|
Вести |
Внеси реплика | страница <1 5758596061> |
Автор | |||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Официјално: Гус Хидинк е нов тренер на АнжиХоландскиот тренер, Гус Хидинк ќе биде новиот тренер на Анжи откако денес потпиша 18 месечен договор со клубот. "Денска Гус Хидинк потпиша договор. Освен позицијата како тренер, Хидинк исто така ќе биде и потпретседател на секторот за развој во клубот" - стои во соопштението на Анжи. |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Големите клубови скроија нови реформи: Македонија во ЛШ – невозможна мисија!Европските фудбалски моќници тајно зготвиле план за реформи во најелитното фудбалско натпреварување Лигата на шампионите, според кои, шансата Македонија во иднина да добие претставник во елитата, ќе биде речиси невозможно или „финансиски преведено“ – шампионот од земјава би бил дел од елитата само ако има стотина милиони евра буџет.
Актуелната Лига на шампиони, чиј годишен буџет од 1,1 милијарда евра од кои околу 800 милиони се само бонуси за настапот на екипите од квалификациите го главната фаза, не ги задоволуваат доволно големите апетити на гигантите. Шампионот ќе се офајди со 50 милиони чисти пари од УЕФА, вклучувајќи ги и ТВ-правата, но великаните кој тонат во долгови, сакаат многу повеќе. Затоа и заговараат нов формат на натпреварување. Според каталонскиот весник „Ел Мундо Депортиво“, кој ги објави ексклузивно идеите за реформи во европскиот фудбал, клубовите организирани околу асоцијацијата ЕЦА веќе тајно разработиле три плана, од кои еден е мошне сериозен за реформирање на најпрестижното клупско натпреварување веќе од сезоната 2015/2016, од кога што исто така, тие се изборија за укинување на двата термини за пријателските мечеви, февруарскиот и августовскиот. Главниот проект на моќниците е елитно натпреварување од 64 тима, кои во првиот дел од сезоната би играле во групна фаза од 16 групи со по четири тима, а во втората фаза би играле по принципот на некогашниот КЕШ, од шеснаестинафинале како прва елиминациска рунда (до 1992 година, европски првак се стануваше со девет меча). Идејата е да се додадат дополнителни два меча во календарот (дополнително поскапување на ТВ-правата), но и да им се овозможи на гигантските лиги да имаат повеќе учесници уште во квалификациите. Според проектот, земјите како Англија, Шпанија, Италија, чии великани одвреме навреме добиваат дополнителни ривали во националните шампионати, би добиле по четири места плус две за во плејофот. На тој начин битката на малите и микроекипите од калибарот на македонскиот првак, чиј буџет е стопати помал од просечен европски тим, нема ниту да ја помирисаат елитата, ако ваквото сценарио се оствари. Идејата на клубовите е чисто финансиска, затоа што Лигата на Европа не ги исполни очекувањата од најважниот дел – бизнисот. Имено, настап во второто по ранг натпреварување, освен спортски ефект, нема преголем финансиски импакт за гигантите, кои настапите ги сметаат за поголема загуба отколку добивка. Европските гиганти имаат уште два проекти, првиот за прва и втора европска лига, со засега нејасен формат и само со познат концепт, најдобрите десет лиги да дадат по четири тима, следните десет по три, а другите по два или еден. Нејасни се квалификациите, ниту пак кој ќе учествува во А, а кој во Б-групата. Третиот проект, е проектот за Суперлига, по принципот на кошаркарската Евролига. Идејата за суперлига е стара повеќе од една деценија и беше актуелна додека постоеше здружението на моќници Г-14, кое Мишел Платини го укина со доаѓањето на местото претседател на УЕФА во 2006 година. Идејата за Суперлига е да се обединат великаните на европскиот фудбал и да се состави натпреварување еднакво на кошаркарската Евролига, во кое би учествувале 48 екипи. Учесниците би биле европски шампиони, најдобрите тимови според рејтинг во последните неколку години и екипи кои би добиле вајлд-карти и би биле специјално повикани. Би се потпишувале тригодишни договори за настап, а и би се делеле лиценци од тимот на А и Б-лиценца. Сето ова е засега најмалку реално затоа што тоа би било плод на расцеп на
засега обединетиот европски фудбал, но шпанските гиганти се противат на идејата
со 48 тима, затоа што нивните желби се една лига од 24 екипи. Финансискиот ефект
од вакво нешто е најпривлечен, затоа што сите пари од ТВ-права, маркетинг,
реклами, би се влеале во оваа лига, која практично би ги урнала сите останати
домашни натпреварувања. Вкупниот приход би бил над седум милијарди евра, кој
потоа би го делеле клубовите. Промените на интернационалниот календар, најавите за прифатливо решение за регионализација од страна на УЕФА (постојат пилот-проекти за регионални натпреварувања), најавената претседателска функција на Платини во ФИФА, истекот на договорите за ТВ-права и маркетинг на УЕФА за ЛШ, сето тоа во ист период по 2015 година, засега најавуваат тектонски промени во европскиот фудбал. Спасот за Македонија и регионот, очигледно ќе остане во регионалната лига, која веќе децениски се најавува, но никој се се зафатил сериозно да ја реализира. |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
ФИНАЛЕТО ВО ЛШ 2014-ТА ГОДИНА ВО ЛИСАБОН
|
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
РОБЕРТ ПРОСИНЕЧКИ ЌЕ ГО СПАСУВА ВИЉАРЕАЛТренерот на Црвена Ѕвезда Роберт Просинечки е се посериозен кандидат за испразнетото тренерско столче на новиот второлигаш Виљареал. - тврди белградски Прес.43 годишниот Роберт Просинечки, голем дел од својата играчка кариера ја помина во Шпанија. Настапуваше за Овиедо, Севиља и е еден од ретките фудбалери во историјата кои ги носеле двата дреса на ривалите од "ел класико", Реал Мадрид и Барселона.Контроверзниот фудбалер својата тренерска кариера ја почна во 2006 година. Прв ангажман му беше помошник-тренер на клупата на репрезентацијата на Хрватска, а од 2010-та година е на кормилото на белградска Црвена Ѕвезда.Аврам Грант тренерот на големиот ривал на Ѕвезда, Партизан си замина и сега останува да видиме дали истото ќе го стори и тренерот на Црвено-Белите. |
|||||
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|||||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
малиот малиот ама малиот
|
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Фудбалската федерација на Македонија на чело со Харалампие Хаџи - Ристески им испратила дисциплински мерки на иницијаторите за свикување Вонредно собрание, а тие велат дека ќе го сменат на 23 јуни во 11 часот во х. „Александар Палас“. На вчерашната прес - конференција и детално беше образложен планот за организирање на Вонредното собрание на ФФМ. „Дисциплинската комисија на ФФМ ни испрати соопштение дека е поведена постапка против иницијаторите за свокување на Вонредното собрание. Ова е последен обид на Хаџи-Ристески, се фаќа за сламка за да се спаси, мисли дека така ќе ги придобие повторно делегатите.За жал, тоа се неговите мерки и ставови, но ние не се плашиме. Го покануваме да дојде на Вонредното собрание и нека покаже дека ја има поддршката на делегатите“,изјави Иван Путилин, на вчерашната прес - конференција. Стојанче Златановски во истакна и „возниот ред“ на Вонредното собрание. „Ќе се одржи на 23 јуни во 11 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје и очекуваме да го организираат одредени членови на актуелниот УО на ФФМ. Веруваме, сигурни сме, дека ја имаме поддршката на мнозинството од делегатите кои ќе гласаат за точката отповикување на претседателот и на УО на ФФМ. Потоа ќе има и ново Изборно собрание, најверојатно на 28 јули, на кое сите ОФС ќе можат да си истакнат свој кандидат за претседател. Кога сме кај дисциплинските мерки, не знам како е испратена во името на Зејди Салиу кога знаеме дека тој не е во земјата и во моментов се наоѓа во Турција“,истакна Златановски. Новиот претседател на ФФМ, доколку секако успее најавата за смена на Хаџи-Ристески, ќе има мандат од една година, затоа што во 2013 година треба да се одржи и Редовно Изборно собрание на ФФМ |
|||||
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Левски заинтересиран за Дарко Стојанов Бугарскиот прволигаш Левски е заинтересиран за еден од нашите најталентирани млади фудбалери, првотимецот на штипска Брегалница, Дарко Стојанов. Тој бил препорачан од менаџерот на бугарскиот клуб Дончо Донев кој веќе подолго време ги следел игрите на Стојанов. Истовремено за македонскиот талент интерес покажал и белорискиот Бате Борисов. Инаку, Дарко Стојанов ги помина сите репрезентативни селекции, а веќе доби повик и од селекторот на младата репрезентација до 21 година, Бобан Бабунски. |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Тричковски го мина милиончето со трансфер во Бриж Иван Тричковски направи трансфер во белгискиот клуб Бриж и конечно во петтиот обид, според вредноста на договорот, ќе ја мине границата од еден милион евра. Се најавува 3-годишен договор за кој белгискиот гигант ќе му плати отштета на АПОЕЛ од околу 1,5 милион евра. Ако с` биде во ред и македонскиот репрезентативен напаѓач ги мине медицинските тестови, тој би заработувал околу 50 илјади евра месечно. Тричковски играше извонредни две сезони за кипарскиот АПОЕЛ. Си замина во 2006 година, како слободен играч со раскин на договорот на штета на Вардар и без отштета премина во Работнички. Во 2007 година замина во Црвена звезда за околу 800 илјади евра и по 2 сезони замина на заем во Енозис на Kипар, а оттаму се пресели во АПОЕЛ. И тука договорот беше под милион евра, а се споменува цифра од околу 300 илјади евра. За него летово се интересираа и Локерен, Торино, Рубин, но Иван одлучи да го засили 13-кратниот белгиски шампион Бриж. |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
ШТИМАЦ СЕЛЕКТОР НА ХРВАТСКАИзвршниот одбор на Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) го именуваше Игор Штимац за нов селектор на фудбалската репрезентација. Штимац официјално ќе биде претставен во петок 6 јули во Загреб. Штимац на местото селектoр го замени Славен Билиќ кој беше селектор на Хрватска во претходните шест години. Планирано е Штимац да биде на чело на репрезентацијата до Светското првенство во Бразил 2014 година. Собранието на ХНС претходно едноглсно го избра прославениот фудбалер и најдобар стрелец на Светското првенство 1998 година, Давор Шукер за нов претседател на ХНС. Шукер го наследи Влатко Марковиќ кој на чело на фудбалскиот сојуз беше скоро 14 години. Контраверзниот Марковиќ беше на чело на ХНС од 1998. Кон крајот на 2010 во напната атмосфера избран е четврти пат на функцијата, а доби само еден глас повеќе од противкандидатот Игор Штимац кој ја оспори регуларноста на гласањето. Поради организирање на паралелно собрание минатата година Штимац заработи двегодишан суспензија, а после денешниот избор на Шукер на чело на ХНС, Комисијата за ублажување на казни ја прифати молбата на Штимац за укинување на суспензијата. |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
ТРАНСФЕР БОМБА! ИБРАХИМОВИЌ И ТИЈАГО СИЛВА СЕ НОВИ ИГРАЧИ НА ПСЖ!Трансфер бомбата на ова лето одекна! Најдобрите фудбалери на Милан Ибрахимовиќ и Силва во пакет преминаа во ПСЖ во трансфер тежок 62 милиони евра! Потврда стигна и од газдата на росоњерите Силвио Берлускони - Заштедив 150 милиони евра! Тоа е збир на сума која ја заработивме со нивната продажба и цифра на платите на Ибрахимовиќ и Силва до крајот на нивните договори - рече Берлускони. Милан значи попушти пред арапските сопственици на францускиот клуб и ги продаде двата фудбалери кои беа повеќе од пола екипа иако потпретседателот на росоњероте Галијани пред неколку дена рече дека Швеѓанецот и Бразилецот сигурно остануваат на Сан Сиро, тоа изгледа само беше вешт маневар да се смират навивачите кои беа против продажбата на двата фудбалери. За да работата биде уште полоша за навивачите на Милан трансферот го кумуваше спортскиот директор на „светците“ Леонардо, некогаш и директор и тренер во Милан, а покасно „издајник“ кој прејде во Интер. Ибрахимовиќ постигна договор со ПСЖ вреден 12,5 милиони евра по сезона, додека бразилецот парафираше петгодишен договор и ќе има плата од 7,5 милиони евра по сезона, со што стана најплатениот дефанзивец во историјата на фудбалот |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Најдобриот стрелец во холандскиот прволигаш Твенте, Лук Де Јонг, кариерата ќе ја продолжи во гераманската Борусија Менхенгладбах.
Холандскиот клуб информираше дека Де Јонг со Борусија потпиша петгодишен договор. Финансиските детали не се соопштуваат, а медиумите во Холандија наведуваат дека Твенте на име отштета заработи 15 милиони евра.
21-годишниот Де Јонг минатата сезона за Твенте постигна 32 гола на 50 натпревари, додека за селекцијата на Холандија има одиграно седум натпревари и има еден постигнат гол |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Повремениот македонски репрезентативец Филип Деспотовски својата кариера ќе ја продолжи во грчкиот второлигаш Пиерикос.
Од грчкиот клуб вчера официјално информираа дека постигнат е договор со нашиот фудбалер за соработка во следната една година.
„Се работи за квалитетен фудбалер кој е член и на македонската репрезентација. Сигурни сме дека ќе ја засили конкуренцијата во средниот ред, што е за нас важно во желбата да се дојде до остварување на амбициите за влез во Првата лига“ – соопштија од Пиерикос.
Поранешниот фудбалер на Вардар и Работнички повторно се враќа во Грција откако пред пет сезони беше дел од Етникос Пиреи, а во меѓувреме настапуваше и за Ворскла во Украина и азербејџанскиот прволигаш Интер Баку. |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Европски квалификации за СП 2014: Победнички старт на гигантите, не и на ИталијаРепрезентациите на Франција, Херманија, Англија и Холандија, победнички тргнаа во новите квалификации на Стариот континент, за пласман Мундијалот во Бразил, во 2014 година, и само европскиот вицешампион Италија не успеа триумфално да стартува во новиот циклус. Италијанците освоија само еден бод во Софија против Бугарија играјќи 2-2, иако со пресврт и два гола набрзина на Освалдо успеаа да стигнат до водство на мечот, но не и да го задржат. Холандија во дербито на својата група ја победи Турција со 2-0, Англија се прошета до Кишињев и со 5-0 ја победи Молдавија, додека Германија со пола сили се загреа Фарските острови со победата од 3-0. Најтешко мина Франција која минимално во Хелсинки ја совлада Финска. Репрезентацијата на Белгија во нашата група, го победи Велс со 0-2 на гости со головите на Винсент Компани и Јан Вертонген, а и во двете акции асистираше Мартенс. Услуга на фаворизираната Белгија, која има извонредна генерација им направи Колинс со исклучувањето во 26. Минута. Денеска во 16 часот во Глазгов, Шкотска, нашиот следен противник во вторник ќе ја пречека Србија Најубедливата победа во првото коло ја забележа Босна и Херцеговина, која во Лихтенштајн победи со 8-1, а по еден хет-трик имаа Ведад Ибишевиќ и Един Џеко. Светскиот и европски првак Шпанија паузираше во ова коло, па „црвената фурија“ допрва ќе дебитира во овие квалификации. Изменето од емил - 08.Септември.2012 во 11:03 |
|||||
Внеси реплика | страница <1 5758596061> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |