Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Филозофија и психологиjа
Опис на форумот: „Разно“ ама на повисоко ниво
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25720 Датум на принтање: 31.Јануари.2025 во 10:02 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Тајната на "ТАЈНА" ("The Secret")Постирано од: Messenger
Наслов: Тајната на "ТАЈНА" ("The Secret")
Датум на внесување: 27.Април.2012 во 06:09
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Коментари: Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 27.Април.2012 во 07:06
Za onie koi sakaat akademsko objasnuvanje:
Quantum Physics and the Psycho-physical Nature of Reality
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 27.Април.2012 во 07:55
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 28.Април.2012 во 09:25
Е зошто никој не коментира...? Лесно е... ништо не разбирам...
Постирано од: kejt-d-grejt
Датум на внесување: 28.Април.2012 во 12:26
a jas mislev temava e od dedanoe
------------- се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Постирано од: Joshua_Tree
Датум на внесување: 28.Април.2012 во 20:32
Masturbacija so so sopstveniot duh ili uste edna igla vo mozokot na mediokritetite....ne e akupukunktura ama im odgovara...
------------- “Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.” ― William Faulkner, Mosquitoes
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 28.Април.2012 во 22:16
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 28.Април.2012 во 22:44
Messenger напиша:
Пријателе, има некои недоследности ова видео, кои мора да се нагласат.
Прво, дури и да исчезнал малигниот тумор, можноста од рецидив секогаш е можна, независно дали туморот ќе биде третиран со хемотерапија, радиотерапија или нешто друго. Тоа говори дека нештата презентирани во ова видео не се баш јасно презентирани.
Второ, за да се биде сигурен во постоењето или непостоењето на туморот и неговата распространетост, се врши ендоскопско испитување, односно истото се испитува со цистоскоп, а не со ултра звук.
Трето, не можеме да говориме за никакво академско објаснување, затоа што за да се говори за академско објаснување, пред се, испитувањето мора да биде изведено онака како што пропишува медицината, од стручни лица, а истото да се најде како факт во учебниот материјал, презентирано од страна на стручни и квалификувани лица, а тоа се сеуште професорите на медицинските факултети.
Сепак, поаѓајќи од примери кои со свои очи сум ги следел, знам дека постојат чуда, сум ти говорел и тебе, знаеш точно за кој случај говорам, но, сепак, потврдата на таквите чуда следува тогаш кога на соодветен начин лекарот ќе потврди дека болеста исчезнала.
-------------
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 29.Април.2012 во 00:34
Мислам дека ти е познато оти и јас едно време работев со група луѓе користејќи и фотографирајќи ја човековата енергија (биоенергија) во практична употреба. Тоа го имам објавено на идивиди.
За мене прикажаното во видеото не е чудо, туку нормален природен ефект кој ние го нарекуваме чудо бидејќи самите не го доживуваме секојдневно.
Поентата со објавувањето на видеото не ми е да влезам во полемика дали туморот рецидирал или не, дали случајот бил изведен според прописите на традиционалната медицина... јасно е дека сето тоа не е традиционално, не е важно дали имало или немало рецидив и јасно е дека во болницата работеле и лекари со традиционална медицинаска наобразба.
Оноа што е важно е постигнатиот ефект кој се должи на човековиот пристап кон животот, кон осознавањето дека мислата, чувството и интенцијата се зародишот на актуелизираната материјална манифестација, дека тие се предуслов и претходница на креацијата.
Мислите, чувствата и интенцијата се енергија која ја организира, структуира и придвижува енергијата во Креацијава. Дали тоа ќе биде негативно или позитивно манифестирање, од наш аспект на гледање на работите, зависи токму од нивниот квалитет и фокусираност, без никаква доза или остаток на сомнеж кој го дефитира крајниот резултат.
Чудата се случуваат тогаш кога сите овие нешта се во унисон, кога од бесконечниот потенцијал на на можности не се остава шанса за манифестирање на ништо друго освен на оноа кое потполнобезрезервно, конкретно и експлицитно се ексцитира.
Поентата е дека чудата се случуваат тогаш кога луѓето ги живеат како тие веќе да се реалност. Тогаш на Реалноста не преостанува ништо друго туку да се манифестира како таква.
Не знам колку сум јасен во кажувањево, но ова го говорам од сопствено искуство... во животот ми се случувале некои конкретни нешта затоа што сум знаел исум бил сигурен дека ќе ми се случат, иако апсолутно ништо не покажувало дека ќе биде токму така.
Народната поговорка "не посакувај премногу оти тоа може да ти биде исполнето" не е срочена туку така...
Искуството од минатото со болни луѓе кои доживеале чудесно исцелување и со луѓе кои постигнале надчовечки резултати покажало дека тоа се случувало кога тие немале ниту трошка сомнение во оноа што безгранично го посакувале, кога тоа било од такви пропорции што тие едноставно тоа го живееле како веќе да било манифестирано.
Дури знаеме за случаи кога луѓе се разболувале од конкретна болест на основа на погрешни наоди од таква болест (измешани податоци од друг болесник), луѓе оздравувале поради добивање погрешни наоди од здрав човек, како и луѓе кои така чудесно оздравувале, па потоа повторно чудесно се разболувале откако им рекле дека наодот бил погрешен!
Инаку, насловот на темата е поставен така за да се поврзе со популарната книга и филм "Тајна" ("The Secret"). Многумина ја прочитале книгата и со голема доза на скепса велат дека тоа не работи бидејќи тие посакале многу нешта, но ништо не им било исполнето. Вистинската тајна на "Тајната", нешто што не е доволно објаснето (не знам зошто и не сакам да навлегувам во претпоставки) во книгата е токму ова кое сакам да го акцентирам со наведените прилози.
Не е работата само да се има желби, вистинската тајна е тие да се прифатат и да се живеат како веќе реализирани без апсолутно никаква трага на сомнение.
Можеби звучи едноставно, но бидејќи тоа е толку неверојатно и неприфатливо за нашиот ум и разбирање, што секогаш ретко се манифестира и затоа ние истото го толкуваме како "чудо".
П.С. Патем сето ова е потолно познато и објаснето од квантната механика.
Тоа е универзален закон на Креацијата.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 29.Април.2012 во 01:59

Oчигледно не разбра што сакав да кажам. Не ми е цел да полемизирам со тебе, туку едноставно да појаснам дека тука можеби нема никакво исцелување, затоа што не може непобитно да се докаже дека се случило такво нешто.
За да можеме да говориме дека туморот исчезнал, тоа треба да го провериме. Не може да прифатиме дека навистина се случило исцелување, а да бараме да ни се принесат докази дека тоа не се случило. Прво треба да докажеме дека такво нешто се случило. А како тоа ќе го провериме и ќе утврдиме дека е така преку секое сомнение? Секако, со цистоскопија. Да Дали во конкретниот случај тоа се направило со цистоскопија? Категорично не. А да не говорам дека секогаш кога ќе се утврди тумор, веднаш се прави и биопсија во текот на постапката за цистоскопија за да се утврдат низа значајни нешта.
Тоа доволно говори за тоа дали навистина може личноста на видеото воопшто да говори за потврдено исцелување, а потоа и за се друго.
Тоа што таму биле присутни лекари со традиционална медицинска наобразба ене значи ништо. Тие лекари, секако, доколку знаеле што прават, задолжително ќе извршеле цистоскопија, а немало тоа да го проверуваат само со ултразвук.
Цело време тоа се обидувам да го кажам. За да го говориме сето она што ти го кажуваш за влијанието на мислата во конкретниот случај, ние, преку секое сомнение треба прво да се увериме дека се случило лекување или исцелување. Без таквото исцелување, сето ова што ти го говориш, едноставно не е применливо во пракса.
Верувањето во нешто, не постоењето на доза или остаток од сомнежот, не го дефинира секогаш крајниот резултат. Многу луѓе на тој начин пристапиле кон болестите, верувајќи дека нешто ќе им помогне и отфрлале дури и да помислат на болеста која ја имале. Крајот на огромен дел од нив бил фатален. Тоа што некој мисли дека нешто е така, не значи дека е навистина така.
-------------
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 29.Април.2012 во 03:09
Македон напиша:
... тука можеби нема никакво исцелување, затоа што не може непобитно да се докаже дека се случило такво нешто.
Дали во конкретниот случај тоа се направило со цистоскопија? Категорично не. А да не говорам дека секогаш кога ќе се утврди тумор, веднаш се прави и биопсија во текот на постапката за цистоскопија за да се утврдат низа значајни нешта.
Тоа доволно говори за тоа дали навистина може личноста на видеото воопшто да говори за потврдено исцелување, а потоа и за се друго.
Тоа што таму биле присутни лекари со традиционална медицинска наобразба ене значи ништо. Тие лекари, секако, доколку знаеле што прават, задолжително ќе извршеле цистоскопија, а немало тоа да го проверуваат само со ултразвук.
Првин велиш можеби немало исцелувања, потоа велиш дека не може непобитно да се докажи, за на крајот да тврдиш категоричкидека тоа не се случило.
Од каде дојде до тој податок дека традиционалните лекари, вработени во таа болница, не направиле цитоскопија и биопсија, туку случајот, кој е еден од стотината други, го зеле само онака ?
Снимката можеби претставува чудо за сите луѓе бидејќи такви нешта не се случуваат секојдневно, но не знам како можеш категорички да тврдиш дека не е верна кога од твоја страна немаш никакви аргументи за тоа.
Велиш дека бараш писмени наоди и потврди за случајов... снимката е претставена како илустрација при извесно предавање во Италија, како илустрација за практичната примена на оноа што веќе е потврдено од квантната механика. На предавањето присуствувале стручни луѓе од секакви специјалности и веројатно некој побарал и добил такви информации. Доколку нема таква потврда никој сериозен човек нема да се нафати да говори за случајот, болницата и нејзините резултати.
Ќе повторам, целта не ми е конкретно да го докажувам токму тој случај, туку да го ставам како илустрација за поентата на темата.
Патем, забележувам нешто интересно... подготвен си да поверуваш без никаква резерва и без барање никакви податоци и докази на некои верски чуда (самочистење на икони, самопалење на свеќи и други работи), а бараш за некои манифестации од световиниот живот за кои веќе имаш на увид сники и податоци.
Не ме разбирај погрешно, не те обвинувам, твој слободен и неприкосновен избор е да веруваш или не веруваш во што сакаш Cамо правам гласно забележување за човековиот терк на размислување и верување кое во различни форми е присутен кај сите луѓе. Едноставно секогаш прифаќаме и веруваме во нешто што ни е блиско, нешто со што сиот живот сме другарувале, нешто што го носиме на плеќите заедно со остатокот на нашиот багаж. За сето друго недвосмислено имаме длабока недоверба и сомнение, а често пати и директно отфрлање.
И јас најголемиот предизвик во експандирањето на свеста кај луѓето го гледам токму во тешкотијата да се премавнат стекнатите навики, теркови и догми кај човекот.
На крајот би завршил повторно со нешто одамна познато... оноа што човек ќе се убеди дека е невозможно останува за него невозможно без обзир дали е тоа навистина така... поради тие причини кохуните од полинезија секогаш одбирале сосем мали деца за свои ученици и наследници, толку мали што немало време родителите и комуната да ги научат оти има невозможни работи. Кохуните децата ги учеле дека с'е е возможно... и тие, после потребната обука, правеле чуда исто како и нивните учители.
И никој не бара научни елаборати за тоа бидејќи, како што ти е познато од верата и религијата, науката не се занимава со чуда. Едноставно тие за неа не постојат.
Те оставам со едно видео кое особено ќе те интересира:
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 29.Април.2012 во 03:56
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 29.Април.2012 во 17:44

Месенџер, мислам дека ми ги превртуваш зборовите, или пак не разбираш за што говорам.
Целата поента на она што го кажувам е дека со ваквиот начин на презентирање на нештата не може непобитно да се докаже дека се случило такво исцелување, токму затоа и велам дека можеби нема никакво исцелување. А категорично не се направила цистоскопија, затоа што, доколку беше така, немаше со ултразвук да прават тестови, како што кажува и личноста од видеото, а како што можеме и да видиме од самото испитување. Тоа на сликата, не е цистоскоп, затоа што доколку беше цистоскп, ендоскопски ќе се вршеше испитувањето, немаше лекарката надворешно да врши испитување, туку цистоскопот ќе го вметнеше внатре во бешиката, ние немаше да можеме да го видиме. А сигурен сум и дека тоа ќе го спомнеше и личноста на сликата, за дополнително уверување.
Тоа што некој говори за нешто, не значи дека тоа е токму така. Можам да ти понудам илјадници нешта кога некој тврди дека се исцелил од нешто на било каков начин, а да не говорам дека многумина пишувале и книги, но, прашањето е, дали ние непобитно можеме да го потврдиме тоа? Секако, не мислам на нас овде, туку на оние кои тоа треба да го сторат.ж
Каде виде дека јас верувам во самоочистувањето на иконите, самозапалувањето на свеќи или нешто слично? Патем, ако алудираш на она што се случи во Црквата св. Димитриј, сеуште никој официјално не потврдил дека е чудо и дека така треба да се однесуваме сите. Јас бев таму, видов некои нешта, но, јас не сум меродавен да говорам само на база на она што сум го видел, затоа што виденото, може да е многу, многу нешта.
Ако лекувањето на неизлечивите болести, по пат на некакви методи е дел од багажот, догмите, навиките и традициите, мислам дека повеќе нема за што да говориме.
Јас сеуште верувам дека е можно да се победат многу болести кои медицината не може да ги победи на конвенционален начин, но тоа е само верување, кое јас никако не можам да го докажам преку секое сомнение, независно што располагам со доказен материјал. Сеуште кога на докторите ќе им го споменам случајот, за кој ти имам говорено, категорично бараат доказ, а бидејќи јас сеуште не можам да докажам, иако имам докази, во сите документи сеуште стои она што тие сметаат дека треба да стои, а не она што навистина стои во снимките, кое за нив е или грешка. Само еден, единствен лекар, оној кој го вршеше хирушкиот зафат, се согласи дека станува збор за нешто необјасниво, но, сите други категорично отфрлија и сметаат дека во случај нештата да се такви какви што ги објаснувам, лицето сеуште не би било живо.
За останатите нешта не коментирам, затоа што тоа што пред очи го гледам, воопшто не соодветствува со она за што говориш, барем засега. А на очите сеуште им верувам, затоа што сеуште добро ме служат.
Во секој случај, ќе ги погледнам видеата и ќе ја следам темата со интерес, а особено ќе го погледнам и слушнам она што го кажува лекарката.
-------------
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 29.Април.2012 во 20:30
Мојот одговор го даде самиот:
Македон напиша:
Јас сеуште верувам дека е можно да се победат многу болести кои медицината не може да ги победи на конвенционален начин, но тоа е само верување, кое јас никако не можам да го докажам преку секое сомнение, независно што располагам со доказен материјал.Сеуште кога на докторите ќе им го споменам случајот, за кој ти имам говорено, категорично бараат доказ, а бидејќи јас сеуште не можам да докажам, иако имам докази, во сите документи сеуште стои она што тие сметаат дека треба да стои, а не она што навистина стои во снимките, кое за нив е или грешка. Само еден, единствен лекар, оној кој го вршеше хирушкиот зафат, се согласи дека станува збор за нешто необјасниво, но, сите други категорично отфрлија и сметаат дека во случај нештата да се такви какви што ги објаснувам, лицето сеуште не би било живо.
Messenger напиша:
На крајот би завршил повторно со нешто одамна познато... оноа што човек ќе се убеди дека е невозможно останува за него невозможно без обзир дали е тоа навистина така.
Нема потреба од натамошни коментари.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 00:00
Латините биле мошне мудри кога уште во минатото правеле разлика меѓу доказно средство (media probandi) и предмет на докажување (thema probandi). Таквите финеси се оние кои сите овие случаи ги уриваат како кула од карти. Токму тоа го има прифатено и науката. Тоа е она што сакам цело време да ти го објаснам.
Јас можеби имам докази за нешто, ама ако со нив не можам да го докажам она што треба да се докаже, сосема логично е дека тоа нешто никако не можам да го докажампреку секое сомнение.
-------------
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 03:10
Те рабзирам, затоа на сите кои тврдат дека можат да го докажат постоењето Бога преку секое сомнение им велам дека кога ќе го направат тоа ќе добијат Нобелова награда.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: mkd76
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 17:25
Би сакал да казам нешто повеќе за тајна. Во издание на Топер ги има кај нас сите три книги. Ви препораачувам ако сте заинтересирани за оваа тематика да ги прочитате сите три книги; А НАРОЧНО ПОСЛЕДНАТА ПОВЕЌЕ ЗА ТАЈНАТА од Др.Лиза Лав.(без оваа последната останатите две ке ве воведат во заблуда)
Тајна го казува основниот закон на УНИВЕРЗУМОТ Тоа Што мислиш тоа привлекуваш или убави мисли привлекуваат убави нешта.
Но едно големо НО Тајна прави една многу суптилна грешка го меша ЕГО-то со Душата.
Или во кратки црти кажанао многу поважно е Што сака твоето Високо ЈАС тоест твојата душа од тоа Што сака твоето ЕГО.
Благодарам
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 01.Мај.2012 во 05:14
Na ova se somnevame bidejkji chudoto go pravat temu nekoi si kinezi.. nekakvi budisti, taoisti ili komunisti... iako se lekari:
... A za ova shto go pravat hristijanite nemame nikakvo somnenie... toa se podrazbira, neli ?
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: mkd76
Датум на внесување: 01.Мај.2012 во 08:08
Нема потреба од доказување вистина или превара.
Еден цитат од Далај Лама што и го упатил на Кејша Литле Грендмотхер
Твое е да го фрлиш каменот во водата , а колку бранови тој ќе направи тоа не е твоја работа.
Кој има уши нека слуша, кој има очи нека гледа.
Пушти ги работите нека течат.
На сите кој се заинтересирани за оваа Тематика Искрено би ви ја прпорачал книгата RAZGOVORI S BOGOM jedan neuobičajen dijalog NEALE DONALD WALSCH еве ви го линкот за симнување на Хрватски е преводот на книгата http://www.universe-people.com/hrvatski/default_hr.htm" rel="nofollow - http://www.universe-people.com/hrvatski/default_hr.htm
Иначе книгата нуди одговор и размислување на сите овие теми и прашања кој се во областа на оваа тема на форумот.Лесна е и разбирлива Што ке Ве тресне од земја и ќе Ве натера да после тоа и во текот на Читањето пдразмислите малце. Благодарам
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 07.Мај.2012 во 01:53
Messenger напиша:
Те оставам со едно видео кое особено ќе те интересира:
Интересни видеа, во кои доста се говори за човековата моќ, во која длабоко верувам и на која сум бил сведок, но сепак, не смееме да заборавиме дека говорителот зборува за случаи кај лица кои се свесни, лица кои размислувале, а не кај лица, кои, поради болеста, не можат воопшто да размислуваат, ниту да се насочат кон лекување на болеста, а ниту пак знаат или можат да знаат дека се болни.
Само би споменал дека, согласно она што го кажува медицината, ракот не е последица само на загадување, туку на многу други нешта ( храна, лоши животни навики, стрес, конзерванси и сл.), а можеби има и причини за кои ништо не знаеме. Токму затоа медицината кажува дали определено нешто е карциногено, но не одговара на прашањето која е причината за рак. Ако точно би се знаела причината, лекот лесно би бил најден.
-------------
Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 20.Февруари.2014 во 22:50
Jas kako po obicaj pak ne mozam da i najdam temata ....Ja vidov pred nekoj den ama sega ja nema ....nebitno ,temata bese ..."Kakvi ti se mislite takov ti e zivotot ?"...Bidejki ne ja najdov a vsunost poentata na mojata misla e tokmu The Secret zatoa i odluciv tuka da si napisam ona somi lezi na srce
Fakt deka e taka ,kakvi misli takov zivot ...
...Pozitivniot covek e opkruzen so pozitivna energija ...negativecot obratno....ednostavno energiite se lepat sami za sebe.....Sekoj mnogu dobro znae deka raspean covek lesno moze da ja raspolzi okolinata i okolinata potoa mu vozvraka so ute edna i uste edna pesna itn ...i obratno kavgata nosi pogolema kavga i negativna energija....
Vo The Secrect mnogu dobro go opisuvaat i objasnuvaat istovo....kegopostiram linkot (dokolku nekoj pred mene veke ne go storil toa) kade koj saka moze da procita poveke za Tajnata i zakonot na privlecnosta ....sekako , zadna misla mi e kako do pozitvina misla ,kako do pozitivna nesta ...ne zloupotrebuvajki go ona koe nekoi od nas bi mozele da go naucat pa i praktikuvaat...
" rel="nofollow - - - The Secret
I od klipchevo , dokolku imate trpenie da go izgledate , moze i da naucite kako da go privlecete ona sto go sakate .....najdobro e sekogas toa nesto da e pozitivno i da ne mu nanese zlo na nekoj drug
------------- Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)