IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 129130131132133 138>
Автор
Порака
pHp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pHp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2011 во 13:24
Се роди во едно мало место на работ на една пропадната држава. Породувањето одеше тешко, траеше цели четири часа, за да го извадат требаше неговата напатена мајка да биде пресечена колку големина на два прста во пределот на вагината, а самиот тој не продишал цели две минути. Уште на самиот почеток на неговиот невообичаен живот се навестуваше дека има лоша карма, дека постојано ќе го влечат потешкотии и небулозни ситуации со кои едноставно ќе мора да се соочи и да ги реши. Проблемите со колковите ги реши уште во првите две години на животот, згора на се поради тешкиот пороѓај доби и кила, па така со исчашени колкови мораа да го оперираат како бебе. Кој да знае дека опoјката ќе влијае на неговиот развој, но такво беше времето, време на недоволно медицинско знаење, мал град без доволно соодветен кадар, згора на се и комунистичко општество кое верува во идеален емпиризам и во теоријата на заборавање. Но, за некое чудо се роди со златна боја на косата, беше дури и вознемирувачки мирно бебе, не плачеше воопшто, а спиеше толку мирно, што сите што ќе го видеа како спие, заспиваа и тие со него.
Неговата мајка беше силна жена, со голема суета и гордост зошто завршила факултет и зошто работи како воспитувачка во средношколски интернат. Имаше слика за себе дека е идеален педагог и воспитувач поради работата, иако никогаш во животот не ни чула за поимот психологија и педагогија. Беше полна со нереални стравови и имаше небулозна потреба за докажување, па така уште во првата година од неговиот живот го остави да расте со локална Циганка.
Неговиот татко пак, родум беше од далечно место. Офицер, дете на татко пијаница и мајка со лесен морал. Цел живот растел по војнички домови и немаше многу разбирање за социјална блискост ниту пак за љубов. Целосно беше посветен на кариерата и воопшто не беше дома, па така во првите години од неговиот живот се однесуваше како тој воопшто и да не постои.
Но, тој постоеше, а никој не го приметуваше. Сите се фалеа со него, а тој мирно си молчеше и само посматраше. Зошто беше толку мирен, никој не воочи колку живот има во него. Најголемата фалба пред светот беше како е толку мирен што цел ден си игра со една мува и со една полизедена праска која стоела преку ноќ. Всушност, тој немаше играчки.
Кога наполни четири години, за првпат излезе сам надвор во дворот на зградата. Немаше ниту едно дете во таа новоизградена бетонска и валкана населба. Имаше вродена љубопитност и голема потреба да истражува. И бидејќи беше толку мирен, никој не воочи дека всушност заталкал цели седум блока, скоро во центарот на градот потполно сам. Таму, за првпат виде дете возрасно колку и него. Чудно, но тоа дете не изгледаше како него. Имаше убави и нови алишта со разни бои кои му прилегаат и интересни слики на нив, беше избањато и имаше исчешлана коса. Беше во придружба на неговата баба и јадеше нешто што се лиже и беше во нешто како туба од леб. Застана и со полузината уста го гледаше детето. Бабата се приближи до него и го праша како се вика. Тој и одговори. Потоа се запозна со детето. Го праша детето што е тоа што го лиже.
-        Сладолед – одговори детето со радосен сјај во очите – сакаш ли да пробаш?
И проба. Почуствува едно неизмерно чувство на задоволство во усните, му затрепери срцето од радост, плесна со рацете и посака уште. Тогаш со неизмерна радост и со огромно нетрпение се стрча назад по патот кој водеше кон неговата зграда. Едвај чекаше да стигне дома и да побара од неговата мајка да му купи сладолед. По пет минути ја здогледа својата зграда, се втурна во влезот, трчајќи се втурна во станот и на цел глас кажа:
- Мамо, сакам сладолед!
Првото нешто што го побара. Мајка му го погледна со остар и ладен поглед и изусти:
-        Немаме пари!
-        Но, сакам сладолед!
-        Колку пати да ти кажам! – изусти на цел глас и замавна со раката.
Го плесна со целата сила по образот, тој се затетерави и си ја удри главата од ѕидот во ходникот. Во истиот тој момент, дојде татко му од работа. Тој заплака зошто го заболе шлаканицата од мајка му.
-        Што е?! – загрми татко му.
-        Сака сладолед! – одговори мајка му.
-        Каков сладолед?! – праша татко му.
-        Видов на улицата кај бензинската едно дете како јаде, ми даде да пробам и посакав јас – кажа тој липајќи.
-        Си отишол сам на бензинската и си прифатил нешто туѓо?! – грмна татко му и замавна прво со левата рака, го плесна уште посилно од мајка му по образ, а потоа и со десната по муцката од што се раскрваре. И потоа седнаа да ручаат.
Ноќта не можеше да заспие. Размислуваше, зошто тоа дете имаше убава облека и исчешлана коса, а тој не. Зошто него го шеташе неговата баба, а тој мора да шета сам. Зошто тоа дете имаше сладолед, а тој кога го побара доби ќотек. Реши да ги праша неговите мајка и татко. Влезе во дневата соба каде неговите родители гледаа телевизија. Не ни стигна да изусти нешто, кога неговата мајка веднаш срипа од фотељата на која што седеше :
-        Зар уште не спиеш?!
Замавна со десната рака и го плесна по образот толку силно, што за момент му се изгуби сликата пред очи. Штотуку му се врати, повторно мајка му го плесна по образот исто толку силно, што овој пат кога му се врати сликата сфати дека е паднат на земја. Тогаш мајка му го зграби за коса и удирајќи го со сета сила по задникот, го одвлечка во кревет, го изгаси светлото од собата и ја затвори вратата.
Подоцна во ноќта заврна и почна да грми. Од молњите се оцртуваа сенки од дрвата надвор по ѕидовите и личеа на чудовишта. Него го обзема страв. Толку голем страв што не можеше да дише. Треперејќи целосно, тивко со солзи во очите се доближи до вратата на спалната соба каде спијат неговите родители. Но, наслушна дека водат љубов. Застана за момент и размисли, ако влезе, повторно ќе го истепаат. Се врати во собата, легна и понатаму трепереше од страв гледајќи ги тие страшни сенки по ѕидовите и слушајќи ги грмотевиците од кои му лазеа морници по телото. Сфати дека оваа ноќ мора да помине сам. Сфати дека оваа ноќ, мора сам да се избори со чудовиштата од ѕидовите. И не само да се ибори туку и да ги победи. Сфати дека мора сам да го помине стравот таа ноќ. Сфати дека мора сам да си купи убава облека. Сфати дека мора сам да се исчешла. Не знаеше како. Тогаш сфати дека мора сам да научи како да се чешла. Сфати дека мора сам да си купи сладолед. Се покри под ќебето за да не ги гледа веќе чудовиштата по ѕидовите. Тогаш сфати дека никогаш не ќе може да побара ништо од никого и дека се ќе мора сам да направи.

.... ТОГАШ СФАТИ ДЕКА E САМ!
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2011 во 16:59
Ова е твој труд пХп?
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
pHp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pHp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2011 во 11:10
Originally posted by Renatax Renatax напиша:

Ова е твој труд пХп?


Да лично мој, оти?

Еве продолжение

.......

Имаше пет години кога татко му доби прекоманда во едно мало крајбрежно место кое се наоѓаше четирстотини и педесет километри од местото каде што беше роден. Тоа мало гратче важеше за културолошки, литературен и образовен центар на Византиската Империја седум века порано. Впрочем, овде беше и престолнината на последниот Македонски Цар. Но, пред се беше центар на религијата и на описменувањето на целиот Славјански народ. Самиот град имаше триста шеесет и пет цркви, колку што има денови во годината, место каде пред цел еден милениум се преведувале страите списи од Библијата на сите словенски јазици, дом на првиот Универзитет во Европа воопшто. Ете во еден таков град се пресели на само пет годишна возраст. Дознавајќи ги овие факти, бидејќи имаше огромна желба да истражува, имаше идеална замисла за малиот крајбрежен град додека патуваше натаму. Му беше кажано дека ќе живее во град на просветители, град на светци и на луѓе со висок морал. Во себе, додека патуваше си замисли волшебен град, град каде сите се добри, паметни и културни, со насмевка на лицето и дека повеќе нема да гледа чичковци кои плукаат и кажуваат лоши зборови. Си рече дека ќе живее во градот на Бог.
Кога по цел ден патување и преживување на неколку “возечки” болести, конечно стигна во градот на Бог, неговите родители не можеа да ја најдат улицата Беќир Арериза бр 9а, каде што впрочем ги чекаше мала гарсоњера каде што требаше од почеток да живеат, доделена од Народната Армија, бидејќи во тоа време државата поседуваше се и никој немаше приватна куќа. Никако не му беше јасно зошто државата одредува каде ќе живее некој, а не живее секој каде сака, но секогаш кога ќе го поставеше тоа прашање, му беше кажано да молчи и да не го говори тоа пред никого, зошто ќе го осрамотел татка си. А, ако го осрамоти татка си:
-        Се знае што следува – велеше татко му со иронична насмевка и преташе со отворена дланка симболизирајќи шлаканица.
За да ја најдат улицата, застанаа покрај еден човек од градот на Бог. Мајка му го отвори прозорецот од колата.
-        Извинете, се извинувам господине, едно прашање? – изусти таа со елоквентен и културен речник, со држење какво што и прилега на една сопруга на еден Командант на Гарнизон.
Тој седеше на задното седиште. Гледа во просветител! Се израдува што конечно сретна човек, потомок на Византиските Цареви! Витез херој кој се бори за татковината! Човек кој е во функција на Бог! Подстана и со жар во очите гледаше како витезот херој се приближува до колата. Со детска љубопитност и со нетрпение чекаше да слушне што ќе каже Божјиот човек!
Божјиот човек се приближи до колата. Му се гледаше како цела вечност дека се наведнува со главата кон прозорецот. Конечно се наведна. Витезот херој разгледа во внатрешноста на колата. Тој си помисли како овие Божји луѓе внимаваат на секој детал. Витезот херој, потомокот на византиските цареви ја подотвори устата. Сега беше моментот. Скоро и да ќе паднеше во скутот на мајка си на предното седиште од што беше подстанат, само за да слушне што ќе каже витезот. А, витезот ете ја подотвори устата и кажа:
-        К`ј ме најдовте мене ` баго мајката! – и плукна една зелено лигава материја на страна од левата страна на устата.
-        Ај ојте си попат! – и се одалечи од колата мрморејќи нешто што тој не можеше да го разбере.
Бидејќи овој Витез не им помогна, продолжија да возат по улицата. Додека се возеа тој си размислуваше:
Зарем се вакви Божјите луѓе? На филмовите што ги беше гледал тие секогаш беа смирени, чисти, насмеани секогаш помагаа. И витезите не беа такви. Секој витез или ќе слезеше од коњот и ќе помогнеше, или пак, ќе те качеше на коњот и ќе те однесеше таму каде што одиш. Витезите секогаш беа културни, не користеа лоши зборови, туку се мечуваа со оние што зборувааат лошо и секогаш победуваа. Но, можеби ова не беше витез. Ниту Божји човек. Можеби беше ковач кој им ги прави мечовите на витезите. Да, тој мора да е ковач! Тие зборуваа лошо, тие беа испотени и валкани и тие плукаа! Па да, овој човек беше ковач!
И се израдува зошто виде ковач. Повторно си ја врати насмевката на лицето и повторно му се јави онаа љубопитност и желба за истражување. Подолу по улицата здогледаа полицаец.
- Витез конечно! – си помисли тој во себе, се насмевна со широка насмевка од радост и се наведна повтороно напред за да го види.
Како што се наведна напред да го види, тогаш татко му со надворешната дланка од раката го плесна по муцката. Подоцна му беше кажано дека е удрен зошто му пречел на татко му во ретровизорот и не можел да гледа. Не му беше јасно зошто тоа не му беше кажано пред да го удрат. Но, ништо не му беше сега важно. Му беше важно што застануваат покрај полицаецот, за да го прашаат каде се наоѓа улицата што ја бараат. А, бидејќи е полицаец, тој мора да е во функција на Царот и мора да е витез. Така размислуваше тој. Застанаа покрај полицаецот и тој, сега седејќи на задното седиште, го гледаше витезот полицаец со восхит и со почит.
-        Истајте се одтука море, не е дозвољено паркирајне! – се раздра полицаецот на цел глас и се размавта со рацете како да некој му го корне срцето.
-        Но, чекајте господине... – се потруди татко му да објасни и да праша.
-        Абре ти море глуп си, али мутав се прајш?! Истајсе да не ти залепа една казна! – повторно се раздра полицаецот и се вцрвени во лицето.
-        Јас сум новиот Командант на Гарзинон! – грмна татко му, сакајќи да завземе авторитет.
-        Абе ме боли мене к*рот кој си, шо сакаш да се збијаме сега?! Да те зема со еден бокс?! Давај документите! – се раздра повторно полицаецот.
Татко му се наведна во колата да посегне по документите и додека ги бараше документите полицаецот на глас коментираше:
-        Ви еба племето, шо се мислите вие бе, мене будалата ќе ме прајте? Абе сега ко ќе ти залепа една казна има мамичето мајчино да ти го расплака!
Тогаш татко му ги подаде документите. Додека ги читаше документите, полицаецот одеднаш ја смени бојата на лицето. Од црвена како лава се престори во бела како креда. Подголтна и со трепелив глас кажа:
-        Извинете команданте, како можам да Ви помогнам? – и застана во став мирно.
Одкако татко му му ги зема сите генералии на полицаецот, име, презиме, станица, број на значка и кој му е претпоставен, му објасни што ќе му се случи утре на работа. Тоа беше кажано со зборови слични на оние што ги користеа ковачот и полицаецот – витез. Но, целта беше постигната. Дознаа каде се наоѓа Бекир Арериза бр 9а.
Кога стигнаа до улицата, веќе беше мрак. Од левата страна се наоѓаше полициска станица. На влезот пред полициската станица имаше двајца полицајци со неуредени униформи, едниот седеше на триножно столче, со раскопчана кошула и пушеше цигара, другиот пак беше потпрен на оградата од самата капија, држејќи си ја пушката како рибарски стап. И двајцата полицајци ги гледаа како се приближуваат со поглед како да се болни од губа и излезени од канализација. Од спротива беше нивната зграда во која требаше да се сместат. Зградата е изградена непосредно по Втората Светска Војна, во класичен социјалитички стил, без никаква архитектнска креативност, едноставно во облик на коцка, со сива и излупена фасада. А, бидејќи зградата беше постара дури и од неговите родители, беше во некаква полураспадната форма. Се паркираа пред влезот, а единственото светло што допираше до паркингот беше она кое доаѓаше од светилките на станарите во самата зграда. Нивниот стан се наоѓаше најгоре, на третиот кат. Влегоа во зградата и се качуваа најгоре во најгустиот мрак, бидејќи внатре во влезот, немаше ниту една исправна светилка. Стигнаа пред нивната врата. Татко му го извади клучот и ја одклучи вртата. Уште од самото отворање на вратата се почуствува мирис на застоен воздух, впрочем никој не влегол во станот цели седум години. Станот беше многу малечок, имаше ходник, купатило, кујна и една соба. Право од влезната врата се наоѓаше купатилото, лево врата за влез во кујната, десно беше собата. Станот немаше паркет, ниту било каква изолација, едноставно подот беше направен од гол бетон, кој на места беше напукнат и изеден. Беше многу студено во него, а немаше оџак, па така станарите внатре можеа да се греат само на електрични греалки. А тие, пак, немаа греалка таа ноќ. Светилките во станот не работеа ниту една, па така мораа да се одпакуваат на светлина од запалка. Немаа ниту свеќи, а беше доцна во ноќта, продавниците не работеа и соседите спиеја. Додека татко му ги качуваше и останатите торби од колата, мајка му рече да ја држи запалката за да се распакуваат оние основните работи. Кога тој ја запали запалката, околу неговите нозе се растрчаа едно десетина тафтабити и лебарки. Потскокна од страв и згрозување и запалката му падна.
-        Што правиш, сакаш да не запалиш дете!? – викна мајка му и пред да успее да и каже за тафтабитите и лебарките, со надворешната страна на дланката го плесна по образот.
-        Ама.... – се обиде тој да објасни.
-        Што “ама” бре, не знам како ќе се разберам со тебе дете, земи ја запалката и држи ја вака и да не слушнам ни збор! – се развика мајка му и го скубна за косата додека му ја подаваше запалката.
И додека мајка му целото внимание го беше насочила кон распакувањето, тој почна да кружи со очите околу собата и забележа дека ѕидовите се напукнати и од секоја пукнатина излегуваат лебарки и тафтабити. Потоа забележа дека има лебарки и тафтабити на целиот ѕид. Се заврте позади со главата и виде дека и на ѕидот позади има дузина тафтабити и лебарки. Ја наведна главата надолу и виде дека на патосот има триесетина тафтабити. Огромни, големи колку палец на возрасен човек, со осум влакнести нозе, долги антени, наполу со кафено тело, опашката црвена. Изгледаа одвратно и страшно, како некои малечки монструми кои што влегуваат под кожата и полека го грицкаат месото. Таква претстава си доби во главата. Но, знаеше дека неговиот силен татко и неговата разумна мајка ќе сторат нешто околу страшните лебарки и тафтабити, впрочем, тие сигурно ги забележале како се шетаат по ѕидовите, таванот и патосот, па ќе ги испотепаат сите.
Додека така се смируваше и се увери во тоа дека тие малечки, одвратни монструми ќе ги нема во текот на ноќта, дојде и татко му носејќи го и последниот куфер од багажот што го беа понеле со себе.
-        Ајде жено сега да си легнеме, доцна е, нема светло, а и уморни сме сите од патот – кажа татко му и издиша видно заморен. Мајка му се согласи и бидејќи станот немаше мебел,така во темницата, постелија еден душек на надувување, голем колку за семејство, го постелија со чаршафи оставени уште од чеизот на мајка му и ставија јорган и две ќебиња за да не им биде ладно на сите тројца.
-        Ама има бубачки – срамежливо и со страв во гласот кажа тој.
-        Ајде во кревет, нема време сега за играчки! – грмна татко му.
-        Ама... – се обиде тој да им докаже дека навистина има бубачки.
-        Веднаш да си легнал во кревет и не му противречи на татко ти! – викна мајка му и го повлече за раката накај душекот.
Така си легнаа на душекот во постелнитата оставена од чеизот на мајка му. Тие веднаш заспаа, бидејќи беа уморни од долгиот и исцрпувачки пат, но тој не можеше да заспие, бидејќи почнаа да му лазат морници поради одвратните тафтабити и лебарки. Го фати немир и постојано го креваше јорганот и ќебињата барајќи тафтабити и лебарки. И бидејќи беше немирен, мајка му се разбуди. Се крена на душекот, го погледна, ја крена раката и го плесна по десниот образ со сета сила.
-        Не разбрано дете! – викаше таа и со другата рака го плесна по десниот образ со сета сила.
-        Не може да се спие од тебе, смири се! – и почна да го кубе за косата.
-        Веднаш да си се смирил и да си легнал да спиеш! – и повторно го плесна со сета сила по муцката.
Тој легна мирно и со окорени очи гледаше во таванот. Од очите му течеа солзи, сами без глас, не можеше да ги спречи. Солзите му течеа, а тој лежеше неподвижен и вкочанет, само да не мрдне и да не ги вознемири родителите кои спијат. Солзите постојано му течеа, не можеше никако да ги спречи. Додека лежеше така вкочанет и неподвижен, одеднаш почуствува некакво ежење во долниот дел од левата нога. Сакаше да се почеша, но не смееше да мрдне, бидејќи така ќе ги вознемири родителите. Потоа, почуствува исто такво ежење и во левиот дел од вратот. Потоа и во горниот дел од десната нога, а потоа и на левата дланка. Тогаш забележа дека ежењата се движат низ неговото телото и дека не седат на едно место. Она ежење од вратот сега се префрли на неговиот образ, а бидејќи очите му беа окорени, со левото око виде антени од тафтабит. Тогаш сфати дека го лази тафтабит. Се вкочанани уште толку и колку и да сакаше да ги затвори очите, не можеше од ужас и од страв. Тафтабитот од левиот образ полека се движеше кон неговата уста. Го полази по устата, а онаа лебарка од левата дланка, му се пикна под пижамите и го лазеше по слабините. Лебарката од десната нога, исто така му се пикна под пижамите и почна да го лази прво во пределот на перинеумот, а потоа и на анусот. Него го обзема ладна пот и силни морници му поминуваа низ телото. Од ужасот, почна да се гуши, но не можеше да мрдне. Ако мрдне, ќе ги вознемири родителите. Со згрчен здив, облеан со ладна пот, додека го лазеа монструмите си рече себе си дека е во градот на Бог. Тогаш си помисли:
-        Боже, те молам чувај ме оваа ноќ. Не давај овие бубачки да ми влезат под кожата и да ми го изедат месото од внатре. Боже те молам нека си заминат.
Тогаш почуствува на десното уво како го лази уште еден тафтабит и како уште пет лебарки ли тафтабити ли, влегуваат под неговите пижами. Го обзема неописливо чувство на згрозување, страв и паника во исто време. Од згрчувањето и од ужасот, измокри во сопствените гаќи. Додека лежеше така, постојано го молеше Бог да го спаси од бубачките, но тие постојано доаѓаа и сега беа и на јорганот и покрај душекот и во постелнината. Мртвата тишина беше сега исполнета со звуци од движењата на тафтабитете и лебарките. Му се пикнаа во горниот дел од пижамите, го лазеа на градите, на стомакот, на грбот, на нозете, под мишките, на вратот. Беше буквално прекриен со тафтабити и лебарки. Солзите не можеа да престанат, но тој немаше глас ниту пак сила да се помрдне. Постојано го молеше Бог да ги избрка, да си заминат и да го остават на мира. Го молеше Бог да не го изедат лебарки и тафтабити. Сега е во градот на Бог. Бог мора да го спаси. Бог мора да го знае ова. Бог се гледа. Бог се разбира. Бог се слуша, ќе го слушне и него!

... ТАА НОЌ ЗБОРУВАШЕ СО БОГ, НО БОГ НЕ БЕШЕ ТАМУ!

Изменето од pHp - 14.Ноември.2011 во 11:11
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2011 во 11:32
Оти ме изненади...еве ваква сум сегаизненадување

Шега настрана ,ова е навистина добро!да
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
pHp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pHp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2011 во 11:55
Originally posted by Renatax Renatax напиша:

Оти ме изненади...еве ваква сум сегаизненадувањеШега настрана ,ова е навистина добро!да


Ти благодарам
Кон врв
blagorodna Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 568
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blagorodna Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2011 во 20:47
Zima idit
a podrumo krckat
od drva, cumur,
ajveri, tursiji
slatka marmeladi
Koj imet pari ce jajt
a koj nemet
celo zimo ce se tresit
i ko pes-ce lajt.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2011 во 13:30
ИСТО КАКО ПОЕЗИЈА

три е многу

пет се малку

компромисот

не е средина

ако е делив

со два

велеше баба ми

наутро

кога прегоруваше шекер

за ракија

а јас

сеуште не разбирам

што, всушност,

сакаше да каже…
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2011 во 21:44
ме фати за рака

силно

со многу страст

и некоја напаленост

под кожата

и мртви што крева

ќе ми даде

си реков

сам на себе

а може и на песот

од мракот

што се даде…
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2011 во 21:37
СО ВЕЛОСИПЕД ПО ВИНОЖИТОТО

Јас и ти

возевме велосипед

по црвената патека на виножитото

и се држевме за рака

не беше тешко

се сакавме до бесфест

и бевме сами на планетата

во галаксијата

во вселената

некој те убеди

дека виножитото

всушност се вика божилак

па сега сам возам

по неговата жолта патека

ја нареков

патека на мртвото

лисје

што потсетува

на нашата прерано

почината љубов…
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2011 во 21:51
Помниш ли, Перуно,

таа пролет

воздухот во Пеширово

беш полн со мирзиби

на расцутени багреми

а ти мирисаше, мори,

на оној парфемот

што ти го донесов

кога бев во Трст

и сите моми ти заблазнуваа

а сите беќари

по тебе воздишки откинуваа,

ја помниш ли таа пролет

Перуно, цвеќе мое нескинато,

лазарици по куки одеа

и песни со твоето име појеа,

Перуно, Љубов моја,

непрегорена,

пола село затебе изгоров

и три трла во соседното Амѕибегово…
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2011 во 22:25
Лете, Перуно,цвету беспрекорен,

Кога и ѓаволите бараа сенка под оревите

Стојне од Црнилиште доѓаше

На новиот велосипед во нашето Пеширово,

И сите потшепнуваа дека доаѓа ради тебе,

Но ти, Перунке, само мене ме љубеше

И само на мојот велосипед се качуваше

Иако го купив на старо од чичко ти

За две коли тикви печалки…

Кога го однесов во отпадот, перуно, цвету,

Не знаев дека со него носам три тома

ненапишани приказни

Од песочните плажи крај Брегалница,

Долу, под високиот Богословец,

За мене, за тебе, и жешкиот песок

Од кој правевме бетон во фантазијата

За нашата нова куќа во сливарникот

Што ттко ти ти го вети како мираз…

Камо ногата да ми се скршеше

Кога излегов да го однесам во отпад

Или црна мачка пат да ми пресретнеше…
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2011 во 22:26
Помниш ли Перунко, цвеќе мое,

во доцна есен гавраните се собираа

како црни монистри во голите крошни

на високите тополи крај патот

и грачеа на глас некои одвратни песни

а јас и ти печевме од костените,

што ви ги носеше вујо ти од Горабинци,

редејќи ги на жешката плоча од шпоретот

и долго долго во ноќта се сладевме со нив

и со нашите врели бакнежи

јас ги сакав костените

оти имаа иста боја како твоите очи,

а ти заради мојата поезија…
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2011 во 22:27
Јас, Перунке, помнам

Тоа што не сакам да помнам:

топлата утроба на летната ноќ

во багремите над Пеширово

кога твоите солзи

замирисаа како покајание

со мирисот на изгубена невиност,

деновите во ЈНА

со вкус на исчекување

на твоите писма

секогаш грижливо запечатени

со трагот на твоите усни

од евтин флуоресцентен кармин,

гакичките од црна чипка на учителката

заради кои сите машки носевме огледалце

во ѕадниот џеб од чоените палтолони

и првото возење со тебе на велосипед,

Денес, Перунке, никој не губи невиност

во багремите над Пеширово

и војниците не чекаат писма

запечатени со траг од усни со флуоресцентен кармин

Денес децата не носат огледалце во ѕадниот џеб,

Ниту учителките облекуваат црни гакички од чипка,

на што ли ќе се сеќаваат, Перунке моја,

денешните деца од Пеширово…
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2011 во 22:29
Ти реков, Перунке, цвету благомиризен,

Големи поети ќе останат без зборови

И песните ќе им умрат недоделкани

А нивите во Пеширово ќе се наполнат

Со нови садачи на тикви

Ти Перунке, само се насмевна детски

И пресече ново резне од лубеницата

Оти ти беше многу поважно

Да ги дразниш мувите пешировски

Пуштајќи сокот да ти тече од устата

Кон бујните гради со мирис на зрели домати…

Го сакам брмчењето на мувите, ми рече,

Во него има повеќе убавина

Од поезијата на големите поети…
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 129130131132133 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,609 секунди.