IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Историја на Исламот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Историја на Исламот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Историја на Исламот
    Испратена: 14.Март.2012 во 15:18
Малком , тука слободно филозофирај за твоето верување и се што ти лежи на срце. Ова е местото  за тебе. А на под форумот Историја , дојди кога ќе имаш документи , сведоштва , итн.







Изменето од Messenger - 14.Март.2012 во 18:28
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
MalcolmX Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Март.2012
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 70
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MalcolmX Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2012 во 16:47
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Малком , тука слободно филозофирај за твоето верување и се што ти лежи на срце. Ова е местото  за тебе. А на под форумот Историја , дојди кога ќе имаш документи , сведоштва , итн.<div id="isChromeWebToolbarDiv" style="display:none">



Edit:

Ок. Само сакам пхп да ми донесе аргументи за тоа што го тврдеше и да видам мислење на бисер на мудроста ако има за нешто или некој аргумент-контрааргумент.

Edit 2: И јас не реков дека историјата на светот не ме интересира, туку кажав дека исламската историја ме интересира најповеќе, а оваа на балканот што секој плете своја историја не ме интересира.

И ќе барам секој пост кој тука ќе биде напишан против мојата религија или контра моето мислење да го тргнеш, затоа што ова е Ислам, а ако каже некој друг член тоа што јас ќе го пишам овде дека е лага и пропаганда барам да биде избришан секој еден таков пост! Мислам се разбираме.

Изменето од MalcolmX - 14.Март.2012 во 17:10
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2012 во 17:27
Originally posted by MalcolmX MalcolmX напиша:

Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Малком , тука слободно филозофирај за твоето верување и се што ти лежи на срце. Ова е местото  за тебе. А на под форумот Историја , дојди кога ќе имаш документи , сведоштва , итн.<div id="isChromeWebToolbarDiv" style="display:none">



Edit:

Ок. Само сакам пхп да ми донесе аргументи за тоа што го тврдеше и да видам мислење на бисер на мудроста ако има за нешто или некој аргумент-контрааргумент.

Edit 2: И јас не реков дека историјата на светот не ме интересира, туку кажав дека исламската историја ме интересира најповеќе, а оваа на балканот што секој плете своја историја не ме интересира.

И ќе барам секој пост кој тука ќе биде напишан против мојата религија или контра моето мислење да го тргнеш, затоа што ова е Ислам, а ако каже некој друг член тоа што јас ќе го пишам овде дека е лага и пропаганда барам да биде избришан секој еден таков пост! Мислам се разбираме.

 Ти си залутана овца од стадото.

Ова е форум , правилата ги поставува администрацијата , а јас сум модератор на Историја. Таму јас ги спроведувам правилата за Историја , овде си има модератор кој си ја знае својата раббота.

А ти Малком како борец за човекови права , треба да знаеш дека апсолутно право има АДМИНИСТРАТОРОТ , тој ги одредува правилата , а не секој еден член.

Така да ако во иднина има некој неверници кој ќе те побиваат во твоите аргументи , ти како добар муслимански слуга ( на АЛАХ) ќе одговориш со аргумент. 

П.С.

Ти ја почитувам верата , почитувај ја и ти мојата. А ако си учел нешто поинаку ќе те пуштам на консултации кај очата од Кумановско Оризари , многу добар и праведен верник.


“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2012 во 18:23
MalcolmX, бидејќи оваа е општа тема за историјата на Исламот, како  и твоето мислење и верување за придонесот на Исламот кон општата осторија на човештвото, имаш подеднакво право на изнесување на твоето мислење како што имаат и сите остранати ченови подеднакво право како и ти за изнесување на своите мислења.

Немаш право да бараш само твоето мислење да биде објавено, а сите други кои не се сложуваат со тебе да бидат избришани.







Изменето од Messenger - 14.Март.2012 во 18:27
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
MalcolmX Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Март.2012
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 70
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MalcolmX Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2012 во 18:26
http://www.iluzionist.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=710:--&catid=17:magija&Itemid=34

Ibn Haldun, бил првиот во историјата кој забележал дека постои некоја чудна взаемна врска помеѓу хипнотичката состојба и способноста да се искористи и потчини некој вид загонетна, невидлива сила.

Тој сметал дека цртањето на некои магични симболи и пентаграми (Соломонови букви и знаци), тајните магиски обреди, ги подигаат чувствата на опчинетиот и на волшебникот на ниво кое ќе им овозможи непосредно користење на окултната сила „mana- akasa", а со нејзина помош, постигнување на неверојатни ефекти.

Ова е, може да се каже, првиот научен коментар во проучувањето на магијата. Според него, амајлиите мораат да содржат еден од двата или пак и двата метала заедно: железо и бакар, и да содржат симболи.

1



--

Уопште не навлагам у ова дали е вистина или не, сакам историчариве на форумот да ми потврдат дали е вистина дека човеков е првиот во историјата кој го забележал тоа. Ми требаат докази ако има некој, не википедија, некои други. Зашо овие амајлии, хипнотизирања и такви работи се т.е потекнуваат уште од древните вермиња на Египет и тн.Сигурно има некој пред овој што го забелешал тоа, зашо ако го ставев јас ова сигурно ќе ми кажевте дека овој Ибн Халадун арапов не го забелешал прв тоа и ќе изнесевте докази(а можеби и не, туку само ќе кажевте дека имало други пред него), ама кога е во прашање веб страна која не е исламска и го пишале луѓе кои немаат врска со исламот , чекам мислење ваше.




Изменето од MalcolmX - 14.Март.2012 во 18:39
Кон врв
goran-twin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Јануари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goran-twin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2012 во 18:43
Originally posted by Messenger Messenger напиша:



Немаш право да бараш само твоето мислење да биде објавено, а сите други кои не се сложуваат со тебе да бидат избришани.

Убаво му кажа .Што се замислува тој ние исламска ли земја сме та да правиме култ на личноста од Мухамед без притоа да има контрааргумент.
!
Кон врв
MalcolmX Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Март.2012
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 70
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MalcolmX Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2012 во 18:56
Во историја не добив јас никаков доказ освен пишан текст, никаков линк, а ниту ќе добијам, ако тоа се докази кај вас тогаш ок. А јас тука не го реков тоа во буквална смисла дека не сакам никој да пишува ништо, мене баш ми е убаво да дискутирам, затоа и сум тука, ама ето видиш има луѓе кои уште им е ограничено времето кога треба да си одат дома па кога ќе додјат дома тресат зелени за кои родителите нивни не знаат. Пред се, историчарот у наводници ми кажа тука да пишувам што сакам, а таму да идам со докази, па јас на шала реков секој кој тука ќе дојде со различно видување на моето да му биде избришано неговото или да се затвори темата, како во историја што моите мислења беа различни од некој друг па заради тоа се затвори темата. глупости на квадрат.

пс. не сум видел иначе уште досега исламска земја во која има култ од Мухамед, ни тоа не го знаеш дека во Исламот е забранет култ на Мухамед. Или чекај, сега ќе кажеш дека тоа не си го кажал во буквална смисла?


И ДАЈ ПРЕФРЛЕТЕ ГИ СИТЕ КОМЕНТАРИ ОД ИСТОРИЈА ТУКА ШТО СУМ ГИ ПИШАЛ ЗА НАУЧНИЦИТЕ, ЗА ШПАНИЈА И ТН.

Изменето од MalcolmX - 14.Март.2012 во 19:01
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2012 во 19:01
Originally posted by MalcolmX MalcolmX напиша:

http://www.iluzionist.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=710:--&catid=17:magija&Itemid=34

Ibn Haldun, бил првиот во историјата кој забележал дека постои некоја чудна взаемна врска помеѓу хипнотичката состојба и способноста да се искористи и потчини некој вид загонетна, невидлива сила.

Тој сметал дека цртањето на некои магични симболи и пентаграми (Соломонови букви и знаци), тајните магиски обреди, ги подигаат чувствата на опчинетиот и на волшебникот на ниво кое ќе им овозможи непосредно користење на окултната сила „mana- akasa", а со нејзина помош, постигнување на неверојатни ефекти.

Ова е, може да се каже, првиот научен коментар во проучувањето на магијата. Според него, амајлиите мораат да содржат еден од двата или пак и двата метала заедно: железо и бакар, и да содржат симболи.

1



--

Уопште не навлагам у ова дали е вистина или не, сакам историчариве на форумот да ми потврдат дали е вистина дека човеков е првиот во историјата кој го забележал тоа.




Ако ја проучуваш историјата на човековата спиритуалност и магијата како една нејзина експресија, тогаш ќе најдеш дека таа е присутна кај човештвото од праисторијски времиња.

Шаманите и кохуните со иљадници години ја изучувале и практицирале магијата, користеле амајлии и знаеле кои материјали треба да се користат за одредени цели.

Магијата не е ништо друго туку материјализирана интенција. Како таква, таа е користење на енергиите кои владеат во светов, a kако знаење се провлекува до денешен ден. Порано мистиците навлезени во овие знаења биле нарекувани "маги". Токму тие биле оние три маги (мудреци, стари луѓе) кои следејќи ја звездата (астрологија) дојдоа на Исусовото раѓање.

Денес зборот "маѓионичар" е изведен од оригиналниот термин "маги". Но за разлика од вистинското знаење и моќ на магите, денешните маѓионичари се само илузионисти - креираат илузија (трик) на вистинската манифестација направена од маги.

Назад на твоето прашање, човеков кој ти го посочуваш не е првиот кој забележал нешто такво, но веројатно е првиот муслиман во некогашните територии кој го изучувал и пишувал тоа, но од аспект на човековата историја дефинитивно не е тоа.

Ова знаење во детали им било познато на оние кои биле маги со иљадници години.

Originally posted by MalcolmX MalcolmX напиша:

Ми требаат докази ако има некој, не википедија, некои други. Зашо овие амајлии, хипнотизирања и такви работи се т.е потекнуваат уште од древните вермиња на Египет и тн.Сигурно има некој пред овој што го забелешал тоа, зашо ако го ставев јас ова сигурно ќе ми кажевте дека овој Ибн Халадун арапов не го забелешал прв тоа и ќе изнесевте докази(а можеби и не, туку само ќе кажевте дека имало други пред него), ама кога е во прашање веб страна која не е исламска и го пишале луѓе кои немаат врска со исламот , чекам мислење ваше.




Се контрадиктираш самиот себе си... ем велиш дека нештава се познати од дамна, ем велиш дека арапов е првиот кој ги изучувал. Па како може со иљадници години луѓето да ја користат магијата, а да не знаат како се употребува?

Тоа што овој податок си го извадил од некаков немуслимнаски сајт не значи дека е точен, иако ти се допаѓа и сакаш да биде токму таков. Како што можам да забележам тој сајт е некаква збирштина на с'е и сешто, без никаква одговорност во однос на контентот на оние кои го направиле.

Имам чувство дека тебе не те интересира вистината, бидејќи вистината е очебијна, туку бараш потврда за твоите желби.






Изменето од Messenger - 14.Март.2012 во 19:03
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
MalcolmX Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Март.2012
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 70
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MalcolmX Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2012 во 19:04
КАКО СЕ КОНТРАМ САМИОТ СЕБЕ СИ, КОГА САМ ВИКАМ ДЕКА НЕ ТВРДАМ ДАЛИ Е ПРВ ИЛИ НЕ, ЗНАМ ДЕКА СЕ ПОЗНАТИ ОДАМНА, А НА ВЕБ СТРАНИЦАТА ВИКААТ ДЕКА Е ПРВИОТ, ПА ЈАС ВИКАМ ОСТАВАМ НА ВАС ДА ДОКАЖЕТЕ КОЈ Е ВО ПРАВО, А ВИДИ ТИ ШТО МИ ВИКАШ... УФ.. боље дај блокирај ми го профилот да не се нервирам со вакви кои не знаат ниту на кирилица да им напишеш не те разбираат.

ПАК ЌЕ КАЖАМ ЈАС НЕ СТОЈАМ НА СТАВОТ ДЕКА ТОЈ ПОДАДОК Е ТОЧЕН, УОПШТЕ НЕ НАВЛАГАМ У ТОА ДАЛИ Е ВИСТИНА ТОА ШТО ГО ПИШАЛЕ ИЛИ НЕ!!!! ЈАС САКАМ ДОКАЗ ОД ИСТОРИЧАРИТЕ ТУКА СО ЛИНК ПРВО т.е со ДОКАЗИ ДА ВИДАМ КАКО СЕ ДАВААТ ДОКАЗИ И КАКО ОНИ ДАВААТ ДОКАЗИ ЗА НЕКОЈА РАБОТА, ЗА ТОА ДЕКА ТОЈ ПОДАТОК Е ПОГРЕШЕН, А ВТОРО ДА СЕ ДОНЕСАТ ПОСТАРИ ДОКАЗИ ОД СТАРИТЕ ДРЕВНИ ВРЕМИЊА, А САЈТОТ ЈАС НЕ СЕ РАДУВАМ ДЕКА Е НЕИСЛАМСКИ И ДЕКА ГО ПИШУВА ОВА, ОМРАЗАТА ПРЕМА ИСЛАМОТ НЕ ТИ ДАВА ДА ВИДИШ ШТО ПИШУВАМ.. ЦЦЦ

АКО СИ МОДЕРАТОР ВО ВЕРОИЗПОВЕД, НЕ ЗНАЧИ ДЕКА СТВАРНО СЕ РАЗБИРАШ ОД ВЕРОИСОПВЕД, УБАВО БАЖА БИСЕРИ, ЗА ТЕБЕ ВО МНОГУ СЛУЧАЕВИ ПОДОБРО Е ДА МОЛЧИШ И ДА ОСТАВИШ НА ПОИСКУСНИТЕ ДА МИ ОДГОВОРАТ, ОТИ ТИ НЕ ГЛЕДАШ МНОГУ РАОБТИ ОД СЛЕПИЛОТО ТВОЕ.

Ако не ме разбираш кажи ќе ти објаснам уште поубаво со блондирано почиткаво попропсто.

Изменето од MalcolmX - 14.Март.2012 во 19:14
Кон врв
pHp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pHp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2012 во 19:11
Originally posted by MalcolmX MalcolmX напиша:



Ок. Само сакам пхп да ми донесе аргументи за тоа што го тврдеше ...


Исламизацијата на цела северна Африка и огромен процент од југоисточна Европа од страна на Отоманската Империја, по пат на присилно потурчување, создавање на армија на Јаничари, данок во крв....

Масакрот во Гренада 30 Декември 1066 година (во тоа време владеена од Муслиманите) на "робовите" кои наводно биле ослободени. Да, ослободени во конечна смрт. Евреи беа и само затоа што се Евреи се масакрирани.

Масакрот во Кордоба во 1011 година. За ослободување на "робовите".

Пред Исламот, Северна Африка беше дел од Римската Империја. Некаде околу 60 милиони Христијани се масакрирани во jihad походите на Исламот. Половина од Хинду цивилизацијата е уништена (80 милиони Хинду верници) и скоро 10 милиони Будисти се масакрирани на Патот на Свилата, од страна на ghazi или ghaza ( غازي) воините во jihad походите.

Масакрот во Ерусалим на преку 3000 Христијански Пилиграми(некаде околу 1090-та година) што е всушност и причина за првата Крстоносна Војна.

Масакрот во Одеса, од страна на Турците. Цела популација беше брутално масакрирана, цел град бре човек, еден жив не оставија. Што е причина за Втората Крстоносна Војна.

Да не говорам за поимот димитуди. Тоа се граѓани кои во исламизацијата на дел од Европа и Северна Африка, се поштедени затоа што не го прифатиле Исламот. Но, се третирани како граѓани од втор ред и им служат како робови на муслиманите... и буквално и бубачките биле подобро третирани од нив.

Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
Кон врв
pHp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pHp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2012 во 19:14
Аааа линкови сакаш.... ОК, ќе се правиме наивни.
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
Кон врв
MalcolmX Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Март.2012
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 70
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MalcolmX Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2012 во 19:16
ПУКАЈ МАЈСТОРЕ!

Влијанието на толеранцијата на Арапите врз христијаните

На почетокот на исламското освојување не се слушнал ниеден случај на напаѓање на верата, ниту на присилно преобратување. И навистина, една околност која најмногу помогнала во освојувањето на Шпанија е таа што арапските освојувачи заземале толерантен став кон христијанството. Христијаните единствено можеле да се пожалат на нивните господари, што со нив инаку постапувале во поглед на земањето на давачки, односно што земале главарина: од богатите 40, од средно имотните 20, а од занаетчискиот сталеж 12 драхми. Бидејќи оваа давачка ја собирале во замена за воената должност, ја земале само од потполно здравите мажи, додека децата, жените, сиромашните, калуѓерите, сакатите, болните и робовите биле ослободени од давање. Бидејќи овој данок го собирале христијанските чиновници, тие немале толку маки и страдања.

Во споровите кои не оделе на штета на исламските закони, кога и обвинителот и обвинениот се христијани, им судел истоверен судија според нивните закони, така што никој не им се мешал во верските работи. Обредот на бескрвната жртва, кој е еден од чистите католички обреди, се извршувал покрај запалена кадилница и ѕвонење на ѕвоната. Држеле и проповеди, пееле побожни песни, накратко, црковните обреди ги извршувале според обичајот. Јасно е дека таму не биле принудени, како во Сирија и Египет, поради понижување на нивниот сталеж да облекуваат поинаква облека. Во IX век христијаните, освен свештенството, се облекувале како Арапите. Некогаш добивале дозвола да изградат нови цркви. Во историските дела од тие времиња читаме дека муслиманските чиновници не се мешале во тоа што христијаните одново основале манастири за монасите и калуѓерките. На јавните места се гледале монаси со волнени мантии (хабити) според прописите на нивниот ред, а свештениците не чувствувале потреба да ги кријат знаците на својата вероисповед. Истовремено, не ги запоставувале христијаните земајќи ги во служба на дворот и на високи позиции.
Кон врв
MalcolmX Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Март.2012
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 70
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MalcolmX Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2012 во 19:16
Изгледа дека немало повод за жалби за христијаните кои се помириле со тоа што ја изгубиле политичката моќ. Заслужува внимание и таа око¬лност дека во целиот VIII век е крената само една буна и тоа во местото Беџа (Beja) поради постапката на еден арапски главатар. Сигурно не се наоѓале во подобра состојба и нивните истоверници кои се преселите во внатрешноста на француската граница со желба да живеат под христијанска власт. Напротив, кога Карло Велики се враќал од Шпанија во 812 година, христијанските иселеници кои ја следеле неговата војска толку се малтретирани од страна на неговите офицери што бил приморан да посредува заради нивна заштита. Лудевит I Побожниот (le Debonnaire), кој по него дошол на власт, издал специјални наредби во корист на бегалците, бидејќи дворјанството ги грабнало имотите кои им се дадени на спомнатите бегалци, поради што овие биле принудени повторно да се жалат. Ова насилство, иако било прекинато за некое време, сепак подоцна повторно се појавило. Наредбите издадени во корист на заробениците ја направиле нивната состојба уште понеподнослива. Овие несреќници кои, бегајќи од исламската власт, се фрлиле во прегратките на сочувството на своите христијански браќа, уште еднаш ги гледаме изложени на малтретирање и беда.


Толерантниот став кој го заземала исламската држава во Шпанија и слободните допири на приврзаниците на двете вери направиле овие две заедници донекаде да се измешаат. Изидор од местото Беџа, кој фрла дрвја и камења против муслиманските освојувачи, без приговор го забележал венчавањето на вдовицата на кралот Родерик со Абдулазиз б. Муаз. Мнозина христијани земале арапски имиња и макар што тоа било и привидно, следеле некои обичаи на своите соседи муслимани. На пример, некои ги обрежувале своите деца. Мнозина кои го носеле името „некрстени пагани“ ги имитирале муслиманите во јадењето и пиењето. Изразот „Музараб“ е искривен од „мустареб“ (поарабени), под кој се подразбираат шпанските христијани под арапска власт, со своето соочување укажува на околностите во кои се живеело, во себе го содржи значењето на околностите во тој поглед. Учењето на арапскиот јазик брзо го зазело местото на учењето на латинскиот јазик во цела Шпанија. Латинскиот јазик, јазик на христијанската теологија, постепено паѓал во заборав, така што дури свештениците од високите позиции биле засрамувани поради непознавањето на латинскиот јазик. Сигурно не можело за овие работи да се очекува повеќе внимание и настојување од оние кои не биле духовни лица. Еден шпански писател поради ова, во едно дело напишано во 854 година, ги укорува своите сограѓани христијани:

„Додека ние ги студираме светите доктрини на муслиманите, додека се состануваме со нив за да ги научиме нивните философски правци или, поточно, нивното мудрословно толкување, додека ние го правиме тоа не со намера да ги побиеме нивните заблуди, туку занесени со убавината на нивниот јазик и со привлечноста на нивната елоквенција, го занемаруваме Евангелието. Каде можеме сега да најдеме учен човек кој ќе се посвети во проучувањето на латинското дело на оците кои се нурнале во студирањето на нашите свети писма (книги). Нашата христијанска младина, богата со зборови и со господарско однесување, се гордее со туѓата наука. Опиени се со арапската елоквенција. Со уживање ги студираат арапските книги, речиси ја голтаат нивната содржина. Додека тие немаат поим за црковната книжевност или, поточно, додека со презир гледаат на црковните порои, кои течат од рајот, се фалат со бомбастичната елоквенција на исламските дела. Христијаните толку слабо ги знаат законите на својата вера, толку малку внимание обрнуваат на својот латински јазик што одвај меѓу нив има еден на илјада кој би можел да напише, а да се разбере најобично писмо: да запраша за здравјето на својот пријател. Меѓутоа, ги има од сите сталежи поради разгледувањата вмешани меѓу арапските реторичари. Тие можат да пишуваат арапски песни чиишто стихови завршуваат со иста буква и во тоа се прославиле повеќе од туѓинците (Арапите).
Бидејќи биле опседнати со светлината на арапската книжевност, која силно ги привлекувала, оние кои сакале да се запознаат со христијанските дела имале малку учебнички материјал. Дури учителите со тешкотии наоѓале и обични податоци. Со текот на времето овие педагошки мерки растеле. Овој арабизиран народ, во една молба испратена до арагонскиот крал Алфонсо, вели: ‚Ние, како и нашите старатели, до денес сме воспитувани меѓу туѓинци. Бидејќи сме христијани, ги исполнуваме христијанските верски заповеди, но за да добиеме достојна обука за нашата света вера, тоа не зависи секогаш од нашата моќ, бидејќи им припаѓаме на неверниците кои ни чинат насилство. Не сме се осмелиле да бараме учители од папата или од Франција, а тамошните учители сепак не можеле сами од себе да ни дојдат, стравувајќи од неверниците на кои сме принудени да им се покоруваме.‘“




Изменето од MalcolmX - 14.Март.2012 во 19:17
Кон врв
MalcolmX Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Март.2012
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 70
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MalcolmX Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2012 во 19:18
Како што се дознава, поради вака тесниот допир со муслиманите, потоа поради големото студирање на нивната (арапската) книжевност, дури и Алвар, фанатичниот противник на исламот, ја признава убавината и реторичката чудотворност на Куранот и тоа дека христијаните, читајќи го, не можат да се оттргнат од него.
Поради тоа природно е дека тука се забележуваат траги на влијание на верата која ние ја истражувавме и, навистина, тие траги постојат. Познато е дека во 810 година свештеникот Елипандос, толедски бискуп, толкувач на еретичката секта „мутехазин“ и научник кој верувал дека Исус по природа е човек, а не Божји син, според тоа што го следел Божјиот пат, ја усвоил оваа еретичка идеја поради неговиот чест допир со муслиманите. Оваа нова секта се раширила во многу делови од Шпанија и дури почнала да се простира, според упатствата на католичкиот бискуп Феликс, до Септиманија, која била под француска заштита. Бискупот Феликс е изведен пред духовниот суд со кој претседавал лично Карло Велики и е натеран да се откаже и да се покае поради својата заблуда, но штом се вратил назад во Шпанија, повторно западнал во старата ерес. Ова, според тврдењето на тогашниот папа Леон III, се случило поради неговиот допир со неверниците кои имаат слично верување. Кога влијанието на допирот со муслиманите било толку значајно на црковните великодостојници, можеме да заклучиме дека било многу големо и врз останатите христијани од Шпанија. И навистина, советот формиран во 936 година во Толедо расправал кои средства треба да се преземат против мислењата кои ја расипуваат чистотата на христијанското верување.

Се разбира дека овие влијанија на муслиманското верување и дејствување, покрај одредените подвизи на преобратување, покрај честото мешање и допири, ќе се круниса со уште поголеми резултати и дека ќе го зголеми бројот на муслиманите со неарапска крв, наречени „мувеледи“. Не помиало многу време, а потомците на овие мувеледи во државата формирале важна партија. Дури се дознава дека конечно овие мувеледи, кои го сочинуваат мнозинството од населението, уште на почетокот на IX век настојувале да ја разнишаат арапската власт и постепено, формирајќи национална партија меѓу муслиманите од Шпанија, навистина докажале дека постојат.
Изгледа дека нема податоци за историјата на преобратувањето на овие нови муслимани. Примери за овие преобратувања се забележувале до последните денови од исламската власт. Дури во 1497 година, кога војската на Фердинанд и Изабела ја запоседнала Малага, ги испоубила оние што отпаднале од христијанството, мачејќи ги со тенки шилести стапови. По ова, по две години преку договорот за предавање во Погрена, добиено е особено ветување дека оние кои отпаднале нема да бидат принудувани повторно да се вратат назад во христијанството.
Некои од преобратениците го напуштиле исламот за да се спасат од паричната глоба на која се осудени од страна на судовите. Мнозинството го придобила духовната надмоќ на исламското влијание.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.