IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - А што прави овој народ?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

А што прави овој народ?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3839404142 69>
Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2012 во 15:21
Originally posted by Ninja 35 Ninja 35 напиша:

Originally posted by mamamd mamamd напиша:


.......А се прашува- што ако им предложи секс под јачината на својата моќ и опиеност од власта -дали ќе премолчат и ќе му удоволат? Оти и не е толку глупа споредбата. Ако сега наложил одење на работа во денови кои ќе се одработуваат, утре може да нареди да одат на работа и во недела или и ноќе, па на крај ако гледа дека извршуваат-нормално и да побара да ги секса..... 


Не само да ќе му удоволат Мамамд....туку и ќе го прашаат дали да доаѓаат они или Тој ќе оди по куќи да ги секса....хи, хи...
Затоа (речиси) сите во Македонија би наредил да го сменат името во ТРПЕ и ТРПАНА.....како синоним за прави македонци-патриоти...
И секако, како во онаа народната...сите нека молчат и сите нека го чуваат кубурот скриен...ЗА НЕ ДАЈ БОЖЕ....да 

И да знаеш дека е така. Го слушам градоначалникот на Скопје-вели сите улици с еисчистени а знае дека сите знаеме дека не се чисти и снимките во позадина што одеа зборуваат контра неговата изјава. Да не збориме за приградските населби, тие се целосно пресечени , туку еве градските- Пржино , Припор, Козле, сите кукаат дека неможат да припарат до колите, автобусите не им одат до горе, такси ич. Пешки одат по 2 до 3 км да однесат деца до училиште.тага
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2012 во 15:25
Важно вестите на Сител почнуваат со тоа дека иако Македонија е под снежна покривка, кај соседите било полошо и цели села и градчиња биле отсечени...газење од смеење
Тоа е најважно во моментов...и тоа го пали и му го дига на МАКЕДОНЕЦОТ....да си подобар од тој до тебе и да си некое место погоре на некаков си графикон....а не е важно тоа што се гушиме во сопствената глупост и инает... 
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2012 во 19:50
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Е токму сега се прашав истото прашање  и решив сепак да напишам на Идивиди, оти велат кога ќе напишеш, кажеш малку олеснува. А за да се прашам ме потикна една пријателка која ми се јави на телефон видно налутена. Наиме во нивната општина најпрво наредиле  изведување настава со скратени часови, а потоа одлучиле да ја прекинат наставата до понеделник, а часовите ќе се одработуваат во саботите . И се би било ОК,  да не паднала наредба од директорот тие да одат на работа, под изговор “да чистат снег“збунетост И сега се прашувам-Што е ова-изживување, покажување моќ ? И кој паметен има таква моќ да нареди некој да го одработува еден ден 2 пати? Се прашувам знае ли младиов министер какви се структури има назначено како раководители?
Е сега уште пострашното е што народот (професорите) молчат. Зошто? Страв? Покорност? Немоќ ? Или чекаат некој друг да ги одбрани, синдикатот кој го немаат (односно исто како да го немаат) или да дојде веста до министерот па белким тој ги престрои наредбодавците дека кога деновите се одработуваат не смее никој да ги тера да одат на работа вработените? И кој министер -за образование или за труд и социјала оти сепак работните злоупотреби се негов ресор? Кој во ова земја знае како е право? Или министрите, премиерот, пратениците и не чекаат автобус по 2 саата на овој сув студ, не одат пешки по 2 до 3 километра да првата автобуска станица или до работното место. Мисли ли некој на народот?
На крај си се прекрстив и му се забалагодарив на бога што сум си блиску до работното место, па не мора сето ова да ми се случува. Оти јас не би преќутелалутинаоти јас гласав за нив, да дојдат на власт, па со мојот глас придонесов некој таков дибек зназначен од партијата на власт да биде директор и да наложува нешто оти му е ќејф или оти не го ни знае законот.
А се прашува- што ако им предложи секс под јачината на својата моќ и опиеност од власта -дали ќе премолчат и ќе му удоволат? Оти и не е толку глупа споредбата. Ако сега наложил одење на работа во денови кои ќе се одработуваат, утре може да нареди да одат на работа и во недела или и ноќе, па на крај ако гледа дека извршуваат-нормално и да побара да ги секса.
Моја пријателка често на ова вели-Ама изгледа, и до народот е. Веројатно овој народ чека на овие да им здосади  правењето  ујдурми па да прекинат сами од себе. Ко османлиите на кои им здосади и по 5 века ја спраштија од Балканот.збунетост
А можеби и има право.
А

Еј бог да чува само да се кукало, те ова не чини, те она нечини.
Па ни снег да не паѓало, па зашто било ладно, па летоска било пекол, па ова требало, па она не требало.

Законот е јасен, секоја организација, фирма, институција, куќен совет, си организира чистење на снег пред и во својот круг. Кој не го спроведува тоа следуваат санкции. Приватните објекти, сопствениците си организираат расчистување на снегот, и не гледам што е тука спорно.

Според мамамд, изгледа дека просветните работници ( фала богу многу малку од нив, повеќето си ги знаат обврските ) многу се навредиле кога им стигнала наредба да расчистуваат снег од пред своите работни места.
А кој треба да го расчистува??? Некој од Алкалоид ли да дојде, или можеби од Пивара работниците да ги ангажираат за да ви го расчистат снегот од пред школите. 

И пази богати па и синдикатот да се ангажирал бидејќи на просветарите им било кажано да расчистуваат снег, а не ќе е лошо и еден штрајк да се организира во контекст на претходново, за да ви го одбранат паѓањето на чиновите со тоа што ќе сте земеле лопата во раце.

мамамд, те почитувам како колешка на форумов бидејќи секогаш пишуваш одмерено, ама последново твое пишување малку ме изненади.

Јас тука кај што живеам чистам снег од ноември до половина на април, и на работа и пред куќа. Не треба никој да ми наредува, едноставно тоа е обврска. И додека живеев во Скопје истото го правев.

П.С. османлиите не си отидоа затоа што им здосади, туку беа истерани со сила од овие простори. 
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2012 во 20:46
зекси, а која е логиката да казнуваш некој а ти да не ја извуршуваш својата обврска?
си погледнал ли какви се улиците во Сопје деновиве? не може некој да те казни за свој личен двор, а јавниот простор да е катастрофа...
покрај се, што ќар ќе имам јас што школото ќе било исчистено ако не можам до таму нормално да стигнам?
и стварно не знам која е логиката некој што е вработен во канцеларија, да фати лопата и да го рине снегот пред фирмата, тоа е исто како да му кажеш да фати да ја чисти... во секоја поголема фирма, особено оние со поголеми објекти си има соодветни вработени за ттаа намена, не гледам како е логично mamamd да рине снег за цела фирма...
туку кажи ми ти што треба да правам јас со затрупани магистрали а треба со автобус да патувам до Истанбул на пример??? не врне снегот само пред нелија врата...

исто, донесоа претерано глуп закон дека не смееш да испрскаш пешак со вода додека возиш? поглупо нешто немам слушнато... а се запраша ли некој зошто воопшто има езера на секоја втора улица во градов? и дали е воопшто возможно да избегнеш вир секогаш и драстично да намалуваш и зголемуваш брзина ради тоа? кретени невидени... и ова го кажувам како пешак


Изменето од zabegan - 07.Февруари.2012 во 20:46
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2012 во 20:56
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:



Еј бог да чува само да се кукало, те ова не чини, те она нечини.
Па ни снег да не паѓало, па зашто било ладно, па летоска било пекол, па ова требало, па она не требало.

Законот е јасен, секоја организација, фирма, институција, куќен совет, си организира чистење на снег пред и во својот круг. Кој не го спроведува тоа следуваат санкции. Приватните објекти, сопствениците си организираат расчистување на снегот, и не гледам што е тука спорно.

Според мамамд, изгледа дека просветните работници ( фала богу многу малку од нив, повеќето си ги знаат обврските ) многу се навредиле кога им стигнала наредба да расчистуваат снег од пред своите работни места.
А кој треба да го расчистува??? Некој од Алкалоид ли да дојде, или можеби од Пивара работниците да ги ангажираат за да ви го расчистат снегот од пред школите. 

И пази богати па и синдикатот да се ангажирал бидејќи на просветарите им било кажано да расчистуваат снег, а не ќе е лошо и еден штрајк да се организира во контекст на претходново, за да ви го одбранат паѓањето на чиновите со тоа што ќе сте земеле лопата во раце.

мамамд, те почитувам како колешка на форумов бидејќи секогаш пишуваш одмерено, ама последново твое пишување малку ме изненади.

Јас тука кај што живеам чистам снег од ноември до половина на април, и на работа и пред куќа. Не треба никој да ми наредува, едноставно тоа е обврска. И додека живеев во Скопје истото го правев.

П.С. османлиите не си отидоа затоа што им здосади, туку беа истерани со сила од овие простори. 
[/QUOTE]
Или јас не напишав јасно или не ја разбра суштината на кажаното.Образовната дејност има своја специфика и поставеноста на работа во образовните институции не е иста како во останатите јавни дејности. Просветните работници не се  срамат да земат лопата во рака-денес сите ние чистевме снег бидејки техничкиот персонал не може да постигне. Ќе чистиме и утре ако притреба оти кај нас нема  прекин туку само скратување.Но кога училиштето се затвора на 5 дена тогаш за кого се чисти дворот? МОН јасно кажа -деновите ќе се одработуваат- значи зборуваме за 2 пати одработување на ист ден, а тоа мора да се признае никој не го прави.И уште еднаш да кажам-значи училиштата кои донеле одлука да не работат (а професорите МОРА да одат на работа) ќе одработуваат во саботите  и бидејки без нив нема настава значи ќе мора пак да одат на работа-значи еден ден заради нечие самоволие -оти МОН јасно кажува дека деновите ќе се одработуваат.
Друго и мнгу важно- за да стигнат до своето училиште да го исчистат снегот многумина ќе мора да исчистат со километри пат оти не работат многумина до мстото на живеење.Многумина живеат и по 10 и повеќе  км  оддалеченост каде ни автобуси не одат, па патуваат по 2 до 3 км пешки на студот. Луге од Драчево, Зелениково рабтат Ѓорче, Радишани.
Организираноста се прави ако се моа- може да дојдат тие кои се блиску.
И патем-не велам дека такви самоволници немало и од другата опција кога била на власт. Не е тоа од партијата, од некои недоквакани е кои немаат благе везе од организациска поставеност и со своите постапки ги иритираат другите кои им с еприврзаници, а даваат оружје во рака на противниците.
 И ова малку офф... Зекси-и ние си чистиме, еве до пред малку ние сите организирано чистевме пред зградаголема насмевка


Изменето од mamamd - 07.Февруари.2012 во 20:57
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2012 во 00:38
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

 
зекси, а која е логиката да казнуваш некој а ти да не ја извуршуваш својата обврска?

си погледнал ли какви се улиците во Сопје деновиве? не може некој да те казни за свој личен двор, а јавниот простор да е катастрофа...

и стварно не знам која е логиката некој што е вработен во канцеларија, да фати лопата и да го рине снегот пред фирмата,
 
туку кажи ми ти што треба да правам јас со затрупани магистрали а треба со автобус да патувам до Истанбул на пример??? не врне снегот само пред нелија врата...

исто, донесоа претерано глуп закон дека не смееш да испрскаш пешак со вода додека возиш? поглупо нешто немам слушнато... а се запраша ли некој зошто воопшто има езера на секоја втора улица во градов? и дали е воопшто возможно да избегнеш вир секогаш и драстично да намалуваш и зголемуваш брзина ради тоа? 

нема логика, само законски решенија

улиците во Скопје при секој поголем снег ќе бидат во застој неколку дена бидејќи градот и државата располагаат со ограничени ресурси што е последица на економската состојба во која се наоѓа државата.

повторно нема логика, туку само исполнување на законските обврски.

Ако не можеш со автобус, имаш авиони, хеликоптери, бродови, барем денес можностите за транспорт ги има колку сакаш.

Законот за прскање на пешаците со вода е одличен, од лично искуство зборам, не еднаш сум го јадел стапот од несовесни возачи, дури и казните се многу благи.
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2012 во 12:21
За следново си во право и се согласувам со тебе:
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

која е логиката да казнуваш некој а ти да не ја извуршуваш својата обврска?...

Како и за ова:
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

... се запраша ли некој зошто воопшто има езера на секоја втора улица во градов?...

Ама за ова:
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

... исто, донесоа претерано глуп закон дека не смееш да испрскаш пешак со вода додека возиш? поглупо нешто немам слушнато...

Да Бе! Замисли, ни’ забрануваат да прскаме пешаци по улица ееејјј ... глупаци низаедни.
Абе знаат ли тие што е ќеиф? Знаат ли тие кое е задоволството од иссмејување и изживување кога некого ќе го испрскаш и ќе го направиш „лисник“ (воден) и „мршник“ (нечист)? Ма, ништо не виделе и не направиле тие за да го почувствуваат тоа задоволство. Затоа донесуваат овакви закони. „Кретени невидени“!
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

... а  и дали е воопшто возможно да избегнеш вир секогаш и драстично да намалуваш и зголемуваш брзина ради тоа? кретени невидени....

(По)Ради кое? (По)Ради прскањето на пешаците?
1. Колку брзо возиш за драстично да ја намалуваш брзината? Дали возиш 100-ка, па мораш драстично да намалиш на 40 km/h?
2. Зошто ти е драстично зголемување на брзината? Да не си на рели, па да го стартуваш автомобилот?
Неможеш сето ова да го правиш во рамките на пропишаното, без тие драстичности?
3. Ма да Бе! Што има сега ти да внимаваш (и да си го ускратуваш задоволството од твоето брзо возење за некој си таму пешак на тротоар?! Ќе го испрскаш - голема работа. Што има толку лошо во тоа? Ќе си отиде дома и ќе си се исуши и исчисти. И зошто за тоа да плаќаш казна, кога неговата облека пак ќе биде сува и чиста (после перњето)!

Ми доаѓа на памет сликата на Цацко кога се мие на улица и чека да помине некој, кој не сака драстично да ја намали брзината, ...
Така ли треба да се прави?

Р.Ѕ.
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

...  и ова го кажувам како пешак..

Добро е што овој став го имаш „како пешак“. Дури ми е страв да помислам како ли ќе беше ако беше на страната на возачите?!грицкање нокти
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2012 во 14:43
....zlatniov ...arno veli !да
...iako obichno  im tura sol na ''bljutkaviot'' im pamet na  drugite ,... ama ovojpa,t  solta mu e ''pogodena''!голема насмевка
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2012 во 14:44
На времето..кога Љубљана броеше ист број на граѓани како и Скопје.....
им се чудев на словенците....ЗАШТО не (им) даваа стален престој (жителство) во Љубљана на тие кои стигнуваа одстстрана со намера трајно да се населат таму..кои таму доаѓаа или по работа..а можеби и поради учење..
Сега (слушам) Скопје има отплика 7-8 пати појке жители од Љубљана....која пак (сеуште) си има сличен и постојан број на свои стални жители..ама Скопје сега (п)останало коџамити метро-пола..ама појке позната по не-култура ...и на сето она кое „намерниците„ кои со време (ни) го донесоа својот „багаж„ од таму..одкаде и си дојдоа..за да (п)останат ептен видени (како) баш-скопјани...луѓето на кои законите им се очебијна пречка..и (веројатно) нивна (за)останата фрустрација.
ЗАТОА ...наместо драстични КАЗНИ..треба ПОЈКЕ од КАЗНИ..а тоа се вика ТРАЈНО ПРОТЕРУВАЊЕ на силеџиите ...назад.... таму одкаде (с)е и дојден(и) или доведен(и).....независно дали во прво или второ колено.
намигнување


Изменето од novace - 08.Февруари.2012 во 14:50
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2012 во 23:15
....cheka da se stopi snegot i da stopli sonceto ,...pa da se slika so igrachkite shto mu gi ''kupil'' negoviot omilen vodach !
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2012 во 18:46
Еве народов излегува на некаков митинг или што и да е...
заради прогласувањето на прекинување настава од страна на Стевчето во Карпош...
и образложението е дека децата нема кој да ги чува дома...

се прашувам, за време на зимскиот и летниот одмор...
кој ли ги чува...размислување
П.С. Со сите сили и во се што е можно да се внесе политика...
ја од едните, ја од другите...
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2012 во 20:53
Се чуди кога ќе прочита вакво нешто-некој троши струја на диво приклучен, а потрошената струја мора да с е плати (ова ко топлификација со исклучените-веројатно с ераспоредува на плаќачите, оти државата никогаш не губизбунетост)  и на крај страдаат новинарите во присуство на полицијата која не реагира кога неплаќачите покажуваат мускули (ем шуто ем боде -вели народот). А што да праат греотки полицајци кога не знаат кој стои зад неплаќачот и кој од нив може да излезе крив оти го казнува оној кој ем шут ем боде.

Полицајци гледале сеир додека крадци на струја нападнаа новинар и искршија камера на Алфа телевизија


Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2012 во 00:09
...treba da im se vidi ''genezata'' na neranimajkovcite,..pa, togash i ke im se sfati seirot!

...da bile tie makedonci,..stoposto nemalo seirdji da bidat tuku,...imalo na pamet da gi nauchat!

...samo pretpostavuvam koj ja ''drzi'' firmata , ama ...najverojatno ne se raboti za nekoj od ''ovaa gora list''.
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2012 во 09:18
Чита и не му се веруваизненадување
За време работа, додека во законодавниот дом се решава судбина народна пратеник пишува секси пораки! И кој е крив? Новинарот (репортерот) кој го фатил на дело. Му ја нарушил приватноста (ги читав коментарите и неможев да се изначудам) збунетост
Пратеничка посветеност: „Дали те возбудвам?“
Види богати-приватност (на сред собрание, на седница човекот (во наше време се викаше ова “го др*а) мисли на секс, се шфалерисува а крив е новинарот оти си ја врши работата, оти следи како оние кои уживаат како бубрег во лој не ја вршат работата за што се платени од државата. Ова ќе ни се случува се дотогаш до кога одиме со вакви изборни модели (во пакет добиваме разни Ѕинговци,Стојменовци, Филиповци-Додовци-идимидојди пишман аџии,  Бајрамовци со незавршено средно образование за градоначалници, Бајрамовци кои за себе сметаат дека се кокакола бренд, та и вакви кои си онанираат на сред собрание и што ли нема уште да откриеме за кој ни отишле гласовитетага)
Заедно во пакет одат овие кои собранието им е поле за швалерисување, техниката која им ја дале со неограничена сметка ја користат за пишување пораки како ќе ги онадат оние кои веројатно се “илегалки“  и оние кои барем се трудат нешто да направат -па макар во нешто и згрешили (како она мое љубимче-Тодоров).
И не треба новинарите (или опозицијата) да бара гиљотина за ваквиве мустри-треба токму таквите како Тодоров да бараат коровот да се исчисти од нивните редови оти фрлаат смрдеа, б,здотија и на нивната работа.
До каде мислат да одат ваквиве затскриени зад грбот на “коњите за работа“.
И едно и јас им се лутам на новинарите- зошто анонимно, зошто само телефонската порака. Ачик брате, ачик, со лице, да види народот за кого гласал (во пакет било позиција било опозиција), за кого одат парите (оти таа порака полна секс на сред собраниска седница) се плаќа од народни пари.
Само така ќе се знае дали оваа порака е вистинска, ќе се испери од сомнеж за шпекулации.
На потег се новинарите-со ачик, па после тие како Тодоров да им удрат клоца во газот на овие сексашите, за да не удри народот-на изборилутина

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3839404142 69>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.