IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Почина Претседателот Киро Глигоров
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Почина Претседателот Киро Глигоров

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2012 во 09:38
Со цела почит,почивај во мир !розарозарозароза
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2012 во 15:05
Ако треба да кажам лично - за мене е ден на радост, ...


п.с.
умре уште еден “гробар на Македонија“
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2012 во 18:14
Лесна му земја  на првиот претседател на самостојна Македонија. На човекот кој на плоштадот во Скопје прв ја честита самостојноста. На човекот кој за прв пат од говорницата во ОН проговори  на македонски јазик.
Вечна му славароза
Кон врв
Diogen Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 355
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Diogen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2012 во 18:26
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Ако треба да кажам лично - за мене е ден на радост, ...


п.с.
умре уште еден “гробар на Македонија“
Кој и да ти е мотивот за ваквто размислување, многу грешиш.
Прво, без разлика на која партија и припаѓал, каква политика застапувал, Киро Глигоров е првиот претседател на независна Република Македонија, избран од најголемиот дел на народот, ценет од сите светски политичари, мудар и скромен, скромен во се , па и во својата последна желба, да биде скромно закопан, да има семеен погреб а не фараонски.
Треба да имаме почит кон секој претседател на Република Македонија, но таков ни е генот, надвор да не почитуваат, дома да не плукаат.
И, уште нешто, тој што го нарекуваш гробар, водеше политика која на многу изроди им пречеше, па затоа и му направија атентат, за среќа неуспешен. Таа среќа ја немаше претседателот Борис Трајковски, уште еден чесен човек кој својата искреност и чесност ја плати со највисока цена.
И покрај твојот обид и во овој момент да го извалкаш неговото име, Киро Глигоров ќе биде запишан во историјата. Имињата на таквите како тебе се осудени на заборав, тоа ти е суровата вистина.
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2012 во 20:20
Originally posted by Diogen Diogen напиша:

Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Ако треба да кажам лично - за мене е ден на радост, ...


п.с.
умре уште еден “гробар на Македонија“
Кој и да ти е мотивот за ваквто размислување, многу грешиш.
Прво, без разлика на која партија и припаѓал, каква политика застапувал, Киро Глигоров е првиот претседател на независна Република Македонија, избран од најголемиот дел на народот, ценет од сите светски политичари, мудар и скромен, скромен во се , па и во својата последна желба, да биде скромно закопан, да има семеен погреб а не фараонски.
Треба да имаме почит кон секој претседател на Република Македонија, но таков ни е генот, надвор да не почитуваат, дома да не плукаат.
И, уште нешто, тој што го нарекуваш гробар, водеше политика која на многу изроди им пречеше, па затоа и му направија атентат, за среќа неуспешен. Таа среќа ја немаше претседателот Борис Трајковски, уште еден чесен човек кој својата искреност и чесност ја плати со највисока цена.
И покрај твојот обид и во овој момент да го извалкаш неговото име, Киро Глигоров ќе биде запишан во историјата. Имињата на таквите како тебе се осудени на заборав, тоа ти е суровата вистина.

Види богати, Тетратка грешел, а ти као нешто безгрешен, така ли Диоген, а ваму еден куп невистини искажуваш.

Дека е прв претседател на МК тоа е точно, но избран во собранието, а не од народот, што е огромна разлика. Народот тогаш не го ни познаваше Глигоров, му го наметнаа удбашките структури во и надвор од МК.
Вториот пат "победи" заедно со неговото чедо Бранко на најмафијашките избори било кога одржани во Европа, кога цела опозиција остана надвор од парламентот поради тотален фалсификат на изборите.

Во право си кога викаш дека треба да се има почит кон претседателот на МК, но мојата почит не ја заслужил ни еден досегашен претседател на МК. Ни Глигоров ( го продаде знамето, уставот, името, со еден збор национално предавство ), ни Трајковски ( западњачки полтрон кој со рамковниот договор де факто го порази македонскиот народ за век и веков ), а за рошавиот бандит не ни сакам да трошам зборови. 

За на крај нема потреба некој да го валка името на Глигоров, доволно самиот си го има извалкано со неговата политика, неговиот однос кон МК.
И да, дефинитивно ќе биде запаметен као еден од гробарите на македонската сувереност и независност веднаш по добивањето на истата.


"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2012 во 21:26
го почитував зашто беше можеби единствен човек кој не ја заборави никогаш основната и најважна човекова особина-СКРОМНОСТА,покрај неговиот брилијантен ум
остана скромен до крај
розароза
почивај во  мир Претседателе
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Diogen Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 355
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Diogen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2012 во 21:40

Можеби си во право, еве некои од неговите најголеми грешки:

Кога Македонија се бореше за независност, некој тврдеше дека само со крво може да се добие независноста. Тоа и ќе го добиевме, ЈНА беше на све спремна, но Глигоров успеа да договори мирно повлекување на ЈНА, без испукан куршум се прогласи независност. Можеби требаше да војуваме, да се лее крв, да се дели Македонија на кантони и зони....
Втора грешка е што го „продаде“ името. Името, кое со лисабонската декларација требаше да го смениме, за да бидеме признаени. Згреши што не го смени името , направи компромис, за да влеземе во ООН, и преку неа да влеземе во многу организации. Благодарејќи на тоа „предавство“ , влеговме во светските организации, дознаа за Македонија,под уставно име не признааа повеќе од 120 земји, меѓу нив и големите светски сили. Останаа да не уценуваат само авторите на лисабонската декларација, ама времето ги гази. Можеби требаше да тераме инат, да бидеме изолирана земја, надвор од сите организации,ама денес ќе немавме што да браниме.
Да, направил многу „гревови“, кои можеби ќе бидат разбрани покасно, ако реално се гледаат сите околности и што можело да биде поинаку. И да, многу угледни светски политичари ќе речат дека бил мудар политичар, но ние ќе плукаме по него, оти тоа ни е во гените.
Нека почива во мир, ќе биде запишан во Македонската историја како голем државник.
Толку од мене, продолжете со плукање.....
 
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2012 во 21:41
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

Originally posted by Diogen Diogen напиша:

Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Ако треба да кажам лично - за мене е ден на радост, ...


п.с.
умре уште еден “гробар на Македонија“
Кој и да ти е мотивот за ваквто размислување, многу грешиш.
Прво, без разлика на која партија и припаѓал, каква политика застапувал, Киро Глигоров е првиот претседател на независна Република Македонија, избран од најголемиот дел на народот, ценет од сите светски политичари, мудар и скромен, скромен во се , па и во својата последна желба, да биде скромно закопан, да има семеен погреб а не фараонски.
Треба да имаме почит кон секој претседател на Република Македонија, но таков ни е генот, надвор да не почитуваат, дома да не плукаат.
И, уште нешто, тој што го нарекуваш гробар, водеше политика која на многу изроди им пречеше, па затоа и му направија атентат, за среќа неуспешен. Таа среќа ја немаше претседателот Борис Трајковски, уште еден чесен човек кој својата искреност и чесност ја плати со највисока цена.
И покрај твојот обид и во овој момент да го извалкаш неговото име, Киро Глигоров ќе биде запишан во историјата. Имињата на таквите како тебе се осудени на заборав, тоа ти е суровата вистина.

Види богати, Тетратка грешел, а ти као нешто безгрешен, така ли Диоген, а ваму еден куп невистини искажуваш.

Дека е прв претседател на МК тоа е точно, но избран во собранието, а не од народот, што е огромна разлика. Народот тогаш не го ни познаваше Глигоров, му го наметнаа удбашките структури во и надвор од МК.
Вториот пат "победи" заедно со неговото чедо Бранко на најмафијашките избори било кога одржани во Европа, кога цела опозиција остана надвор од парламентот поради тотален фалсификат на изборите.

Во право си кога викаш дека треба да се има почит кон претседателот на МК, но мојата почит не ја заслужил ни еден досегашен претседател на МК. Ни Глигоров ( го продаде знамето, уставот, името, со еден збор национално предавство ), ни Трајковски ( западњачки полтрон кој со рамковниот договор де факто го порази македонскиот народ за век и веков ), а за рошавиот бандит не ни сакам да трошам зборови. 

За на крај нема потреба некој да го валка името на Глигоров, доволно самиот си го има извалкано со неговата политика, неговиот однос кон МК.
И да, дефинитивно ќе биде запаметен као еден од гробарите на македонската сувереност и независност веднаш по добивањето на истата.




Дечки (се однесува на сите погоре цитирани)

Темава не е наменета за да го плукате Киро Глигоров. Сакале или не, вистината е дека тој исто како што имаше добри потези, имаше и лоши. Некои од нив и донесоа добро на Македонија а некои лошо. 
Како такви остануваат позади нас. 
Всушност како што мене ми изгледа никој не е избран од народот. На нас секогаш ни свиркаат од надвор кој треба да победи. 

Човекот почина. Го нема меѓу нас. Јасно ви е тоа? Оставете ги за момент партиските препукувања и оддадете почит како што доликува. 
Ако не ви е дојдено до тоа, сите соберете се во темата од култузин за Киро Глигоров во историја и дебатирајте за неговата политичка кариера во минатото.

Фала. Пријатнода
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2012 во 21:58
Транзициската Багра не издржа ни еден ден без да се обиде да собира политички поени како и многу пати досега дури и врз грбот на починати. Ова го очекував секој момент да се случи и се случи веднаш после погребот.


Зошто од ДПМНЕ не дојдоа на погребот на претседателот!?

Вторник, 03 Јануари 2012 21:05

Зошто ниту еден функционер од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ не дојде на погребот на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров прашува пратеникот од СДСМ Јани Макрадули




http://www.time.mk/read/927be6a434/c5d057f5e5/index.html


СТОКА без срам и образ...

Можеби сум остар во изјавата но навистина сум изреволтиран. 

Фамилијата на Киро Глигоров сама посака погребот да биде во рамки на најтесната фамилија. 

Ако дојдоа од владата тогаш ќе беше лицемери , сега кога не дојдоа зошто не дојдоа?

Вака господа не се враќате на власт вашата бесчуствителност и желба за власт макар и преку мртви веќе не поминува кај овој народ.



Изменето од kultuzin - 04.Јануари.2012 во 03:33
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2012 во 03:29
Zeksi последна опомена!
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2012 во 04:44


Neznam zosto sekogas se naogja po nekoj  sto frustraciite mora da gi isturi na sekoja tema i da ja upropasti sekoja ponatamosna diskusija...
Osobeno na tema kade sto se iskazuva pocit na pokoen covek da vletas kako padobranec, ne so cel da diskutiras tuku da ja dokazes teorijata deka "samo covekovata glupost i vselenata se beskrajni"...
I zgora na toa da tvrdis deka si vernik...ccccc

Изменето од Ninja 35 - 04.Јануари.2012 во 23:15
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2012 во 05:07
Gligorov beshe prviot pretsedatel na nezavisna Makedonija i kako takov e neddeliv del od makedonskata istorija.


Ova treba da se prifati bez obzir dali toa ni se dopagja ili ne.


Temava e otvorena po povod negovoto pochinuvanje i doblesno e komentarite i replikite da se odnesuvaat na toa.


Dokolku sakate da diskutirate shto stori Gligorov za Republika Makedonija odite na podforum Istorija kade shto imate soodvetna tema Киро Глигоров (1917-2012). Tamu diskutirajte i elaborirajte kolku shto sakate.





Изменето од Messenger - 04.Јануари.2012 во 16:09
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2012 во 07:53
RIP Mr. President. не вреден
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2012 во 15:53

До Претседателот Глигоров

Ерол Ризаов

Со време ќе бидеме многу погорделиви кон Вашето историско дело

Првиот текст во Новата 2012 година Ви го посветувам Вам почитуван претседателе Глигоров. Престанувате да и' пркосите на природата и на биологијата. Тоа го одлучивте наполно спокоен и сосема свесен дека веќе си го заземате своето заслужено место во историјата. Со време и ние, а особено оние што доаѓаат ќе бидеме многу погорделиви со Вашето дело како прв претседател на независна и слободна Република Македонија, но и за многу други работи што ги направивте за својата Татковина и за својот народ. Историјата е тука непогрешлива, кој колку сака сега нека брише и нека допишува, науката ги става работите таму каде што им е местото. Некогаш за тоа треба повеќе време. Кај Вас тој процес е почнат од поодамна и ќе трае, се надевам, без можности некој да го попречи.

Почитуван Претседателе, кога кој било човек ќе наполни 90 години, фер е кон него да се однесуваме со посебен респект и внимание. Но, кога првиот претседател на една држава за неколку месеци ќе влезе во 96. година од животот и е наш современик, но и на повеќе генерации македонски страдалници, кога е современик и директен учесник на големи историски настани, ред е тоа внимание да биде изразено на еден посебен начин како кон една историска институција на државноста, како кон голем државник, како кон татко на нацијата. Вие тоа внимание од граѓаните го добивате не како култ на личност, ниту од страв, ниту од лицемерство, туку исклучиво како почит и уважување, како среќа и придобивка што бевте на чело на државата во нејзините најтешки мигови и што дадовте огромен придонес за осамостојување на Република Македонија. Огромна е Вашата заслуга што независноста на Македонија е стекната без ниту еден испукан куршум и без ниту една жртва. Распадот на Југославија беше проследен со големи трагедии, најголеми по Втората светска војна на европскиот континент. Илјадници жртви, опустошени градови и села, големи преселби и напуштање на родните огништа беа драматичните слики од нашето најблиско соседство, од некогаш нашата заедничка татковина кои го обиколија светот и оставија вечни рани на овие простори. Со Вашите мудри одлуки, заедно со Вашите соработници успеавте Македонија да ја тргнете настрана од оваа голгота. Единствено Македонија доби независност без ниту една жртва на своја територија. Македонски жртви имаше само на боиштата низ Југославија. Тогаш злогласната Југословенската армија замина од Македонија со Договор како од суверена држава на кој стои Ваш потпис. Останува како историска порака Вашата реченица: „Сето тоа железо не вреди ниту еден човечки живот“, алудирајќи на оружјето што го однесе ЈНА. Таа реченица Ве вбројува во современите европски држaвници. Да, почитуван Претседателе, ќе погрешев, имаше и жртви. Првата цел бевте Вие. Атентаторите добро процениле, удрија во тогаш најсилната македонска брана на новата држава. Удрија во Вас со цел да се спречи независноста и да се предизвика дестабилизација. Во една од најголемите енигми во поновата историја на Македонија - атентатот врз Вас загинаа и вашиот возач Александар Спировски и еден случаен минувач Ице Христоманов. Вие таа тешка повреда како медицински феномен ја пребродивте и успеавте да заокружите еден значаен период од независноста на Република Македонија.

Почитуван Претседателе, ако граѓаните на Македонија Ви оддаваат голема почит и ја прифаќаат со радост секоја средба со Вас, нашите партиски елити на власт кои не успеваат да ја надминат границата на обични политичари си ја огрешија душата од Вашето монументално дело. Не собраа храброст да ги прерипаат партиските тараби и да Ви оддадат заслужено признание и уважување, не само Вам, туку преку почитта кон Вас да се воздигнат и себе си и Татковината. Иако со ништо не им попречивте во нивното владеење, со ниту еден збор, во последните години често Вашите достигнувања ги злоупотребуваат и минимизираат заради нивните дневнополитички потреби во битката за власт. Последен таков пример е нашиот најсилен адут пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Привремената спогодба за која толку кал фрлија врз Вас. Денес, почитуван Претседателе, подготвени се и молат да бидеме примени во НАТО и во ЕУ со референцата Поранешна Југословенска Република Македонија. Ама не не' сакаат ниту со тоа име. А кога Вие го направивте тоа пред речиси две децении, без малку го прогласија за предавство. Се' уште има жешки глави кои не знаат што значи да си надвор од ОН како ничија и сечија земја.

Почитуван Претседателе, ја имав таа чест да работам повеќе интервјуа со Вас и да бидам повеќепати во Ваша близина кога се донесуваа крупни одлуки за иднината на Македонија. Една од тие е нашиот прием во ОН 1993 година. При неколку значајни посети на Русија, Турција, Америка... секогаш Вашата мудрост и искуство ги пленеше големите државници. Го гледав со гордост тој респект кон еден претседател на мала држава кој кинисал со достоинство и мудрост да бара правда и место под сонцето за својата татковина. Видов како ја одбивте сугестијата на Клинтон „дали сте размислувале за трет мандат“. Рековте „тоа е противуставно“, со интонација која не трпи приговор.

Претседателе Глигоров, јас знам зошто од Вашата блиска политичка околина имаше луѓе на кои им пречевте и кои сакаа да Ве изолираат, а ги знам и мотивите на Вашите политички противници да Ве минимизираат. Време е кога сите заедно, при живе, треба да ја симнеме капата пред Вас.



(Текстот е пишуван во неделата попладне, првиот ден од Новата 2012 година,
неколку часа пред да почине претседателот Глигоров)


Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.