Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25587 Датум на принтање: 25.Ноември.2024 во 23:54 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Историја на ИсламотПостирано од: mungos80
Наслов: Историја на Исламот
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 15:18
Малком , тука слободно филозофирај за твоето верување и се што ти лежи на срце. Ова е местото за тебе. А на под форумот Историја , дојди кога ќе имаш документи , сведоштва , итн.
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Коментари: Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 16:47
mungos80 напиша:
Малком , тука слободно филозофирај за твоето верување и се што ти лежи на срце. Ова е местото за тебе. А на под форумот Историја , дојди кога ќе имаш документи , сведоштва , итн.<div id="isChromeWebToolbarDiv" style="display:none">
Edit:
Ок. Само сакам пхп да ми донесе аргументи за тоа што го тврдеше и да видам мислење на бисер на мудроста ако има за нешто или некој аргумент-контрааргумент.
Edit 2: И јас не реков дека историјата на светот не ме интересира, туку кажав дека исламската историја ме интересира најповеќе, а оваа на балканот што секој плете своја историја не ме интересира.
И ќе барам секој пост кој тука ќе биде напишан против мојата религија или контра моето мислење да го тргнеш, затоа што ова е Ислам, а ако каже некој друг член тоа што јас ќе го пишам овде дека е лага и пропаганда барам да биде избришан секој еден таков пост! Мислам се разбираме.
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 17:27
MalcolmX напиша:
mungos80 напиша:
Малком , тука слободно филозофирај за твоето верување и се што ти лежи на срце. Ова е местото за тебе. А на под форумот Историја , дојди кога ќе имаш документи , сведоштва , итн.<div id="isChromeWebToolbarDiv" style="display:none">
Edit:
Ок. Само сакам пхп да ми донесе аргументи за тоа што го тврдеше и да видам мислење на бисер на мудроста ако има за нешто или некој аргумент-контрааргумент.
Edit 2: И јас не реков дека историјата на светот не ме интересира, туку кажав дека исламската историја ме интересира најповеќе, а оваа на балканот што секој плете своја историја не ме интересира.
И ќе барам секој пост кој тука ќе биде напишан против мојата религија или контра моето мислење да го тргнеш, затоа што ова е Ислам, а ако каже некој друг член тоа што јас ќе го пишам овде дека е лага и пропаганда барам да биде избришан секој еден таков пост! Мислам се разбираме.
Ти си залутана овца од стадото.
Ова е форум , правилата ги поставува администрацијата , а јас сум модератор на Историја. Таму јас ги спроведувам правилата за Историја , овде си има модератор кој си ја знае својата раббота.
А ти Малком како борец за човекови права , треба да знаеш дека апсолутно право има АДМИНИСТРАТОРОТ , тој ги одредува правилата , а не секој еден член.
Така да ако во иднина има некој неверници кој ќе те побиваат во твоите аргументи , ти како добар муслимански слуга ( на АЛАХ) ќе одговориш со аргумент.
П.С.
Ти ја почитувам верата , почитувај ја и ти мојата. А ако си учел нешто поинаку ќе те пуштам на консултации кај очата од Кумановско Оризари , многу добар и праведен верник.
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 18:23
MalcolmX, бидејќи оваа е општа тема за историјата на Исламот, како и твоето мислење и верување за придонесот на Исламот кон општата осторија на човештвото, имаш подеднакво право на изнесување на твоето мислење како што имаат и сите остранати ченови подеднакво право како и ти за изнесување на своите мислења.
Немаш право да бараш само твоето мислење да биде објавено, а сите други кои не се сложуваат со тебе да бидат избришани.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 18:26
Ibn Haldun, бил првиот во историјата кој забележал дека постои некоја чудна взаемна врска помеѓу хипнотичката состојба и способноста да се искористи и потчини некој вид загонетна, невидлива сила.
Тој сметал дека цртањето на некои магични симболи и пентаграми (Соломонови букви и знаци), тајните магиски обреди, ги подигаат чувствата на опчинетиот и на волшебникот на ниво кое ќе им овозможи непосредно користење на окултната сила „mana- akasa", а со нејзина помош, постигнување на неверојатни ефекти.
Ова е, може да се каже, првиот научен коментар во проучувањето на магијата. Според него, амајлиите мораат да содржат еден од двата или пак и двата метала заедно: железо и бакар, и да содржат симболи.
1
--
Уопште не навлагам у ова дали е вистина или не, сакам историчариве на форумот да ми потврдат дали е вистина дека човеков е првиот во историјата кој го забележал тоа. Ми требаат докази ако има некој, не википедија, некои други. Зашо овие амајлии, хипнотизирања и такви работи се т.е потекнуваат уште од древните вермиња на Египет и тн.Сигурно има некој пред овој што го забелешал тоа, зашо ако го ставев јас ова сигурно ќе ми кажевте дека овој Ибн Халадун арапов не го забелешал прв тоа и ќе изнесевте докази(а можеби и не, туку само ќе кажевте дека имало други пред него), ама кога е во прашање веб страна која не е исламска и го пишале луѓе кои немаат врска со исламот , чекам мислење ваше.
Постирано од: goran-twin
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 18:43
Messenger напиша:
Немаш право да бараш само твоето мислење да биде објавено, а сите други кои не се сложуваат со тебе да бидат избришани.
Убаво му кажа .Што се замислува тој ние исламска ли земја сме та да правиме култ на личноста од Мухамед без притоа да има контрааргумент. !
Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 18:56
Во историја не добив јас никаков доказ освен пишан текст, никаков линк, а ниту ќе добијам, ако тоа се докази кај вас тогаш ок. А јас тука не го реков тоа во буквална смисла дека не сакам никој да пишува ништо, мене баш ми е убаво да дискутирам, затоа и сум тука, ама ето видиш има луѓе кои уште им е ограничено времето кога треба да си одат дома па кога ќе додјат дома тресат зелени за кои родителите нивни не знаат. Пред се, историчарот у наводници ми кажа тука да пишувам што сакам, а таму да идам со докази, па јас на шала реков секој кој тука ќе дојде со различно видување на моето да му биде избришано неговото или да се затвори темата, како во историја што моите мислења беа различни од некој друг па заради тоа се затвори темата. глупости на квадрат.
пс. не сум видел иначе уште досега исламска земја во која има култ од Мухамед, ни тоа не го знаеш дека во Исламот е забранет култ на Мухамед. Или чекај, сега ќе кажеш дека тоа не си го кажал во буквална смисла?
И ДАЈ ПРЕФРЛЕТЕ ГИ СИТЕ КОМЕНТАРИ ОД ИСТОРИЈА ТУКА ШТО СУМ ГИ ПИШАЛ ЗА НАУЧНИЦИТЕ, ЗА ШПАНИЈА И ТН.
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 19:01
Ibn Haldun, бил првиот во историјата кој забележал дека постои некоја чудна взаемна врска помеѓу хипнотичката состојба и способноста да се искористи и потчини некој вид загонетна, невидлива сила.
Тој сметал дека цртањето на некои магични симболи и пентаграми (Соломонови букви и знаци), тајните магиски обреди, ги подигаат чувствата на опчинетиот и на волшебникот на ниво кое ќе им овозможи непосредно користење на окултната сила „mana- akasa", а со нејзина помош, постигнување на неверојатни ефекти.
Ова е, може да се каже, првиот научен коментар во проучувањето на магијата. Според него, амајлиите мораат да содржат еден од двата или пак и двата метала заедно: железо и бакар, и да содржат симболи.
1
--
Уопште не навлагам у ова дали е вистина или не, сакам историчариве на форумот да ми потврдат дали е вистина дека човеков е првиот во историјата кој го забележал тоа.
Ако ја проучуваш историјата на човековата спиритуалност и магијата како една нејзина експресија, тогаш ќе најдеш дека таа е присутна кај човештвото од праисторијски времиња.
Шаманите
и кохуните со иљадници години ја изучувале и практицирале магијата,
користеле амајлии и знаеле кои материјали треба да се користат за
одредени цели.
Магијата не е ништо друго туку
материјализирана интенција. Како таква, таа е користење на енергиите
кои владеат во светов, a kако знаење се провлекува до денешен ден.
Порано мистиците навлезени во овие знаења биле нарекувани "маги". Токму
тие биле оние три маги (мудреци, стари луѓе) кои следејќи ја звездата
(астрологија) дојдоа на Исусовото раѓање.
Денес зборот
"маѓионичар" е изведен од оригиналниот термин "маги". Но за разлика од
вистинското знаење и моќ на магите, денешните маѓионичари се само
илузионисти - креираат илузија (трик) на вистинската манифестација
направена од маги.
Назад на твоето прашање, човеков кој ти го
посочуваш не е првиот кој забележал нешто такво, но веројатно е првиот
муслиман во некогашните територии кој го изучувал и пишувал тоа, но од
аспект на човековата историја дефинитивно не е тоа.
Ова знаење во детали им било познато на оние кои биле маги со иљадници години.
MalcolmX напиша:
Ми требаат докази ако има некој, не википедија, некои други. Зашо овие
амајлии, хипнотизирања и такви работи се т.е потекнуваат уште од
древните вермиња на Египет и тн.Сигурно има некој пред овој што го
забелешал тоа, зашо ако го ставев јас ова сигурно ќе ми кажевте дека
овој Ибн Халадун арапов не го забелешал прв тоа и ќе изнесевте докази(а
можеби и не, туку само ќе кажевте дека имало други пред него), ама кога
е во прашање веб страна која не е исламска и го пишале луѓе кои немаат
врска со исламот , чекам мислење ваше.
Се контрадиктираш самиот себе си... ем велиш дека нештава се познати од дамна, ем велиш дека арапов е првиот кој ги изучувал. Па како може со иљадници години луѓето да ја користат магијата, а да не знаат како се употребува?
Тоа што овој податок си го извадил од некаков немуслимнаски сајт не значи дека е точен, иако ти се допаѓа и сакаш да биде токму таков. Како што можам да забележам тој сајт е некаква збирштина на с'е и сешто, без никаква одговорност во однос на контентот на оние кои го направиле.
Имам чувство дека тебе не те интересира вистината, бидејќи вистината е очебијна, туку бараш потврда за твоите желби.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 19:04
КАКО СЕ КОНТРАМ САМИОТ СЕБЕ СИ, КОГА САМ ВИКАМ ДЕКА НЕ ТВРДАМ ДАЛИ Е ПРВ ИЛИ НЕ, ЗНАМ ДЕКА СЕ ПОЗНАТИ ОДАМНА, А НА ВЕБ СТРАНИЦАТА ВИКААТ ДЕКА Е ПРВИОТ, ПА ЈАС ВИКАМ ОСТАВАМ НА ВАС ДА ДОКАЖЕТЕ КОЈ Е ВО ПРАВО, А ВИДИ ТИ ШТО МИ ВИКАШ... УФ.. боље дај блокирај ми го профилот да не се нервирам со вакви кои не знаат ниту на кирилица да им напишеш не те разбираат.
ПАК ЌЕ КАЖАМ ЈАС НЕ СТОЈАМ НА СТАВОТ ДЕКА ТОЈ ПОДАДОК Е ТОЧЕН, УОПШТЕ НЕ НАВЛАГАМ У ТОА ДАЛИ Е ВИСТИНА ТОА ШТО ГО ПИШАЛЕ ИЛИ НЕ!!!! ЈАС САКАМ ДОКАЗ ОД ИСТОРИЧАРИТЕ ТУКА СО ЛИНК ПРВО т.е со ДОКАЗИ ДА ВИДАМ КАКО СЕ ДАВААТ ДОКАЗИ И КАКО ОНИ ДАВААТ ДОКАЗИ ЗА НЕКОЈА РАБОТА, ЗА ТОА ДЕКА ТОЈ ПОДАТОК Е ПОГРЕШЕН, А ВТОРО ДА СЕ ДОНЕСАТ ПОСТАРИ ДОКАЗИ ОД СТАРИТЕ ДРЕВНИ ВРЕМИЊА, А САЈТОТ ЈАС НЕ СЕ РАДУВАМ ДЕКА Е НЕИСЛАМСКИ И ДЕКА ГО ПИШУВА ОВА, ОМРАЗАТА ПРЕМА ИСЛАМОТ НЕ ТИ ДАВА ДА ВИДИШ ШТО ПИШУВАМ.. ЦЦЦ
АКО СИ МОДЕРАТОР ВО ВЕРОИЗПОВЕД, НЕ ЗНАЧИ ДЕКА СТВАРНО СЕ РАЗБИРАШ ОД ВЕРОИСОПВЕД, УБАВО БАЖА БИСЕРИ, ЗА ТЕБЕ ВО МНОГУ СЛУЧАЕВИ ПОДОБРО Е ДА МОЛЧИШ И ДА ОСТАВИШ НА ПОИСКУСНИТЕ ДА МИ ОДГОВОРАТ, ОТИ ТИ НЕ ГЛЕДАШ МНОГУ РАОБТИ ОД СЛЕПИЛОТО ТВОЕ.
Ако не ме разбираш кажи ќе ти објаснам уште поубаво со блондирано почиткаво попропсто.
Постирано од: pHp
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 19:11
MalcolmX напиша:
Ок. Само сакам пхп да ми донесе аргументи за тоа што го тврдеше ...
Исламизацијата на цела северна Африка и огромен процент од југоисточна Европа од страна на Отоманската Империја, по пат на присилно потурчување, создавање на армија на Јаничари, данок во крв....
Масакрот во Гренада 30 Декември 1066 година (во тоа време владеена од Муслиманите) на "робовите" кои наводно биле ослободени. Да, ослободени во конечна смрт. Евреи беа и само затоа што се Евреи се масакрирани.
Масакрот во Кордоба во 1011 година. За ослободување на "робовите".
Пред Исламот, Северна Африка беше дел од Римската Империја. Некаде околу 60 милиони Христијани се масакрирани во jihad походите на Исламот. Половина од Хинду цивилизацијата е уништена (80 милиони Хинду верници) и скоро 10 милиони Будисти се масакрирани на Патот на Свилата, од страна на ghazi или ghaza ( غازي) воините во jihad походите.
Масакрот во Ерусалим на преку 3000 Христијански Пилиграми(некаде околу 1090-та година) што е всушност и причина за првата Крстоносна Војна.
Масакрот во Одеса, од страна на Турците. Цела популација беше брутално масакрирана, цел град бре човек, еден жив не оставија. Што е причина за Втората Крстоносна Војна.
Да не говорам за поимот димитуди. Тоа се граѓани кои во исламизацијата на дел од Европа и Северна Африка, се поштедени затоа што не го прифатиле Исламот. Но, се третирани како граѓани од втор ред и им служат како робови на муслиманите... и буквално и бубачките биле подобро третирани од нив.
------------- Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
Постирано од: pHp
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 19:14
Аааа линкови сакаш.... ОК, ќе се правиме наивни.
------------- Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 19:16
ПУКАЈ МАЈСТОРЕ!
Влијанието на толеранцијата на Арапите врз христијаните
На почетокот на исламското освојување не се слушнал ниеден случај на напаѓање на верата, ниту на присилно преобратување. И навистина, една околност која најмногу помогнала во освојувањето на Шпанија е таа што арапските освојувачи заземале толерантен став кон христијанството. Христијаните единствено можеле да се пожалат на нивните господари, што со нив инаку постапувале во поглед на земањето на давачки, односно што земале главарина: од богатите 40, од средно имотните 20, а од занаетчискиот сталеж 12 драхми. Бидејќи оваа давачка ја собирале во замена за воената должност, ја земале само од потполно здравите мажи, додека децата, жените, сиромашните, калуѓерите, сакатите, болните и робовите биле ослободени од давање. Бидејќи овој данок го собирале христијанските чиновници, тие немале толку маки и страдања.
Во споровите кои не оделе на штета на исламските закони, кога и обвинителот и обвинениот се христијани, им судел истоверен судија според нивните закони, така што никој не им се мешал во верските работи. Обредот на бескрвната жртва, кој е еден од чистите католички обреди, се извршувал покрај запалена кадилница и ѕвонење на ѕвоната. Држеле и проповеди, пееле побожни песни, накратко, црковните обреди ги извршувале според обичајот. Јасно е дека таму не биле принудени, како во Сирија и Египет, поради понижување на нивниот сталеж да облекуваат поинаква облека. Во IX век христијаните, освен свештенството, се облекувале како Арапите. Некогаш добивале дозвола да изградат нови цркви. Во историските дела од тие времиња читаме дека муслиманските чиновници не се мешале во тоа што христијаните одново основале манастири за монасите и калуѓерките. На јавните места се гледале монаси со волнени мантии (хабити) според прописите на нивниот ред, а свештениците не чувствувале потреба да ги кријат знаците на својата вероисповед. Истовремено, не ги запоставувале христијаните земајќи ги во служба на дворот и на високи позиции.
Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 19:16
Изгледа дека немало повод за жалби за христијаните кои се помириле со тоа што ја изгубиле политичката моќ. Заслужува внимание и таа око¬лност дека во целиот VIII век е крената само една буна и тоа во местото Беџа (Beja) поради постапката на еден арапски главатар. Сигурно не се наоѓале во подобра состојба и нивните истоверници кои се преселите во внатрешноста на француската граница со желба да живеат под христијанска власт. Напротив, кога Карло Велики се враќал од Шпанија во 812 година, христијанските иселеници кои ја следеле неговата војска толку се малтретирани од страна на неговите офицери што бил приморан да посредува заради нивна заштита. Лудевит I Побожниот (le Debonnaire), кој по него дошол на власт, издал специјални наредби во корист на бегалците, бидејќи дворјанството ги грабнало имотите кои им се дадени на спомнатите бегалци, поради што овие биле принудени повторно да се жалат. Ова насилство, иако било прекинато за некое време, сепак подоцна повторно се појавило. Наредбите издадени во корист на заробениците ја направиле нивната состојба уште понеподнослива. Овие несреќници кои, бегајќи од исламската власт, се фрлиле во прегратките на сочувството на своите христијански браќа, уште еднаш ги гледаме изложени на малтретирање и беда.
Толерантниот став кој го заземала исламската држава во Шпанија и слободните допири на приврзаниците на двете вери направиле овие две заедници донекаде да се измешаат. Изидор од местото Беџа, кој фрла дрвја и камења против муслиманските освојувачи, без приговор го забележал венчавањето на вдовицата на кралот Родерик со Абдулазиз б. Муаз. Мнозина христијани земале арапски имиња и макар што тоа било и привидно, следеле некои обичаи на своите соседи муслимани. На пример, некои ги обрежувале своите деца. Мнозина кои го носеле името „некрстени пагани“ ги имитирале муслиманите во јадењето и пиењето. Изразот „Музараб“ е искривен од „мустареб“ (поарабени), под кој се подразбираат шпанските христијани под арапска власт, со своето соочување укажува на околностите во кои се живеело, во себе го содржи значењето на околностите во тој поглед. Учењето на арапскиот јазик брзо го зазело местото на учењето на латинскиот јазик во цела Шпанија. Латинскиот јазик, јазик на христијанската теологија, постепено паѓал во заборав, така што дури свештениците од високите позиции биле засрамувани поради непознавањето на латинскиот јазик. Сигурно не можело за овие работи да се очекува повеќе внимание и настојување од оние кои не биле духовни лица. Еден шпански писател поради ова, во едно дело напишано во 854 година, ги укорува своите сограѓани христијани:
„Додека ние ги студираме светите доктрини на муслиманите, додека се состануваме со нив за да ги научиме нивните философски правци или, поточно, нивното мудрословно толкување, додека ние го правиме тоа не со намера да ги побиеме нивните заблуди, туку занесени со убавината на нивниот јазик и со привлечноста на нивната елоквенција, го занемаруваме Евангелието. Каде можеме сега да најдеме учен човек кој ќе се посвети во проучувањето на латинското дело на оците кои се нурнале во студирањето на нашите свети писма (книги). Нашата христијанска младина, богата со зборови и со господарско однесување, се гордее со туѓата наука. Опиени се со арапската елоквенција. Со уживање ги студираат арапските книги, речиси ја голтаат нивната содржина. Додека тие немаат поим за црковната книжевност или, поточно, додека со презир гледаат на црковните порои, кои течат од рајот, се фалат со бомбастичната елоквенција на исламските дела. Христијаните толку слабо ги знаат законите на својата вера, толку малку внимание обрнуваат на својот латински јазик што одвај меѓу нив има еден на илјада кој би можел да напише, а да се разбере најобично писмо: да запраша за здравјето на својот пријател. Меѓутоа, ги има од сите сталежи поради разгледувањата вмешани меѓу арапските реторичари. Тие можат да пишуваат арапски песни чиишто стихови завршуваат со иста буква и во тоа се прославиле повеќе од туѓинците (Арапите). Бидејќи биле опседнати со светлината на арапската книжевност, која силно ги привлекувала, оние кои сакале да се запознаат со христијанските дела имале малку учебнички материјал. Дури учителите со тешкотии наоѓале и обични податоци. Со текот на времето овие педагошки мерки растеле. Овој арабизиран народ, во една молба испратена до арагонскиот крал Алфонсо, вели: ‚Ние, како и нашите старатели, до денес сме воспитувани меѓу туѓинци. Бидејќи сме христијани, ги исполнуваме христијанските верски заповеди, но за да добиеме достојна обука за нашата света вера, тоа не зависи секогаш од нашата моќ, бидејќи им припаѓаме на неверниците кои ни чинат насилство. Не сме се осмелиле да бараме учители од папата или од Франција, а тамошните учители сепак не можеле сами од себе да ни дојдат, стравувајќи од неверниците на кои сме принудени да им се покоруваме.‘“
Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 19:18
Како што се дознава, поради вака тесниот допир со муслиманите, потоа поради големото студирање на нивната (арапската) книжевност, дури и Алвар, фанатичниот противник на исламот, ја признава убавината и реторичката чудотворност на Куранот и тоа дека христијаните, читајќи го, не можат да се оттргнат од него. Поради тоа природно е дека тука се забележуваат траги на влијание на верата која ние ја истражувавме и, навистина, тие траги постојат. Познато е дека во 810 година свештеникот Елипандос, толедски бискуп, толкувач на еретичката секта „мутехазин“ и научник кој верувал дека Исус по природа е човек, а не Божји син, според тоа што го следел Божјиот пат, ја усвоил оваа еретичка идеја поради неговиот чест допир со муслиманите. Оваа нова секта се раширила во многу делови од Шпанија и дури почнала да се простира, според упатствата на католичкиот бискуп Феликс, до Септиманија, која била под француска заштита. Бискупот Феликс е изведен пред духовниот суд со кој претседавал лично Карло Велики и е натеран да се откаже и да се покае поради својата заблуда, но штом се вратил назад во Шпанија, повторно западнал во старата ерес. Ова, според тврдењето на тогашниот папа Леон III, се случило поради неговиот допир со неверниците кои имаат слично верување. Кога влијанието на допирот со муслиманите било толку значајно на црковните великодостојници, можеме да заклучиме дека било многу големо и врз останатите христијани од Шпанија. И навистина, советот формиран во 936 година во Толедо расправал кои средства треба да се преземат против мислењата кои ја расипуваат чистотата на христијанското верување.
Се разбира дека овие влијанија на муслиманското верување и дејствување, покрај одредените подвизи на преобратување, покрај честото мешање и допири, ќе се круниса со уште поголеми резултати и дека ќе го зголеми бројот на муслиманите со неарапска крв, наречени „мувеледи“. Не помиало многу време, а потомците на овие мувеледи во државата формирале важна партија. Дури се дознава дека конечно овие мувеледи, кои го сочинуваат мнозинството од населението, уште на почетокот на IX век настојувале да ја разнишаат арапската власт и постепено, формирајќи национална партија меѓу муслиманите од Шпанија, навистина докажале дека постојат. Изгледа дека нема податоци за историјата на преобратувањето на овие нови муслимани. Примери за овие преобратувања се забележувале до последните денови од исламската власт. Дури во 1497 година, кога војската на Фердинанд и Изабела ја запоседнала Малага, ги испоубила оние што отпаднале од христијанството, мачејќи ги со тенки шилести стапови. По ова, по две години преку договорот за предавање во Погрена, добиено е особено ветување дека оние кои отпаднале нема да бидат принудувани повторно да се вратат назад во христијанството. Некои од преобратениците го напуштиле исламот за да се спасат од паричната глоба на која се осудени од страна на судовите. Мнозинството го придобила духовната надмоќ на исламското влијание.
Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 19:19
Витешката великодушност со другите хумани и високи доблести кои ги покажале арапските освојувачи, создале отворено поле за развивање на ова влијание. Ваквиот живот бил затворен за шпанските немуслимани. Кога ќе се спореди науката и книжевноста на муслиманите со науката и книжевноста на христијаните, оваа втората изгледа мошне сиромашна. Исламот на полето на науката и книжевноста, како двигател и поттикнувачки фактор, вршел особена улога за своите следбеници. Освен тоа, исламот во Шпанија ги покажал облагородените привлечности на религиозната, енергична група на морално чисти верници, на чие чело биле побожни луѓе. Оваа искрена и религиозна група имала превладувачко влијание врз државните работи и искрено се борела за спроведувањето на верските и моралните реформи. Кога ќе се земат предвид огнените верски чувства на муслиманите од Шпанија, потоа интригите на христијанското население, кои во договор со истоверниците надвор од границите ја растревожувале и ја разлутувале исламската власт, можеме наспроти сево ова да согледаме дека Шпанија, со исклучок на некои случаи, била поштедена од верски прогонства под арапската власт. Кога ќе се исклучат тричетири случаи на своеволно изложувања на казни на оние кои во име на верата сакале да станат божемни маченици, за целото време на исламското владеење не може да се најде случај за кој може да се каже дека е чисто напаѓање на верата. Исламските власти преземале строги мерки за да го спречат лудилото на „самоволното мачеништво“ кое се појавило во IX век во Кордова (Cordoba). Тогаш во овој крај на Шпанија меѓу христијаните се раширила една фанатична група чиишто членови, без повод, јавно ја навредувале верата на муслиманите и го пцуеле нивниот веровесник, и за да произведат скитничка струја на христијанскиот фанатизам, намерно настојувале да навлечат врз себе смртна казна.
Еден од андалузиските муслимани наречени „морискос“ (Moriscos), протестирајќи во 1610 година против суровоста на инквизицијата која тогаш потполно ги истерала споменатите муслимани, со овие зборови им ја напомнува на христијание слободоумната толеранција која до неодамна им ја покажале истоверниците: „Додека силата беше во рацете на нашите победоносни дедовци, дали кога и да е сакале да го искоренат христијанството од Андалузија? Додека вашите предци биле под нивната власт, зар тие не дале потполна слобода на вероисповед и слобода на вршење на христијанските обреди? Зар нашиот веровесник не наредил да се чуваат старите верувања, макар биле тие и погрешни, по цена на умерениот годишен данок на секој припадник од народот, кој бил вовлечен во кругот на освоените дури и со помош на исламскиот меч? Ако тогаш имало случаи на присилно преобратување, тие се толку ретки што и не се паметат, па дури и се вршеле од страна на оние во чиишто срца немало страв ниту од Бога, ниту од Неговиот Пратеник. Тие го правеле тоа знаејќи дека е спротивно на исламските правила и прописи. Не можете да тврдите дека кај нас, поради различностите во верувањето, има макар еден официјален суд сличен на вашата крвава инквизиција. Без сомнение, оние кои сакаат да ја прифатат нашата вера, секогаш ја наоѓаат отворена нашата братска прегратка, но Чесниот Куран не ни дозволува да вршиме притисок врз совеста. Луѓето кои ќе ги внесеме во нашата вера ќе ја постигнат сета можна поткрепа. Штом го исповеда верувањето во Божјото едноштво и пратеништвото на нашиот веровесник, ние го сметаме за свој без какви било услови; се венчава со нашите ќерки и добива вработување во високите корисни професии, каде што се бара доверливoст. Ние се задоволуваме со тоа што ќе биде третиран како нас и што според изгледот, а да не ја испитуваме неговата совест – ќе изгледа како муслиман, само под услов да не ја куди верата отворено и да не ја изигрува. Во случај некои да не прават така, ние таквите навистина ќе ги казниме, бидејќи доброволно го прифатиле исламот, а не со сила.“
Во една повелба која надбискупот Валенцие ја поднел до кралот Филип III, а која ја составил во 1602 година со намера да препорача прогон, понижување и конверзија на шпанските муслимани, во една точка од почетокот се напомнува за овој толерантен дух на исламот. По тој повод во истата апликација се признава дека Турците и останатите муслимани на останатите немуслимани им ја дале слободата на совеста.
Колку длабоко исламот пуштил корења во срцата на шпанскиот народ, можеме да судиме според оваа состојба кога е истерана последната поворка на домашните муслимани, наречени морискос. Во 1610 година, овие бедници, иако во текот на еден век биле принудени да се прикажуваат како христијани, покажале дека ѝ останале верни на верата на своите предци. Наспроти емиграциите кои се случиле по паѓањето на Гранада, бројот на последната истерана поворка изнесувал петстотини илјади. Градовите и селата опустеле, а куќите се претвориле во урнатини и не нашле нови жители кои ќе ги поправат. Во жилите на овие морискоси имало мошне малку арапска крв. Да се наведуваат докази за овие објаснувања би било премногу долго. Само во овој поглед да спомнеме една точка, а таа е извадена од едно писмо кое е напишано во 1311 година. Според него, од 200.000 муслимани населени во Гранада, имало само 500 со арапска крв. Сите останати биле потомци на шпанските преобратеници. На крајот да го забележиме и ова, дека исламот во последните денови од својата егзистенција во Шпанија стекнувал нови преобратеници. Поради тоа еден историчар, пишувајќи за настаните кои се случиле во 1499 година, односно седум години по паѓањето на Гранада, обрнува внимание на овој факт, т.е. дека и во такво време некои луѓе кои живееле меѓу Мароканците стапиле на верскиот пат на чесниот Мухамед.
Историчар голем тврдиш дека си, се надевам дека ова за тебе се да го прочиташ е како една реченица, па бујрум добредојдени се контрааргументи.
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 19:24
MalcolmX напиша:
КАКО СЕ КОНТРАМ САМИОТ СЕБЕ СИ, КОГА САМ ВИКАМ ДЕКА НЕ ТВРДАМ ДАЛИ Е ПРВ ИЛИ НЕ, ЗНАМ ДЕКА СЕ ПОЗНАТИ ОДАМНА, А НА ВЕБ СТРАНИЦАТА ВИКААТ ДЕКА Е ПРВИОТ, ПА ЈАС ВИКАМ ОСТАВАМ НА ВАС ДА ДОКАЖЕТЕ КОЈ Е ВО ПРАВО, А ВИДИ ТИ ШТО МИ ВИКАШ... УФ.. боље дај блокирај ми го профилот да не се нервирам со вакви кои не знаат ниту на кирилица да им напишеш не те разбираат.
ПАК ЌЕ КАЖАМ ЈАС НЕ СТОЈАМ НА СТАВОТ ДЕКА ТОЈ ПОДАДОК Е ТОЧЕН, УОПШТЕ НЕ НАВЛАГАМ У ТОА ДАЛИ Е ВИСТИНА ТОА ШТО ГО ПИШАЛЕ ИЛИ НЕ!!!! ЈАС САКАМ ДОКАЗ ОД ИСТОРИЧАРИТЕ ТУКА СО ЛИНК ПРВО т.е со ДОКАЗИ ДА ВИДАМ КАКО СЕ ДАВААТ ДОКАЗИ И КАКО ОНИ ДАВААТ ДОКАЗИ ЗА НЕКОЈА РАБОТА, ЗА ТОА ДЕКА ТОЈ ПОДАТОК Е ПОГРЕШЕН, А ВТОРО ДА СЕ ДОНЕСАТ ПОСТАРИ ДОКАЗИ ОД СТАРИТЕ ДРЕВНИ ВРЕМИЊА, А САЈТОТ ЈАС НЕ СЕ РАДУВАМ ДЕКА Е НЕИСЛАМСКИ И ДЕКА ГО ПИШУВА ОВА, ОМРАЗАТА ПРЕМА ИСЛАМОТ НЕ ТИ ДАВА ДА ВИДИШ ШТО ПИШУВАМ.. ЦЦЦ
АКО СИ МОДЕРАТОР ВО ВЕРОИЗПОВЕД, НЕ ЗНАЧИ ДЕКА СТВАРНО СЕ РАЗБИРАШ ОД ВЕРОИСОПВЕД, УБАВО БАЖА БИСЕРИ, ЗА ТЕБЕ ВО МНОГУ СЛУЧАЕВИ ПОДОБРО Е ДА МОЛЧИШ И ДА ОСТАВИШ НА ПОИСКУСНИТЕ ДА МИ ОДГОВОРАТ, ОТИ ТИ НЕ ГЛЕДАШ МНОГУ РАОБТИ ОД СЛЕПИЛОТО ТВОЕ.
Ако не ме разбираш кажи ќе ти објаснам уште поубаво со блондирано почиткаво попропсто.
Се јавуваш на овој форум да имаш разумни конверзации или да се конфориташ убедувајќи ги сите други членови дека само твоето верување и знаењето што проиизага од него е точно, a с'е дуго е грешно ???
Очигледно е дека не те интересира вистината бидејќи постојано бараш задоволување на своите желби. За тебе доволно е еден неинформиран човек да објави една работа, без докази, која тебе ти се допаѓа за да ја земеш неа како точна и сето друго да го објавиш како неточно или да бараш докази со кои ќе се покажи дека онаа твоја недокажана информација не е валидна.
Оти ако сакаше да ја прифатиш реалноста ќе ти биде јасно оти цитатот кој го наведуваш едноставно не држи вода! Ако некој треба нешто да докажи тоа е токму човекот на кој се повикуваш. А тој нема никаков доказ за тоа!
Одговорот е толку очебиен што нема потреба тука да трошиме време за собирање податоци. Доволно е уште еднаш да прочиташ што сум напишал:
Messenger напиша:
Па како може со иљадници години луѓето да ја користат магијата, а да не знаат како се употребува?
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 19:28
Пак даваш одговор кој е тежок офф топик, се надевам дека ќе дојде правиот кој ќе ми одговори на она шо го барам ако некој разбира, а ако ти не ме разбра ти кажав слободно пиши ми јас ќе ти кажам што барам почитко и појасно да ми изнесеш во врска со тој текст и со историјата врзана за тој човек.
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 19:32
ОК, понуди факти и докази дека никој не знаел ништо за магијата до појавата на овој арап.
Ти си оној кој се појави со таков аргумент и ти си тој што треба тоа да го докажи.
Повели, па потоа ќе следат другите.
П.С. Додека собираш факти и докази за ова објасни колку е важна магијата за Исламот.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 19:45
Messenger напиша:
ОК, понуди факти и докази дека никој не знаел ништо за магијата до појавата на овој арап.
Ти си оној кој се појави со таков аргумент и ти си тој што треба тоа да го докажи.
Повели, па потоа ќе следат другите.
П.С. Додека собираш факти и докази за ова објасни колку е важна магијата за Исламот.
Види, јас прв пат влгов во таа страница, јасно до тука? Го најдов текстот во кој чисто се сомневам, значи ниту го прифаќам ниту го отрфлам, до тука јасно? ЗНАЧИ СУМЉАМ ВО ТОА, А АКО СУМЉАМ ВО ТОА НЕ МОЖЕШ ДА МИ КАЖЕШ ДЕКА ЈАС СУМ ГО ТВРДЕЛ ТОА! И сега таму од таа(http://www.iluzionist.com.mk) тие од каде го зеле тој текст и кои докази ги имаат позади себе не знам, не сум им пишал по е-маил да ги прашам, до тука јасно?
И да не должам многу да не не ме разбериш пак ќе го кажам тоа што го кажав: „БАРАМ ДА МИ СЕ ИЗНЕСАТ ИСТОРИСКИ ДОКАЗИ тука на форумов од историчариве(може ако ми се дадат докази ќе им пишам по е-маил дека тоа е погрешно и да си го повлечат текстот ако се донесат докази дека е погрешно) ЗА ТОА ДАЛИ НАВИСТИНА БИЛ ПРВИОТ ВО ТАА РАБОТА(бил првиот во историјата кој забележал дека постои некоја чудна взаемна врска помеѓу хипнотичката состојба и способноста да се искористи и потчини некој вид загонетна, невидлива сила).
ЗАТОА ШТО КАКО ШТО РЕКОВ ИАКО Е АРАП ДАЛИ Е МУСЛИМАН ИЛИ НЕ НЕ ЗНАМ, МИСЛАМ ДЕКА БИЛ. ЗНАЧИ СУМЉАМ ДЕКА Е ПРВИОТ во тоа што го пишуваше на линкот), НЕ ПРИФАЌАМ И НЕ ОТФРЛАМ, ПА ЗАТОА САКАМ ДА МИ СЕ ИЗНЕСАТ ДОКАЗИ ОНАКА КАКО ШТО ТУКА СЕ ИЗНЕСУВААТ НАВОДНО, СО СЛИКА ОД КНИГА ОД ПОЗНАТ ИСТОРИСКИ ПИСАТЕЛ ИЛИ ПИСТАЕЛ ПОЗНАТ ОД ТАА ОБЛАСТ, СО ЛИНКОВИ, ИЛИ ПА АКО ГО ПРИФАЌААТ ДЕКА Е ПРВИОТ ТОГАШ НЕКА МИ ПИШЕ НЕКОЈ ОД ИСТОРИЧАРИВЕ ТУКА, ДА ТОЈ Е ПРВИОТ КРАЈ.
Сакам да научам дали навистина е првиот, ако има некој тука кој знае и има докази нека ме подучи ако нема нема.
Постирано од: pHp
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 19:55
MalcolmX напиша:
Историчар голем тврдиш дека си, се надевам дека ова за тебе се да го прочиташ е како една реченица, па бујрум добредојдени се контрааргументи.
Ок MalcolmX, сакаш да говориме за Историја на Исламот. Тогаш, ќе говориме за Историја, без верска конотација и без верски чувства. За да можеш конкретно да ме разбереш и да говориме за историја, а не за вера, ќе го поставам вака, иако знам дека ова ќе предизвика бурни реакции и ќе повреди многу верски чувства и кај Христијаните и кај Муслиманите. Но, не говорам за вера, туку за Историја.
Имам разговарано со проф.д-р Ратомир Грозданоски, своевремено Декан на Теолошкиот Факултет во Скопје, сега редовен професор во врска со Исус. Постои теорија, која е многу подржувана и во Католицизмот и во Православието и во Адвентистичката Црква (на истата тема сум разговарал и со проф.д-р Антун Цимиротиќ, Бискуп во Католичката Црква во Скопје и со д-р. Никола Тасевски од Адвентистичката Црква), која тврди дека Исус
не бил зачнат од Светиот Дух. Туку, дека Марија била ветена на Јосиф, но дека била вистински вљубена во друг, помлад човек со кој тајно се состанувала. Но, бидејќи Марија била веќе ветана (во тоа време се договарале браковите, Јосиф имал една жена, која починала и имал едно дете - полубрат на Исус), не можела да се земе со тој млад човек. Теоријата тврди деа Исус е продукт на чистата и вистинска љубов меѓу Марија и тој човек.
Ова мене ми е многу поверојатно, од приказната за зачнување со Светиот Дух. (пак говорам, без верски чувства, без вера, верата ја оставаме на страна). И Ратомир и Антун и Никола, тврдат дека постојат пишани записи за тоа.
Мухамед.
'Asma' bint Marwan. Нарачно убивсто на овој човек од страна на
чесниот пророк Мухамед за спротиставување со поезија (пишан збор) на учењата на Мухамед. Јануари 624 година.
Abu 'Afak. Истата причина. Нарачано од чесниот пророк Мухамед.
Al Nadr ibn al-Harith. Заробен во битката кај Мадр во Март 624 година. Убиен по налог на чесниот пророк Мухамед, поради силен критицизам кон Мухамед.
Uqba bin Abu Muayt. Заробен во битката кај Мадр во Март 624 година. Убиен додека се молел. По наредба на Мухамед (оти овој фрлал со мртви животни кон него и силно го критикувал.). Пред очите на Мухамед е убиен, додека се моли.
И така натаму и така натаму....
Пријателе, човек кој убива луѓе затоа што не се согласуваат со него, не може да биде световен (духовен). Ниту пак видел Ангел кој му го диктирал Светиот Куран.
Овој другиов, Исус, ми е многу посимпатичен. Него, додека го камшикуваа и бодеа и колеа, кажа "Прости им Боже не знаат што прават".
Во текот на Крстоносните војни, Христијаните испоклаа, силуваа, покрадоа, МИЛИОНИ невини луѓе. Христијаните, со Инквизицијата, во име на Бога, мачеа брутално луѓе затоа што не се согласуваат со Црквата и она што "Бог го говори".
Истото го правеле и Муслиманите. Тоа се факти. Нема што сега да се правиме наивни.
------------- Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 19:56
Мухаммед а.с. во очите на западните интелектуалци, научници, историчари, биографи. Според многумина и највлијателниот човек во топ 100 во Историјата на човештвото.
Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 19:59
Jас никаде не негирам дека Мухаммед војувал, али кога ти би видел дека Мухаммед наредил да не се убиваат жени, деца, старци ПА ДУРИ И МОНАСИ ВО ВОЈНА, многу поинаку би гледал на работите, ајде прочитај го и ова. Секако Мухаммед а.с. не е одговрен за она што турците го правеле.
Добредојдени ми се твоите мислења, ама ти сега преминуваш од една тема на друга, значи правевме дискусија за Муслиманите во Шпанија, кога веќе Мухаммед а.с. бил преселен на другиот свет. Значи сега отвораш тема дали МУХАММЕД БИЛ ПРАТЕНИК, таа е сосема друга тема, мислам и дека тука се дискутирало многу за тоа. Види, како да знаев дека ќе пишуваш за Мухамед па ставив видео за него, а не сум го прочитал твојот коментар, извини морам да одам се читаме, гледај го видеото и читај го текстот подоле позз.
Во денешното време, муслиманите се многу честа мета на обвинувања од страна на нивните соседи, Евреите и христијаните, дека исламот преставува насилство, тероризам, милитантност и слично. Но кој подобро ќе истражува , повеќе од очигледно е дека не знае што нивните верозакони и наредби проповедааат, кои, како што ќе видиме подолу,и кои се далеку потешки и поригорозни од она што исламската вера навидум го налага. Муслиманите веруваат дека на сите народи се испратени Пратеници од Бога, и дека објавувањето е доставено до секоја нација, и веруваат во сите божествени гласници, како Нух(Нoe), Ибрахим (Авраам), Исак (Исаак), Јакуб (Јаков), Муса ( Мојсеј), Сулејман (Соломон), Зекерија (Захарија),Иса (Исус), и други гласници на Бога, и дека пораките и верозаконите на сите овие луѓе биле привремено и од просторно локален карактер и затоа подлежат на нарушување со текот на времето, и дека се оние кои се на крајот запечатени со универзалниот Божји Пратеник,Мухаммед а.с., и последното и универзално откровение ,Куран , кој е заштитен од промени кои се однесуваат до Судниот ден. Некои од овие пратеници биле обични луѓе (Нух- Нoe, Ибрахим - Авраам, Исаак - Исак, Иса - Исус), а некои биле водачите на нивните народи и цареви како Давуд-Давид, Сулејман - Соломон, Муса - Мојсеј, Мухаммед , Аллах да даде мир и спасение за сите нив. Оние што беа кралеви и лидери, беа одговорни за целата нација, и ги објавуваа верозаконите кои го содржат концептот на војната, бидејќи луѓето во овој свет не може да преживеат без војска, која ќе го штити народот, бидејќи има постојана тенденција на постоење на други луѓе да се прошират и да освојат територија. Затоа, можеме да видиме во тековната верзија на Стариот Завет,која му се припишува на Муса - Мојсеј, како некој кој е задолжен да го води својот народ, многу строги прописи во врска со војната, но во Новиот Завет, кој му се припишува на Иса -- Исус, не толку многу, бидејќи во текот на својот краток живот на проповедање тој немаше контрола врз кој било дел од својот народ, и беше само повикувач. Но при повторното доаѓање Иса- Исус, тој ќе има многу моќ и сила, и најавата на употреба на сила од негова страна, па дури и смртоносна, е нешто што муслиманите веруваат дека ќе се случи. Значи тврдењето дека една религија е мир и љубов а од друга страна има атомски бомби и спремна е во секој момент да ги употреби укажуваат дека тоа се само слогани со кои некој сака да привлече што повеќе следбеници. Со оглед дека Мухаммед а.с, во вториот период на нивната мисија, во Медина, имаше моќ над својот народ и беше нивниот лидер, и војната е пропишана од Создателот против оние кои ги нападнаа заедницата на верниците и пред се била заради одбрана на егзистенцијалната закана на невоинствените и мирољубиви старци против политеистички настроените арапи. Оние кои го обвинуваат исламот на агресивноста и насилството, воглавно се работа од предрасуди и незнаење, но често од лоши намери, иако тие ја знаат вистината. За да направат така, тие користат Курански стихови вадејќи ги надвор од контекст, а потоа ги интерпретираат на свој начин, кој добива искривена слика за реалноста.
Законитоста на војната во согласност со Куранот
Според Куранот, војната е ''несакана нужност'' кон која се прибегнува единствено само во потреба, и која мора да биде извршена во одредени човечки и морални граници. Во Курански ајет се соопштува дека неверниците се тие кои предизвикуваат војна на земјата, а Аллах џ.ш., не дава согласност за војната: „... и секогаш кога се обидат да разгорат оган на војна, Аллах го гаси. Тие настојуваат на земјата да прават интриги, сплетки, а Аллах не ги сака оние кои сплекарат“ (Ел - Ma'идa, 64).
Во секое недоразбирање верниците мора да чекаат војната да стане неопходност, значи, во војна треба да влезат само во случај на напад од другата страна и кога ќе исчезнат сите други алтернативи, освен војната. Оваа ситуација на следниов начин се соопштува во Куранот: „Ако ве нападнат, тогаш убивајте ги! – Да, таква нека биде казната за неверниците! А ако се сложат - па, Аллах навистина простува и Сомилосен е''(Ел-Бекара, 191 -192).
Затоа, верниците се одговорни да чекаат нешто да преземе спротивната страна, да го претпочитаат мирот и договорот, да се борат единствено само со цел за одбрана во случај на напад од другата страна. Ако обрнеме внимание на животот на Мухамед, а.с., може да забележиме дека војната е еден метод кон кој се прибегнува само во случај на потреба и со цел на одбрана. Објавата на Куранот траела дваесет и три години. Првите тринаесет години на времетраење на Објавата муслимани во Мека живееле како малцинства, во еден идолопоклоннистички систем, каде што секојдневно биле изложувани на многу големи притисоци. Врз големиот број муслимани се вршени физички тортури, некои биле убивани, многу куќи и имоти биле ограбувани, постојано биле соочувани со навреди и закани. Меѓутоа, сепак муслиманите продолжувале да живеат без прибегнување кон сила, и идолопоклонениците постојано ги повикувале на мир. Конечно, кога идолопоклоненичките притисоци достигнале точка на нетолеранција, со преселување во Јасреб (кој подоцна бил наречен Медина), во кој владеела слободна и пријателска aтмосферa, муслиманите формираат своја управа. Дури и откако формирале свои политички устројства не се впуштале во војна против агресивните идолопоклоненици од Мека. Меѓутоа, откако беше објавен Куранскиот ајет, Мухамед, а,с,. им даде налози на асхабите да се подготват за војна: „Ви се дозволува одбрана од оние што напаѓаат други, бидејќи ним им се прави насилство - а Аллах навистина е Моќен да им помогне на оние кои ни криви ни должни беа прогонети од својата татковина, само затоа што зборуваа: „Аллах е нашиот Господар '' .. (Ел-Хаџ, 39-40).
На кратко, Aллах, џ.ш., на муслиманите им дозволил војна, бидејќи тие биле изложени на притисок и тиранијата. Со други зборови, војна која се дозволува единствено е само војната со цел за одбрана и во случај на проширување на правда на соседните подрачја. И во други ајети муслиманите се предупредуваат за да се избегнува непотребна провокација и непотребна употреба на сила: „И борете се на Аллаховиот пат, против оние кои се борат против вас, но вие не oтпочнувајте борба! - Аллах, навистина, не ги сака оние кои започнуваат кавги“ (Ел-Бекара, 190).
По објавувањето на овој ајет се случиле војни меѓу муслиманите и Арапите идолопоклоненици. Сепак, во ниту една од овие војни, муслиманите не биле страна која предизвикала војна. Покрај тоа, со прифаќањето на мировен договор (договор на Худејбија) во кој се согласило на серија барања идолопоклонениците Мухамед, а.с., обезбедил мир и безбедност, изградил атмосфера и социјална структура, во која со идолопоклонениците ќе живеат во мир. Идолопоклонениците сепак биле страната која го прекршила договорот и тоа била причина за почеток на една нова војна. Меѓутоа, во исходот со брзото зголемување на бројот на муслиманите, муслиманската војска станала толку силна што Арапските идолопоклонниците не можеле да одолеат, кога Мухамед, а.с., со оваа војска тргнал и ја освоил Мека.
За време на овој поход немало никакво пролевање на крв, на ниту еден човек не му е направено ниту едно зло и непријатност. Ако сакал, Мухамед , а.с., можел да им се одмазди на идолопоклоненичките лидери на освоениот град. Меѓутоа, не е допира ниту еден од нив, простувајќи им, оставајќи ги слободни во нивните верувања. Импресионирани од вака високиот морал и карактер, мушриците-паганите, подоцна доброволно го прифаќаат исламот.
Не само за време на освојувањето на Мека, и при сите војни и освојувања за време на Мухамед, а.с., многу прецизно се штитени правата на невините и беспомошните. На ова многу важно прашање Мухамед, а.с., често ги потсетувал верниците, а со своите дела практично им покажувал. Така, во еден хадис им се обраќа на верниците, кои тргнале во војна:„Одете во поход, во согласност со Ресулуллаховата вера! Постарите, жените и децата не ги допирајте! Бидете оние кои се благонаклонети и милостиви. Aллах, џ.ш., ги сака искрените.'' За тоа каков став мора да завземат муслиманите, дури и кога тие се во директна војна, Мухамед, во друг хадис се истакнува со следниве зборови: „Не убивајте деца! Не се осмелувајте да ги допрете оние кои вршат молитва во нивните цркви! Не убивајте жени и стари! Не палете и не сечете ги дрвата! Не уништувајте ги куќите!'' Оваа умерена и мирољубива политика на Мухамед, а.с., произлегува од темелот на Исламот кој Алах, џ.ш., го изјавува во Куранот. Aллах, џ.ш., во Куранот им наредува на верниците убаво да се постапува и кон оние кои не се муслимани: „Аллах не ви забранува да правите добро и да бидете праведни кон оние кои не се борат против вас заради верата и кои од вашата татковина не ве гонат - Аллах навистина ги сака оние кои се праведни - но ви забранува да пријателувате со оние кои се борат против вас заради верата и кои од татковината ве гонат и кои помогаат да бидете прогонувани..“(Ел-Мумтехине, 8-9).
Споменатиот ајет го дефинира односот на муслиманите кон немуслиманите: Муслиманот би требало кон сите немуслимани да се однесува убаво, само не би требал да бара пријател во оние кои покажуваат непријателство кон исламот. Ако тие што покажуваат непријателство ги нападнат муслиманите и ако тоа биде причина за војна, муслиманите таа војна би требало да ја спроведат на праведен начин и во рамките на човечноста. Забранет е секаков вид, употреба на непотребна сила и неправедни злоупотреби. Во еден друг Курански ајет Аллах, џ.ш., ги предупредува верниците на ова прашање и им соопштува дека омразата што ја чувствуваат кон непријателот никако нека не ги доведе да бидат неправедни: „О верници, извршувајте ги должностите кон Аллах, и праведно сведочите! Нека омразата што ја имате кон некои луѓе не ве наведе да бидете неправедни! Бидете праведни тоа е најблиску до честитоста и плашете се од Аллах, бидејќи Аллах добро го знае она што го правите!“ (Ел-Ma'идa, 8).
Правдата е најголем човечки стремеж за да се достигне она што е цивилизирана норма. Денес се прават разни меѓународни судови , разни меѓународни резолуции, но често ќе видиме како тие не доволно ги исполнуваат вистинските човечки желби за правда и казнување на неправедниците. Затоа е нужно да веруваме дека овој свет не е место каде што ќе се возврати на неправда во вистинска форма. Таа неправда ќе биде возвратена во целост од Оној кој ја создал потребата за правда и кој сите нам ќе Ни суди. Затоа концептите на војна и концептите на суд кои луѓето ги носат на овој свет еден ден ќе бидат подложни на одговорност и секоја неправда ќе биде израмнета и секоја лага и лажно сведочење ќе биде казнето.
Prezemeno od povikkonvistinata.
Постирано од: pHp
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 20:35
MalcolmX напиша:
Jас никаде не негирам дека Мухаммед војувал, али кога ти би видел дека Мухаммед наредил да не се убиваат жени, деца, старци ПА ДУРИ И МОНАСИ ВО ВОЈНА, многу поинаку би гледал на работите, ајде прочитај го и ова. Секако Мухаммед а.с. не е одговрен за она што турците го правеле.
Секако и ова е точно.
MalcolmX напиша:
Добредојдени ми се твоите мислења, ама ти сега преминуваш од една тема на друга, значи правевме дискусија за Муслиманите во Шпанија, кога веќе Мухаммед а.с. бил преселен на другиот свет. Значи сега отвораш тема дали МУХАММЕД БИЛ ПРАТЕНИК, таа е сосема друга тема, мислам и дека тука се дискутирало многу за тоа.
Гледај, затоа всушност и пишав за Исус, да го разбереш мојот начин на гледање (целта ми беше да не помислиш дека го напаѓам Мухамед од верски аспект).
MalcolmX напиша:
Во денешното време, муслиманите се многу честа мета на обвинувања од страна на нивните соседи, Евреите и христијаните, дека исламот преставува насилство, тероризам, милитантност и слично.
Апсолутно се согласувам.
MalcolmX напиша:
Но при повторното доаѓање Иса- Исус, тој ќе има многу моќ и сила, и најавата на употреба на сила од негова страна, па дури и смртоносна, е нешто што муслиманите веруваат дека ќе се случи.
Не таква сила MalcomX. Световна, духовна сила се мисли, не сила на крвопролевање. Оние кои духовно се отуѓени, духовноќе умрат. Нема Иус да им ги сече главите со мечот, човеку, тоа е поентата на Христијанството. Не физичка сила, не насилство, туку душевна сила. Приказната за Адам и Ева во Едем. Ако јадеш од Дрвото навистина ќе умреш. Не физички, туку духовно, како световен човек ќе умреш. Нема да добие инфаркт Адам или Бог да му пресече главата. Едноставно, ќе почне да се разликува добро-лошо, така ќе почне да се суди на Божјата креација и тоа духовно нас и ден денес ни прави сериозни проблеми.
MalcolmX напиша:
Значи тврдењето дека една религија е мир и љубов а од друга страна има атомски бомби и спремна е во секој момент да ги употреби укажуваат дека тоа се само слогани со кои некој сака да привлече што повеќе следбеници.
Ај сега. Луѓето што имаат атомски бомби, немаат ама никаква врска со религија (било која). Не сите Христијански земји имаат атомски бомби.
MalcolmX напиша:
Законитоста на војната во согласност со Куранот
Според Куранот, војната е ''несакана нужност'' кон која се прибегнува единствено само во потреба, и која мора да биде извршена во одредени човечки и морални граници. Во Курански ајет се соопштува дека неверниците се тие кои предизвикуваат војна на земјата, а Аллах џ.ш., не дава согласност за војната: „... и секогаш кога се обидат да разгорат оган на војна, Аллах го гаси. Тие настојуваат на земјата да прават интриги, сплетки, а Аллах не ги сака оние кои сплекарат“ (Ел - Ma'идa, 64).
Во секое недоразбирање верниците мора да чекаат војната да стане неопходност, значи, во војна треба да влезат само во случај на напад од другата страна и кога ќе исчезнат сите други алтернативи, освен војната. Оваа ситуација на следниов начин се соопштува во Куранот: „Ако ве нападнат, тогаш убивајте ги! – Да, таква нека биде казната за неверниците! А ако се сложат - па, Аллах навистина простува и Сомилосен е''(Ел-Бекара, 191 -192).
Затоа, верниците се одговорни да чекаат нешто да преземе спротивната страна, да го претпочитаат мирот и договорот, да се борат единствено само со цел за одбрана во случај на напад од другата страна.
Одбрана на сопствената вера, се прави со вера.
MalcolmX напиша:
Муслиманот би требало кон сите немуслимани да се однесува убаво, само не би требал да бара пријател во оние кои покажуваат непријателство кон исламот. Ако тие што покажуваат непријателство ги нападнат муслиманите и ако тоа биде причина за војна, муслиманите таа војна би требало да ја спроведат на праведен начин и во рамките на човечноста.
Гледаш, тука имам методолошки проблем. Бидејќи сите религии на светов, освен Исламот, повикуваат на една реченица: Сакај го непријателот свој. Не постои "војна во рамки на човечноста", што подразбира тоа "војна во рамките на човечноста"? Каква е таа војна? Нема силувања, грабежи, уништувања, само елеганти и брзи убивања?
------------- Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 20:43
Во верата нема присила, кој сака нека верува кој не сака нека не верува- вистината јасно се разликува од заблудата-Куран
Иначе пхп, сега ти треба да одлучиш дали ќе се води темата за историја или теолошка расправа, научна расправа, значи сепак не е лесно да се докажат некои работи на форум а за тоа си и ти сам свесен но сепак добро е да се научи нешто повеќе.
Во Куранот стои: оној кој ќе убие еден невин живот е исто како да го убил целото човештво, а оној кој ќе спаси еден човечки живот е исто како да го спасил целото човештво-Куран.
Мухаммед а.с: Пратен сум да го усовршам моралот на луѓето.
Значи мислам дека си видел пхп и научил некои позитивни работи кои не си ги знаел досега, позз.
п.с. 'Исламот не е она што муслиманите го прават, туку она што треба да го прават.''
И за Исламот треба да се учи од Исламот, не од рекла-казала, ниту па од постапките на муслиманите или ако некој прочитал нешто малце или чул и ајде тоа е тоа крај готово. На човек лесно му е на интернет да седи и да прогугла нешто да најде и ајде тоа е тоа, и мисли дека многу се помачил за некоја работа а фактички ништо не се помачил туку ја зел информацијата како што му доаѓа да не кажам нати го дај ми го како на телевизиите што стигаат информациите. Интернетот денеска е како мало село каде се војува о луѓе, не знам колку се свесни за оваа работа некои луѓе. Треба навистина да се знае Историјата за Исламот, зашо во ова време кога лагата е раширена на секој ќош и човек од медиумите мозокот му е преплавен па вистината ја смета лага а лагата вистина, нормално во време кое исламофобијата е на висок степен има работи за Мухаммед а.с. кои се пишувани а немаат врска со неговиот живот.
Исто да бидам реален пхп многу од Абу, или некој друг како се вика тие што ми ги пишуваш не ми значат на мене ништо, пр. битка кај Мадр јас прв пат слушам за така битка, зашо може да се случки кои се измислени. Во Исламот има преданија веродостојни хадиси, има наука една цела која ги изучува тие хадиси-преданиа и нивната веродостојност. На пример Бухари и Муслим нивните книги збирки се едни од најверодостојните книги после Куранот кај муслиманите, тие книги има луѓе кои ги знаат напамет на изус како што го знаат Куранот, преку 10.000 зборови на Мухаммед а.с., а Куранот муслиманите веруваат дека е Реч Божја, а хадисот- збор или некоја работа која ја правел или наредил да се прави Мухаммед а.с кратко просто кажано да разбере секој кој не знае мн.
„Јунаштвото не е во борење, јунаштвото е во совладување самиот себе си во лутина“- Мухаммед а.с.
“Вистински муслиман е оној од чиј јазик и раце се сигурни останатите муслимани“ - Мухаммед а.с.. (Бухарија и Муслим)
”Не е од нас оној кој не ги почитува нашите постари и кој не е милостив на нашите помлади.“ - Мухаммед а.с. (Тирмизи)
“Најповеќе луѓе кои ќе влезат во џеннетот/рајот ќе бидат оние поради-заради богобојазноста(таквалукот) и убавиот морал.” - Мухаммеда с.с.
“Аллах(Единиот Бог), навистина, не ги гледа ни вашите тела ниту вашиот изглед, туку гледа во вашите срца!” -Мухаммед а.с. ( Не знам кој го бележи преданието ама веродостојно е.)
“Најлоши луѓе се оние кои туѓи зборови пренесуваат и оние кои ги раскаруваат оние кои се сакаат.“- Мухаммед а.с.- (Ахмет)
“Оставете ја расправата заради која е малку добро во неа, оставете ја расправата заради малата корист од неа зашто таа предизвикува непријателство меѓу браќата.“- Мухаммед а.с. (Теберани)
Пратеникот с.а.в.с. рекол: "Нема да влезете во Џеннетот се додека не поверувате, а нема да поверувате се додека не почнете да се сакате. Па ќе ве упатам на нешто што ако го правите, ќе се сакате: "Ширете го селамот(мирот) меѓу вас." Мухаммед а.с. (забележaл Муслим)
------------- Кој ќе спаси еден човечки живот е како да го спасил целото човешство, а кој ќе убие еден невин човечки живот е како да го убил целото човештво.- Куран
Постирано од: goran-twin
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 21:41
pHp напиша:
Во текот на Крстоносните војни, Христијаните испоклаа, силуваа, покрадоа, МИЛИОНИ невини луѓе. Христијаните, со Инквизицијата, во име на Бога, мачеа брутално луѓе затоа што не се согласуваат со Црквата и она што "Бог го говори".
Истото го правеле и Муслиманите. Тоа се факти. Нема што сега да се правиме наивни.
Морам да се придадам за да не се генерализира. Инквизицијата се случи во католичкиот свет и под наредба од католички папа.Исто светата војна,односно крстоносните војни се под наредба на католицизмот и католичкиот папа. Значи Православната Црква нема удел во тие одлуки. Кога се дискутира за христијански водачи од филозофи треба да се знае дека католицизмот има христијански водач,односно папата,како непогрешлив.Православието нема,зошто во православието се вели прв меѓу еднаквите,а водач е самиот Христа.
Постирано од: goran-twin
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 21:50
MalcolmX напиша:
не сум видел иначе уште досега исламска земја во која има култ од Мухамед, ни тоа не го знаеш дека во Исламот е забранет култ на Мухамед.
Погледни на реалноста и практиката и законите во исламска земја,а не да ми дискутираш фантазии од куранот.Во исламска земја величење на Мухамед и секакви пофални зборови се одобрени,а критиката со смрт се казнува. Е тоа ако не е присилно стварање на култ на личност на обичен човек,јас незнам што друго би било.
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 22:24
офф топик:
goran-twin напиша:
Инквизицијата се случи во католичкиот свет и под наредба од католички папа.
Инквизиција имало и во православието само што тоа не се нарекувало така и крвавата дејност беше ограничена претежно на Балканот.
------------- Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
Постирано од: goran-twin
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 22:52
Убиства и немили настани има сегде Мајкл.Ние зборуваме за Инквизација,ако во врска со тоа немаш да изложиш нешто,а плус тоа ти не си историчар,а јас со историчар расправам за историски работи моментално,тогаш подобро не се придавај од страна на протестант.Не дзабе велат молчењето е злато.
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 15.Март.2012 во 00:33
Eдна работа треба да се расчисти во ваквите дискусии (во однос на темата).
Ислам е религија, а не егзактна наука. Според тоа, научните придонеси од страна на оние муслимани кои на времето се занимавале , на пример, со математика и медицина, не се должи на Исламот "пер се". Исаламот во тие времиња бил подлога, создавач на услови за да се развијат тие научни дисциплини, но како религија немал апсолутно никаков удел во сето тоа. Исламот не е ниту математика, ниту медицина.
Значи, да се тврди дека извесни научни достигања од минатото се должат на Исламот е погрешно исто така како што е погрешно да се тврди дека научните достигања во Европа се должат на Христијанството.
Инаку неоспорен факт е дека во одреден период на развивањето на Исламот постоел процут во филозофијата, математиката, педаговијата и медицината. Така, АЛ Кинди имал напишано повеќе од 200 книги за математика, физика, медиција и фармакологија, АЛ Фараби бил познат филозоф, Ибн Сина се смета еден од најголемите научници на сите времиња, човек кој за прв пат го собрал сето медицинско знаење во една енциклопедија од која со векови учеа лекарите на сите континенти, Факр ал-Дин Рази бил енциклопедист и т.н.
Сите овие велики луѓе се јавуват некаде од 9 до 13-14 век.
После тоа нештата се менуваат, процутот секнува и се пропаѓа во темница... Оноа што се случи во Европа со потполната доминацијата на Христијанството кое донесе до црни векови, се случува и со земјите во кои завладеа фундаменталниот Ислам.
И така, оние кои сакаат да подвлечат оти Исламот имал позитивни последици по научниот и едукативниот систем во муслиманските земји секогаш се повикуваат на далечната историја и никогаш не ја спомнуваат поновата, онаа од пред 100-200, pa i 300 години.
Во тој период таканаречените "христијански" држави доживуваат непамтен процут во науката, техниката, уметноста и филозофијата додека исламските држави истовремено доживуваат непамтено заостанување.
А зошто се јавува таквиот процут кај другите земји?
Тоа е затоа што тие дефинитивно раскрстуваат со директното влијание на религијата во секојдневниот живот и верата ја оставаат онаму каде што единствено припаѓа - кај секоја личност посебно.
Овие земји доживуваат прогрес кога се востануваат како секуларни држави.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: pHp
Датум на внесување: 15.Март.2012 во 13:54
MalcolmX напиша:
Иначе пхп, сега ти треба да одлучиш дали ќе се води темата за историја или теолошка расправа, научна расправа, значи сепак не е лесно да се докажат некои работи на форум а за тоа си и ти сам свесен но сепак добро е да се научи нешто повеќе.
Гледај, постот со теоријата за Исус и убиствата нарачани од Мухамед - е Историја. Кога се говори за историја, не се мешаат верски чувства и не се користи толкувањето на верските книги.
MalcolmX напиша:
Во Куранот стои: оној кој ќе убие еден невин живот е исто како да го убил целото човештво, а оној кој ќе спаси еден човечки живот е исто како да го спасил целото човештво-Куран.
Мухаммед а.с: Пратен сум да го усовршам моралот на луѓето.
п.с. 'Исламот не е она што муслиманите го прават, туку она што треба да го прават.''
Гледај, ова е проповед. И тоа верска. Куранот, Библијата, Тората, Талмудот, Гита, Упанишади, Веди и т.н. не се релеванти историски извори. Цитати од верска книга и нивно идеализирање, не може да биде историја, туку веќе верска проповед. Тоа е причината поради која mungos ја премести темата овде, тоа се обидува messinger постојано да ти укаже.
MalcolmX напиша:
Исто да бидам реален пхп многу од Абу, или некој друг како се вика тие што ми ги пишуваш не ми значат на мене ништо, пр. битка кај Мадр јас прв пат слушам за така битка, зашо може да се случки кои се измислени.
Ова е официјална историја. Можеш секако да ја провериш на сајтовите на арапските универзитети. Исто како што може на европските универзитети да се провери официјалната историја на масакрите на Инквизицијата.
Тоа јас што ќе си направам свој блог, свој сајт и на него ќе си ги пишувам своите теории - не е релевантен научен доказ. Тоа го може секој. И може секој да си создаде сајт за што сака. Еве има и ваков сајт www.joyofsatan.com Ова не е релевантен теолошки сајт. Ама има луѓе кои веруваат во глупостите пишани овде дека се вистинити. Во науката има методологија, строги пронципи по кои нештото се тврди дека е вистина или не.
------------- Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 15.Март.2012 во 14:15
Имаш и арапски христијански универзитети што може да пишуваат свешто за Мухаммеда а.с., а европските далеку го негирале христијанството во секој поглед како лажна и мизерна религија дури викаат и дека Исус уопште како историска личност не постоел!, а да не зборувам за уиверзитетите во Америка и реномираниот библиски истражувач Барт Ерман од Северна Каролина позади својата 30-годишна истражувачка дејност и познавање на неколку старохристијански јазика како еден од најпознатите научници што вика за христијанството ни кажува како дошло до измени во библијата односно Новиот Завет.Кој и зошто ги менувал евангелијата и дали постојат разлики и спротивности од манускриптите?! Значи не би требало да има христијани ако се гледа низ историјата затоа што работите немаат никаква допирна основа со Исус, но ете сепак имаме други универзитети каде не се слагаат со Оксворд, овој во Калифорниа и изнесуваат други докази.Не е се така плитко да гледаш на работите, верата не се учи од интернет, верата се учи пред учени луѓе од книги пред кои тие со години ги истражувале и учеле. Ако сакаш да го научиш Исламот тоа можеш само онаму каде Исламот е најзачуван и онаму каде Исламот почнал -Мека и Медина.- Но за жал ја нема секој таа привилегија, за разлика од христијанството каде центарот и корените на христијаснтвото-Ерусалим е збришан од мапата као зачувана историска религија.
Did Jesus Exist?: The Historical Argument for Jesus of Nazareth
Book Cover Description --“Large numbers of atheists, humanists, and conspiracy theorists are raising one of the most pressing questions in the history of religion: "Did Jesus exist at all?" Was he invented out of whole cloth for nefarious purposes by those seeking to control the masses? Or was Jesus such a shadowy figure—far removed from any credible historical evidence—that he bears no meaningful resemblance to the person described in the Bible? In Did Jesus Exist? historian and Bible expert Bart Ehrman confronts these questions, vigorously defends the historicity of Jesus, and provides a compelling portrait of the man from Nazareth. The Jesus you discover here may not be the Jesus you had hoped to meet—but he did exist, whether we like it or not.”—from Forged
Значи интернетот и универзитетите не се мерило за Историјата.
Иако е темата историја и ислам не сакам да навлагам у христијаснтво и историјата ама мораше колку малце да се разјаснат некои работи.
Зашо имам јас многу добри книги под наслов „Историското христијанство“ и така натаму, но не сум научник и никад не ги користам тие книги тука за да кажам ова вака рекол овој оној онака, а ако сакате можам и јас да направам како вие што правите ама нема далеку да стигнеме.
Само дел да видите за што говорам со пример:
Еден од ценетите христијански научници д-р Александар Кидс во предговорот на “Нова Библија” рекол дека за три работи постојат јасни докази: а - дека денешната Тора не е Мојсeево дело и дека не е пишувана во време на Мојсије б -дека денешната Тора е напишана во Палестина, а не во времето на Мојсеј кога израелскиот народ бил во гората Синај. в - дека денешната Тора е составена во времето на Соломон, односно во периодот помеѓу 8 и 10 век пред Исус, што укажува на тоа дека помеѓу нејзиното пишување и смртта на Мојсеј изминале повеќе од 500 г. 6. Од искуство се знае дека јазикот на големо се разликувал во разни временски периоди. Ако се направи споредба на Англискиот јазик пред 400 години и сега, ќе се најдат огромни разлики помеѓу нив. Еден од големите христијански научници Нортон, рекол дека не постои некоја суштинска разлика во стилот на Тората и стилот на другите останати книги на Стариот завет кои биле пишувани по ослободувањето на Израелците од Вавилон. А помеѓу смртта на Мојсеј и нивното ослободување стои временска разврска од окулу 900 години.
И јас никаде ова не го користам пример како аргумент дека денешната Тора е изменета, иако има еден куп докази дека е изменета, но не сакам да удрам по чуствата на христијаните и да кажувам работи кои самите викаат дека не се така, и викаат дека има докази за тоа. Позз.
------------- Кој ќе спаси еден човечки живот е како да го спасил целото човешство, а кој ќе убие еден невин човечки живот е како да го убил целото човештво.- Куран
Постирано од: pHp
Датум на внесување: 15.Март.2012 во 14:37
MalcolmX напиша:
Имаш и арапски христијански универзитети што може да пишуваат свешто за Мухаммеда а.с., а европските далеку го негирале христијанството во секој поглед како лажна и мизерна религија дури викаат и дека Исус уопште како историска личност не постоел!, а да не зборувам за уиверзитетите во Америка и реномираниот библиски истражувач Барт Ерман од Северна Каролина позади својата 30-годишна истражувачка дејност и познавање на неколку старохристијански јазика како еден од најпознатите научници што вика за христијанството ни кажува како дошло до измени во библијата односно Новиот Завет.Кој и зошто ги менувал евангелијата и дали постојат разлики и спротивности од манускриптите?! Значи не би требало да има христијани ако се гледа низ историјата затоа што работите немаат никаква допирна основа со Исус, но ете сепак имаме други универзитети каде не се слагаат со Оксворд, овој во Калифорниа и изнесуваат други докази.Не е се така плитко да гледаш на работите, верата не се учи од интернет, верата се учи пред учени луѓе од книги пред кои тие со години ги истражувале и учеле. Ако сакаш да го научиш Исламот тоа можеш само онаму каде Исламот е најзачуван и онаму каде Исламот почнал -Мека и Медина.- Но за жал ја нема секој таа привилегија, за разлика од христијанството каде центарот и корените на христијаснтвото-Ерусалим е збришан од мапата као зачувана историска религија.
Did Jesus Exist?: The Historical Argument for Jesus of Nazareth
Book Cover Description --“Large numbers of atheists, humanists, and conspiracy theorists are raising one of the most pressing questions in the history of religion: "Did Jesus exist at all?" Was he invented out of whole cloth for nefarious purposes by those seeking to control the masses? Or was Jesus such a shadowy figure—far removed from any credible historical evidence—that he bears no meaningful resemblance to the person described in the Bible? In Did Jesus Exist? historian and Bible expert Bart Ehrman confronts these questions, vigorously defends the historicity of Jesus, and provides a compelling portrait of the man from Nazareth. The Jesus you discover here may not be the Jesus you had hoped to meet—but he did exist, whether we like it or not.”—from Forged
Значи интернетот и универзитетите не се мерило за Историјата.
Е видиш, пак имаме методолошки проблем. Значи, Христијанството и неговата порака, идеја и суштина не се учи само во Ерусалим (и не знам од каде тоа дека е избришан од мапата на светот), туку се учи на веронаука од теолози. И обичен селски поп е - теолог.
Не се учи хемија пред маало со експерименти од свеќа и прашок, туку во лаборатории - базирани на научен метод.. (базирано на каузалитет, причинско-последична врска, методолошки испитувања и верификувани факти). Тоа што некој си направил свој сајт, блог или што ти ја знам и тврди нешто на него, не е релевантен научен податок. Има и ваков сајт www.joyofsatan.com. Значи може и ова на интернет. Има луѓе кои веруваат дека глупостите напишани овде се апсолутна вистина. Но, ова не е релевантен теолошки доказ. Историјата е наука заснована на научен (каузален) метод.. И се изучува на Универзитети.
------------- Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 15.Март.2012 во 14:42
Се изучува на универзитети, ама тогаш сите големи универзитети докажале дека христијанството е во погрешен пат, па сеа зошто се декларираш како христијанин т.е зошто веруваш од една страна како христијанин, од друга страна као историчар и атеист... тоа не ми е јасно...
------------- Кој ќе спаси еден човечки живот е како да го спасил целото човешство, а кој ќе убие еден невин човечки живот е како да го убил целото човештво.- Куран
Постирано од: pHp
Датум на внесување: 15.Март.2012 во 14:45
MalcolmX напиша:
Се изучува на универзитети, ама тогаш сите големи универзитети докажале дека христијанството е во погрешен пат, па сеа зошто се декларираш како христијанин т.е зошто веруваш од една страна како христијанин, од друга страна као историчар и атеист... тоа не ми е јасно...
Каде виде дека сум се декларирал како историчар, христијанин или атеист?
Те интересира мојата верска определба?
------------- Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 15.Март.2012 во 14:48
Барт Ерман на пример е агностик, а вие тука повеќе од половина тврдите христијанството ова она, мислам не сум будала не можеш да кажеш ти или месинџер дека не идете у црква или да не негирате дека сте хирстијани, а од друга страна земате податоци од историјата од атеистите кои самите го направиле ржум христијаснтвото, ок можеби не си христијанин се извинувам али јас барем на едно место да не кажувам каде те разбрав дека си христијанин кога кажа „истото важи и за нас кај христијаснтвото, тука сме исти“. Позз.
------------- Кој ќе спаси еден човечки живот е како да го спасил целото човешство, а кој ќе убие еден невин човечки живот е како да го убил целото човештво.- Куран
Постирано од: pHp
Датум на внесување: 15.Март.2012 во 14:52
MalcolmX напиша:
Барт Ерман на пример е агностик, а вие тука повеќе од половина тврдите христијанството ова она, мислам не сум будала не можеш да кажеш ти или месинџер дека не идете у црква или да не негирате дека сте хирстијани, а од друга страна земате податоци од историјата од атеистите кои самите го направиле ржум христијаснтвото, ок можеби не си христијанин се извинувам али јас барем на едно место да не кажувам каде те разбрав дека си христијанин кога кажа „истото важи и за нас кај христијаснтвото, тука сме исти“. Позз.
Ти фали поентата на пораката, грешкате е во една запирка. Истот важи и кај нас (во мојот поглед на верата) и кај христијанството, тука сме исти (сите сме исти во еден поглед на Бог). Тоа е поентата. Никаде јас не сум изјавил дека сум христијанин, муслиман, хиндуист, будист ....
------------- Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 15.Март.2012 во 18:47
ЗЛОУПОТРЕБА НА ЗНАЕЊЕ
Брзиот развој на науката во последните 50 години создаде голем јаз помеѓу практичните знаења достапни на јавноста и оние кои ги поседуваат и користат владеачките елити. Со достап до практични знаења од биологијата, невробиологијата и психологијата, се отвора простор за поголема манипулација со јавноста. - Ноам Чомски (Noam Chomsky)
Мислам дека го разбираш ова малце...
------------- Кој ќе спаси еден човечки живот е како да го спасил целото човешство, а кој ќе убие еден невин човечки живот е како да го убил целото човештво.- Куран
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 15.Март.2012 во 22:08
Nauka e nauka, a religija e religija.
Ne meshajte babi i zhabi oti pravite kasha popara.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 16.Март.2012 во 05:12
Оти ти не си тука кога пишуваат со офф топици па мора некој да им одговори...
------------- Кој ќе спаси еден човечки живот е како да го спасил целото човешство, а кој ќе убие еден невин човечки живот е како да го убил целото човештво.- Куран
Постирано од: DOMOSTROJ
Датум на внесување: 06.Јануари.2013 во 02:15
Исламот во кратки црти
Исламот проповеда фатализам, при кој слободното самоопределување на личноста се преобратува во фикција. Сè е условено и предодредено. Божеството го голта човекот, не оставајќи место за неговата слободна волја. Промислата Божја во исламот се претвора во ненадминлива судбина, а животниот пат на човекот – е во остварувањето на порано одреден план: сè што се случува со човекот, се прима како неизбежност. Таквиот поглед во неговата логична завршница треба да доведе со мисла за тоа дека нема можност за морален избор. Но, исламот не води до тоа. Неговите теолози ја разработиле концепцијата на паралелизмот, која дозволува морална слобода, но не и морална автономија. Тој поглед е сличен на концепцијата на блажениот Августин, отфрлена од Црквата, и на учењето на калвинистите. Противречноста меѓу моралната одговорност и ограничената слобода на волјата, исламските теолози се обидуваат да ја надминат со учењето за спасение на сите муслимани. Според нивниот закон на справедливост, муслиманите кои ќе согрешат треба да поднесат соодветна казна во задгробниот свет, но по молитвите на Мухамед и на имамите на исламот и на сиот исламски свет, дури и на најгрешните од муслиманите на крајот на краиштата ќе им биде простено. Треба да се обрати внимание на тоа дека во исламската религија нема посредник меѓу Бога и човекот, а Мухамед е – само пратеник, така што меѓу трансцедентното Божество и светот лежи непроодна пропаст. Ако е Евангелието монолитно, тогаш во сурите на Коранот, особено меѓу сурите на мекискиот (раниот) и мединскиот (доцниот) период, има противречности. Објаснувањето на муслиманите за тоа е дека Мухамед имал право да ги менува или да ги укинува своите одлуки, а исто така да ги заменува со други. Воопшто, за муслиманите, едно од карактеристичните својства на вистината е нејзината внатрешна противречност. Треба да се укаже и на своевидната „двојственост” на муслиманската религија, која на своите следбеници им припишува разни правила и обврски во однос на муслиманите и немуслиманите. Треба да се забележат религиозните војни со друговерците, што исламот ги заповеда. Може да се каже дека муслиманите се наоѓаат во состојба на постојана војна со немуслиманските народи, војна во која може да има привремени примирја, но не мир. Треба да се забележи и препораката на Коранот за принудните, насилни мери што се применуваат во однос кон победените народи за преобратување во ислам. Сметаме дека секое насилство во име на религијата е пред сè навреда за самата религија. Не можеме да се сложиме ниту со дозволеното во исламот многуженство, зашто бракот го сметаме за сојуз на љубов на две личности и нивно единство. Муслиманската мистика е најсилно изразена во суфизмот, кој извршил длабоко влијание врз литературата и уметноста на Средна Азија и Блискиот Исток. Тоа учење собрало во себе многу претстави и идеи од индуските мистички школи и секти и затоа се колеба меѓу монотеизмот и пантеизмот. Суфистичката поезија нашироко користи алегории и еротски образи за изразување на мистичките доживувања. На исламската мистика и припаѓаат многубројните дервишки редови; тие се засноваат на заповеди, што понекогаш напомнуваат на монашки завети, но се длабоко различни од нив внатрешно. Излегувањето од дервишкиот ред е слободно и никој не го порекнува. Повеќето устави на дервишките редови содржат во себе укажувања на такви аскетски методи, како што се пост, ноќни бденија, послушание на наставникот – имам итн. Но обично за висока духовна состојба се смета екстазата, која се постигнува со ритмички движења, танц, а во некои случаи – земање дрога. Кај шиитите религиозните празници ги следат театрализирани претстави и улични процесии. В прочем, треба да се каже, дека и покрај принципиелната разлика меѓу православната мистика на Божествената светлина и вештачката (уметничката) егзалтација на муслиманските дервиши, во целина исламот сочувал повеќе елементи на аскетизам отколку современиот католицизам, а уште повеќе – од протестантизмот.