|
Македонец дизајнираше MERCEDES инспириран од Охрид |
Внеси реплика |
Автор | |
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 24.Јануари.2012 во 11:18 |
Апостол Тноковски е македонски индустриски дизајнер, роден 1982 година во Скопје. Неговите дизајнерски концепти се многу инвентивни и оригинални. При креирањето на концептите тој често користи органски форми, а инспирацијата за својата работа ја црпи од водниот свет. Во изминативе неколку години неговите концепти се објавени во многубројни интернационални магазини како Vogue, Playboy, FHM, National Geographic, Laptop Magazine, Le Grand Mag, Rich Style и дуги.
При креирањето на овој концепт сакав да внесам свој личен печат со користење на органски (флуидни) форми, но во исто време како предмет на инспирација сакав да искористам нешто што е карактеристи-чно за Македонија. По мало истражување одлучив како предмет на инспирација да ја земам нашата позната охридската пастрмка. Охридската пастрмка е ендемна рибна врста на Балканот и во Европа. Овој вид го има исклучиво во Охридското Езеро. Денот го поминува во длабочините и на места што се доста оддалечени од брегот, а на површината на водата испливува навечер, кога лови муви. Понекогаш приоѓа до самиот брег, во плитките води, барајќи храна од подводните растенија. Максималната должина се движи од 25 до 60 cm, а максималната тежина е 15,8 kg. Охридската пастрмка се разликува од поточната пастрмка по сплеснатото тело, по малата глава и ѕвездестите сиви пеги по телото. Постојат четири вида на охридска пастрмка: Овие видови се разликуваат само по начинот на кој се размножуваат, но не и по својата форма. Причината поради која ја споменувам оваа категоризација е тоа што искористив едно од латинските имиња и мојот спортски концепт го нареков SLK APHELIOS. РАЗВИВАЊЕ НА КОНЦЕПТ Подолу можете да ги погледнете моите скици и мојот начин на размислување во поглед на развивање на формата. Како што веќе прочитавте во текстот погоре, МERCEDES – SLK APHELIOS е футуристички спортски автомобил, инспириран од Охридска пастрмка. На концептот му го додадов предзнакот SLK бидејќи сметам дека во блиска иднина одлично би се вклопил во истоимената спортска линија на Мерцедес. Специфична за овој концепт е флуидната линија која дава чувство на моќ и брзина, а во комбинација со мат – сребрената боја јасно асоцира на предметот на инспирација. Со овој концепт учествував на натпреварот за дизајн на автомобил организиран од страна на претставникот за Мерцедес за Македонија – МакАутоСтар. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |