|
Посебноста на нациите |
Внеси реплика | страница <1 2627282930 34> |
Автор | |||||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Makedonskiot separatizam vo 1905 g.
|
|||||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Сцеанрио 1: Мојот мајчин јазик е македонскиот, роден сум во Македонија од татко и мајка Македонци, а државјанин на Англија. Ги говорам двата јазика, но доминатен ми е англискиот. Дали сум Англичанец? Сценарио 2: Мојот мајчин јазик е македонскиот, роден сум во Англија од татко и мајка Македонци, државјанин на Македонија. Образован сум во Англија, а доминатен јазик ми е англсикиот. Дали сум Англичанец? Сцеанрио 3: Мојот мајчин јазик е македонскиот, роден сум во Англија од татко и мајка Македонци, дрѓжавјанин на Македонија. Ги зборувам двата јазика, но доминантен ми е македонскиот. Дали сум Англичанец? Сценарио 4: Мојот мајчин јазик е македонскиот од татко и мајка Македонци. Роден сум во Англија и на 5 годишна возраст мигрираме во Аргентина. Таму пораснувам, се образувам и сум аргентиснки државјанин. Македонскиот и англискиот ги зборувам чат пат, а се разбира доминантен ми е шпанскиот. Дали сум Македонец, Англичанец или Аргентинец? Во сите сценариа задоен сум со македонско мајчино млеко, но дали можам да се наречам Македонец и покрај тоа што македоенскиот не ми е доминантен? Се чувстувам како таков, но имам мал проблем, неможам да се разберам со Македонците. Значи може да се заклучи, јазикот е еден од факторите, но не и примарна одредница. Со други зборови, треба да направите ревизија на бугарскиот коцепт во врска дефинирањето на националната припадност. Кога пак станува збор за грчкиот концепт, ситуацијата е уште понеприфатлива. Индивудуата може да биде родена од родители кои се дел од етносот и нацијата, но по некоја причина тие и припаѓааат на некоја друга религиска деноминација. Тоа нетреба да ги прави помалку припадници на соодветната нација во споредба со мнозинската религија. Денес во светот нема држава за која може да се каже една нација, една религија. Проблемот е комплексен. Секоја индивидуа треба да има загарантирано право да може слободно да си ги изразува своите национални, односно етнички чувства. И како обично не ми одговори на мојот предходен пост. Дали Бугарин е националност, а не етничка припадност?! Дали терминот Бугарин може да се постовети, односно компарира со поимите Американец, Британец, Југословен...?! МОДЕРАТОРИ: ИЗЛЕГОВМЕ НАДОВОР ОД ТЕМАТА! МОЖЕТЕ СЛОБОДНО ДА ГО ПРЕФРЛИТЕ ОВАЈ ПОСТ НА НЕКОЈА ДРУГА ТЕМА, КАКО НА ПРИМЕР ПОСЕБНОСТА НА НАЦИИТЕ. |
|||||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||||||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Одговорот на разните сценарии го има во тоа што го писав по горе. Ти ке си такав каков се чувствуваш кога почнеш да усекаш околниот свет. Докато си малечок ти си еден бел лист на коj секоj може да пишува какво си сака. Нормално е родителите да градат твоjата личност. Ненапразно едни монаси од еден католички орден беа рекли: "Даjдте ни едно новородено дете.. Ке го гледаме и воспитуваме до 7 годишна взраст. След тоа ви го даваме обратно, но вие веке не може да го промените зоштото то веке е изградена личност..." За тоа се говори што чоекшката личност се гради до 7-та година. Се разбира: кога чоек стане палнолетен (дали на 18 години, дали на 21) тоj може по своjа вола да направи корекции, но првите 7 години од животот са наj важни. ---- Оставам настарана какви документи за самоличност имаш. Може да се чувствуваш Етиопец, ама ако во пасошот ти пише, че си Англичанин, трудно ке промениш нештата. Ескимос ке бидеш само на некоj пропис, за останалиот свет ти си Англичан, ако и да се мислиш за Ескимос. И Силjан се е мислел за Штрк... Изменето од Македон - 18.Ноември.2010 во 17:00 |
|||||||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|||||||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
"Директорот на Институтот за национална историја, Тодор Чепреганов,
многупати досега јавно предупредувал дека македонката историја мора да
ги расчисти контроверзиите околу личноста на Александров. Според него,
основната линија по која се движел Алекснадров низ историјата би требало
да опфати дека: "тој е Македонец, бил на чело на ВМРО, убиен е тогаш и
тогаш, се борел за самостојна Македонија, меѓутоа, не со Македонци. За
жал, тој човек зел туѓа национална свест - бугарска и сметал дека во
земјава живеат македонски Бугари".
http://utrinski.com.mk/?ItemID=5E39CD5A3A834948995C110539A8FBC8 |
|||||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Еден документ од руските архиви Изменето од mungos80 - 24.Ноември.2010 во 08:53 |
|||||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
не постои такво нешто како нација... нацијата е политичка мутација и манипулација врз луѓето, што може само омраза да шири, ништо друго
единствено нешто што постои како поделба кај човечкиот род се расите, па дури и тие според теориите на еволуцијата, потекнуваат од еден единствен род... ако постои такво нешто како нација тогаш објаснете го мешањето на народите, постоењето на матична држава за секоја нација и мешањето на народи во истата таа матична држава, објаснете ја поентета на бипатридите и полипатридите општо... од слична тематика е збунет и platenik, ако не успеавте да го разберете досега еве да ја поедноставиме работата... вратете се неколку стотици илјади години наназад уште од времето на основите на човекот како суштество и замислете како човекот како вид, постои само на еден континент, воеден регион... сега размислете како поради тоа ќе немало потреба од различни јазици, раси, култури и различни видови на општ развој и еволуција, базиран на човековата поделеност во регионите и некомуникацијата меѓу луѓето во посебните региони сега размислете дали воопшто човекот имал понатаму потреба да се дели на родови, племиња, градови, па понатаму и држави... а еве тука се појавува и нацијата, со самото појавување на првите дефинирани племиња, градови и држави... значи сите сме исти, еднакви, и да не постоеше такво нешто како „нација“, еволуцијата на човекот можеби ќе се одвиваше со дупло поголема брзина, видете само колку брзо се разви светот за еден век, откако почнаа да се напуштаат сите империјалистички идејали, да се воведуваат разни системи на еднаквост и групации чии идеали ветуваат политичко единство на државите во светот можеби филозофски и пацифистички пристап на темава, кој е поопшт и не толку директно поврзан со темава, ама сакам само да ви кажам колку иритантни ми се разговори на вакви теми и дека немаме никаква корист од нив... скоро сите конфликти на балканов, потекнуваат од омраза инспирирана од етнички идеали и да не постоеше тоа, мислам дека не сте свесни како ќе живеевме сите... и стварно не можам да ја разберам поентата на натегањето околу тоа кој од чија нација потекнува, чиј бил човек што живеел пред икс години и слаби теории за некакви движења, политички изманипулирана документација, архологија што нагаѓа и кажува приказни и што се не... светов нема никаква корист од сето тоа... и размислете веќе еднаш дека некој ви ги влече конците и утре таквите националистички ставови ќе ги злоупотреби за војна и уништување така да, пред да почнете да размислувате кој бил и е „шефот“ и „таткото“ на сите на балканови, туку размислувајте за тоа како да го извадите балканот од г*мната во кои го удавиле вашите претци во кои се крстите денес... |
|||||||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
според претходниве муабети на темава:
инаку такво нешто како нација дефинирана според јазик не може да постои, ако беше така: денес ќе постоеа само неколку народи, поделени според јазичните фамилии, или пак ќе требаше да постојат онолку нации колку што постојат дијалекти во денешно време, а така државите и нациите не би биле пошироки од еден град или општина... исто така, според изучувањето на човекот за нациите, државите и регионалната поделеност на човекот, не може такво нешто како нацијата, да биде личен избор на човекот, тоа е исто како да кажам дека јас сум црнец на пример... затоа и глупо ми било кога ќе кажат дека тоа си како што се осеќаш дека си... |
|||||||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Вакви дефиниции беа делени во времето на едно од најголемите манипулативни општества - социјализмот! Таму постојано им се велеше на луѓето дека нацијата всушност е творба на империјалистите и капиталистите со цел да завладеат со што повеќе материјални ресурси и да се стекнат со власт, која би го одржала неправедното угнетување на народот. На оние кои не го прифаќаа тоа, се применуваа други, многу "поконкретни" методи. Но, за среќа народот и покрај сите репресии не ги прифати таквите стојалишта, па подоцна ваквите прашања на кои тогашните властодршци немаа решение, беа поттурнати под тепих, затоа што кај народот скришно предизвикуваа потсмев. За нацијата постои дефиниција, која е лесно достапна и за која не мислам дека е место да се објаснува овде. Верувам дека сите овде знаеме кога и како настанале нациите, која е разликата меѓу нација, народ и етнос, какви нации постојат и се поврзано со нацијата. За улогата на државата и потребата од постоење на истата, мислам дека би било бесмислено воопшто и да спомнуваме нешто, затоа што докажано е дека човекот, доколку живее со други луѓе, мора да го организира тој заеднички живот, а најуспешна организациона творба за такво нешто е државата. Поентата на бипатридите и полипатридите е мошне добро објаснета во Уставот, Законот за меѓународно приватно право и Законот за државјанство. Кој не може преку тие акти да ја сфати суштината, верувам дека најмалку ќе ја сфати со прифаќање на некаква идеалистичка философија, која за жал, има мошне малку допирни точки со реалноста.
Секако дека имал потреба. Дури и луѓето кои живееле во еден регион биле поделени на племиња, а племињата биле поделени на родови. Дури и во најстарите времиња постоеле орди. Патем, не треба да заборавиме дека денес живееме во комплексно општество и не е можно да се споредуваме со такви општества какви што биле тогашните.
Нацијата се појавува со самото појавување на првите дефинирани племиња, градови и држави?! Каде си го прочитал тоа, или, од каде си го измисли истото?!
Постоењето на еднаквост или нееднаквост не секогаш е поврзано со нацијата, етничкото потекло, верувањето или социјалниот статус. Доколку државата има соодветни правни механизми за гарантирање на основните човекови права и слободи на граѓаните, на никој начин не може да говориме за забавување на човековиот развој поради припадност кон определена нација. Кога веќе говориш за развојот, дали можеш да посочиш кои земји најбрзо се развија? Оние кои, напуштајќи го империјализмот, останаа доследни на својата нација, или пак оние, кои беа занесени од идеализмот на идеологии за одумирање на државите и нациите? Политичко единство на државите во светот, не значи и единство на сите полиња, а најмалку треба, впрочем, никако не смее да значи и политичко единство на сите луѓе? Постоењето на разумна критика е она што на секое општество му треба, а не некакви идеалистички филозофии за "братство и единство", непоткрепени со никакви аргументи, освен дека некогаш така било. Едно нешто, за жал, човекот никогаш не успеал да разбере, а тоа е дека кога се говори за нешта како традиции, верувања, национални интереси, држави и слични нешта, не е потребно нивно укинување, туку нивно правилно разбирање и реален, а никако идеалистички пристап кон истите. Доколку луѓето се обединат врз основа на некакви идеали кои нема да им ги засегаат нивните лични права, меѓу кои се и оние на национална идентификација, слобода на уверувањето и мислата, како и негување на традиции, тогаш може да говориме за успех. Не е можен успех доколку се говори за укинување и напуштање на нешто кое луѓето го прифатиле и кое е нивно лично право. Повиците за униформност на сите аспекти на човековиот живот доведоа до милиони жртви и појава на девијантни општества како што беа фашизмот, социјализмот и многу други нешта. Во политиката, а и во правото, немало, нема и нема ниту да има збогување со реалноста во однос на некакви идеалистички философии без некакви поткрепи. Кога политиката и правото ќе го прифатат тоа, тогаш следната фаза е крвопролевање.
Постоењето на етнички идеали не е проблемот за сите погубни нешта кои се случија овде. Погубните нешта се случија поради неправилните етнички идеали кои постоеја во одредени општества и неправилно разбирање на истите од страна на народите и масите. А најголема инспирација за сите тие нешта беа општествата кои постоеја и се обидуваа да ги потистнат сите тие нешта за кои кажав дека не смеат да бидат потиснувани. Кога сите тие општества пропаднаа, народот прво кон што тргна беше токму остварување на погрешни идеали, кои како резултат на репресиите во минатото, дополнително мутираа и зазедоа чудовишен облик.
Поентата на тоа е почитување на основните човекови права и слободи, правото на идентитет, како и правото на заземање на местото кое му припаѓа на еден народ. Светот секако дека има корист од зачувување на културното наследство, почитување на различностите меѓу луѓето и постоењето на правда за секој народ.
Со сета почит до тебе, пред да говориш за влечење конци, спореди си ја твојата философија со еден роман од Џорџ Орвел - 1984! Таму ваквите идеи се доведени во пракса. Дури ваквите идеи се надградени со создавање единствен јазик,единствени држави i единствен полити;ки систем! Ако сето ова го црпиш од некаква литература, напушти ја истата, како што можеш да видиш, од ниту еден аспект не е издржана. А пак ќе повторам, во политиката и секојдневното живеење доминира реализмот, а не идеализмот. Убаво кажа и самиот, пристапот ти е философски. А, ако согласно твоите погледи на светот, нема потреба од постоење на нација, држава, тогаш која е потребата од постоењето на философија? Прашањето веднаш води кон поставување и други прашања, за кои верувам дека знаеш каде водат. Се надевам ми ја сфати поентата.
P.S. За да го сфатиш впечатокот кој таквите идеалистички философии го создадоа кај народот, појди во било која земја од Источна Европа и разговарај со било кого во однос на овие прашања, првото прашање кое ќе го добиеш е дали си комунист. P.P.S. И јас верувам дека сите луѓе се браќа, дека не треба да им се прави на луѓето она што никој не сака и нему да му го прават, дека треба да се почитуваат основните човекови права и слободи. Лицемерно би било да велам дека сум Христијанин и како аватар да ја имам иконата на св. Цар Константин Велики, а да не верувам во сето тоа. Но, јас не верувам во укинување на нешто што луѓето не го сакаат, само поради тоа што некои замислиле дека така ќе е подобро и ќе се воспостави некакво братство и единство. Не веруам ниту во пацифизам, ниту во затворање очи онаму каде што не треба, ниту во неупотреба на сила онаму каде што навистина има потреба. Впрочем, ниту Христос не го забрани тоа. Изменето од Македон - 23.Јануари.2012 во 03:21 |
|||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Од каде си слушнал дека јазикот е клучен при дефинирање на нацијата? А чувството за припадност?
Од тебе вечерва прочитав работи кои не верував дека токму од тебе би ги слушнал. Испомеша се што не треба да се меша. Како може и да помислиш да мешаш биолошка карактеристика на човекот со нешто што не е биолошки предодредено и истото е политичко-правно, а и историско прашање? Во политиката зарем не треба да имаме право на избор? Си слушнал ли некогаш дека елемент на нацијата е и чувството за припадност? Според се што прочитав, дефиницијата за нација изгледа ја црпиш од некоја литература од некои минати времиња. Можеби не е така, но ова што го почитав се совпаѓа со тврдењата од тие времиња. Јас знам дека сум реалист и повеќе отколку што треба, ама ова за кое говориш ти веќе почнува да се граничи со здравиот разум.
Изменето од Македон - 23.Јануари.2012 во 03:27 |
|||||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
ќе ти реплицирав да не ми сметаше сиот тој муабет за социјализмот, неговите идеали и како тој се остварил, мора ли во секоја дискусија да вметнуваш параноја околу блоковска поделба ко да сме во пеесетите
не влечам инспирации од таму како и да е, инсприрации влечам од тоа што го гледам во реалност и што све е изродено базирано на националистички идеали, без разлика на која страна на светот е... згрешив што воопшто внесов таква филозофија наместо практиката што ја преферираш ти, ама затоа утре нешто друго ќе пишам во врска со ова |
|||||||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Сиот тој муабет за тоталитарните режими е нужна појава на вакви философски пристапи кои проповедаат униформност во однос на нешта кои се дел од основните слободи и права на човекот. Toa дека се е изродено врз основа на националистички идеали е голема невистина, за што ќе ти го посочам само постоењето на САД - котелот за мешање, а сеуште најмоќната држава на светот. Секако, постојат и други примери како што се Австралија, Канада, Швајцарија. Идеалите на тие држави се наднационални, но тоа не значи дека жителите немаат право на свој национален идентитет и негување на истиот. П.С. Сеуште не слушнав каде прочита дека нацијата настанала по диференцирањето на племињата и градовите.
|
|||||||
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Ко ќе треба да се укинат ќе си дојди самото.
|
|||||||
goran-twin
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2012 Статус: Офлајн Поени: 385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Македонската нација е мешавина од пајонци,тракијци,македонци и други народи.Со доаѓањето на словените не значи дека и сме го изгубиле македонскиот едентитет.Не е можно со окупација на држава еден цел македонски народ на овие простори да исчезне и да се населат словените притоа губејќи го идентитетот.Но со текот на времето поради предолгото ропство народот македонски си го заборава идентитетот се до времето.
Па така некои во 19 век веќе се свестуваат и почнуваат да ја будат македоската свест.Но за жал многу од почетните македоски револуционери се уште сметаат дека се бугари и дека треба да се борат за ослободување на бугарскиот народ од турско ропство. Неможејќи да ја спроведат идеата за ослободување на "бугарите македоски"од турско ропство со цел да ја вклопат територијата како дел од Бугарија.За да не ја вовлечат Бугарија во проблеми со османлиите тие ја истакнуваат идејата дека се борат за самостална држава. И се тоа така тера почнувајки од Даме Груев,Николка Карев,Јане Сандански па се до Тодор Александров и Иван(Ванчо)Михајлов за која може јасно да се види која е целта за борбата. Меѓутоа со појавата на Вмро-Обединета на Димитар Влахов почнува реалното јасно и веќе свесно политичко дејствување дека македонците се посебен народ со македонски идентитет.Овој патоказ и политички стремеж подоцна ќе резултира со осамостојувањето. |
|||||||
Внеси реплика | страница <1 2627282930 34> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |