|
CIN I, II и III |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | ||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ЛЕКУВАЊЕ НА ЦИН Лечењето на ЦИН предизвикан од ХПВ со медикаменти за сега не ги даде очекуваните резултати, па во главно ни преостануваат хируршките методи на лечење, било да се работи за локално деструктивни или ексцизиски (со кои се одстранува дел од цервикс) техники кои можат да се спроведуваат амбулантски или во болнички услови. Целта на лечење е во целост да се отстрани или уништи атипичниот епител на грлото на матката.
Во 60-тите години од минатиот век најпопуларна метода за лечење на ЦИН беше конизација со скалпел. Покасно во 70-тите, лекарите практичари предност дадоа на локално-деструктивните методи(криотерапија и електрокаутеризација). Од 1980 год. силно се прошири примената на ласер во лекувањето на ЦИН. Во 1990 год. Се прифати методата на отстранување на промените на цервикс со нисковолтажна дијатермиска омча (петелка) која денес е многу раширена во светот.
Лечењето на ЦИН со локално деструктивни методи значи потполно уништување на променетиот епител. Проблемот е во тоа што не можеме да бидеме сигурни дали абнормалниот епител е целосно уништен. затоа што немаме патохистолошка дијаноза. Овие методи смеат да се употребат само ако се исполнети следниве услови:
Атипичното ткиво со овие методи во целост се уништува така да нема можност за патохистолошка потврда на состојбата.
Од локално-деструктивни методи за лечење на ЦИН денес се достапни: - криотерапија, ласерска вапоризација, ладна коагулација и радикална дијатермија. Криотерапијата се употребува од 1968 год. Ладењето на ткивото е со течен азот на температура од -180 степени целзиусови, со специјална сонда која ја покрива целата промена при што настанува замрзнување и уништување на промената. Зафатот се изведува амбулантски и обично не е потребна аналгезија. Процентот на излекување просечно е 84%. Ласерот може да се употреби на два начина: 1-како ЦО2 ласер вапоризација и 2-како ЦО2 ласерска конизација. 1-Енергијата на ласерскиот зрак се апсорбира од течноста која е во самите клетки и околу нив, а вапоризацијата на ткивото се постигнува со коагулациониот ефект. Зафатот добро се поднесува во локална аналгезија и се работи под директна колпоскопска контрола. Ласерот овозможува максимална точност во уништување на ткивото (пример на зракот е од 0.5 до 2мм) и има можност да се одреди саканата длабочина на уништување на ткивото, обично од 8 до 10 мм. Заздравувањето е брзо со потполна епителизација на цервикс за три недели. Процентот на излекување просечно изнесува 92% со ниска стопа на компликации (крварење, стеноза на цервикален канал и инфекции) од само 4%. 2-Со ЦО2 ласерска конизација се отстранува дел од грло на матка во вид на конус кој се испраќа за патохистолошка анализа, што е и предноста на оваа, а и другите ексцизиони методи. Компликациите процентуално не се разликуваат многу од ласерската вапоризација. Заздравувањето е брзо, а сквамоколумната граница е добро видлива на контролните колпоскопски прегледи. ируршки зафат во кој со скалпел се одстранува дел од грлото на матката, изведувал Лисфранк уште во 1815 год. Термините конизација и конусна биопсија се користат како синоним за хируршки зафати со различен опсег, од стандардна конусна биопсија до ампутација на врат на матка во вид на голем конус.
Во лечењето на ЦИН со конизација се настојува да се постави точна дијагноза со патохистолошка обработка на отстранетото ткиво и истовремено лекување. Со конизацијата би требало да се отстрани променетиот епител во целост и барем една третина од цервикалниот канал. Зафатот се изведува во операциона сала во соодветна анестезија а ткивото се испраќа за хистопатолошка анализа. Како компликации може да се јават- крварење(6%), цервикална стеноза(17%), неплодност(4%), компликации во бременост(1%) и ретки постоперативни инфекции. Во 1981 год. Цертиер прв опишал електродијатермиска ексцизија на променетиот епител со жичана омча, која ја прифатиле и други автори и ја нарекле ЛЛЕТЗ (Ларге Лооп Еџцисион оф тхе Трансформатион Зоне). Методата набргу е прифатена и од северноамериканските автори под името ЛЕЕП (Лооп Елецктросургицал Еџцисион Процедуре). Во САД 85% од гинеколозите ја примеунваат оваа метода. Се користи нисковолтажна монополарна високофеквентна струја која истовремено и сече и коагулира така да крварењето е минимално. Оваа метода се користи и во дијагностички и во терапевтски цели, а зафатот може да биде биопсија, ексцизија на цела трансформациона зона до опсег на конизација а добиениот материјал се испраќа за патохистолошка анализа. Како индикации за ЛЛЕТЗ се сите степени на ЦИН докажани со биопсија со задоволителен колпоскопски наод. Контраиндикација е позитивен наод од ендоцервикална киретажа, незадоволителен колпоскопски наод, инвазивен карцином, коагулопатии, бременост, инфекции, првите три месеци по породување. Има низок процент на компликации(2-4%) а излекување се постигнува од 90% до 97%. Кај помлади жени кои не раѓале се пристапува на хируршко лечење дури откако ќе се исцрпат сите можности за конзервативна терапија и спонтана регресија. Без оглед која метода ќе се одбере, поради можните рецидиви потребни се задолжителни цитолошки а по потреба и колпоскопски прегледи. Во првата постоперативна година ПАП тест се прави на 3-4 месеци. Ако во втората година наодите се уредни ПАП тест се прави на секои 6 месеци. Потоа се продолжува со редовни гинеколошки прегледи Спец. Д-р. Зоран Јовановски
гинеколог – акушер |
||
ANITA11
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
fala zamislena
|
||
Jullie28
Нов член Регистриран: 21.Јануари.2012 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Здраво! Дали некој ги има користено вагиналетите 5 Fluorouracil и искуството со нив, јас имам ЦИН 1 и би сакала да знам за овие вагиналети?
|
||
Lormara
Нов член Регистриран: 16.Февруари.2014 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Здраво,
неодамна ми беше дијагностициран ЦИН1, и после неколку прегледи и консултации (на мое инсистирање) докторот не ми кажа ништо конкретно, освен тоа дека ќе треба да се повтори ПАП тестот за неколку месеци. Почнав по препорака од пријателка да ги пијам Бета Глукан, но се‘ си мислам дека само тоа не е доволно. Исто така, на ЦИН-от му претходеше вагинална инфекција, за која матичниот гинеколог ми ја пропиша секоја можна вагиналета и таблета, ама ништо како да не помага. Некој друг искуство со ова? Благодарам. |
||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не може да не ти каже ништо.
ЦИН 1 најчесто се повлекува без терапија, затоа веројатно не ти дал ништо. Правеше колпоскопија?
|
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
Radmila Rada
Нов член Регистриран: 12.Декември.2013 Статус: Офлајн Поени: 38 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Моја пријателка имаше цин2... многу лошо го прифати тоа, отиде во Плодност и му дадоа терапија некоја... откако направи биопсија последно му кажаа дека сега се е во ред
|
||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
,,,se dodeka so biopsija e I,,,i ,,II,,,,ne se prevzimaat hirurški zahvati,,,,a za III e definitivno indiciran,,,,
|
||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Од сите 38 постови сфативме дека Плодност се единствени |
||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||
Radmila Rada
Нов член Регистриран: 12.Декември.2013 Статус: Офлајн Поени: 38 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Од мое лично и искуство на многу што ги знам а имале проблеми, богами Најдобри се |
||
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |