|
Кога монахот ќе одлучи да го напушти манастирот и |
Внеси реплика | страница <1 234 |
Автор | |||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Инаку и јас се согласувам дека не може се` да биде вистина, но сите религии содржат делови од вечната вистина. Добра илустрација е (мислам, арапска ли беше) приказна со луѓето кои во темница се обидувале со помош на сетилото за допир да го опишат слонот како изгледа, па едниот рекол слонот е како змија бидејжи ја фатил сурлата, другиот рекол не не, како лист од палма е бидејќи го фатил за уво и тн. Слонот ништо од тоа не е но со право може во делови да се спореди со сето она кое тие го изнесувале. Е сега со приказната е полесно, ќе запали некој светло и ќе се види што е, со религиите е посложено бидејќи повеќето се стари и претрпеле многу перипетии низ историјата. Токму затоа има потреба од современ божји пратеник - пророк, преку кој Бог ќе ја запали светилката т.е. ги објасни нештата како навистина стојат. |
|||||
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
|
|||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Кажаното од него е правило во логиката, независно дали тој е паганин, атеист, политеист, монотеист или нешто друго.
Од еден мој поранешен пост:
Секако, палењето не се случило. Изменето од Македон - 11.Септември.2011 во 16:11 |
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Indijska, ne arapska. Arapite nemaat slonovi. Indijcite so taa prikazna ilustriraat kako celinata se manifestira vo navidum nepovrzani delovi i kako poradi majata lugjeto tie delovi si gi interpretirat na svoj nachin. |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Paganite bile genijalni lugje koi i do deneshen den ne se pravilno razbrani i se demonizirani od odredeni veri. Vo paganstvoto cvetaa naukata i filozofijata... koga zacaruva Hristijanstvoto seto toa otide vo rikverc i vo Evropa se vtemelija crnite vekovi. P.S. Nadvor sum od temata, pa zatoa ne prodolzhuvam i ne se nadovrzuvam ponatamu. |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Bronhi
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 348 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Според црковното право: Монахот не смее да излезе од манастирот без дозвола од игуменот.
Што се однесува до напуштање на монаштвото тоа е личен избор, како што е личен избор и прифаќањето на истиот. Лично се согласуваш со правата и обврските што произлегуваат од замонашувањето. Никој не може да те замонаши со сила (би било невалидно), ниту пак да те размонаши со сила доколку немаш грешки во учењето. Проблем настанува за оној што самоволно би заминал доколку е во свештенослужителски чин (ѓаконски, свештенички или епископски). Монашкиот потстриг е лично ветување додека свештеничкото ракополагање е нешто сосема друго - еднаш ракоположен, за навек ракоположен. НО исто така доколку си во некој свештенослужителски чин и ти текне „од денес веќе не сум свештенослужител“ НИКОЈ не може со сила да те натера да бидеш! Ќе има санкции но во доменот на духовното бидејќи ниту една Православна црква нема право да те лиши од слобода или сл. Тоа што самиот си се откажал од свештенослужителскиот чин зборува дека или си свесен за духовните последици и си подготвен да се соочиш со истите, или воопшто не сметаш дека истите се релевантни.
|
|||||
Земете БРОНХИ полесно се дише
|
|||||
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Kakvi sankcii? |
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Без навреда, ама таа вашата „пророчица“ може без проблем да направи сценарио за сајнс-фикшн филм. |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Не е спорно дека имало паганска интелегенција, која со тек на време замрела, но да се рече дека со Христијанството се’ отишло во рикверц, е надвор од разумот и реалната историја. Да се потсетиме на вистината: „Правната држава, која е толку вообичаена за нас денес, и е формирана врз основа на римското право, била создадена токму во Византија, пред 1500 години. Правниот систем, кој е основа на сите типови закони во повеќето современи држави, – е колосална творба на Византиската јуриспруденција од епохата на императорот Јустиниан. Системот на школското и висoкото образование прво на светот се појавил во Византија; токму овде во V век се појавил првиот универзитет. Во Византија бил создаден најстабилниот финансиски систем во историјата на човештвото, кој останал практично во неизменет облик повеќе од 1000 години. Современата дипломатија со нејзините основни принципи, правила и норми на однесување – се создавала и обликувала овде, во Византија. Инженерската уметност и архитектура на Византија немале рамни на себе, па и денес ремек-делата на Византиските мајстори – како куполата на Света Софиа, восхитуваат со совршенството на техничката изведба. Никоја друга империја во историјата на човештвото не опстанала толку долго, како Византија. Таа постоела 1123 години. За споредба: големиот Рим паднал по 800 години од основањето, Османскиот султанат се распаднал за 500 години, кинеската империја Цин – за 300 г., Руската империја постоела 200 години, Британската – 150, Австро-Унгарската – околу 100 години. На територијата на Византија во периодот на процвет живеела шестина од населението на Земмјата. Империјата се простирала од Гибралтар до Еуфрат и Арабија. Во неа припаѓале териториите на современите Грција и Турција, Израел и Египет, Бугарија, Србија и Албанија, (Македонија – забел. на прев.), Тунис, Алжир и Мароко, дел од Италија, Шпанија и Португалија. Во Византија имало околу 1000 градови – речиси толку, колку во современа Русија. ...во текот на илјади години сета меѓународна тоговија била основана на златната Византиска монета.“ Византија во нејзиниот најголем подем била нешто за што сега народот сонува, ама не може да го оствари - космополитска империја базирана на христијански етички и морални принципи. Во случајот со Византија, токму тоа паганство изиграло голема улога како еден од причинителите за да се случи распадот на самата империја и на онаа извесна идила која била постигната. Имено, кога Грците, кои во тоа време како и сите останати народи кои живееле во Византија се нарекувале Ромеи, почнале да се осврнуваат на западните култури кои живееле национално одвоено гордеејќи се со своите пагански претци, и самите почнале да се чувствуваат како одвоена националност, потомци на грчките филозофи, а со тоа почнале надмено и арогантно да се однесуваат кон другите народи во Византија. Тоа со тек на времето прераснало во големи немири кои довеле до пад на едно од најуспешните и највеликите царства на секое поле. Значи, се’ додека идеалот бил Христос, Византија цветала, а кога идеалот станал овоземен - пагански, тогаш се’ се растурило. Тоа не значи дека немало проблеми, бидејќи сепак тие се човечка слабост, но битен е нивниот начин на решавање. Кога се гледа христоцентрично, неминовно доаѓа до успех, а кога ќе се почне наместо нагоре, погледот да се движи надолу, тогаш доаѓа до вистински пад, кое што целата историја на човештвото го докажува, почнувајќи од Адам и Ева. |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Sekoj mozhe da si ja tolkuva istorijata kako miluva, no nauchno-istorijski fakt e deka crnite vekovi vo Evropa zapochnaa so vtemeluvanjeto na Hristijanstvoto vo Rimskata Imperija i nejzinoto raspagjanje pochnuvajkji od pettiot vek. Posle kusotrajniot Renesansen period, rabotite pochnaa temelno da se menuvaat od 16 vek so pojavata i razvivanjeto na Reformizmot. Vistinskata presvrtnica nastanuva vo 17 i 18 vek so doagjanjeto na taka narechenite Vekovi na Razumot i Prosvetluvanjeto. Volter i Kant so pravo ja osudija hristijanskata religiozna dominacija vo opshtestvata kako glaven krivec na socijalniot i nauchniot regres vo Evropa. Изменето од Messenger - 03.Јануари.2012 во 16:32 |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Твојот коментар не ме навредува, но имај во предвид дека тој може да се даде за било која религија, па и онаа која ти ја прифаќаш за вистинита. Толку многу „специјални филмски ефекти„ колку што има во религиите(претворање на виното во нечија крв, зачнување без секс, предмети со магична моќ и др.), тоа ни Лукас со Спилберг веројатно не ќе умееле да направат. |
|||||
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Наведи конкретно кои црни векови. Верувај ми, на секоја „црна точка“ што ќе ја дадеш во Христијанството, може да се даде контра „црна точка“ за паганизмот. Патем, кога јас зборувам за Христијанството, под Христијанство го подразбирам правото учење кое е дадено од Господ Исус Христос преку апостолите и пренесено преку Светите Отци. А оние Крстоносни војни и сл. чудесии од западниот свет, за жал се производ на отпаѓање од Бога, производ кој нема никаква врска со вистинската вера. Тоа е злоупотреба на Вистината од страна на духовно болни умови за свои лични интереси. А Волтер и Кант... кој фактор и кое мерило се тие?! Што направиле тие во животот добро, за да имаат образ да посочат едно цело верување како негативно? |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Само правиш превид на едно нешто - претворањето на виното и лебот во Тело и Крв Христова ден денеска се докажува, додека она што ти го тврдиш е само пуста хипотеза која нема основа и никогаш не може да биде докажана. Во врска со магичната моќ што ја спомнуваш, не знам каде прочита дека некој предмет во христијанството има магична моќ, кога христијаните не веруваат во магично стекнување на било што (барем правоверните христијани). А доколку мислиш на чудотворни икони и мошти и сл., тогаш си во грешка, затоа што тоа не е магија, туку Божја благодат која се пројавува низ одредени предмети, како што тоа била змијата во Стариот Завет за времето на Мојсеја или убрусите и облеката на апостолите и Господ во Новиот Завет (но, претпоставуавм тебе ниту овие примери не ти значат ништо, затоа што според толкувањето на „пророчицата“ што ја следите, Светото Писмо е искривено, изопачено, фабрикувано, менувано и што ли уште не, па затоа и не постои ни основа за разговор со факти, затоа што секој факт и вистина за тебе ќе биде фикција и измислување). Секое добро! |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Мене лично ми е сеедно, Исус ете нека и не бил во заедништво со жена, ама ов ати што го велиш е уште поголема хипотеза:
|
|||||
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
|
|||||
Внеси реплика | страница <1 234 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |