Почина Претседателот Киро Глигоров
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25329
Датум на принтање: 16.Ноември.2024 во 04:52 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Почина Претседателот Киро Глигоров
Постирано од: Santijago
Наслов: Почина Претседателот Киро Глигоров
Датум на внесување: 02.Јануари.2012 во 12:05
Почина Претседателот Киро Глигоров
Синоќа околу 22 часот почина првиот Претседател на самостојна Република Македонија, Киро Глигоров. Погребот ќе биде извршен утре во 13 часот, на градските гробишта Бутел, во Скопје. Според неговата последна желба, погребот ќе биде само во кругот на семејството.
Киро Глигоров функцијата Претседател ја извршуваше од јануари 1991 до ноември 1999-та година. Во текот на своите два мандата ја промовираше политиката на „еквидистанца“ кон сите соседи. Склучи важни меѓународни договори кои ја одбележаа современата македонска историја. Ја предводеше државата која по мирен пат се осамостои од дотогашната Федеративна Република Југославија во која Глигоров извршуваше високи државни функции. Светските политичари го сметаа за врвен, трпелив и мудар лидер кој во прав момент се најде на вистинското место-на Балканот.
На 8 април 1993-та на говорницата на Обединетите Нации за прв пат се говореше нашиот јазик. На тој ден Претседателот Глигоров го одржа првиот говор на македонски кога Република Македонија стана 181-ва членка на Светското семејство.
На 3 октомври 1995 година беше извршен атентат врз Претседателот. Глигоров го преживеа со тешки повреди. Нападот беше извршен во автомобил-бомба на улица Македонија во 9 часот и 50 минути. Се уште не се познати ниту нарачателите ниту извршителите на атентатот. Нападот врз првиот човек се случи 20 дена откако во Њујорк беше потпишана Привремената спогодба со Грција и ден по договорот во Белград за меѓусебно признавање со Србија. И Македонија и Глигоров го надминаа овој кризен период. Глигоров продолжи да ја извршува претседателската функција до своето пензионирање.
И потоа Глигоров беше активен. Објави неколку книги-мемоари. Ја основа Фондацијата Глигоров која подржуваше проекти од областа културата и уметноста. Во 2005-та стана прв носител на „Орденот на Република Македонија“. Додека беше Претседател, но и потоа, Киро Глигоров беше политичар со највисок рејтинг во сите анкети на јавното мислење. Глигоров е роден на 3 мај 1917 година во Штип.
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Коментари:
Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 02.Јануари.2012 во 13:51
како православен христијанин и верник само можам да кажам бог да му ги прости гревовите
------------- "Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 02.Јануари.2012 во 14:23
Бог да го прости!
Сепак, беше еден од првите кои се обиде да застане против некои злодела во минатото, иако не успеа сосема, за што говори и овој извештај од ЦК на КПМ.
Да не заборавиме дека и беше еден од првите кои се залагаше за подобрување на односите на Македонците од Македонија со оние од емиграцијата. Токму затоа и Обединетата Македонска Дијаспора го награди.
-------------
|
Постирано од: annaja
Датум на внесување: 02.Јануари.2012 во 14:45
Бог да го прости,лесна му земја,со почит!
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 02.Јануари.2012 во 14:59
POCIVAJ VO MIR PRETSEDATELE !!!
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 02.Јануари.2012 во 17:11
И покрај тоа што веројатно поради разлика од две и пол генерации не секогаш се согласував со неговата политика, сепак за мене Киро Глигоров ќе остане една од најпозитивните и најважни личности во процесот на создавање на независна држава. Нека му е вечна славата и нека почива во мир првиот претседател на независна Македонија.
|
Постирано од: smilegirl
Датум на внесување: 02.Јануари.2012 во 17:30
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 02.Јануари.2012 во 17:51
Lesna mu zemja.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: panter123
Датум на внесување: 02.Јануари.2012 во 18:02
Neka mu e lesna zemja, pocivaj vo mir pocituvan pretsedatele
|
Постирано од: sanja-a
Датум на внесување: 02.Јануари.2012 во 18:03
Нека почива мир
------------- Обожавам луѓе кои ме смеат. Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн
|
Постирано од: dedanoe
Датум на внесување: 02.Јануари.2012 во 18:56
onie koi so svoeto prisustvo bile golema pridobivka so nivnoto otsustvo postanuvaat dvojno pogolema zaguba -- we are meant to be sober and honor them while they are still around -- nivnite dela ostanuvaat so nas i po nivnoto zaminuvanje ama ako ne im ja dademe platata dodeka se tuka megju nas togaj zaminati nikad nema da mozhat da ja dobijat.
sekoj BOG bi ja posakal Grcija OTI Grcite ne prashuvaat abe znaete li kolku sme dolzhni Grcite nikoe Euro ne go stavaat po vazhnost nad Bogovite kolku Bogovi i da im dade neboto i kolku i da e evropa vo kriza pa i svetot ako e na rab na postoenje Grcite znaat da se rastrchat ako treba i na drugata strana od univerzo AMA ZA GRCHKITE BOGOVI STALNO KJE IMA PLATA NA VREME. A Makaronite, nim i EDEN DOBRI BOG da im se prirodi oni kje rechat greshka na prirodata e turete go vo Bardovci on sho si se zamishlja takov i takov toa se samo pozitive simptomi na voobichaena SCH Buddha-Allah metnal disorder dajte mu b-edna MKD socijalka kako upozorenje i kazna da bi takvo nesho vishe nikad ne ni se desilo. BOG gi saka Grcite A Makaronite ne se sakaat nitu samite seebe.
------------- https://sites.google.com/site/dedanoesphilosophia/home/eggcell_vs_spermatozoa_large-small_scale_of" rel="nofollow - The Impregnation Principle -- ORGASM JOY equals ARGEEDON BLAST
|
Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 02.Јануари.2012 во 23:55
pocivaj vo mir
------------- Incredible Blue
|
Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 02.Јануари.2012 во 23:57
------------- На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
|
Постирано од: pHp
Датум на внесување: 03.Јануари.2012 во 00:41
Lesna mu zemja.
------------- Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 03.Јануари.2012 во 09:38
Со цела почит,почивај во мир !
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 03.Јануари.2012 во 15:05
Ако треба да кажам лично - за мене е ден на радост, ...
п.с. умре уште еден “гробар на Македонија“
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 03.Јануари.2012 во 18:14
Лесна му земја на првиот претседател на самостојна Македонија. На човекот кој на плоштадот во Скопје прв ја честита самостојноста. На човекот кој за прв пат од говорницата во ОН проговори на македонски јазик. Вечна му слава
-------------
|
Постирано од: Diogen
Датум на внесување: 03.Јануари.2012 во 18:26
Tetratka напиша:
Ако треба да кажам лично - за мене е ден на радост, ...
п.с. умре уште еден “гробар на Македонија“
|
Кој и да ти е мотивот за ваквто размислување, многу грешиш.
Прво, без разлика на која партија и припаѓал, каква политика застапувал, Киро Глигоров е првиот претседател на независна Република Македонија, избран од најголемиот дел на народот, ценет од сите светски политичари, мудар и скромен, скромен во се , па и во својата последна желба, да биде скромно закопан, да има семеен погреб а не фараонски.
Треба да имаме почит кон секој претседател на Република Македонија, но таков ни е генот, надвор да не почитуваат, дома да не плукаат.
И, уште нешто, тој што го нарекуваш гробар, водеше политика која на многу изроди им пречеше, па затоа и му направија атентат, за среќа неуспешен. Таа среќа ја немаше претседателот Борис Трајковски, уште еден чесен човек кој својата искреност и чесност ја плати со највисока цена.
И покрај твојот обид и во овој момент да го извалкаш неговото име, Киро Глигоров ќе биде запишан во историјата. Имињата на таквите како тебе се осудени на заборав, тоа ти е суровата вистина.
|
Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 03.Јануари.2012 во 20:20
Diogen напиша:
Tetratka напиша:
Ако треба да кажам лично - за мене е ден на радост, ...
п.с. умре уште еден “гробар на Македонија“
|
Кој и да ти е мотивот за ваквто размислување, многу грешиш.
Прво, без разлика на која партија и припаѓал, каква политика застапувал, Киро Глигоров е првиот претседател на независна Република Македонија, избран од најголемиот дел на народот, ценет од сите светски политичари, мудар и скромен, скромен во се , па и во својата последна желба, да биде скромно закопан, да има семеен погреб а не фараонски.
Треба да имаме почит кон секој претседател на Република Македонија, но таков ни е генот, надвор да не почитуваат, дома да не плукаат.
И, уште нешто, тој што го нарекуваш гробар, водеше политика која на многу изроди им пречеше, па затоа и му направија атентат, за среќа неуспешен. Таа среќа ја немаше претседателот Борис Трајковски, уште еден чесен човек кој својата искреност и чесност ја плати со највисока цена.
И покрај твојот обид и во овој момент да го извалкаш неговото име, Киро Глигоров ќе биде запишан во историјата. Имињата на таквите како тебе се осудени на заборав, тоа ти е суровата вистина. |
Види богати, Тетратка грешел, а ти као нешто безгрешен, така ли Диоген, а ваму еден куп невистини искажуваш.
Дека е прв претседател на МК тоа е точно, но избран во собранието, а не од народот, што е огромна разлика. Народот тогаш не го ни познаваше Глигоров, му го наметнаа удбашките структури во и надвор од МК. Вториот пат "победи" заедно со неговото чедо Бранко на најмафијашките избори било кога одржани во Европа, кога цела опозиција остана надвор од парламентот поради тотален фалсификат на изборите.
Во право си кога викаш дека треба да се има почит кон претседателот на МК, но мојата почит не ја заслужил ни еден досегашен претседател на МК. Ни Глигоров ( го продаде знамето, уставот, името, со еден збор национално предавство ), ни Трајковски ( западњачки полтрон кој со рамковниот договор де факто го порази македонскиот народ за век и веков ), а за рошавиот бандит не ни сакам да трошам зборови.
За на крај нема потреба некој да го валка името на Глигоров, доволно самиот си го има извалкано со неговата политика, неговиот однос кон МК. И да, дефинитивно ќе биде запаметен као еден од гробарите на македонската сувереност и независност веднаш по добивањето на истата.
------------- "Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 03.Јануари.2012 во 21:26
го почитував зашто беше можеби единствен човек кој не ја заборави никогаш основната и најважна човекова особина-СКРОМНОСТА,покрај неговиот брилијантен ум остана скромен до крај почивај во мир Претседателе
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: Diogen
Датум на внесување: 03.Јануари.2012 во 21:40
Можеби си во право, еве некои од неговите најголеми грешки:
Кога Македонија се бореше за независност, некој тврдеше дека само со крво може да се добие независноста. Тоа и ќе го добиевме, ЈНА беше на све спремна, но Глигоров успеа да договори мирно повлекување на ЈНА, без испукан куршум се прогласи независност. Можеби требаше да војуваме, да се лее крв, да се дели Македонија на кантони и зони....
Втора грешка е што го „продаде“ името. Името, кое со лисабонската декларација требаше да го смениме, за да бидеме признаени. Згреши што не го смени името , направи компромис, за да влеземе во ООН, и преку неа да влеземе во многу организации. Благодарејќи на тоа „предавство“ , влеговме во светските организации, дознаа за Македонија,под уставно име не признааа повеќе од 120 земји, меѓу нив и големите светски сили. Останаа да не уценуваат само авторите на лисабонската декларација, ама времето ги гази. Можеби требаше да тераме инат, да бидеме изолирана земја, надвор од сите организации,ама денес ќе немавме што да браниме.
Да, направил многу „гревови“, кои можеби ќе бидат разбрани покасно, ако реално се гледаат сите околности и што можело да биде поинаку. И да, многу угледни светски политичари ќе речат дека бил мудар политичар, но ние ќе плукаме по него, оти тоа ни е во гените.
Нека почива во мир, ќе биде запишан во Македонската историја како голем државник.
Толку од мене, продолжете со плукање.....
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 03.Јануари.2012 во 21:41
Zeksi71 напиша:
Diogen напиша:
Tetratka напиша:
Ако треба да кажам лично - за мене е ден на радост, ...
п.с. умре уште еден “гробар на Македонија“
|
Кој и да ти е мотивот за ваквто размислување, многу грешиш.
Прво, без разлика на која партија и припаѓал, каква политика застапувал, Киро Глигоров е првиот претседател на независна Република Македонија, избран од најголемиот дел на народот, ценет од сите светски политичари, мудар и скромен, скромен во се , па и во својата последна желба, да биде скромно закопан, да има семеен погреб а не фараонски.
Треба да имаме почит кон секој претседател на Република Македонија, но таков ни е генот, надвор да не почитуваат, дома да не плукаат.
И, уште нешто, тој што го нарекуваш гробар, водеше политика која на многу изроди им пречеше, па затоа и му направија атентат, за среќа неуспешен. Таа среќа ја немаше претседателот Борис Трајковски, уште еден чесен човек кој својата искреност и чесност ја плати со највисока цена.
И покрај твојот обид и во овој момент да го извалкаш неговото име, Киро Глигоров ќе биде запишан во историјата. Имињата на таквите како тебе се осудени на заборав, тоа ти е суровата вистина. |
Види богати, Тетратка грешел, а ти као нешто безгрешен, така ли Диоген, а ваму еден куп невистини искажуваш.
Дека е прв претседател на МК тоа е точно, но избран во собранието, а не од народот, што е огромна разлика. Народот тогаш не го ни познаваше Глигоров, му го наметнаа удбашките структури во и надвор од МК. Вториот пат "победи" заедно со неговото чедо Бранко на најмафијашките избори било кога одржани во Европа, кога цела опозиција остана надвор од парламентот поради тотален фалсификат на изборите.
Во право си кога викаш дека треба да се има почит кон претседателот на МК, но мојата почит не ја заслужил ни еден досегашен претседател на МК. Ни Глигоров ( го продаде знамето, уставот, името, со еден збор национално предавство ), ни Трајковски ( западњачки полтрон кој со рамковниот договор де факто го порази македонскиот народ за век и веков ), а за рошавиот бандит не ни сакам да трошам зборови.
За на крај нема потреба некој да го валка името на Глигоров, доволно самиот си го има извалкано со неговата политика, неговиот однос кон МК. И да, дефинитивно ќе биде запаметен као еден од гробарите на македонската сувереност и независност веднаш по добивањето на истата.
|
Дечки (се однесува на сите погоре цитирани)
Темава не е наменета за да го плукате Киро Глигоров. Сакале или не, вистината е дека тој исто како што имаше добри потези, имаше и лоши. Некои од нив и донесоа добро на Македонија а некои лошо. Како такви остануваат позади нас. Всушност како што мене ми изгледа никој не е избран од народот. На нас секогаш ни свиркаат од надвор кој треба да победи.
Човекот почина. Го нема меѓу нас. Јасно ви е тоа? Оставете ги за момент партиските препукувања и оддадете почит како што доликува. Ако не ви е дојдено до тоа, сите соберете се во темата од култузин за Киро Глигоров во историја и дебатирајте за неговата политичка кариера во минатото.
Фала. Пријатно
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 03.Јануари.2012 во 21:58
Транзициската Багра не издржа ни еден ден без да се обиде да собира политички поени како и многу пати досега дури и врз грбот на починати. Ова го очекував секој момент да се случи и се случи веднаш после погребот.
http://sky.mk/makedonija/11428-%D0%97%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%BE%D0%B4-%D0%94%D0%9F%D0%9C%D0%9D%D0%95-%D0%BD%D0%B5-%D0%B4%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%BE%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D1%82.html" rel="nofollow - Зошто од ДПМНЕ не дојдоа на погребот на претседателот!? Вторник, 03 Јануари 2012 21:05 http%3A%2F%2Fwww.sky.mk%2Fmakedonija%2F11428-%D0%97%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%BE%D0%B4-%D0%94%D0%9F%D0%9C%D0%9D%D0%95-%D0%BD%D0%B5-%D0%B4%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%BE%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D1%82.html&layout=standard&show_faces=1&width=450&action=like&colorscheme=light&font=arial" rel="nofollow - http%3A%2F%2Fwww.sky.mk%2Fmakedonija%2F11428-%D0%97%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%BE%D0%B4-%D0%94%D0%9F%D0%9C%D0%9D%D0%95-%D0%BD%D0%B5-%D0%B4%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%BE%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D1%82.html&layout=standard&show_faces=1&width=450&action=like&colorscheme=light&font=arial" rel="nofollow"> Зошто ниту еден функционер од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ не дојде на погребот на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров прашува пратеникот од СДСМ Јани Макрадули
http%3A%2F%2Fwww.sky.mk%2Fmakedonija%2F11428-%D0%97%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%BE%D0%B4-%D0%94%D0%9F%D0%9C%D0%9D%D0%95-%D0%BD%D0%B5-%D0%B4%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%BE%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D1%82.html&layout=standard&show_faces=1&width=450&action=like&colorscheme=light&font=arial" rel="nofollow - http://www.time.mk/read/927be6a434/c5d057f5e5/index.html" rel="nofollow - http://www.time.mk/read/927be6a434/c5d057f5e5/index.html
СТОКА без срам и образ... Можеби сум остар во изјавата но навистина сум изреволтиран. Фамилијата на Киро Глигоров сама посака погребот да биде во рамки на најтесната фамилија. Ако дојдоа од владата тогаш ќе беше лицемери , сега кога не дојдоа зошто не дојдоа? Вака господа не се враќате на власт вашата бесчуствителност и желба за власт макар и преку мртви веќе не поминува кај овој народ.
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 04.Јануари.2012 во 03:29
Zeksi последна опомена!
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 04.Јануари.2012 во 04:44
Neznam zosto sekogas se naogja po nekoj sto frustraciite mora da gi isturi na sekoja tema i da ja upropasti sekoja ponatamosna diskusija...
Osobeno na tema kade sto se iskazuva pocit na pokoen covek da vletas kako padobranec, ne so cel da diskutiras tuku da ja dokazes teorijata deka "samo covekovata glupost i vselenata se beskrajni"...
I zgora na toa da tvrdis deka si vernik...ccccc
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 04.Јануари.2012 во 05:07
Gligorov beshe prviot pretsedatel na nezavisna Makedonija i kako takov e neddeliv del od makedonskata istorija.
Ova treba da se prifati bez obzir dali toa ni se dopagja ili ne.
Temava e otvorena po povod negovoto pochinuvanje i doblesno e komentarite i replikite da se odnesuvaat na toa.
Dokolku sakate da diskutirate shto stori Gligorov za Republika Makedonija odite na podforum Istorija kade shto imate soodvetna tema http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25332&title=19172012" rel="nofollow - Киро Глигоров (1917-2012) . Tamu diskutirajte i elaborirajte kolku shto sakate.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Polar Bear
Датум на внесување: 05.Јануари.2012 во 07:53
RIP Mr. President.
------------- Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 08.Јануари.2012 во 15:53
До Претседателот Глигоров
Ерол Ризаов
Со време ќе бидеме многу погорделиви кон Вашето историско дело
Првиот текст во Новата 2012 година Ви го посветувам Вам почитуван
претседателе Глигоров. Престанувате да и' пркосите на природата и на
биологијата. Тоа го одлучивте наполно спокоен и сосема свесен дека веќе
си го заземате своето заслужено место во историјата. Со време и ние, а
особено оние што доаѓаат ќе бидеме многу погорделиви со Вашето дело како
прв претседател на независна и слободна Република Македонија, но и за
многу други работи што ги направивте за својата Татковина и за својот
народ. Историјата е тука непогрешлива, кој колку сака сега нека брише и
нека допишува, науката ги става работите таму каде што им е местото.
Некогаш за тоа треба повеќе време. Кај Вас тој процес е почнат од
поодамна и ќе трае, се надевам, без можности некој да го попречи.
Почитуван
Претседателе, кога кој било човек ќе наполни 90 години, фер е кон него
да се однесуваме со посебен респект и внимание. Но, кога првиот
претседател на една држава за неколку месеци ќе влезе во 96. година од
животот и е наш современик, но и на повеќе генерации македонски
страдалници, кога е современик и директен учесник на големи историски
настани, ред е тоа внимание да биде изразено на еден посебен начин како
кон една историска институција на државноста, како кон голем државник,
како кон татко на нацијата. Вие тоа внимание од граѓаните го добивате не
како култ на личност, ниту од страв, ниту од лицемерство, туку
исклучиво како почит и уважување, како среќа и придобивка што бевте на
чело на државата во нејзините најтешки мигови и што дадовте огромен
придонес за осамостојување на Република Македонија. Огромна е Вашата
заслуга што независноста на Македонија е стекната без ниту еден испукан
куршум и без ниту една жртва. Распадот на Југославија беше проследен со
големи трагедии, најголеми по Втората светска војна на европскиот
континент. Илјадници жртви, опустошени градови и села, големи преселби и
напуштање на родните огништа беа драматичните слики од нашето најблиско
соседство, од некогаш нашата заедничка татковина кои го обиколија
светот и оставија вечни рани на овие простори. Со Вашите мудри одлуки,
заедно со Вашите соработници успеавте Македонија да ја тргнете настрана
од оваа голгота. Единствено Македонија доби независност без ниту една
жртва на своја територија. Македонски жртви имаше само на боиштата низ
Југославија. Тогаш злогласната Југословенската армија замина од
Македонија со Договор како од суверена држава на кој стои Ваш потпис.
Останува како историска порака Вашата реченица: „Сето тоа железо не
вреди ниту еден човечки живот“, алудирајќи на оружјето што го однесе
ЈНА. Таа реченица Ве вбројува во современите европски држaвници. Да,
почитуван Претседателе, ќе погрешев, имаше и жртви. Првата цел бевте
Вие. Атентаторите добро процениле, удрија во тогаш најсилната македонска
брана на новата држава. Удрија во Вас со цел да се спречи независноста и
да се предизвика дестабилизација. Во една од најголемите енигми во
поновата историја на Македонија - атентатот врз Вас загинаа и вашиот
возач Александар Спировски и еден случаен минувач Ице Христоманов. Вие
таа тешка повреда како медицински феномен ја пребродивте и успеавте да
заокружите еден значаен период од независноста на Република Македонија.
Почитуван
Претседателе, ако граѓаните на Македонија Ви оддаваат голема почит и ја
прифаќаат со радост секоја средба со Вас, нашите партиски елити на
власт кои не успеваат да ја надминат границата на обични политичари си
ја огрешија душата од Вашето монументално дело. Не собраа храброст да ги
прерипаат партиските тараби и да Ви оддадат заслужено признание и
уважување, не само Вам, туку преку почитта кон Вас да се воздигнат и
себе си и Татковината. Иако со ништо не им попречивте во нивното
владеење, со ниту еден збор, во последните години често Вашите
достигнувања ги злоупотребуваат и минимизираат заради нивните
дневнополитички потреби во битката за власт. Последен таков пример е
нашиот најсилен адут пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг,
Привремената спогодба за која толку кал фрлија врз Вас. Денес, почитуван
Претседателе, подготвени се и молат да бидеме примени во НАТО и во ЕУ
со референцата Поранешна Југословенска Република Македонија. Ама не не'
сакаат ниту со тоа име. А кога Вие го направивте тоа пред речиси две
децении, без малку го прогласија за предавство. Се' уште има жешки глави
кои не знаат што значи да си надвор од ОН како ничија и сечија земја.
Почитуван
Претседателе, ја имав таа чест да работам повеќе интервјуа со Вас и да
бидам повеќепати во Ваша близина кога се донесуваа крупни одлуки за
иднината на Македонија. Една од тие е нашиот прием во ОН 1993 година.
При неколку значајни посети на Русија, Турција, Америка... секогаш
Вашата мудрост и искуство ги пленеше големите државници. Го гледав со
гордост тој респект кон еден претседател на мала држава кој кинисал со
достоинство и мудрост да бара правда и место под сонцето за својата
татковина. Видов како ја одбивте сугестијата на Клинтон „дали сте
размислувале за трет мандат“. Рековте „тоа е противуставно“, со
интонација која не трпи приговор.
Претседателе Глигоров, јас
знам зошто од Вашата блиска политичка околина имаше луѓе на кои им
пречевте и кои сакаа да Ве изолираат, а ги знам и мотивите на Вашите
политички противници да Ве минимизираат. Време е кога сите заедно, при
живе, треба да ја симнеме капата пред Вас.
(Текстот е пишуван во неделата попладне, првиот ден од Новата 2012 година, неколку часа пред да почине претседателот Глигоров)
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 08.Јануари.2012 во 16:31
Andjelina напиша:
Да, почитуван Претседателе, ќе погрешев, имаше и жртви. Првата цел бевте Вие. Атентаторите добро процениле, удрија во тогаш најсилната македонска брана на новата држава. Удрија во Вас со цел да се спречи независноста и да се предизвика дестабилизација. Во една од најголемите енигми во поновата историја на Македонија - атентатот врз Вас загинаа и вашиот возач Александар Спировски и еден случаен минувач Ице Христоманов. Вие таа тешка повреда како медицински феномен ја пребродивте и успеавте да заокружите еден значаен период од независноста на Република Македонија.
|
Ице Христоманов? Да не помешал нешто авторов Повреден беше телохранителот Илчо Теовски а минувачот е Христо Христоманов кој за жал исто така почина.
Не дека за ситници се фаќам, ама тука го доведувам во прашање професионализмот на авторите. Ице потсеќа на Илчо иако и за Христо може да се рече Ице (не велам не)
Но колку е дозволено во еден сериозен текст новинарите (колумнисти, новинари - без разлика) да импровизираат? Не е ова некој стрип или Еднооки па ќе се зезаме со народот.
Може требаше револтот мој да го пишам во темата за новинарите, ама бидејќи е во контекст со Киро Глигоров и атентатот сепак тука му е место!
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 11.Јануари.2012 во 22:14
Не сум начисто дали ми се допаѓа или не идејава. Јас сум повеќе некоја улица да го носи неговото име или некоја образовна институција. За мене поразбирливо името на некој од бардовите на културата (да речеме некој од починатите композитори или оперски пејачи) да го носи името, отколку на починатиот ни прв ретседат. Но, нејсе има попаметни глави па нека размислат. Не ме бендисува стихијноста.
http://www.sky.mk/makedonija/12033-%D0%A1%D0%94%D0%A1%D0%9C-%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D1%80%D0%B0-%D0%B8-%D0%B1%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%82-%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%BF%D0%BE-%D0%9A%D0%B8%D1%80%D0%BE-%D0%93%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B2.html" rel="nofollow - СДСМ: Македонската опера и балет да се именува по Киро Глигоров
-------------
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 12.Јануари.2012 во 20:11
mamamd напиша:

Tokmu taka!
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 12.Јануари.2012 во 23:53
Кога би се прашувал Јас....би го извадил Александар со Букефал а на тоа место би го стави Киро Глигоров...не за друго, туку да пукнат душманите....
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: pHp
Датум на внесување: 13.Јануари.2012 во 11:37
Би ве замолил да се држите до темата. Овде се оддава почит кон Киро Глигоров и се даваат идеи од типот на онаа за именување на објекти по него и слично. Доколку сакате да дискутирате за неговите дела, неговите грешки и правилни потези, би ве замолил да отворите нова тема. Насловот на темата е "Почина претседателот Киро Глигоров".
------------- Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
Постирано од: ANITKA111
Датум на внесување: 13.Јануари.2012 во 17:23
neka pociva vo mir
------------- druzba si e druzba ,sluzba si e sluzba...
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 13.Јануари.2012 во 18:30
pHp напиша:
Би ве замолил да се држите до темата. Овде се оддава почит кон Киро Глигоров и се даваат идеи од типот на онаа за именување на објекти по него и слично. Доколку сакате да дискутирате за неговите дела, неговите грешки и правилни потези, би ве замолил да отворите нова тема. Насловот на темата е "Почина претседателот Киро Глигоров". |
Очигледно е дека “има премногу идеи“ па се забега во “лицитација“
http://www.time.mk/read/02c2a59474/d7d4b086bd/index.html" rel="nofollow - Името на Глигоров ставено на лицитација
-------------
|
Постирано од: pHp
Датум на внесување: 13.Јануари.2012 во 20:50
mamamd напиша:
Очигледно е дека “има премногу идеи“ па се забега во “лицитација“ Името на Глигоров ставено на лицитација
|
Боже каква некрофилија еј
------------- Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
Постирано од: ljoce
Датум на внесување: 14.Јануари.2012 во 10:48
Иако беше Комунист(Атеист) ... БОГ да му прости!!!
------------- Се што било,поминало и се што ќе биди ќе помини.
|
|