а сите си земаат за право да го коментираат како да се експерти на истрага и патологија...

можам само да ги осудам дивјацине денес во центар, истат група на луѓе што се собира на секој протест во први редови за тепање... жалосно е како постојат такви малоумни луѓе...

-------------
размисли пред да напишеш глупост

Постирано од: zagor
Датум на внесување: 16.Април.2012 во 22:37

.. и ја да кажам нешто..колку да не бидам покус.Ништо не ми е јасно.

кукавичко убиство,

вистинските борци за идеали или некои сопствени цели,излегуваат во јавност и покрај ваквиот гнасен чин, и ги кажуваат своите барања или цели..

која е пораката или сакаат да има порака,или некој ја знае,а молчи?.

убиството на невини и случајни жртви е најдолно и мизерно остварување или исполнување на лични па и колективни(групни)цели.

не ми се крева коса,ми се гади со какви се луѓе(не луѓе,ѕверови)сум во "соживот".

да го расветлеа атентатот на Киро,ќе верував и нема да имам тронка сомнеж во органите на Власта за расветлување и на овој случај доколку ги фатат овие денешниве убијци, вака..секогаш ќе постои "луфта"..дали беа тие и вистинските.

Голема штета за сите нас ако на ваков или сличен начин се решаваат....големите политики.За ова нема простување..никогаш!.

..и уште еднаш,голем почит кон жртвите и нивните семејства.тага

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.

Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 16.Април.2012 во 22:43
Originally posted by saguaro saguaro напиша:

Сакам да кажам дека има премногу елементи за етничко убиство.

А јас малку ќе демантирам и ќе го напишам мислењето на еден припадник на специјална единица.
Цитирам :
"Покрај езерото и од пат ништо не се гледа.Сите автомобили што се паркирани а човек на поминување ги гледа ќе помисли дека се риболовци.Но таму често се склучуваат и големи нарко зделки (као демек погодно место за брза размена , преземање на стока и сл) Па можно е да имало голема пратка а децата и човекот да го виделе сето тоа.."

-------------
I'm out bcz of pathetic around here

Постирано од: FosterThePeople
Датум на внесување: 16.Април.2012 во 23:04
Голема е можноста.

-------------
I just wanna feel real love.

Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 16.Април.2012 во 23:06
Но таму често се склучуваат и големи нарко зделки (као демек погодно место за брза размена , преземање на стока и сл)

Санти кажи му на тој специјалецот слободно да се фрли во Вардар, толку корист од него и од таквото МВР кое знае каде често се случуваат криминални работи , а не преземаат ништо за нивно спречување( освен ако не е добро искоординиран политички маркетинг), заради таквите ни убиваат невини деца. Иако знаат кој, што и како, полесно им е да завртат глава демек не знаат ништо, бидејќи и онака сигурна плата си легнува на сметка секој месец.

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.

Постирано од: zagor
Датум на внесување: 16.Април.2012 во 23:16

...е тука си во право! и уште ако им отвориш работа (им укажеш на некој пропуст или неправилност)си наебал,пошто им се мешаш во нивната работа.затоа апк секој и не може да биде ..на јавна функција.едноставно,не може да трпи и да молчи.

велат...рибата смрди од главата!,и една друга, змијата се толчи во главата!.

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.

Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 17.Април.2012 во 01:50
Originally posted by gonzo gonzo напиша:

Санти кажи му на тој специјалецот слободно да се фрли во Вардар,

Не смеам ... зошто прво мене ќе ме фрлат загриженост
Иам жена бе , деца за гледање ... алоооо изненадување

-------------
I'm out bcz of pathetic around here

Постирано од: pHp
Датум на внесување: 17.Април.2012 во 09:47
Многу шпекулации, многу страсти се распалија. Грозоморно убиство, професионално извршено. Резултатот е во секој случај страв, огромен став и кај Албанците и кај Македонците. Пластичарската улица не работи за Македонци, не отвараат Албанците на Македонците, сегрегацијата меѓу двата етникума ќе биде се поголема. Мој личен став е дека се работи за организирано убиство со цел провоцирање, дестабилизација и подгревање на атмосфера на страв, која ќе доведе до поголема дестабилизација на земјава.

-------------
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство

Постирано од: Ane09
Датум на внесување: 17.Април.2012 во 10:16
Болката е огромна. Но, не смее да надвладее стравот. Коректни сме кога е соживотот во прашање, малцинствата кај нас имаат најголеми права. Но, повеќе никој не смее да ни гази на достоинството. Комшиите Бугари во секое време се подготвени да бидат на наша страна.

Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 17.Април.2012 во 10:35
Originally posted by Santijago Santijago напиша:

Originally posted by saguaro saguaro напиша:

Сакам да кажам дека има премногу елементи за етничко убиство.

А јас малку ќе демантирам и ќе го напишам мислењето на еден припадник на специјална единица.
Цитирам :
"Покрај езерото и од пат ништо не се гледа.Сите автомобили што се паркирани а човек на поминување ги гледа ќе помисли дека се риболовци.Но таму често се склучуваат и големи нарко зделки (као демек погодно место за брза размена , преземање на стока и сл) Па можно е да имало голема пратка а децата и човекот да го виделе сето тоа.."

Ja ne se slozuvam so ova bidejki go poznavam odlicno mestoto ,mestoto voopsto ne e podzaskrieno..bas naprotiv celoto ezerce e na dosta vidno mesto ,vo 19 casot (navodno neli toa e odprilika vremeto koga e izvrseno grozomornoto ubistvo) i ne e bas temno i sve se gleda, nema drva koi bi se isprecile megu patot i ezerceto ...pokraj samoto ezerce pominuva patot na kaj seloto Smilkovci i kolku so znam od tuka se minuva i za na kaj drugi sela (zaobikolnicata e navistina podaleku no e na povisoko nivo od samoto ezerce a istoto bas poradi odalecenosta se gleda dosta dobro i on nejze ....vo okolinata tocno deka ima dosta podzaskrieni mesta na koi moze da se odvivaat golemite narko zdelki no ne i bas na samoto ezerce...

Kako i da e ,go delam mislenjeto so Php ...za prv pat i pozicijata i opozicijata imaat ist stav....i ednite i drugite povikuvaat na vozdrzanost i zrelost !!! neli e se malku cudno ....ovoj pat treba da se zaprasame do kade ke odi celava rabota i NIE kolku i dali voopsto treba da "POMOGNEME" na scenaristite na istata!!! 

-------------
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)

Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 17.Април.2012 во 12:22
Originally posted by Ane09 Ane09 напиша:

Болката е огромна. Но, не смее да надвладее стравот. Коректни сме кога е соживотот во прашање, малцинствата кај нас имаат најголеми права. Но, повеќе никој не смее да ни гази на достоинството. Комшиите Бугари во секое време се подготвени да бидат на наша страна.

Комшиите Бугари се секогаш на страна на своите интереси, некогаш тоа е нашата страна, некогаш не е. Во поголемиот број случаи не е. намигнување

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.

Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 17.Април.2012 во 14:01
Како и да се гледа, работава не чини....
Капак на се беше вчерашното дивеење на оние битангите што се нарекуваат навивачи-патриоти....наместо МВР да си ја работи работата за да го реши побргу убиството, вчера  1000 полицајци се бркаа и се маваа со камења низ цел град со овие дегени...
Абе би ги скршил од ќотек...и нив и нивните родители....лутина

-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!

Постирано од: pHp
Датум на внесување: 17.Април.2012 во 14:01
Originally posted by Ane09 Ane09 напиша:

Комшиите Бугари во секое време се подготвени да бидат на наша страна.

А на пример да не се потпиравме на "добронамерни комшии"? За промена, да се потпреше оваа нација сама на себе? И да имаше поголема верба во сама себе?

-------------
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство

Постирано од: pHp
Датум на внесување: 17.Април.2012 во 14:04
Originally posted by Ninja 35 Ninja 35 напиша:

Како и да се гледа, работава не чини....
Капак на се беше вчерашното дивеење на оние битангите што се нарекуваат навивачи-патриоти....наместо МВР да си ја работи работата за да го реши побргу убиството, вчера  1000 полицајци се бркаа и се маваа со камења низ цел град со овие дегени...
Абе би ги скршил од ќотек...и нив и нивните родители....лутина

Дебилизам! Ај сега ќе се искористи секоја прилика да се омаловажи МВР, да се демонизира Албанскиот етникум во државата и на крај да имаме сценарио да на секое ќоше има полицикса патрола. Па, потоа и најмала кавга меѓу комшии од различна национална припадност ќе биде евидентен доказ за "селективноста на интервенциите на МВР", доказ за умисловено дестабилизирање на односите меѓу заедниците и така во недоглед.

-------------
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство

Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 17.Април.2012 во 14:08
Туку ова не е ништо....што ќе биде ако истрагата покаже дека извршителите или нарачателите се албанци...е тек тогаш ќе биде весело... 

-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!

Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 17.Април.2012 во 14:12
Originally posted by Ane09 Ane09 напиша:

Комшиите Бугари во секое време се подготвени да бидат на наша страна.

не ти е лесно ни на тебе ама ајде, не е тоа темата...

Истите сценарија цело време се вртат по Балканов последните 20 год. 
Исто почнуваше и во Хрватска, Босна, на Косово, кај нас 2001 год.

Највише ми смета што некои овој тежок злостор го оквалификуваат како криминал, а кој нема ништо заедничко со криминал.

Ниедна криминална група нема да се осмели ниту им е во интерес да направат вакво нешто. Што би добиле со ваков чин освен да ја дигнат цела јавност на нозе а со тоа и полицијата и да си ги загрозат своите интереси.

На ваков начин, да убиваш луѓе кои не можат да се бранат, се прават само од верски, национални или политички мотиви.

Пораката на ова злосторство кое е само продолжение од тепачките кои се случуваа неодамна е дека соживотот е невозможен на овие простори со шиптарското малцинство. 
Ќе има можеби освета и од наша страна, реално е да се очекува такво нешто, па после тие пак ќе вратат додека не се создаде основа за поширок конфликт, и тука големите сили ќе речат стоп, нема да има војна ама пошто не можете заедно ќе ве поделиме и крај.

И ќе им заокружат и практично уште една територија предвидена со идеите за велика Албанија. А и онака во зап. Македонија централната власт има власт само на хартија.  

Прашањето е ако такво нешто се случи, како ќе реагира односно како би требало да реагира македонскиот народ, што понатаму, кога се знае дека резервна татковина немаме.

Морам да ги пофалам и овие од СДСМ за држењето овие денови, се однесуваа ( барем до сега ) онака како што треба да се однесува една сериозна и свесна политичка партија во вакви тешки моменти бидејќи и реално на минут до дванаесет сме од нова војна во Македонија. 
Во овие моменти само искра е доволна за голем пожар.

-------------
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ

Постирано од: pHp
Датум на внесување: 17.Април.2012 во 14:18
Еј ај доста со подгревање на атмосфера на страв и тоа дека се на работ на војна. Искрено, мислам дека е во прашање обична банда на Албански екстремисти кои избегале на Косово, а го сториле ова за ете да имаат некакво влијание во земјава. Реално, Албанскиот факор нема ниту логистика, ниту поддршка од локалното население за војна. Одете по селата, разговарајте со обичните Албански луѓе, на сите нив им е преку глава од војна.
Второ, не знаеме што е причиата. Има и шпекулации дека езерото е поделено меѓу двајца сопственици, едниот Албанец , другиот Македонец, едниот давал да се лови риба,другио не. Има шпекулации дека децава дожеле пари во казино и по лихвари Има секакви шпекулации. Дајте луѓе да не шириме одма страв и паника, ајдеее урааа , војна ќе има.

-------------
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство

Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 17.Април.2012 во 14:23
Шпекулации колку сакаш....ама едно сум сигурен...
Ќе биде ѓаволски тешко да се најдат извршителите....ама ќе биде сто пати потешко да се најде нарачателот....оти вакво нешто не прави аматер почетник, ниту  некој во афект...ова се професионалци-платеници...изроди што имаад повеќегодишно искуство балканските воени жаришта...
Многу е важно како ќе се поставо државата ако случајно се дознае нарачателот....тогаш ќе видиме дали сме достојни да го носиме називот држава...

-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!

Постирано од: pHp
Датум на внесување: 17.Април.2012 во 14:32

Како што кажа - ѓаволски тешко да се најдат извршителите, не па нарачателот. А, во однос на државата. Доколку се најде нарачатело - и тоа има политички предзнак, тогаш сигурно ќе се заташка целата работа. Искрено, мислам дека нема врска со политика, зошто ако се работеше за тоа ќе имаше некакво соопштение во стилот "Смрт за сите Славомакедонци". Реално, мислам дека е во прашање криминал. Мое лично мислење.
Додека пак од други поупатени во военото разузнавање, тврдат дека ова е дело на Срби, со цел да се демонизираат Албанците и да се испровоцира токму ваква атмосфера каква што е сега. Па, потоа Бугарите и Србите да ни бидат "браќата кои се на наша страна". А може и да се Грци. Иде НАТО Самит, а ние нестабилна држава. Се може. Затоа, најдобро да не се пламтиме сите и да почекаме детали од истагата, од повеќе информации, па да ја извадиме онаа приказна која е најблиска до вистината.

-------------
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство

Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 17.Април.2012 во 14:38
Originally posted by pHp pHp напиша:

 Затоа, најдобро да не се пламтиме сите и да почекаме детали од истагата, од повеќе информации, па да ја извадиме онаа приказна која е најблиска до вистината.

Не мислам дека ни треба приказната што е најблиску до вистината....ни треба целата вистина, без прикривање на никакви факти....само така државата и полицијата ќе го одржат своето какво-такво реноме....ако и во овој случај дојде до прикривање на вистината заради некаков си интерес....да ти ја е**м тогаш државата .....не

-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!

Постирано од: pHp
Датум на внесување: 17.Април.2012 во 14:45
Се согласувам дека ни треба целата вистина, но некако традиција е на новинарите и на ПР-от во државата да ја фабрикува приканзата онака како што им одговара. Го помниш случајот со Мартин на Плоштад? И сега некоја слична верзија ќе добиеме, онаа на жрвите, онаа на извршиелите и онаа на наовинарите.

-------------
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство

Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 17.Април.2012 во 14:51
Originally posted by pHp pHp напиша:

Се согласувам дека ни треба целата вистина, но некако традиција е на новинарите и на ПР-от во државата да ја фабрикува приканзата онака како што им одговара. Го помниш случајот со Мартин на Плоштад? И сега некоја слична верзија ќе добиеме, онаа на жрвите, онаа на извршиелите и онаа на наовинарите.

Е тоа го преживеаја благодарение на заслепеноста на големиот број на нивни приврзаници и силната подршка и заташкување на вистината од големиот број на медиуми....како и префрлање на вината за протестите на кои се бараше вистината, на опозицијата.  Ако и овој пат помине кај народот со такво заташкување...овој народ и не заслужува нитшто подобро, освен на сред улица да му ги симнат гаќите и да го онадат.....

-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!

Постирано од: zagor
Датум на внесување: 17.Април.2012 во 15:07

cit:..дошле од Косово и направили..масакр!.

cit:..никој не издаде соопштение или ја презеде одговорноста.

За првото,има ли некој што ја чува нашата,државната граница или си влегува и си излегува кој како сака...пример со ЛК?.На црно!..Уствари,што ме чуди,пред некоја недела беше ограбена полициска караула.

За ова второто и не верувам во тоа некој мене да ми пише или да ми се јави и да ми каже кој и зошто и со која цел го сторил делото.Не бидете сигурни дека МВР нема допис или јавување за случајот...ама поради смиреност на ситуацијата мора да молчи за јавноста.

На крајот,ќе се пресметаат со некоја банда и ќе ги посочат сторителите...нормално СИТЕЛ ќе биде на местото на настанот.можеби и во живо ќе биде преносот.(пр.Раштански лозја).

Уште колку невини жртви треба да се дадат за да се зачувува оваа "слобода",овој "соживот"...или коалиција?

Палестина не е вака бре..

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.

Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 17.Април.2012 во 15:14
Originally posted by pHp pHp напиша:

Еј ај доста со подгревање на атмосфера на страв и тоа дека се на работ на војна. Искрено, мислам дека е во прашање обична банда на Албански екстремисти кои избегале на Косово, а го сториле ова за ете да имаат некакво влијание во земјава. Реално, Албанскиот факор нема ниту логистика, ниту поддршка од локалното население за војна. Одете по селата, разговарајте со обичните Албански луѓе, на сите нив им е преку глава од војна.
Второ, не знаеме што е причиата. Има и шпекулации дека езерото е поделено меѓу двајца сопственици, едниот Албанец , другиот Македонец, едниот давал да се лови риба,другио не. Има шпекулации дека децава дожеле пари во казино и по лихвари Има секакви шпекулации. Дајте луѓе да не шириме одма страв и паника, ајдеее урааа , војна ќе има.

зар си веруваш самиот на себе во ова што го пишуваш????

-------------
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ

Постирано од: pHp
Датум на внесување: 17.Април.2012 во 16:19
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

Да целосно, зошто - така е. Ниту имаат логистика, ниту имаат подршка од локално население, ниту сакаат војна. Проблемот е нивниот менталитет - ако ние продолжиме да рушиме масовно и јавно насилно да демонстрираме и после тоа да одиме во Чаир и Топаанско Поле и да масовно тепаме некого таму - е тогаш ќе сакаат војна и ќе ја направат. Значи - Албанците не сакаат војна, говорам поголемиот број. Има поедници, ама има и кај нас фаци кои викаат "Ах да пукне да заколам некој Шпон". Ама, грото Македонци не сакаат војна! Истото е и со нив.

-------------
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство

Постирано од: saguaro
Датум на внесување: 17.Април.2012 во 18:32
И во Сараево не сакаа војна, демонстрираа против неа, па пукна.

Постирано од: saguaro
Датум на внесување: 17.Април.2012 во 18:36
Originally posted by zagor zagor напиша:

cit:..дошле од Косово и направили..масакр!.

cit:..никој не издаде соопштение или ја презеде одговорноста.

За првото,има ли некој што ја чува нашата,државната граница или си влегува и си излегува кој како сака...пример со ЛК?.На црно!..Уствари,што ме чуди,пред некоја недела беше ограбена полициска караула

Во 1999 шетав баш на тромеѓето на границата како планинар. Полицијата едвај не пушти затоа што рекоа дека два дена претходно имало пукање. Пределот е таков да е невозможно цел да се контролира. Многу див терен.
Имаше албанци кои живееја близу границата и неколку пати беа жртви на пљачкање од криминалци албанци од Косово. Зборував со нив, страшно беше да се чуе.

Постирано од: zagor
Датум на внесување: 17.Април.2012 во 19:29

...сепак http://www.time.mk/read/f2e7f4edf3/2b02f30eaa/index.html" rel="nofollow - ф ермани  почнале да пристигнуваат,ама не биле сериозни....така изгледа.

http://www.time.mk/read/f2e7f4edf3/2b02f30eaa/index.html" rel="nofollow -

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.

Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 17.Април.2012 во 19:48
розарозароза роза роза лесна им земја  и сочуство до семејствата.
Ваквите настани се она најстрашното, најболното од кое стравува секој родител. Тука нема место за никакви зборови кои ќе ја намалат болката на родителите. Ниедно објаснение за сторителите  нема да им ги врати децата назад. И да ги најдат и да ги осудат, погубат ним душата нема да им се израдува. Фаќањето на злосторниците, крвниците (оти и нема друго име за некој кој посега по младешкиот или по човечкиот живот воопшто) ќе биде само порака за оние кои мислат во иднина да направат нешто слично.
Се согласувам со сите оние кои мислат дека треба да се остави полицијата да си ја работи својата работа. Нема место за шпекулации, нема место за фрлање анатема на било кој, бидејки убијците и немаат нити нација нити вера, тие не му служат на бога туку на ѓаволот. Жалосно е што вчера се дозволи (а го дозволија со тоа што дозволија да излезат на улица-родителите на сите оние млади луѓе кои вандализираа по улиците) да се случи она што се случи. Едно е мирен протест, палење свеќи а друго е дивеење, кршење, мавање по полицајците без да се размисли дека под униформите се нечии браќа, татковци луѓе кои се од крв и месо.тага

-------------

Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 17.Април.2012 во 20:15
Originally posted by pHp pHp напиша:

Многу шпекулации, многу страсти се распалија. Грозоморно убиство, професионално извршено. Резултатот е во секој случај страв, огромен став и кај Албанците и кај Македонците. Пластичарската улица не работи за Македонци, не отвараат Албанците на Македонците, сегрегацијата меѓу двата етникума ќе биде се поголема. Мој личен став е дека се работи за организирано убиство со цел провоцирање, дестабилизација и подгревање на атмосфера на страв, која ќе доведе до поголема дестабилизација на земјава.
во моментов можам да се согласам со вакво мислење, особено ако разгледаме во поново минато, тепачките и вандализмите (палење знамиња) низ градов и поопширно државата кои немаа никаква политичка провокација, а им се даде огромно етничко значење од сите страни, константно тепање за цркви и џамии и не толку далечните „протести“ на калето
вандалистичкиот протест вчера беше капак на се, особено што во национално име се мобилизира огромна група на луѓе, за случај за кој сеуште не се знае многу, а се протестираше во сосема друга насока, и ова морам да го напоменам, ова се истите дечишта без грам мозок што ги праќаат на сите протести и контрапротести поврзани со нација и религија, во поконкретни случаи, протестот за црквата на плоштад, црквата на калето, и сега ова

се оди на најподмолната политика од сите, уништувањето на младината и нејзино несвесно политичко мобилизирање, кој и зошто го прави ова, сеуште не можам да си го објаснам, но посурово нешто од ова немам видено... вакви тензии можат повторно да доведат до пошироки конфликти и тоа некој најверојатно добро го знае и искористува... и ова мислење го немав до вчера и бев воздржан, ама се ми смени вчерашниот протест
дури и да нема убиствово никаква врска со поширока политика, може да биде злоупотребено и искористено во такви цели, и овде треба сите македонски државјани, без разлика кои се, да отворат широко очи и да не се подаваат на такви грозни манипулации

за самото убиство сеуште немам никакво мислење, може да биде било што, до тогаш, можам само на нацијава да и препорачам да седи мирна и прибрана, да не шири чаршиски муабет, и уште подобро, да не дејствува и да се пази од физички конфликти

-------------
размисли пред да напишеш глупост

Постирано од: Polar Bear
Датум на внесување: 17.Април.2012 во 21:47
Наивно е да се верува дека МК не е жртва на специјална војна. Сите настани во последниве неколку месеци - тепачките, нападите по автобуси, сега петте убиства на верски празник водат кон таков заклучок. Се е планирано да се предизвикаат немири. Од кого? Погледнете накај Калето, ќе ви стане јасно.

-------------
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!

Постирано од: viktor77
Датум на внесување: 18.Април.2012 во 02:50
Tragedija socustvo do semejstvata na zaginatite,lesna im zemja na ubienite.Ova e grcko maslo samo na niv vo momentov im odgovara nestabilna mkd avtomatski nema da imaat nikakvi glavobolki na samitot vo cikago.Planirano i izvedeno od profesionalci(srbi verovatno)kaj niv ima vakvi profili na platenici.Mestoto e dobro prouceno i vremeto planirano a decata na pogresno mesto vo pogresno vreme isto i povozrasniot ribar .Platenicite bile 4 ca so opelot bile kraj ezeroto a druga kola imale ostaveno ka j sto go najdoa opelot najverovatno ke se najde uste edna kola a oni izbegale so treta i taka im se gubi tragata.Platenicite se sigurno uste vo makedonija posto zadacata se uste ne e zavrsena do kraj,sega se potrebni zrtvi od stranata na siptarite za da se postigne posakuvanata cel MEGUETNICKI NEMIRI VO MAKEDONIJA.
Kako go izvrsile ubistvoto?????
Cekale kaj ezeroto idealna kombinacija bi bila 3-4 ribari ,za da izgleda deka se ubieni od albanski ekstremisti,ama decava koga dosle 4 od ednas poln pogodok,trojca od niv gi opkolole i site pukale vo niv a cetvrtiot go ubil povozrasniot ribar.
Napraveni se nekolku namerni propusti sto profesionalci ne gi pravat samo za da izgleda deka e izvrseno od amateri.
So gospod napred ama celava situacija e mnogu losa.

Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 18.Април.2012 во 05:06
Еве уште една баба Ванѓа погоре во постот ни објаснува што всушност се случило, кој се извршителите а кој е нарачателот во манир на најголемите светски аналитичари.
А за промена малку да почнеше да гледаш некои драми или комедии на пример, доста гледаш Џемс Бонд филмови.

-------------
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ

Постирано од: viktor77
Датум на внесување: 18.Април.2012 во 05:53
Zeksi 71
Mene barem mozokot ne mi e ispran i razmisluvam so moja glava.Vakvi raboti koga se slucuvaa vo poranesna jugoslavija ti moze igrase krienka.

Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 18.Април.2012 во 06:36
барем да објаснеше малку повеќе околу твоите високо аналитички ставови, зошто мислиш дека срби се извршителите а пак грците ги наведуваш како организатори и налогодавачи.

еве јас па на пример мислам дека извршителите се од молдавија, а налогодавците се од џибути!!!

-------------
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ

Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 18.Април.2012 во 10:33
Koj i da se izvrsiteli na ovoj grozomoren cin mora da se fatat i da se kaznat najstrogo

Socustvo do semejstvata !

-------------
Љаеш НЕ касаш !

Постирано од: viktor77
Датум на внесување: 18.Април.2012 во 14:21
Srpskite platenici se mnogu dobro obuceni,go poznavaat nasiot jazik,mnogu polesno im e da funkcioniraat a da ne bidat primeteni kaj nas(posto mnogu srbi ima vo mkd)nemoj nekoj da me svati pogresno ne vikam deka Srbija e vmesana ili nesto slicno zboruvam za platenici koj sto nemaat srce i dusa
takva im e rabotata ubivaat za pari.A grcija se samo naracateli i tie sto ja plakaat smetkata.Motivot e golem ,ako vo Makedonija pocne da se puka kako vo2001 site pregovori za EU i NATO ke se zamrznat,i ciganite ke mozat da zdivnat malku od nas.
Jas ne sum ekspert ama ova e moja pretpostavka.

Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 18.Април.2012 во 15:55
Neshto naslusanav ,navodno gi nashle storitelite na grozomornoto ubistvo (mozebi i ova beshe spekluacija ne znam ) no znam deka navodno vo tekot na denesniot den oficijalno ke gi soopstile informaciite okolu toa...збунетост...aj da vidime sto ke chueme denes....

-------------
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)

Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 18.Април.2012 во 22:31
Originally posted by viktor77 viktor77 напиша:

Srpskite platenici se mnogu dobro obuceni,go poznavaat nasiot jazik,mnogu polesno im e da funkcioniraat a da ne bidat primeteni kaj nas(posto mnogu srbi ima vo mkd)nemoj nekoj da me svati pogresno ne vikam deka Srbija e vmesana ili nesto slicno zboruvam za platenici koj sto nemaat srce i dusa
takva im e rabotata ubivaat za pari.A grcija se samo naracateli i tie sto ja plakaat smetkata.Motivot e golem ,ako vo Makedonija pocne da se puka kako vo2001 site pregovori za EU i NATO ke se zamrznat,i ciganite ke mozat da zdivnat malku od nas.
Jas ne sum ekspert ama ova e moja pretpostavka.

платеник си е платеник, ама од кај па баш српски, зошто да не се платеници од бугарија на пример, тие уште подобро го познаваат нашиот јазик, а и од кај па баш грција е нарачателот, демек ако избијат нереди нема да не примеле во нато и еу.
па во букурешт зошто не не примија, тогаш немаше нереди во мк.

дечко претпоставката ти е голема утка , грците ич не ги боли стојко за нас, си имаат свои проблеми, без нивно да за нас нема ни нато ни еу а и ни они не се прашуваат баш за се, амерот командува во нато и ако тие сакаат да сме таму до сега ќе бевме. ма не име да промениме, ма да се викаме занзибар ако сакаш ние у нато не влегуваме а ни во еу ( дај боже).

-------------
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ

Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 18.Април.2012 во 22:35
И јас мислам дека си во право Зекси...пре ќе поверувам дека е било кој околу нас освен грците, незнам зошто ама така мислам...
Плус..најголемите грчки компании и банки имаат филијали во Македонија кои се доста доходовни...дефинитивно мислам дека тие имаат најмал интерес за дестабилизација на Македонија преку оваков чин....

-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!

Постирано од: zagor
Датум на внесување: 18.Април.2012 во 22:50

.....и од Косово не се!Тие зависат пак од "нашата" нафта!.

....може да се од Србија!а?збунетост

аааа... да не си имаме ние проблем.... сами од себе!

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.

Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 19.Април.2012 во 00:37

Овој грозоморен чин е направен со една цел а тоа е  да се предизвика нестабилност најпрво во Македонија, а подоцна и во регионот. Крајната цел на извршителите на масакрот е повторно да се отвори војна најпрвин во Македонија, после и на Косово и  Босна и со тоа да започнат прекројувања на сегашните граници.

Криминалците и убијците немаат вера, немаат нација , немаат ни држава. Не треба да се подлегнува на провокации и да се влезе во нивната шема на размислување, бидејќи тие токму тоа го сакаат. 

 Оваа акција е испланирана до детаљ, а жртвите за жал само се најдоа на погрешно место во погрешно време ... тоа можеше да биде било кој.

-------------
   SOLI DEO GLORIA

Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 19.Април.2012 во 05:16
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Кој е најнервозен на Балканот, на кој му се брза да ја заокружи територијата на новата голема држава ( лабораторија за дрога, и шверц на луѓе и оружје а по ново и на човечки органи ) која им е ветена и до сега требаше да постои како таква. 

Дел веќе добија, ама и таму не им оди како што треба поготово во совет за безбедност ги дупат русите и кинезите, добија нешто што нема меѓународен кредибилитет а и со тоа си имаат проблем. 

Кој секојдневно промовира идеи за здружување на целиот народ во една држава на една територија. Забавени им се процесите бааги, ни им оди со предвидената динамика на случување на нештата а ги знаеме сите како нервозни типови.

Ќе почекаме да се заврши истрагата, само не верувам дека нашата полтронска власт ќе има јајца да ја каже вистината се во интерес на "соживотот" кој е одамна умрен.

И пак ќе речам, криминалот со овој злостор нема никаква врска.

-------------
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ

Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 19.Април.2012 во 06:03
Претпоставките, конспирациите, клеветите и ширењето гласини се лоша работа...

http://www.mkbible.net/biblija/index.php" rel="nofollow - 16 Не разнесувај клевети меѓу твојот народ.

ЛЕВИТ , Глава  19  

http://www.mkbible.net/biblija/index.php" rel="nofollow - 18 А она, што излегува од устата, произлегува од срцето, и тоа го онечистува човекот.

http://www.mkbible.net/biblija/index.php" rel="nofollow - 19 Зашто од срцето произлегуваат: зли мисли, убиства, прељуби, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули.

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ, Глава  15 

... и по извесно време повторување и прераскажуване луѓето почнуваат да веруваат во нив како да се вистини...

... потоа раководени од тие "вистини" превземаат конкретни акции. тага

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.

Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 19.Април.2012 во 11:35
Се логирав само за да искоментирам на кратко...

Пред се, сочувство до фамилиите на убиенитерозарозарозарозароза

Денес имав прилика да разговарам по телефон со едно пријателче што работи во МВР што има некои корени од тој дел...го терав да ми заврши една работа, па падна муабет за случајов....

Ми вели...дали знаеш ли од колку мирни фамилии беа децава? Се немаат замерено со никого...татковците ден и ноќ работеа за подобро да живеат децата...едниот шнајдер, другиот ѕидар, третиот столар а четвртиот продавал брашно...
После следеше еден коментар...знаеш ли колку мирно дете беше (па следи едно од имињата)...сите играа надвор, а тој срамежлив, мирен, повлечен..само ги гледаше...греота, едно од децата ги ставило рацете на лице кога пукале во него, па куршумот поминал и низ рака ... на еден од нив и некои заби му биле искршени...не искоментира дали е како последица од тепање или нешто слично...

Останав без зборови...МРВ не дава никакви информации..па се мислам ...еднаш не учеа дека е добро да тактизираме, да одолговлекуваме...ако всушност немаме што да понудиме...
Дали воопшто ги знаат професионалциве...или на крај некој ќе го окрка колку да има некој осудено?!?
Не сакам ни да помислам дека утре кога ќе завршам, ќе собирам делови од деца...од деца ејтагасите убиени се помали од мене...

Ве читам погоре...зборите за платеници, па спомнувате албанци, срби дури и грци...
Изгледа не ви е јасно...платените убијци работат за пари...платените убијци менуваат и идентитети ( и тоа не е само на филмовите ) ... платените убијци работат за тие што ќе ги најмат...па зошто бе луѓе шпекулирате и мешате други држави? Не се разликуваат тие во ништо...пасошот и државјанството нив ништо не им значат...
Ајде, може се и од Босна...србите, босанците..тие пак ги имаат најдобрите снајперисти...бивши војници што поминале низ сите војни и сега работат најчесто како обезбедување на високи функционери...ретко кој од нив ќе се избаци во Смилковци да убие деца..
Ние сами на себе очи ќе си извадиме...нема да ме изненади ако убијците се македонци или албанци кои што во било кое време престојувале во МК или пак се воделе како нејзини државјани...

Срамотно..и жалосно....Јанкуловска доста тактизираш...ќе добиеш тоа што не го сакаш..граѓанска непослушност...па ќе ни се смеат сите како што се смееа на грците кога кршеа излози, палеа куќи и згради....

И уште нешто да не одам во темата за смртна казна......смртната казна е малку за нив....и доживотна казна затвор е малку...
Би им ги искршила сите коски...би ги дерела...би ги искасапила...дел по дел..прст по прст...сред плоштад...ваквите луѓе заслужуваат да умрат во најголеми болки...а после чекам да ми направите споменик и да го тргните веќе тој Аце од фонтанатахи, хи...

-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.

Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 19.Април.2012 во 13:18
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Овој грозоморен чин е направен со една цел а тоа е  да се предизвика нестабилност најпрво во Македонија, а подоцна и во регионот. Крајната цел на извршителите на масакрот е повторно да се отвори војна најпрвин во Македонија, после и на Косово и  Босна и со тоа да започнат прекројувања на сегашните граници.

Криминалците и убијците немаат вера, немаат нација , немаат ни држава. Не треба да се подлегнува на провокации и да се влезе во нивната шема на размислување, бидејќи тие токму тоа го сакаат. 

 Оваа акција е испланирана до детаљ, а жртвите за жал само се најдоа на погрешно место во погрешно време ... тоа можеше да биде било кој.

Кој е најнервозен на Балканот, на кој му се брза да ја заокружи територијата на новата голема држава ( лабораторија за дрога, и шверц на луѓе и оружје а по ново и на човечки органи ) која им е ветена и до сега требаше да постои како таква. 

Дел веќе добија, ама и таму не им оди како што треба поготово во совет за безбедност ги дупат русите и кинезите, добија нешто што нема меѓународен кредибилитет а и со тоа си имаат проблем. 

Кој секојдневно промовира идеи за здружување на целиот народ во една држава на една територија. Забавени им се процесите бааги, ни им оди со предвидената динамика на случување на нештата а ги знаеме сите како нервозни типови.

Ќе почекаме да се заврши истрагата, само не верувам дека нашата полтронска власт ќе има јајца да ја каже вистината се во интерес на "соживотот" кој е одамна умрен.

И пак ќе речам, криминалот со овој злостор нема никаква врска.

Можеби тој што го испланирал ова сака да мислиме дека е така како што велиш .  Многу е важно да не подлегнуваме на провокации и да не ја играме нивната игра . 

Најлошо нешто е да се отвори војна на овие простори . Тоа сценарио мора да се избегне.

Убијците треба да се најдат и да се казнат, иако тоа изгледа тешко ќе оди бидејќи не оставиле многи траги зад нив за да се идентификуваат.

А криминалот нема никаква врска со убиството на овие недолжни луѓе, за тоа си во право. 

Тоа се платени убијци кои се најмени за да предизвикаат политички немири на Балканот.

Платените убијци може да се Македонци, Срби, Албанци или мешан состав ... тие само си ја работат работата за пари, ним не им е важно кого треба да убијат. 

-------------
   SOLI DEO GLORIA

Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 19.Април.2012 во 15:10

Точно, тој што го планирал ова баш така сака да мислиме. Ама ова не е провокација, ова е злостор за кој што нарачателите знаат дека ќе не заболи до коска.

Понекогаш војната е неизбежна за да се решат крупни прашања, сведоци сме на многу случаи во историјата. А јас не верувам дека има еден меѓу нас кој сака војна.

Директните извршители ако се платеници, се најмалку битни, тие за пари можат и утре пак да го повторат делото, било кога, било каде, истите тие може одработувале некогаш и за нас нешто, нарачателот е оној кој на нас ни е битен.

А се си мислам дека нарачателите се истите оние кои и 2001 год. работеа против нас, нашите западни "пријатели".
 
-------------
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ

Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 20.Април.2012 во 18:31
Американците се криви за се намигнување

-------------
размисли пред да напишеш глупост

Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 20.Април.2012 во 20:49
Originally posted by Santijago Santijago напиша:

Originally posted by gonzo gonzo напиша:

Санти кажи му на тој специјалецот слободно да се фрли во Вардар,

Не смеам ... зошто прво мене ќе ме фрлат загриженост
Иам жена бе , деца за гледање ... алоооо изненадување

Од што се плашиш, нели сме цивилизирана земја со цивилизациски начела? Сепак сме цивилизиран народ кој силата е последното нешто што можеме да сториме?
Кратко но јасно, доволно кажа кој сме!!

-------------
Homo homini lupus est...

Постирано од: zagor
Датум на внесување: 20.Април.2012 во 21:41

се случи....петкратно убиство!

потоа,јавноста збесна...згрозена од тоа што ја опкружува ги осуди сторителите.

...а тие,сторителите,повторно отишле во тој проклет ...непознат правец!.

....и потоа,истрагата е во тек!.

....и потоа,ЈО ќе покрене кривична постапка за делото против непознат сторител!.

....и потоа,МВР ќе распише меѓународна потерница!.

....и потоа,сторителите ќе бидат непознати и нормално недостапни.

...и потоа,како бива кај нас..случајот ќе се заборави и заташка

и потоа..?  

..па у п.м.,ваљда нема да има повеќе по-тоа  јавни опомени.Белки ќе се стави крај веќе еднаш на се.

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.

Постирано од: zagor
Датум на внесување: 20.Април.2012 во 21:44
..а заборавив,ќе се формира кризен штаб или работна група или координативно тело или собраниска комисија односно владина комисија...и тоа..сакав ..да додадам.

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.

Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 20.Април.2012 во 22:45
А што е твојот предлог ?

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.

Постирано од: zagor
Датум на внесување: 20.Април.2012 во 23:22

да ги фатат убијците!

тоа е мојот предлог.

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.

Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 21.Април.2012 во 17:52
Кој е твојот предлог како да го направат тоа ?

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.

Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 21.Април.2012 во 18:40
Треба да им се даде време на МВР да си ја завршат работата. Но со оглед на тоа дека МВР од 99 год. е оставена без најголемата помош ( надворешните соработници на службата, или по нашки кодоши ), што за било која организација од таков вид е невозможно успешно да се справува со предизвиците, тешко дека ќе има резултати во брзо време за вакви сложени моменти.

Моментално нашата полиција е како ќорава кокошка која се обидува да клукне за да не умре гладна.

-------------
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ

Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 21.Април.2012 во 19:54
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

Треба да им се даде време на МВР да си ја завршат работата. Но со оглед на тоа дека МВР од 99 год. е оставена без најголемата помош ( надворешните соработници на службата, или по нашки кодоши ), што за било која организација од таков вид е невозможно успешно да се справува со предизвиците, тешко дека ќе има резултати во брзо време за вакви сложени моменти.

Моментално нашата полиција е како ќорава кокошка која се обидува да клукне за да не умре гладна.

Колку е ова вистина низ добра сатира го објасни Горан во своето -Сакам да кажам!
http://www.vest.com.mk/?ItemID=B3B15997E76FB544B995FD744451B56E" rel="nofollow - Вибратор дефибрилатор

-------------

Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 21.Април.2012 во 20:42
98-ма или 99-та Љубчо Георгиевски ( од немање државнички капацитет, или намерно со цел да се урне безбедносната структура на полицијата ) и тогашната влада дозволија на секого увид во досиеата на МВР. Со една административна уредба се урна ланецот на соработници на службата грижливо правен 55 год.
Освен што некои острашени вмро-овци, дознаа кој ги шпиунирал на работа, дома или во странство пред 30 и кусур години а од тоа ќар никаков немаа, и шиптарите си ги дознаа кодошите во нивните редови и по кратка постапка во брзо време повеќето се ликвидирани.
Не ни чуди веќе во 2001 год. смотаното однесување на службите на безбедносниот предизвик кој што не задеси во тоа време.
Разбирлива е и потешкотијата после тоа службите да се стекнат со нови соработници. 
Тогаш е направена непроценлива и ненадоместлива штета на безбедносните структури во МК, и според тумачење на луѓе од фелата, службите ќе имаат сличен или приближен капацитет повторно за едно 25-30 год.

Малку и офф од темата ама сакам да споделам една анегдота за еден мој комшија локален вмро-ец кога беа во мода увидите во досиеата. Тој се фалеше дека порано бил следен од полиција и шиканиран поради каузата и ќе ни го покажел досието кога ќе го добиел да не увери во тоа. Досието никогаш не ни го покажа, све се правдаше дека е многу осетливо за покажување, ама па еден друг комшија покажа досие дека овој првиот го шпиунирал во полиција на неколку наврати дека кога бил запиен во софка кафаната пцуел по државата и партијата.

Така е и со сегашниот случај кога полицијата нема никакви или има сосем мали сознанија за извршителите и нарачателите на злосторот извршен кај Смиљковци и треба да се потрудат здраво или да имаат среќа за да го решат случајот.

-------------
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ

Постирано од: zagor
Датум на внесување: 22.Април.2012 во 01:14

...оваа власт го спроведва процесот лустрација,не ЉуБчо нивни!

.....и како ќе биде за сегашниве кога ќе дојдат идните?.

Ќе бидат т.н. кодоши ,поради тоа што соработувале со полицијата или кодоши што се мотаат по маалски штабови бегајќи од дома?.

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.

Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 22.Април.2012 во 01:19

Пет прекинати животи, пет зацрнети фамилии.
Нема доволно зборови за толкава тага...

розарозарозарозароза

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.

Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 22.Април.2012 во 06:30
Originally posted by zagor zagor напиша:

...оваа власт го спроведва процесот лустрација,не ЉуБчо нивни!

.....и како ќе биде за сегашниве кога ќе дојдат идните?.

Ќе бидат т.н. кодоши ,поради тоа што соработувале со полицијата или кодоши што се мотаат по маалски штабови бегајќи од дома?.

Процесот со лустрацијата нема и не треба да има никаква врска со дозволувањето и на курто и на мурто да имаат увид во полициските досиеа пред десет и повеќе години, со уривањето на соработничката мрежа во редовите на криминалните структури и анти државни елементи. Требаше да се направи класификација на досиеата, што може да се види а што не.

Со отворени карти партија не добиваш никогаш!!!

-------------
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ

Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 22.Април.2012 во 09:21
Сочувство до семејствата на погинатите...
изгубеното никој не може да им го надокнади...

Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 22.Април.2012 во 18:33
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Можеби тој што го испланирал ова сака да мислиме дека е така како што велиш .  Многу е важно да не подлегнуваме на провокации и да не ја играме нивната игра . 

Најлошо нешто е да се отвори војна на овие простори . Тоа сценарио мора да се избегне.

Убијците треба да се најдат и да се казнат, иако тоа изгледа тешко ќе оди бидејќи не оставиле многи траги зад нив за да се идентификуваат.

А криминалот нема никаква врска со убиството на овие недолжни луѓе, за тоа си во право. 

Тоа се платени убијци кои се најмени за да предизвикаат политички немири на Балканот.

Платените убијци може да се Македонци, Срби, Албанци или мешан состав ... тие само си ја работат работата за пари, ним не им е важно кого треба да убијат. 

Точно, тој што го планирал ова баш така сака да мислиме. Ама ова не е провокација, ова е злостор за кој што нарачателите знаат дека ќе не заболи до коска.

Понекогаш војната е неизбежна за да се решат крупни прашања, сведоци сме на многу случаи во историјата. А јас не верувам дека има еден меѓу нас кој сака војна.

Директните извршители ако се платеници, се најмалку битни, тие за пари можат и утре пак да го повторат делото, било кога, било каде, истите тие може одработувале некогаш и за нас нешто, нарачателот е оној кој на нас ни е битен.

А се си мислам дека нарачателите се истите оние кои и 2001 год. работеа против нас, нашите западни "пријатели".
 
Можеби нема да може да ги најдат ниту сторителите ниту нарачителите на грозоморното убиство. Дај Боже да ги најдат и да одговараат пред законот...

Но, најважно е за нас да можеме да ги идентификуваме непријателите на Македонија и на регионот, а тоа се сите оние што сакаат и планираат да има војна на овие простори

Кога ќе станеме свесни за ова, тогаш иднината на сите граѓани на Македонија ќе биде многу посигурна и помирна. 

Нека биде анатема на сите оние кои сакаат граѓанска меѓуетничка војна во Македонија и на Балканот ! не

Да живее Република Македонија и сите граѓани кои живеат во неа !  големо гушкање

-------------
   SOLI DEO GLORIA

Постирано од: pHp
Датум на внесување: 23.Април.2012 во 13:27
Originally posted by saguaro saguaro напиша:

И во Сараево не сакаа војна, демонстрираа против неа, па пукна.

Во Сараево, Србите сакаа војна, затоа пукна.

-------------
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство

Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk