|
Со крупни чекори напред, кон средниот век! |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | ||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во 80-десетите и некоја, ја вака како што паметам...
се чекаше ред насабајле за да се купи црн леб, пошто беше поефтин од белиот... па даваа бонови за прашок... бонови за зејтин... па се чекаа рееедици за да се земат истите... и мислам дека имаше... проблеми со горивото, кои некои ги викаа... пар - непар... малку возам јас, малку ти... а што е право, право е... школството беше бесплатно... а сега не е...?? |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
баш во 80-те не ми се верува да е било така .Види после 91-ва имаше стабилна контрабанда на гориво
|
||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Верувал ти или не... така е... |
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Млекото го заборави, и него го даваа со ограничување, ако не станеше рано насабајле у ред да чекаш, тој ден за тебе немаше млеко. Освен пар - непар, имаше и бонови за бензин, 20 литра месечно се добиваа бонови. На оние кои им требаа вишак бонови ги купуваа на црно од пумпашите така да бензинот ти излегуваше скоро дупло. А и струјата ја заборави, рестрикции секој трет ден по 8 часа. Имаше и други работи, ама се на се не беше убаво како што не убедуваше врхушката на власт.
|
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...ajde ne lupajte...toa beshe samo nekolku godini ...pred krajot!
...ama, togash barem zdravite chekale u red...a, sega bolnite chekaat,..i ne samo shto shekaat , tuku i si gi ''dodavaat'' eden na drug ''specijalist''....barem dodeka ne umrat. |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Си заборавил дека немаше и тоалетна хартија!
Така беше неколку години затоа што медиокритетите како Милка Планинц воведоа програма наречена „дугорочни програм економске стабилизације“, што се сведуваше на ограничување на потрошувачката со стварање вештачки недостиг на продукти. Од овој аспект ми се чини дека наместо да ја сопрат инфлацијата, само ја поттикнаа.
Но токму во тоа време, словенците почнаа да се бават со мали приватни бизниси, како дополнителна дејност на државната работа. Македонците, како и секогаш, кусогледи, ја гушеа во зачеток секоја приватна иницијатива. Беше строго забрането, посебно за интелектуалците вработени во државниот сектор да се бават со било каква хонорарна работа. Изменето од Polar Bear - 05.Март.2012 во 06:42 |
||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
неколку години!!!????... еве и да било неколку години, ама нели бевме богато општество ( барем така ни кажуваа ), зошто уопште да биде и еден ден чекањето во ред за основните продукти. точно, народот имаше пари ( само привидно ), добиваше станови од фирмите ( трошеа незаработено ) но со парите што можеше да се купи??? нели се најде еден паметен па да каже чекај бе, ми даваат повеќе него што заработувам, нешто не е во ред. сега ги враќаме тие пари и условно кажано лагодниот живот во тоа време, и го заменивме со една реалност која ја живееме сега.
|
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Е ај лебати кажи ми кој враќа Ние пусти дури со мерак го чекаме наследството од таа СФРЈ, а не да плаќаме нејзини долгови. Јас не памтам за овие редици (иако не негирам-може навистина биле, може сум подзаборавила-бива луге сме) Ама дека си одевме на “наше море“, дека за соседите ни Бугари, Грци, Албанци бевме Американци-бевме, признале или не признале. |
||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
имаше мајче редици и имаше и пар-непар...ама да беа толку доооооолги редиците до паѓање во несвест и толку страшни ко шо некој сака да ги опише- не беа.
да беше сета интелегенција потискана-не беше да имаше во народот многу пари а да немаше шо да се купи-ни тоа не беше баш така ама имаше по два годишни одмори на наше и на грчко море имаше разни школски активности за кои не се плаќаше ни денар имаше спортски клубови и еден куп дечиња кои тренираа без пари имаше пасош кој дебело се плаќаше и поминуваше секаде сите имаа 8 часовно работно време за пристојна плата и немој да ми кажете дека тогаш живеевме убаво а сега ги враќаме долговите па затоа живееме мизерно ако е така,кажете ми сега кога живееме мизерно колку време нашите внуци и превнуци ќе плаќаат долгови за овој мизерен живот нашминкап со купишта смешни копии на туѓа историја расфрлани по Скопје? |
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
мамамд,
не плаќаме долгови од бивша СФРЈ, наши долгови треба да отплатуваме, Македонија што се задужувала во тоа време ( не знам колку ти е познато, меѓутоа секоја република посебно се задужуваше кон меѓународните кредитни институции ), тие долгови ги плаќаме. А тоа што треба да се подели од имотот на бивша СФРЈ, ( 6 % ни припаѓаат на нас од целокупниот имот на СФРЈ, а веќе пола е поделено ) веќе одамна е изедено од каматите на долговите кои веќе ги имаме кон Лондонскиот и Парискиот клуб на доверители за задужувања правени меѓу 75-90 год. |
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Македонија се задолжува и сега... Долгот на Македонија од 1993 до 2010 година се зголеми од $704M на $1865M -два и пол пати. Инаку целиот долг на МК од претходниот период можеше да се плати само ако не ги дадеа општествените станови за џабе. Да не збориме за фирмите и се друго.
За да видите дека ова што се случува е само логичен продолжеток на една историска пљачка, која ниту една држава не може да ја издржи, погледнете го текстот подолу (се ивинувам оти е на англиски, го симнав од Википедија). Добро се сеќавам на тие случувања, „снаодливите“ и во тоа врема наоѓаа начин да ја исцицаат државата. НАјлошо е што тие истите сега плукаат по неа.
This was in part muted by the spectacular draining of the banking system, caused by the rising inflation, in which millions of people were effectively forgiven debts or even allowed to make fortunes on perfectly legal bank-milking schemes[citation needed]. The banks adjusted their interest rates to the inflation, but this could not be applied to loan contracts made earlier which stipulated fixed interest rates. Debt repayments for privately owned housing, which was massively built during the prosperous 1970s, became ridiculously small and as a result banks suffered huge losses. Indexation was introduced to take inflation into account, but the resourceful population continued to drain the system through other schemes, many of them having to do with personal cheques.
Personal cheques were widely used in Yugoslavia in pre-inflation times. Cheques, which were considered legal tender, were accepted by all businesses. They were processed by hand and mailed by regular post, so there was no way to ensure real-time accounting. The banks therefore continued to deduct money from current accounts on the date they received the cheque, and not on the date it was issued. When inflation rose to triple and then quadruple digits, this allowed another widespread form of cost reduction or outright milking of the system. Bills from remote places would arrive six months late, causing losses to businesses. Since banks maintained no-fee mutual customer service, people would travel to small banks in rural areas on the other end of the country and cash in several cheques. They would then exchange the money for foreign currency, usually German mark and wait for the cheque to arrive. They would then convert a part of the foreign currency amount and repay their debt, greatly reduced by inflation. Companies, struggling to pay their work-force, adopted similar tactics. |
||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мореее... имаше редици, и тоа многу... а колку вака за информираност... колкав период од Југославија беше Америка за соседите... од 80 -та до 90- та...???? или од 45 па навака...? и уствари небитна ствар... имало и добро и лошо... кој како се снашол... |
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
што има врска дали сме биле Америка за некого, кога ние имавме рестрикции на струја, бензин, прашак, шеќер, зејтин.
|
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
кога сте го имале тоа ? Од 45-та до 90-та или во крајот на 90-је ?
|
||
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |