IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонска Етнологија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонска Етнологија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 26>
Автор
Порака
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2011 во 15:44
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

И Чоли ? Го прочита текстот, виде нешто од текстот? Ајде кажи жити се :)

Од тестот разбрав што празникот "Лазаруване" ("Цветница", "Вр'бница") е направо заборавен каj вас. Докато каj нас традициjата е уште жива видно од линкот коj го дадов. Во таа смисла се сложувам со авторот да се запази и да укрепне традициjата.
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2011 во 02:29
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2011 во 17:55
Лех Валенса доби песни и ора од „Танец“

Полска деновиве ја одбележува 30-годишнината од воведувањето на воената состојба што се случи на 13 декември 1981 година. Случајно бев сведок на настани во времето кое му претходеше на воведувањето на воената состојба.

Kако резултат на договорот за научна и културна соработка помеѓу Институтот за фолклор од Скопје и тогашната етнолошка катедра (денес Институт за етнологија и културна антропологија) на Варшавскиот универзитет во 1981 година во втората половина на септември група научни работници од Институтот за фолклор престојувавме на теренски истражувања во гратчето Чехановјец. Покрај мене како фолклорист учествуваа: Лепосава Спировска (етнолог), Георги Здравев (етнолог, костимограф) и Ѓоко Георгиев (етномузиколог). Бевме сместени во хотелот „Солец“, еден од подобрите во Варшава, во кој престојуваа членови на „Солидарност“ меѓу кои и нејзиниот лидер Лех Валенса.

Деновите што ги поминавме во Варшава пред да заминеме ги искористевме за средби со нашите колеги од етнолошката катедра, а попладне бевме сведоци на демонстрации по улиците организирани од „Солидарност“...

Едно утро отидовме во ресторанот на појадок. Седнавме на една од масите. Преку една маса од нашата седеа седум-осум лица. Мојот поглед застана на лицето на еден од нив. Си помислив дека тоа е Лех Валенса, кој имаше карактеристични мустаќи. Kелнерот ми потврди. Лепа во истиот момент стана од маста и отиде во својата соба од каде се врати со плоча со песни и ора од ансамблот „Танец“... Станавме и се упативме кон масата на која Валенса појадуваше со своите другари. Застанавме пред него, а тој стана од масата. Не очекуваше таква ситуација. Јас ги претставив моите колеги, Валенса се поздрави со нас и покажа интерес за нашата работа. Лепа му ја подари плочата, а тој срдечно ни се заблагодари. По краткиот разговор се вративме на нашата маса. Додека појадувавме еден од неговите другари ни пријде и ни рече дека шефот многу се извинува, бидејќи нема ништо што би ни подарил за возврат...

Економската и политичката ситуација во Полска во 1981 година беше многу тешка. Продавниците беа празни, не можеше ништо да се купи. Двонеделните теренски истражувања успешно ги завршивме и се вративме во Скопје. Првиот ден откако отидов на работа и се јавив на директорката на Институтот Галаба Паликрушева и ја известив за нашите теренски истражувања и ја опишав и ситуацијата во Полска. Ја прашав дали Институтот може да подготви за полските учесници во проектот пакети со прехранбени и хемиски продукти, а таа веднаш се согласи. Собравме извесна сума пари, нешто даде и Институтот и подготвивме девет пакети со по 13 килограми производи. Некаде во средината на ноември пакетите ги испративме на адреса на Етнолошката катедра на Универзитетот во Варшава. На 13 декември 1981 г. попладне тие ги подигнале пакетите, а на полноќ генералот Војчех Јарузелски прогласи воена состојба. Нашите пакети пристигнале токму навреме. Таа ноќ Лех Валенса и многу други членови на „Солидарност“ биле уапсени...

По неколку дена добивме писмо од нашите пријатели од етнолошката катедра во кое срдечно ни се заблагодарија, со уверување дека овој наш гест нема никогаш да го заборават, а јас не можам да заборавам дека со таа скромна помош ја изразивме нашата солидарност со нив.

И до денешен ден со нив одржуваме пријателски контакти и продолжуваме да соработуваме. Не можам да ја заборавам нашата кратка средба со Лех Валенса. Најверојатно ние бевме едни од првите странци од кои тогаш уште непознатиот во светот Валенса добил симболички подарок како доказ на нашата поддршка на нивната борба.

Честопати се прашувам каквa ли била судбина на нашата плоча?

Д-р Танас Вражиновски
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2012 во 02:47



“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2012 во 04:10
Младата македонска држава беше свесна за значењето на културното
наследство во целокупниот нејзин развој, како и за значењето на
фолклорот. Во врска со тоа, ке го неведеме повикот на американскиот
писател од македонско потекло Стојан Христов, упатен до македонските
власти и научници од 1945 година за време на конгресот на Македонско-
американскиот народен сојуз, одржан во Детроит:
Најнапред сето тоа го сакаме назад. Не само земјата, туку сакаме
сите светци и сите херои да им се вратат на македонската
доксологија и на македонскиот пантеон. Сакаме сите приказни, сите
легенди и сите народни преданија и сите балади да се вратат во
македонска ризница. Сега постои дом за се што е македонско. Македонија
сега го средува домакинството и нејзе и требаат сите нејзини
садови и сиот нејзин мебел и сите нејзини скапоцености, било да
ги дала некому или пак да и биле украдени. Во таа смисла, тој ги поставува
и задачите пред македонските научници: Должност на учените
и научниците на нова Македонија, должност на државниците
на нова Македонија е да трагаат по секое делче македонско наследство,
да го најдат каде и да е скриено, под каква била маска, колку и
да е изменето, и да го вратат наговиот вистински македонски изглед,
на тој начин новата нација да се здобие со длабина, дух и димензија
(Христов 1945: 387).





Стојан Христов, Нова Македонија, Детроит 2 септември 1945. Овој повик на
Стојан Христов е објавен во повеке македонски изданија. Во конкретниот
случај го користев изданието: Стојан Христов, Македонска голгота,
Приредил Раде Сиљан, Мисла, Скопје 1992, 387.



Изменето од mungos80 - 12.Март.2012 во 04:14
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2012 во 22:04

Македонски народни песни

ЈОВАНКЕ

Не крши се, не дроби се, како змија во чалија,
Јовано, мори Јованке, како јагне во стадото.
Како овца калеша, како коза штирковна,
 не крши се, не дроби се, како кравче тригодајче.
 Како јунче неспрегнато, Јовано, мори, Јованке.
 Не крши се, не дроби се, како мовче непрејдено,
 како коњче некоено, Јовано, мори Јованке.
Не крши се, не дроби се, сум шетало, мори Јованке,
 од Вардара до Солуна, од Пирина до Охрида,
 како тебе не сум нашло, Јовано, мори Јованке.
 Како твојата рамна мори, става, како твојата седеф коса,
 како твоите мори, седеф коси, како твоите гајтан веѓи,
 никаде не најдов, Јовано мори Јованке.
Јовано мори Јованке, не дроби се, не крши се,
како твоето мори, кондил носе, со твоите тенки нозе,
 како твоите мори, долги ора, Јовано мори, Јованке.
Како твоите мори, славни песни, песни македонски,
никаде мори, Јованке, никаде не сум сретнал.

КАРАНФИЛО МАЛО МОМЕ

Каранфило, мало моме, дал немаше стара мајка,
 да те ука научи, да се честум поклонуваш,
ред по редум рака да бакнуваш.
 На девери до бели скутови, на нунката,
 на нунката, дур до колена, на золвите до кркмите.

Двете песни се забележани од Неда Јовческа, од Мариово, стара 75 години.



ПИЛО ЛУДО СЕ ОПИЛО

Пило лудо, леле, се опило,
 се намери пред момино порте.
„А бре лудо младо, што си дошло дома,
мајка ќе те види, мене ќе ме кара."
„Јас сум дошло, моме, тебе да те видам,
 тебе да те видам, да се разговарам,
 на скуте да ти седнам, на гради да ти легнам,
 леле лично моме, слатко да преспијам."
„Оре лудо младо, мама не ме дава,
 мама не ме дава оти си коцкар пијаница."

Забележана на 10. 6. 1959 година од Филка Куртова, од Охрид стара 92 години.

ШТО Е СКОПЈЕ ОГРДЕНО

Што е Скопје огрдено,
 три болести бијат,
 прва болест сива кукавица,
 втора болест ситна сиканица,
трета болест црна чума.
 Шо избија три илјади војска,
 и пак Скопје не узнало.
Кога удри еден син на мајка,
 тргај Скопје ми узнало.
Шо направи стара мајка,
 шарен ковчег за сина си,
 од злато перница,
од мермера плоча.
Ката вечер мајка на гроб оди,
 ката вечер, синко,добро вечер,
 ката утро, синко, добро утро.
 Ова утро, синко, да те питам:
,,Дали тежи, синко, шарениот ковчег,
дали тежи позлатена перница,
или тежи бела мермер плоча?"
Тогај синот одговори:
„Ејди, мајко, стара мајко,
не ми тежи шарен ковчег,
нит' ми тежи позлатена перница,
 нити ми тежи бела мермер плоча.
 Најпојќе ми тежи жалба за мајка,
 жалба за првато либе."

Забележана на 10. 6. 1959 год. од Тодора Петрова, од Кичево, стара на 73 години.

ПОПЛЕНИЛ МОСКОВ ПОГРАБИЛ

Попленил Москов пограбил,
 попленил мома туркина, 
си ја однесол Московија,
и клал име Марија.
 Кога си ојде во црква,
 црквата му мирисаше, 
како на снопче босиљок.

ОЈ ДЕВЕРИ ДВА БРАТА РОДЕНИ

Ој девери, два брата родени, 
шо стоете, вие шо гледате. 
Невеста е многу оружана,
 синја молнја опашана,
 ситни ѕвезди по полите,
 месечина на градите, 
бело лице летно сонце.

НЕ ПРЕДАВАЈ СЕ ДЕВОЈКО

Не предавај се, девојко мори, 
на два девери на два ѓаоли.
 Те излага, те прелага,
 за едно рало, мори, чевли, 
за едно рало влашки чорапи,
 за едно рало бакарни пафти,
 те излага, те прелага. 
Што ти дадоа венец на глава,
 венец на глава, бигор на срце.
 Шо ти кладоа нетоп на глава, 
нетоп на глава, потоп на срце.

НЕДА МАЈКА ЈА КАРАШЕ

Неда мајка ја караше,
 да не шеташ, ќерко ноќно доба, 
Ноќно доба, турска мала,
 турска мала, во Бањишта. 
Сите Турци се избањаа,
 се избањаа, секој дома си сјојде. 
Едно Турче Арнаутче, 
ни се бањат, ни си одвит, 
е причеквит бела Неда.
 Бела Неда деборчанка, 
зато мајка учит Неда,
 да не шета турска мала,
 турска мала ноќно доба.

Четирите горни песни се забележани од Тасија Тупанчевска, од с. Ташмаруништа — Струшко, стара 65 години.

А БРЕ ЧАУШ ЧАЛИ АГА БРЕ

Бре не ми оди низ Неврокопско,
 а.. . Чауш Чали ага бре,
 еј бре, Чауш Чали ага бре.

Таму те чека до три пусии, 
а.. . Чауш Чали ага бре, 
еј бре, Чауш Чали ага бре.

Првата пусија Мелнички ридови,
 а.. . Чауш Чали ага бре, 
еј бре, Чауш Чали ага бре.

Втората пусија Неврокопско поле,
 а.. . Чауш Чали ага бре, 
еј бре, Чауш Чали ага бре.

Третата пусија среде во Неврокоп, 
а.. . Чауш Чали ага бре,
 еј бре, Чауш Чали ага бре.

Мајките плакале од твоите зулуми,
 а... Чауш Чали ага бре,
 еј бре, Чауш Чали ага бре.

Забележана на 5. 6.1954 год. од Темелко Илиевеки од Битола.



Објавени во „ Развиток„ Март 1970 година
http://macedoniahistorydocuments.blogspot.com/2012/03/blog-post_22.html



Изменето од mungos80 - 22.Март.2012 во 22:04
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2012 во 22:06

Од Македонскиот фолклор

— „Карај ме, мајко, учи ме 
која невеста да земам? 
Гркина дава придава триста 
дуќани на Стамбол,
Влаинка ми дава и придава
триста гемии по море, 
Македонка дава придава 
триста чивта биволи"

— „Карам те, синко, учам те:
дуќани оган ги горит,
гемиите вода ги дави,
земи си бела Македонка,
прегни си чифтот биволи,
изорај рамни погони
посеј си бела пченица".

Костадина Запаренкова
с. Прекопана , егејскиот дел од Македонија.
Македонска народна песна објавена во 1967 година
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2012 во 22:07

Народни песни од егејска Македонија

Оро се веет крај манастиро,
да идиш Дано, моме, да видиш.
На првото оро сe Македонци,
Да идиш Дано, моме, да видиш.
 Првото оро се Македонки,
Да идиш Дано, моме, да видиш.
Калуѓер фрла црната раса, —
Да идиш Дано, моме, да видиш!

Фоте Филипов с. Герман

Помоли се бабо, леле Тино,
ветер да продуне, леле бабо,
реки да промрзнат,
момци да преминат,
момци Македонци.
На лево рамо си носат, бабо,
куси малихери,
На десна страна
На глава си носат, бабо,
сиви могуни,
црни ми калпаци,
на калпаци пише, леле бабо,
Смрт или слобода,
За Македонија,
За Македонија,
земја поробена.

Дине Неделков с. Екшису

Селските чупиња
веливден го чекат.
 Веливден го чекат со радос голема.
Да се променат хубаво,
да излезат в сретсело,
да си играт со јајциња
дечиња и чупиња,
да го чекат гајдаџијата,
да засфири со гајдата,
да се собери селото,
Да се фатат во орото.

Фоте Филипов с. Герман

„Баба не те жени, Кољо,
 за попова ќерка.
„Е мори бабо, стара бабо,
стара неразбрана,
жена имам, стара бабо,
 пушка малихерка.
 Деца имам, стара бабо,
 работа ми вршат, 
работа ми вршат,
 атар не ми кршат,
 фашиски глави кршат."

Александар Неделков с. Статица

Најучи, либе, најучи,
 оти се, либе, свршило. 
Нека ти, либе, честито 
от мене, либе, простено,
 така ми либе писано,
 јас од мерак да загинам,
 по болниците да скитам,
 љути фармаци да пијам.
 Цељо ле град да горе,
 а твојата куќа да плане, 
твојто лице ангелско, 
во мојте раци да падне.

Иљо Неделков с. Екшису

Појду бавчата,
 седна на извора,
 и долго време чека.
 Ма најди лајка ти, 
ма рани две љути рани.
Отиду на доктор, 
доктор не ги лече,
 ми веле, нема лекови. 
Извади си бела риза,
 избриши си црните очи. 
Зел нож и се убодил, 
се убодил у срцето.
 Ах боже мој што кажваш, 
тој што не го сакам јас ич.
 Ајде мојата мајка,.
 нека се радва, 
сега место мајка, 
ќа ми плаче на гроба,
 нека ми цвилјат зверовете.
 Зеде нож и се убоди.

Сева Неделкова с. Екшису

„Млада убавице, 
подобро оди сос мен,
 јас сам твој љубовник, 
името ми е Јордан."
„Ох боже, мили, 
какво е ѕо чудо, 
прост војник да иде,
 капидан да се врати!"
„Прост војник отиду
 капидан се врна."

Сена Неделкова с. Екшису


Песните се собрани и објавени во 1967 година
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2012 во 22:07

Народни песни од егејска Македонија втор дел

Ристо, мили синко,
Кажи, Ристе,кажи.
Шо греои имаш,
Шо толку ми тргаш
Време три години
Та и шес месеци?
Мајко, мила мајко,
От шо ме опитваш
 Право ќе ти кажа.
 Кога бе андартче
Со кусо фустанче,
Кога врве по врвои,
По врвои и планини,
 По зелени гори,
 По студени води,
 На пат си намери
Момче и невеста.
В раце си носеја
 Едно машко дете,
Тргна му го закла
Како рудо јагне.
Мајка му ја наврти
Рошки да собери,
 Татко му го наврти
Оган да запали
Ражен да направи.
Дете го опекоја
Како рудо јагне.
Кога го печеја
Роса ми зароси.
Јас ги наврти
Од него да јаде.
 Ристе, мили сине,
 Колку шо си тргал
 Уште тритолку да тргаш,
 Црвја да црвосаш,
На река да оде,
 Вода да се напие
 и во тебе да влезе
 Од тебе да јаде.

Ристана Марковска с. Желево

Шо лоша среда осуна,
Излезе Коте од дома.
Го нема Коте да дојде,
Излезе Божин од дома
 Да ми го бара Котета.
На пат ми намери момиче:
 „Е, море, чичко Божине,
Шчо по пат одиш и плачеш?"
„Е, море мало момиче,
Ти мене шо ме опитваш
Ка тебе ќе ти кажа.
Излезе Коте од дома
Го нема Коте да дојде,
 Да не го виде Котета?"
 „Е, море, чичко Божине,
Онамо горе легнат е,
Легнат е и заспан е."
 Кога ми ојде дур тамо
 Шо виде чудо големо:
 Котета ми го заклале
 Ка рудо јагне од мајка.
 Кога завикваше татко му
Дал беше јаре ил јагне ,
 Как ти дутмани нош тргнаа
Кога завикваше татко му
Од ведриница грмеше.
Кога ми дојде мајка му
 Од ведриница грмеше
Грмеше и крвава роса росеше:
„Стани ми Коте, сине на мајка,
 Стани да ги видиш твојте
                                  другари
Свеќи и ламбади ти пале."


Ристана Марковска с. Жеелво

Си зедов мало момче,
 Си го пратив на орање.
 Скокна грутка го поплати. 
Срачка грачи абер ми носи, 
Та си појдов на нивата
 Чепни тамо, чепни тука,
 Си го најдов под грутката,
 Си го зедов во футата, 
Си го донеков дома,
 Си го кладу прекај огно,
 Скокна искра ,го изгоре,
 Си останав и без него. 
Ле ле, ле ле.

Стојна Лангова с. Герман

Привечерала Ѓурѓа
Малце пок'снала:
Една еребица, пуста препелица.
Шарена Ѓурѓа мома писана,
Привечерала Ѓурѓа
Малце пок'снала:
Две кокошки снесни,
Една еребица, пуста препелица.
Шарена Ѓурѓа мома писана,
Привечерала Ѓурѓа
Малце пок'снала:
Две гулаби летни,
Две кокошки снесни,
Една еребица, пуста препелица.
Шарена Ѓурѓа мома убава.

Елена Милкова  Ениџе Вардар

Поминала лисица 
Покрај река Ситница.
 „Доброутро, цуцуле!"
 „Добро ми дојде, лисице!" 
„Шо е врева во село?" 
„Комар ми се женеше
 За мушичка девојка,
 Мечка тесто валеше 
И поеќе го лапаше,
 Мрава вода носеше, 
Поеќе ја плискаше,
 Петел борина цепеше, 
Поеќе ја лушчеше."

Ристана Марковска с. Желево

Оти веилш додо Нешо
 Главата ме боле? 
Оти велеш додо Нешо 
Главата ме боле? 
На главата фино фефче
 Одгоре пискулче. 
Оти велеш додо Нешо 
Челото ме боле? 
На челото алтанче. 
На главата фино фефче
 одгоре пискулче,
 Оти велеш додо Нешо 
Веждите ми болат?
 На веждите црнилце, 
На челото алтанче, 
На главата фино фефче,
 Одгоре пискулче. 
Оти велеш додо Нешо
 Очите ме болат?
На очите зрзалца, 
на веждите црнилце, 
На челото алтанче,
 На главата фино фефче,
 Одгоре пискулче, 
Оти велиш додо Нешо 
Ме боли лицето? 
На лицето белилце 
На челото алтанче,
 На главата фино фефче,
 Од горе пискулче. 
Оти велиш, дадо Нешо, 
Грлото те боле? 
На грлото герданче,
 На устата червилче, 
На лицето белилце, 
На веѓите чернилче, 
На челото алтанче,
 На главата фино фејсче, 
Од горе пискјулче. 
Оти велеш, дадо Нешо, 
снагата ти боле? 
На снагата фустанче,
 На грлото герданче, 
На устата червилче, 
На лицето белилце, 
На веѓите црнилче, 
на челото алтанче, 
На главата фино фејсче, 
Од горе пискјулче.
 Оти велиш, дадо Нешо, 
Крстчето ти боли? 
На крстчето коланче,
 На снагата фустанче, 
На грлото герданче,
 На устата црвилче,
 На лицето белилце, 
На веѓите црнилче,
 На челото алтанче,
 На главата фино фејсче, 
Од горе пискјулче.


Елена Тушијанова, Ениџе Вардар

Биеш ме биеш мжо
 Зашто ме биеш
 Оти си го носам мжо
 Белото фустан
Белото фустан и срмали колан
Ти не ми го купи мжо
Жал да ти биде
На мен ми го купи
Нашето комшиче
Нашето комшиче
Кир Александро
За мојто мерак
За твојто инат
Јас да го носам
Теб да ти пукам

Елена Тутијанова, Ениџе Вардар

Ајде орли црноглавци, 
Се да јајте да изјајте,
 Руса глава оставете,
 Кренете ја, занесте ја,
 Дека пери мојта мајка,
 Мојта мајка изгорена, 
Три ко мене закопала
 И со мене три — четири.

Ристана Марковска, с. Желево

Каде ти е, бабо, руса Донка?
 Донка ти е налутена, зету бре, 
Зошто љубиш друго либе, сем
од неја.
Ако љубам, бабо, друго либе сем
од неја,
Кон да вјана, кон да пукни под
мене.
Уште лафо недоречен, кон си
вјана,
Кон му пукна под него. 
Ако љубам друго либе сем од
неја
Да ми пукне мојте очи и нејните. 
Уште лафо недоречен, 
на двајцата му пукнале.

Велика Мојсова, с. Желево

Вечерајте леле, леле,
Вечерајте, мила мајко, не чекајте,
Мене Турци ме фатија, 
Ќе ме носат Турско село,
 Леле, леле, леле, 
Турско село бо Ракипско, 
Ќе ми сече руса коса, 
Ќе ми врте мојте очи, 
Ќ.е ми сече мојте нози,
 мојте нозе до колена, 
Мојте раце до рамена.

Велика Мојсова, с. Желево

Излегов, мамо, да се рашетам
 Низ лозје низ бело грозје, 
Низ това поле широко. 
Там си го најду, мамо, лудото
 На мермер плоча седеше, 
Лута ракија пиеше,
 Од мене мезе сакаше, 
Од мојте бели пазуви. 
Од мене вечера сакаше, 
Од мојто лице бело црвено.
 Од мене постела сакаше,
 Од мојта рамна снага висока.

Стојна Лангова, с. Герман

Песните се објавени во 1967 година
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2012 во 22:49

Три народна песна од Битолско

Прва песна
В Могила влезе четана,
На чело Цветков Војвода,
 Дедо Андреа со него,
Ѓорѓи Смилевче со него,
 И деветнајсетмина со него.
 Ми ги догледа Димитри,
 Работник од Црнобуки.
 Диме ми нешто намисли
 Диме замина в Битола
На паша абер да даде:
 — Де ги ди Паша, валија
 В Могила е Цветков Војвода
 Дедо Андреа со него
Горѓи Смилевче со него
 И деветнајсетмина комити
Забери аскер полиции
Забери Турци полјаци
Забери башубузлуци,
 Селото да го сардисаш
Цветков Војвода да фатиш
Со него дедо Андреа,
Со него Ѓорѓи Смилевчето
И деветнајсетмина комити
 И мене паша да земиш
Да не ме убијат.
 Пашата вели говори:
Ашкосум Димче работник,
 Ашкол сум Димче кодошу
Аваџи табор ќе земам
И живи ќе го донесам
Цветков Војвода на чело,
Дедо Андреа со него
 И дванајесестмина комити.
 Му рече Димче работник:
Слушај бре паша валија,
 Аваџи табор малку е
Повеќе војска да земеш
 Јунак е Цветков Војвода,
 Јунак е Горѓи Смилевче,
 Јунаци се сите комити.
Тогаш му рече пашата,
 Пашата ем валијата,
Валија на град Битола:
Де ги ди Димче Чорбаџи
 Земи си пари од кесе
 Колку ти фаќа раката,
Се чисти жолти жолтици
 Јас паша ќе те одредам
 Мулајзим ќе те направам,
дека ја чета предаде
На Цветков Војвода.
 Димче чорбаџи се излага
 Си зеде пари од кесе,
Четата што ја предаде.
 Пашата викна подвикна:
Саид ефенди да дојдит.
Селам му даде на паша,
На паша ем валија:
Саид ефенди баш полиц
Тебе те имав првенец
Првенец меѓу Турците
 Земи си табур биринџи
Со седум осум илјади
И десет чифта топови
 Со многу тешки ѓулиња
 Дури да ми се обзори
 Дури да изгреј сонцето
Сардисај село Могила
 Таму бил Цветков Војвода
 Таму е дедо Андреа
Таму е Ѓорѓи Смилевчето
 Таму се други комити
 Сношти таму отишле
Денес абер зедофме
Од нивни Диме чорбаџи
Од тоа клето Црнобуки.
Запомни Саид ефенди
Отиде право в касарни
 Во бели и во црвени
 Одреди табор биринџи
Со седум осум илјади
И десет чифта топови
 Со многу тешки ѓулиња
Дури да ми се обзори
Дури да сонце огрее
 Сардиса село Могила
 Прособра сите селани
 Та што им вели говори:
Селани вие Могилци 
Овде имате комити 
Тука е Цветков Војвода
 И дедо Андреа со него
 Тука е Ѓорѓи Смилевче
И деветнајсетмина комити
 Сношти овде дојдоа
 Денес абер зедофме 
Од вашиот Димо работник
 Од вашиот Димо чорбаџи 
Од клетото Црнобуки 
Каде се крие четата?
 Каде е Цветков Војвода
 Каде е Ѓорѓи Смилевче
 И деветнајсетмина комити
 Кажете да не бараме 
И куќине да гориме.
 Селани велат говорат:
Саиде, Саид, ефенди
 Сите ние изим си даваме
 Таква работа немаме.
Разлутен Саид ефенди
 Разлутен Саид Баш полиц, 
Пособрал двајсет селани
Ристе Коцобаши со него 
И десет души аскери 
Аскери од најлошите
 Аскери од најлутите.
 Прегледа сето Могила
 Комита нигде не најде
 Саид ефенди застана,
 Застана па ми говори:
Селани вие Могилци, 
Овдека напред врвете
 Куќава да се прегледа.
 Селани тогаш рекоа:
Саид ефенди Баш полиц 
Овдека шубе имаме 
Зашто е куќа без стопан 
Белки е некој кондисан
 Затоа напред не ојме.
 Разлутен Саид ефенди 
Разлутен Саид баш полиц
 Со десет души аскери 
Аскери од најлошите 
Аскери од најлутите
В лева рака калаика 
В десна рака револвер,
 Почна во дворје да влега.
 Подвикна Цветков Војвода
 Кој што седеше на баџа:
Застани Саид ефенди 
Застани Саид баш полиц 
Тука те тебе чекавме 
На нишан да те земиме
 Пашана ќе те одредам, 
Битола да ја повелаш.
 Колку го зборот изрече 
Сичките пушки згрмија,
 Саид ефенди убија,
 Саид ефенди Баш полиц
 И десет души аскери,
 Аскери од најлошите 
Аскери од најлутите.
 Турската труба засвири,
 згрмија пушки топови, 
Со многу тешки ѓулиња
 Од четири страни Могила 
Земја и небо трептеа
Деца и жени спиштеа
 Силен се оган отвори,
 Изгоре сето Могила. 
Подвикна Цвтеков Војвода:
 — Крепи се дедо Андреја
 Крепи се Ѓорѓи Смилевче 
И вие браќа комити 
Крепи се верна дружино!
 Удрите не се боите,
 Дури патрони имате;
 На оние ѓупци, аскери 
Живи да не се давате,
 За да ве мачат в Битола 
Во тие пусти зандани!
 Времето ми се помрачи 
Куќата ми ја сурнаа,
 Цветков Војвода угина
 И единајсет четници.
 Осумте души излегоа
 Од турски обрач в Могила 
Отидоа во Црнобуки 
Викнаа Димче Чорбаџи:
 Сега ние ќе ти платиме 
Зашто не ти куртули 
На она клето Црнобуки.
 Излезе Димче Чорбаџи 
Пеплосан в лице ожолтен. 
Ми го врзаа комити.
 Лева му рака секоа 
Со која ги зеде парите
 Десна му рака секоа 
Со која даде потписот
 Главата му ја одрежаа
 Мулјозим го одредија
 Бела му книга пратија
 На Битолскиот валија:
 „Испрати дваесет текови
 Крени си твои лешеви 
Лешеви ѓупски аскерски
 Поцрне од нив Могила.
 Испрати до два ландони
 Земи го твојот пашалар
 Пашалар турски првенец
Пашалар Саид ефенди
 Саид ефенди баш полиц,
 Голем му нишан дадофме 
Битола да ја повела".


Втора песна

Ајде бог да бие тој качак Шефкија 
Тој Турчин Шефкија царот македонски 
Што ми пошол Шефки во село Могила 
И таму си ми нашол млада субашица
 Шефкија нарачал ручек да му зготви
 Шефкија ми руча, па ми се засркна
 Тогај му прозбори Турчинот Шефкија:
 — Млада субашице убава невесто 
Многу ручек имаш, сладок ручек имаш
 Од сладина дури јас си се засркнав
 Али ет на арно али ет на лошо. 
Тогај субашица збор му прозбори:
Ој ти море Шефки цару македонски
 Колку е на арно повеќе на лошо.
 Ајде па ми појде каде Димковица
И на Димковица збор и прозбори:
Каде ти е Димко млада Димковице.
Димко ми отиде горе во ливаѓе.
Димко го отепав млада Димковице 
Тебе ќе те земам кадана да бидиш.
Димко е жив, не ми е отепан 
Димко ќе ја земи твојата кадана.
 Тогај се налути тој Турчин Шефкија
 Па ми е удри млада Димковица. 
Димковица трча на Димка да кажи:
Каде си бре Димко Шефки ме натепа 
Тоа турско куче, тој качак Шефкија. 
Тогај и прозбора Димче Могилчето:
Оди ми си дома млада Димковице
 Оти да не земам тебе да устрелам.
 Шефки коњ ми вјана во Битола да оди,
 Кога Шефки дојде до трите мовчиња,
 Прва пушка пукна Шефкија ми падна,
 Од коњот под коњот мавзерот го фрли,
 Коњот му избега Димко си го фати.
 Гледа Шефки гледа, од кај пушка пукна.
 Кога ми го виде Димче Могилчето
 Димче Могилчето со комитска руба
Со комитска руба, куса малихерка
 Шефки ми довикна:„Аман море Димко 
Аман море Димко, полјаци сме биле
 Ти се молам Димко жив да ме оставиш!"
 Димко му ги собул долгите потури
 Димко му го слече срмениот елек
 Му го зеде фесот со две ока пискул 
Па го јавна Димко коњот од то куче:
Гледај Шефки гледај, гледај лошо куче
 Дали ме прилега во твојата руба.
Море ти прилега Димко уште поубаво
 Барај што ќе бараш Димко
Само ти се молам живо остави ме 
Остави ме живо во Битола да одам.
 Димко Могилчето на Шефки му прозбори:
Ништо јас ти неќам, туку тебе ми те сакам
 Абер да му пратиш право на султанот
Оти не се најде лек Шефкија за тебе
 Вака ќе ти биде поарно за тебе! 
Та му го удри ножот во срцето 
Ножот во срцето, Димче Могилчето.

Трета песна


Абер ми дојде од Стамбул дур' Битола 
дури Битола, дури кај валијата:
 — Де, гиди, бре валијо, наш ефендијо 
голем поплак има од Битолско Поле,
 Од Битолско Поле од наши беглери
 голем зулум му чинат тие кумити.
 Слушај бре ти валијо, мувлет ти давам
 мувлет ти давам тебе за десет дена,
 ти да ми бараш јунак да ги фаќа
 Димко Могилчето, Јонче Логорчето
 и тој Трајко Брник — Мориовчето.
 Тој што ќе ги фати бакшиш ќе му давам.
 Ами бог да убија тој валијата 
телал што ми носи низ града Битола:
Чујте вие Турци, Турци и рисјани
 дали има јунак Димка да го фаќа
 Димка Могилчето, Јован Логорчето
 и тој Трајко од Брник Мориовчето. 
Ал да ми го најди тој Шефки агата
 од далеку дочу, во Битола појде,
пред валија падна и му се поклони:
Слушај, послушај ти ефенди бре Валијо 
Јас сум бег Шефки, Турчин Дебранлија 
Турчин фиданлија, Турчин Шишманлија
 јас сум Шефки бегот полјакот могилски
 Сакам јас да бидам и цар македонски
 голем бакшиш барам Димка да го фатам
ти цар да ме туриш на Битолско Поле
 и ќе ми даваш млада Димковица 
По села ќе одам по села ќе шетам 
Димка ќе го фатам, врзан ќе го терам
 петици ќе кинам, в сарај ќе го терам.
 Обеќај му даде нему валијата:
Јас цар ќе те турам на Битолско Поле
 Јас ќе ти дадам аскер од сто души
Само да го фатиш, врзан да го тераш.
Де ги ди бре валијо, јас аскер не сакам 
само си ги сакам два верни другари.
Од тука ми стана, на коњ ми се качи,
 па ми отиде при стара му мајка
 на мајка му му збори: „Слушај стара мајко
 Царо ме тури цар на Македонија 
ако му го фатам Димко Могилчето
 Јован Логорчето и Трајко од Брник!" 
А мајка му му рече:
Слушај Шефки бегу што јас ќе ти кажал 
ти да не се мешаш во царски работи,
 ноќеска си синко лош сон јас сонував
на нашата куќа мрша кај стоеше.
 На мршата до три пилца стоеја 
туку тие, синко не се до три пилци, 
туку ми се синко до трите војводи,
 чувај ми се синко да не те убијат.
 Бог да би го убие тој ми Шефки ага
 Полјако могилски царо македонски
 мајка си не слуша на коњ ми се качи,
 коња го потера, Могила ми појде 
од далеку вика, на порта ми чука:
 Деги ди ти млада, млада Димковице
 Порта ми отварај Димка ти го убив,
 Дојдов да те земам измет да ми правиш 
На мајката анка вода ќе и носиш.
 Бог да ја убија млада Димковица 
Луто се налути, луто му говори:
Ајде бегу бегај, ти црно еѓупче
Сношти Димко беше, вечера ми јаде
 Вечера ми јаде и мене ми рече:
 „Јас ќе го убијам Шефкија ага 
и ќе му ја земам јас белата анка 
Измет да ми прави вода да ми носи!"
 Бог да го убија тој Шефкија ага 
Полјакот могилски, царот македонски
 Луто се налути фати да је бијет 
Близу тука беше тој Колче ортакот,
 Стана да го моли тој Шефки агата:
Дејги Шефки ага, Турче Дебранлија, 
Турче Шишманлија, Турче Фиданлија 
Ти што ми ги слушаш женските зборови
 Жена долгокоса, жена кусоумна,
Тебе ќе те молам кај мене да дојдиш 
Ручек ќе ти зготви млада Колчевица 
Млада Колчевица пресен зелник печи 
Ручек ќе ми ручаш изим ќе ти барам
 за да ми излезеш долу ливаѓето
 Долу ливаѓето. кај таа рамна плоча
 Времето ми дојде сакам да ги косам.
 Ручек ми руча, на коњ ми се качи 
в ливада ми појде, кај таа рамна плоча 
коња разигрува, коња рашетува.
 Како коњ ми игра, како коњ ми рипа
 Ми пукнала пушка, Шефкија го удри 
Шефкија го удри во левата рака
 Тој Шефкија бегот од коњ не ми паѓа
 На далеку гледа од кај пушка пукна. 
Друга пушка пукна, Шефкија го удри
 Шефкија го удри во левото рамо
 Уште Шефки бегот од коњ не ми паѓа
 надалеку гледа од кај пукна пушка
 Трета пушка пукиа Шефкија го удри
 Шефкија го удри меѓу двете очи 
Тогај Шефки бегот од коња ми падна.
 Димко му излезе, пискуло му го зеде
 Пискуло му го зеде и што ќе му рече:
Стани бре стани, ти Шефкија ага 
полјако могилски царо македонски 
стани да ме видиш дали ме прилега
 со твојот ми пискул на мојата глава.



Драгица Симовска и Ѓорѓи Димовски
„Развиток“ Март - Април 1967
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2012 во 17:20


Денови на Македонската култура во Полска









Изменето од mungos80 - 23.Март.2012 во 19:32
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Rade Kumitkata Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Април.2012
Статус: Офлајн
Поени: 40
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Rade Kumitkata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2012 во 14:51
Originally posted by чоли чоли напиша:

Изворот на Мунгос.



И уште малко за Икономов:



...Неговата историја е навистина богата. Во 1918 година српската власт го осудува заради „ширење бугарштина“, но успеал да се спаси од тешката казна.



Време
За Србите поимот ''бугарштина'' се користеше особено за македонството!
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2012 во 15:56
Originally posted by Rade Kumitkata Rade Kumitkata напиша:

Originally posted by чоли чоли напиша:

Изворот на Мунгос.



И уште малко за Икономов:



...Неговата историја е навистина богата. Во 1918 година српската власт го осудува заради „ширење бугарштина“, но успеал да се спаси од тешката казна.



Време
За Србите поимот ''бугарштина'' се користеше особено за македонството!



а за бугарштина кой поим се користеше од србите?
Кон врв
Rade Kumitkata Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Април.2012
Статус: Офлајн
Поени: 40
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Rade Kumitkata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2012 во 17:20
Originally posted by d4 b3 d4 b3 напиша:


Originally posted by Rade Kumitkata Rade Kumitkata напиша:

Originally posted by чоли чоли напиша:

Изворот на Мунгос.



И уште малко за Икономов:



...Неговата историја е навистина богата. Во 1918 година српската власт го осудува заради „ширење бугарштина“, но успеал да се спаси од тешката казна.



Време
За Србите поимот ''бугарштина'' се користеше особено за македонството!



а за бугарштина кой поим се користеше од србите?
Истиот. Затоа е неопходно да се разгледа случката па да се заклучува за што зборувале Србите, а не да се толкува буквалистички и како нам ни се допаѓа. Тука, ако го земеме контекстот на целиот настан, јасно е дека тука станува збор за ширење на македонството кај Василко Попоски,а не бугарството.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,111 секунди.