IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Кина
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кина

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака
kokomoko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1363
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kokomoko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2009 во 00:47

Kina- drugata strana od prikaznata za svetot !!!

......
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2011 во 05:32

10 работи што не ги знаете за Кина

 

1. Кина егзекутира три пати повеќе луѓе од остатокот на Светот

Според најновиот извештај на Amnesty International во Кина годишно има три пати повеќе пресуди на смрт отколклу во целиот Свет заедно. Само во 2008 година потврдени се 1718 смртни казни, но се проценува дека вистинската бројка е околу 6000. Автобусот а сликата се вика „Комбе на смртта“ и во него се извршува смртната казна со вбризгување на отров. Според кинезите овој начин на убиање е многу похуман отколку стрелањето кое го применуваа до сега.

2. Во Кина моментно има повеќе христијани отколку во Италија

Да, да , добро прочитавте. Според процените денес во Кина ина околу 54 милиони христијани, од кои околу 40 милиони се протестанти, а 14 милиони се католици. За споредба Италија има околу 60 милиони жители од кои 79% се христијани.

3. Повеќе од 4000 бебиња во Кина биле крстени „Олимписки игри“ во 2008 година

Би рекол дека оваа појава нас не ни е непозната бидејќи по улиците во Скопје се шетаат многу Касандри, Ранду, Шехерзади, Онури и слично. Само пто кинезите биле преокупирани со Олимпијадата.

4. Кинезите употребуваат 45 милијарди стапчиња годишно

Или во превод 25 милиони дрва годишно.

5. Повеќе од 200 милиони луѓе во Кина живеат со помалку од 1 долар дневно

Стапката на сиромаштија во Кина е намалена од 64% од популацијата во 1984 година, на 10% денес, но сепак 200 милиони луѓе е многу.

6. Над 700 милиони луѓе во Кина пијат загадена вода

Иако во Кина живее 20% од светското население, таа на своја територија има само 7% светските резерви на питка вода. Според Светската Банка 90% од подземните во ди во градовите и 75% од реките и езерата во Кина се загадени.

7. Сладоледот и шпагетите потекнуваат од Кина

Сладолед, односно замрзната мешавина од млеко и ориз се продавала во Кина во 200 година п.н.е. Исто така, неодамна во западна Кина е пронајдена чинија со шпагети (noodles) стара 4000 години. Постојат и други докази дека шпагетите во Италија го донел Марко Поло.

8. 50% од фалсификуваните производи во Европа потекнуваат од Кина

Врвот на листата на најфалсификувана стока без конк*ренција го заземаат CD/DVD производите, додека втори на листата се цигарите, зад кои се наоѓа облеката.

9. Во кина сеуште има средновековна чума

Лани во кинескиот дел на Тибет цел град со 10.000 жители бил ставен под карантин 2 недели, поради епидемија на чума. Да, онаа истата од Средниот век за која учевте на часовите по историја.

10. До 2025 во Кина ќе бидат изградени 10 градови големи колку Њујорк

Брзината со која кина се урбанизира е неверојатна. Доколку продолжи со истото темпо во 2025 година 926 милиони луѓе ќе ќивеат во градови. Тоа значи дека Кина ќе има 219 градови со повеќе од 1 милион жители. За споредба, Европа денес има 35 градови со повеќе од 1 милион жители и 24 со повеже од 5 милиони. За да се сместат сите луѓе, ќе бидат изградени 5 милиони згради, од кои 50.000 облакореди ( 10 пати повеќе од Њујорк).



Изменето од емил - 19.Јануари.2011 во 05:32
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2011 во 07:07

Камена Шума Јунан (Yunnan)

 

Во Јужната кинеска покраина Јунан (Yunnan) има супертропска клима и растат многу рододендрони и камелии. Главниот град на покраината Кун Минг е познат како град на вечната пролет, а целата област претставува ризница од растенија и дрвја.

Шумата што се наоѓа на висорамнината 120км југоисточно од Кун Минг не е позната по дрвјата, туку по варовничките столбови со необични форми што ги создале времето и природните услови. Јунанската камена пума се простира на подрачје од 5км квадратни и во неа се наоѓаат безбројни камени столбови, меѓу кои некои се високи колку човек, а други пак и до 30 метри.

Некои камени столбови изгледаат како бамбусови стебленца, некои како големи мечеви, други пак личат на птици или животни, крупни печурки или јагоди.

Многу генерации биле инспирирани да ги опишуваат, што се открива преку нивните имиња: "Фенкиксот што ги дотерува своите пердуви", "Скалест водопад", "Одмаралиштето на лавот", "Врвот на лотосовиот цвет". Во некои групи има стотици столбови, а други стојат осамени. Во мрачните премини меѓу столбовите се наоѓаат базени, пештери и кривулести патеки со бујна вегетација. Скалите што изгледаат како да се направени за да се помине полесно меѓу вертикалните карпи покрај многу места каде што се всечени. создаваат лавиринт што ги надминува сите човечки творби. На некои места постојат мостови и павилјони што оставаат впечаток дека се наоѓате во некоја шумска градина.

Многу карпи се покриени со мов и лишаи; и покрај недостигот на почва и ограниченото количество на дневна светлина во погустите делови на шумата, таму одлично успеваат, држејќи се за стрмнините, растенијата што ползат, а нивните црвени и розови цветови ја прават оваа необична глетка уште поживописна.

Пред повеќе милиони години оваа фантастична шума изгледала како компактна маса од варовник.

Движењата на Земјината кора ја издигнале и ја обиколувале благо разбрануваната висорамнина, а на варовникот создале многу вертикални пукнатини. Дождовницата и водата од почвата, поради бујната вегетација заситена со јаглероден диоксид, се претвориле во блага киселина која многу делотворно го растопува варовникот, така што пукнатините многу брзо се прошириле. Првобитниот слој од варовник во централниот дел од Камената Шума денес речиси и го нема бидејќи го стопила киселината, а тоа што останало, стои во облик на остри, камени кули со жлебови

 
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2012 во 13:51

Разнобојната Пештера – Флејта 


Едно од чудата во светот кои одземаат здив, е секако Reed Flute Cave (Пештерата Флејта), која се наоѓа на 5 км од градот Гуилин во областа Гуангкси, Кина. Своето име оваа пештера го добила по трските кои растат пред нејзиниот влез, а кои се познати по тоа што од нив се прават кавали.

Внатрешноста на ова неверојатно природно дело, која е составена од варовник е осветлена со разнобојни светла, кои и даваат убавина која изгледа како од друга планета. Проценето е дека пештерата постои – верувале или не, околу 180 милиони години, а е мета за посетителите веќе 1200 години (доказ се 70 пронајдени написи со мастило, кои датираат од 792 година во време на династијата Танг.)

Пештерата – Флејта има облик на буквата “U” и е погодна за долги прошетки, во кои посетителите ќе уживаат во импресините сталагмити, сталактити и колонии од варовник кои се формирани пред илјадници години и се формираат до денешен ден.

Исто така, надвор од пештерата постои еден неверојатен парк со фасцинантни градини, езерца, пагоди и мирни патеки за уживање.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10


Автор е Марија Јовановска







I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2012 во 01:46
Sega vo Kina mozhete da prestojuvate kako turist 9 ili 10 dena vo hoteli so 5 zvezdi, so poln pansion, patuvanje megju gradovi (Peking, Shangaj...), vlezni bileti vo muzei i mesta na atrakcii, so platen tip za site restorani i uslugi, vkluchuvajkji i vodich koj znae odlichno angliski jazik za nekade okolu $380.

Vie treba samo da si osigurate kineska viza i avionski bilet do tamu i nazad.




Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
paton Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 789
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај paton Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2012 во 01:47
што мајка барам Кина....јас у албанија не можам да отидам со лична карта......
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2012 во 01:54
И јас тоа си велам... што мајка бара човеков во тема за Кина кога не може да отиде ниту во Албанија ??? 
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
paton Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 789
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај paton Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2012 во 01:57
аааа...па ти демек вчера се врати од Кина.......и сега си мао це донг
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2012 во 15:54
kina?збунетост

...ma,begajte od nea podaleku...koga ke im pukbne....''balonot'!да
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
saguaro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 482
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај saguaro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2012 во 21:28
Беше маж ми во Шангај пред две години. Вика никој не знаел англиски, со раце морал да мафта за да се разбере, а Њу Јорк на Шангај вода можел да му носи со облакодерите.
Најинтересно му било кога видел еден долг ред на кинези како чекаат на улица, па отишол да види што тоа чекаат, кога тие за печени костени чекале .
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2012 во 22:07
Pozdrav od Beijing   

Da me prasa nekoj so praam u 4 h sabajle i ja ne znam . Ajde use malce da se razdeni pa do kineskio zid
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2012 во 22:11

баш се радувам што машата Mindy...отишла дур до Кина.среќа

Да ми донесеш така-толкав камен од кинескиот ѕид...ќе ми треба за расол зелка..за потис.дапо можност беЉутрак! ...ако има.

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2012 во 22:23
Originally posted by zagor zagor напиша:

баш се радувам што машата Mindy...отишла дур до Кина.среќа

Да ми донесеш така-толкав камен од кинескиот ѕид...ќе ми треба за расол зелка..за потис.дапо можност беЉутрак! ...ако има.



hahahaha nasmea me druze vazi , cim e za rasolnica nema problem
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2014 во 16:17

Волшебни оризови полиња во Кина

Волшебни оризови полиња во Кина
Оризовите полиња во Јунан, Кина, кои се протегаат долж Црвената река, се познати низ светот по своите прекрасни оризови тераси. Оваа област воедно е вклучена во листата на светското културно наследство во Кина. Се уште недопрено од љубопитните туристи, ова место ја има сочувано својата автентичност.

Терасите биле рачно ископани од Ханите, пред околку 1000 години, во планините кои се наоѓаат на 1800 метри надморска височина. Водата се канализира од врвот на ридот, а полињата се наводнуваат од ноември до март, додека пак оризот се бере во септември.

Иако патиштата кои водат до ова место не се со најдобар квалитет, сепак, искуството кое може да се доживее е навистина уникатно. Покрај прекрасните тераси, животот и културата на етничките групи откиваат уште една волшебна страна на Кина.

000069 2013-09-02 10_57_54-The Stunning Landscapes of Rice Field Terraces in Yunnan, China _ Places to See 2013-09-02 10_58_56-The Stunning Landscapes of Rice Field Terraces in Yunnan, China _ Places to See 2013-09-02 10_59_12-The Stunning Landscapes of Rice Field Terraces in Yunnan, China _ Places to See 2013-09-02 10_59_24-The Stunning Landscapes of Rice Field Terraces in Yunnan, China _ Places to See 2013-09-02 10_59_41-The Stunning Landscapes of Rice Field Terraces in Yunnan, China _ Places to See 2013-09-02 10_59_55-The Stunning Landscapes of Rice Field Terraces in Yunnan, China _ Places to See 2013-09-02 11_00_27-The Stunning Landscapes of Rice Field Terraces in Yunnan, China _ Places to See 2013-09-02 11_00_44-The Stunning Landscapes of Rice Field Terraces in Yunnan, China _ Places to See 2013-09-02 11_01_03-The Stunning Landscapes of Rice Field Terraces in Yunnan, China _ Places to See 2013-09-02 11_01_16-The Stunning Landscapes of Rice Field Terraces in Yunnan, China _ Places to See 20121223-235739 Pictures in the News: Yuanyang, China

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.