|
По кои критериуми се утврдени деновите за постење? |
Внеси реплика | страница 123 4> |
Автор | |||||||||
Tetro
Нов член Регистриран: 29.Февруари.2012 Статус: Офлајн Поени: 20 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 01.Март.2012 во 00:30 |
||||||||
Може и има ваква тема, ама не ја забележав на форумов. Извинете.
Муабетот: - Дали постите? - Дали знаете зошто постите? - Дали знаете како се пости? Т |
|||||||||
goran-twin
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2012 Статус: Офлајн Поени: 385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
За се ова најдобро отвари некоја страна како на пример Премин Портал по детално ќе научиш за постот од свештени лица.А инаку на форум ќе прочиташ и вистини и невистини.
|
|||||||||
Tetro
Нов член Регистриран: 29.Февруари.2012 Статус: Офлајн Поени: 20 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Goran-е, темава ја отворив за да прочитаме и дискутираме за различните мислења од верниците кои веруваат во различни религиозни убедувања, не за да ја дознаеме вистината.
Таа вистина за која едни мислат дека е вистинската, за други е невистина. Повелете, на темата. |
|||||||||
saguaro
Сениор Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Главна разлика во постот помеѓу православците и католиците е дека за првите постење е тогаш кога не се јаде ништо од животински потекло, а за вторите кога не јадете ништо туку пиете само течност.
|
|||||||||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
||||||||
Муабетот:
- Дали постите? - Дали знаете зошто постите? - Дали знаете како се пости? 1. Не постам. 2. Знам зошто не постам (бидејќи не сум верник).
3. Знам како се пости (теоретски):
7 доолги недели не јадеш мрсно (месо, млеко, јајца...), јадеш само посно, пиеш вода,
немаш секс, не пцуеш... итн итн.... (ова важи и за секоја среда и петок и кога не е пост)
4. На Велигден после се туцаш со јајца и ако се прејадеш мрсно (јагнешко кое е дупло поскапо отколку на обичен ден )
не можеш да најдеш место на токсикологија... Изменето од LiDivio - 02.Март.2012 во 14:04 |
|||||||||
gospel
Сениор Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
А зошто мислиш дека е најдобро да се отвори „Премин Портал“ за да се научи детално за постот? Зарем не подобро да се отвори БИБЛИЈАТА и директо од Божјиот збор да се дознае што заповедал Бог а што НЕ околу постот? Зарем „Пренин Портал“ е померодавен или поголем авторитет од Божјиот збор - Библијата? Зарем???? |
|||||||||
"Be strong and courageous. Do not be terrified; do not be discouraged, for the LORD your God will be with you wherever you go." - Joshua 1:9
|
|||||||||
Tetro
Нов член Регистриран: 29.Февруари.2012 Статус: Офлајн Поени: 20 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
На кое издание од Библијата и на која Библија се мисли тука? Изменето од Tetro - 03.Март.2012 во 17:32 |
|||||||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
јас ретко кога постам, и тоа повеќе го правам од здравствени причини (прочистување од сето ѓубре што сум го напикал во мене) повеќе одколку религиозни, плус си вежбам самоконтрола
|
|||||||||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||||||||
gospel
Сениор Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Библијата е една, но има најразлични преводи и изданија. Преводот може да биде добар или лош, но и најлошиот превод е подобар од никаков превод. (Тешко на тој човек или на таа фамилија што нема никаков превод во својот дом, а се нарекуваат Христијани) Ете на пример таа Библија и тој превод што го имаш ТИ дома....и доколку го имаш дома... |
|||||||||
"Be strong and courageous. Do not be terrified; do not be discouraged, for the LORD your God will be with you wherever you go." - Joshua 1:9
|
|||||||||
gospel
Сениор Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
||||||||
Ова повеќе ми изгледа на ДИЕТА отколку на ПОСТ... |
|||||||||
"Be strong and courageous. Do not be terrified; do not be discouraged, for the LORD your God will be with you wherever you go." - Joshua 1:9
|
|||||||||
saguaro
Сениор Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Најинтересни ми се оние што постат и пцујат...
|
|||||||||
goran-twin
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2012 Статус: Офлајн Поени: 385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Ако прочиташ ќе видиш дека посочив како пример од многуте други примери на страници но од православна содржина каде има пишувано од свештени лица,што нормално не е изоставена и библијата.Инаку како информација до тебе јас ги уважувам и светите отци и православната црква што кажала до денешен ден.И ништо од тоа не е контрадикторно со светото писмо.А за оној кој не го разбира нему се му е контрадикторно.Да не навлегувам многу но православната црква е онаа од почетокот која не ја прекинала нишката на соработка,ниту пак одпосле се појавила во некоја си година или во некој си век.И повторно да не набројувам такви со име кои одпосле се појавиле ,а денес егзистираат или пак оние кои беа,а сега ги нема.Погледни само во историјата колку цркви што се одделиле биле противници на светите отци па сега тие цркви ги нема со нивните имиња и толкување.Се исушија.Зошто се откорнаа од стеблото.Но пак други се појавија.Зошто и апостол Петар вели како што имаше меѓу нас лажни пророци така ќе има и меѓу вас лажни учители.Зошто е напишано се што ќе сврзите на земјата ќе биде сврзано и на небото,а се што ќе разврзите ќе биде разврзано и на небото. |
|||||||||
goran-twin
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2012 Статус: Офлајн Поени: 385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
А каде пак прочита во библијата од побожниот народ некој воопшто што не направил грев,освен месијата? |
|||||||||
gospel
Сениор Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Е како не е контрадикторно со св. Писмо? Никаде во Библијата нема да најдеш за Божиќни пости, Петрови пости, Велигденски пости...итн.Иако постот е Библиски, никаде нема да најдеш во Библијата заповед од Бог луѓето дека треба да држат Божиќни, Велигденски , Петрови и ред други пости. Луѓето треба да постат, но не тогаш кога ќе им биде со сила наложено од црквата, туку тогаш кога луѓето ќе имаат потреба од Пост. Сите примери на Пост во Библијата се без јадење на храна, а не како што денешното т.н. „православие“ практикува со јадење на посебна храна која што црквата ја одобрила (посен кашкавал, посна пита, посно сирење, риба) Еве како постеле хероите на верата опишани во библијата: "И остана Мојсеј таму пред Господа четириесет дена и четириесет ноќи, не јадејќи леб и не пиејќи вода; и ги напиша врз плочките зборовите на Заветот, Десетте заповеди."(2. Мојсеј 34:28) "Стана Ездра и тргна од Божјиот дом кон зградата на ризницата при Јоханана, Јелисувавиот син, и стигна таму. Леб не јадеше и вода не пиеше, зашто плачеше поради престапите на преселниците." (Ездра 10:6) "Исус се врати од реката Јордан исполнет со Светиот Дух. Духот Го одведе во пустината, каде што Ѓаволот Го искушуваше четириесет дена. За сето тоа време Тој не јадеше ништо..." (Лука 4:1-2)
А дали Ти го разбираш Св. Писмо??? Ако го разбираш верувам дека ќе го практикуваш така како што Бог запишал во него, а не како што на некој полу-писмен свештеник му кажала неговата неписмена баба или дедо, и тој те научил Тебе така!!!
Е тоа го велиш затоа што си православец. Кога би имало на форумов некој католик тој би го рекол спротивното, а тоа е дека католичката црква е онаа од почетокот која не ја прекинала нишката на соработка,ниту пак одпосле се појавила во некоја си година или во некој си век. А како што историјата сведочи, сите знаеме дека до расколот (шизмата) до 1054 година, црквата била една и не постоело православие, католицизам и тн. Православието е тоа кое отпаднало и се одцепило од денешната католичка црква, така да тоа е јасно како ден.Но....што има врска кој продолжил некаква нишка, кога Библијата јасно зборува дека на Бога не му е потребна религија и продолжување на нишки, туку вистинска вера во Бога.
А кои се тие кои се исушија???? И што за тебе претставува СТЕБЛОТО????
Секако дека ќе се појават, кога оние што требаше да го шират Христовото евангелие или Благата вест, ја заборавија својата мисија, и наместо Евангелие на луѓето им проповедаа бајки и приказни за мали деца, пагански адети и традиции, се и сешто - само НЕ Евангелие Христово. Зарем Бог ќе остави неговото вистинско евангелие да не биде проповедано????
Точно така! ...но еве што вели Павле за таквите како вас, кои наместо Библија, на луѓето им проповедате бајки и приказни: „Оти ќе дојде време, кога луѓето нема да го слушаат здравото учење, но водени по своите похоти, ќе си изберат учители да им го залажат слухот; тие ќе го одвратат слухот свој од вистината и ќе се обрнат кон бајки.“ „Од погани и бапски приказни одбегнувај, туку обучувај се во побожност...“ Зарем ова не е случај со денешното т.н. православие, кое на луѓето наместо Христова вера им проповеда бајки и приказни???
А, зарем Ти знаеш што означуваат овие зборови???? ... или... кое е нивното вистинско значење???? И за крај еве што напишал Павле за денешните религиозни фанатици, кои наместо ХРИСТОВА ВЕРА практикуваат МРТВА РЕЛИГИЈА: „ Но ова знај го: во последните денови ќе настанат времиња тешки. Зашто луѓето ќе станат....повеќе сласто-љубци отколку бого-љубци, на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле. И од нив одвратувајте се! Зарем ова не е вистинската слика на денешното т.н. „православие“???? Си се запрашал ли некогаш???????? Со почит, Госпел. |
|||||||||
"Be strong and courageous. Do not be terrified; do not be discouraged, for the LORD your God will be with you wherever you go." - Joshua 1:9
|
|||||||||
Внеси реплика | страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |