|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 131132133134135 138> |
Автор | |
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Исфрлање на непотребни токсини
Се погледнав во огледало и што да видам – ХИБИСКУС ПРЕД УМИРАЊЕ. Витални способности – при крај. Таман сум ги отворила и срцето и умот кон нови хоризонти и од почвата баш тогаш наоѓа да изртува нешто што ќе ме дамлоса, нешто што не се вади од корен, но луѓено штом ќе го забележат ќе го изгазат. Ах, а тоа е толку кревко, згаснува ко веќе дувната роденденска свеќа пред суровите критериуми за нормалитет, онаа општо позната а и веќе многу досадна теорија по прашање што е природно, а што не. Признавам дека теоријава е темелосана на цврсти аргументи... ни помалку ни повеќе – на цитати на библијата. Ќе ги запалам сите до еден и ќе и се изможам на пепелта, да исфрлам се што е токсично и да и олеснам на бешикава. |
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
c`s d life is in love with u an` won`t let ya go |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
ManWithoutSoul
Нов член Регистриран: 26.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 16 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Граница дури и на љубовта
Не постои време, тоа е само уште еден човечки поим, за хронолошки поредок на периодите. Не постои време, тоа е само средство, сакам да кажам, единица мерка, за одбројување, еден животен век. Не постои простор, и тој е дел од, апсурдите на човештвото. Како може простор, да постои, токму во бескрајот? Не постои простор, кога душата не познава, граница на површност и длабочина, кога срцето не знае, за затворен круг, ограничен простор, од каде не би смеело, да си дозволи бегство. Хоризонтот е само привид, желба на човекот, да постави, крај во бескрајот, и свое засолниште да создаде, па сигурно да се чуствува, зидините потпори да бидат, но не помислува, дека на тој начин, граница става, дури и на љубовта. |
|
Оној кој позајмува книга е идиот.
А оној кој ја враќа позајмената книга е уште поголем идиот. |
|
Anarchy
Сениор Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не! Јас сум далеку од вистината,
а воопшто не ја ни барам, само знам дека ми треба, но нека, ќе издржам и без неа, подобро без неа, отколку да се потврди тоа во што се сомневам. Старата вртелешка, се уште служи се вртам толку силно, небаре ќе излетаат сите мисли кои ме мачат, за тоа што си и што значиш во мојот живот. А што да бирам, кој ли пат сега сите се толку светли на почетокот, а толку црни, крајот секогаш е ист, без разлика што и да одберам, вистината пак ме повредува... а не ми треба... Ќе ископам една дупка, доволно голема и длабока, за да го закопам овој внатрешен глас, кој упорно ми кажува дека ти си вистината, која толку многу ме повредила и повторно ќе пробам да не верувам, дека си била стварност, дека воопшто си постоела, ќе верувам дека си била само Илузија. |
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Израснав во семејство каде што се негуваат идеалите кои зборуваат за тоа колку е животот суров, црн, мрачен, во семејство каде што мојата радост беше нарекувана летање во облаци и нешто кое што нема допирна точка со реалноста. А јас само сакав да се смеам, јас сакав да бидам среќна со тоа што го имам. Дваесет години потрошив во обиди некому да му бидам доволно добра и сеуште не знам како преживеав во сета таа парадоксалност на нештата. Двојни пораки од крвопијци жедни за убиство. Сега почивам и ме оплакувате што се смеам, сега ме мразите што не потклекнувам повеќе на вашите наредби. Чувствувам како ме нагризнувате со чувството на вина за да паднам повторно во ваши канџи, но попусто, веќе не ме боли ништо, вашите заби се слаби и потрошени! Немој да мислиш дека смртта на мајка ми и нејзиниот пат дотаму се доволна причина за да останам во калта со вас. Не ми кажувај колку и како треба да ја сакам. Имам право и да ја сакам и да не ја сакам, имам право да се покорам на вашите наредби и да ги одбијам истите, имам право да се смеам и да летам во облаци, имам право да чекорам по својот пат и да одлучам јас кој сакам да ми прави друштво од време на време.
Мојата служба на вашите бесмислици завршува овде. Ова е точка на разидување, точка од каде што почнува мојот живот, суштински важен момент кога јас ја превземам одговорноста за случувањата во мојот живот. Ова е онаа секунда од животот кога се поклонувам пред иконата на моите идеали, икона со една широка и ведра насмевка која што ми го грее срцето и ме исполнува со љубов. Ова е моја религија која што го одобрува мојот начин на живеење, тоа е лик кој ме сака и ја благословува секоја моја постапка, бог кој ми простува кога грешам. Тоа е лик чија што рака ми ги брише солзите и ме поттикнува да продолжам. Нешто кое што верува дека можам. Тоа е возрасен дел кој ме теши кога голтам од калта, но и еден детски дел кој се радува на сите успеси. Скокотливост и разиграност, музика и чаша вино, водење љубов и бајки, циркузанство и мудрост, кршливост и солзи – ЈАС! Ја бришам крвта која тече од расцепот создаден од сите тупаници добиени во животот, капнува солза која што го разбранува мојот живот, се рушат пред мене сите зони на комфорт кој сум ги земала од надвор и со овие раце си создавам своја.
Гледај ме, летам! Право кон облаците! Колку и да се трудиш да ми го згазиш сонот тој е поголем и од тебе. Ги крши тенките стаклени убедувања ‘ти не можеш’. Јас можам... но не за да ти докажам на тебе кому што му се обраќам, животот е еден за да го потрошам толку неквалитетно. Јас можам и јас сакам да му понудам на светот една широка и ведра насмевка која извира од центарот на мојот свет, од моето срце. |
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
Љиљана
Нов член Регистриран: 24.Јуни.2011 Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Боље ишта него ништа! Тако мисле чудовишта. Неки мисле, мисле баш. Нема цене. Дај шта даш. Свака роба има вредност. Та јој вредност даје предност. Зато немој! Немој ти! Немој лоше мислити. Немој да те слабо знање, Доведе у тешко стање. Благо што га знање даје. Капитал је који траје. Ко год учи, ради вредно. Неће бити биће бедно. Знање мења стева однос. Буди унутрашњи понос. Ако желиш богат бити? Мораш вредно ти учити. Па кад будеш знање стеко: Бићеш неко! Бићеш неко! Духовно ћеш стално расти. На колена нећеш пасти. Можеш трпет судбе коб. Али нећеш бити роб. ЗНАЈ ДА ЗНАЊЕ, ПРАВО ЗНАЊЕ. ТО ЈЕ НАЈВЕЋЕ ИМАЊЕ. Љиљана Ћуић |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
nekogas vaka i nas ne ucea, no noviot sistem gi smeni vrednostite, pa znaenjeto i ne e nekoja vrednost... pesnata e povekje od dobra...
|
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
усмихвам се когато страдам
говоря докато мълча и буден съм като заспивам а бурените мисля за цветя аз мразя докато обичам в лъжата търся истина живея докато умирам и пиша без да мога да чета в началото бе края а в тъмнината виждам светлина Изменето од d4 b3 - 01.Мај.2012 во 09:49 |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
MNOGU E DOBRO, samo so e kontradiktorno prema mene treba da e pesnata vaka и буден съм като заспивам а бурените мисля за цветя аз мразя докато обичам в лъжата търся истина живея докато умирам и пиша без да мога да чета в началото бе края обаче, искам в тъмнината да виждам светлина Изменето од anakin - 01.Мај.2012 во 11:54 |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
контрадикторно ми е
c'est la vie |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ла ла
|
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тајни обвиткани
со чувство на вина. Кому му се потребни? Зошто да се плашиме каков впечаток ќе
оставиме? Јас сум таа што сум, впечатокот луѓето сами си го градат. Многумина
ја криеме сопствената болка, но секогаш најтаинствен е начинот на кој се
справуваме со нејзе. Сите се трудиме да бидеме нормални во очите на другите, но
што правиме кога сме сами со сопственото лудило? Некој посегнува по чашката,
некој по ножот, некој по иглата – секој си има свој начин. Луѓето не’ осудуваат, па затоа и имаме свои тајни и
не бараме помош кога ни е најпотребна. До кога ќе се покажуваме со прст едни со
други и ќе се нарекуваме: слабак, плачко, женкар, курва, педерче, машкоданка
итн? До скоро верував дека се плашам од сопственото постоење, но не, јас се
плашев од соочувањето со сопствената болка, со сопствените демони, со
критичарот кој ме угнетува. Секој е автодеструктивен на свој начин, но јас
верувам дека излекувањето е во соочувањето со тоа што не прогонува. Што и да
правиш во самотните часови кога чувствуваш дека губиш тло под нозете, независно
дали спасот го гледаш во резот на острицата по твојата кожа или чашката алкохол
итн. – постојат луѓе кои ќе те прифатат онаков каков што си и ќе те сакаат. Не
си сам. Постојат луѓе на кои што им е побитна твојата душа. Да шириме љубов
наместо омраза, подобро некому да му подадам цела рака и да го вратам назад во
живот отколку со прстот да го осудам и да го турнам во неговата сопствена
провалија. |
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Болка
Страотно!Досега немам видено човек,кој под јаки седативи не можеа да го совладаат ниту тројца,цврсти мажи,кои се обидуваа да го приковат за креветот за да медицинскиот персонал,односно една млада лекарка успее да му даде средство за смирување. Погледот ми беше кон чичко ми. Го гледав како се бореше за да ги тргне рацете,кои цврсто го држеа приклештен за креветот. Едниот од нив го прегрна зборувајќи му дека така требало да биде,треба да размислува и за ќерка му,впрочем има и друго дете на кое му е потребен,мора да собере сила и храброст да живее. Чичко ми плачеше,рикаше од болка,страшен крик од кој крвта ми се следи во вените. Во еден миг како да се смири,како да седативите успееја да го совладат,но не и болката. Од неговите очи течеа солзи.Се надевавме дека успеа да се смири од седативите,но незнам каква сила имаше,и како некое рането животно почна грчевито да мавта со рацете,се бореше за воздух,се гушеше. Се стресов,призорот беше страшен .За прв пат видов човек речиси при умирање. Сите се стрчавме,го прскавме со вода. Младата лекарка,од медицинскиот прибор,од онаа црна чанта извади шприц и некои комбинирани инекции и го боцна чичко ми кој се уште имаше тикови стегајќи ја вилицата. На еден миг помислив дека се е готово,дека чичко ми е готов. Запрепастено и немо гледав во призорот,не верував дека сето тоа се случува,посакав оваа да е само еден лош сон...да, оваа е лош сон и јас сега ќе се разбудам. Неговиот крик ме врати во реалноста,плач и лелек. Повторна започна борба да го совладаат...помислив каква е таа сила што го држи мојот кутар чичко. Тој урликаше. Неговиот глас не излегуваше од грлото туку од душата. -„Го убија!!! Го убија кучиња,клети кучиња го убија!!!„ Настојуваа да го смират,но немаше сила која би го сопрела да престане да плаче, вреска од преголемата болка. -„Ах,Кирил бе Кирил!Ах,дете мое!Ах,кучиња бре кучиња!!!„ Во собата влезе уште еден лекар. Беше повикан бидејќи на чичко ми му беше уште по лошо,не се смируваше,како вода да му даваа наместо седативи. Лекарот со сериозен,прашалнички тон ја праша својата колешка каква терапија му има дадено на пациентot.Од нејзиниот треперлив глас се гледаше дека е млада лекарка,додуше не без искуство,плашејќи се нешто да не згреши во рапортот на искусен и постар лекар. Ја опиша клиничката состојбата во која го има затекнато пациентот,односно мојот чичко,со кои инекции и седативи го има боцкано. Лекарот бледо и зачудувачки ја погледна својата млада колешка и со строг глас и се обрати: -„И,ти,на овој човек,во оваа состојба си дала оваа терапија!?.Како ли успеа само да ја земеш дипломата?„ Младата лекарка пребледе. Настојуваше да му објасни на лекарот нејзината гледна точка на клиничката слика на пациентот.„Но јас...Лекарот ја пресретна со презирен поглед и со строг тон и нареди кои ампули да отвори и тој самиот го боцна чичко ми,кој за кратко време се смири,немаше сила да ги подигне рацете,а очите едвај ги држеше подотворени од кои сами ,како река течеа солзи. Незнаев што да правам,не можев да ја гледам таа болна тага на лицето на чичко ми. Излегов во дворот да се освежам,мислев дека ќе се онесвестам од таа цела ситуација, како да не можев да сватам дека реално се случува,дека оваа не некој мој лош сон, како оваа да се случува на некој друг. Не,оваа е сон,јас морам да се разбудам. Солзите ми потекоа,плачев како дете. Набрзина ги избришав солзите,не сакав некој да ме види дека плачам. Незнам,но таква сум,своите емоции ги кријам како и солзите,но овие солзи не можев,тие течеа сами. Тоа не беа солзи туку река која надоаѓаше. Врелите солзи текоа низ образите сливајќи се по самото грло кое од болка беше како камен. Засушените солзи ги чувствувам се уште,ме печат,се истопија во мојата душа. Од тогаш јас не можам да сокријам било која солза,од моите очи тие течат како река. Вистина за една болка-вистинита случка за едниот загинат полицаец . Даница Петровска |
|
Љубов и само љубов
|
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Измамени од Ерос...Се играа две сенки,полниот месец ги осветлуваше нивните голи испотени тела.Со секоја нова капка пот блажена воздишка ,испреплетено со нежен крик,крик од длабочини на љубовен повик.Сочни,слатки сокови,набрекнати
изгризани усни од немилосрдни бакнежи кои се топеа од врелина. Предигра...Се играа две сенки,игра на љубовта.Ѕвездите им намигнуваа,трепереа со секој нивен трепет на телото,трепереа како бамбус на благ ветрец,нишајќи се како да сака да го допре другиот бамбус. Магија,волшебство од љубов. Самовили сокриени под расцутениот багрем скришум им пее песна,го играа нивниот танц,попрскувајќи ги им фрлија клетва вечно да се љубат од љубов да не куртулат. Сега ,проколнати не можат да се разделат,не можат да престанат да се љубат,љубовта е нивното име, врежано е во ѕвездите,во реката која желно ги чека да се измијат од љубовен потт,земјата која тука плодна е. Оваа не секс,оваа е љубов...да сексот ги задоволува физичките тела,потреби... оваа е нешто по возвишено од сексот,без љубовта се е некако празно,алка која недостасува. Токму љубовта е тоа што е потребно...со љубов се раѓа нова љубов,семе на љубовта создава нов живот. Љ У Б О В Даница Петровска-Дани |
|
Љубов и само љубов
|
|
Внеси реплика | страница <1 131132133134135 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |