Им верувате ли на вестите на Сител?
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Медиуми
Опис на форумот: Телевизии, радио, списанија, весници...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25394
Датум на принтање: 21.Ноември.2024 во 22:20 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Им верувате ли на вестите на Сител?
Постирано од: Aron
Наслов: Им верувате ли на вестите на Сител?
Датум на внесување: 18.Јануари.2012 во 01:36
Сите сме сведоци дека Сител е исполитизирана телевизија. Не мора ни да наведувам чија страна ја држат бидејќи сите го знаеме тоа многу добро. Доволно е да погледнете еден Дневник со Латас и се` ќе ви биде јасно. Гледам во последно време, откако (конечно) успеаа да ја бутнат А1 наводно вестите им биле најгледани. Ме интересира колку вие им верувате на овие вести?
Мое лично мислење е дека една исполитизарана редакција како таа на Сител не може да има поинакви вести од исполитизирани. Како една ваква телевизија може да биде објективна кога сите знаеме кој, така да кажам, ја држи оваа телевизија и кој ја дигна на ова место кадешто е сега, симнувајќи ја од таму А1 на толку безобразен начин како што го направија тоа? Зарем нема Сител секако да си ги величаат добродетелите, па макар и какви и да биле овие? Зарем мислите дека тие можат да бидат објективни? Јас би рекол НЕ!
|
Коментари:
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 18.Јануари.2012 во 03:11
Денес слушав за гледаноста на вестите на Сител. Деманти, деманти и деманти. Сеа се закачија со Канал 5.
Не знам, не верувам на никого. Зошто па да им верувам. Ете ми го Гугл, никогаш не ме изневерил. Всушност секој си ја презентира онаа страна од вистината што им одговара. Барем во Македонија. Кога ќе ми текне порано, А1 не даваше ама баш ништо позитивно за ВМРО. Сега овие обратно.
Смешни се, мислат дека народот е глуп па нема пристап до други информации. ОК, за гледаноста можеби беа во право, си има мерачи на гледаност. Ама за многу други работи не се баш секогаш во право!
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 18.Јануари.2012 во 06:22
Aron напиша:
Сите сме сведоци дека Сител е исполитизирана телевизија. |
Имаш право, како и сите останати телевизии во МК. Само не ми е јасно што си се фатил само за Сител. Ако тераш некоја објективност ќе ги споменеш и другите. Ама ти си се закачил за Сител, вероватно затоа што е провладина, а ти си антивладино настроен. Така да и ти си исполитизиран бе пријател.
Објективна или независна ТВ станица или радио во МК не постои. Или се за едниот блок или за другиот.
За да еден медиум е независен, ама во вистинската смисла на зборот, позади него треба да стои мултимилионер кој е тотално независен и од едната и од другата политичка гарнитура, а и сите бизниси ги води чесно за да не му се мисли кога ќе дојде инспекција испратена дали од едните дали од другите за да го фаќаат во тесно.
Таков човек или институција во МК не постои, ниту пак некогаш постоела, а богами и во наредни дваесетина години тешко дека ќе се појави такво нешто.
Затоа ми се одвратни муабети како овој дека овие биле исполитизирани, а другите не се спомнуваат, од авион се гледа насоката на муабетот.
------------- "Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 18.Јануари.2012 во 06:33
Хмм, прашањето е Дали им веруваме на вестите на Сител а не дали коментаторите се исполитизирани.
Може секој да си го даде мислењето без разлика дали е политички определен или не. Темава е конкретно дали на Сител им веруваме, ако смета некој дека треба да се отвори тема Дали им верувате на вестите на Канал 5, слободно нека отвори.
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: dejanpp
Датум на внесување: 18.Јануари.2012 во 11:09
jas ne im veruvam na sitel najmnogu doverba imam na kanal5
|
Постирано од: pHp
Датум на внесување: 18.Јануари.2012 во 11:45
Дали им верувам на вестите? Секако, па вистините се, впрочем тоа може и да се провери. Сосема друго прашање е како и во која конотација се пренесуваат.
------------- Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
Постирано од: abnormalen
Датум на внесување: 18.Јануари.2012 во 14:25
Ja se si krkam shto ke mi serviraat, koga nema neshto povkusno jadi shto ti davaat.
------------- Gluposta e najneobična od site bolesti - od nea NE pati bolniot tuku, SITE OSTANATI!
|
Постирано од: Novak Nastich
Датум на внесување: 19.Јануари.2012 во 04:35
A be Prilepcanec...izmetot ke si ostane izmet..ma vo kakov celofan i da go stavis..e da razlikata e sto Kanal 5 e pomalo zlo,najgolemo e MTV..ali SITEL e Satanata licno
------------- Mantijata e Klovnovski kostum sto go nosat dvorskite shutovi na nebesniot dvor
|
Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 19.Јануари.2012 во 06:05
Novak Nastich напиша:
e da razlikata e sto Kanal 5 e pomalo zlo,najgolemo e MTV..ali SITEL e Satanata licno |
Ма ајде богати, што ми изнаприча, а А0 додека беше меѓу живите гарант као од рајот да беше излезена, така ли???
------------- "Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 19.Јануари.2012 во 11:30
не верувам на ниедни вести
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: Novak Nastich
Датум на внесување: 19.Јануари.2012 во 15:43
Zeksi71 напиша:
Novak Nastich напиша:
e da razlikata e sto Kanal 5 e pomalo zlo,najgolemo e MTV..ali SITEL e Satanata licno |
Ма ајде богати, што ми изнаприча, а А0 додека беше меѓу живите гарант као од рајот да беше излезена, така ли??? |
Slusaj Zeko,ne mislam deka bilo koj izlegol od rajot,vsusnost jas bas mnogu i ne veruvam vo cela taa koncepcija na raj i pekol,ali ako veke insistiras,onda mora nesto da si pobrkal..Zarem u rajot,(ili pekolot-whatever)ne se idese duri po smrtta? Kako e mozno nekoj da izleze od rajot? A vtoro sporedmene celta na sekoj medium treba da bide kriticki odnos kon vlasta,pa makar taa bila i najsovrsena sto moze da bide!Sekoj medium treba da iznaogja nacini,da reagira,ukazuva,otkriva stvari na koi vlasta moze da vlijae za dobroto na gragjaninot,i sekogas treba da bide (mediumot) malku pro-opoziciono nastroen..a ne ko Latas i SITEL.tolku mu se vovlekuvaat u supak na Grujo,sto sekoj momenat ocekuvam deka ovoj od usta ke gi izvadi..e toa imav da ti kazam Zeko-No hurt feelings
------------- Mantijata e Klovnovski kostum sto go nosat dvorskite shutovi na nebesniot dvor
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 19.Јануари.2012 во 16:07
Novak Nastich напиша:
A vtoro sporedmene celta na sekoj medium treba da bide kriticki odnos kon vlasta,pa makar taa bila i najsovrsena sto moze da bide!Sekoj medium treba da iznaogja nacini,da reagira,ukazuva,otkriva stvari na koi vlasta moze da vlijae za dobroto na gragjaninot,i sekogas treba da bide (mediumot) malku pro-opoziciono nastroen. |
Медиите во своите известувања треба да бидат неутрални, да ја презентираат реалноста и вистината за збиднувањата онакви какви СЕ и треба да им остават на луѓето да си извлечат свои заклучоци.
Во своите програми за коментари и анализи имаат прилика да ги изнесат погледите на уредништвото или на поединечните новинари кои можат да бидат критички настроени кон владата.
И се сложувам со ставот дека медиите треба да имаат повеќе критички (не критизерски или фалсификаторски) став отколку подржувачки. Како што веќе посочи во својот коментар, тоа придонесува кон посочувањето и укажувањето на владините слабости и ја држи истата одговорна за сите постапки под лупата на јавното око, а истовремено служи како противтежа за обичниот граѓанин кој инаку нема никаква сила или влијание во споредба со севкупниот државен апарат и капитал од страна на владата.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: annaja
Датум на внесување: 21.Јануари.2012 во 13:56
Не им верувам
|
Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 21.Јануари.2012 во 13:57
Kunem se u njih...
ova, da, veruvam deka se vesti...
------------- Incredible Blue
|
Постирано од: Novak Nastich
Датум на внесување: 17.Февруари.2012 во 10:03
------------- Mantijata e Klovnovski kostum sto go nosat dvorskite shutovi na nebesniot dvor
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 17.Февруари.2012 во 10:42
НЕ.
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: FosterThePeople
Датум на внесување: 10.Март.2012 во 21:51
Не им верувам на ниту едни вести.Освен за временската прогноза.
------------- I just wanna feel real love.
|
|