IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Медиуми
  Активни теми Активни теми RSS - Во Центар
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Во Центар

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3456>
Автор
Порака
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2011 во 10:31
Дали по било која логика...
еден новинар треба да се спречи...
во една таква емисија...
да изнесе факти...
без разлика дали на некого му се допаѓаат или не...

инаку не гледам ништо лошо во тоа што дедото на Груевски си ја бранел државата...
во која живеел...
а се согласувам со mamamd...
па и денес во соседните држави...
наши Македонци служат во армиите на матичните држави...
па не гледам проблем во тоа, тоа е нивна граѓанска должност...
треба ли да ги прогласиме за предавници...?збунетост
но такви како дедо му на Груевски имало илјадници...
сите тие се предавници...?

ми смета начинот на кој е симната и прекината емисијата...
јас ја гледав на Youtube веднаш после тоа...
препознатлив стил на Ефтов, истражувачко новинарство зачинето со...
силна доза на лични ставови кои Ефтов се обидува да ги наметне на своите соговорници...

еве синоќа го загледав и Миленко...
ни сенка од оној новинар чии емисии ги гледав со задоволство...
кога беа од области на светски заговори, мистерии и слично...
отиде човекот во политика...
и паметам дека беше меѓу првите кои го критикуваа Ефтов (емисиите им одеа една по друга, нели)...
зборот ми е, и тој во неговите емисии изнесува разноразни приказни и недокажани факти...
па никој не го чепка...
зошто...
која е разликата помеѓу него и Ефтов...

П.С. Сеуште кога можам го гледам и Миленко, а се надевам и Ефтов...
не мора да се согласувам со нивните ставови...
ниту да ми се допаѓаат...
ако уредувачката политика на ТВ куќата е таква, нека им ги укинат емисиите...
не само ним, на било кој...
но реков, ми смета начинот и моментот кога тоа е направено со емисијата на Ефтов...
има политички призвук и мирис на трула демократија...






Изменето од којсумјас - 19.Ноември.2011 во 10:32
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2011 во 14:05
Edno od prvite pravila shto gi uchat studentite vo novinarstvoto e deka postavuvanjeto na prashanje ne smee da sodrzhi ili implicira odgovor, nitu da go nametnuva novinarovoto lichno mislenje ili veruvanje.

Vasko Eftov e shkolskii primer kako ne treba da raboti eden novinar. Sum imal prilika dva pati da go gledam na televizija i mi ostavil vpechatok na krajno isfrustrirana i negativna lichnost koja reshila so mikrofon javno da si gi reshava svoite lichni problemi i da si isteruva nekoja svoja pravda.

Po vtoriot pat reshiv povekje da ne si go gubam vremeto so nego.







Изменето од Messenger - 20.Ноември.2011 во 07:26
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
ARTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 07.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 416
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ARTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2011 во 09:21
ne deka go sakam vasko eftov i stvarno e zanikade i ne treba voopsto da raboto novinarstvo a pomalku da bide na tv ekranite i frekvenciite no vo ovaa situacija stvrno mi ide da go branam aba se sto zbori protiv premierot se zatvora zabranuva itn.. ova e diktatura ili sto e. A tie sto se za nego ne se zatvaraat zabranuvaa skidaat od progama.kako i velia sto e zanigde so se negovata tv amterska kako i site tv u mk i toj e kriminalec ali dodeka bese za premierot nikoj ne go dirase a koga malce pocna da e protiv nego odma go zatvorija i neka se zatvori ali kade e da se zatvorat i drugite kako dzingo i negoviot Шител ups pardon sitel i da mu se vleze na kanal 5 i da se procesla a za propadnatiot partiski javen sevis da ne zboruvam.PA taka kade e da se zabrani milenko koj celo vreme vrega i disklalifikuva luge za koj pisuvase vo vesnik pred nekoj den neznam dali bese dnevik ili utriski kako se pobunile neznam koj nekoe zdruzeni na novinari do sovetod za rad kofuzija pardon difuzija za negovoto odnesuvne na nacionlna frekfencija i za poslednata emija koja ne sum ja gledal oti nitu nego go gledam a nitu nasu tv geledam . I ne samo sto nema ni n od novinarstvo nego nema ni c od covek . E se dodeka e vaka ke podzuvm i luge sto ne se za podzuvnje sto malku se sprotistavuvaat na diktatorot ops premierot i zatoa se zatvarani ali samo tie a druge sto gesat a se sonego vlakno ne im fali.Do koga vaka ali za ovoj narod malce e treba uste poise da dojde do propast ovaa drzava kako i sto ke se sluci i toa mogu brzo od ekonomski do politicki propas.

Изменето од ARTE - 24.Ноември.2011 во 09:29
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2011 во 07:10
Дури сега го загледав ова .. Последната емисија 

Последната емисија од минатата сезона на Канал 5, мистериозно не се емитуваше, наводно поради технички проблеми со електричната енергија. Тоа предизвика многубројни реакции па граѓаните наголемо коментираа дека баш поради содржината на емисијата, таа не беше емитувана на само неколку часови до изборите на петти јуни. Сепак, на социјалната мрежа Јутјуб подоцна осамна емисијата па граѓаните можеа да ја погледнат. 
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
the king Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Август.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 458
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај the king Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2011 во 10:32
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Edno od prvite pravila shto gi uchat studentite vo novinarstvoto e deka postavuvanjeto na prashanje ne smee da sodrzhi ili implicira odgovor, nitu da go nametnuva novinarovoto lichno mislenje ili veruvanje.

Vasko Eftov e shkolskii primer kako ne treba da raboti eden novinar. Sum imal prilika dva pati da go gledam na televizija i mi ostavil vpechatok na krajno isfrustrirana i negativna lichnost koja reshila so mikrofon javno da si gi reshava svoite lichni problemi i da si isteruva nekoja svoja pravda.

Po vtoriot pat reshiv povekje da ne si go gubam vremeto so nego.







месенџер, имам само едно прашање за тебе, ама да ми одговориш искрено, дали оваа твоја антипатија кон емисијата и новинарот се должи на неговото настојување и во голема успех, да ги открива балканските тајни, настојувања, интриги и вистини кои ги прави и се труди да ги прави балканската масонерија??

Со почит!




Иначе ја гледам емисијата, не затоа што е јак новинарот, ниту поради некоја друга причина, едноставно поради енигматичноста и интригантноста на многу специфичните теми на кои се разговара во емисијата.

Изменето од the king - 09.Декември.2011 во 10:34
!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2011 во 16:29
Originally posted by мачка мачка напиша:

Чак Норис може да каже цела реченица коа збори со Васко Ефтов
Ова е мојата единствена забелешка до новинарот. Емисијата е одлична во смисла на концепт, тема, музика во позадината...

Но досега не видов ниту еден негов соговорник кој успеа на мира да ја искаже мислата. Воопшто не ме изненади кога Божидар Димитров го избрка од канцеларија, нон стоп му упаѓаше во збор. Ефтов вели немало згодни и незгодни прашања, но заборава дека на секое прашање фер е да му се дозволи на соговорникот да даде одговор а не постојано да му се упаѓа во збор.
Ајде нека е и така, но тогаш зошто го стори истото со босанскиот соговорник во емисијата за Тајниот подземен Титов град. Човекот имаше толку многу интересни информации да каже за подземната населба, ама Васко нон-стоп го прекинуваше бла бла бла бла, како да тој подобро знае од самиот соговорник и на крај скоро ништо не слушнавме.

Во емисиите од типот на „„Во Центар„ новинарот мора да го надмине комплексот на „Јас знам наставничке, јас! Јас!!!
Не е Васко Ефтов единствен таков пример, со таа разлика што останатите немаат ни пола толку интересни теми и емисии како „Во Центар„.

Изменето од Majkl - 14.Декември.2011 во 16:39
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
Кон врв
saguaro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 482
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај saguaro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2011 во 19:10
Поради постојаното упаѓање во збор на Ефтов имам гледано само 2-3 емисии со него. Човекот повеќе води монолог отколку дијалог.

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2011 во 08:22
Originally posted by којсумјас којсумјас напиша:

Дали по било која логика...
еден новинар треба да се спречи...
во една таква емисија...
да изнесе факти...
без разлика дали на некого му се допаѓаат или не...



Апсолутно неда
Затоа и се најгледани емисии (од оние кои сакаат такви емисии) Во центарот и Код бидејки имаат храброст да се нафатат со проблематика за која треба бајаги храброст, но и некое новинарско име-“канали“ за да се влезе во одаите  да се добие одговор од соговорниците.
Реално и во центарот и код работат на “жешки костени“  кои не губат од актуелност под забот на времето.
Кон врв
Феникс Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Феникс Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2011 во 22:35

Mnogu retko mi zadrzuva vnimanie imenuvaniot..i sekako od istata pricina koja ja spomnale mnogumina od vas...mi  deluva kako uchenik koj ja nauchil na pamet lekcijata.... i ako go prekinesh....ke se zbuni i mora da pochne od pochetok....

...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2012 во 18:54
Ефтов пак го банираа...
овој пат Алфа телевизија...
нормално на Youtube веднаш Васко ја постави емисијата...
хм...збунетост
и мене некако така...
таака некако...
некакоо...
ми изгледа дека не и беше погодено времето...
ама секако оние што зборуваа во емисијата...
го мислат тоа што го кажаа...
и има нешто вистина во кажаното...
амаа...
таака некаакоо...
не ми е баш...


Кон врв
annaja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Април.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај annaja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2012 во 19:01
Истото се случи и на канал5,ако се сеќавате....измислени технички пречки и неможност за емитување!

Симптоматично!
Кон врв
Novak Nastich Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Јануари.2012
Локација: Mauzdonia
Статус: Офлајн
Поени: 364
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Novak Nastich Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2012 во 08:33
НА   ВАСКО ЕФТОВ НА   МАЈКА МУ ВО ЦЕНТАР


Васко Ефтов во една од неговите епизоди од неговиот „аналитички„ магазин „Во центар„ реши да се пресмета со шундот на малите екрани, според него отелотворен во концептот на реалните шоуа. Иронијата е што доколку тој вистински сакаше да се пресмета со шундот, првата работа што ќе требаше да ја направи е да се самоукине. Нема дилема дека емисиите на Васко Ефтов веќе одамна го надминаа во неквалитет и нивото на Јанко Бурекот и Томиќ. Кај Јанко Бурекот барем се јавуваат вистински гледачи и имаме некаков непосреден искрен приказ на реалноста, какви и да се рамките во кои Јанко се обидува да ја турне дебатата. Томиќ е исто така искрен, прост и еднодимензионален до немајкаде. Но во емисијата на Васко Ефтов се се сведува на лага, хипокризија, манипулација со факти, манипулација со говорници, манипулација со прашања, манипулација со кадри, манипулација со „експерти„, дури и манипулација со музичето што оди во позадина. Во оној момент кога одговорот на прашањето нема да му оди во прилог на тезата, Васко најгрубо го прекинува соговорникот, и му поставува ново прашање, кое всушност не е прашање туку негова констатација, зачинета со навреда. За тоа време, во зависност од интелигенцијата на соговорникот, тој е или под
а) збунет, па се нафаќа да одговори на новото „прашање„ се додека по пар секунди не биде прекинат од уште едно ново „прашање„ на неуморниот Васко, или

б) исплашен, па несвесно ја потврдува тенденциозната теза на водителот, или

в) доволно изнервиран за да почне да се расправа за стилот на Васко, наместо за темата, по што Васко сече, и кажува како гостинот не бил кооперативен.

Системот на Васко е толку добро изработен, што функционира како алгоритам. Со Божидар Димитров муабетот одеше по терк: а-а-а-а-а-а-а-в-в-В, а со Вики, Кики, татко и, Тамара и А.Белов според шемата а-б-а-б-а-б-а-б.
Иако има многу што да се каже за новинарскиот дилетантизам и човечката мизерност на Васко Ефтов преку милион поединечни примери од емисијата за реалните шоуа, нема едноставно простор за сето тоа педантно да се наброи. Наместо тоа, ќе дадам еден генерален осврт зошто воопшто реалните шоуа се така успешен медиумски продукт и зошто размислувањата а-ла Васко Ефтов се најголем генератор и гарантор на нивниот успех.

За успехот на реалните шоуа одговорни се двете основни сили на пазарот – понуда и побарувачка. Значи потребно е да се одговори на две клучни прашања: што добиваат од реалните шоуа продуцентите, а што добиваат конзументите? Прашањето „Што добиваат од тоа учесниците?„ значи е сосема ентостепено, иако Васко Ефтов со неговото морализаторско крештење сака да не убеди дека токму тоа е најбитното прашање во приказната.

Не е лесно да се погоди дека продуцентите добиваат гледаност, а како резултат на таа гледаност добиваат спонзори кои се подготвени добро да платат за маркетиншки простор. Тоа е единствениот мотив зад понудата на сите до едно реални шоуа, вклучувајќи го и „Моментот на Вистината„, и „Боки 13„ и „Кој сака да биде милионер„, но и единствениот мотив зад сите до една програми кои се прикажуваат на комерцијалните телевизии (тоа би биле сите телевизии, освен МТВ), значи вклучувајќи ги „Опстанок„, „А1 вести„, „Лост„ и Квискотека„ на БТР. Вие можете да бидете против комерцијалниот карактер на сиот тој медиумски бизнис, но во тој случај, морате да бидете против во принцип. Значи, во однос на овој комерцијален аспект, морате да бидете еднакво против комерцијализмот на „Лост„, како и против комерцијализмот на „Големиот Брат„. Што пак значи дека врв на хипокризијата е кога Васко Ефтов, како учесник во целата таа медиумска купопродаја, проповеда како сето тоа било само за да се заработи пара и ги прашува дотичните колку пари барале за да се појават таму. Зошто никој од приглупите „реалити„ ликови не го праша Васко Ефтов колку пари тој добива за да може да изиграва жустар „новинар„.

Второто и најважно прашање е што добиваат гледачите од едно реално шоу од типот на Биг Брадер (и воедно од емисија како таа на Васко). Одговорот и не е така различен во двата случаја. Не станува збор ниту за забава (затоа што нема ништо забавно), ниту за опуштање (затоа што во тој случај би изгасиле телевизор), ниту за секс (затоа што тогаш би гледале добро порно), туку за „морално скандализирање„. Затоа шоуто е толку „поинтересно„ колку повеќе наводни „скандали„ се случуваат. Преку скандалот кој сега благодарение на новите медиуми се претвора во јавен спектакл, малограѓанинот се става во позиција да биде морално ужаснат и во позиција да биде морален егзекутор, „правдољубив„ судија на постапките на другите и нивните морални престапи. На граѓанинот, кој никогаш во својот живот не уживал позиција на реална моќ сега му се дава позиција на илузорна моќ, преку која тој одлучува за судбината и вредноста на другите, му се дава на располагање моралната гилотина. Се она што не се поклопува во калапот на малограѓанскиот морал, заслужува осуда, заслужува етикета, заслужува да се спали на јавниот столб на срамот, да се поткастри на моралната гилотина, во името на здравата иднина на нашите деца. Како инаку да се објасни парадоксот што 90% од јавноста се ужаснува од содржината на овие емисии, а 90% и понатаму ги гледа. Не, драги мои, воопшто не сака јавноста да згаснат овие шоуа. Напротив, ним им требаат реалити шоуа како на рибата што и треба вода, ним им требаат жртвени јариња со кои и тие ќе можат еднаш во својот живот да се почуствуваат како егзекутори, наместо секогаш жртви на општествената машинерија која меле.

Длабинското, суштинското прашање е против кого всушност е насочена таа крволочна жед за егзекуција? Зошто воопшто моралната шиканажа на некоја си таму шуша Вики што не ја ни познавам би ме правела да се чувствувам подобро? Причината е поради тоа што јас во шоуто ниту гледам некаква Вики, или некаков Карло, или Александар Белов, туку гледам една проекција на себе си, една неостварена можност за себе на која никогаш не сум и дал шанса поради страв од неуспех или осуда од околината („што ќе кажат комшиите„, што би рекол Васко). За да воопшто покажам каков-било интерес за некоја личност, односно се поистоветам со неа, апсолутен предуслов е во таа личност да гледам или нешто што сакам да станам, или нешто што веќе делумно сум, ама не сакам да бидам, т.е. токму тоа – неостварена можност на моето јас. За да воопшто се скандализирам од нешто значи, клучно е во тоа нешто да се препознаам самиот себе, како отфрлена и осудена можност на моето јас. Моралната егзекуција на Вики поради нејзиното „распуштено однесување„ мене ќе ми ја донесе моралната сатисфакција дека сум направил правилен избор кога сум ја отфрлил можноста за тоа нереализирано супер-је*ачко јас, во полза на актуелното јас, кое има толку мизерен скесуален живот, што сосема разбирливо е што верува дека сексот е продукт на „ниската страст„ и нешто „срамно„ и во никој случај не е за на телевизија. Моаралната егзекуција на Вики е всушност повторена и потврдена егзекуција на моето супер-је*ачко јас. Само за да се осигураме дека е апсолутно мртво, бидејќи у задње време покажува знаци на живот.

Поради тоа морализирањата на Васко Ефтов против „Големиот брат„ се во суштина истите тие морализирања кои го оддржуваат „Големиот Брат„ во живот сиво ова време. Тој всушност и самиот го покажа тоа со неговата детална информираност за се што се случувало во куќата: „Уште пред да се спанџа Вики со Карло, Васко го проценил дека е неинтелигентен.„ Истите тие малограѓански морализирања за мене го претворија „Големиот Брат„ од едно големо тривијално не-шоу во симбол за борбата на индивидуалната моралност против тиранијата на медиокритетот и медицинските теории од 19 век кои и понатаму како тумор хипостазираат помеѓу македонските доктори и психијатри (кои на Вики и дијагностицираа „егзибиционизам„ како „аберација на сексуалниот нагон„). Истата малограѓанштина и забудалена психијатрија го претвори Боки Тринаеска од една неинвентивна, арогантна третокласна дрег квинсица, која не би обезбедила настап ниту во шкљ класа геј клуб во Рио де Жанеиро, во храбар и бескомпромисен борец-херој за сексуална различност.


Кичот никогаш не се состои во конкретна песна, изведувач или емсија, туку во контекстот кој им овозможува да опстојат како такви. Толку имам да ви кажам. И отповеќе е дури. Што би рекол Васко Ефтов, наместо во вакви круцијални мигови за државата, младите да се занимаваат со проблемот на името, ние сме се свртеле кон реалните шоуа. Младина без морални вредности, тоа ти се вика!

Mantijata e Klovnovski kostum sto go nosat dvorskite shutovi na nebesniot dvor
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2012 во 18:31
Случајно видов дека емисијата на овој човек веќе оди по Алсат газење од смеење 

Ако му е .Нека го гледат Албанците таму ако воопшто го гледа веќе некој . 

Така му се пада на него и на Јанко  Бурекот . Си ги полнеа емисиите со антибугаризам и беа на врвот на бранот .Сега нека тонат . плазење злонамерно
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2013 во 09:26
Originally posted by емил емил напиша:

Случајно видов дека емисијата на овој човек веќе оди по Алсат газење од смеење 

Ако му е .Нека го гледат Албанците таму ако воопшто го гледа веќе некој . 

Така му се пада на него и на Јанко  Бурекот . Си ги полнеа емисиите со антибугаризам и беа на врвот на бранот .Сега нека тонат . плазење злонамерно

Антибугаризам...
што збориш бе ти Емиле...збунетост
Ефтов, му се допаѓа на некој или не, ја турка емисијата на Алсат...
малку се губи сакајќи да истурка тези кои не баш дека држат вода...
малку сака да протурка некоја своја политичка агенда...
малку е навивачи настроен...
ама...
па има навивачки настроени и од другата страна...
Јанко на пример...

како и да е и двајцата си имаат своја публика...
и со години си ги туркаат емисиите...
што би рекол Бурекот....
на кој му се гледа, нека гледа...
на кој не му се гледа, нека сврти друг канал, со сила никој никого не тера...

А ти Емил, викаш антибугаризам, а...збунетост
јако е ова, знаеш дека...изненадување


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3456>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.