IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Храната како лек!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Храната како лек!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 12>
Автор
Порака
annaja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Април.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај annaja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2011 во 20:03
да Gazela!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2011 во 13:35
Спанаќот - лек против изгореници

Спанаќот се користи и за лекување на изгореници. За таа цел, листовите од спанаќот се пржат на тивок оган во маслиново масло, а откако ќе омекнат, се сечкаат и се ставаат како облоги на изгорените места.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2011 во 23:48

Овошјето и зеленчукот ги хранат коските

Исхраната богата со калиум помага во заштитата од остеопороза, покажа американската студија која опфатила 60 жени во климактериум. Исхраната со висок процент на сол го извлекува калциумот од коските, а калиумот може да на намали таа штета и да го запре забрзаниот процес на губење коскена маса. Затоа јадете овошје и зеленчук богати со калиум, пред сe банани, дињи, компири и домати.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2011 во 13:57

Печено јаболко лек против болно грло

 

Јаболките се меѓу најраспространитите видови на овошје кои имаат освежителен, кисело-сладок вкус и посебна арома. Но доколку се испечат може да биде употребено и како лек против болното грло.

Стар народен обичај

Ако ви се јават болки во грлото, проблемот успешно можете да го решите со три печени јаболка. Важно е, трите јаболка задолжително да ги изедете едно по друго и да не бидат врели, туку умерено топли. Во спротивно може да ја надразни слузокожата во устата и грлото.

Банкхоферов совет

Додека ги чистите јаболката од семките, немојте премногу да ги издлабите за да не ви испадне филот. За филување на јаболката, професорот советува покрај мелени ореви и лешници за стави мед и суво грозје кое е одлично против стресот. Може и јаболкото да се премачка со ливадски мед.

Сознанија од областа на фитотерапијата

Во текот на печењето, во јаболката доаѓа до создавање посебни соединенија, ензими и биоактивни материи кои според зборовите на Банкхофес, во слузокожата на устата, грлото и гласните жици ја активираат способноста на организмот да се лекува сам.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2011 во 15:21

Печурки и школки против стареење

Ги намалува брчките? Во школките се наоѓа селен, минерал кој дејствува како антиоксиданс: тој помага кај проблематичната кожа и го забавува стареењето, зашто кожата ја одржува еластична. Ако сте вегетаријанци? Не е важно, зашто со селен се богати и печурките, брокулите, кромидот и доматите. Но, зошто тие слободни радикали се толку штетни за убавината. Тие се формираат зависно од изложеноста на организмот на зрачење, штетни хемикалии, загаденоста на храната со разни пестициди и конзерванси - општо, од загадената животна околина, претераната изложеност на сончевите зраци и слично. Тоа се молекули на отпадот, кои како вистински распрскувачки мини, можат да ги нападнат сите клетки на организмот и да ги оштетат. Се смета дека секојдевно секоја клетка претпрува повеќе од 10.000 напади од слободните радикали.

Последици на естетски план:

Сивкаста кожа без сјај, исушеност и појава на брчки. Особено е важно да се истакне дека вежбањето и мускулните напори ги зголемуваат оксидациските процеси во мускулите и ги изложуваат на поголемо влијание на слободните радикали. Поради тоа важно е спортистите и лицата изложени на телесни напори редовно да земаат антиоксиданси

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2011 во 23:20
Јадете пченка

Ако барате храна богата со антиоксиданси, за кои се верува дека штитат од рак и други болести, јадете пченка.

Се испоставило дека житарките или брашното од полно зрно, како пченица, интегрален ориз, зобни снегулки или пченката имаат голема антиоксидативна активност, па некогаш дури поголема од овошјето или зеленчукото.

Од сите житарки пченката има најголема антиоксидативна активност.

Експертите велат дека таа најголема антиоксидативна активност процената со бројка изнесува 181. Зад неа се пченицата од полно зрно (77) и интегралниот ориз (75).

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2011 во 06:02

Лукот го обновува оштетеното срцево ткиво за 61 посто!

 

Една главица лук го заштитува срцевото ткиво и го спречува неговото уништување, открива студијата која е спроведена од Универзитетот  Emory.

Составен дел на лукот е diallyl trisulfid кој испуша водород сулфид, кој го штити срцето и го обновува оштетното срцево ткиво за дури 61 %, потврдува истражувањето.

- Соединенијата на лукот влијаат на митохондриите кои се задолжени за создавање на енергија во организмот. Недостатокот на крвоток и кислород во крвта им наштетува на митохондриите, доаѓа до угинување на митохондриите. Видовме дека diallyl sulfid може привремено да ги исклучи функциите на митохондриите, односно да ги зачува и да го намали производството на реактивните метаболити на кислородот - истакнува  професорот David Lefer.

Реактивните метаболити на кислородот се деструктивни молекули кои ги оштетуваат клетките. Главната состојка на лукот е алицин, кој има антибактериско, антивирусно, антифугални, антипаразитарно и антиоксидационо својство. Освен тоа редовното користење на лукот  го регулира притисокот, нивото на холестеролот и шеќерот во крвта.
 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2011 во 14:30

Со киви до нормален кривен притисок

 

 

Конзумирањето на киви три пати на ден го намалува крвниот притисок, открија експертите од Универзитетот во Осло. Во истражувањето биле вклучени 118 лица со зголемен крвен притисок на средна возраст од 55 години.

kivi

Волонтерите биле поделени во две групи – едната група јадела киви три пати дневно, а другата јаболка. По 56 дена претставниците на киви – групата имале нормален крвен притисок. Кивито е плод богат со лутеин, кој има исклучителни антиоксидантни својства. Плодот е доста ефективен додаток во исхраната, поради високата содржина на витамин C.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2011 во 11:27
Ананас против болки

Ако нешто ве боли, јадете ананас, предлагаат стручњаците кои со експеримент потврдиле дека супстанцата бромелин од ова јужно овошје помага болката да исчезне.

Тоа го објаснуваат со податокот дека оваа состојка на ананасот ги разградува протеините во крвта и ги ублажува воспаленијата кои предизвикуваат болка. Оваа терапија посебно им се препорачува на пациентите на кои синтетичките лекови против болки им предизвикуваат срцеви и пречки во текот на варењето

Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2011 во 16:04
Магдонос-здрав зачин и природен лек

Магдоносот нема високо-калорична вредност, но затоа е исклучително богат со минерали и витамини. Затоа магдоносот е една од најздравите и најлековитите билки.

После листовите на шипката и на боровинката, листовите на магдоносот содржат најмногу витамин Ц. Во100 грама магдонос има дури 170 милиграми витамин Ц. Содржи доста и провитамин А и витамини од група Б, дури го содржи и реткиот витамин Б12, кој е значаен за стварањето на црвените крвни зрнца.

Магдоносот е и природна ризница на многу минерали. Само во 100 грама листови од магдонос има околу 1630 милиграми минерали, од кои половината отпаѓаат на калиумот, клучен минерал неоходен за здравјето на организмот. Калиумот е минерал кој е одличен за намалување на крвниот притисок, помага во нормализирањето на отчукувањата на срцето, испраќа кислород до мозокот и ја регулира количината на вода во телото. Затоа магдоносот е природен лек за лицата со висок крвен притисок и со ослабен кардиоваскуларен систем.

Магдоносот, покрај калиум, содржи и други корисни минерали: железо, калциум, магнезиум, манган и бакар...

Листовите од магдонос најдобро е да се конзумираат свежи (како додаток на салатите), бидејќи единствено во таква форма тие го задржуваат своите здрави и лековити состојки.


Магдоносот не се препорачува во големи количини за бремените жени и доилките, но е корисен во мали количини, како зачин.

Магдоносот се користи во народната кинеска медицина за лекување на болести на црниот дроб, за заболувања на органите за варење, за подобрување на циркулацијата, за инфекции на мочните патишта, за смирување на нервите, за намалување на подуеноста на цревата, за намалување на болките, за прочистување на крвта (помага и во стварањето на црвените крвни зрнца), помага при грозница, воспаление на очите, болести на бубрезите, флеки на кожата, при убоди од инсекти и при срцеви проблеми.

Магдоносот е одличен природен тоник за чистење на очите. Во оваа билка има големи количини на лутеолин, кој им помага на очите во заштитата од UV зрачењето.

Поради големата содржина на витамини од групата Б, магнезиум и калиум, магдоносот го смирува нервниот систем и ја подобрува концентрацијата и памтењето. Витаминот Б6, кој го има во оваа билка, го регулира нивото на шеќерот во крвта. Затоа магдоносот е природен лек и за дијабетичарите.



Изменето од Renatax - 13.Декември.2011 во 16:05
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
saguaro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 482
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај saguaro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2011 во 09:49
Конечно пред некој месец се отвори во Скопје продавница со сертифицирани био производи во ГТЦ на третиот кат. Ако сакаме храната да ни биде лек, тогаш таа треба да е био.

За жал голем дел од македонските продукти не се био. Зеленчукот и овошјето кое ни се сервира на пазар е претруено со пестициди. Затоа вистински се израдував што можам да купам и во Скопје прави био производи.
Кон врв
Феникс Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Феникс Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2011 во 00:18
Ne e sekoe ovoshje zatrueno so pesticidiсреќа....samo shto izgledot na onie ovoshki koi ne se tretirani so pesticidi e  poinakov....site sakaat da izgleda  ovoshjeto ubavo, a  da bide zdravo.... onie babi shto gi prodavaat jabolkite  po pazarite vo kofi... tie jabolki se mnogu pozdravi od onie so sovrshen izgled....
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2011 во 13:09

Зелката и нејзините лековити својства

 
 

Зелка е идеална заштита во ова студено време кога владее грипот. Научниците сметаат дека секојдневното јадење кисела зелка во овој период од годината го зајакнува имунитетот бидејќи е богата со витамин Ц. Киселата зелка исто така има и други хранливи и лековити состојки.

Уште од минатото постојат записи во кои Римјаните пишувале за лековитите својства на зелката, чии листови се препорачувале за лекување на повреди, рани, па дури и чирови.

Сега се знае дека зелката го спречува скорбутот и чирот на желудникот и 12-палачното црево, има антисептичко дејство, го зајакнува имунитетот, лекува реума, рани од проширени вени на нозете, помага во лекување на болестите на белите дробови, при артритис, гихт и слабокрвност.

Три пати дневно, посебно или со оброк изедете салата од свежа или кисела зелка која можете да ја зачините со малку растително масло, алеева пиперка или ситно исецкан лист од першун, рендан морков, бибер и лук.

Доколку имате проблеми со варењето на храната, имате чир на желудникот или катара на дебелото црево, во своето мени задолжително вметнете го сокот од свежата зелка, кој не е тешко да се направи, особено ако имате соковник. Треба да се подготвува непосредно пред пиењето. Со помош на соковникот или рачно, направете една чаша сок и пијте секој ден на празен желудник, подолг временски период. Можете да додадете и малку сол или јогурт, иако и чистиот сок од зелка нема

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2012 во 13:54

Најважните витамини за жената за да биде убава и млада



Како жени ние треба да се грижиме правилно за своето тело и да знаеме што е полезно за нас. Дел од тоа е примањето на важните за нас витамини кои се неопходни за нашата убавина и здравје. Видете кои се тие…

Витаминот А е еден од најважните за жената кој претставува силен антиоксидант и се грижи за нашата убавина, а го има најмногу во морковот и зелениот зеленчук.

Витаминот Б6 го стимулира метаболизмот и ја подобрува мозочната функција и ви гарантира добра кондиција, а го има во бананите, авокадото и овесните јадки.

Фолната киселина е еден од најважните витамини за плодноста и за образувањето на крвните клетки со што штити од анемија. Ја има во зелениот зеленчук, зрнестите култури и јајцата.

Витаминот Б12 е друг важен за метаболизмот витамин. Изворите од кои можете да го набавите се млекото, киселото млеко, сирењето, месото и рибата.

Витаминот Ц делува како антиоксидант и помага при образувањето на колаген.

Витаминот Д работи како хормон во организмот. Тој е многу важен зошто заедно со калциумот ги одржува здрави коските. Се снабдуваме со него од сонцето и рибата.

Витаминот Е исто делува како антиоксиданс и го стимулира производството на црвени крвни клетки, а истовремено го успорува процесот на стреење. Ќе Го најдете во јадките, црниот дроб, пченичното масло и маргаринот.



Изменето од Andjelina - 29.Февруари.2012 во 13:54
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.