|
Што се случува со нашето образование? |
Внеси реплика | страница <1 1314151617 28> |
Автор | |
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
da mi se fatat...ako od mene dobijat...ili ako dobile!
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
какво прашање е ова? па цел свет гледа дека доживува ренесанса - први сме, и тоа убедливо, во светот по број на студенти по глава на жител.
|
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За жал очигледно е дека “ренесансата“ е ремет-санса. Читам ( а ги слушав и на ТВ) и ми се повраќа. Професор држел дисциплина на час со шлаканициЧитам, а и прашав ученици на кои им предавал-бил мирен човек, добар професор, учениците го почитувале. Се поставува прашање-Зошто “изгубил нерви“? (Да се разбереме-не оправдувам физички казни, губење нерви)Зошто родителите сакале да ги повлечат изјавите? За какви ученици станува збор? Дали прв пат им се случува ваков испад и дали само на овој час? И сега директорката- го реши проблемот Пријавила во полиција за да не биде не реагирале и го решила проблемот. На една од темите со Меси водевме конструктивна дискусија за тоа -Што со учениците кои ја реметат наставата. Дојдовме до заклучок дека просветниот работник изведува НАСТАВА. На проблематичните ученици не им се дозволува да им реметат на другите кои сакаат да учат. НИВ ВЕДНАШ ГИ ПРЕЗЕМА ДИРЕКТОР, ПСИХОЛОГ, СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК. Се поставува прашање КАДЕ БИЛЕ ОВИЕ ГОСПОДА И ДАМИ кога нивната работа е токму тоа, да ВНИМАВААТ да не се ремети наставата т.е. веднаш да ги ОСТРАНАТ од настава реметерите? Според мене МИНИСТЕРОТ (за Џорџе Арсов не сакам да трошам зборови-човекот нема компас, залутал на позицијава која ја држи и со своите изјави за дисквалификација на просветните работници сметам дека придонесува за зголемување на бројот на ваквите настани и за непочитувањето на учениците кон професорите) под хитно треба да ги земе на одговорност и директорката и училишниот психолог/педагог бидејки нивното место не е во канцеларија туку онаму каде се ремети настава. Ама како и се досега-ќе настрада оној кој најмалку треба. За жал |
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13926 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ne se slozhuvam so mamad od edna ednostavna prichina ., zatoa shto i samata taa znae kako taa gi vospituvala svoite deca doma.,..poneshto znam i za obrazovanieto... taka da ... nishto ne mozhe da go zameni onoa shto roditelite ., ke mu go prenesat na svoeto dete kako vospitanie....pogolemiot del od problematichnite se od dobrostoechki semejstva kade roditelite edvaj i da gi gledaat a kamoli da porazgovaraat so decata se se sveduva eve ti pari i brakaj rabota ., a i od druga strana gi imame nivnite souchenici koi po sistemot na svrzani sadovi ., koga na ovie i se mozhe a zoshto i nie ne ...........i najdi im chare i kraj na vakvata /i.., generacii ... kako prosvetni rabotnici ste za da go dedete svoeto znaenje na decata ., i vo izvesna merka pedagoshki da deluvate ....a ne da gi vospituvate.za toa postojat vospitno popravni domovi .,...i vospitanie demashno ., shto ochigledno ., so tranzicijata se izgubi kako moralna kategorija......
ochigledno na chovekot mu puknal filmot ., i sigurno bil isprovociran od neshto shtom taka postapil.,... i dilemata e dali ednostavno profesorot trebal da si gi sobere partalita i da odi vo nastavnichka kancelarija., so navednata glava......../inaku ., chisto za informacija .,... majka mi beshe gimnaziski profesor/., chisto iskustveno i kako roditel zboruvam.............ako gresham ..ispravete me Изменето од pajser - 26.Ноември.2011 во 09:09 |
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи како некој кој бил во образованието...
и тоа во училиште каде ученици биле деца со многу малку домашно воспитување... да не употребам потешки зборови, ќе ме нападнат оние кои немаат... ниту еден ден со дневник во рака поминато... ви велам... за да некој професор удри дете во училиште... мора навистина да го извадиле од такт... што и не ме чуди... денес, со таканаречената демократизација на ученичките права... со илјадници можни провокации кои некои деца се спремни да ги направат... не го бранам професорот, немал право да го направи то што го направил... можам да го разберам, веројатно тек така да му текнало да дели шамари, не ќе да е... ама вината не ќе да е само до него... и се согласувам со mamamd дека треба да се земат на одговорност и психологот и директорот... зошто треба и они да бидат прашани, што со ученици кои не дозволуваат нормално одвивање на наставата... затоа што не е доволно само да се пишуваат неоправдани изостаноци... да се пишуваат казни и укори... кај некои тоа едноставно не делува... други мислат дека треба таквите деца да се префрлат во друго училиште... демек ќе ја сменат средината и тоа ќе има ефект... трети велат што ако ги избркаме од училиште, тогаш ќе ги фрлиме на улица и продуцираме криминалци... многу разни размислувања... ефект нема... зошто...? затоа што реков, има илјадници кои работат во образование... но местото не им е таму... па немаат поим како да решат одредени проблеми и појави... и да вистина е... оној Арсов нема поим, колку што знам нема ниту еден час одржано било каде... а треба да ги решава девијациите во образованието... ако грешам нека ме исправат... и има уште многу да се зборува тука... но форумот нема да реши ништо... институциите се тие кои можат да направат нешто... ако во нив се вработени оние кои треба... а колкумина кај нас се такви...?? |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Uchilishtata se refleksija na semejstvata i na opshetstvoto...
I da, na toa treba da se dodade i nesoodvetniot nastavnichki korpus (lugje koi nikogash ne bi trebalo da bidat nastavnici), kako i nefunkcionalnata administracija i ministerstvo. Uchenicite se nivniot kraen proizvod. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сите се прашуваат -Што се случува?
По долго време прочитав еден нормален напис во кој точно е опишана реалната слика и фала богу -прв пат да сретнам-НОРМАЛНИ ПРЕДЛОЗИ- идеи со нешто конкретно Воспитна за сите |
|
FosterThePeople
Сениор Регистриран: 17.Декември.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што се случува со нашето образование?
Лесно и едноставно...се распаѓа!Се додека не се поништи законот за тоа дека професор не може да удри ученик,образованието ќе го достигне најниското ниво до сега кај нас.Порано кога се тепале децата како по мали,а потоа кога ќе пораснат имале некоја лекција запамтено во себе дека не се врти цел свет околу нив,дека не се семоќни и дека треба кон по старите и кон сите да имаат почит и разбир...а сега? Обратно.Децата ги малтретираат наставниците а со тоа другите деца кои што се појдени таму да учат не може да им се одржи салам настава. Зар не гледа владата дека ја РАЗГАЛУВА и ОГЛУПУВА младината?Колку само убиства и насилства се случени во средните и основните училишта!? |
|
I just wanna feel real love.
|
|
mkd76
Група Регистриран: 02.Февруари.2012 Статус: Офлајн Поени: 45 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://www.youtube.com/watch?v=RK0D1YkHRwk&feature=player_embedded#!
Девојката им го плесна во лице стварно храбро и генијално A Што со ова образование кое со сите напори се трудиме да го копираме http://www.youtube.com/watch?v=RK0D1YkHRwk&feature=player_embedded#! Изменето од mkd76 - 08.Март.2012 во 09:59 |
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со нашето образование се случува преоптоварување:
Учениците не можат да ги издржат часовите Целта е веројатно да се прегорат скапоцените мозочни клетки уште на млада возраст кај идните послушни „андроиди„. |
|
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Им го земаат детството на децата
- Од прво до четврто одделение имаат до седум часа, во предметна настава имаат и по осум, што е навистина апсурд. Преоптоварени се и не можат да го следат материјалот - вели педагогот.
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас од прво до четврто одд. (во СФРЈ нали) имав 4 часа... кое дете на 7-8 годишна возраст може тоа да го издржи, 7-8 часа ??? Тие од министерство да си го стават прстот у... на чело и да скратат барем 2-3 часа на децата... стварно, во денешно време не можеш да видиш деца на улица како си играат, ама не е до децата, едноставно немаат време за игра... 7 часа + домашни задачи + фејсбук + курсеви по англиски, тренинзи, балет за девојчиња (божем да не се дрогираат ) ... и кога ќе се освестиш... отиде детството...
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...и ако ги пуштиш кој ќе ти ги чува ма?или нека трчаат по улица и пред коли?Не дека требаат по толку часови да бидат свиткани во училишните клупи и по тоа курсевите за пари иако веќе од самите торби и ранци кичмите им се искривија....но треба нешто друго да измислат платениците од народот.Ако веќе остануваат во школите нека се занимаваат со активности кој не го заморуваат мозокот и не им претставува напор или состојба на телото кое е штетно по развојот.На што личи дете во предучилишна возраст наместо да си спие мирно тоа размислува како ѓе му биде часот по математика..еееееј,математика..па и обичен круг или множество да е,сепак тоа е товар за него.Ова јас вака полуписмен го пишувам не мора да е точно. Барем се фалат имаат школо завршено. |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Внеси реплика | страница <1 1314151617 28> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |