IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Филозофија и психологиjа
  Активни теми Активни теми RSS - Тајната на "ТАЈНА" ("The Secret")
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Тајната на "ТАЈНА" ("The Secret")

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2012 во 17:44
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

 ... тука можеби нема никакво исцелување, затоа што не може непобитно да се докаже дека се случило такво нешто.

Дали во конкретниот случај тоа се направило со цистоскопија? Категорично не. А да не говорам дека секогаш кога ќе се утврди тумор, веднаш се прави и биопсија во текот на постапката за цистоскопија за да се утврдат низа значајни нешта.

Тоа доволно говори за тоа дали навистина може личноста на видеото воопшто да говори за потврдено исцелување, а потоа и за се друго.

Тоа што таму биле присутни лекари со традиционална медицинска наобразба ене значи ништо. Тие лекари, секако, доколку знаеле што прават, задолжително ќе извршеле цистоскопија, а немало тоа да го проверуваат само со ултразвук. 


Првин велиш можеби немало исцелувања, потоа велиш дека не може непобитно да се докажи, за на крајот да тврдиш категорички дека тоа не се случило


Од каде дојде до тој податок дека традиционалните лекари, вработени во таа болница, не направиле цитоскопија и биопсија, туку случајот, кој е еден од стотината други, го зеле само онака ?

Снимката можеби претставува чудо за сите луѓе бидејќи такви нешта не се случуваат секојдневно, но не знам како можеш категорички да тврдиш дека не е верна кога од твоја страна немаш никакви аргументи за тоа.

Велиш дека бараш писмени наоди и потврди за случајов... снимката е претставена како илустрација при извесно предавање во Италија, како илустрација за практичната примена на оноа што веќе е потврдено од квантната механика. На предавањето присуствувале стручни луѓе од секакви специјалности и веројатно некој побарал и добил такви информации. Доколку нема таква потврда никој сериозен човек нема да се нафати да говори за случајот, болницата и нејзините резултати.

Ќе повторам, целта не ми е конкретно да го докажувам токму тој случај, туку да го ставам како илустрација за поентата на темата. 

Патем, забележувам нешто интересно... подготвен си да поверуваш без никаква резерва и без барање никакви податоци и докази на некои верски чуда (самочистење на икони, самопалење на свеќи и други работи), а бараш за некои манифестации од световиниот живот за кои веќе имаш на увид сники и податоци.

Не ме разбирај погрешно, не те обвинувам,  твој слободен и неприкосновен избор е да веруваш или не веруваш во што сакаш  Cамо правам гласно забележување за човековиот терк на размислување и верување кое во различни форми е присутен кај сите луѓе. Едноставно секогаш прифаќаме и веруваме во нешто што ни е блиско, нешто со што сиот живот сме другарувале, нешто што го носиме на плеќите заедно со остатокот на нашиот багаж.  За сето друго недвосмислено имаме длабока недоверба и сомнение, а често пати и директно отфрлање.

И јас најголемиот предизвик во експандирањето на свеста кај луѓето го гледам токму во тешкотијата да се премавнат стекнатите навики, теркови и  догми кај човекот.

На крајот би завршил повторно со нешто одамна познато... оноа што човек ќе се убеди дека е невозможно останува за него невозможно без обзир дали е тоа навистина така... поради тие причини кохуните од полинезија секогаш одбирале сосем мали деца за свои ученици и наследници, толку мали што немало време родителите и комуната да ги научат оти има невозможни работи. Кохуните децата ги учеле дека с'е е возможно... и тие, после потребната обука, правеле чуда исто како и нивните учители.

И никој не бара научни елаборати за тоа бидејќи, како што ти е познато од верата и религијата, науката не се занимава со чуда. Едноставно тие за неа не постојат.

Те оставам со едно видео кое особено ќе те интересира:




Месенџер, мислам дека ми ги превртуваш зборовите, или пак не разбираш за што говорам.

Целата поента на она што го кажувам е дека со ваквиот начин на презентирање на нештата не може непобитно да се докаже дека се случило такво исцелување, токму затоа и велам дека можеби нема никакво исцелување. А категорично не се направила цистоскопија, затоа што, доколку беше така, немаше со ултразвук да прават тестови, како што кажува и личноста од видеото, а како што можеме и да видиме од самото испитување. Тоа на сликата, не е цистоскоп, затоа што доколку беше цистоскп, ендоскопски ќе се вршеше испитувањето, немаше лекарката надворешно да врши испитување, туку цистоскопот ќе го вметнеше внатре во бешиката, ние немаше да можеме да го видиме. А сигурен сум и дека тоа ќе го спомнеше и личноста на сликата, за дополнително уверување.

Тоа што некој говори за нешто, не значи дека тоа е токму така. Можам да ти понудам илјадници нешта кога некој тврди дека се исцелил од нешто на било каков начин, а да не говорам дека многумина пишувале и книги, но, прашањето е, дали ние непобитно можеме да го потврдиме тоа? Секако, не мислам на нас овде, туку на оние кои тоа треба да го сторат.ж

Каде виде дека јас верувам во самоочистувањето на иконите, самозапалувањето на свеќи или нешто слично? Патем, ако алудираш на она што се случи во Црквата св. Димитриј, сеуште никој официјално не потврдил дека е чудо и дека така треба да се однесуваме сите. Јас бев таму, видов некои нешта, но, јас не сум меродавен да говорам само на база на она што сум го видел, затоа што виденото, може да е многу, многу нешта.

Ако лекувањето на неизлечивите болести, по пат на некакви методи е дел од багажот, догмите, навиките и традициите, мислам дека повеќе нема за што да говориме. 

Јас сеуште верувам дека е можно да се победат многу болести кои медицината не може да ги победи на конвенционален начин, но тоа е само верување, кое јас никако не можам да го докажам преку секое сомнение, независно што располагам со доказен материјал. Сеуште кога на докторите ќе им го споменам случајот, за кој ти имам говорено, категорично бараат доказ, а бидејќи јас сеуште не можам да докажам, иако имам докази, во сите документи сеуште стои она што тие сметаат дека треба да стои, а не она што навистина стои во снимките, кое за нив е или грешка. Само еден, единствен лекар, оној кој го вршеше хирушкиот зафат, се согласи дека станува збор за нешто необјасниво, но, сите други категорично отфрлија и сметаат дека во случај нештата да се такви какви што ги објаснувам, лицето сеуште не би било живо.

За останатите нешта не коментирам, затоа што тоа што пред очи го гледам, воопшто не соодветствува со она за што говориш, барем засега. А на очите сеуште им верувам, затоа што сеуште добро ме служат.

Во секој случај, ќе ги погледнам видеата и ќе ја следам темата со интерес, а особено ќе го погледнам и слушнам она што го кажува лекарката.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2012 во 20:30
Мојот одговор го даде самиот:

Originally posted by Македон Македон напиша:


Јас сеуште верувам дека е можно да се победат многу болести кои медицината не може да ги победи на конвенционален начин, но тоа е само верување, кое јас никако не можам да го докажам преку секое сомнение, независно што располагам со доказен материјал. Сеуште кога на докторите ќе им го споменам случајот, за кој ти имам говорено, категорично бараат доказ, а бидејќи јас сеуште не можам да докажам, иако имам докази, во сите документи сеуште стои она што тие сметаат дека треба да стои, а не она што навистина стои во снимките, кое за нив е или грешка. Само еден, единствен лекар, оној кој го вршеше хирушкиот зафат, се согласи дека станува збор за нешто необјасниво, но, сите други категорично отфрлија и сметаат дека во случај нештата да се такви какви што ги објаснувам, лицето сеуште не би било живо.



Originally posted by Messenger Messenger напиша:



На крајот би завршил повторно со нешто одамна познато... оноа што човек ќе се убеди дека е невозможно останува за него невозможно без обзир дали е тоа навистина така.


Нема потреба од натамошни коментари.












Изменето од Messenger - 29.Април.2012 во 20:36
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2012 во 00:00
Латините биле мошне мудри кога уште во минатото правеле разлика меѓу доказно средство (media probandi) и предмет на докажување (thema probandi). Таквите финеси се оние кои сите овие случаи ги уриваат како кула од карти. Токму тоа го има прифатено и науката. Тоа е она што сакам цело време да ти го објаснам.

Јас можеби имам докази за нешто, ама ако со нив не можам да го докажам она што треба да се докаже, сосема логично е дека тоа нешто никако не можам да го докажам преку секое сомнение.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2012 во 03:10
Те рабзирам, затоа на сите кои тврдат дека можат да го докажат постоењето Бога преку секое сомнение им велам дека кога ќе го направат тоа ќе добијат Нобелова награда. 
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
mkd76 Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 02.Февруари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 45
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mkd76 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2012 во 17:25
Би сакал да казам нешто повеќе за тајна. Во издание на Топер ги има кај нас сите три книги.
Ви препораачувам ако сте заинтересирани за оваа тематика да ги прочитате сите три книги; А НАРОЧНО ПОСЛЕДНАТА ПОВЕЌЕ ЗА ТАЈНАТА од Др.Лиза Лав.(без оваа последната останатите две ке ве воведат во заблуда)

Тајна го казува основниот закон на УНИВЕРЗУМОТ Тоа Што мислиш тоа привлекуваш или убави мисли привлекуваат убави нешта.

Но едно големо НО Тајна прави една многу суптилна грешка го меша ЕГО-то со Душата.

Или во кратки црти кажанао многу поважно е Што сака твоето Високо ЈАС тоест твојата душа од тоа Што сака твоето ЕГО.

Благодарам
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2012 во 05:14
Na ova se somnevame bidejkji chudoto go pravat temu nekoi si kinezi.. nekakvi budisti, taoisti ili komunisti... iako se lekari:



... A za ova shto go pravat hristijanite nemame nikakvo somnenie... toa se podrazbira, neli ?




Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
mkd76 Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 02.Февруари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 45
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mkd76 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2012 во 08:08
Нема потреба од доказување вистина или превара.

Еден цитат од Далај Лама што и го упатил на Кејша Литле Грендмотхер

Твое е да го фрлиш каменот во водата , а колку бранови тој ќе направи тоа не е твоја работа.

Кој има уши нека слуша, кој има очи нека гледа.

Пушти ги работите нека течат.

На сите кој се заинтересирани за оваа Тематика Искрено би ви ја прпорачал книгата
RAZGOVORI S BOGOM
jedan neuobičajen dijalog
NEALE DONALD WALSCH
еве ви го линкот за симнување на Хрватски е преводот на книгата
http://www.universe-people.com/hrvatski/default_hr.htm

Иначе книгата нуди одговор и размислување на сите овие теми и прашања кој се во областа на оваа тема на форумот.Лесна е и разбирлива Што ке Ве тресне од земја и ќе Ве натера да после тоа и во текот на Читањето пдразмислите малце.
Благодарам
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2012 во 01:53
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

 

Те оставам со едно видео кое особено ќе те интересира:




Интересни видеа, во кои доста се говори за човековата моќ, во која длабоко верувам и на која сум бил сведок,  но сепак, не смееме да заборавиме дека говорителот зборува за случаи кај лица кои се свесни, лица кои размислувале, а не кај лица, кои, поради болеста, не можат воопшто да размислуваат, ниту да се насочат кон лекување на болеста, а ниту пак знаат или можат да знаат дека се болни. 

Само би споменал дека, согласно она што го кажува медицината, ракот не е последица само на загадување, туку на многу други нешта ( храна, лоши животни навики, стрес, конзерванси и сл.), а можеби има и причини за кои ништо не знаеме. Токму затоа медицината кажува дали определено нешто е карциногено, но не одговара на прашањето која е причината за рак. Ако точно би се знаела причината, лекот лесно би бил најден.


Изменето од Македон - 07.Мај.2012 во 01:54
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2014 во 22:50
Jas kako po obicaj тага pak ne mozam da i najdam temata ....Ja vidov pred nekoj den ama sega ja nema ....nebitno ,temata bese ..."Kakvi ti se mislite takov ti e zivotot ?"...Bidejki ne ja najdov a vsunost poentata na mojata misla e tokmu The Secret zatoa i odluciv tuka da si napisam ona somi lezi na srce среќа

Fakt deka e taka ,kakvi misli takov zivot ...
...Pozitivniot covek e opkruzen so pozitivna energija ...negativecot obratno....ednostavno energiite se lepat sami za sebe.....Sekoj mnogu dobro znae deka raspean covek lesno moze da ja raspolzi okolinata i okolinata potoa mu vozvraka so ute edna i uste edna pesna itn ...i obratno kavgata nosi pogolema kavga i negativna energija....

Vo The Secrect mnogu dobro go opisuvaat i objasnuvaat istovo....kegopostiram linkot (dokolku nekoj pred mene veke ne go storil toa) kade koj saka moze da procita poveke za Tajnata i zakonot na privlecnosta ....sekako , zadna misla mi e kako do pozitvina misla ,kako do pozitivna nesta ...ne zloupotrebuvajki go ona koe nekoi od nas bi mozele da go naucat pa i praktikuvaat...


I od klipchevo , dokolku imate trpenie da go izgledate , moze i da naucite kako da go privlecete ona sto go sakate .....najdobro e sekogas toa nesto da e pozitivno i da ne mu nanese zlo na nekoj drug среќа




Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.