IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Изгореници
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Изгореници

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Изгореници
    Испратена: 18.Јули.2009 во 15:49
јекодерм му е мајката..... побарај во аптеки, има рипче на кутијата
Кон врв
Enigma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Enigma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2009 во 20:08
Dermazin mast za izgorenici e super,mnogu pomaga i ne ostava beleg
Mojata dusha ne e pateka,da minesh i da zaminesh,mojata dusha ne e kamin da se zgreesh i da zaminesh,mojata dusha e bozji hram-vleguvash i ostanuvash tamu
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2009 во 23:42

Кантарион отстоен во маслиново масло

Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2009 во 00:45
При површински изгореници веднаш треба да се реагира правилно

Термичките повреди или изгорениците спаѓаат во групата најтешки повреди, кои оставаат големи последици, како физички и естетски нарушувања, така и психички растројства. Според статистичките податоци, термичките повреди се на прво место на листата повреди во домашни услови, при сообраќајни несреќи или на работното место. Најчесто настануваат при намерно или случајно полевање со врела вода, врело масло или слично, при пожар или врели пареи, повреди на работното место, особено кај оператори на машини во производство и слично. Хемиските изгореници настануваат при полевање со киселински или базни раствори, кои, пак, предизвикуваат хемиско нагризување на ткивото создавајќи изгореница.

Сите изгореници без разлика на агенсот (материјата) што ја предизвикал, го оштетуваат површинскиот слој на кожата (епидермот). Исто така, делумно или целосно е нарушена структурата на поткожното ткиво, каде што се оштетуваат градбените елементи, крвните садови и нервните завршетоци. Според општата класификација, површинските изгореници се вбројуваат во термички повреди од втор степен. Веднаш по повредата, изгореното место е црвено, со голем локален оток, силна болка и ограничени движење на телото. Подоцна се формираат меури исполнети со бистра или крвава течност, кои можат спонтано да пукнат. Ако е зафатена целата дебелина на поткожното ткиво, болката не е толку силна и драматична, но изгорениот дел на телото има голем дефект од изумрено ткиво со секреција на лимфа и крв од рабовите на раната. Општата состојба на пациентот е лесно нарушена со слабост и вртоглавици, болна раздразливост, страв од претрпениот шок при повредата, лесно покачена температура или, пак, треска со чувство на жед. Доколку се пристапи веднаш кон лекување со прва помош, потоа со правилен третман на раните, излекувањето е во период од 10 до 14 дена со минимални белези, евентуално 25-30 дена кај компликуваните и подлабоки изгореници.

Лекувањето се состои во тоа веднаш по повредата пациентот да се јави кај хирургот, кој во стерилни услови примарно ќе ја обработи раната со отстранување на изумреното ткиво. Во првите неколку дена од акутната болна фаза изгореното место треба да биде под специфична преврска за изгореници, која спречува секундарна инфекција, го намалува губењето на течности и крвавењето од раната, силно ја редуцира болката бидејќи движењата се ограничени. Се советува орално земање аналгетици, антибиотици со широк спектар и витамини, како и пиење витамински напитоци.

По неколку дена се отстранува првата преврска при што веќе почнала епителизацијата на површинските слоеви и ревитализација на длабоко поткожно ткиво. Ако при контролните прегледи се увиди дека изгореницата не е секундарно инфицирана, енергично се почнува битката за намалување на белегот или длабоката лузна. Но, ако настанала инфекција со создавање гнојна содржина, потребно е земање брис од раната, па според микробиолошката анализа и антибиограмот, се користат локални антибиотски масти или раствори за уништување на бактериската инфекција во комбинација со орално земената терапија.

На крајот од лекувањето, се стимулира процесот на регенерација на ткивото со употреба на соодветни витамински креми. По еден месец од заздравувањето се советува микродермоабразија.

 

Д-р  сци. мед.
Крсте Митаноски
Специјалист по општа, пластична и по реконструктивна хирургија

Нате ...изгореници ...преставува широк поим.......објасни подетално нешто околу тоа како настанале , која површина е зафатена и колку се длабоки.....за да добиеш и соодветен одговор !!! големо%20гушкање
Кон врв
natasha-nate Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 19
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај natasha-nate Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2009 во 01:16
znaci stanuva zbor za izgorenica na noga predizvikana od pegla, pa kazete sovet kako moze da ne ostane beleg, (nekoja mast i sl.)???
Кон врв
picky Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 107
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај picky Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2009 во 03:24
Ima edna mast za takvi raboti, 100% ne ostanuva beleg, ali neznam dali ja ima ovdeka. Se vika JOMELOP, znam deka se koristi i za sekakvi drug ozilci, kako i za izgorenici od sonce! Brat mi ja imase kupeno od crna gora pred dve godini...
Se nadevam deka ja ima i ovde!намигнување

eve link, za da vidite za sto se raboti: http://www.saljic.com/sr/home.html


Изменето од picky - 19.Јули.2009 во 03:32
No expectations, no disappointments!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2009 во 23:00
Kontratubeks,mast za izgorenici i sekakov vid na luzni

Изменето од Valerija - 19.Јули.2009 во 23:01
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2009 во 08:06
Originally posted by natasha-nate natasha-nate напиша:

znaci stanuva zbor za izgorenica na noga predizvikana od pegla, pa kazete sovet kako moze da ne ostane beleg, (nekoja mast i sl.)???

Spored tvojot komentar se raboti za veke sanirana izgorenica tebe ednostavno te interesira da nemas posledica od nea vo estetski smisol , ete Valerija dobro ti predlozi so Contratubex mast , ednostavno povrsinskiot epitel ti e osteten i ti treba najmalku 3 meseci da sam so obnovi i veruvaj mi deka sekoja nedela postpeno ke se sanira samata
znaci treba vreme organizmot sam da go sredi toa...    
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2009 во 14:53
Јас имам добро искуство со мелемите, мастите изработени од треварката Матија Пауновски. Доста се делотворни.
Сепак за се треба прво консултација со лекар и да се утврди колку е оштетена кожата и што би било најдобро кон патот на нејзиното зацелување.
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2012 во 22:12
Луѓе има ли некој онлајн на форумов што би можел да ми каже што да ставам на изгореницата.

Пред пола саат се вратив од пат арно ама во текот на летањево се изгорев раката и еве сега ко се вратив ми рекоа дека нема да можам да летам наредни 2 дена и утре од сабајле морам да идам на доктор......моментално е 00:10 часот па ке мора да почекам до утре сабајле за да идам на лекар


Дај во меѓувреме кажувајте што да ставам на изгореницава да ја намалам малце.......При рака го имам Contractubex gel , ама не знам дали ке има ефект ако ставам од него


Поздрав и се надевам барем некоја чувствителна личност ќе пиши тага
тага
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2012 во 22:19
Кај се изгоре бетага

Истово ова што ќе го пишам го знам и од сопствено искуство, ама го копирам и не сносам одговорност за последиците...



Што да правите доколку се здобиете со изгореници





Во домот не демнат разни опсасности а секако дел од тие опасности се и ненадејните термички повреди. Дали се работи за изгореница од жешка вода, масло, печка, тостер, пегла итн. треба да се направат следниве постапки.

Прв чекор е да се спречи жешкиот ефект на изгореницата. За ова да се изведе треба изгорената регија да се потопи во ладна вода што побрзо. Ако изгореницата е дел од телото којшто не може да се потопи тогаш се истура ладна вода врз него. Битно е да се отсрани секаква облека која го покрива местото на изгореницата.

Не користете мраз. Зошто мразот може да предизвика оштетување и да ја влоши состојбата.

Следен чекор е да се користи ладната вода минимум 20 минути.

Не ставајте путер, маст или зејтин на раната.

Ако се работи за мало дете многу е веројатно дека нема да сака да му се полива изгореното место ладна вода. Меѓутоа подобро е да плаче 20 мин отколку да се влоши изгореницата.

Што после иницијалните 20 мин?

Ослободување од болката. Земете ибупрофен, тоа е нестероиден анти-инфламаторен лек.

Смитерете се или смирете го вашето дете.

Проценете го степенот на изгореницата. Има неколку типови на изгореници:



Изгореници од прв степен, присутно е само црвенило и не остава лузна ако правилно се лекува

Изгореници од втор степен, присутно е црвенило со меури на кожата и е поболно од изгореницата од прв степен. Со правилен третман скоро никогаш не останува лузна. НЕ ги оштетувајте меурите. 

Изгореници од трет степен, ова се случува кога повеќе слоеви од кожата се изгорени и нема појава на меури зошто ги нема и површинските слоеви на кожата. Оваа изгореница и со правилен третман остава лузна.

Дали да отидете на доктор?

Не сите изгореници имаат потреба од итна лекарска интервенција. Следи водич што треба да направите.

Големи изгореници. Секоја изгореница на поголем дел од телото без разлика на степенот и треба итна лекарска интервенција. Тука се вклучени изгорениците на целиот грб, абдомен, или на цел екстремитет – рака или нога

Изгореници на лицето. Треба да посетите лекар освен ако не се работи за многу мала изгореница со големина на мала паричка


- Изгореници од прв степен. Овие изгореници не побаруваат итна помош од лекар. Може после 24 часа да се јават меури што значи поминале во изгореници од втор степен.

Изгореници од втор степен. Клучот за да се препознаат се меурите. Не е итна ситуација но добро би било да посетите лекар.

Изгореници од трет степен. Потребен е итен лекарски третман.

Ако не сте сигурни од кој степен се изгорениците, тогаш појдете на лекар.

Како да се лекува изгореницата?

За изгорениците од прв степен не е потребена крема што се издава со рецепт. Не треба да користите ни антибиотска крема. Најдобар третман за овие изгореници е гел од алое вера. Земете 100 % алое гел. Некои гелови што пишува дека се направени од чиста алое вера содржат само 10% алое, затоа внимателно прочитајте ги состојките.

За изгорениците од втор степен е потребен покомплексен пристап. Ова побарува и консултација со лекар. Еве некои генерални постапки кои треба да ги направите два пати дневно

Исчистете ја изгореницата со вода на пријатна температура. Ова ќе ги одстрани бактериите, мртвата кожа и дебрисот.

Исушете ја со сув воздух

Аплицирајте крем за изгореници. Тоа е и антибиотски крем кој има одлична зацелителна моќ и го спречува развитокот на инфекции. Треба да го аплицирате кремот асептично, затоа купете си стерилни гази за нанесување и ставете завој на местото. Користете поголема количина на крем, не ја штедете. Кога ќе го менувате завојот ако нема од кремата значи не сте ставиле доволно.

Ако изгореницата е на некое место кое се истегнува како на пример на дланката постои опасност кожата на местото на изгореницата да биде премногу стегната откако ќе зарасне. Тоа се вика контрактура. Затоа треба кожата на тоа место да се истегне минимум десет пати на ден по една минута.

Исечете го меурот - откако меурот сам ке пукне. Вашиот лекар може да ја одстрани мртвата кожа која останала. Со ова ќе се превенира инфекција и ќе се забрза лекувањето.


Изгореници од трет степен. Поради сериозноста и потенцијалноста од појава на лузна од овој тип на изгореница препорачливо е веднаш да се упатите во ургентниот центар за иницијален третман.

Колку долго треба да се користат кремот, гелот и завоите?
 

Ако лекувате изгореница од прв степен со алое треба да се користи само неколку дена. Ако се лекува изгореница од втор степен треба да се консултирате со вашиот лекар кога да го прекинете третманот. Откако оштетената кожа ќе се одстрани ќе се појави црвенеста кожа која ќе премине во розева. 

Во овој период може веќе да прекинете со употребата на кремот и завоите. Изгорената кожа е многу чувствителна на сонце и може перманетно да остане дисколорирана. Затоа користете крема за сонце на местото на изгореницата најмалку 6 месеци по нејзиното зараснување.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2012 во 12:30
Originally posted by annaja annaja напиша:

Од мое искуство за изгореници нај ефикасен лек е кантарјон,и тоа по можност одма да се намачка изгореницата.


Точно така кантарионот многу помага. да Јас во средно се здобив со изгореница над коленото и мајка ми веднаш ми даде кантарион, постојано се мачкав само со него, не ни отидов на лекар.
Откако поминаа неколку месеци ми заздраве местото, но бев многу разочарана бидејќи се познаваше белег, кој не беше баш мал. Со тек на годините почна да бледее белегот и еве денес не се познава воопшто.
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2012 во 11:11
Се зависи од кој степен е изгореницата,па према тоа соодветен третман.
Ако има само црвенило се работи за изгореница од прв степен,ако има меур тогаш тоа е изгореница од втор степен и ако се гледа поткожно ткиво тогаш тоа е поголем степен на изгореница.

Превентивна мерка во домашни услови е држење на изгорениот дел под млаз студена вода,а потоа консултација со лекар.
Кај изгореници од втор,трет степен се прават вазелински преврски првите неколку дена за да не дојде до неасакани инфекции и се прима орално антибиотик.
После третманот со вазелински преврски ,може да се користат кантарионови уља,разни масти за епителизација на оштетената кожа.

Искрено се надевам дека кај  нашата Минди се работи за изгореница без посериозно оштетување на површината на кожата.
Минди мила, извести не како си,се надевам можеш да типкаш?!големо гушкање
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Radmila Rada Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Декември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 38
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Radmila Rada Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2013 во 22:48
Сум користела една розева маст од лисичина опашка... Се имав потурено со врела вода на стапалото и имав огромен меур. Се мачкав со таа маст- татко ми ми ја донесе од некој што прави масти во Битола и верувајте сега не знам да ви кажам ни на која нога беше тоа... Исчезна се, и меурот за еден ден и црвенилото за некој месец дена и белегот
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,187 секунди.