![]() |
|
Цвеќарство |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3456> |
Автор | |
Vesel gradinar ![]() Нов член ![]() Регистриран: 09.Ноември.2011 Статус: Офлајн Поени: 0 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
http://mojataubavagradina.mk/index.php/floras/dekorativni-rastenija-za-gradini-rastenia/292-bonsai-odlgeduvanje-malo-drvo-rastenie-drvce-hortikultura
Нема поубаво нешто од цвеќето:))) |
|
![]() |
|
Renatax ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
И од весел градинар. ![]() |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
![]() |
|
evangeline ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Бегонија цветлива (lat.Begonia)
![]() Во зависност од видот, може да имаат крупни или ситни цветови, но секако во многу бои. Треба да внимавате да не претерувате со залевањето, бидејќи нивните нежни сукулентни стебленца не трпат многу вода. Петнаесетина минути по залевањето одлијте го вишокот вода од подлошката. Во лето залевајте ги на секој 3-4 дена, а во зима многу ретко. Во периодот на раст потребно е еднаш месечно да ги залевате со вода во која е додадено течно ѓубриво за растенија кои цветаат. Кога ќе ги садите бегониите, внимавајте длабнатата страна на коренот да ја ставите нагоре. Садете ги во март или април, во саксии кои ќе ги чувате на температура од15-20°С за да разлистат, а надвор изнесете ги кога ќе помине опасноста од ниски температури, некаде во мај. Кога ќе се осушат листовите, околу средината на октомври,извадете го коренот и ставете го во тресет или песок за да го заштитите од мраз. Женските, ситни цветови кои растат под големите машки цветови, треба да ги кинете додека се мали, за да не троши сила растението за создавање на семе. Ако стебленцата се издолжат, слободно поткастрете ги малку, за да се добие убав грмолик облик. |
|
![]() |
|
evangeline ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Imav ednash vakvo, ama poradi mojata negriza morav da se zboguvam od nego :(
A navistina dobro izgleda.
Цинерарија (lat. Senecio cruentis)
![]() Чувајте го на студено место со многу светлина, но не на директно сонце. Најдобро е да биде на северната или источната страна. Земјата треба да ја одржувате влажна, бидејќи ако се исуши коренот ќе се скрати времето на цветање. Тоа не значи дека растението треба да плива во вода, па по дваесетина минути од залевањето одлијте го вишокот вода од подлошката.
![]() За жал, цинераријата не може да ја поттикнете да процвета и следната пролет. Се размножува со резници во доцна пролет. Едноставно забодете здрав лист во земја. Постои и друг начин, каде на одрежаниот лист треба да му ги исечете врвот и нерамнините од страна. Потоа разрежете го на повеќе делови по ширина (4-5) така да секој дел од листот има и дел од главната лисна жила. Забодете го секој дел во земја со страната која била поблиску до стебленцето. Чувајте го на топло и одржувајте ја влажноста, па ќе пораснат нови ливчиња. |
|
![]() |
|
zagor ![]() Сениор ![]() ![]() Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
..значи она "има мозок ко кокошка" може да се батали веќе! ..по ново се вели.."има мозок ко зумбул"! |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Декоративен кромид (lat. Allium)
![]() Луковиците се садат во текот на октомври за да може да закоренат до првите мразеви. Се садат како и сите останати луковици, на длабочина од 2,5 до 3 пати од височината на луковицата и на растојание од околу 15 cm. Добро поднесуваат ниски температури, па не е потребно да се вадат од земја. Се размножува со делење на грутките од луковици на есен, но секоја трета година. Исто така ако не ги наберете цветовите, семето многу лесно се разнесува со ветер. Постојат многу вариетети со различни височини, а цветаат од пролет па до доцно лето. Еве неколку најпопуларни вариетети: ![]() - Ирански (lat. Allium aflatunense), висок е 60-70 cm со сребрено-виолетови цветни главички, цвета во мај и јуни, а неговите цветови се многу погодни за режење и може да се употребуваат во свежи или суви цветни аранжмани. - Ѕвездест (lat. Allium christophii), со понизок раст, 20-25 cm па може да се сади на почеток на градината, во камењар или во саксии. Исто така има цветови погодни за режење, а цвета во јуни и јули. - Златен (lat. Allium moly), исто со понизок раст од околу 20 cm, цветовите му се во жолта боја. За разлика од останатите, малку е поосетлив па бара повеќе влага и полусенка. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Аглаонема (lat.Aglaonema treubii) ![]() Сака влага, па во лето полевајте ја два пати, а во зима еднаш седмично, но не дозволувајте да остане вода во подлошката. Ако листовите почнат да жолтеат, тоа значи дека премногу ја залевате, или пак е во престудена просторија. Во текот на пролетта и летото прихранувајте ја еднаш месечно со разредено течно ѓубриво за лисести растенија, и оросувајте ги листовите 1-2 пати седмично. Не користете средства за сјај на листовите, бидејќи само ќе и наштетат. Листовите бришете ги со мокра крпа за да ги исчистите од прашина. Се размножува со одвојување на младите од матичното растение. Во почетокот на пролетта кога ќе ја пресадувате, извадете ја од саксијата, и нежно одвојте го младото растение заедно со коренчето. Посадете го во друга саксија со ровка земја (аглаонемата не сака збиена земја) и наскоро ќе потера млади ливчиња. Може и главниот корен да го раздвоите на помали делови, и да ги насадите во повеќе саксии. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Амарилис (лат. Hippeastrum) ![]() Додека расте, треба да го чувате на светло и топло место. Сака влага, па залевајте го секои 2-3 дена, но најдобро е да го пипнете земјата, па ако има потреба да го залеете. Во овој период прихранувајте го на секои 14 дена, се додека не процвета. Кога цветот ќе овене, одрежете го. Листовите оставете ги до есен бидејќи преку нив растението ќе собере храна за следната пролет. Потребно е и поретко да го залевате. Кога листовите целосно ќе овенат, престанете со залевање и чувајте ја луковицата сува околу 10 седмици. Потоа почнете да го залевате, со што ќе ја разбудите луковицата и ќе ја поттикнете да цвета. Во топлите краеви може да се чува и надвор, само не го залевајте во зима, бидејќи на ниски температури луковицата може да замрзне. Ако го чувате во домот во текот на зимата, во периодот на мирување треба да биде во ладна, незагреана просторија. Пресадувајте го секоја втора или трета година во поголема саксија. Ако одлучите да ги одрежете цветовите и да ги ставите во вазна, пред да ги ставите во вода одрежете го стеблото попречно со остар нож. Водата мора да ја менувате секојдневно бидејќи стеблото лачи слуз. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Антуриум (лат. Anthurium) ![]() На антуриумот најмногу му годи место на делумно засенчен прозорец бидејќи директните сончеви зраци му штетат. Температурата во просторијата не смее да биде пониска од 15°C. Ова не е растение кое е едноставно за одгледување. Залевајте го само со мека, млака вода (најдобро дождовница, но ако ја немате тогаш со превриена вода), но не премногу. Бидејќи му е потребна многу влага, најдобро е да ставите каменчиња во подлошката на саксијата, а во неа секогаш да има вода која ќе испарува. Во зима кога е во просторија која се загрева, и во лето, потребно е да го оросувате секојдневно. Антуриумот се размножува со делење на коренот, или пак со садење на младите растенија кои израснуваат од коренот. Повеќе му одговараат плитки, но широки саксии, и задолжително овозможете му добра дренажа. Најмногу му одговара земја која е растресита, тресет со малку песок. Пресадувајте го секоја втора или трета година во мешавина од подеднакви делови на добра шумска земја и многу иситнета шумска мов во која има додадено ситни делови од дрвен јаглен. Во лето, додека цвета, прихранувајте го на секои 14 дена. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Божиќна ѕвезда (лат. Euphorbia pulcherrima) ![]() Најдобро е да ја чувате во просторија каде е влажен воздухот. Таа исто така сака влага и во коренот, но не дозволувајте земјата да е постојано мокра, туку само влажна. Ова најдобро се проверува ако со прстите ја допрете земјата. По петнаесетина минути од залевањето, одлијте го вишокот вода од подлошката. Може и да ставите камчиња во подлошката, како би ја заштитиле од вишокот вода. Ако ја чувате во просторија каде што има централно греење и воздухот е сув, оросувајте ја еднаш дневно за да не ги загуби листовите. Ако успеете да ја сочувате до пролет, одрежете и ги врвовите со цветовите, и ставете ја на балкон или закопајте ја заедно со саксијата во градината, каде ќе расте до доцна есен. За да врвовите повторно се обојат за следната сезона, потребно е да и овозможите краток ден. Тоа значи дека 10 седмици не смее да има повеќе од 10 часа светлина дневно, што е навистина прекомплицирано. Поедноставно е да купите нова, одгледана во стакленик. Кога ќе купувате нова божиќна ѕвезда внимавајте да има цврсти листови и да е со јасни бои, бидејќи можно е при транспорт температурата да била прениска, па растенијата доживеале шок од кој многу тешко ќе закрепнат. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Африканска темјанушка (лат. Saintpaulia) ![]() Ова растение е многу популарно и не е тешко за одгледување. Со малку внимание ќе цвета во текот на целата година. Задолжително отстранете ги прецветаните цветови за да ја стимулирате да цвета што подолго. Треба да ја чувате на светло место, но не на директно сонце бидејќи ќе добие флеки на листовите. Внимавајте да не биде на провев. Залевајте ја два пати седмично, бидејќи сака влага. Но не дозволувајте водата да остане во подлошката. За да и помогнете, во подлошката ставете камчиња, како не би била постојано во вода. Повеќе и одговара залевање во подлошката, и внимавајте да не и ги водените листовите. Лесно се размножува од лист со стебленце. Во пролет стебленцето од листот ставете го во вода или земја. Од прилика за осум месеци темјанушката ќе процвета. Подобро е да ја посадите во плитка саксија бидејќи нема длабок корен, а и сака да биде во тесно. Пресадете ја секоја втора година или кога ќе забележите дека листовите и се сè помали. Ако имате темјанушка која не цутела подолго време, пробајте да ја стимулирате со тоа што ќе ја залевате само еднаш неделно. Ова би требало да предизвика развој на многу цветни пупки. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ерика (lat. Erica) ![]() Во зависност од периодот во годината цветаат различни вариетети, па може постојано да имаме некое расцутено растение во градината. Во есен цвета видот Erica gracilis со розови, или пак Erica gracilis alba со бели цветови. Во зима доаѓа Erica hyemalis која има розово-бели цветови кои личат на ѕвончиња. Во пролет цвета Erica wilmorel, а во лето Erica ventricosa. ![]() Ако ги чувате во куќата не дозволувајте коренот целосно да се исуши и повремено прскајте го. Не им одговараат високи температури (најмногу 15°С) и сув воздух па затоа избегнувајте простории со централно греење. Земјата треба да биде растресита, со многу тресет. Видот Gracilis може да го посадите директно во градината бидејќи е поотпорен од останатите. Во зима ливчињата ќе станат кафени, но на пролет полека ќе почнат да раснат млади гранчиња и целото растение ќе зазелени. Ако живеете во краеви каде зимите се поостри, тогаш околу коренот ставете ситни гранчиња или ситна кора од дрво за да го заштитите. ![]() Се размножуваат со резници долги околу 3 cm во доцно лето. Употребете мешавина од ½ песок и ½ тресет, отстранете ги долните ливчиња и со стапче направете дупка во земјата каде ќе ја посадите резницата. Полејте ја и покријте ја со најлон или исечено пластично шише. Секој ден проветрувајте ги садниците 5-10 min за да не почнат да трулат. По 3 седмици резниците би требало да бидат добро закоренети, па отстранете ја прекривката. Кога купувате Ерика внимавајте на ливчињата. Треба да бидат зелени и ако малку го протресете растението тие не треба да паѓаат. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Драцена (lat. Dracaena)
![]() Растот се одвива така што на врвот на стеблото растат нови листови, а старите кои се на дното на стеблото постепено отпаѓаат. Така со време стеблото оголува и драцената наликува на палма. Расте релативно бавно, а растението е многу долговечно. Негувањето на ова растение е многу едноставно. Најдобро е да го сместите во светла просторија, подалеку од директно сонце, но избегнувајте ходници или скалишни простори кои се студени и може да имаат провев. Идеална температура е околу 17-27°C. Во текот на зимата може да биде и малку пониска, но не под 15°C бидејќи студот му пречи на растението и тоа може да угине. Во зима треба и да престанете со прихранување. Во лето залевајте го на секои 3-4 дена, а во зима поретко но земјата одржувајте ја влажна и не дозволувајте да се исуши. Ако е во просторија каде има централно греење и воздухот е сув оросувајте го редовно. Повремено избришете ги листовите со влажна крпа. ![]() Пресадувајте го на секои две години во поголеми саксии, а некогаш и секоја година, во зависност од тоа колку пораснало. На дното на саксијата ставете чакал или парчиња цигла за подобра дренажа. Доколку му паѓаат листовите кои не пораснале целосно, тоа е прв знак дека растението е премногу или премалку залевано, или е во просторија каде е сместено температурата е прениска. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Газанија (lat. Gazania)
![]() Може да ја посадите во градината, во сандаче или саксија која треба да биде малку поголемa бидејќи има голем корен. Цвета од април до октомври. ![]() Мора да е посадена на сончево место бидејќи во спротивно нема да цвета, а земјата мора да има добра дренажа. Садете ја на растојание од 25-30 cm бидејќи коренот многу брзо се шири. Не ја залевајте многу обилно. Се размножува со семе или ако презимила може во рана пролет да го поделите коренот. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3456> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |