|
Англиска Премиер лига |
Внеси реплика | страница <1 89101112> |
Автор | |||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Сити повторно му прават проблеми на Венгер: Сега го сакаат Ван Перси
Манчестер Сити ќе упати понуда од 30 милиони фунти за новиот капитен на Арсенал, Робин ван Перси, тврди „Дејли Меил“.
Според информацијата на изданието понудата ќе биде упатена во Јануари,
ако дотогаш Арсенал не успее да го обнови договара на Холанѓанецот.
Голгетерот на „топчиите“ е разочаран од напуштањето на Франсеск Фабрегас (во Барселона), Самир Насри и Гаел Клиши (и двајцата во Манчестер Сити). Кризата на „Емирати“ е сериозна, откако лондончани го запишаа најлошиот старт во последните 58 години, иако вчера успеаја да ја постигнат својата втора победа во Премиер лигата, надигрувајќи го со 3:0 тимот на Болтон. Два гола за успехот ги постигна токму Ван Перси, кој веќе има 100 погодоци во дресот на Арсенал. Актуелниот договор на играчот истекува во 2013 година. |
|||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Дрогба со одличен кам-бек за Челси при победата над Свонси
Челси се врати на
победничките патеки во Премиер лигата откако славеше со убедливи 4-1 над
Свонси во натпревар од 6. коло на најквалитетното фудбалско
натпреварување на островото.
Резултатот го отвори Фернандо Торес уште во 29. минута, шпанецот
искористи нова одлична асистенција од страна на Хуан Мата. А во 36.
минута Челси веќе водеше со 2-0, откако овој пат Рамиреш стрелаше по
асистенција на КОл.
Кога се изгледаше одлично за домаќините, дојде 38. минута, кога Торес направи исклучително груб прекршок над Марк Гоуар, влегувајќи во старт со двете нозе. Судијата Мајк Дин не размислуваше и веднаш го прати шпанецот во соблекувалната. Шансата на Свонси да се врати во дуелот дојде во 50. минута кога Нејтан Даер ја погоди пречката на домачините, а потоа Вилијамс одлично шутираше со глава, но Босингва ја извади топката од гол линијата Во 62. минута Анекја ја погоди пречката на другата страна, а третиот погодок на сметка на домачините дојде во 76. минута, стрелец повторно беше Рамиреш, но овој пат асистенцијата беше од страна на Босингва. Свонси стигна до почесен погодок во 86. минута кога Вилијамс конечно успеа да ја испрати топката зад грбот на Чех. Во продолженијата, резервистот Дидие Дрогба ги оформи конечните 4:1. |
|||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Одиграно осмото коло во Премиер лигатаБез
победник заврши последниот натпревар од 8.коло во Премиер лигата. На
„Сент Џејмс Парк“ во Њукасл истоимената домашна екипа вчеравечер одигра
нерешено со Тотенхем 2:2 и заедно со водечкиот тандем од Манчестер и
натаму е непоразена екипа во лигата. На другите два вчерашни натпревари од ова коло постигнати се следниве резултати: Арсенал – Сандерленд 2:1 и ВБА - Вулверхемптон 2:0. Во саботата играа: Ливерпул - Манчестер Јунајтед 1:1, Манчестер Сити - Астон Вила 4:1, Норич - Свонси 3:1, Квинс Парк Ренџерс - Блекбурн 1:1, Стоук - Фулам 2:0 и Виган - Болтон 1:3. Табела: Манчестер Сити 22 бода, Манчестер Јунајтед 20, Челзи 19, Њукасл 16, Ливерпул 14, Тотенхем 13,... |
|||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||||
Alex1970
Нов член Регистриран: 21.Октомври.2011 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
ARSNAL go unishti Chelsea na Stamford Bridge
|
|||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Баш ... Челзи торпедирани во стил кој им одговара на топџиите Челзи - Арсенал 3-5 |
|||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Лесна победа за ТотенхемВо единствениот неделен натпревар од 10. коло на Премиер лигата, Тотенхем на Вајт Харт Лејн го порази Квинс Парк Ренџерс со 3:1. Домаќините славеа во "малото лондонско дерби", а по првото полувреме имаа водство од 2:0 благодарение на погодоците на Герет Бејл и Рафаел Ван дер Варт. КПР намали по еден час игра со првиот гол сезонава на резервистот Ботројд, а конечниот резултат го постави Герет Бејл со својот втор погодок на мечот. По оваа победа, Тотенхем е петти на табелата со 19 бода, додека КПР е 12-ти. РЕЗУЛТАТИ: Евертон - Манчестер Јунајтед 0:1 Челси - Арсенал 3:5 Манчестер Сити - Вулверхемптон 3:1 Норич - Блекбурн 3:3 Сандерленд - Астон Вила 2:2 Свонси - Болтон 3:1 Виган - Фулам 0:2 ВБА - Ливерпул 0:2 Недела, 30. октомври: Тотенхем - Квинс Парк Ренџерс 3:1 Понеделник, 31. октомври: |
|||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Бразилецот со италијански пасош е во немилост на тренерот Антонио Конте и за очекување е во зимскиот преоден рок да си замине од Јувентус.
Според пишувањето на некои италијански и бразилски медиуми, Амаури речисис сигурно во зимскиот преоден рок ќе го напушти Јувентус, а како прва опција за него се споменува преселбата во Лондон. Имено, интерес за 31-годишниот напаѓач има од страна на тимот на Тотенхем, кој во јануари би можел да ги продаде Џермејн Дефо и Роман Пављученко. |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Јунајтед "му дише" во врат на Сити
Водечките тимови од Манчестер забележаа убедливи победи во синоќешното 17 Премиер лига коло.Манчестер Сити го нагости Стоук, додека тимот на Алекс Фергусон славеше на Крејвен Котиџ. Арсенал го однесе целиот плен од Бирмингем, а Ливерпул зема само бод од гостувањето кај Виган.
|
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Манчестер Јунајтед со петарда го стигна Сити
Тимот на Алекс фергусон го торпедира Виган со 5:0 и се израмни со градскиот ривал Сити на табелата во Премиер лигата. Иако фаворитите не требаше да имаат проблеми за освојување на трите бода, сепак единствено Манчестер Јунајтед стигна до полн плен. Во натпреварите од 18-то коло на Англиското фудбалско првенство одиграни попладнево, само шампионот Манчестер Јунајтед успеа да оствари победа, со што се израмни на врвот на табелата со градскиот ривал Манчестер Сити кој на гостувањето кај ВБА одигра без голови. Јунајтед славеше со трите гола на Димитар Бербатов и погодоците на Парк и на Антонио Валенсија, додека Манчестер сити, Челзи и Ливерпул ги поделија бодовите и ги разочараа своите навивачи. По шест натпревари без победа, Њукасл славеше кај Болтон (2:0), а Сандерленд и Евертон одиграа 1-1. Резултати од денешните натпревари во Премиер лигата: Челзи – Фулам 1:1, Болтон – Њукасл 0:2, Ливерпул – Блекбурн 1:1, Манчестер Јунајтед – Виган 5:0, Сандерленд – Евертон 1:1 и ВБА – Манчестер Сити. Вечерва од 20 часот и 45 минути почна натпреварот Стоук – Астон Вила, додека преостанатите три средби од ова коло се закажани за утре, а двојките се: Арсенал – Вулверхемптон (16 часот), Свонси – Квинс Парк Ренџерс (18 ч.) и Норич – Тотенхем (20:30 ч.). Табела: Манчестер Сити 45 бодови, Манчестер Јунајтед 45, Тотенхем 35 (-2 натпревари помалку), Челзи 34, Арсенал 32 (-1), Ливерпул 31 ... |
|||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Јунајтед убедлив, Челзи минималноМанчестер јунајтед со 3-0 убедливо славеше над Болтон во дуелот на „Олд
Трафорд“ од 21. коло во англиската Премиерлига. Интересно е што прв во
листата на стрелци се запиша ветеранот Пол Сколс, кој одлучи да ја
прекине пензијата и да го прифати повикот на сер Фергусон да му помогне
на својот тим. Повратникот во тимот беше прецизен во финишот на првиот
дел, а Велбек и Керик со головите во 74’ и 83’ ставија точка на
средбата. Победата на Јунајтед можеше да биде и поубедлива, но голманот
Богдан одбрани удар од белата точка на Руни во првиот дел. Челзи со 1-0 го совлада Сандерленд, а единствениот гол го постигна Лампард во 13 минута, откако пречката не дозволи Торез да постигне мајсторски гол. Одбиената топка дојде до Лампард, кој инстиктивно ја затресе мрежата. Од редот на фаворитите потфрлија Тотенхем и Ливерпул. Спарси одиграа 1-1 на „Вајт Харт Леин“ со Вулверхемптон, додека „црвените“ ремизираа без голови против Стоук. Резултати (21. коло): Астон Вила – Евертон 1-1, Блекбурн – Фулам 3-1, Челзи – Сандерленд 1-0, Манчестер ј. – Болтон 3-0, Тотенхем – Вулверхемптон 1-1, ВБА – Норич 1-2, Ливерпул – Стоук 0-0, (утре): Њукасл – КПР (14.30 ч.), Свонси – Арсенал (17 ч.), (понеделник, 21 ч.) Виган – Манчестер с. Табела: Манчестер сити (-1) и Манчестер јунајтед по 48, Тотенхем 46, Челзи 40, Арсенал (-1) 36, Ливерпул 35, Њукасл (-1) 33, Стоук 30, Норич 28, Евертон 25, Сандерленд и Астон Вила по 24, Свонси (-1) и Фулам по 23, ВБА 22, Вулверхемптон 18, Блекбурн и КПР (-1) по 17, Болтон 16, Виган (-1) 15 |
|||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Најголемите англиски клубови научија многу од грешките на Челси и Ливерпул, кои минатиот 31 јануари платија огромни суми за услугите на Фернандо Торес, односно Енди Керол. Двајцата голгетери воопшто не ги оправдаа огромните инвестиции (50 милиони фунти за Торес и 35 милиони фунти за Керол), па јасно е зошто најдобрите клубови во Англија решија овој јануари да не прават преголеми измени во своите тимови. Во последниот ден од преодниот рок активен беше единствено Манчестер сити, кој што го доведе Давид Пизаро на шестмесечна позајмица од италијанскиот прволигаш Рома. Челси го ангажираше младиот Белгиец Де Брујн, но тој беше експресно пратен на позајмица во Генк, така што не може да се смета за засилување за вториот дел од сезонава.
Доста активни во самиот финиш од овој преоден рок беа челниците на Квинс Парк Ренџерс. По договарањето на трансферот на Џибрил Сисе од Лацио, Марк Хјуз успеа да го ангажира и својот миленик од Фулам, голгетерот Боби Замора. Водечките луѓе на Фулам, експресно ангажираа замена за Замора - рускиот интернационалец Павел Погребњак од редовите на Штутгарт. Евертон веднаш по ангажманот на Никица Јелавиќ од Глазгов ренџерс даде зелено светло за Луис Саха да се пресели на шестмесечна позајмица во Тотенхем. Хари Реднап упорно се обидува да се ослободи од Роман Пављученко, кој по се изгледа ќе се врати во татковината откако Локомотив Москва понуди 10 милиони фунти за неговите услуги. Овој трансфер би можел да биде комплетиран и во следните денови бидејќи преодниот рок во Русија трае до крајот на февруари. Вејн Бриџ, кој сезонава воопшто не е дел од плановите на Роберто Манчини во Манчестер сити, следните шест месеци ќе ги мине на позајмица во Сандерленд заедно со Сотирос Киргијакос, поранешниот член на Ливерпул кој што доаѓа на „Стадионот на светлината“ од германскиот прволигаш Волфсбург. Изменето од емил - 01.Февруари.2012 во 05:26 |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Битката за
шампионската титула меѓу ривалите од Манчестер станува неверојатно интересна,
Јунајтед славеше над Стоук со 2-0, а Евертон го порази Сити со 1-0. Со тоа тимот
на Алекс Фергусон ги стигна „граѓаните“ на врвот на табелата и во продолжение од
Премиер - лигата ќе следиме „мртва трка“ за трофејот.
Гибсон, играчот
на Манчестер јунајтед кој пред неколку дена потпиша за Евертон, го постигна
единствениот гол за „карамелите“ на дуелот со Манчестер сити. Составот на
Роберто Манчини немаше сили да одговори на погодокот на Евертон постигнат во
60.минута од средбата.
Манчестер
јунајтед забележа пенал - победа над Стоук. Првиот пенал го реализира Чичарито,
а вториот удар од белата точка во гол го претвори Бербатов, за триумф на
„црвените ѓаволи“ од 2-0.
Ливерпул беше
сигурен на гостувањето против Вулверхемптон (0-3) со головите на Керол, Белами и
Кајт, сите постигнати во второто полувреме. Тотенхем исто така беше сигурен,
пред своите гледачи го совлада Виган со 3-1. Бејл беше стрелец на два гола за
„спарси“, мрежата на Виган ја погоди и Модриќ, а почесниот гол за гостите беше
дело на Мекартур.
Челси се спаси од
пораз на гостувањето против Свонси во последната минута од судиското
продолжение, откако Тејлор си постигна автогол. Свонси поведе во 39.минута со
погодокот на Синклер, а Челси последните десетина минути ги играше со играч
помалку, поради исклучувањето на Ешли Кол.
РЕЗУЛТАТИ – 23. КОЛО Свонси – Челси 1-1 Тотенхем – Виган 3-1 Вулверхемптон – Ливерпул 0-3 Евертон – Манчестер С 1-0 Манчестер Ј – Стоук 2-0 УТРЕ ИГРААТ Астон Вила – КПР Болтон – Арсенал Сандерленд – Норвич Фулам – ВБА Блекбурн – Њукасл
ТАБЕЛА:
Манчестер С 54 бода, Манчестер Ј 54, Тотенхем 49, Челси 42, Ливерпул 38,
Арсенал (-1) 36, Њукасл (-1) 36 бода,... Изменето од емил - 01.Февруари.2012 во 05:35 |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
"TОПЏИИТЕ“ БЕЗ МУНИЦИЈА
|
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Нов удар за ЧелсиДеновите на Андре Виљаш Боаш на клупата на Челси се одбројани, по новиот пораз на гостувањето кај Вест Бромвич Албион од 1:0. Уште една бледа партија на „сините“, која беше казнета во 82. минута, кога домашниот играч Мекали ја затресе мрежата на Петр Чех. Манчестер Сити лесно излезе на крај со аутсајдерот Болтон и победи со 2:0. Со автоголот на Стеинсон и погодокот на Балотели во второто полувреме, тимот на Роберто Манчини прокнижи нови три бода. Свонси со головите на Сигурдсон триумфира во Виган (2:0), а Блекбурн и Астон Вила ги поделија бодовите, играјќи 1:1 |
|||||
Внеси реплика | страница <1 89101112> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |