IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Македонски фудбал
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонски фудбал

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2011 во 05:33
Слабее Тетекс, Захариевски во Металург, Мишковски во Шкендија

Сега беќе поранешните фудбалери на Тетекс, Срѓан Захариевски и Ненад Мишковски ја променија работната средина.

Ветеранот Захариевски потпиша 1-годишен договор со Металург. Захариевски е петтото засилување за тимот од скопската населба Автокоманда, откако претходно меѓу Металурзи дојдоа младите Петар Љамчевски и Бојан Ѓорѓиевски и српските интернационалци Игор Павловиќ и Горан Драговиќ.

Управата на клубот очекува Захариевски догодина да се приклучи и во стручниот штаб.

Од друга страна, Мишковски се обврза на 2 годишна верност кон Шкендија.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2011 во 05:57
Ренова славеше со 2:1 против полупрофесионалците од Белфаст

Фудбалерите на Ренова остварија минимална победа на домашен терен во првиот меч со Гленторан од С. Ирска во рамките од првото елиминациско коло од Лигата на Европа. На Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, Ренова славеше со 2:1 против полупрофесионалците од Белфаст, кои средбата ја завршија со 9 играчи на теренот, поради две исклучувања.
 
Ренова поведе во 14. минута, откако Јанчевски беше прецизен од белата точка. За стартот кој беше санкциониран со пенал, МекГоверн заработи и исклучување. Во финишот на првиот дел, по уфрлена топка од корнер во 45. минута Никсон успеа да погоди со глава и да го израмни реузлтатот на 1:1.
 
По одморот, Ренова и покрај предноста во однос на бројот на играчи  се до 87. минута на успеа да постигне гол за водство. Три минути пред истек на регуларниот дел од мечот Бајрами ги постави конечните Ренова - Гленторан 2:1. Непоредно пред последниот судиски свиреж, во 91. минута црвен картон доби уште еден гостински фудбалер, Морис.

Се очекува реваншот во Белфаст до донесе неизвесен и интересен дуел.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2011 во 05:59
Работнички ја заврши работата

Фудбалерите на Работнички се веќе со едната нога во второто квалификациско коло од Лигата на Европа, откако попладнево на гостински терен со 4-1 ја совлада екипата на Транс Нарва.

"Романтичарите" одиграа одличен меч и се стекнаа со убедлива предност пред реваншот во Скопје. Почетната теренска иницијатива, Работнички ја круниса по само 16 минути игра, кога по прекршокот направен врз Грозданоски, Крсте Велкоски од слободен удар постигна прекрасен гол за водство од 1-0. Домаќините со шутеви од далечина се обидуваа да го загрозат голот на Димитриевски но сите нивни шутеви беа многу непрецизни. 10 минути пред крајот на полувремето по неуспешно поставена офсајд замка, Антон Епикхин изби сам пред Димитриевски и без проблеми израмни на 1:1. Пред крајот на полувремето Естонците имаа шанса и за пресврт, но не ја искористија грешката на Димитриевски, кој за момент ја испушти топката по еден центаршут, но беше доволно концентриран и веднаш ја поправи својата грешка. Вторите 45 минути романтичарите ги одиграа фуриозно и речиси го заверија пласманот во следното коло. По само 5 минути, капитенот Борче Маневски најдобро се снајде во мешаницата пред домашниот гол и успешно стрелаше за 2-1. Овој резултат го принуди домашниот тренер Јагудин да ги изврши трите измени за кратко време, што резултираше и со целосна теренска иницијатива на Транс Нарва, но без ниту една посериозна шанса. Сепак вистинската измена ја направи Горан Петрески, кога при таква игра, на местото на Стојанов го внесе Филип Петковски како трет напаѓач. Токму Петковски по 4 минути поминати на теренот успеа по одлична соло акција да донесе убедливо водство за Работнички од 3-1 и мирна завршница на мечот. Домаќините очајнички се обидуваа да создадат добра акција која би го загрозила Димитриевски, но кога сите очекуваа финиш на мечот, Влатко Грозданоски го постави конечниот резултат на мечот. Велкоски изведе корнер а Грозданоски без проблем со глава го постигна својот деби гол во Работнички за победа од 4-1.

Реваншот се игра на 7. јули во Скопје, а се очекува да биде само формалност и подготовка за двомечот со Јувенес/Догана од Сан Марино.
 

Транс Нарва: Вјалчинов, Римас, Казаков (61' Плотников), Безукорновас, Чекулајевс, Абраменко, Леонтовиш (ж) (55' Фјодоров (ж)) , Григорјев, Кито, Епикхин (ж), Базукин (59' Строкикс)

Работнички: Димитриевски, Богдановиќ, Стојанов (69' Петковски), Ќумбев, Лазаревски, Тодоровски, Вујчиќ, Грозданоски (ж), Петровиќ (82' Мицевски), Велкоски, Маневски (90' Ангелов).


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2011 во 05:30

Тетекс останува прволигаш

Тетекс и следната сезона ќе се натпреварува во Првата фудбалска лига, реши Второстепената комисија при Фудбалската федерација на Македонија. На вчерашниот состанок на комисијата беше прифатена жалбата на тетовскиот клуб, откако пред една недела Одделението за лиценцирање при ФФМ одлучи да не му даде лиценца за настап на Тетекс, поради ненавремено плаќање на задолжителната котизација. Во меѓувреме, додека траеше рокот за жалба, Тетекс ги уплати потребните 12.000 евра, плус средства за жалбената постапка.
- Тетекс останува прволигаш. Средствата беа уплатени и нашата жалба беше прифатена. Сите детали ќе бидат познати уште викендов, а првата прозивка ќе се одржи в понеделник - изјави Стево Алампиоски, првиот човек на Тетекс

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2011 во 06:48
"Само нека победи фудбалот", се согласија двата тима во пресрет на овој прв историски натпревар во Супер купот

Најдобриот во првенството и најдобриот во Купот, или поточно шампионот Шкендија и вицешампионот Металург, утре, на "Филип Втори" ја пишуваат историјата. Тие ќе бидат првите актери на Супер купот на Република Македонија кој "сефте" се организира во нашата земја. И покрај неколкуте обиди низ минатото да се одигра еден ваков меч како увертира пред почетокот на шампионатот, сепак, конечно во оваа 2011 година успеано е да се организира мечот на најдобрите од минатото првенство, односно освојувачите на пехарите во шампионатот и во домашното првенство.

ШКЕНДИЈА - МЕТАЛУРГ
Национална Арена: "Филип Втори" во Скопје. Капацитет: 32.580. Почеток: недела, 18:30 ч.



Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2011 во 05:50
Шкендија прв победник на натпревар од Супер Купот на Македонија

Шкендија - Металург 2:1
Мустафи (п) 6', Сали 84' - Стевановиќ 90'

Фудбалерите на Шкендија се победници на првото Супер куп финале во македонскиот фудбал, откако денеска на Националната арена "Филип Втори Македонски" во Скопје, пред околу 2.000 гледачи со 2:1 славеа против тимот на Металург. 

Актуелниот фудбалски шампион на Македонија, до триумф во првиот историски Супер Куп, кој според најавите би требало да прерасне во традиција, дојде благодарение на погодоците на Мустафи од пенал во 6. минута и убавиот погодок со полуножички на Сали во 84 .минута. За Металурзи почесниот погодок, и тоа од слободен удар од околу 20. метри беше дело на Стевановиќ.

Фудбалерите на Шкендија, во првиот дел беа поконкретни, на самиот старт од натпреварот дојдоа во водство, а веднаш потоа имаа можност да зголемат и на 2:0, но лоб ударот на Емини заврши над гредата од голот на Металурзите. Сепак, можност да го израмни резултатот пред одморот имаше Баже Илиоски кој го погоди само дирекот на противникот. Во вториот дел, монотоните случувања на теренот, пресврт добија во самиот финиш од мечот. Најпрво во 84. минута, по одлучниот центаршут на Цуцули, Сали веднаш на прва, ја испрати топката во мрежата на тимот од скопската наслеба Автокоманда, зголемувајќи на 2:0. Во продолжение Металург многу поконкретно тргна кон голот на шампионот. Најпрво Симоновски промаши сто отстотна шанса, откако сам излезе пред противничкиот голман, за во 90. минута Стевановиќ со евро гол од слободен удар да намали на 2:1. Во судиското продолжение поради офсајд беше поништен голот на Љамчевски, додека Илиоски непосредно пред последниот судиски свиреж во казнениот простор на тетовскиот тим се најде во дуел со голманот на Шкендија, контакт неспорно имаше, но делителот на правдата Мечкаворски остана нем.

Фер и коректните случувања на теренот, сепак не минаа без провокации од трибините. Навивачите на Шкендија, популарните "Балисти", ја исфиркаа македонската химна, а скандирањето на недоличните фрази најверојатно ќе предизвика многу работа за дисциплинските органи при националната фудбалска куќа.

На крајот пехарот во трајна сопственост и преоден пехар во рацете на фудбалерите на Шкендија беа доделени од страна на претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџиристески.

Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2011 во 19:55
"Балисти", ја исфиркаа македонската химна, а скандирањето на недоличните фрази најверојатно ќе предизвика многу работа за дисциплинските органи при националната фудбалска куќа..
OVA MIE NAJSMESNO DOBRO BE LJUGE SITE ZNAJME DEKA BALISTITE NI BILE NI KE BIDAT NAVIVACKA GRUPA KOJA POSTOI VO MAKEDONIJA TIE SE SIMPATIZERI NEZNAM KAKO DA GI NARECAM NE SE SMETAT ZA NAVIVACKA GRUPA I NIKADE NE SE VODAT KAKO NAVIVACI EDNOSTAVNO NIKOJ NE GI PRIZNAVA NI VO MAKEDONIJA NI NADVOR PA ZATOA SI NAVIVAAT SAMO VO TETOVO>
MISLAM I SAMITE BALISTI BEA SMESNI NI ZNAAT DA NAVIVAAT SE VIDE TOA ZA MECOT SO PARTIZAN EDNOSTAVNO DECA SOBRANI OD ULICA I SLUKAJTE E NEMOZI TAKA TOA DA SE BIDE NAVIVACKA GRUPA ZATOA I NE SE PRIZNATI KAKO NAVIVACKA GRUPA>
MISLAM NE NI VREDAT DA SE KOMENTIRAAT
VO MAKEDONIJA SE ZNAJ KOJ SE NA VRVOT NAVIVACKI GRUPI KOMITI
CKEMBARI
MAJMUNI
VOJVODI
KUMANI
FALANGA
VAMPIRI
LOZARI
AJDUCI
RIBARI
SEJMENI
E OVIE SE PRIZNATI NAVIVACKI GRUPI VO MAKEDONSKOTO NAVIVANJE USTE OD DALECNATA 1992 93 KOGA BESE NAJ AKTIVNO NAVIVANJETO VO MAKEDONIJA
a balistite togas si gledaja crtani doma mislam toa e
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2011 во 23:44

ПМФЛ: МЕТАЛУРГ И НАПРЕДОК СО МАКСИМАЛЕН УЧИНОК

 

Две победи за домаќините на трите средби што се одиграа во сабота од втророто коло во Првата македонска фудбалска лига. Металург и Напредок со максимален учинок се издвоија на врвот, откако обезбедија минимални триумфи против Хоризонт Турново, односно Брегалница.

Во Кратово, Силекс го оствари премиерниот триумф во новата сезона, совладувајќи ја Ренова. Во недела ќе се одигра еден натпревар Шкендија го пречекува 11 Октомври, додека колото ќе биде затворено во вторник, во скопското дерби се среќаваат, Вардар и Работнички, а во Тетово, Тетекс го пречекува Охрид.

Резултати 2. коло:

Металург - Хоризонт Турново 1:0

Силекс - Ренова 2:1

Брегалница - Напредок 0:1

Двојки 2. коло (недела):

Шкендија - 11 Октомври

вторник:

Вардар - Работнички

Тетекс - Охрид

Кон врв
Izzy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 161
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Izzy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2011 во 01:55
Резултати - Македонска Втора Лига


ОСОГОВО - Беласица (3:0)

Тиквеш Кавадарци - Победа Јуниор (2:1)

Скопје - Руфеја (5:0)

Пелистер - Кораб (2:0)

Влазрими - Дрита (0:0)

Локомотива - Ринија (1:2)

Треска - Миравци (2:2)

Охрид Лоте - Горно Лисиче (2:3)




ТАБЕЛА:



Изменето од Izzy - 09.Август.2011 во 01:56
UNITED!! UNITED!! UNITED MACEDONIA!!!!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2011 во 05:59

Работнички е хит на почетниот дел од фудбалската сезона

Последниот македонски фудбалски тим кој се уште игра и на европскиот фронт со 3-1 го совлада актуелниот шампион Шкендија на арената „Филип Втори“, во одличен натпревар кој за Романтичарите беше совршен тест во пресрет на големиот дуел со Лацио во четврток.

Во редок пример на примена на концептот ротација на играчите во македонскиот фудбал, тренерот Горан Петрески ги одмараше капитенот Маневски и Ќумбев, со цел да ја задржи свежината во пресрет на гостувањето во Рим в четврток, но и оние кои настапија покажаа дека дебармаалци располагаат со компактен состав, кој поседува исклучителен тимски дух.

Љубителите на фудбалот заминаа од Градскиот стадион задоволни од прикажаното од двете екипи, кои демонстрираа борбена и офанзивна игра со голем број шанси на двете страни, како што му доликува на едно дерби. Работнички го отвори резултатот преку се поефективниот Филип Петковски, кој по мешаница во шеснаесетникот во 13-та минута одлично ја исконтролира топката и ја смести во мрежата на Вели.

По погодокот рамнотежата на теренот се промени и гостинскиот тим го интензивираше притисокот, што резултираше со неколку шанси, главно од удари од далечина преку Хасани и Усеини, со кои лесно се справуваше голманот на Работнички, Столе Димитриевски. Иако поседот на топката главно беше во нозете на фудбалерите на Шкендија, кои комбинираа околу шеснаесетникот на романтичарите, Работнички го користеше празниот простор за организирање на контранапади.

Во второто полувреме Шкендија уште повеќе се отвори, а Работнички одигра офанзивно со намера да ја потврди победата и благодарение на напаѓачкото трио Велковски-Петровиќ-Петковски создаде многу прилики, особено во првите 15 минути од второто полувреме, кога постигна и два гола. Најпрвин Тодоровски брзо изведе еден слободен удар, казнувајќи го невниманието на одбраната на актуелниот шампион, а неколку минути потоа Петковски го постигна својот втор гол по асистенција на Петровиќ. Мала надеж за Шкендија, која има лош старт на новата сезона со два пораза во првите три дуели, беше голот на Реџепи во 79-та минута, кој на крајот се покажа само како почесен за гостите.

Претходно се одиграа останатите средби од третото коло. Најмногу внимание предизвика дуелот во Кичево каде Напредок беше домаќин на Вардар во дуел на два клуба кои во досегашните две кола имаа по две победи. Црвено-црните продолжуваат со минимални победи, единствениот гол го постигна Ацевски во 76-та минута.

И Металург го продолжи стопроцентниот учинок со освојување на три бода на гостувањето кај новиот прволигаш 11-ти Октомври со ист резултат, голот го постигна Митрев во 87-та минута. Ренова одигра 0-0 против Брегалница и во Охрид истоимениот тим го совлада Силекс со 2-0. Последниот натпревар е утре меѓу Хоризонт Турново и Тетекс

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2011 во 00:23

Ден на домаќините во Првата фудбалска лига

  •  
http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/08/20/bregalnicastiptn.jpg

Во првите три средби од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига домаќините забележаа две победи, а една средба заврши нерешено. Во Штип, Брегалница со 3-1 го совлада Охрид, Хоризонт во Турново минимално славеше над 11 Октомври со 1-0, а само Тетекс не ја искористи предноста на играњето пред својата публика и средбата со Силекс заврши 1-1.
Преостанатите три средби ќе се одиграат в недела. Во терминот од 16.30 частот ќе се одигра првиот дерби-меч меѓу Металург и Работнички и средбата Шкендија – Напредок, а во 20 часот на арената „Филип Втори” е второто дерби во 4. коло меѓу Вардар и Ренова.
Табела: Металург и Вардар 9 (-1), Работнички 6 (-1), Напредок 6 (-1), Хоризонт Турново 6, Тетекс 5, Ренова 4 (-1), Брегалница 4, Охрид 4, Силекс 4, Шкендија 3 (-1) и 11 Октомври без бодови.



Изменето од емил - 21.Август.2011 во 00:23
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2011 во 07:18
РЕЗУЛТАТИ 11. КОЛО
РЕНОВА - ТЕТЕКС 2:2
ОХРИД - НАПРЕДОК 3:1
СИЛЕКС - РАБОТНИЧКИ 2:1
БРЕГАЛНИЦА - 11 ОКТОМВРИ 2:0
ВАРДАР - ХОРИЗОНТ Т 3:0
ШКЕНДИЈА - МЕТАЛУРГ 2:0

ИДНО 12. КОЛО (29.10.2011 - САБОТА) 14 Ч
ТЕТЕКС - МЕТАЛУРГ
ШКЕНДИЈА - ХОРИЗОНТ Т
ВАРДАР - 11 ОКТОМВРИ
БРЕГАЛНИЦА - РАБОТНИЧКИ
СИЛЕКС - НАПРЕДОК
ОХРИД - РЕНОВА

1. МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА

пласман

тим

поени

гол-разлика

вкупно

дома

гости

О

Пб

Н

Пр

О

Пб

Н

Пр

О

Пб

Н

Пр

1

Вардар

27

16:4

11

8

3

0

5

4

1

0

6

4

2

0

2

Металург

22

15:5

11

6

4

1

6

4

2

0

5

2

2

1

3

Шкендија

21

19:10

11

7

0

4

5

5

0

0

6

2

0

4

8

Силекс

16

14:19

11

5

1

5

5

4

0

1

6

1

1

4

4

Напредок

16

11:16

11

5

1

5

6

3

1

2

5

2

0

3

5

Работнички

15

17:14

11

4

3

4

6

3

2

1

5

1

1

3

9

Охрид

15

12:14

11

4

3

4

5

2

2

1

6

2

1

3

6

Ренова

14

13:10

11

3

5

3

6

2

3

1

5

1

2

2

7

Тетекс

14

11:16

11

3

5

3

5

2

3

0

6

1

2

3

11

Брегалница

9

13:16

11

2

3

6

5

2

1

2

6

0

2

4

10

Хоризонт

9

9:16

11

2

3

6

6

2

1

3

5

0

2

3

12

11Октомври

4

8:18

11

1

1

9

6

1

0

5

5

0

1

4


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2011 во 09:19
Уште една нула за Работнички

Во натпревар од 15. коло во првата македонска фудбалска лига составот од Градски парк е поразен како домаќин од Металург со 0:1.

Наместо да напредува Работнички продолжува да назадува во домашното првенство. Дебармаалци загубија уште еден дерби меч во низа без постигнат гол по неделниот во Тетово од Шкендија со 2:0. Во натпревар од 15. коло во првата македонска фудбалска лига составот од Градски парк е поразен како домаќин од Металург со 1:0, триумф со кој екипата од Железарница ја намали негативата во однос на лидерот Вардар на пет бода.

Стрелец на единствениот погодок денеска на „Борис Трајковски“ беше Чурлинов во 37 минута, момент што на крајот се покажа како решавачки за победникот. Работнички го заврши мечот со играч помалку по исклучувањето на Димитрија Лазаревски, откако офанзивниот дефанзивец во домашниот состав доби два жолти картона за само 34 минути.

Во вториот денешен дуел шампионот Шкендија ремизира без голови кај Напредок. Колото ќе се комплетира утре со пресметката меѓу 11 Октомври и Хоризонт Турново во Прилеп

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2012 во 06:25

ИЛИЈА НЕСТОРОВСКИ НАЈНОВОТО ЗАСИЛУВАЊЕ НА ФК МЕТАЛУРГ.





Младинскиот репрезентативец Илија Несторовски (21) е најновото засилување за екипата на Металург.




После напорните преговори со екипата на Словачко, конечно е постигнат договор за отстапување на Несторовски во редовите на Металург и се очекува тој осетно да ја засили конкуренцијата во нападот.


Покрај Несторовски, нов член на Металург е и Србинот Нинослав Карапанџиќ, играч за врска, а од претходно потпис на договорите ставија Христијан Димовски и Филип Митревски, кои дојдоа од редовите на Охрид.


По првиот дел од подготовките, што се одвиваше во Негорски Бањи, екипата е во Скопје, во очекување на вториот дел, во Охрид.


Во меѓувреме, за утре (вторник) во 13 часот закажана е пријателска средба со екипата на Локомотива, на нивното игралиште во населбата Карпош 3.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,469 секунди.