|
Македонски плати - западен стандард |
Внеси реплика | страница <1 89101112 13> |
Автор | |||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Испратена: 31.Март.2012 во 17:52 | ||
Луѓето од Америките одат на одмор на карипските острови (Доминицана, Цуба, Ст.Мартеен, Аруба...) бидејќи тие им се најблиски и најефтини. Поефтино им е на американиве да одат на одмор во тие држави од "третиот свет" отколку да одат по Америките. Мене ми е поефтино да одам во Доминиканска Република една недела со полн пансион и топло море отколку да одам во комшилук во Лас Вегас без пансион и топла пустина. Друга работа е што карибите се далеку од вас и вам ви изгледаат егзотично. Тие се исто толку егзотични за вас колку што е егзотично Егејското море за американиве. Да му кажеш на некој од нив дека одиш недела дена на одмор во Грција ќе помисли дека си милионер. Башка што карибиве не можат ниту да се споредат со оноа што нуди Европа... остави ги рекламите на страна. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Испратена: 31.Март.2012 во 17:58 | ||
Ај малку да се самоцитирам, во контекст на муабетов... Видете кои и колку луѓе биле....А не прочитале на флаерот дека цените не важат за плаќање на рати...и дека можат само по еден производ да земат... Го утепаа човекот, па ваква гужва не видов на нет кога го пуштија новиот IPad
|
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Испратена: 31.Март.2012 во 18:01 | ||
Амин! Ама ако јас го реков ова, тогаш брза ќе ми ставеше еден ред емотикони со блуотини и ... и... и ќе му се расипеше плочата, ќе му прегореше осигурачот... |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Испратена: 31.Март.2012 во 18:03 | ||
И Шпанија е во Европа, поблиску од Куба на Америте, ама една карта за до таму е колку една МК плата. Сигурно не е еден авио билет до Ст.Китс да речеме 3000 долари. Па Италија, Кан, Монако и Монте Карло се недостижни за Македонците....а колку ни се блиску..нели
Изменето од Santijago - 31.Март.2012 во 18:06 |
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Испратена: 31.Март.2012 во 18:21 | ||
Пивото што му го обеќав на БРЗА затоа што хе мејд мај деј јестердеј ќе му го исплатам со големо заоволство во скопската ирска крчма. Абе ако треба и у долг на кредитна карта ќе одам, ама обеќање си е обеќање!
Не знам зошто „домашните“ македонци толку се стрват на „странците“... Едноставно оие вториве имаат друга и поширока перспектива. Убаво ви кажа месинџерот - за нас Куба е слично како за вас Грција, Албанија или Бугарија - колку и да ви изгледа препотентно. Никој не спори дека животот во МК не е лесен за голем дел од населението но немојте да мислите дека секој тука може да си дозволи да оди на одмор. Основната разлика е што до мали пари во Америките се доаѓа релативно лесно - не треба да си рокет саентист, а во МК многу потешко. Обратното важи за големите пари.
И уште нешто: релакс енд тејк кеар оф јорселф. Има многу полоши места од Македонија, и многу подобри од Америка.
|
|||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Испратена: 31.Март.2012 во 18:27 | ||
Сега не знам како да прокоментирам... секогаш је има некои луѓе кои нема да имаат повеќе пари од некои други луѓе. Ама јас, уште во некогашната СФРЈ, два пати бев во монденскиот и скапиот Monte Carlo (Monaco), еднаш во Can, еднаш во Antibes - Juan les Pins, еднаш во Barcelona, еднаш во Москва, еднаш во Ленинград, еднаш во... И сега што да прокоментирам за тоа кога во исто време имаше луѓе кои не можеа да одат на одмор во Охрид. И што да прокоментирам за фактот дека кога јас живеев во Македонија немаше шанса да дојдеш до стан без земање и исплаќање кредит со десетлетија (мојот чичко не го исплати станот ниту за 30 години и тоа мораше да го направат постхумно неговите два сина) ... додека денес вие барате можност истиот да биде исплатен за само 5 години !!! И што да прокоментирам за тоа што денес мојот пријател од Скопје секое лето оди на летување по Италија, Шпанија и Грција, а на зимување по сите најпознати европски скијашки терени... нешто што јас од тука можам само да си сонувам. Секогаш било така и за жал така ќе остане - некои ќе имаат, а некои ќе немаат. За некои Македонија ќе биде Америка, а за други Америка ќе биде Македонија. Тоа е факт на живеењето и џабе правиме дупка во вода со вакви дискусии. Изменето од Messenger - 31.Март.2012 во 18:44 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Испратена: 31.Март.2012 во 18:33 | ||
Амин ! Да си ми жив и здрав ! |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Испратена: 31.Март.2012 во 18:44 | ||
Да де, тогаш ми кажуваа старите...во кола и правец кај ти текне. Не било опасно ни во кола да преспијат, платите им биле солидни. Кажуваа дека од Грција доаѓале за да купуваат се и сешто затоа што они ништо немале. Дури и тенџериња купувале од МК. Беда... Во некогашната СФРЈ не било како во сегашната МК. Факт е тоа Тогаш можело да земат кредит и да го исплаќаат цел живот..знаеле дека шансата да ја изгубат работата била само 10% од овие шанси што се сега. Па дојде време кога имаше чекови, па со сина картичка земаа луѓето по 20 чекчиња а еден можеа да го пишат на максимум 20.000 ден. Па куќи изградија луѓево. Од ништо нешто. Па после продаваа катови од куќи и што ти не. Па на времето ги "губеа" чековите по државните фирми, па врати, прозори и цели коли им излегоа скоро џабе. Стариот мој велеше, ме викаа да одам во Канада да живеам, јас им реков Америка и Канада за мене се тука. Тука живеам подобро од што живеете вие таму, нема зошто да одам. Абе друго време, нема збор
|
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Испратена: 31.Март.2012 во 19:27 | ||
И конечно дојдовме до исто мислење, не е лесно ни таму ни тука, ама таму имаш поголеми шанси да ринташ и да излезиш од кал, а тука покрај со сиромаштија мораш да се занимаваш и со несекојдневни насилни ситуации од кои- навикнати од некои други мирни времиња-се плашиме ама веројатно тоа е капитализмот (или анархијата). за жал светот по тоа изгледа не познава и не пишува. Ethnic violence belies Balkans peace |
|||
saguaro
Сениор Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
Испратена: 31.Март.2012 во 19:42 | ||
Имам роднини во едно мало место. За нив 8.000 денари месечно се како 80.000 за мене. Зошто? Затоа што ловат риби за беспари, ловат диви птици за беспари, берат печурки за беспари, имаат зеленчук и овошје. Луѓето немаат ден стаж, а ко што велат не им ни треба. Во истото место на времето живееше еден клошар цели 80 години убав живот.
Кое е местото не ви кажувам . |
|||
saguaro
Сениор Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
Испратена: 31.Март.2012 во 19:44 | ||
Како и да е, во Македонија од глад не се умира. Затоа е богата земја.
|
|||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Испратена: 31.Март.2012 во 19:49 | ||
Срам да ти е А баш ми се посака ... Лов, риболов, убава градина, доматче, пиперче, краставичка, јабока, крушки, сливи, цреши, вишни, јаготки од оние што растат нагоре, праски, кајсии. Ме асоцира на рајот...овај..на куќа во некое планинско место, со планинска рекичка..Ме асоцира на Македонија
|
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Испратена: 31.Март.2012 во 21:28 | ||
....да ви кажам право,по она што го прочитав од нашите иселеници овде поубаво се живее....мала споредба,како оние нарачаните анкети од ООН и Шатев...не именувам ама белки ќе се најде спаринг... -за разлика од тебе,јас овде купувам патики 3-4 пара годишно....плус кондури,плус чизми и тоа секоја година.Маици,гаќи чорапи.....пет пара за 1,5 евро!Сеико саат 20 евра,Луј Витон ..имаш за 10 евра...ама најнов модел Луј Ватен имаш и за 5 евра...и да не набројувам!Ве жалам.... -возам кола со кубикажа како твојата,ама одржувањето за неа е три-пет пати поевтино, може и повеќе поради тоа што нема ниту Е од електроники и компјутери.. -имам 5 во едно,телефон,фотоапарат,камера,часовник и дигитрон(за на пазар,ќе се најде)..за разлика од тебе што ете незнаеш што е добро па ти "смкнале" пари за секој производ посебно... -имам цврст интернет..со бандери и жици,наместо твојот безжичен и сателитски..па постојано ти се мешаат некои ванземаљци во систем или мрежа!.Додуше,се случува некогаш да се оштети бандерата или жиците и да немам врска треттина од месецот,ама и тој намерник лошо си поминува..Сметката како лојален корисник со се претплатата си ја плаќам во целост!Зарем ќе се циганчам за 200-300 денари..срамота е..и греота!. -ја бе каков Панасоник телевизор имам,Ти ќе паднеш на "гс!.Моделот не можеш ни на твојот "суперсоник" интернет да го најдеш,а марката е иста!!!.Само за кај нас..по нарачка.Како Владата сум..и автобус по нарачка можам да си купам!.Само за кај нас... -ако сакаш твојот партиски миленик да дојде на власт,секогаш гласај против него...функционира нешто тука неверојатно мистично околу политикиве... -кога купувате ново авто,глејте да ви служи,пошто глупо е после 2-3 години,на се сиромаштија таму кај вас,да го шитнете за само 10% од ново...и пак друго да купуваш. -ми се досади од класик одмори..одиш се печеш како на ражен,се бањаш..гужва..тиња на брегот...Абе по ново,практикувам одмор авантура,живот на коцка....преживеан во сопствена режија ..често без сценарио.Настани како на лента...! -Ќе одам во Италија,Грција...Шпанија...ма дај,да се изгубам нели..па да не можам да се вратам дома..во овој рај на земјава Божја...!Па таму гледаш бре дека цел свет оди и не е интересно..вака..Сафари во Европа..или ТОЈ или ЈА!.Маме мамино да му.... После се,се надевам дека еден ден ќе Ви се наместат картите и дека ќе Ви бидат наклонети ѕвездите и ќе можете да ви се исполни вековниот сон..да добиете виза за стално ..овде..во РМ!. |
|||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|||
saguaro
Сениор Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
Испратена: 31.Март.2012 во 21:42 | ||
Они ќе си се вратат во Мк како пензионери и таман пензиичката тука добро ќе им стига.
|
|||
Внеси реплика | страница <1 89101112 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |