Со крупни чекори напред, кон средниот век!
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25549
Датум на принтање: 18.Февруари.2025 во 02:42 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Со крупни чекори напред, кон средниот век!
Постирано од: Polar Bear
Наслов: Со крупни чекори напред, кон средниот век!
Датум на внесување: 02.Март.2012 во 02:53
Каде бевме, а каде сме сега?
Не можам да се оттргнам од мислите колку ниско падна Македонија во последниве две-три децении како последица од ретроградните национализми во регионот. Сите придобивки на модерните општества кои сега ни се продаваат како нешто ново, граѓаните ги имаа пред педесет години. Подем на инфраструктурата, здравствена заштита за сите, загарантирани доживотни пензии, работа, социјална сигурност, слобода на движење по светот, армија рамо до рамо со НАТО. Новите генерации, заглувени од нациналистичките викачи и заглупени од лажната историја не знаат ништо за тоа минато. И во старата држава, Македонија беше на опашката по скоро сите параметри. Но тоа е само причина повеќе да се почитува не толку дамнешното минато. Ринго, кој има слух како просечен барабанџија, никога не ќе станеше ѕвезда ако не ги сретнел Пол и Џон, а и не успеа да направи ништо значајно откога се раздели од нив - аналогијата со Македонија и останатите републики е јасна. Но во недостаток на визија и вистинска интелигенција што ќе ја потера напред, Македонија се сврте кон минатото и прифати некои вредности примерни за средниот век. Ако информацијата подолу е точна, тогаш македонците, заедно со другите југословенски народи, а богами и народности, може да се пофали дека е една од првите три светски нации со вселенски програм. Предизвик повеќе за некоја друга генерација македонци која можеби ќе има интелектуална сила да се оттргне од дупката во која е доведена не по своја вина и ќе почне да гради историја со која сите ќе се гордееме.
-------------
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
Коментари:
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 02.Март.2012 во 16:48
каде бевме а каде сме сега? да не речам исто с*ање во друго паковање...
поради глупостите на Југославија, денес сме онаму каде што сме, начинот на живеење, размислување, владеење... буквално се! луѓето кои дојдоа до моќ и пари, а требаше да останат во дупките од кои излегле, системите кои сеуште тлеат, и црнилата кои произлегуваат од сето тоа и многу ми е смешно кога некој во земјава плаче по југославија и нејзините пасоши и вселенски програми, или плука по неа, попувајќи колку подобро е денес, не знам дали да се смеам или да плачам... едноставно истиот измет ни ја гнаси целата историја од 20-ти и 21-ви век... што е тука тешко да се разбере? истите луѓе кои некогаш во социјализмот газеле се пред себе, веќе 20 години владеат со државава, и тоа демек од различни партии и блокови, со различни идеали, абе не ме заебавај...
и да, од Југославија имаме придобивки како модернизацијата и инфраструктурата, ама по која цена? во името на истата таа модернизација се уништија еден огромен број на материјални и човечки квалитети и се извитопери целиот морален состав на јавноста
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Март.2012 во 17:12
zabegan напиша:
и да, од Југославија имаме придобивки како модернизацијата и инфраструктурата, ама по која цена? во името на истата таа модернизација се уништија еден огромен број на материјални и човечки квалитети и се извитопери целиот морален состав на јавноста
|
Ме заинтересира како Југославија е уништувала огромен број материални и човечки квалитети кога за своето време Југославија е била во топ 5 нанајдобрите држави за живот ?
Не ми се верува дека е пречела на луѓе со памет и креативни идеи да си ги реализират целите .
-------------
|
Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 02.Март.2012 во 17:28
zabegan напиша:
каде бевме а каде сме сега? да не речам исто с*ање во друго паковање...
поради глупостите на Југославија, денес сме онаму каде што сме, начинот на живеење, размислување, владеење... буквално се! луѓето кои дојдоа до моќ и пари, а требаше да останат во дупките од кои излегле, системите кои сеуште тлеат, и црнилата кои произлегуваат од сето тоа и многу ми е смешно кога некој во земјава плаче по југославија и нејзините пасоши и вселенски програми, или плука по неа, попувајќи колку подобро е денес, не знам дали да се смеам или да плачам... едноставно истиот измет ни ја гнаси целата историја од 20-ти и 21-ви век... што е тука тешко да се разбере? истите луѓе кои некогаш во социјализмот газеле се пред себе, веќе 20 години владеат со државава, и тоа демек од различни партии и блокови, со различни идеали, абе не ме заебавај...
и да, од Југославија имаме придобивки како модернизацијата и инфраструктурата, ама по која цена? во името на истата таа модернизација се уништија еден огромен број на материјални и човечки квалитети и се извитопери целиот морален состав на јавноста
|
се сложувам за 80 % од кажаното
------------- "Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 02.Март.2012 во 17:32
емил напиша:
Ме заинтересира како Југославија е уништувала огромен број материални и човечки квалитети кога за своето време Југославија е била во топ 5 нанајдобрите држави за живот ? |
за материјални квалитети не би рекол баш така, ама за човечки... што луѓе на душа носат комунистите, уште не можеме да ги преброиме.
а за ова што викаш дека била во топ 5 најдобри држави за живот, тоа си го гледал во некој сф филм.
------------- "Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 02.Март.2012 во 17:58
Абе каков вселенски програм, какви бакрачи... тоа беше подѕемен аеродром вграден во планина од која можеше радарски да се контролира половина Европа. И во негова непосредна близина е тајниот Титов подѕемен бункер (цел мал град) дизајниран да издржи нуклеарен напад.
Неповратните кредити што ги добиваше Тито беа поради средниот прст што му го покажа на СССР - запад сакаше преку СФРЈ да ги поттикне и останатите држави зад железната завеса да се одделат од Варшавскиот договор и социјал-комунизмот.
И така Тито можеше да живее царски живот и да го убедува југословенскиот народ дека неговиот идеален економско-политички систем е најдобриот во светот. Луѓето не сакаат многу да кршат глава околу вистинитоста на тие тврдења с'е додека имаа гарантирана работа и доволно пари за јадење и пиење...
... с'е додека парите не секнаа и меурот на илузијата не пукна.
Е, денес се живее во гола реалност.
Сонот заврши.
Ова е јаве.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 02.Март.2012 во 18:50
емил напиша:
zabegan напиша:
и да, од Југославија имаме придобивки како модернизацијата и инфраструктурата, ама по која цена? во името на истата таа модернизација се уништија еден огромен број на материјални и човечки квалитети и се извитопери целиот морален состав на јавноста
|
Ме заинтересира како Југославија е уништувала огромен број материални и човечки квалитети кога за своето време Југославија е била во топ 5 нанајдобрите држави за живот ?
Не ми се верува дека е пречела на луѓе со памет и креативни идеи да си ги реализират целите . | Југославија била една од најдобрите пет земји за живеење бидејќи народот бил задоволуван со ситници, истите ситници за кои денес тагуваат некои старци, и се она што ќе се донесело како реформа, се преувеличувало и се перело мозок... тоа е факт а памет и креативни идеи и тоа како биле кратени, најпрво во образованието, а потоа во политиката вмешана во сите сектори од секојдневниот живот едноставно Југославија била најлошото нешто што му се случило на балканов, ама никој не го приметувал тоа поради внимателната политика, многу различна од тоталните комунистички диктатури... затоа и многу често спомнувам дека државава денес многу полесно ќе се развиваше доколку во минатото била во СССР а не во Југославија... земете ги за пример сите земји кои се ослободија од таквиот режим и како се развиваат денес, особено блиските соседи и сеуште не знам како да го објаснам ова, има огромен дел на психологија која треба да се дискутира кога се дискутира историјата на Македонскиот општествен склоп и менталитет и како сме дошле до денешно дереџе
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 02.Март.2012 во 18:52
...nekoj izgleda seushte ne sfatil deka porano mu bilo podobro na narodot,...barem na povekjeto od nego,
...otkolku sega!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 02.Март.2012 во 18:53
Zeksi71 напиша:
емил напиша:
Ме заинтересира како Југославија е уништувала огромен број материални и човечки квалитети кога за своето време Југославија е била во топ 5 нанајдобрите држави за живот ? |
за материјални квалитети не би рекол баш така, ама за човечки... што луѓе на душа носат комунистите, уште не можеме да ги преброиме.
а за ова што викаш дека била во топ 5 најдобри држави за живот, тоа си го гледал во некој сф филм.
| немој и тука со тие твои комунисти, не за џабе кажав некои работи погоре, џабе ќе збориш комунисти ова, комунисти она, кога денес живееме во истиот режим, само сменет е системот... впрочем истите тие што ги плукаш по темиве, денес владеат со државата, и не само денес, туку во целата нејзина дваесет годишна самостојна историја (да не почнеш па да ми збориш за партии)
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 02.Март.2012 во 23:08
zabegan напиша:
каде бевме а каде сме сега? да не речам исто с*ање во друго паковање...
поради глупостите на Југославија, денес сме онаму каде што сме, начинот на живеење, размислување, владеење... буквално се! луѓето кои дојдоа до моќ и пари, а требаше да останат во дупките од кои излегле, системите кои сеуште тлеат, и црнилата кои произлегуваат од сето тоа и многу ми е смешно кога некој во земјава плаче по југославија и нејзините пасоши и вселенски програми, или плука по неа, попувајќи колку подобро е денес, не знам дали да се смеам или да плачам... едноставно истиот измет ни ја гнаси целата историја од 20-ти и 21-ви век... што е тука тешко да се разбере? истите луѓе кои некогаш во социјализмот газеле се пред себе, веќе 20 години владеат со државава, и тоа демек од различни партии и блокови, со различни идеали, абе не ме заебавај...
и да, од Југославија имаме придобивки како модернизацијата и инфраструктурата, ама по која цена? во името на истата таа модернизација се уништија еден огромен број на материјални и човечки квалитети и се извитопери целиот морален состав на јавноста
|
Токму во центарот на нештата! Само како поткрепа на кажаното, денес владее хаос во однос на сопственоста на градежните земјишта, еден од најзначајните извори на капитал, а и една од главните пречки за влез на странски инвестиции. Најсмешно од се е што оние кои не ги знаат законите најмногу коментираат против надоместоците кои ги плаќаат за трансформациите, запишувањата на други стварни права и други нешта, а забораваат дека национализациите и другите нешта се вина не на Република Македонија, туку на онаа држава која сеуште не можат да ја заборават.
-------------
|
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 03.Март.2012 во 00:59
Не знам како некој може да споредува како се живеело во Југославија со како се живее денес, ако воопшто не живеел во тоа време? Не сум живеел ни јас во тоа време и не се правам паметен да коментирам за работи што не сум ги осетил на своја кожа. Тоа што 'старците' велат дека им било подобро тогаш, е сосема во ред со мене, виделе, живееле, осетиле како било. Работеле, имале пари, граделе куќи, купувале станови, оделе на одмор. Скоро сите овие работи се мисловна именка за поголемиот број на луѓево денес. Сега системот тогаш бил меур од сапуница, немало што да се купи, капитализмот е најдоброто нешто бла бла, да не знае човек што е полошо. Дали тоа што во СФРЈ 80% од луѓето имале пари а немале каде да ги трошат или сега кога 80% од луѓето немаат пари ама затоа можности како и на што да ги трошат се неограничени. Знам само дека на сите што биле Југословени им било добро. Е оние што биле Македонци, Срби, Хрвати биле под нозете на тајните служби. Јбга ако сакаш ред, рад и дисциплина мора остро. Секако главен проблем на нас како народ што живееме како живееме, е менталниот склоп. Ниту знаеме што е убав живот, нити сме научени на такво нешто. Немаме победнички менталитет, нити некогаш сме го имале. Се задоволуваме со ситници и поубаво ни е ако на комшијата му оди лошо отколку кога на нас ни оди добро. И то.
------------- You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 03.Март.2012 во 01:08
да бе така, пуф, се смени, од утре ново време има, не е веќе Југославија... ![замисленост замисленост](smileys_novi/23.gif) живеам во нејзините остатоци и системски и ментални поколенија, имам потполно право да ја коментирам како кривец за времето во кое живееме денес...
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 03.Март.2012 во 02:59
zabegan напиша:
немој и тука со тие твои комунисти, не за џабе кажав некои работи погоре, џабе ќе збориш комунисти ова, комунисти она, кога денес живееме во истиот режим, само сменет е системот... впрочем истите тие што ги плукаш по темиве, денес владеат со државата, и не само денес, туку во целата нејзина дваесет годишна самостојна историја (да не почнеш па да ми збориш за партии)
|
се сложувам и со ова, едно 70 %.
Ама ај да баталиме бивша Југославија, нели не чинеше, пекавме по независност. Не крадел Београд, Загреб, Љубљана, за нив сме работеле, слуги сме им биле. Еве ја независноста, ја живееме веќе 20 год. Некој вака некој онака. Сега не сме слуги на никого, барем на хартија е така.
Од Југославија излеговме, за сега, со сите сили политичките врхушки да не носат повторно во некаква друга Југославија наречена Европа.
Кога го гледам ЕУ советот исто како ЦК на КПЈ да заседава, ЕУ комисијата исто како политбирото , а бе буквално петокраката е преселена од Москва или Београд во Брисел.
Што правиме со независноста на МК, која со референдум ја потврдивме како заложба на граѓаните. Во ЕУ независност и суверенитет нема. Таму има команданти и оние што слушаат. Таму има газди и слуги. Ние во која категорија ќе бидеме.
------------- "Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 03.Март.2012 во 11:04

![да да](smileys_novi/yes.gif) Да додадам-Тогаш Тито ги праќал на Голи Оток, сега сами (за пуста политичка превласт, или различни политички ставови) се “праќаат“ во Шутка. Едни велат дека Тито ги праќал “борците за Македонија“ други “борците за сојуз со Бугарија“ трети “оние кои малкуцка мислеле со своја глава“. И денес е исто, едни за други велат “србомани“, “бугарофили“, “комуњари“, “антички“ и што ли не, ќовек дури да се сожали колку мака имаат политичарите со “внатрешни и надворешни“ непријатели. Тогаш многумина заминаа гурбет и останаа таму, денес пак реприза-младите ни бегаат, ѓоамити со студентска размена-никој назад не се враќа. Стануваме земја на старци, а се лутиме на другите што си го зголемуваат наталитетот![збунетост збунетост](smileys_novi/7.gif) ВМРОвци велат сдсмовци краделе-а сите на слобода, во опозиција, во парламент-нафатирани, СДСМовци велат вмровци крадат-човек да помисли -ние земја на арамии. Некој понапред спомна-народот жали за ЈУ,а се било лажно?![збунетост збунетост](smileys_novi/7.gif) Јас незнам за пред 80-тите, ама од таму наваму знам дека не може некој да ми пери ум дека било лажно, оти во таа лажност се школувавме сите чии родители не ни беа буџи. Се вработивме сите, без партиска книшка или врски и ортоми, шетавме по странство бе да украдиме динар еден од работа. Не велам дека немало тогаш арамии, имало ама јас не сум ги видела. Сега некој ме убедува дека “многу ми е арно“, а јас глава не кренав од огромни сметки за парно, струја, платата ми касни секој месец, ме ошурија на она картиците со камати кои не се камати![збунетост збунетост](smileys_novi/7.gif) Во 21 век, луге исклучени од струја, вода, си светат со кандила, свеки, носат води во туби (порано во чингани кофи-сега во пластика), техниката која ја плаќавме на рати во титово време, сега ни служи само како изложбен салон за “плеените миленца од баба“ и да не ни мувлосаат “магичните крпи“ за прашина да забришеме. Човек да се праша- се враќаме ли назад или одиме наназад (оти напред нема)![изненадување изненадување](smileys_novi/13.gif)
-------------
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 04.Март.2012 во 21:29
Во 80-десетите и некоја, ја вака како што паметам... се чекаше ред насабајле за да се купи црн леб, пошто беше поефтин од белиот... па даваа бонови за прашок... бонови за зејтин... па се чекаа рееедици за да се земат истите... и мислам дека имаше... проблеми со горивото, кои некои ги викаа... пар - непар... малку возам јас, малку ти...
а што е право, право е... школството беше бесплатно... а сега не е...??![збунетост збунетост](smileys_novi/7.gif)
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 04.Март.2012 во 21:33
којсумјас напиша:

баш во 80-те не ми се верува да е било така .Види после 91-ва имаше стабилна контрабанда на гориво
-------------
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 04.Март.2012 во 21:44
емил напиша:
баш во 80-те не ми се верува да е било така .Види после 91-ва имаше стабилна контрабанда на гориво |
Верувал ти или не... така е...
|
Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 04.Март.2012 во 22:20
којсумјас напиша:
Во 80-десетите и некоја, ја вака како што паметам... се чекаше ред насабајле за да се купи црн леб, пошто беше поефтин од белиот... па даваа бонови за прашок... бонови за зејтин... па се чекаа рееедици за да се земат истите... и мислам дека имаше... проблеми со горивото, кои некои ги викаа... пар - непар... малку возам јас, малку ти...
а што е право, право е... школството беше бесплатно... а сега не е...??![збунетост збунетост](smileys_novi/7.gif)
|
Млекото го заборави, и него го даваа со ограничување, ако не станеше рано насабајле у ред да чекаш, тој ден за тебе немаше млеко. Освен пар - непар, имаше и бонови за бензин, 20 литра месечно се добиваа бонови. На оние кои им требаа вишак бонови ги купуваа на црно од пумпашите така да бензинот ти излегуваше скоро дупло. А и струјата ја заборави, рестрикции секој трет ден по 8 часа.
Имаше и други работи, ама се на се не беше убаво како што не убедуваше врхушката на власт.
------------- "Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 04.Март.2012 во 23:31
...ajde ne lupajte...toa beshe samo nekolku godini ...pred krajot!
...ama, togash barem zdravite chekale u red...a, sega bolnite chekaat,..i ne samo shto shekaat , tuku i si gi ''dodavaat'' eden na drug ''specijalist''....barem dodeka ne umrat.
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Polar Bear
Датум на внесување: 05.Март.2012 во 06:41
којсумјас напиша:
Во 80-десетите и некоја, ја вака како што паметам... се чекаше ред насабајле за да се купи црн леб, пошто беше поефтин од белиот... па даваа бонови за прашок... бонови за зејтин... па се чекаа рееедици за да се земат истите... и мислам дека имаше... проблеми со горивото, кои некои ги викаа... пар - непар... малку возам јас, малку ти...
а што е право, право е... школството беше бесплатно... а сега не е...??![збунетост збунетост](smileys_novi/7.gif)
|
Си заборавил дека немаше и тоалетна хартија! ![голема насмевка голема насмевка](http://forum.idividi.com.mk/smileys_novi/4.gif)
Така беше неколку години затоа што медиокритетите како Милка Планинц воведоа програма наречена „дугорочни програм економске стабилизације“, што се сведуваше на ограничување на потрошувачката со стварање вештачки недостиг на продукти. Од овој аспект ми се чини дека наместо да ја сопрат инфлацијата, само ја поттикнаа.
Но токму во тоа време, словенците почнаа да се бават со мали приватни бизниси, како дополнителна дејност на државната работа. Македонците, како и секогаш, кусогледи, ја гушеа во зачеток секоја приватна иницијатива. Беше строго забрането, посебно за интелектуалците вработени во државниот сектор да се бават со било каква хонорарна работа.
-------------
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 05.Март.2012 во 07:20
brza напиша:
...ajde ne lupajte...toa beshe samo nekolku godini ...pred krajot!
...ama, togash barem zdravite chekale u red...a, sega bolnite chekaat,..i ne samo shto shekaat , tuku i si gi ''dodavaat'' eden na drug ''specijalist''....barem dodeka ne umrat.
|
неколку години!!!????... еве и да било неколку години, ама нели бевме богато општество ( барем така ни кажуваа ), зошто уопште да биде и еден ден чекањето во ред за основните продукти.
точно, народот имаше пари ( само привидно ), добиваше станови од фирмите ( трошеа незаработено ) но со парите што можеше да се купи???
нели се најде еден паметен па да каже чекај бе, ми даваат повеќе него што заработувам, нешто не е во ред.
сега ги враќаме тие пари и условно кажано лагодниот живот во тоа време, и го заменивме со една реалност која ја живееме сега.
------------- "Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 05.Март.2012 во 19:26
Zeksi71 напиша:
brza напиша:
...ajde ne lupajte...toa beshe samo nekolku godini ...pred krajot!
...ama, togash barem zdravite chekale u red...a, sega bolnite chekaat,..i ne samo shto shekaat , tuku i si gi ''dodavaat'' eden na drug ''specijalist''....barem dodeka ne umrat.
|
неколку години!!!????... еве и да било неколку години, ама нели бевме богато општество ( барем така ни кажуваа ), зошто уопште да биде и еден ден чекањето во ред за основните продукти.
точно, народот имаше пари ( само привидно ), добиваше станови од фирмите ( трошеа незаработено ) но со парите што можеше да се купи???
нели се најде еден паметен па да каже чекај бе, ми даваат повеќе него што заработувам, нешто не е во ред.
сега ги враќаме тие пари и условно кажано лагодниот живот во тоа време, и го заменивме со една реалност која ја живееме сега. |
Е ај лебати кажи ми кој враќа Ние пусти дури со мерак го чекаме наследството од таа СФРЈ, а не да плаќаме нејзини долгови. Јас не памтам за овие редици (иако не негирам-може навистина биле, може сум подзаборавила-бива луге сме ) Ама дека си одевме на “наше море“, дека за соседите ни Бугари, Грци, Албанци бевме Американци-бевме, признале или не признале.![голема насмевка голема насмевка](smileys_novi/4.gif)
-------------
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 05.Март.2012 во 21:47
имаше мајче редици и имаше и пар-непар...ама да беа толку доооооолги редиците до паѓање во несвест и толку страшни ко шо некој сака да ги опише- не беа. да беше сета интелегенција потискана-не беше да имаше во народот многу пари а да немаше шо да се купи-ни тоа не беше баш така ама имаше по два годишни одмори на наше и на грчко море имаше разни школски активности за кои не се плаќаше ни денар имаше спортски клубови и еден куп дечиња кои тренираа без пари имаше пасош кој дебело се плаќаше и поминуваше секаде сите имаа 8 часовно работно време за пристојна плата и немој да ми кажете дека тогаш живеевме убаво а сега ги враќаме долговите па затоа живееме мизерно ако е така,кажете ми сега кога живееме мизерно колку време нашите внуци и превнуци ќе плаќаат долгови за овој мизерен живот нашминкап со купишта смешни копии на туѓа историја расфрлани по Скопје?
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 06.Март.2012 во 00:56
мамамд, не плаќаме долгови од бивша СФРЈ, наши долгови треба да отплатуваме, Македонија што се задужувала во тоа време ( не знам колку ти е познато, меѓутоа секоја република посебно се задужуваше кон меѓународните кредитни институции ), тие долгови ги плаќаме. А тоа што треба да се подели од имотот на бивша СФРЈ, ( 6 % ни припаѓаат на нас од целокупниот имот на СФРЈ, а веќе пола е поделено ) веќе одамна е изедено од каматите на долговите кои веќе ги имаме кон Лондонскиот и Парискиот клуб на доверители за задужувања правени меѓу 75-90 год.
------------- "Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
Постирано од: Polar Bear
Датум на внесување: 06.Март.2012 во 04:07
Македонија се задолжува и сега... Долгот на Македонија од 1993 до 2010 година се зголеми од $704M на $1865M -два и пол пати. Инаку целиот долг на МК од претходниот период можеше да се плати само ако не ги дадеа општествените станови за џабе. Да не збориме за фирмите и се друго.
За да видите дека ова што се случува е само логичен продолжеток на една историска пљачка, која ниту една држава не може да ја издржи, погледнете го текстот подолу (се ивинувам оти е на англиски, го симнав од Википедија). Добро се сеќавам на тие случувања, „снаодливите“ и во тоа врема наоѓаа начин да ја исцицаат државата. НАјлошо е што тие истите сега плукаат по неа.
This was in part muted by the spectacular draining of the banking system, caused by the rising http://en.wikipedia.org/wiki/Inflation" rel="nofollow - inflation , in which millions of people were effectively forgiven debts or even allowed to make fortunes on perfectly legal bank-milking schemes[ http://en.wikipedia.org/wiki/Wikipedia:Citation_needed" rel="nofollow - Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 06.Март.2012 во 17:48
mamamd напиша:
Јас не памтам за овие редици (иако не негирам-може навистина биле, може сум подзаборавила-бива луге сме ) Ама дека си одевме на “наше море“, дека за соседите ни Бугари, Грци, Албанци бевме Американци-бевме, признале или не признале.![голема насмевка голема насмевка](smileys_novi/4.gif)
|
Мореее... имаше редици, и тоа многу... а колку вака за информираност... колкав период од Југославија беше Америка за соседите... од 80 -та до 90- та...???? или од 45 па навака...? и уствари небитна ствар... имало и добро и лошо... кој како се снашол...
|
Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 06.Март.2012 во 19:16
што има врска дали сме биле Америка за некого, кога ние имавме рестрикции на струја, бензин, прашак, шеќер, зејтин.
------------- "Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 06.Март.2012 во 23:17
Zeksi71 напиша:
што има врска дали сме биле Америка за некого, кога ние имавме рестрикции на струја, бензин, прашак, шеќер, зејтин.
|
кога сте го имале тоа ? Од 45-та до 90-та или во крајот на 90-је ?
-------------
|
Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 06.Март.2012 во 23:52
емил напиша:
Zeksi71 напиша:
што има врска дали сме биле Америка за некого, кога ние имавме рестрикции на струја, бензин, прашак, шеќер, зејтин.
|
кога сте го имале тоа ? Од 45-та до 90-та или во крајот на 90-је ? |
тоа беше после 80-та год., а луѓе кажуваат дека такви моменти имало во сите декади после втората светска војна.
------------- "Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 07.Март.2012 во 00:03
значи од 80-та до 90-та македонскиот народ од богат народ изеднаш се е разбудил беден и е почнал да чека на редица за најнеопходните работи ....некако неможам да го сватам тоа
-------------
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 08.Март.2012 во 19:41
Не сум сигурна со што се тепале во средниот век (ама стапови сигурно користеле иско автобуси немале) така да не сме далеку од стасувањето-враќањето таму. Јадни ли жртви на оваа анархија кои ни криви ни должни (освен што се сиромашни па мора да се возат со градски превоз) стануваат жртви на насилници и завршуваат во болница.![тага тага](smileys_novi/2.gif)
http://www.time.mk/read/06a39b02b4/1fc3687cb8/index.html" rel="nofollow - Серија инциденти во Скопје- осуда од партиите
-------------
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 09.Март.2012 во 15:57
емил напиша:
значи од 80-та до 90-та македонскиот народ од богат народ изеднаш се е разбудил беден и е почнал да чека на редица за најнеопходните работи ....некако неможам да го сватам тоа |
Емил, како некој може да се нарече богат, ако постојано живее од кредити, помош, донации од странски држави? По секнувањето на тие кредити, кога требаше да се живее без сето тоа, се појави вистинската слика. Се до осумдесеттите, пристигнуваа парите од Запад, па поради тоа и народот имаше илузорно добар стандард. Кога секнаа, се покажа вистинската состојба.
Патем, остави ги ти оние нешта кои си ги слушал за Југославија како една од најбогатите и највлијателни земји на светот и нејзиниот народ за еден од најбогатите и најсреќните. Секогаш кога некој ќе ти ги зборува тие нешта, пред се, тоа ќе е некој кој ги живеел шеесетите и седумдесеттите години, но не ги живеел педесеттите.
Сликовито објаснето, ако некој зборува со татко ми и мајка ми, ќе добие една слика, а ако зборува со баба ми, сосема друга за тоа време и тогашниот систем.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 11.Март.2012 во 07:55
http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=68500" rel="nofollow - Да постоеше СФРЈ денес ќе живеевме подобро |
| |
Во истражувањето на Европскиот фонд за Балканот спроведено од 25-ти септември до 17-ти октомври минатата година учествувале 2.000 луѓе од Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Србија и Албанија. Дел од испитаниците биле родени 1971-ва година, односно и припаѓале на последната генерација Југословени, а другите биле родени 20 години подоцна, поточно генерацијата која не ја памти војната и распадот на СФРЈ.
На Македонците кога ќе им се спомне Југославија, прво што им доаѓа на ум е подобар живот и стандард, па потоа Јосип Броз Тито, братство и единство итн. Македонците се изјасниле дека се задоволни од животот денес, но дека економската состојба, можностите за вработување, квалитетот на животот, безбедноста, образованието, здравството и слободата на изразување биле подобри во времето кога живееле во Југославија.
------------------------------------------------------------
Значи моето мислење што го постирав погоре се потврдува ![задоволство задоволство](smileys_novi/15.gif)
-------------
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 11.Март.2012 во 14:49

| баш напротив, се потврдува мислењето на Македон, бидејќи само две генерации се испитани, и тоа баш едната е онаа од седумдесетите, а другата е мојата генерација
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 11.Март.2012 во 16:07
емил напиша:
http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=68500" rel="nofollow - Да постоеше СФРЈ денес ќе живеевме подобро |
|
|
Во истражувањето на Европскиот фонд за Балканот спроведено од 25-ти септември до 17-ти октомври минатата година учествувале 2.000 луѓе од Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Србија и Албанија. Дел од испитаниците биле родени 1971-ва година, односно и припаѓале на последната генерација Југословени, а другите биле родени 20 години подоцна, поточно генерацијата која не ја памти војната и распадот на СФРЈ.
На Македонците кога ќе им се спомне Југославија, прво што им доаѓа на ум е подобар живот и стандард, па потоа Јосип Броз Тито, братство и единство итн. Македонците се изјасниле дека се задоволни од животот денес, но дека економската состојба, можностите за вработување, квалитетот на животот, безбедноста, образованието, здравството и слободата на изразување биле подобри во времето кога живееле во Југославија.
------------------------------------------------------------
Значи моето мислење што го постирав погоре се потврдува ![задоволство задоволство](smileys_novi/15.gif)
|
И што докажува тоа ? Ја покажува човековата игнорантност, желбата да се биде децептиран ако тоа резултира со добивање нешто незаслужено и незаработено, со истовремено избегнување на личната и заедничката одговорност.
И мојот син говори дека најубавите години од неговиот живот беа кога мајка му го хранеше, а татко му му ја бришеше задницата.
И нему не му се допаѓа што порасна, па ќе треба наскоро самиот да се грижи за себе и да си ги плаќа своите сметки.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 11.Март.2012 во 18:34
Не сите го добиле тоа што го заслужиле и заработиле, така да ако утре добиеш нешто незаслужено и незаработено, уживај и свиркај. Сите големи капитални проекти во нашата ни држава се изградени со тие странски пари во тоа темно време. И сега се зимаат пари од странство само што ништо не се гради. Државата должна, а народот гладен.
------------- You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
Постирано од: Enchante
Датум на внесување: 11.Март.2012 во 19:20
Messenger напиша:
И што докажува тоа ? Ја покажува човековата игнорантност, желбата да се биде децептиран ако тоа резултира со добивање нешто незаслужено и незаработено, со истовремено избегнување на личната и заедничката одговорност.
И мојот син говори дека најубавите години од неговиот живот беа кога мајка му го хранеше, а татко му му ја бришеше задницата.
И нему не му се допаѓа што порасна, па ќе треба наскоро самиот да се грижи за себе и да си ги плаќа своите сметки.
|
Прекрасно кажано.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 20.Март.2012 во 13:05
Јас само да си се надополнам во моето тврдение дека на македонците им недостасува Југославија и сеуште сонуваат за неа со тоа линкче
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/64760-Makedonski-zboruvaat-99-od-Albancite-vo-zemjava" rel="nofollow - Македонците во анкетата потврдиле дека најбезбедни се чуствуват во Србија, а најнебезбедни се во Косово, Албанија и Грција
-------------
|
Постирано од: Феникс
Датум на внесување: 20.Март.2012 во 13:16
емил напиша:
Јас само да си се надополнам во моето тврдение дека на македонците им недостасува Југославија и сеуште сонуваат за неа со тоа линкче
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/64760-Makedonski-zboruvaat-99-od-Albancite-vo-zemjava" rel="nofollow - Македонците во анкетата потврдиле дека најбезбедни се чуствуват во Србија, а најнебезбедни се во Косово, Албанија и Грција
|
анкетата е за тоа каде се чувствуваат безбедни кога одат.....кога говорат македонски..и нема врска со Југославија....но нели од секогаш имало луге кои анкетите си ги толкуваат на свој начин ...па така и ти....но исто така за среќа постојат и луѓе кои читаат како пишува.. ![намигнување намигнување](http://forum.idividi.com.mk/smileys_novi/3.gif) ..
------------- ...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 20.Март.2012 во 13:31
Газе кажи сега ти што пишува во линкот што го постирав ? Ајде разјасни ми .
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/64760-Makedonski-zboruvaat-99-od-Albancite-vo-zemjava" rel="nofollow - Според резултатите од анкетата, 84 отсто од Македонците како втор јазик го зборуваат српскиот
-------------
|
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 20.Март.2012 во 14:06
Го зборуваат српско-хрватско-босанско-црногорскиот јазик.
------------- You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 20.Март.2012 во 14:09
емил напиша:
Газе кажи сега ти што пишува во линкот што го постирав ? Ајде разјасни ми .
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/64760-Makedonski-zboruvaat-99-od-Albancite-vo-zemjava" rel="nofollow - Според резултатите од анкетата, 84 отсто од Македонците како втор јазик го зборуваат српскиот
|
А што има тука необично, кога МАкедонија била долго време во заедница со таа држава....Секој Македонец што има над 30 години, за време на основното образование како втор јазик учел и српско-хрватски....тука е и влијанието на екс-ју музиката која има и ќе има длабоко влијание кај нас ......така да оваа анкета не открива ништо спектакуларно...
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 20.Март.2012 во 14:39
емил напиша:
Газе кажи сега ти што пишува во линкот што го постирав ? Ајде разјасни ми .
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/64760-Makedonski-zboruvaat-99-od-Albancite-vo-zemjava" rel="nofollow - Според резултатите од анкетата, 84 отсто од Македонците како втор јазик го зборуваат српскиот
|
ај да покушам да ти разјаснам, во анкетата се вели дека 84 % од Македонците го зборуваат српскиот, што во обратна смисла значи дека 16 % не го зборуваат.
------------- "Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 20.Март.2012 во 14:40
gonzo напиша:
Го зборуваат српско-хрватско-босанско-црногорскиот јазик.
|
јас лично за ваков сплет на јазици прв пат слушам!!!!!!!
------------- "Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 20.Март.2012 во 14:41
Ninja 35 напиша:
емил напиша:
Газе кажи сега ти што пишува во линкот што го постирав ? Ајде разјасни ми .
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/64760-Makedonski-zboruvaat-99-od-Albancite-vo-zemjava" rel="nofollow - Според резултатите од анкетата, 84 отсто од Македонците како втор јазик го зборуваат српскиот
|
А што има тука необично, кога МАкедонија била долго време во заедница со таа држава....Секој Македонец што има над 30 години, за време на основното образование како втор јазик учел и српско-хрватски....тука е и влијанието на екс-ју музиката која има и ќе има длабоко влијание кај нас ......така да оваа анкета не открива ништо спектакуларно... |
нема ништо необично
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 20.Март.2012 во 14:43
Zeksi71 напиша:
емил напиша:
Газе кажи сега ти што пишува во линкот што го постирав ? Ајде разјасни ми .
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/64760-Makedonski-zboruvaat-99-od-Albancite-vo-zemjava" rel="nofollow - Според резултатите од анкетата, 84 отсто од Македонците како втор јазик го зборуваат српскиот
|
ај да покушам да ти разјаснам, во анкетата се вели дека 84 % од Македонците го зборуваат српскиот, што во обратна смисла значи дека 16 % не го зборуваат. |
гледам ти си во тие 84 %
ми се чини дека ви налутив со линкот во врска со јазикот
немав тоа намера
-------------
|
Постирано од: Polar Bear
Датум на внесување: 20.Март.2012 во 19:52
Ninja 35 напиша:
емил напиша:
Газе кажи сега ти што пишува во линкот што го постирав ? Ајде разјасни ми .
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/64760-Makedonski-zboruvaat-99-od-Albancite-vo-zemjava" rel="nofollow - Според резултатите од анкетата, 84 отсто од Македонците како втор јазик го зборуваат српскиот |
А што има тука необично, кога МАкедонија била долго време во заедница со таа држава....Секој Македонец што има над 30 години, за време на основното образование како втор јазик учел и српско-хрватски....тука е и влијанието на екс-ју музиката која има и ќе има длабоко влијание кај нас ......така да оваа анкета не открива ништо спектакуларно... |
Edna ispravka - srpskohrvatskiot nikogas ne bil vtor jazik vo Makedonija. Srpskohrvatski se ucese samo so eden cas nedelno vo sesto oddelenie.
-------------
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 20.Март.2012 во 22:28
Polar Bear напиша:
Edna ispravka - srpskohrvatskiot nikogas ne bil vtor jazik vo Makedonija. Srpskohrvatski se ucese samo so eden cas nedelno vo sesto oddelenie.
|
точно така, еднаш неделно.
Како службен јазик во СФРЈ беше српско-хрватскиот, додека македонскиот и словенскиот исто така беа службени јазици на териториите на Словенија и Македонија.
------------- "Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 21.Март.2012 во 12:22
Zeksi71 напиша:
gonzo напиша:
Го зборуваат српско-хрватско-босанско-црногорскиот јазик.
|
јас лично за ваков сплет на јазици прв пат слушам!!!!!!! |
Не е касно, млад си, не може се да знаеш...![намигнување намигнување](smileys_novi/3.gif)
------------- You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 21.Март.2012 во 12:48
и ти си во право ![намигнување намигнување](smileys_novi/3.gif)
------------- "Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 22.Март.2012 во 00:19
cit: Емил, како некој може да се нарече богат, ако постојано живее од кредити, помош, донации од странски држави? По секнувањето на тие кредити, кога требаше да се живее без сето тоа, се појави вистинската слика. Се до осумдесеттите, пристигнуваа парите од Запад, па поради тоа и народот имаше илузорно добар стандард. Кога секнаа, се покажа вистинската состојба.
Патем, остави ги ти оние нешта кои си ги слушал за Југославија како една од најбогатите и највлијателни земји на светот и нејзиниот народ за еден од најбогатите и најсреќните.....
...а што е денес поразлично?.кредитите брат!Денес и државата и граѓаните се задолжуваат!кој тоа и како и кога ќе се врати?.мисли ли некој на таа тема или ..нека му мисли друг кога ќе дојде!:
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 25.Март.2012 во 09:30
Цццц, Прилепчани бре, ако ова е пола вистина, па вие сте навистина за тука![големо гушкање големо гушкање](smileys_novi/6.gif)
http://www.plusinfo.mk/mislenje/475/Prilepskite-shibicari" rel="nofollow - Прилепските шибицари
-------------
|
Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 26.Март.2012 во 01:46
Стварност за цела реформирана држава,а јагмата во овој град не е помала од другите селски касаби, градоначалничето,си ги прибра сите членови од сдсм,кои беа незадоволни и си направи сосема нова постава,па сега ја тера истата прикаска ,како комуњарите,преди толку години.
------------- ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
|
|