IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Медиуми
  Активни теми Активни теми RSS - Им верувате ли на вестите на Сител?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Им верувате ли на вестите на Сител?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2012 во 06:22
Originally posted by Aron Aron напиша:

Сите сме сведоци дека Сител е исполитизирана телевизија.

Имаш право, како и сите останати телевизии во МК. Само не ми е јасно што си се фатил само за Сител. 
Ако тераш некоја објективност ќе ги споменеш и другите. Ама ти си се закачил за Сител, вероватно затоа што е провладина, а ти си антивладино настроен.
Така да и ти си исполитизиран бе пријател.

Објективна или независна ТВ станица или радио во МК не постои. Или се за едниот блок или за другиот.

За да еден медиум е независен, ама во вистинската смисла на зборот, позади него треба да стои мултимилионер кој е тотално независен и од едната и од другата политичка гарнитура, а и сите бизниси ги води чесно за да не му се мисли кога ќе дојде инспекција испратена дали од едните дали од другите за да го фаќаат во тесно.

Таков човек или институција во МК не постои, ниту пак некогаш постоела, а богами и во наредни дваесетина години тешко дека ќе се појави такво нешто.

Затоа ми се одвратни муабети како овој дека овие биле исполитизирани, а другите не се спомнуваат, од авион се гледа насоката на муабетот. 
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2012 во 03:11
Денес слушав за гледаноста на вестите на Сител. Деманти, деманти и деманти. Сеа се закачија со Канал 5. 

Не знам, не верувам на никого. Зошто па да им верувам. Ете ми го Гугл, никогаш не ме изневерил. 
Всушност секој си ја презентира онаа страна од вистината што им одговара. Барем во Македонија. Кога ќе ми текне порано, А1 не даваше ама баш ништо позитивно за ВМРО. Сега овие обратно.

Смешни се, мислат дека народот е глуп па нема пристап до други информации. ОК, за гледаноста можеби беа во право, си има мерачи на гледаност. Ама за многу други работи не се баш секогаш во право!
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Aron Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 17.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Aron Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2012 во 01:36
Сите сме сведоци дека Сител е исполитизирана телевизија. Не мора ни да наведувам чија страна ја држат бидејќи сите го знаеме тоа многу добро. Доволно е да погледнете еден Дневник со Латас и се` ќе ви биде јасно. Гледам во последно време, откако (конечно) успеаа да ја бутнат А1 наводно вестите им биле најгледани. Ме интересира колку вие им верувате на овие вести?

Мое лично мислење е дека една исполитизарана редакција како таа на Сител не може да има поинакви вести од исполитизирани. Како една ваква телевизија може да биде објективна кога сите знаеме кој, така да кажам, ја држи оваа телевизија и кој ја дигна на ова место кадешто е сега, симнувајќи ја од таму А1 на толку безобразен начин како што го направија тоа? Зарем нема Сител секако да си ги величаат добродетелите, па макар и какви и да биле овие? Зарем мислите дека тие можат да бидат објективни? Јас би рекол НЕ!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.