|
Тајната на "ТАЈНА" ("The Secret") |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 27.Април.2012 во 06:09 |
Изменето од Messenger - 29.Април.2012 во 01:18 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Za onie koi sakaat akademsko objasnuvanje:
Quantum Physics and the Psycho-physical Nature of Reality |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е зошто никој не коментира...?
Лесно е... ништо не разбирам... |
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
a jas mislev temava e od dedanoe
|
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
Joshua_Tree
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 6477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Masturbacija so so sopstveniot duh ili uste edna igla vo mozokot na mediokritetite....ne e akupukunktura ama im odgovara...
|
|
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од Messenger - 28.Април.2012 во 22:19 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пријателе, има некои недоследности ова видео, кои мора да се нагласат. Прво, дури и да исчезнал малигниот тумор, можноста од рецидив секогаш е можна, независно дали туморот ќе биде третиран со хемотерапија, радиотерапија или нешто друго. Тоа говори дека нештата презентирани во ова видео не се баш јасно презентирани. Второ, за да се биде сигурен во постоењето или непостоењето на туморот и неговата распространетост, се врши ендоскопско испитување, односно истото се испитува со цистоскоп, а не со ултра звук. Трето, не можеме да говориме за никакво академско објаснување, затоа што за да се говори за академско објаснување, пред се, испитувањето мора да биде изведено онака како што пропишува медицината, од стручни лица, а истото да се најде како факт во учебниот материјал, презентирано од страна на стручни и квалификувани лица, а тоа се сеуште професорите на медицинските факултети. Сепак, поаѓајќи од примери кои со свои очи сум ги следел, знам дека постојат чуда, сум ти говорел и тебе, знаеш точно за кој случај говорам, но, сепак, потврдата на таквите чуда следува тогаш кога на соодветен начин лекарот ќе потврди дека болеста исчезнала.
Изменето од Македон - 28.Април.2012 во 22:47 |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мислам дека ти е познато оти и јас едно време работев со група луѓе користејќи и фотографирајќи ја човековата енергија (биоенергија) во практична употреба. Тоа го имам објавено на идивиди. За мене прикажаното во видеото не е чудо, туку нормален природен ефект кој ние го нарекуваме чудо бидејќи самите не го доживуваме секојдневно. Поентата со објавувањето на видеото не ми е да влезам во полемика дали туморот рецидирал или не, дали случајот бил изведен според прописите на традиционалната медицина... јасно е дека сето тоа не е традиционално, не е важно дали имало или немало рецидив и јасно е дека во болницата работеле и лекари со традиционална медицинаска наобразба. Оноа што е важно е постигнатиот ефект кој се должи на човековиот пристап кон животот, кон осознавањето дека мислата, чувството и интенцијата се зародишот на актуелизираната материјална манифестација, дека тие се предуслов и претходница на креацијата. Мислите, чувствата и интенцијата се енергија која ја организира, структуира и придвижува енергијата во Креацијава. Дали тоа ќе биде негативно или позитивно манифестирање, од наш аспект на гледање на работите, зависи токму од нивниот квалитет и фокусираност, без никаква доза или остаток на сомнеж кој го дефитира крајниот резултат. Чудата се случуваат тогаш кога сите овие нешта се во унисон, кога од бесконечниот потенцијал на на можности не се остава шанса за манифестирање на ништо друго освен на оноа кое потполно безрезервно, конкретно и експлицитно се ексцитира. Поентата е дека чудата се случуваат тогаш кога луѓето ги живеат како тие веќе да се реалност. Тогаш на Реалноста не преостанува ништо друго туку да се манифестира како таква. Не знам колку сум јасен во кажувањево, но ова го говорам од сопствено искуство... во животот ми се случувале некои конкретни нешта затоа што сум знаел и сум бил сигурен дека ќе ми се случат, иако апсолутно ништо не покажувало дека ќе биде токму така. Народната поговорка "не посакувај премногу оти тоа може да ти биде исполнето" не е срочена туку така... Искуството од минатото со болни луѓе кои доживеале чудесно исцелување и со луѓе кои постигнале надчовечки резултати покажало дека тоа се случувало кога тие немале ниту трошка сомнение во оноа што безгранично го посакувале, кога тоа било од такви пропорции што тие едноставно тоа го живееле како веќе да било манифестирано. Дури знаеме за случаи кога луѓе се разболувале од конкретна болест на основа на погрешни наоди од таква болест (измешани податоци од друг болесник), луѓе оздравувале поради добивање погрешни наоди од здрав човек, како и луѓе кои така чудесно оздравувале, па потоа повторно чудесно се разболувале откако им рекле дека наодот бил погрешен! Инаку, насловот на темата е поставен така за да се поврзе со популарната книга и филм "Тајна" ("The Secret"). Многумина ја прочитале книгата и со голема доза на скепса велат дека тоа не работи бидејќи тие посакале многу нешта, но ништо не им било исполнето. Вистинската тајна на "Тајната", нешто што не е доволно објаснето (не знам зошто и не сакам да навлегувам во претпоставки) во книгата е токму ова кое сакам да го акцентирам со наведените прилози. Не е работата само да се има желби, вистинската тајна е тие да се прифатат и да се живеат како веќе реализирани без апсолутно никаква трага на сомнение. Можеби звучи едноставно, но бидејќи тоа е толку неверојатно и неприфатливо за нашиот ум и разбирање, што секогаш ретко се манифестира и затоа ние истото го толкуваме како "чудо". П.С. Патем сето ова е потолно познато и објаснето од квантната механика. Тоа е универзален закон на Креацијата. Изменето од Messenger - 29.Април.2012 во 02:13 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Oчигледно не разбра што сакав да кажам. Не ми е цел да полемизирам со тебе, туку едноставно да појаснам дека тука можеби нема никакво исцелување, затоа што не може непобитно да се докаже дека се случило такво нешто. За да можеме да говориме дека туморот исчезнал, тоа треба да го провериме. Не може да прифатиме дека навистина се случило исцелување, а да бараме да ни се принесат докази дека тоа не се случило. Прво треба да докажеме дека такво нешто се случило. А како тоа ќе го провериме и ќе утврдиме дека е така преку секое сомнение? Секако, со цистоскопија. Да Дали во конкретниот случај тоа се направило со цистоскопија? Категорично не. А да не говорам дека секогаш кога ќе се утврди тумор, веднаш се прави и биопсија во текот на постапката за цистоскопија за да се утврдат низа значајни нешта. Тоа доволно говори за тоа дали навистина може личноста на видеото воопшто да говори за потврдено исцелување, а потоа и за се друго. Тоа што таму биле присутни лекари со традиционална медицинска наобразба ене значи ништо. Тие лекари, секако, доколку знаеле што прават, задолжително ќе извршеле цистоскопија, а немало тоа да го проверуваат само со ултразвук. Цело време тоа се обидувам да го кажам. За да го говориме сето она што ти го кажуваш за влијанието на мислата во конкретниот случај, ние, преку секое сомнение треба прво да се увериме дека се случило лекување или исцелување. Без таквото исцелување, сето ова што ти го говориш, едноставно не е применливо во пракса. Верувањето во нешто, не постоењето на доза или остаток од сомнежот, не го дефинира секогаш крајниот резултат. Многу луѓе на тој начин пристапиле кон болестите, верувајќи дека нешто ќе им помогне и отфрлале дури и да помислат на болеста која ја имале. Крајот на огромен дел од нив бил фатален. Тоа што некој мисли дека нешто е така, не значи дека е навистина така. |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Првин велиш можеби немало исцелувања, потоа велиш дека не може непобитно да се докажи, за на крајот да тврдиш категорички дека тоа не се случило. Од каде дојде до тој податок дека традиционалните лекари, вработени во таа болница, не направиле цитоскопија и биопсија, туку случајот, кој е еден од стотината други, го зеле само онака ? Снимката можеби претставува чудо за сите луѓе бидејќи такви нешта не се случуваат секојдневно, но не знам како можеш категорички да тврдиш дека не е верна кога од твоја страна немаш никакви аргументи за тоа. Велиш дека бараш писмени наоди и потврди за случајов... снимката е претставена како илустрација при извесно предавање во Италија, како илустрација за практичната примена на оноа што веќе е потврдено од квантната механика. На предавањето присуствувале стручни луѓе од секакви специјалности и веројатно некој побарал и добил такви информации. Доколку нема таква потврда никој сериозен човек нема да се нафати да говори за случајот, болницата и нејзините резултати. Ќе повторам, целта не ми е конкретно да го докажувам токму тој случај, туку да го ставам како илустрација за поентата на темата. Патем, забележувам нешто интересно... подготвен си да поверуваш без никаква резерва и без барање никакви податоци и докази на некои верски чуда (самочистење на икони, самопалење на свеќи и други работи), а бараш за некои манифестации од световиниот живот за кои веќе имаш на увид сники и податоци. Не ме разбирај погрешно, не те обвинувам, твој слободен и неприкосновен избор е да веруваш или не веруваш во што сакаш Cамо правам гласно забележување за човековиот терк на размислување и верување кое во различни форми е присутен кај сите луѓе. Едноставно секогаш прифаќаме и веруваме во нешто што ни е блиско, нешто со што сиот живот сме другарувале, нешто што го носиме на плеќите заедно со остатокот на нашиот багаж. За сето друго недвосмислено имаме длабока недоверба и сомнение, а често пати и директно отфрлање. И јас најголемиот предизвик во експандирањето на свеста кај луѓето го гледам токму во тешкотијата да се премавнат стекнатите навики, теркови и догми кај човекот. На крајот би завршил повторно со нешто одамна познато... оноа што човек ќе се убеди дека е невозможно останува за него невозможно без обзир дали е тоа навистина така... поради тие причини кохуните од полинезија секогаш одбирале сосем мали деца за свои ученици и наследници, толку мали што немало време родителите и комуната да ги научат оти има невозможни работи. Кохуните децата ги учеле дека с'е е возможно... и тие, после потребната обука, правеле чуда исто како и нивните учители. И никој не бара научни елаборати за тоа бидејќи, како што ти е познато од верата и религијата, науката не се занимава со чуда. Едноставно тие за неа не постојат. Те оставам со едно видео кое особено ќе те интересира: Изменето од Messenger - 29.Април.2012 во 03:35 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |