|
Тајната на "ТАЈНА" ("The Secret") |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | ||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Месенџер, мислам дека ми ги превртуваш зборовите, или пак не разбираш за што говорам. Целата поента на она што го кажувам е дека со ваквиот начин на презентирање на нештата не може непобитно да се докаже дека се случило такво исцелување, токму затоа и велам дека можеби нема никакво исцелување. А категорично не се направила цистоскопија, затоа што, доколку беше така, немаше со ултразвук да прават тестови, како што кажува и личноста од видеото, а како што можеме и да видиме од самото испитување. Тоа на сликата, не е цистоскоп, затоа што доколку беше цистоскп, ендоскопски ќе се вршеше испитувањето, немаше лекарката надворешно да врши испитување, туку цистоскопот ќе го вметнеше внатре во бешиката, ние немаше да можеме да го видиме. А сигурен сум и дека тоа ќе го спомнеше и личноста на сликата, за дополнително уверување. Тоа што некој говори за нешто, не значи дека тоа е токму така. Можам да ти понудам илјадници нешта кога некој тврди дека се исцелил од нешто на било каков начин, а да не говорам дека многумина пишувале и книги, но, прашањето е, дали ние непобитно можеме да го потврдиме тоа? Секако, не мислам на нас овде, туку на оние кои тоа треба да го сторат.ж Каде виде дека јас верувам во самоочистувањето на иконите, самозапалувањето на свеќи или нешто слично? Патем, ако алудираш на она што се случи во Црквата св. Димитриј, сеуште никој официјално не потврдил дека е чудо и дека така треба да се однесуваме сите. Јас бев таму, видов некои нешта, но, јас не сум меродавен да говорам само на база на она што сум го видел, затоа што виденото, може да е многу, многу нешта. Ако лекувањето на неизлечивите болести, по пат на некакви методи е дел од багажот, догмите, навиките и традициите, мислам дека повеќе нема за што да говориме. Јас сеуште верувам дека е можно да се победат многу болести кои медицината не може да ги победи на конвенционален начин, но тоа е само верување, кое јас никако не можам да го докажам преку секое сомнение, независно што располагам со доказен материјал. Сеуште кога на докторите ќе им го споменам случајот, за кој ти имам говорено, категорично бараат доказ, а бидејќи јас сеуште не можам да докажам, иако имам докази, во сите документи сеуште стои она што тие сметаат дека треба да стои, а не она што навистина стои во снимките, кое за нив е или грешка. Само еден, единствен лекар, оној кој го вршеше хирушкиот зафат, се согласи дека станува збор за нешто необјасниво, но, сите други категорично отфрлија и сметаат дека во случај нештата да се такви какви што ги објаснувам, лицето сеуште не би било живо. За останатите нешта не коментирам, затоа што тоа што пред очи го гледам, воопшто не соодветствува со она за што говориш, барем засега. А на очите сеуште им верувам, затоа што сеуште добро ме служат. Во секој случај, ќе ги погледнам видеата и ќе ја следам темата со интерес, а особено ќе го погледнам и слушнам она што го кажува лекарката.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мојот одговор го даде самиот:
Нема потреба од натамошни коментари. Изменето од Messenger - 29.Април.2012 во 20:36 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Латините биле мошне мудри кога уште во минатото правеле разлика меѓу доказно средство (media probandi) и предмет на докажување (thema probandi). Таквите финеси се оние кои сите овие случаи ги уриваат како кула од карти. Токму тоа го има прифатено и науката. Тоа е она што сакам цело време да ти го објаснам.
Јас можеби имам докази за нешто, ама ако со нив не можам да го докажам она што треба да се докаже, сосема логично е дека тоа нешто никако не можам да го докажам преку секое сомнение.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Те рабзирам, затоа на сите кои тврдат дека можат да го докажат постоењето Бога преку секое сомнение им велам дека кога ќе го направат тоа ќе добијат Нобелова награда.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
mkd76
Група Регистриран: 02.Февруари.2012 Статус: Офлајн Поени: 45 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Би сакал да казам нешто повеќе за тајна. Во издание на Топер ги има кај нас сите три книги.
Ви препораачувам ако сте заинтересирани за оваа тематика да ги прочитате сите три книги; А НАРОЧНО ПОСЛЕДНАТА ПОВЕЌЕ ЗА ТАЈНАТА од Др.Лиза Лав.(без оваа последната останатите две ке ве воведат во заблуда) Тајна го казува основниот закон на УНИВЕРЗУМОТ Тоа Што мислиш тоа привлекуваш или убави мисли привлекуваат убави нешта. Но едно големо НО Тајна прави една многу суптилна грешка го меша ЕГО-то со Душата. Или во кратки црти кажанао многу поважно е Што сака твоето Високо ЈАС тоест твојата душа од тоа Што сака твоето ЕГО. Благодарам |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Na ova se somnevame bidejkji chudoto go pravat temu nekoi si kinezi.. nekakvi budisti, taoisti ili komunisti... iako se lekari:
... A za ova shto go pravat hristijanite nemame nikakvo somnenie... toa se podrazbira, neli ? |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
mkd76
Група Регистриран: 02.Февруари.2012 Статус: Офлајн Поени: 45 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Нема потреба од доказување вистина или превара.
Еден цитат од Далај Лама што и го упатил на Кејша Литле Грендмотхер Твое е да го фрлиш каменот во водата , а колку бранови тој ќе направи тоа не е твоја работа. Кој има уши нека слуша, кој има очи нека гледа. Пушти ги работите нека течат. На сите кој се заинтересирани за оваа Тематика Искрено би ви ја прпорачал книгата RAZGOVORI S BOGOM jedan neuobičajen dijalog NEALE DONALD WALSCH еве ви го линкот за симнување на Хрватски е преводот на книгата http://www.universe-people.com/hrvatski/default_hr.htm Иначе книгата нуди одговор и размислување на сите овие теми и прашања кој се во областа на оваа тема на форумот.Лесна е и разбирлива Што ке Ве тресне од земја и ќе Ве натера да после тоа и во текот на Читањето пдразмислите малце. Благодарам |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Интересни видеа, во кои доста се говори за човековата моќ, во која длабоко верувам и на која сум бил сведок, но сепак, не смееме да заборавиме дека говорителот зборува за случаи кај лица кои се свесни, лица кои размислувале, а не кај лица, кои, поради болеста, не можат воопшто да размислуваат, ниту да се насочат кон лекување на болеста, а ниту пак знаат или можат да знаат дека се болни. Само би споменал дека, согласно она што го кажува медицината, ракот не е последица само на загадување, туку на многу други нешта ( храна, лоши животни навики, стрес, конзерванси и сл.), а можеби има и причини за кои ништо не знаеме. Токму затоа медицината кажува дали определено нешто е карциногено, но не одговара на прашањето која е причината за рак. Ако точно би се знаела причината, лекот лесно би бил најден.
Изменето од Македон - 07.Мај.2012 во 01:54 |
||
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Jas kako po obicaj pak ne mozam da i najdam temata ....Ja vidov pred nekoj den ama sega ja nema ....nebitno ,temata bese ..."Kakvi ti se mislite takov ti e zivotot ?"...Bidejki ne ja najdov a vsunost poentata na mojata misla e tokmu The Secret zatoa i odluciv tuka da si napisam ona somi lezi na srce
Fakt deka e taka ,kakvi misli takov zivot ... ...Pozitivniot covek e opkruzen so pozitivna energija ...negativecot obratno....ednostavno energiite se lepat sami za sebe.....Sekoj mnogu dobro znae deka raspean covek lesno moze da ja raspolzi okolinata i okolinata potoa mu vozvraka so ute edna i uste edna pesna itn ...i obratno kavgata nosi pogolema kavga i negativna energija.... Vo The Secrect mnogu dobro go opisuvaat i objasnuvaat istovo....kegopostiram linkot (dokolku nekoj pred mene veke ne go storil toa) kade koj saka moze da procita poveke za Tajnata i zakonot na privlecnosta ....sekako , zadna misla mi e kako do pozitvina misla ,kako do pozitivna nesta ...ne zloupotrebuvajki go ona koe nekoi od nas bi mozele da go naucat pa i praktikuvaat... I od klipchevo , dokolku imate trpenie da go izgledate , moze i da naucite kako da go privlecete ona sto go sakate .....najdobro e sekogas toa nesto da e pozitivno i da ne mu nanese zlo na nekoj drug |
||
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
||
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |