IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - По кои критериуми се утврдени деновите за постење?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

По кои критериуми се утврдени деновите за постење?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2012 во 22:29
Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by gospel gospel напиша:

Но иако го цитираш овој стих, поентата не му ја разбираш. Кога би му ја разбрал поентата, би го цитирал целиот стих за да го знаеш целото негово значење, а тоа е :

(1 Тимотеј: 3:16)... И, навистина, голема е тајната на побожноста: Бог се јави во плот, посведочен веше од Духот, се покажа на ангелите, беше проповедан на народите, светот Му поверува, и се воснесе во слава.

Точно така, што има тука нејасно, за вие православците да ни го откриете???

Ти не го разбираш сето послание и како е составен канонот на Новиот Завет, а му наоѓаш маана дека не го разбирал стихот. Дали знаеш кога за првпат ова послание станува дел од канонот на Новиот Завет? Дали знаеш кој е оној кој ова писание го прогласува за дел од канонот на Новиот Завет? 

Бидејќи се сомневам дека ќе добијам веродостоен и точен одговор, ќе те прашам само, зошто му веруваш на св. Иринеј за тоа дека ова писание е дел од Новиот Завет, а не му веруваш за останатото. За да не се збуниш повторно, ќе кажам само дека токму поради Иринеј ова писание станува дел од канонот на Новиот Завет. Зарем св. Иринеј бил воден од Св. Дух за ова писание, а не и за другиот дел од книгата во која тој наведува дека ова писание е веродостојно? 

Немој на лукав начин да го променуваш текот на разговорот и да го префрлаш на спореден колосек.

Како второ, не сум јас тој што е збунет, туку тоа е твојот соверник кој што незнае достојно да си го одбрани своето т.н. православие, бидејќи кога ќе зацапа во калта, не знае како да излези од неа.
Па затоа (попче)Ти си тука како негов порт-парол да му прискокниш во помош и да го вадиш од глибта.

трета работа...што има врска Иринеј со нашиов разговор. ..и зошто текот на разговорот го префрлаш на Иринеј а не на тоа што твојот соверник сакаше да го каже???

Целта на твојот соверник беше преку дадениот стих да ми покаже дека голема е тајната на побожноста , затоа што само ако си дел од православието ќе можеш да ја разбереш таа тајна, а ако не си дел, за сите останати таа тајна останува тајна. (хахаха каков апсурд)

Намерата на Павле не е да ни покаже дека единствено преку православието ќе ја осознаеме Христовата вера, туку да ни покаже дека Бог кој што во стариот завет луѓето не можеа да го видат, во дадено време бог преку личноста на Исуса Христа се вплоти и слезе на земјата за спасение на сите луѓе, посведочен беше преку Св дух дека тој е месијата и синот божји, дека преку апостолите и сите останати Христијани и негови следбеници беше проповедан до краиштата на земјата и луѓето почнаа да веруваат во него, и дека на спасовден се вознесе во слава - беше грабнат на облакот.

А сето останато што го кажа беше само празно млатење на слама, демек Иринеј ова ...Иринеј она...

А забораваш дека ако не беше Иринеј ќе беше некој друг, така да Иринеј не е тој кој го направи канонот на Библијата, туку тоа беше Бог кој преку св. Дух делуваше на своите борци служејќи се само како со алатки, за да ја изврши својата цел, а тоа е да ја имаме Библијата во таа форма како што Бог сакал да ја имаме, а не како што на Иринеј му текнало.

И со ова само докажуваш дека нагласокот го ставаш на креацијата, а не на креаторот (како што е пракса во вашето т.н. православие, креацијата да ви биде пред креаторот)

Изменето од gospel - 05.Март.2012 во 22:29
"Be strong and courageous. Do not be terrified; do not be discouraged, for the LORD your God will be with you wherever you go." - Joshua 1:9
Кон врв
goran-twin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Јануари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goran-twin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2012 во 15:35
Сепак стварно ме чудиш и ќе те прашам.
По кој основ на Светиот Апостол Иринеј кој е воден од Светиот Дух му го признаваш составот на библијата ,а она што го тврди за преемството на апостолите со кое и ја оправдува одлуката му го отфрлаш?
Една молба до тебе прочитај го прецизно целиот текст на линкот:

http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=867&Itemid=86

Врз која основа успеал свети Иринеј да ја напише листата на прифатени текстови? Кој бил неговиот авторитет, некои пишувања да ги додаде, а други да ги отфрли? Тој си ги одговорил овие прашања на себеси, и неговиот одговор е многу важен.....

„Ние апелираме“, - пишува тој, „на тоа предание (пишаното Писмо и усното предание), кое дошло од апостолите и е чувано преку преемството на епископите во црквите“.....

Затоа, ние ги користиме само оние текстови кои се употребувани од наследниците на апостолите, и го проповедаме само она што тие го проповедале и во кое верувале, во непрекинатото наследство (преемство), уште од времето на апостолите. Затоа, наследник на апостолите е епископот, кој може да го поврзе своето ракополагање со она на светите апостоли, а не човек кој себеси се нарекува епископ, а е всушност „самоназначен“.....

Она што е фасцинантно е дека никаде свети Иринеј не вели дека Библијата сама по себе е авторитет за христијаните! Туку напротив! Тој вели дека авторитетот на епископите на Црквата го прават валидно Светото Писмо. Тој пишува: „Дури и ако апостолите, не ги беа оставиле нивните Писма за нас, зарем ние не треба да го следиме она правило на преданието кое тие им го пренеле на оние, на кои им ги довериле црквите?“....
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2012 во 16:32
Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

Сепак стварно ме чудиш и ќе те прашам.
По кој основ на Светиот Апостол Иринеј кој е воден од Светиот Дух му го признаваш составот на библијата ,а она што го тврди за преемството на апостолите со кое и ја оправдува одлуката му го отфрлаш?
Една молба до тебе прочитај го прецизно целиот текст на линкот:

http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=867&Itemid=86

Врз која основа успеал свети Иринеј да ја напише листата на прифатени текстови? Кој бил неговиот авторитет, некои пишувања да ги додаде, а други да ги отфрли? Тој си ги одговорил овие прашања на себеси, и неговиот одговор е многу важен.....

„Ние апелираме“, - пишува тој, „на тоа предание (пишаното Писмо и усното предание), кое дошло од апостолите и е чувано преку преемството на епископите во црквите“.....

Затоа, ние ги користиме само оние текстови кои се употребувани од наследниците на апостолите, и го проповедаме само она што тие го проповедале и во кое верувале, во непрекинатото наследство (преемство), уште од времето на апостолите. Затоа, наследник на апостолите е епископот, кој може да го поврзе своето ракополагање со она на светите апостоли, а не човек кој себеси се нарекува епископ, а е всушност „самоназначен“.....

Она што е фасцинантно е дека никаде свети Иринеј не вели дека Библијата сама по себе е авторитет за христијаните! Туку напротив! Тој вели дека авторитетот на епископите на Црквата го прават валидно Светото Писмо. Тој пишува: „Дури и ако апостолите, не ги беа оставиле нивните Писма за нас, зарем ние не треба да го следиме она правило на преданието кое тие им го пренеле на оние, на кои им ги довериле црквите?“....

НЕ вака!!

Јас ти поставив еден куп прашања, а од тебе не добив ниту еден единствен одговор, за потоа твоите одговори ги замениш со против-прашања.

Најпрво одговори, па потоа прашувај.

А кога веќе го спомнуваш Иринеј, само еден пост погоре јас одговорив кој што направил, кој како направил и т.н.

И за крај само да завршам со зборовите на апостолот Павле, па да видиме што тој зборува, дали Светото Писмо или Традицијата :

„Но ти остани во тоа, што си го научил, бидејќи како мал уште ги знаеш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса.
Целото Писмо (Библијата) е од Бога вдахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата, за да биде Божјиот човек совршен за секое добро дело. “

Каде овде виде Традиција?????

Пријатно попладне....

Со почит, Госпел.

"Be strong and courageous. Do not be terrified; do not be discouraged, for the LORD your God will be with you wherever you go." - Joshua 1:9
Кон врв
goran-twin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Јануари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goran-twin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2012 во 17:56
Ако мислиш дека вашата вера можеш да ја споредиш со постапките на Христа,а традиционалната црква да ја споредиш со старозаветната традиционална Синагога,тогаш си грешка.
Хрситос така не постапуваше.Напротив.
Христос влегуваше во традиционалните синагоги,ги почитуваше и обичаите и првосвештениците.Па дури за да биде се како по законот и се обреза иако немаше потреба од тоа затоа што е Син Божји.Дури секоја сабота присуствувал на проповедите во традиционалната вековна синагога.
Така да почитувајќи се од правилата на синагогата таму каде гледал дека некој греши имал право како Месија и Син Божји да се спротивстави на првосвештениците.Но како Син Божји и основач на нов завет.

А пак вашата разлика на тоа.
Не влегувате во традиционалната Црква.Не ги почитувате традиционалните и вековни цркви.Хулите на нив.Не ги почитувате свештениците,ги хулите и нив иако твоја должност е да ги почитуваш па макар и да грешат заради важноста на чинот кој имаат и заради тоа што не си ти Син Божји за да судиш.
И што е најжално сте основале после многу векови од доаѓањето на Христа нова црква со некое си ново име за кое воопшто не зборуваше Христос дека таму ги поставува темелите на црквата за кој мракот нема да ја совлада.

И последно,Христос ја направи Црквата одделно како храм за разлика од Синагогата ,зошто е Месија,Син Божји и пророкувана е таа црква од многу пророци во стариот завет.

А вие си земавте за право како Месии да се одделите,да направите нова црква со друго име за која што не е ниту пророкувана во стариот завет ниту во новиот завет.

И за да неиспаднам фанатик мислам дека тоа ќе е и последното што го пишувам.
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2012 во 19:46
Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

.

А вие си земавте за право како Месии да се одделите,да направите нова црква со друго име за која што не е ниту пророкувана во стариот завет ниту во новиот завет.

Каде во Библијата е употребен терминот Православна вера???

А мојата Евангелска вера постои во Библијата!!

"Be strong and courageous. Do not be terrified; do not be discouraged, for the LORD your God will be with you wherever you go." - Joshua 1:9
Кон врв
goran-twin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Јануари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goran-twin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2012 во 15:53
Originally posted by gospel gospel напиша:

Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

.

А вие си земавте за право како Месии да се одделите,да направите нова црква со друго име за која што не е ниту пророкувана во стариот завет ниту во новиот завет.

Каде во Библијата е употребен терминот Православна вера???

А мојата Евангелска вера постои во Библијата!!

Каде во евангелието е употребен терминот христијанин?
Каде во евангелието и светите писма е употребен терминот библија?
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2012 во 18:37
Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

Каде во евангелието е употребен терминот христијанин?

„И така, цела година се собираа со црквата и поучија многу народ. Првпат во Антиохија учениците ги нарекоа ХРИСТИЈАНИ.
(Дела Апостолски 11:26)

Се надевам дека си задоволен

Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

Каде во евангелието и светите писма е употребен терминот библија?

Терминот Библија = Свето Писмо

Библија значи Библиотека или збир на книги. На некои места се сретнува како Свето Писмо, Писмото, Светите Писанија ....

„...бидејќи како мал уште ги знаеш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса.
Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата, за да биде Божјиот човек совршен за секое добро дело.“
(2 Тимотеј 3:15-17)

Се надевам дека и за ова си задоволен.

Ееее..православци, православци! ..кога само би ја читале Библијата (Св. Писмо) немаше вакви почетнички прашања да поставувате.Но што да се прави кога свештенството не ве мотивира да ја читате, бидејќи со духовно слеп народ подобро се манипулира. Доволно им е нив да си ја терате Традицијата, а Библијата и онака немора да ви биде важна. Не им е важна на свештенството, па немора да ви биде важна ни вас.

Не џабе е пишано:

„....тие се слепи водачи на слепци: а кога слеп води слепец, обата ќе паднат во јама.” (Матеј: 15:14 од Библијата )

А сега останува да те замолам Ти да ми одговориш на моето поставено прашање:

Каде во Библијата се сретнува терминот Православна вера???

Одговори ми, за потоа јас да ти одговорам каде во Библијата се сретнува мојата ЕВАНГЕЛСКА ВЕРА!!!

Со почит, Госпел.

Изменето од gospel - 08.Март.2012 во 18:44
"Be strong and courageous. Do not be terrified; do not be discouraged, for the LORD your God will be with you wherever you go." - Joshua 1:9
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2012 во 21:52
Originally posted by gospel gospel напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by gospel gospel напиша:

Но иако го цитираш овој стих, поентата не му ја разбираш. Кога би му ја разбрал поентата, би го цитирал целиот стих за да го знаеш целото негово значење, а тоа е :

(1 Тимотеј: 3:16)... И, навистина, голема е тајната на побожноста: Бог се јави во плот, посведочен веше од Духот, се покажа на ангелите, беше проповедан на народите, светот Му поверува, и се воснесе во слава.

Точно така, што има тука нејасно, за вие православците да ни го откриете???

Ти не го разбираш сето послание и како е составен канонот на Новиот Завет, а му наоѓаш маана дека не го разбирал стихот. Дали знаеш кога за првпат ова послание станува дел од канонот на Новиот Завет? Дали знаеш кој е оној кој ова писание го прогласува за дел од канонот на Новиот Завет? 

Бидејќи се сомневам дека ќе добијам веродостоен и точен одговор, ќе те прашам само, зошто му веруваш на св. Иринеј за тоа дека ова писание е дел од Новиот Завет, а не му веруваш за останатото. За да не се збуниш повторно, ќе кажам само дека токму поради Иринеј ова писание станува дел од канонот на Новиот Завет. Зарем св. Иринеј бил воден од Св. Дух за ова писание, а не и за другиот дел од книгата во која тој наведува дека ова писание е веродостојно? 

Немој на лукав начин да го променуваш текот на разговорот и да го префрлаш на спореден колосек.

Како второ, не сум јас тој што е збунет, туку тоа е твојот соверник кој што незнае достојно да си го одбрани своето т.н. православие, бидејќи кога ќе зацапа во калта, не знае како да излези од неа.
Па затоа (попче)Ти си тука како негов порт-парол да му прискокниш во помош и да го вадиш од глибта. 

Веќе ми станува мачно ова вртење во круг. Ако не ги разбираш нештата, барем кажи дека е така, за да не се вртиме беспотребно во круг и да почнам да пишувам поопширно. Во оваа дебата влегувам со идеја дека имаш некакви познавања од раното Христијанство и дека Светото Писмо не е единствено нешто што си го прочитал за тој период. Очигледно сум во заблуда, барем според она што го пишуваш. Ако го разбереше ова:

На прашањето твое, само ќе одговорам дека постите се одредени на оној начин на кој се селектирани и книгите кои требале да го состават канонот на Новиот Завет. Ако и ова не го разбра, не можам да ти помогнам. 
  
Немаше да има потреба да ги водиме овие разговори и да пишувам непотребни истории, со кои одамна требало да биде расчистено, барем пред впуштање во дебати за раното Христијанство.

Патем, ако мислиш дека епитетите кои ги делиш нешто значат, се лажеш. Јас не покажувам емоции во вакви дебати. А и не сум свештеник, далеку од тоа. 

Originally posted by gospel gospel напиша:

трета работа...што има врска Иринеј со нашиов разговор. ..и зошто текот на разговорот го префрлаш на Иринеј а не на тоа што твојот соверник сакаше да го каже???

Целта на твојот соверник беше преку дадениот стих да ми покаже дека голема е тајната на побожноста , затоа што само ако си дел од православието ќе можеш да ја разбереш таа тајна, а ако не си дел, за сите останати таа тајна останува тајна. (хахаха каков апсурд) 
  
Иринеј, а и многу други, се оние кои го составувале канонот на Новиот Завет. Ама, како и погоре, за тебе тоа очигледно е шпанско село... затоа и нема да навлегувам во понатамошни дебати. Нема цел да објаснувам работи кои требало да бидат јасни, пред да се влегува во дебати за посериозни нешта.

Originally posted by gospel gospel напиша:

А сето останато што го кажа беше само празно млатење на слама, демек Иринеј ова ...Иринеј она...

А забораваш дека ако не беше Иринеј ќе беше некој друг, така да Иринеј не е тој кој го направи канонот на Библијата, туку тоа беше Бог кој преку св. Дух делуваше на своите борци служејќи се само како со алатки, за да ја изврши својата цел, а тоа е да ја имаме Библијата во таа форма како што Бог сакал да ја имаме, а не како што на Иринеј му текнало.
 
Тој друг, кој, како што велиш, би бил на местото на Иринеј, а имало такви многу, не сметале дека токму овие книги кои ги имаме денес треба да бидат дел од Канонот на Новиот Завет, туку други. 

Ако читаш што пишуваш самиот, ќе знаеш дека се фати во замката која ти ја поставив. Доколку св. Дух делувал преку Иринеј и останатите Отци, тогаш немаш аргумент во отфрлањето на традицијата и апостолското преемство, затоа што Иринеј и останатите постојано го потврдувале тоа, дури Иринеј и опширно пишувал за тоа и за црковното предание. Или ти сметаш дека тоа не е од Св. Дух и луѓе кои не биле водени од Св. Дух биле составувачи на Новиот Завет? А за да биде посериозно, само ќе ти нафрлам дека Иринеј пишувал и за почитувањето на Богородица. намигнување

Со ова што погоре го напиша доволно покажуваш колку имаш познавања од овие нешта. 

Originally posted by gospel gospel напиша:

И со ова само докажуваш дека нагласокот го ставаш на креацијата, а не на креаторот (како што е пракса во вашето т.н. православие, креацијата да ви биде пред креаторот)
 
А со оваа реченица ти докажуваш дека раното Христијанство ти е мошне далечно и непознато.

За крај, поради што му веруваш на посланието на св. Апостол Павле до Евреите, а не веруваш во традициите, со оглед дека за првпат ова послание го покажува Иринеј, оној кој е канонизатор и на правилото за апостолско преемство?

Заборавив, погоре не одговори. Молчењето и избегнувањето одговор е доволен одговор. Секој нареден одговор би бил само уште една од низата контрадикторности кои ги напиша и на кои немаш одговор.

П.С. Тоа што го пишуваш дека нешто што се појавило во 15 век е токму она кое е споменато во Светото Писмо, може да му го кажуваш на некој што е неписмен, нема прочитано ништо за Христијанството, раното Христијанство и сл. Секој кој посветил време на изучување на овие нешта, знае дека тоа е само фантазија.

Изменето од Македон - 08.Март.2012 во 21:54
Кон врв
goran-twin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Јануари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goran-twin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2012 во 22:35
Сега веќе почнав да се сомневам колку воопшто и разбираш за едноставни работи во светите писма и колку воопшто и ги разбираш настаните во неа.
А замисли јас тоа го знев уште од мал.

Originally posted by gospel gospel напиша:

Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

Каде во евангелието е употребен терминот христијанин?

„И така, цела година се собираа со црквата и поучија многу народ. Првпат во Антиохија учениците ги нарекоа ХРИСТИЈАНИ.
(Дела Апостолски11:26)

Се надевам дека си задоволен

Ако прочиташ убаво пишува Дела Апостолски,а јас те прашав каде во евангелието е запишано зборот христијанин.

Тој термин настана за прв пат од Св.Апостол Павле.А тоа се случило многу подоцна и во евангелието за кое повикуваш го нема.
Како што во негово време и се случи Апостолкиот Собор во кој се разгледувало за прашањето во врска со необрезувањето.Тука треба сам да си дадеш одговор по кој основ тој Апостолски собор го прифаќаш,а останатите Вселенски Апостолски Собори кои настанаа отпосле не ги прифаќаш.

Originally posted by gospel gospel напиша:

Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

Каде во евангелието и светите писма е употребен терминот библија?

Терминот Библија = Свето Писмо

Библија значи Библиотека или збир на книги. На некои места се сретнува како Свето Писмо, Писмото, Светите Писанија ....

„...бидејќи како мал уште ги знаеш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса.
Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата, за да биде Божјиот човек совршен за секое добро дело.“
(2 Тимотеј 3:15-17)

Се надевам дека и за ова си задоволен.

Знаши сваќаш дека и тој збор библија не се наоѓа во светите писма,но откога е донесен канонот за составот на светите писма е востановен и тој збор.Нормално со значење во изговорот.
Епа по ист начин мораше и традиционалната црква да добие име кое ќе се разликува.Нормално со значење во изговорот.
А ако сакаш да знаеш православна значи на прав начин се слави бог.

Е сега е прашањето зборот библија го прифаќаш,а зборот православна не.И ако би те прашам зошто,нема да знаеш да ми одговориш.Според тебе затоа што Мартин Лутер така ти кажал.Човек кој е отстранет од католичката црква и делото кое го правел не го посведочил ама баш со ниедно чудо.

Originally posted by gospel gospel напиша:

Ееее..православци, православци! ..кога само би ја читале Библијата (Св. Писмо) немаше вакви почетнички прашања да поставувате.Но што да се прави кога свештенството не ве мотивира да ја читате, бидејќи со духовно слеп народ подобро се манипулира. Доволно им е нив да си ја терате Традицијата, а Библијата и онака немора да ви биде важна. Не им е важна на свештенството, па немора да ви биде важна ни вас.

Не џабе е пишано:

„....тие се слепи водачи на слепци: а кога слеп води слепец, обата ќе паднат во јама.” (Матеј: 15:14 од Библијата )

А сега останува да те замолам Ти да ми одговориш на моето поставено прашање:

Каде во Библијата се сретнува терминот Православна вера???

Одговори ми, за потоа јас да ти одговорам каде во Библијата се сретнува мојата ЕВАНГЕЛСКА ВЕРА!!!

Со почит, Госпел.

Е ова да го кажеше во католичкиот свет можеби некако и ќе ти поминеше.
Тука не му е местото во православниот свет.
Колку за информација токму протестанизмот се појави во католичкиот свет откако почна католичката црква да прави промени.И вие сте протестирале и протестирале и наместо да се вратите на традиционалната црква сте протестирале и сте почнале да правите други цркви и уште повеќе сте се оддалечиле од Христа.И сте почнале така да ја практикувате верата каде нигде во историјата на Христијанството нема да видите.Каде гледаш такво практикување во 4век,6 век или 10век,13 век?

За библијата се лажеш ако мислеш дека не е битна за мене или пак не ја знаеме.А црквата ли е крива што народот не сака да ја почитува?

И пак ќе ти кажам ако мислиш дека постапувате како пророците и Христа во стариот завет кога евреите застрануваа се лажеш.Пророците во тоа време не правеа други синагоги туку напротив ги мотивираа да се обрнат кон традиционалниот храм,кон постоечките празниците и кон бога.Дури и Христа не направи друг храм додека не дојдеше време за тоа,за кој храм и е посведочено од многу пророци и од св.писма.А вашите храмови непосведочени и од луѓе востановени.

Некои свештеници можат некогаш да застрануваат и да не почитуваат но црквата не е можно да биде несовршена.Човек кој е дел од црквата може да биде слаб и да греши но да се покае и пак да расте духовно.А пак црквата мора да ја има полнотата на учењето.Затоа не е можно да има обединување со цркви кои искривено учат.
"Затоа и излегоа од нас зошто ако беа наши ќе останеа со нас..."
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2012 во 13:41
Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

Сега веќе почнав да се сомневам колку воопшто и разбираш за едноставни работи во светите писма и колку воопшто и ги разбираш настаните во неа.
А замисли јас тоа го знев уште од мал.

Види, види....тоа е знак дека сега си голем??? Бравос!!
Но ти си само телесно голем (пораснат), а не си свесен колку Духовно си мал....

Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

Ако прочиташ убаво пишува Дела Апостолски,а јас те прашав каде во евангелието е запишано зборот христијанин.

Како мислиш зборот Христијанин да биде запишан во евангелијата , кога Црквата сеуште не е родена? Нели Црквата Христова (не православната) туку духовната Црква Христова е родена на Духовден. Тоа е запишано во Делата Апостолски 2 глава и на тој ден беа обратени околу 3000 души. Значи Црквата како тело Христово започнува од Духовден , а не порано...така да играта на зборови ти послужи само да го збуниш непријателот, а не да го победиш. Инаку често пати кога ќе се кажи зборот „... во Евангелието е запишано“ се мисли на Новиот Завет, затоа и ти одговорив со цитат од Делата апостолски.
Таков термин користите вие православците, таков термин користат и муслиманите, па кога сакаат да го употребат зборот Нов завет, велат Евангелие (Инџил).

Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

Тој термин настана за прв пат од Св.Апостол Павле.

Не е точно дека тој термин за прв пат започна од апостол Павле!!

Еве што вели Библијта: И така, цела година се собираа со црквата и поучија многу народ. Првпат во Антиохија учениците ги нарекоа ХРИСТИЈАНИ.“
(Дела Апостолски 11:26)

Значи... за прв пат жителите на Антиохија ги нарекоја учениците со терминот Христијани, а не апостол Павле, така да и ова тврдење ти паѓа во вода!! (Ова е знак дека слабо ја читаш и слабо бараташ со Библијата.)

Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

Епа по ист начин мораше и традиционалната црква да добие име кое ќе се разликува.Нормално со значење во изговорот.

Не мораше!! Црквата Христова и ден денес се нарекува Црква Христова и засекогаш ќе остане со тоа име. Се до 1054 година кога Западната црква и Источната црква направија раскол (се поделија), црквата се нарекуваше со едно име Црква Христова. Од таа година па наваму Источната Црква си го надена името Православна (демек таа е онаа правата, а другата е кривата), а западната црква си го надена името Католичка (демек таа е онаа соборната).

Значи роденденот на Православната и на Католичката ви е на ист датум... 1054 година. Така да џабе се топорите и едните и другите кој а е постара, која е вистинската , која е првата...

Инаку.. ..јас не те прашав каде во Библијата стои терминот православна црква, туку терминот „православна вера“???

Еве го прашањето: Каде во Библијата се сретнува терминот Православна вера???

А бидејќи никаде во Библијата не постои термин „православна вера“(која што Ти ја исповедаш), затоа постои онаа вера која јас ја исповедам „Евангелска Вера“ и тој термин е запишан во (посланието на Павле до Филипјаните 1:27-30):

„Живејте само достојно на Христовото Евангелие, та, ако дојдам и ве видам, или отсуствувам, да чујам за вас дека стоите во еден дух, борејќи се однодушно за ЕВАНГЕЛСКАТА ВЕРА, и во ништо не плашете се од противниците; тоа е знак на нивната погибел, а вам - за спасение. И тоа е од Бога. Оти вам ви се даде дар поради Христа не само да верувате во Него, туку и да страдате за Него,   борејќи се со истиот подвиг, каков што видовте во мене и сега слушате за мене. „„

Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

А ако сакаш да знаеш православна значи на прав начин се слави бог.

Е и тука си во заблуда ...пријателче!!!! Тоа е така затоа што така те научило твоето свештенство, затоа што така ним и одговара да се претставуваат (демек ние сме правите затоа што први сме ставиле монопол на зборот „Прав“ па според тоа сме и вистинските).

Православна вера не значи дека на прав начин се слави Бог, туку дека кога се слави Бог стојат во прав став, положба (стојат простум).

Сите останати религииили или седат (тоа е случај со Католиците, Протестантите), Евреите во јудаизмот седеле, а тоа лесно се докажува ако го прочиташ Новиот завет, ...потоа Муслиманите во Исламот клечан на колена...будистите седат скрс-нозе, ...така да..... затоа терминот православци или православни го добиле по начинот на кој го слават Бога (во права положба, простум), а не по тоа дали се прави или криви (а тоа лесно може да се докаже по верувањата и начинот како го практикуваат своето христијанство).

Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

Е сега е прашањето зборот библија го прифаќаш,а зборот православна не.И ако би те прашам зошто,нема да знаеш да ми одговориш.Според тебе затоа што Мартин Лутер така ти кажал.Човек кој е отстранет од католичката црква и делото кое го правел не го посведочил ама баш со ниедно чудо.

Не ...Мартин Лутер мене ништо не ми кажал, бидејќи Мартин Лутер никаде не го спомнал православието, за напротив да пишува против работата на Католицизмот, држејќи ги луѓето во мрак и духовно слепило.
Втора работа........Мартин Лутер никогаш не бил одстранет од Католичката црква, едноставно сакал да направи реформа во самата црква, но кога видел дека „со глава ѕид не се турка“ (како што и денес е случај и во католицизмот па така и во православието) едноставно морал д а ја напушти и да направи реформација меѓу народот со тоа што ќе ги подтикни да читаат Библија, кога тоа не успеал да го направи во самите редови на католичката црква.
А за поголема информација околу работата ни делото на Мартин Лутер,   ќе ти го препорачам да го гледаш филмот Мартин Лутер на следниов линк:

http://vimeo.com/16016365

Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

Колку за информација токму протестанизмот се појави во католичкиот свет откако почна католичката црква да прави промени.

Ех..камо католичката црква да направеше промени!! Но бидејќи не направи, Протестантизмот е само како последица или реакција на илјада-годишниот Мрачен век, во кој католицизмот брутално владееше со народот и со своите верници.
Ех,,,камо и православието да направеше промени (реформација) во своите редови и во своето учење, и ден денес ќе бевме заедно.....но се додека православието го држи народот во Духовно слепило, непознавајќи го Бога ниту свештенството па ниту народот, се дотогаш ќе бидеме две различни нешта.
Во оној момент кога ќе исфрлите се што е Паганско во вашето учење и се што е „накалемено“ за сите овие години наназад (традиции, адети, паганштини), тогаш ќе бидеме едно. А се дотогаш ќе возиме на различни коловози, со спротивни правци.

Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

И вие сте протестирале и протестирале и наместо да се вратите на традиционалната црква сте протестирале и сте почнале да правите други цркви и уште повеќе сте се оддалечиле од Христа.И сте почнале така да ја практикувате верата каде нигде во историјата на Христијанството нема да видите.Каде гледаш такво практикување во 4век,6 век или 10век,13 век?

А каде Ти виде такво практикување во 1 век како што денес ја практукувате вашата вера или вашето православие???
Каде е запишано дека и апостолите практикувале икони, свеќи, задушнини, курбани (при градење нова куќа) , осветување на дуќани, кафани (јас сум сведок на осветување кафана од страна на три попа), слави, и ред други извитоперени дејанија во православието??? Каде?????

Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

За библијата се лажеш ако мислеш дека не е битна за мене или пак не ја знаеме.А црквата ли е крива што народот не сака да ја почитува?

За тебе се побитни и претставуваат поголем Авторитет : преданијата, житијата, традицијата, црквата (што ќе каже истата), свештенството...а на крај како последна „дупка на свиралка“, можеби е Библијата. Но само „можеби“....

Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

И пак ќе ти кажам ако мислиш дека постапувате како пророците и Христа во стариот завет кога евреите застрануваа се лажеш.Пророците во тоа време не правеа други синагоги туку напротив ги мотивираа да се обрнат кон традиционалниот храм,кон постоечките празниците и кон бога.Дури и Христа не направи друг храм додека не дојдеше време за тоа,за кој храм и е посведочено од многу пророци и од св.писма.А вашите храмови непосведочени и од луѓе востановени.

Абе оди не треси глупости.
Вашите храмови посведочени од пророците??? Каде е тоа запишано??

4 века Христијаните се собираа по своите домови, по пештери, катакомби....за да вршат заедничарство и служба, а ти ми кажуваш за некаква „кобајаги“ посведоченост.
Оди не треси глупости!!

Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

Некои свештеници можат некогаш да застрануваат и да не почитуваат но црквата не е можно да биде несовршена.Човек кој е дел од црквата може да биде слаб и да греши но да се покае и пак да расте духовно.А пак црквата мора да ја има полнотата на учењето.Затоа не е можно да има обединување со цркви кои искривено учат.

Не знам што подразбираш под терминот ЦРКВА???
Дали храм или луѓе???

Работата не е во Црквата, туку во водачите на Црквата, затоа што не се само некои свештеници кои застраниле, туку целото православно свештенство (чест само на некои исклучоци кои се бројат на една рака).
Така да ...ако свештенството (водачите на црквата) бидат пример меѓу народот со својот живот и поведение, а не со паролата „ гледај што ти кажувам, а не гледај што правам“ ( и онака не гледаат што им кажуваат на народот, па ниту што прават пред народот), .... во тој случај народот ќе знае нешто од верата. Но во случајот ниту свештенството знае, па ниту народот разбира нешто...та така се исполнува напишаното:

„....тие се слепи водачи на слепци: а кога слеп води слепец, обата ќе паднат во јама.” (Матеј: 15:14 од Библијата      )
Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

"Затоа и излегоа од нас зошто ако беа наши ќе останеа со нас..."

Па тоа е и заповедта од Бога:

„И чув друг глас од небото да вели: “Излезете од неа, луѓе Мои, за да не учествувате во гревовит нејзини, и да не се заразите од раните нејзини; бидејќи гревовите нејзини стигнаа до небото, и Бог си спомна за направдите нејзини. Платете и како што и таа ви плати вам, и дајте и двојно онолку за децата нејзини; со чашата, со која што ве служеше, послужете ја двојно.
Колку што се прослави и живееше раскошно, толку мака и јад вратете и. Оти во срцето свое вели: ‘Седам како царица, вдовица не сум и мака нема да видам.’ Затоа во еден ден ќе ја сполетаат поразите: смрт, жалост и глад, и ќе биде изгорена во оган, зашто е силен Господ, Кој ја суди.
(Откровение 18 глава)

Излезете од неа народе мој, излезете од она што е нечисто и паганско, отфрлете се што не е Библиско и Христијанско, отфрлете се што не е Исусово, и прифатете ја Библијата како единствениот авторитет даден од Бога на луѓето.

Се друго е празно млатење слама!!!

Со почит, Госпел.

Изменето од gospel - 10.Март.2012 во 13:52
"Be strong and courageous. Do not be terrified; do not be discouraged, for the LORD your God will be with you wherever you go." - Joshua 1:9
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2012 во 17:51
Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by gospel gospel напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by gospel gospel напиша:

Но иако го цитираш овој стих, поентата не му ја разбираш. Кога би му ја разбрал поентата, би го цитирал целиот стих за да го знаеш целото негово значење, а тоа е :

(1 Тимотеј: 3:16)... И, навистина, голема е тајната на побожноста: Бог се јави во плот, посведочен веше од Духот, се покажа на ангелите, беше проповедан на народите, светот Му поверува, и се воснесе во слава.

Точно така, што има тука нејасно, за вие православците да ни го откриете???

Ти не го разбираш сето послание и како е составен канонот на Новиот Завет, а му наоѓаш маана дека не го разбирал стихот. Дали знаеш кога за првпат ова послание станува дел од канонот на Новиот Завет? Дали знаеш кој е оној кој ова писание го прогласува за дел од канонот на Новиот Завет? 

Бидејќи се сомневам дека ќе добијам веродостоен и точен одговор, ќе те прашам само, зошто му веруваш на св. Иринеј за тоа дека ова писание е дел од Новиот Завет, а не му веруваш за останатото. За да не се збуниш повторно, ќе кажам само дека токму поради Иринеј ова писание станува дел од канонот на Новиот Завет. Зарем св. Иринеј бил воден од Св. Дух за ова писание, а не и за другиот дел од книгата во која тој наведува дека ова писание е веродостојно? 

Немој на лукав начин да го променуваш текот на разговорот и да го префрлаш на спореден колосек.

Како второ, не сум јас тој што е збунет, туку тоа е твојот соверник кој што незнае достојно да си го одбрани своето т.н. православие, бидејќи кога ќе зацапа во калта, не знае како да излези од неа.
Па затоа (попче)Ти си тука како негов порт-парол да му прискокниш во помош и да го вадиш од глибта. 

<br ="apple-interchange-newline"="">

Веќе ми станува мачно ова вртење во круг. Ако не ги разбираш нештата, барем кажи дека е така, за да не се вртиме беспотребно во круг и да почнам да пишувам поопширно. Во оваа дебата влегувам со идеја дека имаш некакви познавања од раното Христијанство и дека Светото Писмо не е единствено нешто што си го прочитал за тој период. Очигледно сум во заблуда, барем според она што го пишуваш. Ако го разбереше ова:

Originally posted by Македон Македон напиша:

<span style="text-align: left; : rgb251, 251, 253; ">На прашањето твое, само ќе одговорам дека постите се одредени на оној начин на кој се селектирани и книгите кои требале да го состават канонот на Новиот Завет. Ако и ова не го разбра, не можам да ти помогнам.</span> 
  
Немаше да има потреба да ги водиме овие разговори и да пишувам непотребни истории, со кои одамна требало да биде расчистено, барем пред впуштање во дебати за раното Христијанство.

Патем, ако мислиш дека епитетите кои ги делиш нешто значат, се лажеш. Јас не покажувам емоции во вакви дебати. А и не сум свештеник, далеку од тоа. 

Originally posted by gospel gospel напиша:

трета работа...што има врска Иринеј со нашиов разговор. ..и зошто текот на разговорот го префрлаш на Иринеј а не на тоа што твојот соверник сакаше да го каже???

Целта на твојот соверник беше преку дадениот стих да ми покаже дека голема е тајната на побожноста , затоа што само ако си дел од православието ќе можеш да ја разбереш таа тајна, а ако не си дел, за сите останати таа тајна останува тајна. (хахаха каков апсурд) 
  
Иринеј, а и многу други, се оние кои го составувале канонот на Новиот Завет. Ама, како и погоре, за тебе тоа очигледно е шпанско село... затоа и нема да навлегувам во понатамошни дебати. Нема цел да објаснувам работи кои требало да бидат јасни, пред да се влегува во дебати за посериозни нешта.

Originally posted by gospel gospel напиша:

А сето останато што го кажа беше само празно млатење на слама, демек Иринеј ова ...Иринеј она...

А забораваш дека ако не беше Иринеј ќе беше некој друг, така да Иринеј не е тој кој го направи канонот на Библијата, туку тоа беше Бог кој преку св. Дух делуваше на своите борци служејќи се само како со алатки, за да ја изврши својата цел, а тоа е да ја имаме Библијата во таа форма како што Бог сакал да ја имаме, а не како што на Иринеј му текнало.
 
Тој друг, кој, како што велиш, би бил на местото на Иринеј, а имало такви многу, не сметале дека токму овие книги кои ги имаме денес треба да бидат дел од Канонот на Новиот Завет, туку други. 

Ако читаш што пишуваш самиот, ќе знаеш дека се фати во замката која ти ја поставив. Доколку св. Дух делувал преку Иринеј и останатите Отци, тогаш немаш аргумент во отфрлањето на традицијата и апостолското преемство, затоа што Иринеј и останатите постојано го потврдувале тоа, дури Иринеј и опширно пишувал за тоа и за црковното предание. Или ти сметаш дека тоа не е од Св. Дух и луѓе кои не биле водени од Св. Дух биле составувачи на Новиот Завет? А за да биде посериозно, само ќе ти нафрлам дека Иринеј пишувал и за почитувањето на Богородица. намигнување

Со ова што погоре го напиша доволно покажуваш колку имаш познавања од овие нешта. 

Originally posted by gospel gospel напиша:

И со ова само докажуваш дека нагласокот го ставаш на креацијата, а не на креаторот (како што е пракса во вашето т.н. православие, креацијата да ви биде пред креаторот)
 
А со оваа реченица ти докажуваш дека раното Христијанство ти е мошне далечно и непознато.

За крај, поради што му веруваш на посланието на св. Апостол Павле до Евреите, а не веруваш во традициите, со оглед дека за првпат ова послание го покажува Иринеј, оној кој е канонизатор и на правилото за апостолско преемство?

Заборавив, погоре не одговори. Молчењето и избегнувањето одговор е доволен одговор. Секој нареден одговор би бил само уште една од низата контрадикторности кои ги напиша и на кои немаш одговор.

П.С. Тоа што го пишуваш дека нешто што се појавило во 15 век е токму она кое е споменато во Светото Писмо, може да му го кажуваш на некој што е неписмен, нема прочитано ништо за Христијанството, раното Христијанство и сл. Секој кој посветил време на изучување на овие нешта, знае дека тоа е само фантазија.

Здраво попче,

Јас доволно добро ја познавам Библијата за истата да ми биде мојот водач во животот, а исто така се трудам доволно да ја запознаам и Рано-Христијанската историја (што не мора да значи дека ако некој не ја истражувал нема да биде спасен, бидејќи единствено Библијата е доволна за да го пронајдеме спасителот кој е Исус Христос).

Втора работа.....па ти Иринеј го направи поголем од самиот Исус Христос.Според напишаното од тебе доаѓам до заклучок дека Иринеј бил безгрешен, само затоа што бил воден од Св. Дух.

Ако Иринеј бил воден од Св. Дух, за Бог преку него да го направи канонот на Светото Писмо, тоа не ти дава за никакво право да бидеш убеден дека Иринеј никогаш не направил погрешна работа или никогаш погрешно не размислувал, само затоа што Бог го искористил како орудие за составување на канонот на Библијата.

Напротив.........постојат голем број примери каде што луѓе кои што иако биле водени од Св. Дух, во дадени моменти од нивниот живот згрешиле, погрешно постапиле во дадена ситуација, погрешно размислувале, па дури и донеле погрешни одлуки...што докажува дека човекот колку и да се труди да биде свет, во дадени моменти паѓа, за потоа повторно да стани,да се исправи и да продолжи во својот христијански живот.

Зарем Иринеј беше поголем од самиот апостол Петар? Па нели Петар беше тој кој што од самиот почеток кога Исус го повика да го следи беше воден од Св. Дух? ...или не е така???

Зарем Иринеј имаше поголема улога од Петар само затоа што Иринеј го направи канонот на Библијата, а Петар има напишано 2 свои посланија кои и денес стојат во Библијата?

- Зарем Петар кој беше воден од Св. Дух три пати не се ОТКАЖА од Исус?

- Зарем Петар кој беше воден од Св. Дух, кога проба да оди по водата, не се ПОСОМНЕВА во тоа што го прави, па погледна да види дали навистина оди по водата и пропадна во морето???

- Зарем Петар кој беше воден од Св. Дух не ЛИЦЕМЕРЕШЕ кога јадеше со јазичниците, а кога дојдоа некои од Јакова престана да јаде, за потоа апостол Павле да му се воспротиви на Петар поради неговото ЛИЦЕМЕРИЕ?
(Галатјаните 2:11-16)

Зарем Варнава кој исто така беше воден од Св. Дух, не ЛИЦЕМЕРЕШЕ заедно со Петар во погоре дадениот пример??

Зарем апостолите кои беа водени од Св. Дух не се разбегаа кога Исус стоеше распнат на Голгота, а само еден од нив (Јован)најмалиот остана да биде со Исус во неговите последни и најтешки моменти???
Каде беа другите апостоли?? Се уплашија и побегнаа???

Зарем Павле кој што беше воден од Св. Дух не ни го пишува следново:

„Зашто знаеме дека Законот е духовен, а јас, пак, сум телесен, продаден на гревот како роб. Не го разбирам тоа што го правам; бидејќи не го правам она што сакам, туку она што го мразам, тоа го правам....
...Јас знам дека во мене, односно во моето тело, не живее доброто; навистина желба за добро во мене има, но не и сила да го правам тоа.
Зашто не го правам доброто, што сакам да го правам, туку злото, што не сакам да го правам.
А штом го вршам она што не го сакам, не го вршам веќе јас, туку гревот, кој живее во мене.......“

Зарем овие зборови не се доволен доказ дека ние луѓето колку и да се правиме свети, секојдневно кој помалку кој повеќе паѓаме, погрешно размислуваме, донесуваме погрешни одлуки, и т.н.

Зарем Иринеј е исклучок, за разлика од горе-споменатите личности???

Зарем Иринеј иако Бог го искористил како алатка за канонизирање на Библијата, неможел да погреши во своите размислувања, дела, одлуки и т.н. ????

Рано-Христијанската историја е преполна со личности кои биле водени од Св. дух но во даден момент од својот живот погрешиле или донеле погрешни одлуки, дела и погрешно размислувале.

Така да ...Бог го искористил Иринеј, но тоа не му дава ексклузивно право дека бил во право кога пишувал за почитувањето на Богородица, за традицијата, преемството и ред други работи.

И за крај ...колку и да се трудите во своите намери т.н. светци да ги прикажете како безгрешни, заборавате дека и тие биле само луѓе, грешници кои по милоста Божја биле помилувани а не по своја заслуга и дела, дека и тие понекогаш знаеле да погрешат во своите размислувања, одлуки и да донесат погрешни заклучоци, што не значи дека отпаднале од Бога, или им било одземено спасението.

Заборавате дека Бог ги освети преку крвта Христова, како што сите Христијани кои што искрено веруваат во нивниот спасител Исус Христос, се осветени и свети, единствено службата која Бог им ја доделил е таа која ги прави различни бидејќи едни се поставени за апостоли, други за пророци, евангелисти, учители, .....и т.н.

Инаку морам да признам (што е факт)дека за разлика од твојот „соверник„ имаш големо познавање од рано-Христијанската историја, од Библијата, и дека не си за потценување. Од тука доаѓам до заклучок дека си свештено лице. Лаиците во православието не поседуваат вакво знаење (тоа е факт).

Со почит, Госпел.

"Be strong and courageous. Do not be terrified; do not be discouraged, for the LORD your God will be with you wherever you go." - Joshua 1:9
Кон врв
Reformator Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член

Регистриран: 04.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 20
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Reformator Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2012 во 17:08
Ах тој пост! Мора ли да постиме?- можеби вакви прашања ви дојдоа на ум кога го видовте насловот на оваа тема. Ако чувствувате одредена одбивност кон постот, знајте дека не сте единствени. Сепак, да се пости не е толку страшно а и со себе си носи одредени придобивки. Се надеваме дека по излагањето на оваа тема вашиот став кон постот ќе се промени.
Што е постот?
Постот е една од најважните христијански дисциплини. Истовремено, можеби е најзапоставената. Претставува доброволно откажување од храна, поради духовни цели. Постот, во неговата вистинска смисла, го спроведуваат христијани, верници, зашто без вера постот е само диета. Ако нема вера во нас, постот е само уште една мртва практика, која води во религиозност. Верата е единствената која може оваа практика да ја оживее и да и даде полна смисла. Се пости исклучиво врз доброволна основа, никој никого не треба да наведува да пости кога тој не го сака тоа. Уште повеќе, постот се спроведува од духовни причини.
            Различни видови пост
Некои го дефинираат постот како доброволно откажување од дозволено задоволство за засилување на духовната активност, т.е. на постот не гледаат само како откажување од храна, туку пошироко. Некој може да пости со тоа што ќе се откаже од некои за него нормални активности, на пример: шопинг, гледање телевизија, интернет, кафе, играње карти и слично. Ова се, гледано од христијанска перспектива, дозволени активности, но човекот доброволно се откажува од нив на некое време, со цел да ја насочи неговата енергија кон духовното. Не може некој да пости со тоа што ќе се откаже од нешто што е забрането. Не постиме ако се откажеме од некој грев во кој живееме. Постот е откажување исклучиво од дозволени активности.
Но, иако постојат повеќе видови пост, сепак ние ќе се задржиме на постот во смисла на апстиненција од храна. Во Библијата можеме да најдеме повеќе видови на пост:
Нормален пост- откажување од храна, но не и од вода. Овој вид пост го држеше Исус, нашиот Господ кога беше во пустината четириесет дена. ,,Откако постеше четириесет дни и четириесет ноќи, Тој изгладне. (Матеј 4:2). Библискиот извештај вели дека Исус изгладнел, не дека ожеднал.
Делумен пост- ограничување на храната, но не целосна апстиненција. Десет дена Даниел и неговите другари јадеа само овошје и пиеја вода (Даниел 1:12). Јован Крстителот ,,се хранеше со скакулци и див мед. (Матеј 3:4).
Апсолутен пост- избегнување на секаков вид храна и течности. ,,Езра се оддалечи од Божјиот Дом и влезе во живеалиштето на Јоанан, синот Елијасивов. Таму ја помина ноќта, и не јадеше леб ниту пиеше вода, зашто тажеше поради престапот на повратниците. (Езра 10:6). И апостолот Павле, после неговото прво видение, во кое Го виде Господ Исус, ослепе и ,,Три дни не можеше да гледа, и ниту јадеше ниту пиеше. (Дела 9:9).
Натпироден пост- Овој пост го држеше Мојсеј. Второзаконие 9:9 ,,На гората останав четириесет денови и четириесет ноќи, ниту јадев леб ниту пиев вода.
Црковен пост- т.е. пост на целата заедница или барем дел од заедницата. ,,Откако постеа и се молеа...(Дела 13:3).
Зошто да постам?
Ова е едно разумно прашање. Зошто да се откажам од храна, кога таа не е грешна? Причините се следниве:
1.                          Исус очекува ние да постиме. Ако не се согласувате отворете ги Библиите и прочитајте ја повторно Проповедта на Гората. Да, да... токму таму ја смести Исус Неговата декларација ,,И кога постите... (Матеј 6:16-18). Тој го смести постот меѓу молитвата, простувањето, дарежливоста, златното правило, со еден збор кажано- меѓу најважните работи. Уште повеќе, Исус Самиот постеше. Значи не само што на некој начин ни даде таква заповед, туку и Самиот преку Сопствен пример ни покажа дека и ние треба да постиме.
2.                          Поради наградата. Не, ние нема да даваме награди на оние од вас кои ќе решат да постат оваа недела. Самиот Господ вети награда за оние кои ќе постат ,,...твојот небесен Татко, Кој го гледа тоа што е тајно, за што ќе те награди јавно (Матеј 6:18).
3.                          Да ја засили молитвата. Некои Библиски личности го користеа постот за оваа намена. Езра вели ,,И така постевме и Го молевме својот Бог за тоа, и Тој не послуша. (Езра 8:23). Исто така и Даниел ,,Јас го обратив своето лице кон Господа Бога, настојувајќи да се молам и да просам во пост (Даниел 9:3). Повторно ќе ве потсетам на молитвата на раната антиохиска црква, засилена со пост (Дела 13:3).
4.                          Да се изрази жал. Тагата може да се изрази и преку постење, без оглед дали станува збор за некој тажен настан или пак за некој наш грев. Кога Израелците изгубија 18.000 луѓе од нивните редови, ,,плачеа и стоеја таму пред Господа; постеа цел ден се до вечерта (Книга за Израелеви судии 20:26). Што се однесува, пак, за нашите гревови, погрешно е да мислиме дека со нашето постење ќе можеме да ги исплатиме. Гревовите ни се простени врз основа на Христовата Жртва, а не врз основа на нашето постење. Но, исповедта може да биде засилена со пост, за да се покаже нашата жал поради сторениот грев.
5.                          Во тешки времиња. Кога ни е тешко, кога ни е потребно водство од Бога и Негова заштита, покрај молитвата можеме да додадеме и пост. ,,Ајде собери ги сите Евреи кои се наоѓаат во Шуша. Постете за мене: не јадете ниту пијте три дни и три ноќи. И јас ќе постапам така со своите девојки. Така подготвена ќе влезам кај царот, иако е спротивно на законот. (Естира 4:16). Вака Естира го замоли Мардохеја кога и беше потребна заштита и водство. Царот Давид, во псалмот 109, насловен уште ,,Повик за помош , моли за помош од Небесата. Потребна му е Божјата помош против неговите тужители кои зборувале зло против него. И токму во овој псалм, Давид вели ,,Колената ми се изнемоштени од пост и моето тело ослабе (Псалм 109:24). Давид молел за помош и заштита, а таа молитва ја поткрепил со пост.
6.                          За да ги победиме искушенијата. Сите ние си имаме тешки искушенија. Сатаната не не остава. Но, имаме Пример од Кого можеме да учиме, Човекот како Кој сакаме да бидеме- Исус Христос. Тој ги победи сите искушенија кои Му ги подметна Сатаната, но сега сакам да се фокусираме на оние пред самиот почеток на Неговата служба. Тој беше искушуван на три различни начини и во секој од нив победи со употреба на Словото. Но, да не заборавиме, Тој претходно постеше четириесет дена и Неговиот пост беше еден од изворите од кои Тој ја црпеше Неговата сила. Поуката за нас е јасна: во време на исклучителни искушенија, потребни се исклучителни мерки. Има периоди кога искушенијата стануваат навистина тешки и ни изгледаат неиздржливи. Тоа не значи дека нема начин да бидат победени. Во тие периоди, можеме да се посветиме на молитва и пост. Постот ќе го ослаби нашето тело кое е едно од изворите на искушенија и ќе ни даде духовна сила.
7.                          За да ја покажеме нашата љубов кон Бога. Во пеколот ќе завршат оние на кои бог им се телесните желби (Филипјаните 3:19). Наш Бог е Господ и ние се раководиме според Неговата волја а не според нашите телесни задоволства. Ако Го љубиме Бога ќе ја исполнуваме Неговата волја, а дел од Неговиот план за нас е понекогаш да постиме.

Погрешни мотиви за пост
Постот треба да биде спроведен со исправни мотиви, горенаведениве се некои од тие. Но, некој може да падне во замката па да пости од погрешни мотиви. Во овој дел ќе ги разгледаме некои од погрешните причини за пост.
1.      За да се казниме за нашите гревови. Казната за мојот и за твојот грев е платена уште пред речиси 2.000 години. Не може два пати да се плати за истата работа, а уште помалку тоа може да се стори кај Бога. Ова е погрешен мотив за пост. Ако можевме да платиме со постење, немаше потреба Христос, Синот Божји да умре на Голгота.
2.      За да го смениме Божјиот ум. Бог си има принципи според кои дејствува и има работи кои од нас ги очекува. Не можеме со постење да предизвикаме кај Господа жал па Тој да ни дозволи да сториме нешто спротивно на Неговата волја.
3.      Да Го задолжиме Бога. Без оглед колку често и на кој начин ќе постиме, сепак ние нема да Го задолжиме Бога да стори нешто за нас. Тој е суверен Бог и Самиот одлучува дали ќе се смилува над нас и дали ќе ни ја услиши молитвата или не.
4.      Да се покажеме како супериорни пред Бога. Фарисејот од 18тата глава на евангелистот Лука, во неговата молитва меѓу другото го спомна и постот како една од практиките со кои тој се гордее што ги извршува. Бог знае ние какви сме и колку вредиме, нема потреба пред Него да ја искажуваме нашата вредност.
5.      При презафатеност. Да не се лажеме дека постиме тогаш кога всушност немаме време за да јадеме. Ако сме пренатрупани со обврски и тоа е причината поради која не јадеме, а лажеме дека постиме, треба да се запрашаме: Кого лажеме?
6.       За да ослабиме. Некој од нас може да се најде во искушение да пости за да ослабе. Тоа е погрешен став! Постот е духовна дисциплина и треба да биде мотивирана од духовни цели, а не од телесни.

Како да постиме?
Во Библијата нема да најдете одредби кои поконкретно би го регулирале постот. Никаде не пишува колку често и колку долго Христијаните треба да постат. Никаде не пишува каков пост треба да спроведат. Ќе Го цитирам Христа, Кој во неколку реченици ги даде основните принципи за постот до кои треба да се држиме: ,,И кога постите, не бидете намуртени како лицемерите; тие си го изобличуваат лицето за да забележат луѓето дека постат. Ве уверувам дека друга награда за нив ќе нема! А ти, кога постиш, дотерај си ја косата и разведри си го лицето, за да не те познаат луѓето дека постиш; доволно е што знае твојот Небесен Татко, Кој го гледа тоа што е тајно, за што ќе те награди јавно. (Матеј 6:16-18). Ова се единствените принципи кои ги даде Христос во врска со постењето. Сепак, во нив има доста поука за нас. Да не бидеме како тогашните фарисеи, кои постеле два пати неделно, но тоа го правеле со цел да се покажат како супер-духовни пред народот. Се прикажувале дека се мачат и дека им е тешко, само со цел да ја докажат нивната возвишена служба која ја извршуваат. Исус вели: не бидете како нив! Кога постиме ние треба да се трудиме да изгледаме најнормално, никој да не се посомнева дека постиме. Доколку пред други се муртиме и се жалиме колку ни е тешко поради постот, па макар и да е вистина тоа, според Христа грешиме. Постот е дел од нашата лична побожност и треба да остане меѓу нас и Бога. Кругот на луѓе кои знаат за нашето постење треба да биде колку што е можно поограничен (сопружникот, родителите или децата). Не треба од нашиот пост да правиме театар. А Господ ветува дека за тоа ќе не награди јавно.
Ако сме навикнати на редовна исхрана, најверојатно ќе ни биде тешко на почетокот од постот. Затоа е добро да не се залетуваме со долги постови. Ако досега воопшто немаме постено или пак само неколку пати, најдобро е постот да ни трае само еден ден, па и овде можеме да определиме пост со еден или два оброка дневно. Ова особено би им го препорачале на оние кои сакаат да постат подолго време. Човечкиот организам може да издржи до три дена без вода, па би ве советувале вашите постови, доколку се подолги од еден ден, задолжително да вклучуваат и вода. Што се однесува пак на болните лица, спортистите, физичките работници и сите оние категории лица кои имаат посебен режим на исхрана, ним не би им препорачале да постат подолго време. Секој нека си одреди сам (или нека консултира лекар) колку е способен и колку има волја да пости.
За време на пост, она време кое вообичаено го губиме на јадење, можеме да го искористиме духовно да се нахраниме дополнително, да се молиме, да служиме во црква, да го шириме евангелието и слично. Парите, кои вообичаено би ги потрошиле на исхрана, за време на пост би можеле да ги дадеме како дополнителен прилог за црквата или пак да му ги испратиме некому кој нема храна.

Заклучок
Ако навистина сакаме духовно да созреваме, нема да дозволиме оваа дисциплина да остане запоставена. Да се обидеме да ја спроведуваме со чисто срце и со исправни мотиви. Благословот може да дојде во различна форма: сила Небесна во моментите на искушенија, водство, поголема близина со Бога, посилна молитва... Не знаеме во каква форма и некогаш можеби нема да дојде во онаа форма во која очекуваме, но благословот несомнено ќе дојде, такво е Божјото ветување а Нему можеме да Му веруваме.

Користена литература:

Spiritual Disciplines for the Christian Life By: Donald S. Whitney

http://hristijanskiportal.blogspot.com/
Кон врв
goran-twin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Јануари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goran-twin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2012 во 19:43
За славењето на празниците како на пример за одредување на датум за славење на Велигден се одредувало уште во првиот вселенски собор,а тоа секако е првите векови а не последните како што ти сакаш да прикажеш
Originally posted by gospel gospel напиша:

Но ти си само телесно голем (пораснат), а не си свесен колку Духовно си мал....

Миропомазанието е Света тајна во која преку помачкување со свето миро на одредени делови од телото, во името на Светиот Дух во христијанската религија, му се даваат да крстениот посебни дарови на Светиот Дух, кои го крепат, просветлуваат и усовршуваат во духовниот живот.
"А вие имате помазание од Светиот, и знаете сè. Не ви пишав дека не ја знаете вистината, туку дека ја знаете како и дека ниедна лага не доаѓа од вистината[3]"
"     Бог е Оној, Кој нè утврди со вас во Христа и нè помаза; Он и нè запечати и ни даде залог на Духот во срцата наши“ (2. Кор. 1, 21-22). Оттука и ние сме „запечатени преку ветениот Свети Дух“ (Ефес. 1, 13)
Па така оној православен верник колку и да е духовно мал знај дека сепак чекори кон правиот пат со можност за усовршување,за разлика од друг отстапник колку и да е интелигентен.

Така да ...ако свештенството (водачите на црквата) бидат пример меѓу народот со својот живот и поведение, а не со паролата „ гледај што ти кажувам, а не гледај што правам“ ( и онака не гледаат што им кажуваат на народот, па ниту што прават пред народот), .... во тој случај народот ќе знае нешто од верата. Но во случајот ниту свештенството знае, па ниту народот разбира нешто.
Зошто човекот се соблазнува толку,та недостојната постапка на некој свештеник да се пренесува на целата црква?Зарем свештеникот и црквата се едно исто?Зарем е тешко да се разбере дека црквата останува чиста дури и кога некој нејзини свечтенослужители постапуваат недостојно?Зарем целата црква се сведува на свештенството?Црквата е мистично Тело на Исус Христос,која во себе ги вклучува и небесните бестелесни сили и светителите.Тоа единствено се нарекува небесна или победоносна црква.Видливата страна на црквата ја сочинуваат заедницата на верници и свештенството-тоа е земна или борбена Црква.Главата на небесниот и земниот дел на Црквата е самиот Христот.
Работата е тоа што вие незнаејќи ги генеризирате работите и сте наклонети целата Црква да ја обвинувате поради тоа што грешат некои нејзини служители кои што тука спаѓаат и обичните верници.Зарем ако и јас грешам ти треба да бегаш од црквата?

...Протестантизмот е само како последица или реакција на илјада-годишниот Мрачен век...
Идејата на вас е дека Црквата била умрена додека вие не сте се појавиле, противречи не само на христијанската наука, туку и на зборовите на Господа Исуса Христа: „Јас сум со вас во сите денови до свршетокот на векот“ (Мт. 28, 20). Иако се шпекулира и со оваа изјава, крвавата и маченичка историја не може да се промени, како ниту фактот дека Христос е глава на Црквата (Дела 20, 28), увенчана со крвта на мачениците и верата на верните, така што до денешни денови Црквата не е, ниту може биде без својата Глава Господ, ниту Главата е без телото Црква!Со ова токму од библијата на која се повикувате сте побиени!
Originally posted by gospel gospel напиша:

Не ...Мартин Лутер мене ништо не ми кажал, бидејќи Мартин Лутер никаде не го спомнал православието, за напротив да пишува против работата на Католицизмот, држејќи ги луѓето во мрак и духовно слепило.
Втора работа........Мартин Лутер никогаш не бил одстранет од Католичката црква, едноставно сакал да направи реформа во самата црква, но кога видел дека „со глава ѕид не се турка“ (како што и денес е случај и во католицизмот па така и во православието) едноставно морал д а ја напушти и да направи реформација меѓу народот со тоа што ќе ги подтикни да читаат Библија, кога тоа не успеал да го направи во самите редови на католичката црква.
Одлично признание дека православието не е обвинето дури ни од Мартин.Но зошто е потребно Мартин да прави измени на Црквата за и простиот и немоќен народ да може да разбира кога токму за тие категории на луѓе св.Павле веќе дал едноставен начин на пристап на верата:...28 Имено, Светиот Дух и нам ни беше угодно да не ставаме врз вас никакво друго бреме, освен овие неопходни работи:
29 да се воздржувате од нешта жртвувани на идоли, од крв, од задавено и од блудство и да не им правите на другите она што вам не ви е угодно; ако се пазите од тоа, добро ќе направите.
Но проблем е што Мартин не само што им дава некој полесен начин туку и ги осудува поуките на совршените(" Не клеветете се еден друг, браќа; кој го клевети својот брат или го суди својот брат, го клевети законот и го суди законот. А ако го судиш законот, не си извршител на законот, туку негов судија.").Со ова токму од библијата е побиен Мартин на кој и се повикува.

Таков термин користите вие православците, таков термин користат и муслиманите, па кога сакаат да го употребат зборот Нов завет, велат Евангелие (Инџил)
Таков термин ние не користиме.
А пак кога станува збор за муслиманите знај дека токму вашето учење,дека христијанството не е она кое било во почетокот и се изменувало со текот на времето им го потврдува нивниот став.Тие ги слушаат само зборовите кажани од Христа во библијата и ништо повеќе,а пак вие само библијата и ништо повеќе.Но и тие кога се побиени токму со зборови од Христа несакаат да слушаат,а и токму и вие кои сте побиени од библијата не сакате да слушате.На таквото гледиште проблемот се јавува кога додавате новотарија и ги напаѓате светиите од првите векови коe не е прифатливо.
"..11 Не зборувајте еден против друг, браќа; оној кој зборува против својот брат или го суди својот брат, зборува против законот и го суди законот. А ако го судиш законот, не си извршител на законот, туку негов судија. ..."
И за крај по што ми толкуваш од Откровението,според мене погрешно протолкувано,ќе те прашам дали би можел да ми ги протолкуваш првите шест печати од Откровението?Но немој да ми кажеш дека само за напаѓање кога се работи знаеш да толкуваш. [QUOTE=goran-twin]

Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2012 во 23:31

Гледам дека си цитирал стихови извадени од контекст, кои што немаат ништо заедничко со напишаното од твоја страна. А и тоа што си го напишал си го направил „кркамба“.

Како реплика на мојот пост ми го посочуваш одредувањето на датумот на Велигден, Миро-помазанието, а што има тоа врска со мојот пост или со темава?

Не можам да те разберам???
..или пишуваш, колку да се напиши нешто ради реда????

Со почит, Госпел.

"Be strong and courageous. Do not be terrified; do not be discouraged, for the LORD your God will be with you wherever you go." - Joshua 1:9
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.