|
Италија ... |
Внеси реплика | страница <1 89101112 13> |
Автор | ||||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
На викенд во Фиренца
Доколку сте расположени и со желба за посета на места во кои ќе го почувствувате духот и карактерот на средновековието, каде што уметноста и општествениот живот од секогаш оделе заедно и го обликувале карактерот на целиот град, тогаш Фиренца е местото за вас. Доколку се решите да ’тркнете‘ до Италија, а целта не ви е да берете грозје по тамошните лојза, туку оние пари кое сте ги заштедиле да ги искористите за задоволување на вашите (веќе некое време) потиснати синеастичко естетски потреби, а истовремено имате и ’фетиш‘ кон средновековните градби кои од секоја своја пора исшуштаат миризба на мистика и езотерии, тогаш прошетката низ Фиренца може да ја започнете од палатата Davanzati. Куќичкава е исто така позната и како Фјорентинска куќа на антиката (Casa Fiorentina Antica) – и тоа не значи дека овде имало здружение во кое се играл мал фудбал од кое неколку века покасно се оформил денешниот фудбалски клуб Фјорентина – туку едноставно станува збор за неодамна реставрирана куќа на богатото локално семејство со име Florentine од 14 – от век. Овде, во внатрешноста на куќата се наоѓа внатрешен двор со скалила кои што ве носат кон одаите на Пауните и Папагалите, во кои се уште се наоѓаат оригиналните слики на ѕидовите, додека во бањите се истите такви фрески, со сцени од францускиот романтизам и уште еден куп други ствари од ваков тип. Значи: доколку во себе имате жичка на некрофилија, ова е иеално место за задоволување на вашите влажни соништа. Палатава е отворена секој ден од 8:15 наутро до 13:50, освен недела и некои си таму понеделници (прво, трети и петти во месецот, или нешто во тој стил). Доколку пак ви се погоди да патувате околу 24 Јули, огнометите кои се приредуваат во градов, во име и чест на заштитникот на градот Свети Џон, ќе можете да присуствувате на спектакуларен огномет, кој што доколку сте типичен стереотипен турист, лесно може да ви стане и најдоброто доживување во животот. За некое од најдобрите места за посматрање, обезбедете си место на Ponte Vecchio. Но доколку патувате во овој период од годината, а немате некоја посебна желба да ги гледате местата во кои своевремено Микеланџело блудничел, секако добро ќе си поминете низ бутиците на Фиренца. Зошто, па зарем таму не е скапо, би рекле? Е да, но во овој период од годината имате такви попусти на зимска гардероба, а избор каков што може да ви направи Солун да ви изгледа како прошетка по Шутка. Затоа, не мислете му ја доколку сте шопингохолик, ова е вашата Мека. За по некои си 20 – тина евра ќе можете да изнакупувате парчиња облека за кои во Скопје (дури и да ги најдете) ќе треба да платите барем по една просечна македонска плата. Исто така, доколку сте полни со негативна енергија која што сакате да ја извадите од себе, секоја втора сабота или недела во Фиренза имате одлична можност за тоа. Кога игра домашниот фудбалски тим на свој терен, секогаш можете да се придружите на тифозите и да направите некое добро ’испуцавање‘ со истите такви на гостинскиот тим. Чак што више и дапаче: овде летаат ножеви, бакљи и слични работи со кои можете да осакатите некого како од шала. Затоа навистина, не мислете му се многу, доклку на сметката имате барем некои 500 евра, влегувајте во воз и правец Фиренца. Нема да пожалите, по што и да сте отишле да барате! |
||||
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Почувствувајте ја магијата на Италија ( Тоскана )
Тоскана е еден од најголемите и најубавите региони во магичната Италија. Главен град на регионот Тоскана е Фиренца, град кој е прочуен во светот по својата...
Фиренца важи за еден од најромантичните градови на светот. Преубавите катедрали, комплетната архитектура во градот, можноста да прошетате низ уникатните палати како и да чуете дел од италијанската музика претставува вистинско неповторливо искуство. Сиена е позната по своето уметничко наследство како и по својот урбанистички средновековен стил. Овој град бил изграден како римска колонија во времето на императорот Август. Сиена е позната по натпреварот со коњи познат како Палио, кој се одржува два пати годишно, на 2 јули и 16 август. Се работи за коњска трка во која учествуваат по десет претставници од сиенските квартови или таканаречените контради (итал. contrade). Победничкиот кварт ја прославува победата со банкет до раните утрински часови. Тосканскиот крај е познат и како срцето на италијанска кујна. Тоскана ја нарекуваат и земја помеѓу морето и падините поради својата положба и климатски особености. Кујната е генерално рустична и едноставна со многу ароми и зачини, базирана на она што го дава земјата. Нема помпезни јадења, кои тешко и мачно се приготвуваат. Доколку сакате да ја почувствувате вистинската магија на Италија, топло ви препорачуваме да ги искористите Велигденските или првомајските празници и да отпатувате во Болоња, Фиренца, Пиза, Сиена, Верона, Венеција. |
||||
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
||||
BiBi_G
Сениор СТАРОСЕДЕЛЕЦ Регистриран: 27.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 3175 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ne znam sto ocekuvav...znam deka ne me fascinira nesto posebno...Venecija... nekako siva i bez dusa.... ubava,ne velam ne... samo, ete...nesto ne ja bendisav mnogu...
Изменето од BiBi_G - 13.Март.2012 во 19:17 |
||||
NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE! |
||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Венеција од птичја перспектива
|
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
hristina3
Нов член Регистриран: 01.Март.2012 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
prekrasna zemja sakom nekogas da ja posetam
|
||||
zaratustra
Група Регистриран: 22.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 69 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ти борчам `извештај` од лани, sorry, многу бев одсутен! Еве понекоја фотка од Венеција и околината Лидо Поглед одозгора... Бурано Мурано, пиле кога не пее... |
||||
allemagne dix points! (such is life) - Del Boy
|
||||
zaratustra
Група Регистриран: 22.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 69 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Летово одам на Costiera Amalfitana, конкретно во едно селце Conca dei Marini, измеѓу Амалфи и Позитано. Ќе останиме 10тина дена(резервиравме апартмански смештај виа интернет), планираме да поминиме се што може да се види во околината, вклучувајќи го Неапол, Помпеја, Херкуланум, Везув и секако цела costiera Amalfitana i Sorentina(одиме со колата, преку Бриндизи)! А со господ напред на враќање можно е и 2-3 дена Apulia, на `штиклата`, но тоа зависи како ќе истераме финансиски... Ако некој бил, нека кажи некоја добра мисла. |
||||
allemagne dix points! (such is life) - Del Boy
|
||||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Младиот уметник Matthew Brown снимил фантастично видео за натпреварувањето Digital Diary, кое го промовира туризмот во светот. Сите на натпреварувањето биле воодушевени од прекрасните сцени на недопрената природа и убавина на Италија. Видеото е монтирано 48 часа пред натпреварувањето. „Ја искористив прекрасната нумера на Reida Willisa, таа одлично се вклопи во целокупниот амбиент. Не спиев тие 2 дена, бев возбуден морав да го направам ова видео, морав зошто си ветив себеси сега или никогаш“ – истакнува Brown. И според очекувањата ја доби првата награда. |
||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
............. .... Најпопуларниот европски карневал, оној во Венеција, годинава се одржува од 11 до 21 февруари. Десет дена целиот град ќе ги „крши“ сите општествени правила и норми, а на обичните граѓани ќе им даде шанса да идат дел од една друга стварност, онаа на гротеската, да се изгубат во бројните прослави меѓу илјадниците ареликини и панталони
Најстариот документ кој се однесува на карневалски прослави во Венеција потекнува од 2 мај 1268 година со кој на луѓето под маски им е забрането на практицирање игри и прослави до раните утрински часови, со цел да се прекине моралниот пад на тогашните жители на Млетската Република. Маските и ноќните прослави станале неизоставен дел од секојдневнието на граѓаните. На 13 август 1608 е издадена одредбата со која носењето маски во текот на целата година претставува сериозна закана за Републиката и за да се избегнат последиците од неморалното однесување, секој граѓанин можел да носи маска исклучиво во текот на карневалските денови и на службени приеми.
Казните за непочитување на овој закон биле драстични – мажите добивале по две години затвор, 18 месеци веслање на млетските галии и уште 500 лири казна. Жените, пак, биле претепувани и исмејувани пред јавноста на плоштадот „Свети Марко“, а по сето тоа им бил забрануван и влезот на територијата на Млетската Република и биле обврзани да плаќаат 500 лири во тек на 4 години. Во 1776 е воведено правило за заштита на „семејната чест“, па на сите жени им бил забранет влез во театрите ако на себе не носат маска и наметка. Сите овие одредби низ столетијата довело до постепен прекин на традицијата и дури во 1979-1980 карневалот е обновен од страна на група уметници и ентузијасти. Дневно во Венеција за карневалот доаѓаат и над 30 илјади посетители, каде секојдневно сѐ до полноќ се случуваат паради на гондоли долж каналот Гранде до плоштадот „Свети Марко“.
Венецијанските маски потекнуваат уште од античко доба, но во периодот на Млетската Република граѓаните најчесто сакале да се маскираат во рибар, ловец, астролог, доктор, селанка, пекар, месар или од ликовите на ‘комедија дел арте‘ – Арлекин, Колобина, Пулчинела, Брамбила, итн. Маските можат да бидат изработени од кожа или во оригиналната техника papier-mâché, но денес најчесто се изработуваат од гипс и се рачно цртани и украсувани со камења и пердуви. Трите вида најпрепознатливи маски се баута, морета и ларва.
Луѓето кои ги создаваат маските се mascherari. Најраното споменување за нив е од 10 април 1436. Маските ги изработувале од гипс, а при сликањето им помагале уметници т.н. targheri кои ги сликале лицата на гипсената површина. „Claudia Pandolfo“, една нова фабрика за маски од Венеција, своите производи ги извезува во Јапонија и Германија. Тие сметаат дека италијанската влада треба да ги забрани евтините имитации од пластика и гипс, со што ќе ги заштитат производителите на маски во Венеција како занает кои тајните ги носи со себе веќе стотици години. |
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Летово миризбата низ каналите беше неподнослива ...
верувам дека сега со замрзнувањево ...ќе биде исчезната .....
|
||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
11-21.02.2012 kje se odrzi karnevalot vo Venecija.
Ako nekoj ima sredstva i zelba, preporachuvam da go posetite.
|
||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Амалфи Амалфи лежи на почетокот на длабока клисура, опкружено со драматични карпи и крајбрежни сцени. Во минатото Републиката Амалфи била важен поморски трговски центар. Во 1920 – те години Амалфи бил многу популарна дестинација за британската аристократија. Главните одлики се средновековната архитектура, главната катедрала и крајбрежјето. Изменето од Santijago - 29.Ноември.2011 во 17:05 |
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
Внеси реплика | страница <1 89101112 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |