|
најдоброто од мајсторче62 |
Внеси реплика | страница <1 1920212223> |
Автор | |
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НЕСТИВНАТА СТРВ
Во локните на твојата коса квечерината си прави постела од мириси на зрели кајсии… Песната на птиците во крошната сеуште ги чува моите стрвни очи - и тебе во нив… |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДЕНЕС
Денес е ден на препознавање Секој сменил нешто Или името Или лицето Денес ни самиот не знам кој сум Дали тој што ми се претставува со името Или другиот, што го има моето лице Каде ли исчезнаа сите тие што ги знаев Кои се овие што велат дека ги знам Денес едноставно е ден на препознавање Утре ќе им се вратам на старите песни Во кои те има таква Каква што сакав да останеш... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЖИЦА
Внатре си А ти си чини не си Сепак си надвор Исто мисли и другиот Од онаа страна на жицата Кој го ебе И онака е луд И никој не му верува Од твојата страна на жицата Додека не ги замените местата А исти сме Проклето Исти Копилиња На Господ Кој кренал раце од нас Од денот кога ја ставивме жицата |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВИДЕО КАМЕРИ ИМАА САМО БЕСМРТНИТЕ
И Луцифер крена рака од мене Денот кога те видов На божилакот му остана само житото А виното ја изгуби моќта да опијанува Тогаш и песните си ги изедоа очите Да не препукнат од епитети Јас, поетот на абортираните песни Стоев нем во песокот на мојата грандиозност и го оплакував јазикот Со кој сакав да те препеам Скршен од искуството дека ништо не е вечно А видео камери имаа само бесмртните... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас сум вино
вкуси ме опиј се запеј ми потем исплачи се ќе бидам сунѓер и ќе ги соберам сите твои гревови во мојата безгрешност Јас сум старо вино чувано за сватови кои никогаш нема да запеат „Цреша се од корен корнеше“ Јас сум вино во триста вини завиено во триста ала превриено вкуси ме опиј се удави се во мене воскресни ме ти мое невино... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВО МОЈОТ СВЕТ Во мојот свет предметите мирисаат на пролетен дожд а дождовите шумолат низ лисјето со полноќната музика на твоите мали, румени насмевки... Во мојот свет по улиците танцуваат сенките на едно време што допрва иде а времето го има вкусот на сите пропуштени радости низ прстите на животот... Во мојот свет бајките сами се раскажуваат: И никој не ги запишува, и никој не ги учи наизуст – оти крајот и почетокот секогаш имаат ист стартен број на маичката... Во мојот свет те има само тебе – Сето друго е отсјај на мојата утринска молитва: За тебе, за неа, за нас тројцата... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се фаќаш на чело на орото
на моите приоритети толку кршна и натафрена за изневерување на принципите како потурчена анамка во шарени сараи.... Твоите манири фрлаат чалами како стодинарки од испотено чело на ефтин чалгаџија а, кафето ти е ефтин изговор за два реда неврзан муабет и долго озборување на поезијата на Маџиров наспроти моите стихови... Ох, колку си вешта во наведување машки поглед на длабока пенетрација во твоите бесрамни мисли, полифонично раскокодакани под широкото деколте... Денес милозливите не свршуваат На римувани стихови во осмерец... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КАМЧИЊА
Некој фрла камчиња на мојот прозорец Додека спијам, Камчиња со душа на несонета среќа Во заминување… Ќе се врати ли третата наречница Да си ги собере шегите Па да продолжам… Град од црни ѕвезди ми го толчи житото, Таму, во сушното поле, Во единствената нива… Спиј, мило! Не плаши се! Имам чадор од бесмртна љубов – Ќе те заштитам… Некој фрла камчиња на мојот прозорец, Камчиња белутрачиња, А не остана никој од чуварите на игрите… Спиј, мило! Не грижи се! Имаме сон за сонување…. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
e ova, da! like |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
Joshua_Tree
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 6477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
poetot ne e kompjuter
kompjuterot ne poet definicii za ubava pesna nema pesna bez definicii...ubavina Zamisli da bevme site vo uniformi i ednakvi so epoleti i medali,dzem od slivi i peceni suvi piperki Korenot ne e vo zborovite,prijatele etnosot zivee...ne se maci da prepoznae Ah da,ne se maci da prepoznae definicii od frazi,sluzbenici od gazdi Saka ubavina gola na sekomu po cerek odkinata,doziveana...a ne procitana ...............ZA DUSA .....majstorce Изменето од Joshua_Tree - 03.Февруари.2012 во 20:27 |
|
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
мајсторче62, мајсторе, ... душава ми ја изгоре ...
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
nekoj mi bilna gosti, a jas ni kjumbetot ne go zapaliv... ebem ti domakinot... pozdrav do site... :)
|
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1.
пеперутки рој зимското сонце гладно ги јаде во лет 2. Бел ветер свири Под мост бездомник спие Пеат анѓели |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Роза во снегот
ловец в мрак се прибира на лице радост |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Внеси реплика | страница <1 1920212223> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |